ВМРО-ДПМНЕ

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: Кога правдата тропа караванот лае, но не лае за џабе туку да го прекрие трагот, газдата да не се крие зад караванот

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на последните соопштенија на СДСМ, оценувајќи дека станува збор за конфузни и панични обиди да се заштити криминалот на поранешниот премиер Зоран Заев. Од партијата наведуваат дека СДСМ и Венко Филипче се „заглавени во минатото“ и живеат во „паралелни универзуми“, иако државата е на прагот на 2026 година.Според ВМРО-ДПМНЕ, стравот кај раководството на СДСМ, а особено кај Заев и Филипче, преминал во параноја, што резултирало со, како што велат, нејасни и противречни партиски реакции. Во соопштението се тврди дека Заев се обидува да примени „стари шеми преку нови инсталации“, посочувајќи го Филипче како негов извршител.Партијата отвора прашања околу финансирањето на политичките активности на СДСМ, прашувајќи колку средства биле вложени и со каков удел учествувал Филипче. ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за долгорочна, како што ја нарекуваат, опседнатост со Србија, поврзувајќи ја со активности и кампањи од минатото, како и со наводно преземени идеи и слогани од соседството.Во реакцијата се наведува дека, за разлика од периодите на владеење на СДСМ, актуелните односи на Македонија со соседните земји се коректни и се водат исклучиво од државниот интерес. Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека опседнатоста на СДСМ со соседите „бара сериозен третман“.Дополнително, партијата прави споредби меѓу луксузниот начин на живот на Зоран Заев и поранешната српска функционерка Дијана Хркаловиќ, посочувајќи на медиумски написи за скап имот, јахти и луксузни недвижности.„Од што се плаши Зоран Заев и што знае Венко Филипче, како и што е тоа што Катица Јанева го знае, а за СДСМ претставува ноќна мора“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека јавноста заслужува одговори.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

СДСМ: „Кучињата лаат караванот си врви“

СДСМ обвини дека стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ е целосно разоткриена и дека Владата предводена од Христијан Мицкоски се соочува со сериозна финансиска и политичка криза.Од СДСМ тврдат дека уште во јуни биле договорени мигранти „за пари“, за што, како што наведуваат, јавноста дознала преку британски медиуми, а граѓаните јасно порачале дека тоа нема да го дозволат. Според партијата, на Владата „ѝ гори под нозе“, бидејќи во буџетот нема средства, а финансиската дупка изнесува околу една милијарда евра.„Нема пари за плати, пензии, социјална помош, породилно отсуство, ниту за поврат на ДДВ. Финансиската состојба е катастрофална“, соопштуваат од СДСМ.Партијата обвини дека таканаречените „кујни на ДПМНЕ“ системски го пренасочуваат вниманието на јавноста од темите за мигрантите, недостигот на пари и, како што велат, криминалните скандали на власта.Во тој контекст, СДСМ ги поврза и информациите за условното пуштање од затвор на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, оценувајќи дека станува збор за „смислено сценарио“ со цел таа да биде искористена во, како што велат, црна кампања и напади врз СДСМ, претседателот Венко Филипче и опозицијата.„Пуштањето на Јанева има скриена цел – да биде алатка на ДПМНЕ во нивната медиумска и политичка стратегија, по српски рецепти“, наведуваат од СДСМ, правејќи споредба со случаи од Србија.Од партијата предупредуваат дека власта ја губи контролата и дека ќе ги засилува нападите преку лажни вести, политички прогон и притисоци врз медиумите. Според нив, по Нова година ќе следи засилена медиумска кампања, а потоа избори на пролет и, како што тврдат, реализација на плановите за мигранти во јуни.„Следиме сè и знаеме сè – разоткриени сте“, порачуваат од СДСМ.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

СДСМ: Еве како работат кујните на ДПМНЕ, ова е нивно разоткривање

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска соопшти дека целосно ги разоткрил, како што велат, „кујните на ВМРО-ДПМНЕ за лаги, лажни вести и манипулации“, со кои, според партијата, системски се одвлекува вниманието на јавноста од актуелните скандали.Од СДСМ наведуваат дека секогаш кога власта е соочена со сериозни обвинувања за криминал и корупција, како што е, според нив, договорот за мигранти склучен од финансиски интереси, се активира организирана медиумска кампања за дефокус и извртување на фактите.„Во изминатите две недели јавноста беше сведок на три клучни теми – антикорупциските објави на СДСМ, договорот за мигранти и нападот врз новинарите на Инфомакс. Додека професионалните медиуми известуваа балансирано, медиумските инсталации блиски до ДПМНЕ целосно ги игнорираа ставовите на СДСМ и негативните информации за власта“, се наведува во соопштението.Од партијата посочуваат дека само десет минути по прес-конференцијата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, започнала, како што велат, координирана кампања со идентични текстови исполнети со навреди и неточни тврдења.„Ниту еден збор не беше објавен за суштината на прес-конференцијата – за мигрантите, за Резолуцијата, ниту за јасната осуда на нападот врз новинарите“, обвинуваат од СДСМ.Според партијата, станува збор за веќе виден модел од времето на поранешната власт на ВМРО-ДПМНЕ, кој вклучувал лажни вести, манипулации и притисоци врз медиумите, со цел, како што велат, да се сокрие вистината од граѓаните.Од СДСМ додаваат дека анализите и графиконите кои ги презентирале, јасно ја покажуваат координацијата и организираноста на кампањата.

Македонија | пред 1 месец

media-library487ogrej3djkdoLuGAX

Манасиевски: Дали Оливер Спасовски се има добро нафатирано, па затоа не го одзел овластувањето на фирмата од Сарај?

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски три месеци не презел никакви мерки за одземање на овластувањето на фирмата за технички преглед од Сарај, иако, како што тврди, имал официјален извештај со утврдени неправилности.Според Манасиевски, со непостапувањето, Спасовски овозможил фирмата да оствари противправна имотна корист во износ од над 90.000 евра, што, како што рече, претставува злоупотреба на службената положба.„Спасовски како министер во МВР добил официјален извештај со констатирани неправилности, но три месеци молчел и не го одземал овластувањето. Со тоа директно овозможил фирмата да продолжи да работи и да заработи над 90.000 евра“, изјави Манасиевски.Тој потсети дека токму во истиот технички центар бил извршен технички преглед и на автобусот на компанијата „Беса Транс“, кој во 2021 година се запали на автопат во Бугарија, при што загинаа 45 македонски државјани.„Доколку Спасовски реагирал навреме, трагедијата можеби ќе беше спречена. Овластувањето на фирмата од Сарај било одземено дури три дена по трагедијата во Бугарија“, рече Манасиевски, поставувајќи прашања дали поранешниот министер добивал пари за да не постапи навреме.Манасиевски го нарече Спасовски „црна дамка на СДС“, посочувајќи дека, според него, заедно со други поранешни функционери, е симбол на криминал и корупција.„СДС мора да се дистанцира и јавно да се огради од овие луѓе, доколку сака да опстане на политичката сцена“, порача Манасиевски.Од СДС засега нема официјален одговор на изнесените обвинувања.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryju2obfng2bsi3IzPLda

Петрушевски: Пред 4 години владата на Заев се нудела да прими мигранти во Македонија, денес неговиот потрчко Филипче е против наводни мигранти во Македонија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска обвини дека поранешната влада предводена од Зоран Заев имала намера да прима мигранти и да гради мигрантски кампови во Македонија, додека, како што рече, денеска СДС и Венко Филипче јавно се противат на таква можност.Петрушевски повика јавноста да проследи видео, за кое тврди дека покажува оти Заев бил подготвен да вдомува мигранти, а дека за тоа немало противење ниту од Филипче.„Ова е вистината за темата мигранти во Македонија. Од видеото јасно се гледа кој сакал да доведе мигранти, а кој бил против. Хистеријата, паниката и лажните вести кои ги создава СДС се рушат како кула од карти“, изјави Петрушевски.Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ и во минатото и денес, како што рече, води јасна антимигрантска политика, во интерес на граѓаните.Петрушевски посочи и дека, според него, веќе два дена нема реакција од Филипче и од СДС за, како што ја нарече, „непостоечката тема за мигранти“, обвинувајќи ги дека избегнуваат одговори пред јавноста и медиумите.„Наместо да се кријат, нека одговорат колку мигранти биле подготвени да примат во Македонија и дали нивната гласност денес е обид да се прикрие фактот дека во 2018 година биле спремни да донесат илјадници мигранти во Скопје“, рече Петрушевски.На крајот, тој порача дека СДС и Филипче треба да ја извлечат пораката од, како што рече, последните три изборни циклуси, оценувајќи дека во партијата се неопходни сериозни реформи.

Македонија | пред 1 месец

a50e5fa0-b3e6-4eef-ba41-d73b39a8aa95

ВМРО-ДПМНЕ со сериозни обвинувања: Спасовски дозволил незаконски профит и ја загрозил безбедноста на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ излезе со сериозни обвинувања на адреса на поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, тврдејќи дека наместо да ја штити безбедноста на граѓаните, тој ја загрозил преку институционална негрижа и непостапување согласно законските обврски.Од партијата наведуваат дека за станицата за технички преглед во општина Сарај постоел официјален извештај со утврдени нерегуларности, но и покрај тоа, Спасовски не донел решение за одземање на овластувањето во законски предвидениот рок. Според нив, ваквото одложување траело цели три месеци, период во кој техничкиот центар продолжил со работа и, како што тврдат, остварил незаконски профит од околу 5,5 милиони денари, односно приближно 90.000 евра.ВМРО-ДПМНЕ посочува дека пропустот е уште посериозен ако се земе предвид дека автобусот на компанијата „Беса Транс“, кој беше вклучен во тешката сообраќајна несреќа во Бугарија во која загинаа 45 лица, техничкиот преглед го извршил токму во оваа станица во Сарај. Според обвинувањата, лиценцата на техничкиот центар била одземена дури три дена по трагедијата, што отвора сериозни прашања за навременоста и одговорноста на институциите.„Дали трагедијата можела да се спречи доколку Спасовски постапел навреме? Дали постоел некаков договор со фирмата поради кој била игнорирана законската постапка? И дали одземањето на лиценцата по несреќата било обид за задоцнета реакција поради чувство на вина?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата оценуваат дека станува збор за тешки институционални пропусти кои не смеат да се повторат и нагласуваат дека јавноста има право да знае кој бил одговорен за гарантирање на безбедноста на граѓаните, а не ја извршувал таа должност.ВМРО-ДПМНЕ бара целосно расчистување на случајот и утврдување на индивидуална одговорност, потенцирајќи дека правда и одговорност мора да има, особено кога станува збор за прашања поврзани со човечки животи и јавната безбедност.

Македонија | пред 1 месец

filipce-51

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче глуми патриот, а со Заев планирал мигрантски камп во Бардовци

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денес „глуми загрижен патриот“ по прашањето за мигрантите, иако, како што велат, во времето на владеењето на СДСМ и Зоран Заев активно се работело на носење и населување мигранти во Македонија.Според партијата, токму Филипче и тогашниот премиер Заев имале јасна партиска и државна политика за прифаќање мигранти, кои, како што наведуваат, претставуваат сериозен проблем во повеќе европски земји.Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека СДС не само што бил подготвен да прифати мигранти во Скопје, туку дека во 2018 година Владата предводена од Заев усвоила и конкретен план за изградба на мигрантски камп во Бардовци. Како доказ, посочуваат дека одлуката е објавена во „Службен весник“, со наведување на имотен лист број 2140 за катастарската општина Бардовци.„Филипче гласал и туркал проект за мигрантски камп во Бардовци, а денес се обидува да се претстави како противник на мигрантите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека СДС и Филипче сега, според нив, шират конструкции и приказни и покрај тоа што, како што наведуваат, повеќе институции и британскиот амбасадор демантирале дека Македонија ќе прима мигранти од Велика Британија.Од партијата прашуваат колку мигранти СДС и Филипче биле подготвени да примат во тој период и каква корист очекувале од таквите политики. Во соопштението се поставуваат и прашања дали актуелните настапи на Филипче се обид да се прикрие сопствената улога во, како што тврдат, договори за носење мигранти.„Наместо да шират паника и да конструираат приказни, СДС и Филипче треба да се посветат на реформирање на сопствената партија“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека, според нив, „единствените мигранти во Македонија се партиските мигранти на СДС кои ја напуштаат партијата и преминуваат во други политички субјекти“.

Македонија | пред 1 месец

media-library136d6v2fe5ldcyBsviC

Спасовски три месеци го кочел затворањето на станицата за технички преглед во Сарај и овозможил незаконски профит од 90.000 евра, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со нови, остри обвинувања кон поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, тврдејќи дека тој свесно го одложувал затворањето на станица за технички преглед во Сарај и на тој начин им овозможил на нејзините сопственици да стекнат противправна имотна корист од околу 90.000 евра.Според опозицијата, Спасовски три месеци го држел во фиока решението за затворање на станицата – истата станица каде технички преглед поминал и автобусот на „Беса Транс“, во кој загинаа 45 патници во тешката несреќа во Бугарија.„Зошто Спасовски три месеци не го потпишувал решението за затворање на станицата? Дали зад заштитата стои нешто друго?“, прашуваат од партијата, додавајќи дека поранешниот министер го ставил својот потпис на решението дури три дена по трагедијата со „Беса Транс“.Според нивните пресметки, во периодот додека решението било стопирано, станицата заработила над 5,5 милиони денари, односно околу 90.000 евра.Опозицијата дополнително прашува колку потенцијално небезбедни возила ја поминале контролата во тој период и дали на тој начин била загрозена безбедноста на илјадници возачи низ државата.„Оливер Спасовски ја загрозил безбедноста на илјадници возачи во државата. Јавното обвинителство треба веднаш да постапи“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.Партијата обвинува дека СДСМ, наместо да се огради од ваквите постапки, „ги штити криминалците во своите редови“.

Македонија | пред 1 месец

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

„Мигранти нема да има во Македонија“ – ВМРО-ДПМНЕ со категоричен став!

ВМРО-ДПМНЕ и денеска категорично ги отфрли тврдењата на СДСМ дека во земјата се подготвуваат аранжмани за прифаќање мигранти, оценувајќи дека опозициската партија „секојдневно ја бомбардира јавноста со исти невистини“.Од владејачката партија реагираат дека СДСМ, „како расипана плоча“, повторува обвинувања кои веќе биле демантирани и од ВМРО-ДПМНЕ и од премиерот Христијан Мицкоски.„Секој ден исто – лажни вести, шпекулации и обиди да се создаде паника. СДСМ е без идеја, без програма и без аргументирана критика, па затоа повторува теми кои немаат врска со реалноста,“ порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.Во соопштението се нагласува дека ставот на владината коалиција е недвосмислен и непроменет: „Мигранти во Македонија нема да има.“Од партијата предупредуваат дека опозицијата, според нив, свесно шири дезинформации за да добие медиумско внимание во пресрет на клучни политички процеси.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryoqag9pfeg051chiDHe0

Петрушевски: Идеолошката профилација на ВМРО-ДПМНЕ е насочена кон борба против илегалната миграција, а не либерализација на мигранти

Бране Петрушевски, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва гостуваше во дебатната емисија „Топ Тема“ на телевизија Телма, кој посочи дека согласно идеолошката профилација на ВМРО-ДПМНЕ, партијата е насочена кон борба против илегалната миграција, а не либерализација на мигранти нешто коешто е својствено за одредени политички партии како и тоа дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема никаква намера да прифати никакви илегални мигранти, ниту пак ќе се градат било какви шатори, кампови или хабови во делот на илегалните мигранти.„Од она коешто значи идеолошка профилација на ВМРО-ДПМНЕ, ние како политичка партија апсолутно сме за борба против илегалната миграција, а не за либерализација на мигрантите, нешто што било својствено за одредени политички партии. Ние апсолутно немаме никаква намера да прифативме никакви илегални мигранти, апсолутно лага е дека ќе се градат било какви шатори, кампови, хабови во делот на илегалните мигранти. Она коешто ќе го направиме е да, борба со илегалната миграција, нешто за коешто и британскиот амбасадор во соопштението напомена, нешто за коешто е разговарано и во Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија, којшто е јавен, којшто е дебатиран во Собрание, каде што апсолутно ништо од ова не е наведено“, појасни Петрушевски.Пратеникот Петрушевски се осврна и на новиот проект Safe Country, со кој ќе се зајакне делот на граничното управување по пат на обезбедување на целата гранична линија на Македонија со соодветни технички камери и помагала, а во насока на спречување на илегална миграција како и нелегална трговија и шверц.„Ќе го зајакнеме делот на граничното управување, денеска најави премиерот еден нов проект налик на ова коешто го имаме сега како Safe City, ќе имаме Safe Country каде што целата гранична линија на Република Македонија ќе биде обезбедена со соодветни технички камери и помагала, така што покрај спречување на илегалната миграција ќе се спречува шверц, нелегална трговија. За ваквите чекори коишто ги прави оваа Влада во делот на спречување на илегална миграција добиваме пофалби од членки на ЕУ во континуитет и во таа насока ќе продолжиме да работиме заедно со нашите стратешки партнери“, рече Петрушевски.На крај Петрушевски, уште еднаш се повтори и нагласи дека едно е борбата против илегална миграција, за коешто впрочем Владата е за соработка со стратешките партнери, а илегалните мигранти се нешто за сосема друго и оваа Влада нема намера ниту да разговара, ниту пак да прифати што впрочем денес истото го истакна и премиерот Мицкоски.„Ќе повторам, да не ја замајуваме јавноста, едно е борба против илегална миграција, за коешто сме за соработка со нашите стратешки партнери, сосема друго е илегални мигранти нешто за коешто апсолутно оваа Влада нема никаква намера ниту да разговара, ниту да прифати. И тоа денеска многу јасно го објасни премиерот“, рече Петрушевски.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryeftbkkuglk631994Efv

Ангелова: Буџетот за 2026 година претставува стратегија, визија и одговорност кон граѓаните, економијата и институциите

На денешната седница во Собранието се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова која истакна дека Предлог-буџетот за 2026 година претставува стратегија, визија и одговорност кон граѓаните, економијата и институциите.„Буџетот не е само финансиски план, ниту табела со бројки, тој претставува стратегија, визија и одговорност кон граѓаните, економијата и кон институциите. Буџетот за 2026 година е документ што многу јасно ја одразува разликата помеѓу оваа Влада и сите влади пред неа. Овој Буџет е јасна политичка порака, дека државата конечно се движи во вистинска насока, дека економијата расте, дека институциите работат дисциплинирано и дека секој денар е ставен во функција на развој, инвестиции и подобар животен стандард. Овој Буџет е еден од најреалните и најодговорно планираните во последната деценија. Тој е јасна порака дека државата се движи напред и дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ управува дисциплинирано и државнички“, рече Ангелова.Ангелова посочи дека во 2026 година треба да се вратат 1,2 милијарди евра долгови создадени од претходните влади.„Во 2026 година треба да се вратат 1,2 милијарди евра долгови создадени од претходните влади, ние можевме да одиме во популизам, да оставиме хаос, да расфрламе средства но избравме дисциплина, државност и рационално планирање. Вкупните приходи во 2026 година се планирани на 374, 9 милијарди денари, со реален и конзервативен пристап. Расходите се 414,2 милијарди денари насочени кон функционирањето на јавните услуги, капитални инвестиции и социјална поддршка. Буџетскиот дефицит е 3,5% од БДП што е значително намалување во однос на приходите години и во согласност со фискалните правила и препораките на меѓународните финансиски институции“, посочи Ангелова.

Македонија | пред 1 месец

media-librarym7pn9qluakeu5ua656D

Лефков: За утврдување каде потфрлил системот, потребно e да заврши судската постапка за Кочани

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“ вечерва гостуваше пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков кој дискутираше за поднесувањето на предлогот за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски, од страна на Владата.„Овде станува збор за еден процес којшто започна уште на почетокот на годината, Собранието не ги усвои извештаите на Советот на јавни обвинители и на судскиот Совет којшто наместо да даваат препораки како да се надмине ситуацијата со недовербата во судството и нефункционалното јавно обвинителство, тие навидум само оперираа со едноставни бројки. ДКСК имаше еден куп инцијативи, околу 50тина од коишто ниту еден не заврши како обвинителен акт, што значи дека за целата состојба во јавното обвинителство, за нејзината нефункционалност треба да биде одговорен, и тоа според законот токму јавниот обвинител. Владата имаше седница на којашто достави предлог до Собранието за разрешување на јавниот обвинител, иако ова беше одложено поради случувањата и во Кочани и поради изборите. Разрешувањето на јавниот обвинител нема да влијае на обвинителниот тим, една судска постапка за Кочани и две предистраги. Обврска за чување на угледот на јавното обвинителство според Законот за јавни обвинители паѓа на јавниот обвинител“, истакна Лефков.Лефков се осврна и на темата за денешната Анкетна комисија во Собранието за трагедијата во Кочани и истакна дека за утврдување каде потфрлил системот е потребно да се заврши судската постапка, и дека процесната правда е единствен начин да се дојде до правдата.„Нејзиниот претседател Апасиев имаше изјава на 64-тата седница од Собрание, во којашто велеше дека обвинителниот акт е килаво поставен и треба да падне, и дека министри и службеници кои земале мито не треба да бидат одговорни. Водејќи се од овие начела ние баравме изземање на претседавачот, затоа што тоа значеше дека Комисијата може да продолжи со работа, иако има спречување односно има друга постапка. Ние денеска присуствуваме на седницата и со гласање за дневниот ред констатиравме дека поднесувањето на оваа претставка е исправно и усогласено, меѓутоа за да утврдиме каде се потфрлил системот потребно е да се заврши судската постапка. Процесната правда е единствениот начин да дојдеме до правда и единствената надеж за нас како општество. Се надевам дека претседателот ќе се изземе барем за заклучоците, ќе се осврнеме на системските недостатоци и ќе се осврнеме на оние системски подобрувања коишто можеме да ги направиме“, рече Лефков и додаде:„И постојаната Aнкетна комисија и Aнкетната комисија што ќе се случува за сите трагедии, ќе имаат една цел, а тоа е да се утврдат оние системски слабости. Видовте како и покрај аргументите, имаше проблеми со заседувањето затоа што нејзиниот претседавач веќе одбрал страна и се настрои против обвинителниот акт. Видовме како тука е претседателката на државата, премиерот на државата, сите колеги пратеници, застанавме сите заедно кога станува збор за утврдување на една ваква одговорност“.

Македонија | пред 1 месец

media-librarylbfik324k3ir2Dqn73C

Попов: Стратегијата Македонија 2030 содржи шест столба со добро таргетирани политики кои се од клучно значење за државата

Во вечерашната емисија „За или против“ на Алфа телевизија гостуваше пратеникот и  претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов кој во однос на 18-от Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ кој се одржа во саботата во Кавадарци, истакна дека е донесена Стратегијата Македонија 2030 како важен документ за државата кој содржи шест столба со добро таргетирани политики кои одговараат на потребите на граѓаните.“ВМРО-ДПМНЕ на своите конгреси не избира само претседател туку носи и многу важни документи како за партијата со тоа и за државата, и на овој Конгрес беше донесе таков своевиден документ односно стратегија каде ја гледаме државата во периодот што следи. Тој документ се базира на шест столба, под број еден, државната безбедност и како истата ја замислуваме, економската конкурентност, правната држава, демографија и семејните политики, евроинтеграцијата и шестиот столб е образованието. Овој е многу важен документ како за партијата така и за државата бидејќи ВМРО-ДПМНЕ  во овој период ја предводи Владата на Република Македонија  и мислам дека е многу важно на овој Конгрес кој го имавме во ова време да донесеме еден ваков програмски документ на партијата и на некој начин да ги прилагодиме или приспособиме нашите политики  на новото време во кое живееме“, рече Попов.Претседателот на УМС Попов, истакна дека првиот стожер на стратегијата не случајно е државната безбедност, затоа што токму тоа е клучно за да постојат функционални институции отпорни на дигитални напади, со јасни протоколи за препознавање на дезинформации и спречување на истите.„Кога зборуваме во нашата стратегија за безбедноста, не зборуваме само за силна Армија во однос на воена опрема, туку зборуваме како да имаме функционални и силни институции кои би биле отпорни пред се на дигитални напади, на сајбер напади и затоа ние во оваа наша стратегија многу зборуваме за национален модел на одбрана од овој тип на напади, формирање на национален центар за координиран одговор во делот на овие напади, создавање на институции кои ќе имаат јасни протоколи во делот на тоа како да се постапува при иден можен ваков напад од дигитален карактер и пред се како да се бориме кога зборуваме за безбедност против дезинформациите.Во оваа стратегија се предвидува дека Македонија до 2030 година треба да стане земја којашто би имале некој национален центар или национален план за да го препознаваме ова ширење на дезинформации и имаме начин ако против истото да се бориме“, вели Попов.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryug6j44o5mgitcYeSIiB

Јамалов: Буџетот за 2026 година е Буџет на развој, солидарност и иднина, со јасна насока кон европскиот економски модел на развој

На денешната Седница 73. во Собранието, се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јамалов пришто истакна дека Буџетот за 2026 година не е само бројка туку одраз на визија, стратегија и одговорност кон граѓаните и идните генерации и напомена дека истиот е насочен кон стабилност, раст и развој. Јамалов посочи дека целта на Буџетот за 2026 година е да се задржи стабилноста на јавните финансии, да се забрза економскиот раст и да се подобри животниот стандард на граѓаните на Македонија.„Со реален раст на БДП од над 3,8%, со намалување на инфлацијата и одржливо ниво на јавен долг, државата покажува дека води стабилна и одговорна фискална политика. Особено важно е што капиталните инвестиции понатаму остануваат еден од најсилните столбови на овој Буџет. Се инвестира во модерни патишта, железничка инфраструктура, енергетска ефикасност и регионален развој“, појасни Јамалов.При што пратеникот Јамалов посочи дека ваквите проекти не се само бројки на хартија туку истите значат подобра поврзаност, нови работни места и посилна економија, а секоја денарска алокација има конкретна цел која е насочена кон создавање на вредност и поттикнување на продуктивноста на стопанството.„Буџетот е и Буџет на граѓанинот, во него се предвидени средства за подобро здравство, квалитетно образование, поддршка за младите и за зголемена социјална сигурност. Просечната плата расте, а новите мерки за поддршка на бизнис секторот и иновациите отвараат можност за вработување и поголема конкурентност на македонската економија“, вели Јамалов.Пратеникот Јамалов укажа дека во Буџетот за 2026 година посебно внимание е посветено на земјоделството, локалниот развој и рамномерната распределба на средствата, со што секоја општина и секој регион ќе имаат можност да учествуваат и придонесуваат во заедничкиот развој на државата.На крај Јамалов заклучи дека вака концепираниот Буџет за 2026 година уште еднаш ја потврдува определбата на Владата за фискална дисциплина, отчетност и транспарентност, стабилни јавни финансии и јасна насока кон европскиот економски модел на развој.„Овој Буџет ја потврдува определбата на Владата за фискална дисциплина, отчетност и транспарентност, средствата се насочуваат таму кадешто ќе дадат најголем ефект, во економија, во инфраструктура и во човечкиот капитал. Со ваков пристап, Република Македонија влегува во 2026 година со силна основа, со стабилни јавни финансии и со јасна насока кон европскиот економски модел на развој“.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

СДС ако има докази за незаконски постапки нека поднесе пријава до нивниот обвинител, Коцевски кој жилаво го брани Филипче од одговорност за милионски криминал

ВМРО–ДПМНЕ денеска реагираше на обвинувањата од СДС за наводни неправилности во јавни набавки, оценувајќи дека станува збор за „обиди за креирање скандали“ и „спинови“ со цел политички притисок. Од партијата тврдат дека постапките што се оспоруваат биле спроведени согласно Законот за јавни набавки и дека во двата случаи победиле компании со „најповолна понуда“.Од ВМРО–ДПМНЕ наведуваат дека лицата споменати од СДС „немаат сопственичка или друга врска со фирмите што учествувале на тендерите“, ниту пак, како што велат, имале допирни точки со самите процедури.Во реакцијата се обвинува СДС дека, наместо да поднесе докази доколку ги има, преку јавни настапи „генерира хистерија“ околу случаи за кои, според ВМРО–ДПМНЕ, нема основ. Дополнително, партијата истакнува дека СДС треба да се обрати до јавниот обвинител Љупчо Коцевски, кого го посочуваат како „надлежен да постапи доколку постојат индиции за незаконско постапување“.Во партиското соопштение се споменуваат и повеќе случаи во кои, според ВМРО–ДПМНЕ, не била обезбедена одговорност во периодот кога СДС била на власт – меѓу нив постапките за модуларните болници, набавките на вакцини и приватизацијата на стерилизацијата во здравствените установи.Партијата се осврнува и на обидите за поврзување на Ивица Томовски со фирма за хигиенски услуги, наведувајќи дека и тој и компанијата демантирале поврзаност. Од ВМРО–ДПМНЕ прашуваат дали истата компанија, која добивала тендери и во периоди кога СДС управувала со институциите, тогаш „работела под нивна надлежност“.Од СДС засега нема нова реакција на најновите обвинувања.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања