Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Петрушевски: Пред 4 години владата на Заев се нудела да прими мигранти во Македонија, денес неговиот потрчко Филипче е против наводни мигранти во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-libraryju2obfng2bsi3IzPLda

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска обвини дека поранешната влада предводена од Зоран Заев имала намера да прима мигранти и да гради мигрантски кампови во Македонија, додека, како што рече, денеска СДС и Венко Филипче јавно се противат на таква можност.

— реклама —

Петрушевски повика јавноста да проследи видео, за кое тврди дека покажува оти Заев бил подготвен да вдомува мигранти, а дека за тоа немало противење ниту од Филипче.

„Ова е вистината за темата мигранти во Македонија. Од видеото јасно се гледа кој сакал да доведе мигранти, а кој бил против. Хистеријата, паниката и лажните вести кои ги создава СДС се рушат како кула од карти“, изјави Петрушевски.

— реклама —

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ и во минатото и денес, како што рече, води јасна антимигрантска политика, во интерес на граѓаните.

— реклама —

Петрушевски посочи и дека, според него, веќе два дена нема реакција од Филипче и од СДС за, како што ја нарече, „непостоечката тема за мигранти“, обвинувајќи ги дека избегнуваат одговори пред јавноста и медиумите.

„Наместо да се кријат, нека одговорат колку мигранти биле подготвени да примат во Македонија и дали нивната гласност денес е обид да се прикрие фактот дека во 2018 година биле спремни да донесат илјадници мигранти во Скопје“, рече Петрушевски.

На крајот, тој порача дека СДС и Филипче треба да ја извлечат пораката од, како што рече, последните три изборни циклуси, оценувајќи дека во партијата се неопходни сериозни реформи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarynjuh72b6minu5nPsq72

Следуваат нови поскапувања, а Мицкоски ги одбива мерките за повисоки плати, тврди СДСМ

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryrtoi1ff273luc32mRhI

(Видео) „Стив Наумов“ прокиснува по реконструкцијата од 10 милиони евра, тврди СДММ

Македонија | пред 1 ден

media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

СДСМ: Скопје без сигурен превоз, Ѓорѓиевски со дрон и билборд, автобуси од Орбан и ѓубре од Куманово

Македонија | пред 4 дена

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжува

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања