ВМРО-ДПМНЕ

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

СДСМ обвинува за цензура, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа: Продлабочување на политичкиот судир околу Резолуцијата

СДСМ обвини дека власта преку усвоената Резолуција има намера да воведе цензура и да ја ограничи слободата на медиумите, додека ВМРО-ДПМНЕ возврати со остра реакција, оценувајќи ги обвинувањата како неосновани и политички мотивирани.Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Петар Огњеновиќ, изјави дека најнов доказ за, како што рече, „обид за замолчување на јавноста“, е изјавата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, дадена во интервју на Сител телевизија.Според Огњеновиќ, Стојановски, фалејќи ја Резолуцијата, изјавил дека таа е „добра за медиумите“ затоа што ќе се санкционирало ширењето невистини, што, според СДСМ, значи дека власта си зема право да одлучува што е вистина, а што не.„Ова е потврда дека Резолуцијата не е насочена само кон опозицијата, туку и кон медиумите. Секој што ќе ја критикува власта ќе биде етикетиран како дезинформатор“, изјави Огњеновиќ, додавајќи дека ваквиот пристап претставува опасен преседан за демократското општество.Од СДСМ оценуваат дека станува збор за обид за воведување режимска матрица во која секоја критика се толкува како закана за државата, и најавуваат дека нема да дозволат, како што велат, „гушење на слободата на говор“.На обвинувањата реагираше ВМРО-ДПМНЕ со соопштение и видео-материјал, во кое партијата остро ги критикува ставовите на СДСМ, обвинувајќи ги за неконзистентност и политичка конфузија.Од ВМРО-ДПМНЕ ги повикаа СДСМ и лидерот Венко Филипче да организираат протести против, како што наведуваат, „про-српските ставови на поранешниот лидер Зоран Заев“, посочувајќи дека токму Заев во минатото јавно изразувал позитивни оценки за српскиот претседател Александар Вучиќ.„Колку и анкети да прават, епилогот за СДСМ е ист. Партијата нема јасна политика, ги менува ставовите и реагира само за да има некакво соопштение“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека Македонија има потреба од силна и конзистентна опозиција, но дека, според нив, СДСМ не ја исполнува таа улога.Полемиките околу Резолуцијата продолжуваат, а двете најголеми партии остануваат на дијаметрално спротивни позиции во однос на нејзината суштина и последици.

Македонија | пред 1 месец

odnosi

Политичка пресметка околу воздухот: се караат што кажал Заев, а што Мицкоски и дали „ајро, ајро“ ќе го исчистел воздухот

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека, како што наведуваат, намерно злоупотребува стара изјава на премиерот Христијан Мицкоски поврзана со квалитетот на воздухот, со цел политички поени и дефокусирање на јавноста.Од партијата оценуваат дека станува збор за, како што велат, „уште една фабрикувана лага“, слична на, според нив, претходните тврдења за „мигранти и ширење страв“.„Не знаеме зошто СДСМ не ги користи изјавите на нивниот поранешен лидер Зоран Заев, во кои ветуваше дека ‘ајро ајро’ ќе го исчисти воздухот и дека ќе донесе живот и чист воздух за сите“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.Во соопштението се наведува и дека реакциите на СДСМ се, како што велат, „павлов рефлекс од штабот на Бихаќка“, додавајќи дека опозициската партија користи однапред подготвени пораки.Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека ќе потсетат на, како што ја нарекоа, „изјавата на векот“ на поранешниот премиер Зоран Заев, поврзана со загадувањето и квалитетот на воздухот.Претходно, од СДСМ соопштија дека Скопје е втор најзагаден град во Европа, оценувајќи дека граѓаните секојдневно дишат токсичен воздух опасен по здравјето.Според опозициската партија, Владата не презема соодветни мерки за справување со загадувањето, туку, како што тврдат, фокусот е ставен на сомнителни јавни набавки и тендери.„Додека нема пари за политики за чист воздух, има пари за стотици тендери за исти фирми и милионски договори“, наведуваат од СДСМ, обвинувајќи дека премиерот Мицкоски ги доведува во заблуда граѓаните со споредби дека воздухот во Скопје бил почист од оној во Виена.Во реакцијата, СДСМ оценува дека ваквите изјави ја поткопуваат довербата на јавноста и дека токму поради тоа била донесена, како што велат, противуставна Резолуција.„Што е следно – забрана да се зборува за загадениот воздух затоа што власта тврди дека тој е чист?“, прашуваат од СДСМ.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

СДСМ: Граѓаните на Скопје дишат отров, Мицкоски ги лаже

Скопје се најде на второто место меѓу најзагадените градови во Европа, а граѓаните секојдневно дишат отровен воздух исполнет со токсични материи опасни по здравјето, реагира СДСМ.„Наместо Владата да инвестира во конкретни проекти и политики за почист воздух и да преземе итни мерки за заштита на здравјето на граѓаните, приоритет на владата на Христијан Мицкоски се криминалните тендери и испумпување јавни пари“, велат од СДСМ.„161 тендер за една фирма, 9 милиони евра за друга – за тоа има пари владата на Мицкоски. За мерки против загадувањето и за чист воздух – нема“, посочуваат од СДСМ.Од партијата додаваат дека, по методите на Вучич и Никола Груевски, Мицкоски ги манипулира граѓаните со тврдења дека воздухот во Скопје бил почист од оној во Виена, што, како што велат, е очигледна лага.„По толку многу лажни изјави, јасно е дека на Мицкоски не може да му се верува. Затоа и ја донесоа противуставната Резолуција“, велат од СДСМ.Од опозициската партија прашуваат што е следно – дали ќе се забрани јавно да се зборува за загадениот воздух во Скопје, само затоа што Мицкоски тврди дека тој е чист.

Македонија | пред 1 месец

media-library3mlag95i7k5ubH8UNpo

ВМРО-ДПМНЕ: Тренчевска е производ на Заев и потврда дека во СДС нема капацитет за реформи, тандемот Заев-Филипче ја турка СДС во политички стечај

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека најавените реформи во СДС уште еднаш се покажале како „чиста фарса“, а новото раководство на партијата, според нив, е скроено по мерка на поранешниот лидер Зоран Заев, кој, како што наведуваат, дејствува како „претседател во сенка“, додека Венко Филипче само формално го претставува пред јавноста.Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека изборот на Јована Тренчевска за потпретседател на СДС е уште еден доказ дека во партијата нема суштински промени, ниту нови кадри. Напротив, според нив, со ваквите кадровски решенија само се потврдува внатрепартиската криза и недостигот од кадар во СДС.Партијата наведува дека политичката кариера на Тренчевска е директно поврзана со Зоран Заев, потсетувајќи дека таа била именувана за државен секретар во Министерството за труд и социјална политика во времето кога Заев бил премиер, а подоцна и за директор на Државниот инспекторат за труд, како и министер за труд и социјална политика.„Тренчевска е производ на Заев, а граѓаните ја паметат по понижувачките зголемувања на пензиите од 180 денари годишно“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Дополнително, ја потсетуваат јавноста и на, како што велат, скандалозното враќање на работа на лице осудувано за трговија со дрога на директорска позиција во социјалната установа во Радовиш, како и на нејзините пораки кон пензионерите дека „добро им било“ да живеат со 25 илјади денари месечно во време на двоцифрена инфлација.Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат и на реакции од синдикалците, кои, според нив, ја паметат Тренчевска по политичко мешање во синдикатите и по кочење на согласности за вработување во детските градинки во Бутел и Куманово.Како дополнителен пример за, како што велат, лицемерие, од партијата потсетуваат дека Тренчевска по изборниот пораз на СДС минатата година поднела оставка од функцијата претседател на Форумот на жени, со образложение дека местото го остава на нови и неизвалкани кадри, но само една година подоцна ја прифатила функцијата потпретседател на СДС.„Со ваквиот избор на кадри, СДС продолжува да тоне. Граѓаните одамна им свртеа грб и повеќе не им веруваат. Со старо-новото раководство на тандемот Заев–Филипче, СДС оди кон политички стечај“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 месец

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалниот тандем СДС-ДУИ ја ограбиле Лотарија, 3 милиони евра испариле од институцијата и за овој криминал одговорност мора да има

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека во периодот кога Прпарим Бајрами и Артан Груби управувале со Државна лотарија биле направени сериозни финансиски злоупотреби, додека СДС, како што велат од партијата, молчел за да се зачува коалициониот мир и уште некој ден повеќе на власт.Од ВМРО-ДПМНЕ се повикуваат на извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР), во кој, според нив, има „брутални докази за недостатоци и недоследности“ во работењето на институцијата. Во извештајот, како што посочуваат, е утврдено дека биле исплаќани аванси за таканаречени „мали добивки“ на деловни соработници во вредност од 14 милиони денари, при што за 13 милиони денари документацијата била неуредна или невалидна.Дополнително, ДЗР утврдил и спорна документација за 36 милиони денари готовински одливи и 7 милиони денари готовински приливи. За овие износи, во извештајот било наведено дека постојат изјави оти авансите не биле ниту примени ниту вратени.Според ВМРО-ДПМНЕ, ревизорите преку увид во трговските книги и анализа на податоци од централниот онлајн систем и платформата за интернет-игри, утврдиле и нереални и неоправдани сметководствени записи за нелогични трансакции во износ од 123 милиони денари.„Оставена е спорна документација за над 180 милиони денари, односно близу три милиони евра“, наведуваат од партијата, додавајќи дека одговорните за овие злоупотреби мора да сносат одговорност.„Криминалците мора да одговараат“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryc69fk8fap3mv8r2vDTR

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија изјави дека измените на Кривичниот законик претставуваат преодно решение, произлезено од одлуката на Уставниот суд донесена во февруари оваа година, со која на Собранието му беше наложено до крајот на годината да го измени законот.Стојаноски појасни дека во Министерството за правда е формирана работна група која интензивно работи на изработка на целосно нов Кривичен законик, усогласен со европските директиви и стандарди, чија примена се очекува во 2026 година.Тој додаде дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднела предлог-измена со цел да се спречи поништување на одредби од Кривичниот законик, што би довело до целосна амнестија на активните судски предмети и би се создала сериозна правна празнина.„Во државава во моментов има 2 процеса од аспект на Кривичен законик. Еден којшто се припрема во Министерството за правда и којшто е дел од Реформската агенда, тој ќе биде донесен 2026 година. И ова преодно решение што ние како група на пратеници го поднесовме за да спречиме амнестија на еден поголем дел на група на луѓе коишто сториле кривични дела под овие квалификативи, но и за да ја обезбедиме правната држава барем додека не го донесеме новиот КЗ“, истакна Стојаноски.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjjip8s742fi74pm7qBb

Манасиевски: Темата за мигранти е измислена и служи за ширење паника, Владата ниту преговарала, ниту преговара, ниту ќе преговара за било какво сместување мигранти во Македонија

„Прво, сакам да констатирам дека оваа тема не требаше воопшто да се започне, бидејќи ова е измислена тема од една партија којашто има само 120 000 гласови и во безидејност и заштита на своите криминалци во партијата и криминалите коишто во изминатите 7 години ги имаа направено, најде еден начин да се произнесе во медиумскиот простор и да најде некоја тема за наводни мигранти“ рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата „Само вистини“ на Канал 5 телевизија.Манасиевски истакна дека со изгласаната Резолуција во Собранието е потврдено дека ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Владата преговарале, не преговараат, ниту ќе преговараат за какво било сместување мигранти во Македонија.Тој потсети дека токму оние кои денес се против мигранти, во 2018 година гласале на владина седница за изградба на мигрантски камп во Бардовци, како дел од тогашната влада на Зоран Заев.„Многу е важно исто така да се напомене дека кога имате вие демант и од премиер на држава, претседател на држава, кога имате демант и од Британска амбасада и вие упорно продолжувате да сеете страв да ширите паника низ државата, да воведувате некаква хистерија дека ќе дојдат мигранти, тоа е веќе кривично дело. Зошто? Бидејќи вие свесно ширите паника и манипулација меѓу граѓаните“, заклучи Манасиевски.

Македонија | пред 1 месец

media-library8fj4dd2nbpsa30fAKxN

Петрушевска: За 16 месеци, споредбено со изминатите 7 години се направи охрабрувачки чекор во делот со борбата со корупцијата

Марија Петрушевска, пратеничка во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во денешното издание на регионалната телевизија Њусмакс се осврна на темата за Самитот на Европската унија-Западен Балкан, при што истакна дека Македонија останува цврсто посветена на реформите,  регионалната соработка и усогласеноста со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.„Овој Самит претставува исклучителна можност, токму  челниците на ЕУ да ја потенцираат политиката на проширување, како дел од својата геостратешка определба и приоритет кога станува збор за силна и обединета Европа. Сите земји од Западен Балкан, не само географски, туку и културолошко припаѓаат во тоа европско семејство. Овој Самит е дел од таа стратешка агенда на ЕУ со којшто ќе се потенцира или повторно ќе се адресира прашањето, дека политиката на проширување особено кога се однесува на земјите од Западен Балкан, вклучително и Македонија е високо на агендата“, посочи Петрушевска и додаде:„Очекуваме на овој Самит  да се адресираат и прашањата кои што ги засегаат и регионот, а во којшто е вклучена и Македонија. Тоа е регионалната соработка, потоа прашањата кои што се поврзани со надворешната и безбедносната политика. Во овој дел, Македонија е навистина во еден чекор понапред споредбено од нашите соседи“.Петрушевска додаде дека во последниот Извештај на Европската комисија, во делот на надворешните односи, како што вели таа, се потенцираше дека земјата останува во целост усогласена со надворешната и безбедносна политика на ЕУ.„Меѓутоа, за прв пат се споменува и се поздравува пристапувањето на СЕПА и партнерството кое што  Министерството за одбрана го потпиша со ЕУ, а тоа се однесува на безбедност и стабилност“, кажа Петрушевска.Според неа, борбата со корупцијата заедно со владеењето на правото е темелот на процесот на проширување.„За 16 месеци, споредбено со изминатите 7 години навистина се направи еден охрабрувачки исчекор во делот со борбата со корупцијата и би сакала ова да го поткрепам со факти. Повикувајќи се токму на Извештајот од Европската комисија, после два последователни најлоши извештаи во 2023 и 2024 година, конечно 2025 година ја бележиме со еден охрабрувачки раст од една оцена 1,55 и со една тенденција 3,11 за подготвеноста во делот на  усогласување со европското законодавство“, заклучи Петрушевска.

Македонија | пред 1 месец

Press-Bogdanka-Kuzeska-2021-06-02

Тендерска војна меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: „Сигмоид груп“ со обемен демант

СДСМ денеска ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека избегнува да одговори на прашањата поврзани со фирма која, според нивните тврдења, во период од само два месеци добила тендери во вредност од 1,2 милиони евра, иако имала само тројца вработени.Од опозициската партија наведуваат дека фирмата објавена во, како што велат, „новата бомба“, била основана на 8 јуни 2023 година и дека не станува збор за иста компанија на која се повикува ВМРО-ДПМНЕ во своите реакции. Според СДСМ, втората фирма што ја спомнува владејачката партија е „стара фирма на студентот на Мицкоски“, која, како што тврдат, доживеала финансиски подем во периодот од јуни 2024 до август 2025 година, кога од тендери остварила приходи од околу 25 милиони денари.СДСМ постави и директно прашање за евентуална поврзаност на оваа фирма со сопругата на поранешниот министер Миле Јанакиески, оценувајќи дека случајот не е прашање на ИТ-експертиза, туку на „пари и бизнис интереси“. Од партијата порачаа дека „работата не е завршена“ и дека, како што наведуваат, „сите ќе одговараат“.По овие обвинувања, со реакција се јави компанијата „Сигмоид груп ДООЕЛ Скопје“, која категорично ги отфрли наводите и, како што наведоа, со цел „точно, целосно и објективно информирање на јавноста“, достави детално појаснување.Од компанијата информираат дека кај сите споменати јавни набавки станувало збор за групни набавки во рамки на иста ИКТ групација, односно помеѓу „Сигмоид груп ДООЕЛ“ и „Сигмоид ДОО“. Тие посочуваат дека групацијата е присутна на пазарот од 2018 година и има портфолио од над 40 клиенти во јавниот и приватниот сектор, со реализирани повеќе од 30 договори директно со јавни институции во Северна Македонија.Дополнително, од „Сигмоид груп“ наведуваат дека значителен дел од нивниот приход доаѓа од странство, вклучително и од соработка со јавни институции во Естонија и други земји од Западен Балкан, а компанијата е официјален партнер на над 15 глобални производители на ИКТ опрема и системи.Во однос на личните обвинувања, од компанијата демантираат дека основачот Јован Јанкуловски бил студент на Машинскиот факултет или дека имал каков било контакт со премиерот. Тие посочуваат и дека бројот на вработени во рамки на групацијата е над 10 лица, а во проектите биле ангажирани и дополнителни експерти преку договори за дело, што, како што наведуваат, е вообичаена пракса за ваков тип набавки.Компанијата нагласува дека соработува со институции исклучиво на професионална основа, без оглед на политичката структура на раководствата, и дека реализирала проекти и со институции предводени од СДСМ.

Македонија | пред 1 месец

media-library5rju4un1ggs518nE3sj

„Новата сила“ на СДС е старото раководство на Заев, oва е најлошиот состав во историјата на партијата, вели Манасиевски

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, остро го критикуваше новото раководство на СДС, оценувајќи дека партијата продолжува да тоне и дека наместо најавувано освежување, се враќаат истите кадри од времето на Зоран Заев.Според Манасиевски, концептот „Нова сила“ што го промовира СДС е само привид, бидејќи, како што рече, станува збор за „стари и истрошени лица“, директно поврзани со поранешното раководство на партијата.– СДС вчеравечер ја потврди нашата констатација дека продолжуваат да тонат. Наместо нов и свеж кадар, Филипче ги врати старите лица на Зоран Заев. На следните избори 100.000 гласови им се плафон – изјави Манасиевски.Тој наведе дека во новото раководство на СДС се вклучени лица со, како што тврди, контроверзни биографии и минато поврзано со скандали и кривични пријави, меѓу кои поранешни директори, функционери и партиски кадри од претходните влади на СДС.Манасиевски ги спомена имињата на Рената Младеновска, Драган Крајовски, Дејан Николовски, Андреј Жерновски, Агрон Демири, Љупчо Фармаковски и Јованка Тренчевска, за кои рече дека се „стар кадар“, дел од системот воспоставен од Зоран Заев, а сега повторно промовиран од Венко Филипче.Посебно ја критикуваше улогата на Јованка Тренчевска, посочувајќи дека токму таа во минатото јавно повикувала на нови и неизвалкани лица во СДС, а сега, како што рече, се претставува како дел од освежувањето на партијата.– Сè што треба да знаете за СДС е дека новиот кадар на Венко за претседавач на Централниот одбор е Герасим Лазов. Ова е убедливо најлошиот состав на СДС досега – истакна Манасиевски.На крајот, тој оцени дека, според ВМРО-ДПМНЕ, „приватизацијата на СДС е завршена“, а партијата се движи кон, како што рече, „тежок политички стечај“.

Македонија | пред 1 месец

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Милионските криминали во Државна лотарија, за кои ВМРО-ДПМНЕ посочува дека ги извршиле Прпарим Бајрами и Артан Груби, а биле одобрени од СДС, денеска излегуваат на виделина, откако извештајот на Државниот завод за ревизија ги потврди неправилностите.Од партијата наведуваат дека злоупотребите се случувале токму во периодот кога на власт биле СДС и ДУИ, при што, како што тврдат, Прпарим Бајрами, партнер во криминал на Артан Груби, ја злоупотребил службената положба за износ од близу два милиони евра, пари на граѓаните.Според ВМРО-ДПМНЕ, СДС и поранешниот министер Филипче молчеле и со тоа овозможиле ваквите криминални дејствија да продолжат, додека надлежните институции, судството и обвинителството, како што велат, не реагирале соодветно.Од партијата посочуваат дека е јасно зошто Бајрами и Груби се во бегство и зошто, како што тврдат, биле заштитувани од институции избрани од СДС и ДУИ. Тие додаваат дека сега, кога веќе нема кој да ги штити, СДС, според нив, во страв и паника отвора други теми, шири лажни вести и создава хистерија меѓу граѓаните.Воедно, од ВМРО-ДПМНЕ го повикуваат таканаречениот „антикорупциски тим“ на СДС да го истражи и овој случај, наместо, како што велат, да молчи пред утврдените факти.

Македонија | пред 1 месец

media-librarye9jbt7366ibb0cUHZ6f

Петкоска: СДС и Филипче не ги читаат пораките од граѓаните и измислуваат теми како мигранти

Лидија Петкоска, пратеничка во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во вечерашното издание на ,,Топ тема“  на Телма телевизија, каде тема беа нелегални мигранти во земјава, наметната од политичката партија СДС, а за која СДС иницираше и онлајн петиција.,,Во отсуство на креативност, во отсуство на волја за работа, се наметнува една имагинарна тема, а е нешто што не постои и за нешто што нема ниту еден солиден, аргументиран доказ“, рече Петкоска.Петкоска нагласи дека СДС, како и актуелниот лидер на партијата, Венко Филипче, континуирано не успеваат да ја разберат пораката што граѓаните јасно ја испраќаат, како на парламентарните избори минатата година, така и на локалните избори годинава, и според неа, тоа е порака која значи недоверба.,,Венко Филипче и СДС, за жал никогаш не ја сфатија пораката од граѓаните и тоа им се удри од глава на два последователни изборни процеси“, истакна Петкоска. Петкоска се осврна и на онлајн петицијата иницирана од СДС, при што потенцираше дека за истата биле потребни 47.897 потписи, додека пак ја поддржале само 2.103 граѓани. Според неа, овој податок претставува уште еден јасен сигнал за слабата поддршка и доверба што граѓаните ја имаат кон СДС и Венко Филипче.,,Ова е уште една порака од граѓаните, дека не му веруваат на тезата дека ќе дојдат мигранти во Република Македонија“, кажа Петкоска.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryal6bkcl1cjnn5NxO1C1

Панова: ВМРО-ДПМНЕ со Резолуцијата става крај на манипулациите за мигрантите

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија истакна дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратениците од коалицијата поднеле резолуција во Собранието со која се осудуваат манипулациите и дезинформациите што опозицијата ги шири во врска со прашањето за мигрантите.Пратеничката Панова посочи дека СДС, како обезличена и полураспадната партија без јасна визија и идеи, повторно отвора тема која е целосно немерлива и неоснована.„Несфатливо како може СДС да зборува за било какви црвени линии којшто тие ги прекршија всушност, тие распродадоа име, се согласија на сето тоа што не смееше една влада да се согласи, сега, од друга страна, поднесуваат некаква резолуција“, вели Панова.Панова нагласи дека со цел да се затвори оваа непостоечка, наметната тема за мигранти кои никогаш нема да пристигнат во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратениците од коалицијата поднеле Резолуција со повеќе јасни точки, со која се става крај на манипулациите и ширењето страв меѓу граѓаните.„За да ја затвориме оваа непостоечка тема која што се отвори за мигранти, којшто никогаш нема да пристигнат во Македонија, ние денес поднесовме резолуција и во истата се состојат повеќе точки со којшто всушност сакаме да ја затвориме темата“, посочи Панова.Панова истакна дека ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на заштита на државните интереси како и водење одговорна политика која е заснована на факти и транспарентност.

Македонија | пред 1 месец

media-library0fva8f94o2gbezIMzHj

ВМРО-ДПМНЕ со тешки обвинувања: Филипче глумел патриот, а туркал мигрантски камп во Бардовци

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека, како што наведуваат, „пукнал меурот“ од конструкции и лаги на СДС околу темата за мигрантите и дека документи и докази целосно ја разоткриваат, според нив, хистеријата што ја создавале СДС и Венко Филипче. Од партијата оценуваат дека јавноста сега јасно може да го види лицемерието на СДС, кои, како што велат, ширеле лажни вести за непостоечки теми и истовремено глумеле патриотизам.ВМРО-ДПМНЕ тврди дека за разлика од, како што ја нарекуваат, „глумата“ на Филипче и постојаното менување ставови на СДС, тие имаат јасна и конзистентна државотворна позиција против политики кои ја загрозуваат безбедноста и интересите на граѓаните, додавајќи дека партијата и во минатото и денес водела антиемигрантска политика.Според ВМРО-ДПМНЕ, фактите биле јасни и документирани и покажувале дека СДС, предводена од Зоран Заев и Венко Филипче, имала план Македонија да стане дестинација за мигрантски кампови. Во соопштението се наведува дека постоеле конкретни планови, јавни изјави и политичка волја за сместување мигранти во земјава, вклучително и во Скопје.Партијата тврди дека во 2018 година била усвоена одлука за изградба на мигрантски камп во Бардовци, за што, како што велат, постои и официјален доказ во „Службен весник“, со наведување на имотен лист број 2140 за катастарската општина Бардовци. ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Филипче тогаш го поддржал и „туркал“ овој проект, додека денес, според нив, се обидува да се претстави како принципиелен противник на мигрантските политики.Во реакцијата се наведува дека Филипче, наместо да одговори на конкретни прашања, „бега од новинари и новинарски прашања“ и се обидува да ја дефокусира јавноста со, како што велат, лажни теми и спинови. Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека наместо паника и манипулации, СДС треба да одговори колку мигранти биле подготвени да примат во 2018 година, кој ги договарал камповите и зошто тогаш Филипче молчел, а денес настапува како жесток критичар.На крајот, од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека СДС и Филипче треба да се фокусираат на, како што велат, „мигрантите од сопствените редови“ кои ја напуштаат партијата и да започнат сериозна внатрешна реформа, додавајќи дека на Македонија ѝ е потребна зрела и конструктивна опозиција, а не политика базирана на лаги и страв.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryv8s5tehpfptl2XOTjMo

СДСМ обвинува: Молкот на ДПМНЕ околу Резолуцијата потврдува договори за мигранти

СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ одбива да ја потпише Резолуцијата со која, како што наведуваат, граѓаните би добиле јасна и институционална гаранција дека во Македонија нема да има мигранти, оценувајќи дека ваквиот став укажува на постоење скриена агенда. Од партијата посочуваат дека, и покрај повеќекратните јавни повици за заедничко дејствување и донесување одлука во Собранието, од страна на ДПМНЕ следел целосен молк.Според СДСМ, ваквото однесување не е случајно, туку претставува свесна политичка одлука и дел од стратегијата на владејачката партија. Тие тврдат дека доколку не постоеле задкулисни договори и преземени обврски за кои, како што наведуваат, јавноста дознала преку британски медиуми, Резолуцијата одамна ќе била потпишана.Од СДСМ оценуваат дека одбивањето на ДПМНЕ јасно укажува на тоа дека партијата има скриена агенда поврзана со мигрантите и дека токму затоа не сака институционално да се обврзе дека таков сценарио нема да се случи. Тие порачуваат дека повеќе нема да упатуваат повици за соработка, бидејќи, според нив, одбивањето само по себе зборува за, како што велат, „предавство за пари“ и намера Македонија да прифати мигранти.„Народот ова нема да го дозволи. Борбата за одбрана на Македонија продолжува“, порачуваат од СДСМ во својата реакција.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања