ВМРО-ДПМНЕ

media-library4pffk8jkp0ug3DPxTnT

„Филипче не знае по која црковна традиција се води нашата црква“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Помалку смешно изгледа што СДС секоја глупост на Венко Филипче се труди да ја оправда, па дури и таа која не се правда. Жално е што Филипче не знае по која црковна традиција се води нашата црква, вели ВМРО-ДПМНЕ„ВМРО-ДПМНЕ ниту излезе со став, ниту пак реагираше на тоа што лидерот на СДС Венко Филипче е изгубен во времето и просторот и празникот Богојавление Водици, наместо со традиционалниот поздрав „Бог се јави“, го честиташе со поздравот „Бог се роди“... што е поздрав својствен за Христовото раѓање Божиќ.Немаше потреба безидејното СДС да прави случај од овој лапсус на Венко и да го правда дека и за ова сме биле криви од ВМРО-ДПМНЕ. И дека цела јавност не видела дека Венко не згрешил и дека тоа е последица на грегоријанскиот календар кој е неколку дена пред јулијанскиот календар.Не ја знаеме временската зона по која Венко се води, но грегоријанецот Венко треба да знае дека не се води по ниту еден календар затоа што е изгубен во времето и просторот. За таквото губење заслужен е Дубаи кланот со срдечна поддршка од екипата на Башановиќ. Очигледно Венко го влечат за нос и прават кловн од човекот, создавајќи паралели со Србија како да СДС е српска колонистичка партија и експозитура на српската политика.Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите, затоа што во иднина нема да нè зачуди, во деновите на лето да честита и Српска Нова година, нормално под менторство на неговите старатели од Белград“, се додава во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

media-library44fkk6lo0ouk51N5oIy

Со закани уцени и притисоци Заев и Филипче сакале да ја превземат болницата Жан Митрев, вели ВМРО-ДПМНЕ

Последните сведоштва во јавноста на др Жан Митрев сè уште еден доказ за мафијашкото владеење на СДС на чело со кланот Заеви и нивниот спотер кој ја чува фотелјата на Бихачка, Венко Филипче, велат од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ„Во екот на ковид пандемијата кога граѓаните се бореа за живот Заев како премиер и Филипче како министер за здравство ја користеле кризата за да профитираат.Заев и Филипче ги злоупотребиле институциите на државата за да вршат притисок, рекет и уцени со намера да ја превземат приватната болница Жан Митрев.Заев и Филипче освен притисокот и уцените ветиле и „помош во судски процеси“ во замена за удели.Тандемот Заев и Филипче се обиделе болницата да биде откупена по цена далеку пониска од нејзината реална пазарна вредност што претставува организиран грабеж.Дополнително уште пошокантен е фактот кој според кажувањата на Жан Митрев по само една недела од моментот кога поединци од власта изразиле желба за болницата, Јавното обвинителство ја укинало забраната за продажба.Овој случај е типичен пример за мафијашко дејствување на Заев и Филипче. Ова е само дел од низата случаи во криминалната мрежа на тандемот Заев-Филипче и скандалите како златните визи во Дубаи, становите во Дубаи, висококатницата во Дубаи, акции во индиска авиокомпанија, фирми во Бугарија и Македонија.Тендери, проценти, злоупотреби на функциите за лично богатење, рекет и предавства се синоними за начинот на дејствување на кланот Заеви и Филипче.Дали вака за СДС изгледа европска Македонија што ја ветуваат?Дали со рекет, уцени и закани Филипче и СДС сакаат повторно, некогаш да ја управуваат државата?Венко Филипче после сите афери и скандали кои се врзуваат со неговото име нема кредибилитет да биде на политичката сцена.После вакви скандали доколку Филипче би имал морал и доблест веднаш би си поднел оставка.ЈО да не молчи.ЈО веднаш да го истражи случајот.Одговорност и правда мора да има“, се вели во соопштението

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryl9t81oqf517fabQpDHQ

Манасиевски: Заев и Филипче преку корупција се обиделе да ја преземат болницата на др. Жан Митрев

На телевизија Њузмакс во емисијата „Став на регионот“ гостуваше Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ кој на самиот почеток дискутираше за скандалот и сомнежите кои се поврзуваат со претходната власт, за тоа како Венко Филипче и Зоран Заев сакале да му ја одземат болницата на др. Жан Митрев по далеку пониска цена.„Сите оние афери, сомнежи и скандали се поврзуваат со минатата власт којашто беше предводена од СДС и ДУИ, како и оваа афера којашто докторот Жан Митрев ја изнесе во јавноста, каде што вели дека минатата власт, односно еден премиер и министер за здравство, тука знаеме на кого мисли, односно на Зоран Заев и Венко Филипче, дека преку мафијашки однос се обиделе да му ја преземат болницата по далеку пониска цена. Ова е она што ние изминатите 7 години, а еве и континуирано во овие година и половина откако сме на власт, го говориме дека СДС и ДУИ кога владееја со државата тоа го правеа на криминален и коруптивен начин“, истакна Манасиевски и додаде:“Ова однесување на Зоран Заев и Венко Филипче и СДС како политичка партија, навистина не ме чуди до каде одело само за да дојдат до одредено богатство коешто ние граѓаните го трпиме и ден денес.”Манасиевски објасни дека реформите во правосудството се неопходни, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го преземала првиот чекор со разрешувањето на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.„Судството навистина не функционира и оние 2% коишто ги има доверба се потврдува, а ние како политичка партија велиме дека треба да има реформи, затоа што гледаме дека нема никаква судска разрешница. Нема разрешница по голем број на судски предмети, се чуваат предмети по фиоки но, имаме еден чекор којшто го преземавме како Влада, каде што е разрешен државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, за којшто имаме сомнежи дека чувал над 40тина предмети во неговите фиоки, за да не постапи за оние сомнежи кон минатата власт на СДС и ДУИ. Така да сметам, потребни се итни реформи во овој дел со цел да имаме правда во нашата држава“, дециден е Манасиевски.

Македонија | пред 1 седмица

zaev-filipce-1

Стојаноски: Заев и Филипче му се заканувале на Жан Митрев за да му ја одземат болницата

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, изјави дека докторот и сопственик на клиниката „Жан Митрев“, јавно посведочил оти поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче му се заканувале со цел да му го одземат сопствеништвото над болницата.Според Стојаноски, притисоците се случувале во период кога против Жан Митрев се водел судски случај, а Заев и Филипче, како носители на највисоки државни функции, ја користеле својата позиција на моќ за, како што рече, преку институционални механизми да се обидат да ја преземат клиниката.„Во тој период биле блокирани и личната сметка на Митрев и сметката на болницата, а имало и забрана за продажба. Во своето сведоштво, Митрев вели дека откако одредени лица од тогашната власт изразиле интерес да му ја одземат болницата, по само една недела забраната била тргната од страна на Јавното обвинителство. Логично се поставува прашањето како и зошто се случило тоа“, истакна Стојаноски.Тој додаде дека Жан Митрев обелоденил и обид за откуп на болницата по цена значително пониска од реалната и пазарната вредност, што, според ВМРО-ДПМНЕ, укажува на сериозни злоупотреби на власта.„Згрозени сме до каде биле подготвени да одат Филипче и неговиот ментор Заев за лично збогатување. Во време кога граѓаните секојдневно умираа од ковид, а државата немаше навремено обезбедени вакцини, тие се занимавале со сценарија за одземање приватна болница“, рече Стојаноски.Тој оцени дека наместо да работат во интерес на јавното здравје, поранешните функционери биле поврзувани со низа афери – од недвижности и компании, до тендери, договори и, како што рече, обиди за преземање болници.На крајот, Стојаноски упати јавен повик до Јавно обвинителство итно, темелно и неселективно да го истражи случајот и да постапи согласно закон.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarypcj7jiv5m2ph0naaS63

Филипче тврди дека е мета на клевети

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната вонредна прес-конференција, жестоко реагираше на континуираната црна кампања и јавниот линч што власта го води против него.„Секој ден сум предмет на јавен линч, преку груби лаги и постојана црна кампања и манипулации. Дубаи, згради од 42 спрата, визи, Венеција, Сент Морис итн. Пред некој ден ме споредија дури и со Џим Џонс, убиец на 300 деца. Вчера, отидоа дотаму, да преку Жан Митрев, за кого како лекар не можам да кажам што мислам, ме обвинија за рекет за цела болница“, рече  Филипче.Како што кажа Филипче, ВМРО-ДПМНЕ ја премина секоја граница и најави дека ќе покрене судска постапка против сите инволвирани.„ВМРО-ДПМНЕ  ја помина секоја граница и јас преку ова нема да поминам. Ова не е политика. Претераа. Ова веќе ги поминува сите можни граници. Што ќе смислат следно, утре ќе ме обвинат и за силување, за убиство? За што следно? Доста е веќе. Сега ќе ги тужам. Мојот одговор преку суд ќе го добијат и наредбодавачите и извршителот“, нагласи Филипче.Воедно, Филипче на денешната прес-конференција јавно го повика Жан Митрев да постапи институционално, доколку смее и најави дека ќе ги гони и нарачателите и извршителот.„Го повикувам Жан Митрев нека отиде кај обвинител и нека поднесе Кривична пријава ако смее, па да одговара по Кривичен закон. Не го прават тоа затоа што знаат дека ќе одговараат, а не вака да ги тужам само за клевета. Е, затоа власта не сака реформи, не сака реформирано правосудство по европски стандарди, за токму ова да го прави“, рече,  претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Две години по ред нема никакво зголемување на платите во Армијата на Република Северна Македонија, што е директна последица на неспособното и неодговорно владеење на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски, соопштуваат од СДСМ.Од партијата потсетуваат дека во периодот кога СДСМ беше на власт, платите континуирано растеа во сите сектори, вклучително и во одбраната. Во текот на седум години, платите редовно се зголемуваа, а парите завршуваа кај граѓаните, а не во сомнителни шеми и криминални тендери.„Денес, со ВМРО-ДПМНЕ, парите завршуваат во криминални договори и коруптивни зделки. Владата на Мицкоски нема средства за повисоки плати во Армијата, нема пари за зголемување на минималната плата, ниту за раст на платите во јавниот сектор“, велат од СДСМ.Според партијата, криминалот и корупцијата, заедно со политиките на изолација што ги води актуелната влада, директно придонесуваат за влошување на економската состојба во земјата. Тоа значи помалку пари во буџетот, преполовени инвестиции и зголемена економска несигурност за граѓаните.Од СДСМ предупредуваат дека буџетската дупка е огромна и изнесува околу две милијарди евра, што дополнително ја влошува финансиската стабилност на државата.„Антиевропските политики и кампањите против ЕУ и САД ја туркаат државата во изолација. Поради ваквите политики, Македонија се доведува во иста група со најсиромашните и нестабилни земји во светот“, се наведува во реакцијата.Од партијата нагласуваат дека одбраната на државата е едно од најважните прашања и дека, како членка на НАТО, Македонија мора да има силна и стабилна одбрана, како и задоволни и мотивирани припадници на Армијата.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryl0gp33vl1g7d9vAZyLC

Лефков: Лидерската средба отвора пат за консензус околу реформите и европската иднина

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков истакна дека лидерската средба иницирана од претседателот на Владата, премиерот Христијан Мицкоски, претставува одговорен и државнички чекор насочен кон градење заеднички ставови за клучните реформски процеси и законите неопходни за напредокот на државата на патот кон Европската Унија.Лефков нагласи дека за разлика од претходните лидерски средби, кои се одржувале поради конкретни политички причини, оваа средба има за цел да отвори суштински дијалог меѓу сите политички чинители кои се чувствуваат одговорни за иднината на државата, со фокус на стабилноста, институционалната доверба и политичката зрелост.„И во минатото сме имале лидерски средби, меѓутоа тие лидерски средби се одржувале поради една, друга или трета причина. Оваа лидерска средба доаѓа по иницијатива на претседателот на Владата, на премиерот Христијан Мицкоски и е за градење на заеднички ставови, токму за реформската агенда, оние закони коишто се важни за исполнување на патокзаот кон ЕУ, за да можеме да седнеме на заедничка маса сите политички чинители коишто себе се доживуваат како одговорни политички субјекти во државата и се загрижени за иднината да можеме да формулираме заеднички ставови и начин на којшто ќе одиме нанапред“, истакна Лефков.Пратеникот Лефков, во реплика на пратеникот од опозициската СДС, Фатмир Битиќи, истакна  дека критиките упатени кон лидерската средба се неосновани и дека напуштањето на дијалогот и оставањето празно столче не придонесуваат кон градење доверба. Тој истакна дека токму Владата презема иницијатива за обединување околу реформската агенда, без потреба од ад-хок политички конструкции, како што беше т.н. пржинска влада.„Користевте тешки зборови за лидерската средба, суфицит на волја, камуфлажа, инженеринг и рековте дека вака не се креирала доверба, жестоко бранејќи ја пржинската влада, меѓутоа таа влада е нешто за коешто денеска практично сите коишто учествуваа на таа лидерска средба се изјаснија дека е нешто коешто е вишок, коешто е непотребно и потребно е да се гради доверба во институциите и нема потреба од оваа реторика“, рече Лефков.

Македонија | пред 1 седмица

media-library6hfm7kh239b52qDgz9j

Николоски: СДС станува Левица, а Левица станува СДС, во деструкција тонат од СДС

СДС планира целосно да се изoлира, а нивното однесување се претвора во целосна деструкција кое се повеќе наликува на Лeвица, истакна во вечерашното интервју на телевизија Сител во Тема на денот, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, зборувајќи за лидерската средба која ја иницираше ВМРО-ДПМНЕ и за можностите за укинување на т.н. техничка влада.-Прво учеството на лидерската средба е доброволен чин, ние не можеме никој да присилиме да присуствува или да не присуствува. Второ, ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски покажаа една големина, бидејќи ние имаме двотретинско мнозинство во Собранието, и без разлика на тоа решивме да организираме лидерска средба за најкрупните прашања кои се во интерес на државата. Во едно друго време, кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција и имаше повеќе пратеници од СДС, тие или не комуницираа, или одржуваа средби колку да се случат, вели Николоски.Николоски додаде „ако СДС сака да се изолира, ние тука не можеме ништо да направиме“,  посочувајќи го феноменот кој моментално се случува на македонската политичка сцена, а тоа е дека СДС се повеќе наликува на Левица, а Левица станува СДС, односно приматот на деструкција, сега го презема најголемата опозициска партија.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarya5lr29n2ijdmdueyOQ3

Николоски: Техничката влада не се укина за изборите во 2024 година за ДУИ да добие премиер

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, вечерва беше гостин во Тема на денот на Сител телевизија,  каде се осврна и на актуелната тема за укинување на техничката влада за што истакна дека истата била воведена како привремено решение за кризата во 2015 година. Тој вели дека нејзиното укинување во 2024 година било спречено поради договор меѓу СДС и ДУИ со цел ДУИ да добие премиер, како што и се случи, и како што вели тој, беше спротивно на изборните правила и волјата на граѓаните.,,Во 2015 година оваа техничка влада беше договорена во еден сосема друг политички контекст и беше решение на една политичка криза. До следните редовни парламентарни избори ќе поминат 12 и пол години од таа политичка криза и од договорите кои што тогаш се правеа. Оваа техничка влада го надмина времето и причините за кои што беше создадена и ние сме единствена држава од нормалните демократии во Европа, која што го прави, и на ова треба да се стави точка и да заврши затоа што ни треба нормално функционирање на државата“, вели Николоски.,,Ние го инициравме тоа, но единствената причина зошто не се укина техничката влада за изборите во 2024 година беше договорот помеѓу СДС и ДУИ, да ДУИ добие премиер, и тоа се случи, Талат Џафери стана премиер, што беше вон сите изборни правила, и вон волјата на народот, и затоа завршија на избори како што завршија“, рече Николоски.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Никаде во Европа нема ваква корумпирана Влада, техничка влада мора да остане

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија оценува дека споредбите со земјите од Европската Унија, кои се користат како аргумент за укинување на техничката влада, претставуваат класична манипулација на јавноста.„Никаде во Европа нема ваква корумпирана власт каква што имаме денес. Токму затоа е потребен контролен механизам како техничката влада“, порачуваат од СДСМ.Според партијата, таканаречената тендер коалиција ВМРО–ЗНАМ се противи на техничката влада затоа што не сака во институциите да влезе министер од опозицијата, кој би имал увид во целокупната документација и во, како што велат, бројните злоупотреби и коруптивни шеми.Како пример го посочуваат скандалот со ИПАРД 3 и злоупотребата на европските средства, за кои беше приведен директор од редовите на ВМРО. Од СДСМ велат дека тоа е јасен показател оти присуството на опозициски министер би значело отворање и на други криминални случаи во ресорните министерства.„Од тоа се плаши тендер коалицијата – од отворање на пандорината кутија на криминалните тендери и злоупотреби“, наведуваат од СДСМ.Партијата нагласува дека без техничка влада не може да има праведни и фер избори, бидејќи ќе изостанат контролата и механизмите за спречување на изборни злоупотреби. Затоа, според СДСМ, техничката влада мора да остане како гаранција за демократски и кредибилни избори.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кон Филипче: „Одбива дијалог и реформи за ЕУ“

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираше на изјавите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека одбива дијалог и учество на лидерска средба посветена на прашања од државен интерес, меѓу кои и реформските закони поврзани со европската интеграција.Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека со одбивањето на средбата, Филипче покажал дека нема интерес за постигнување политички консензус за реформите кои, како што наведуваат, се дел од агендата за унапредување на економскиот раст, стабилноста и напредокот на државата кон Европската Унија.Партијата посочува дека иако СДСМ јавно се залага за европска интеграција, ваквиот потег, според нив, го доведува во прашање вистинскиот ангажман за реформските процеси, особено во областа на правосудството, безбедноста и слободата на изразување.Во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ се осврнува и на денешниот брифинг на Филипче со новинарите, наведувајќи дека тој упатил критики кон дел од медиумите, што партијата го толкува како негативен однос кон слободата на говорот и јавната дебата.Дополнително, од партијата повторно ги актуелизираа обвинувањата поврзани со поранешни случаи од периодот кога Филипче беше министер за здравство, вклучително и трагедијата со модуларната болница во Тетово, како и други наводи поврзани со јавни набавки и тендерски постапки. За овие обвинувања, Филипче и СДСМ и во минатото имаа деманти и свои ставови.Во реакцијата се споменува и критиката на Филипче кон системот „Сејф сити“, за кој ВМРО-ДПМНЕ наведува дека е важен алат за зголемување на безбедноста во сообраќајот и идентификација на прекршителите.Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека на државата ѝ е потребна, како што велат, конструктивна и одговорна опозиција, а не политичко дејствување мотивирано исклучиво од партиски интереси.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarypr5q3897ehvm2VGRnEg

Мицкоски до Филипче: Опозицијата е незрела, безидејна и неодговорна

Сакавме процесот да биде инклузивен, и покрај тоа што имаме двотретинско мнозинство во Парламентот, така што, ако сакавме да се однесуваме незрело и неодговорно како што се однесуваат тие, можевме и без лидерска средба, вака премиерот Христијан Мицкоски одговори на одбивањето на лидерот на СДСМ да оди на лидерска средба.„Тема на лидерската средба не беше само Законот за влада. Ако ние се однесуваме неодговорно како што се однесува тој и генерално опозицијата, нам не ни е потребна лидерска средба, ние со 61 глас може да го смениме Законот за влада и да ја избришеме техничката влада, не ни е потребно мислењето на опозицијата. Но, сакавме процесот да биде инклузивен, и покрај тоа што имаме огромно мнозинство градоначалници, речиси двотретинско мнозинство во Парламентот, така што, ако сакавме да се однесуваме незрело и неодговорно како што се однесуваат тие можевме и без лидерска средба”, рече Мицкоски.Тема требало да бидат се и реформските закони, кои исто така треба да се донесат во Парламентот.„Да разговараме за Изборниот законик, Законот за Јавното обвинителство и за другите реформски закони од правосудството, како Законот за јавнообвинителска и судска служба, за Законот за Советот на јавни обвинители. Сакавме да разговараме и за народниот правобранител. Има многу закони кои ценев дека треба да се донесат во инклузивен процес”, одговори Мицкоски.Изборот на нов народен правобранител е заглавен, бидејќи мнозинството нема Бадентерово мнозинство.

Македонија | пред 2 седмици

ck-dpmne

Политичка пресметка околу Венецуела: ВМРО-ДПМНЕ го прозива СДС за молк и двојни стандарди

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека СДСМ јасно застанал на страната на, како што наведуваат, соборениот венецуелски диктатор Николас Мадуро, посочувајќи дека ниту 48 часа по акцијата на Соединетите Американски Држави нема јасен став за неговото апсење.Според ВМРО-ДПМНЕ, ваквиот молк ја вбројува СДСМ меѓу ретките политички субјекти кои, како што тврдат, индиректно поддржуваат режими поврзани со шверц и трговија со дрога, како и авторитарни облици на владеење. Од партијата наведуваат дека јавноста не слушнала став ниту од претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за кого тврдат дека во моментот престојува на зимски одмор во скијачкиот центар Гармиш-Партенкирхен, заедно со поранешниот премиер Зоран Заев.Во реакцијата, ВМРО-ДПМНЕ наведува дека Филипче треба јавно да објасни како неговата партија, според нив, се довела во позиција да молчи за апсење на диктатор и да се најде во друштво на поддржувачи на режими обвинувани за криминал и трговија со дрога. Дополнително, од партијата тврдат дека СДСМ, под влијание на странски политички и комуникациски советници, се позиционирал меѓу политичките субјекти кои имаат благонаклонет однос кон Мадуро.ВМРО-ДПМНЕ оценува дека постојат две можни објаснувања за ваквиот став, односно за неговото отсуство: или СДСМ, како што наведуваат, се откажал од курсот на стратешко партнерство со Соединети Американски Држави, или, пак, причината е далеку поедноставна и се сведува на тоа дека раководството на партијата е фокусирано на приватни активности и одмор, наместо на, како што велат, јасна и принципиелна надворешнополитичка позиција.

Македонија | пред 3 седмици

media-library7donej5sva9k7GSNeLR

Мицкоски: Новата градинка во Сопиште е потврда дека се грижиме за најмладите, ќе следат и нови градинки во Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во текот на оваа година во Скопје ќе бидат пуштени во употреба уште неколку нови детски градинки, нагласувајќи дека Владата интензивно работи на зголемување на капацитетите за згрижување на децата.„Очекувам оваа година уште неколку вакви објекти да ги отвориме во Скопје. Работиме во таа насока и нашата цел е што повеќе вакви проекти да бидат реализирани во најкус можен рок“, изјави Мицкоски.Тој упати честитки до градоначалникот, Министерството за социјална политика, демографија и млади, како и до заменик-министерот, за, како што рече, посветената работа и ангажманот во рамки на расположливите можности на државата и локалната самоуправа.Премиерот изрази благодарност и до општинската администрација, советниците, како и до претходното раководство на Општина Сопиште, истакнувајќи дека ваквите проекти се резултат на заедничка и континуирана работа.„Како Влада и во иднина ќе ги поддржуваме сите проекти што се во интерес на граѓаните, а особено оние што се однесуваат на најмладите. Грижата за децата е наш врвен приоритет, а изградбата на вакви објекти е дел од таа стратегија“, потенцираше Мицкоски.Тој им се заблагодари и на медиумите за нивното присуство и информирање на јавноста за новите проекти кои се пуштаат во употреба.

Македонија | пред 3 седмици

media-library3t0ook5tb7i70eko00j

Мицкоски: Во март следува ново зголемување на платите во здравството и образованието

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Вечер.мк истакна дека Владата останува цврсто посветена на подобрување на животниот стандард на граѓаните преку континуирано зголемување на платите и инвестиции во клучните сектори - образованието и здравството.Тој нагласи дека зголемувањето на платите во образованието и здравството се реализира согласно веќе потпишаните четиригодишни договори со репрезентативните синдикати.„Зголемувањето на платите во здравството и во образованието го правиме како резултат на договорите што веќе ги имаме потпишано со синдикатите, односно со репрезентативните синдикати, и тоа се договори за период од четири години, конкретно во образованието за 2025, 2026 и 2027, во зависност од од капацитетот на буџетот, усогласувањето, односно зголемувањето ќе биде меѓу 7,5% и 10%, а во 2028 меѓу 10% и 12,5%, што е четиригодишен договор потпишан со репрезентативните синдикати”, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за  за „Вечер.мк“.Мицкоски потсети дека во текот на оваа година зголемување на платите добија и припадниците на Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, што е јасен показател за системски пристап кон унапредување на платите во јавниот сектор.„Слична формула имаме и со репрезентативните синдикати во здравството; ќе потсетам дека оваа година и припадниците на Министерството за внатрешни работи добија зголемување на платите, како и припадниците во Министерството за одбрана, односно во армијата, и така натаму, така што апсолутно се грижиме за стандардот на граѓаните и на вработените во рамките на нашите можности и така ќе продолжиме и во иднина, а го фасилитираме и социјалниот дијалог помеѓу работниците и работодавачите”, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања