ВМРО-ДПМНЕ

media-libraryvg3apg7ibvsj1d5GqU5

Мицкоски: Пензиите се зголемуваат, а сиромаштијата се намалува

„Ставот на Владата е јасен, нашиот чекор што го направивме можеме да го аргументираме, а потврда дека сме направиле добар чекор се и објавите на Државниот завод за статистика кои деновиве излегуваат и се коментираат во јавноста околу лаекенските индикатори, односно нивото на сиромаштија, џини-индексот, нерамномерната распределба на доходот. Тука имаме добра вест, а тоа е дека се намалува стапката на сиромаштија, ако во 2021 година била 23%, сега е 21,9 во 2024, а во 2023 била 22,2%. Џини-индексот, односно нееднаквата распределба на приходите, ако биле 30,3 во 2023, во 2024 е 29,1 и е најдобар во регионот, па и кога ја гледаме нееднаквата распределба на доходот дури е над европскиот просек“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за „Вечер.мк“.Мицкоски истакна дека одлуката на Владата за зголемување на пензиите ќе влијае позитивно врз намалувањето на стапката на сиромаштија со акцент на пензионерите и дополнително намалување на џини индексот.„И во 2024 година е овој индикатор, зголемувањето прво линеарно од 2.500 денари беше во ноември месец, што значи дека има мало или незначително влијание во овој параметар, а во 2025 веќе очекувам точно да се види дека нашата одлука за ваков тип на зголемување на пензијата ќе влијае многу позитивно врз намалувањето на стапката на сиромаштија со акцент на пензионерите и со дополнително намалување на џини-индексот, односно нееднаквата распределба на доходите, што за државата ќе значи многу бидејќи светските агенции го ценат кредитниот рејтинг на државата токму и врз основа на вакви параметри“, рече претседателот Мицкоски и додаде:„Така што мислам дека таа политика си го даде својот резултат и апсолутно стоиме позади исправноста на тие чекори. Постојат структури кои го предизвикаа Уставниот суд и ќе видиме како тоа ќе заврши, а јас не би сакал да ги коментирам одлуките на Уставниот суд“.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarycippd0svfb8bcOjtJ44

Мицкоски: За година и половина ги реализиравме сите цели, ја затекнавме државата со наследени проблеми, но воспоставивме одговорно и домаќинско управување

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  истакна дека Владата во изминатата година и половина ги реализирала сите зацртани цели, а во многу сегменти направила и повеќе од првично планираното, како резултат на реалните и итни состојби со кои се соочила државата.„Немаше нешто што планиравме, очекувавме да го направиме, а не го направивме. Мислам дека направивме и повеќе од тоа што очекувавме”, истакна Мицкоски во интервју за „Вечер.мк“.Тој нагласи дека и по година и половина од преземањето на одговорноста, Владата се уште се соочува со непријатни изненадувања, кои во најголем дел се резултат на, како што посочи, седумгодишното неодговорно управување на СДС и ДУИ.„Секој ден излегува некое ново  непријатно изненадување кое е последица, би рекол, во најголем дел од седумгодишното управување со владата на СДСМ и ДУИ, но исто така има и објективни, во помал број, изненадувања кои не сум ги очекувал. Но најголемиот број непријатни изненадувања или работи кои не сум ги очекувал се навистина од тоа време“, потенцираше Мицкоски.Мицкоски додаде дека Владата работи посветено и одговорно, со цел целосна стабилизација на состојбите и надминување на наследените проблеми, притоа водејќи се исклучиво од државниот и јавниот интерес.„Така што навистина во овие година и половина можам да кажам, еве гордо, дека сите цели кои ги имавме како влада ги реализиравме и, поради изнудените чекори што мораше да ги правиме, направивме и многу работи кои не ги планиравме дека ќе ги завршиме во овие година и половина”, посочи Мицкоски.

Македонија | пред 3 седмици

media-library7tkepp4i073k0MElvVB

Мицкоски: Од новиот државен јавен обвинител очекувам немилосрдно да застане на страната на правдата

„Многу важно е што ние не сакавме да бидеме како дел од минатите влади, односно да се однесуваме насилнички и да менуваме обвинители, туку да му дадеме шанса на државниот јавен обвинител да се размавне и да покаже што знае. И еве после година и половина конечно отпочнуваме процес во кој стариот државен јавен обвинител, избран од мнозинството избран од СДС и ДУИ, заминува во минатото и е распишан конкурс за избор на нов државен јавен обвинител. Ги охрабрувам сите кои согласно закон исполнуваат услови да се пријават и очекувам да биде избран најдобриот, кој навистина ќе биде дел од овој трослоен систем на гонење на криминалот и корупцијата“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за „Вечер.мк“.Мицкоски посочи дека граѓаните во минатото биле сведоци на полициски акции проследени во медиуми, со многу спектакуларни упади.„Во минатото граѓаните беа сведоци на голем број полициски акции проследени во медиуми со многу естрада, галама и спектакуларни упади во домови и трговски објекти, а ние сакавме да бидеме антипод на таквиот начин на дејствување“, рече Мицкоски.Мицкоски на крај потенцираше дека од новиот државен јавен обвинител очекува немилосрдно да застане на страната на правдата.„Од новиот државен јавен обвинител очекувам немилосрдно да застане на страната на правдата, бидејќи само така сите кои работеле спротивно на закон ќе бидат санкционирани, имајќи предвид дека борбата против криминалот и корупцијата е тростепен процес кој вклучува истрага, обвинителен акт и судска постапка, при што обвинителот е само врската меѓу истрагата и судскиот процес. Тој треба да го избруси сето тоа и да види дали судиите ќе го прифатат и ќе отпочнат судски процес, бидејќи судиите прават оценка на обвинителниот акт“, посочи Мицкоски.

Македонија | пред 3 седмици

media-library4pffk8jkp0ug3DPxTnT

ВМРО-ДПМНЕ со нови прашања за патувањата на Филипче и неговата поврзаност со Заев

ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со ново партиско соопштение, во кое повторно отвора прашања за патувањата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и неговата наводна поврзаност со поранешниот партиски лидер Зоран Заев. Повод за реакцијата, како што наведуваат од партијата, се тврдењата на СДСМ дека Филипче не се наоѓа во Дубаи, што ВМРО-ДПМНЕ го оценува како избегнување одговори за неговите движења и приватни патувања.Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали Филипче, заедно со Заев, престојува на зимување во луксузни и скапи алпски туристички центри, конкретно во Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен, обвинувајќи дека станува збор за елитистичко однесување и раскошен начин на живот. Во соопштението се поставува и прашањето дали Новата година ќе ја дочекаат токму во Гармиш-Партенкирхен, каде во тој период се одржува познатата скијачка турнеја „Четири скокалници“.Партијата повторно ја актуелизира и темата за таканаречената „златна виза“ за Дубаи, тврдејќи дека, според нив, СДСМ индиректно признала дека Филипче ја поседува, но без да даде јасни одговори за нејзината цена, валутата во која е платена и изворот на средствата. Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали таа виза е поврзана со наводни градежни проекти, вклучително и изградба на објект од 42 ката, и како, според нив, ваков трошок може да се покрие со примања од лекарска плата.Во завршницата на соопштението, ВМРО-ДПМНЕ саркастично се осврнува и на реакциите на СДСМ во врска со пејачот Харис Џиновиќ, наведувајќи дека не прашувале каде настапува, туку дали ќе настапува приватно за Заев и Филипче, обвинувајќи ги нивните политички противници за, како што велат, преголем интерес за естрадни теми наместо за суштински прашања од јавен интерес.

Македонија | пред 3 седмици

media-library36lrv6gi6moo27Cr4KF

ВМРО-ДПМНЕ со новогодишна порака: Заедништво, стабилност и одговорност за иднината

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, во пресрет на Новата година, упати честитка до сите граѓани на Република Македонија, со порака за заедништво, стабилност и одговорност кон иднината на државата.Во честитката, од партијата посочуваат дека новата година започнува во период на сериозни општествени, економски и национални предизвици, при што нагласуваат дека се свесни оти секојдневието на голем број семејства не е лесно и дека од политиката се очекуваат конкретни резултати, а не декларативни изјави. ВМРО-ДПМНЕ наведува дека нивната заложба е насочена кон работа за секој поединец, за секое семејство и за сите делови на државата, со ветување дека довербата на граѓаните нема да биде изневерена.Во пораката се потенцира дека, според партијата, политичката борба не е само прашање на власт, туку на принципи, вредности и визија за државата. Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека станува збор за спротивставување меѓу одговорното градење на државните темели и, како што наведуваат, импровизациите и краткорочните калкулации, при што посочуваат дека националните интереси мора да бидат заштитени и водени со јасна визија и почит кон граѓаните.Како клучна вредност се истакнува заедништвото, кое, според ВМРО-ДПМНЕ, претставува најголемата сила на општеството. Во честитката се наведува дека само преку обединетост, заемна почит и солидарност може да се изгради стабилна, сигурна и праведна држава, која ќе го вреднува трудот, ќе го почитува достоинството на човекот и ќе создава еднакви можности за сите.Партијата нагласува дека останува посветена на одговорно управување, економски развој, социјална сигурност и унапредување на животниот стандард, посочувајќи дека целта е создавање цврсти и трајни темели за иднината на младите генерации.Во завршниот дел од честитката, ВМРО-ДПМНЕ наведува дека во Новата година влегува со вера во сопствените сили, со почит кон минатото и со јасна визија за иднината, изразувајќи уверување дека со чесна работа, принципиелност и заедништво, Македонија може да биде подобро место за живеење. На граѓаните им се упатуваат желби за здравје, мир, семејна топлина и поголема сигурност во секој дом, со порака Новата година да биде година на стабилност, сплотеност и напредок.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ обвинува за политички притисоци и репресија од страна на власта

Соопштение од СДСМ денеска обвинува дека актуелната власт спроведува „репресија и политички прогон“ кон партијата и нејзините членови. Според СДСМ, ова претставува „последна фаза“ од, како што наведуваат, политичка кампања насочена кон замолчување на опозицијата.Во соопштението се наведува дека по, како што ја нарекуваат, забраната на слободата на говор, властите преминале кон притисоци и закани за апсења. Од партијата тврдат дека целта е спречување на нивната активност и критиките за, како што посочуваат, корупциски скандали поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.СДСМ ги поврзува овие случувања со тендерски постапки што претходно ги објави во јавноста и тврди дека со тоа властите настојуваат да ги заштитат актуелните функционери од одговорност. Во соопштението дополнително се наведуваат обвинувања за политички влијанија врз судството и медиумски притисоци врз партијата.Од СДСМ порачаа дека, и покрај тоа, ќе продолжат со, како што велат, борбата против криминалот и корупцијата.

Македонија | пред 4 седмици

media-librarygsrak3ns3r60cpq6689

(Фото) ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ од искуство знаат колку чини златна виза за Дубаи затоа веднаш ги погоди сумата, а да ги потсетиме и кој се веселеше на Харис

ВМРО-ДПМНЕ реагира на денешните обвинувања од СДС за златната виза на Венко Филипче, истакнувајќи дека партијата се фокусирала само на сумата и дали станува збор за долари или евра, додека суштинските прашања останале без одговор.„Интересно е како СДС веднаш се фатија за јадицата и за сумата колку чини визата Дубаи на Венко Филипче, намесникот на Зоран Заев. Од искуство изгледа знаат колку точно чини, па веднаш тоа ги погоди. Но, не одговорија како со докторска плата успеа да ја купи златната виза и дали истата е врзана со инвестициите во градежништвото и 42-катницата, за која има сведоштво од поранешниот соработник на Заев, Тома Аврамски“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Партијата додава дека СДС не одговориле ниту на прашањето дали, по дубајско време, Заев и Филипче ќе ја слават Новата година, туку се фокусирале само на „парите“.„А кога сме кај Харис Џиновиќ, им порачуваме да не се резилат – постои видео материјал кој покажува како Венко Филипче радосно го снима Зоран Заев како се весели со Харис во Дубаи“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ знаејќи дека Филип Андов Сокол се огрешил пред законот, го ставија во органите на партијата за да велат дека е политички прогон

ВМРО-ДПМНЕ реагира на обвинувањата од СДСМ, истакнувајќи дека обидот за претставување на Филип Андов Сокол како „жртва на политички прогон“ е очигледно сценарио од самата партија.„Јасно беше уште од почетокот дека Сокол беше ставен во извршниот одбор на СДСМ за да може да се користи како средство за оправдување на сопствената вина. СДСМ е како буквар – прочитани се од сите“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.Партијата додава дека ваквите обиди „не поминуваат меѓу граѓаните“ и ги советува од СДС „што поскоро да се оградат и дистанцираат од криминалците во партијата, на чело со Заев и Филипче“.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: „Поскапе визата од многу лажење, кога ќе ја објавите фотографијата?“

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија обвини дека ВМРО-ДПМНЕ секојдневно ја дезинформира јавноста со контрадикторни и неосновани тврдења, кои, како што велат, веќе ни самите не можат да ги следат.„Од толку многу лажење, поскапе и таканаречената ‘виза’. Вчера беше половина милион долари, денеска веќе е половина милијарда, и тоа не во долари, туку во евра“, реагираат од СДСМ, оценувајќи дека ваквите изјави покажуваат дека на лагите им нема крај.Од партијата посочуваат дека ваквото однесување доаѓа во момент кога, како што наведуваат, ВМРО-ДПМНЕ е фатена „жива“ во милионски криминални тендери и договарање мигранти за пари.Во реакцијата се споменува и името на пејачот Харис Џиновиќ, за што од СДСМ прашуваат дали станува збор за обид за дефокусирање на јавноста. Тие иронично додаваат дека можеби станува збор за „славење“ на вработувањето на сопругата на Манасиевски во Министерството за дигитална трансформација.„За што ги сметате граѓаните на Македонија? Ова веќе е навреда на нивната интелигенција“, порачуваат од СДСМ.На крајот, партијата повторно го поставува прашањето до ВМРО-ДПМНЕ: кога ќе ја објават фотографијата од Дубаи.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: „Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата“

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска ја обвини власта за, како што наведуваат, започнување на репресија и политички прогон врз партиските функционери преку нарачани судски пресуди.Од СДСМ тврдат дека со поставување „свои судии и обвинители“ е укинато независното судство и обвинителство, а правдата е ставена под целосна контрола на владејачките партии ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ. Како пример ја посочуваат денешната пресуда против поранешниот директор на затворот и член на Извршниот одбор на СДСМ, Филип Андонов.„По носењето декрети и ограничувањето на слободата на говор, сега гледаме нарачани судски пресуди и законски казни за функционерите на СДСМ“, соопштија од партијата, оценувајќи дека станува збор за последна фаза од, како што ја нарекуваат, кампањата на власта – фаза на репресија.Според СДСМ, институциите не реагираат на скандалите, пријавите за криминал и корупција кои ги објавува опозицијата, додека, како што велат, „брзо и лесно“ се носат пресуди против нивни функционери. Истовремено, партијата обвинува дека вистинските криминалци од редовите на власта се збогатуваат преку криминални тендери.Од СДСМ порачаа дека, и покрај притисоците и судските постапки, нема да се откажат од борбата и дека, како што велат, „работата не е завршена“, најавувајќи продолжување на политичката борба против актуелната власт.

Македонија | пред 4 седмици

media-librarydb7tk13bjf8faIJ7S0P

ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од Венко Филипче околу „златната виза“ за Дубаи и евентуалните инвестиции таму

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од лидерот на СДСМ, Венко Филипче јавно да објасни на која основа се стекнал со таканаречена „златна виза“ во Дубаи и дали зад тоа стојат инвестиции во недвижен имот или бизнис.Реакцијата следи по сведоштвото на поранешниот соработник на Зоран Заев, Тома Аврамски, кој тврдеше дека поранешниот премиер гради облакодер од 42 ката во Дубаи. Од СДСМ и од самиот Филипче претходно потврдија дека Заев гради зграда во Дубаи, како и дека и двајцата имаат „златни визи“, но посочија дека Филипче не е партнер во проектот.Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека Филипче во минатото изјави оти визата ја добил поради преговори за можен професионален ангажман во здравствена установа во Дубаи, но, според партијата, до јавноста досега не биле презентирани документи за тоа. Во соопштението дополнително се наведува дека за добивање „златна виза“ е потребна инвестиција од најмалку 500 илјади долари во недвижности или бизнис.Партијата се повикува и на тврдењето на Аврамски дека и Заев и Филипче поседуваат станови во Дубаи, барајќи одговор дали Филипче вложувал во недвижен имот и дали тоа е основа за визата. Во соопштението се наведува и дека, доколку навистина е вложена сума од тој износ, јавноста има право да знае од кои извори се обезбедени средствата.Од ВМРО-ДПМНЕ апелираат Филипче да обелодени документи доколку визата е поврзана со работен ангажман во странство, со цел, како што наведуваат, „да се расчистат дилемите“.

Македонија | пред 4 седмици

media-library46ida5lo4ic47Qxxgmv

Манасиевски: Филипче е фатен во голема лага, должен е да одговори колку пари има инвестирано во Дубаи за да добие златна виза?

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска побара јавен и јасен одговор од Венко Филипче за основата врз која ја добил т.н. златна виза за Дубаи, посочувајќи дека јавноста има право да знае дали станува збор за инвестиција, недвижност или бизнис вреден најмалку 500.000 долари.Манасиевски нагласи дека за добивање златна виза во Дубаи е потребна значајна финансиска инвестиција и дека Филипче досега не одговорил дали поседува стан во Дубаи и дали токму тоа е основата за визата. Според него, наместо молк, потребни се конкретни факти и документи.Тој се повика и на сведоштвото на Тома Аврамски, поранешен соработник на Зоран Заев, кој изјавил дека ја видел 42-катницата што ја гради Заев во Дубаи, како и становите на Заев и Филипче. Манасиевски истакна дека и на овие наводи Филипче не дал конкретен одговор.Дополнително, според Манасиевски, Филипче потврдил дека Заев гради 42-катница во Дубаи, но негирал дека бил негов партнер, што, како што рече, дополнително го отвора прашањето како тогаш дошол до златна виза.Од ВМРО-ДПМНЕ го повикаа Филипче јавно да ги објави документите врз основа на кои ја добил визата, без разлика дали станува збор за професионален ангажман, работа во болница или друг вид договор. Манасиевски оцени дека доколку такви документи постојат, нивното презентирање не би било проблем.„Филипче не покажува документи, иако вети, затоа што ги нема“, изјави Манасиевски, додавајќи дека, според ВМРО-ДПМНЕ, тој продолжува по стапките на својот ментор Зоран Заев и на приватен и на партиски план.Манасиевски порача дека за овие прашања мора да има одговорност.

Македонија | пред 4 седмици

media-library4fh548ap27eqdHBEqUr

Манасиевски: Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза за Дубаи

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, вчера јасни одговори од министерот за здравство, Венко Филипче, поради сомневањата околу неговата златна виза во Дубаи.„Филипче потврди дека Заев гради 42-катница во Дубаи, но тврди дека не бил партнер во градбата. Поставувањето на ова прашање е очигледно: ако Филипче не е дел од проектот, како тогаш дошол до златна виза?“, истакна Манасиевски.Тој го повика Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза, нагласувајќи дека, доколку навистина имал легитимна работа во Дубаи, нема причина да ги криe.Манасиевски посочи и сведоштво на поранешниот соработник на Заев, Тома Аврамски, кој тврдел дека видел и 42-катницата на Заев и станови на Филипче во Дубаи. „Венко Филипче сè уште не одговори дали има стан во Дубаи и дали тоа е причината за добивање на златната виза. За потсетување, за златна виза во Дубаи е потребна инвестиција од минимум 500.000 долари“, рече Манасиевски.Тој истакна дека Филипче треба да одговори како ги има обезбедено овие средства, бидејќи со плата од доктор и пратеник е невозможно да се достигне таква сума. „Филипче да не се крие. Лошото минато создадено од Заев и Филипче треба да остане во минатото“, заклучи Манасиевски.

Македонија | пред 1 месец

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Не постои никаков координиран напад врз СДСМ, има само координирано откривање дека Заев гради во Дубаи, а Филипче има златна виза

ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата на СДСМ за наводна координирана кампања против партијата, оценувајќи дека станува збор за обид да се прикрие, како што наведуваат, „координираното откривање на вистината“ за поранешни и актуелни функционери на СДСМ.Од партијата велат дека нема организиран напад врз СДСМ, туку дека во јавноста излегуваат информации дека поранешниот премиер Зоран Заев гради објекти во Дубаи, додека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, добил таканаречена „златна виза“ во истата држава.„Затоа СДСМ толку многу и координирано пропаѓа“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.Од опозициската партија додаваат дека одговорите за овие наводи СДСМ треба да ги побара кај Зоран Заев и кај Башановиќ, наместо, како што велат, да конструира приказни за политички прогон и организирани напади.Според ВМРО-ДПМНЕ, јавноста заслужува јасни и конкретни одговори за имотот и привилегиите на поранешните и сегашните функционери на СДСМ, а не, како што посочуваат, „димни завеси со обвинувања без основa“.

Македонија | пред 1 месец

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека, како што велат, вистинското лице на СДСМ излегува на површина, откако по седумгодишното владеење, кое според партијата било обележано со корупција и уништување на државата и економијата, поранешните функционери ги пренасочиле своите бизниси во една од најбогатите држави во светот – Обединетите Арапски Емирати.Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека по долг период на јавно укажување и неколку дена по сведоштвото дека поранешниот премиер Зоран Заев гради 42-катница во Дубаи, стигнала и потврда од претседателот на СДСМ, Венко Филипче.На новинарско прашање дали заедно со Заев гради висококатница во Дубаи, Филипче одговорил дека тој не градел, што, според ВМРО-ДПМНЕ, претставува индиректна потврда на нивните тврдења и на сведоштвото на Тома Аврамски дека токму Заев е инвеститорот на 42-катната зграда.„Признанието дека Филипче не гради, не може да се толкува поинаку освен како официјална потврда дека неговиот ментор, Зоран Заев, го проширил својот бизнис и инвестира во градежништвото во Дубаи“, соопштуваат од партијата.Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека Филипче сега треба јавно да одговори како се стекнал со таканаречената златна виза во Дубаи, со оглед дека, како што велат, досега не презентирал докази за најавуваниот работен ангажман во тамошни здравствени установи.„Ако не градел со Заев, на кој начин се стекнал со златна виза?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ, отворајќи и дилема дали станот спомнат во сведоштвото на Аврамски е во сопственост на Филипче или истиот бил префрлен на трето лице.Партијата нагласува дека одговори ѝ должи и јавноста и Зоран Заев, кој, според нив, треба јавно да соопшти како дошол до милионите со кои инвестира и гради облакодери во Дубаи.„Апелираме да не се одолговлекува, бидејќи вистината, порано или подоцна, секогаш излегува на виделина“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања