Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче глуми патриот, а со Заев планирал мигрантски камп во Бардовци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
filipce-51

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денес „глуми загрижен патриот“ по прашањето за мигрантите, иако, како што велат, во времето на владеењето на СДСМ и Зоран Заев активно се работело на носење и населување мигранти во Македонија.

Според партијата, токму Филипче и тогашниот премиер Заев имале јасна партиска и државна политика за прифаќање мигранти, кои, како што наведуваат, претставуваат сериозен проблем во повеќе европски земји.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека СДС не само што бил подготвен да прифати мигранти во Скопје, туку дека во 2018 година Владата предводена од Заев усвоила и конкретен план за изградба на мигрантски камп во Бардовци. Како доказ, посочуваат дека одлуката е објавена во „Службен весник“, со наведување на имотен лист број 2140 за катастарската општина Бардовци.

„Филипче гласал и туркал проект за мигрантски камп во Бардовци, а денес се обидува да се претстави како противник на мигрантите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека СДС и Филипче сега, според нив, шират конструкции и приказни и покрај тоа што, како што наведуваат, повеќе институции и британскиот амбасадор демантирале дека Македонија ќе прима мигранти од Велика Британија.

— реклама —

Од партијата прашуваат колку мигранти СДС и Филипче биле подготвени да примат во тој период и каква корист очекувале од таквите политики. Во соопштението се поставуваат и прашања дали актуелните настапи на Филипче се обид да се прикрие сопствената улога во, како што тврдат, договори за носење мигранти.

— реклама —

„Наместо да шират паника и да конструираат приказни, СДС и Филипче треба да се посветат на реформирање на сопствената партија“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека, според нив, „единствените мигранти во Македонија се партиските мигранти на СДС кои ја напуштаат партијата и преминуваат во други политички субјекти“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Нема одговор, има матрица – приватна фирма плаќа, Мицкоски ја продава државата, за него антимон, за граѓаните отров!

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

СДСМ: Дефицит од 900 милиони евра - Мицкоски ја распродава Македонија затоа што нема економски резултати

Македонија | пред 1 ден

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен

Македонија | пред 2 дена

media-libraryhqad4r76cv7d9qnMbjp

СДСМ: Тошковски бара ЕУ да нè гледа како другите – ЕУ гледа „банда на власт“, тоа не е народот

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања