ВМРО-ДПМНЕ

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

Владата ја ограничи маржата за 1.000 производи, МВР со нов мултимедијален центар за обука, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Владата е фокусирана на остварување на зададените цели и напорно работи за подобрување на иднината во Македонија, а овие се настаните кои го одбележаа денот“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Владата донесе одлука за ограничување на маржата за 1.000 производи.МВР со нов мултимедијален центар за обука со цел поефикасна и попрофесионална полиција.Министерот Тошковски со оценка, 80 години Оддел за заштита на определени личности и објекти, заради нив сме посилни и како држава и како општество.Започнa кампањата за информирање на граѓаните за Јавниот повик од ИПАРД програмата 2021-2027.Македонија континуирано се трансформира!

Македонија | пред 11 месец

trpkov-sudija

Ако срамот имаше второ име ќе се викаше Кацарска-Трпков, омилените судии на СДС и ДУИ, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Злоупотреби со притвори, изживување со судења кои траат по 12 часа, неосновани апсења, стигматизирања, политички говори во судница, уништувања на семејства и поигрување со нивните судбини, споро убивање на правдата се дел од политичките злодела на дел од партиските судии на Заев, Филипче, СДС и ДУИ“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Ако срамот имаше второ име сигурно тоа ќе се викаше Добрила Кацарска и Илија Трпков.Со вистинско чудење сеуште се раскажуваат телефонските повици и нарачки кои овие политички извршители ги добивале од Владата на Заев и Филипче во процесите кои ги водеа, а чија цел беше наместо докажување на правда, силна политичка пресметка.Исто како што се раскажува и сервилноста, понизноста и бесрамноста со која истите судии, слуги на СДС и ДУИ, ги кршеа и газеа процедурите, законите и носеа одлуки со кои зацрнуваа семејства. Се натпреваруваа кој ќе направи поголема штета врз ВМРО-ДПМНЕ во исто време кога милионскиот грабеж на Македонија од Ахмети, Филипче и Заев остануваше неказнет.Нивните одлуки беа срам и преседан за судството и обвинителството, а за многу помали работи истите тие не само што требаа да бидат разрешени од судии, тие требаат и мораа да се соочат и со кривична одговорност и да бидат ставени на столбот на срамот како ја понижуваа и сопираа правдата.На сето ова мора да му дојде крај. Токму затоа СДС не ги поддржува судските реформи и не поддржува смена на Коцевски. Затоа што тие се последната брана за правдата која мора и ќе биде победена.

Македонија | пред 11 месец

kocevski1111

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски е сиамски близнак на Русковска, Кацарска и Трпков

И денеска владеачката партија реагира на состојбите во правосудството и останува на ставот дека државниот обвинител Љупчо Коцевски мора да биде разрешен.,,Македонија се гуши во дивото месо посеано од СДС и ДУИ кое како канцер ја има зафатено правдата во Македонија.Основаните сомнежи и впечатоци се дека синоним за политизирана правда се постапките на екс обвинителката Рускоска која со дежурните судии за 27 април Добрила Кацарска и Илија Трпков, станаа синоним за тоа како изгледа политички инструираното судство и обвинителство. Иако тие мислат и се надеваат дека нивните злодела ќе бидат заборавени и затскриени, Македонија не заборава.Политичките партии СДС и ДУИ си најдоа кој да обвинува, кој да суди. Потоа дури Кацарска ја унапредија и за Уставен судија, а судијата Илија Трпков држи политички говори за 27 април.На сите вакви и слични неправди печат стави нивниот сиамски близнак Љупцо Коцевски кој треба да биде разрешен, не само затоа што е дел од политичката архитектура на СДС и ДУИ во судството, туку и затоа што е незаконски и поставува и разрешува кадри во својството делејки ги на подобни за неговите политички ментори и неподобни.Токму затоа СДС се толку загрижени и се против реформите во судството.Доаѓа време на правда, и на реформи на последното политичко упориште на криминализираниот дел од општеството во Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 11 месец

vmro-dpmne-sediste1

Не се разговарало за промена на химната, а ниту ќе се разговара, децидни се од ВМРО-ДПМНЕ

„Ниту било разговарано за промена на химната, ниту во иднина ќе се разговара, граѓаните да бидат спокојни, времето на ДУИ и СДС на губење и порази помина“, децидни се од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:„ДУИ матрицата на етнизирање на сите важни прашања, и СДС пинг понг политиката треба да престане. Ниту некогаш било разговарано за промена на химната, ниту пак во иднина ќе се разговара. Граѓаните може да бидат спокојни. Времето на ДУИ и СДС на губење и порази на сите теми, со цел да се затскрие криминалот, помина.азговара.Граѓаните може да бидат спокојни. Времето на ДУИ и СДС на губење и порази на сите теми, со цел да се затскрие криминалот, помина“.

Македонија | пред 11 месец

sudija

Народот очекува правда и одговорност, Судски совет и ЈО да се фатат за работа, да ја разрешат судијката Алексовска Стојановска и да ја истражат нејзината работа, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Одговорност за неказнивоста на криминалците мора да има. Оние кои што дозволија криминалците, наместо во затвор, слободно да се шетаат по улиците мораат да понесат одговорност“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Таквата неказнивост на криминалците од правосудните органи, доведе тие да се чувствуваат посилни и над законот, и да газат се пред себе.Таков е и случајот со возачот убиец, кој пред некој ден ја усмрти младата девојка на Партизанска, која уредно поминувала на семафор на зелено за пешаци.Дента, наместо во возилото кое го управувал без возачка дозвола, требал да биде во затвор ако судијката Даниела Алексовска Стојановска постепела согласно закон. Па, наместо во поправен дом, возачот кај кој била пронајдена значителна количина на дрога, го испратила во затвор.Возачот убиец кој ја усмртил младата Фросина Кулакова бил фатен за трговија со дрога и истиот, по ниту еден основ не можел да биде ослободен од затвор и пратен во поправен дом.Оттука, упатуваме порака до Судскиот совет, конечно да се фати за работа и веднаш да ја разреши судијката Даниела Алексовска Стојановска, која го ослободила од затвор возачот убиец.Исто така, го повикуваме и Јавното обвинителство да отвори истражна постапка за истата судијка и да утврди како и зошто досудила таква одлука.Обвинителството и судството немаат веќе време за трошење, народот очекува да се фатат за работа и да го спроведуваат законот, па така и да ја оправдаат платата што ја добиваат од парите на граѓаните.Народот очекува правда и одговорност.

Македонија | пред 11 месец

vmro_dpmne

Трулиот судски систем носи жртви, затоа бараме реформи кои СДС ги кочи, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Трулиот судски систем носи жртви, затоа бараме реформи кои СДС ги кочи“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Смртта на Фросина можеше да биде избегната, ако трулиот правосуден систем го ставил возачот кој ја усмрти зад решетки за дело кое претходно го сторил, наместо во поправен дом.Возачот кој ја усмртил младата Фросина Кулакова претходно бил осуден за кривично дело трговија со дрога, но судот, наместо да досуди казна затвор, досудил истиот казната да ја помине во поправен дом. Истиот, не бил малолетен кога бил осуден, и според тоа не можел по ниеден основ да оди во поправен дом, туку морал да одлежи казна затвор.Тоа што наместо во затвор, тој бил упатен во поправен дом, резултираше со трагичната сообраќајка чиј причинител е.Овој случај како и многу други до сега, покажува зошто се потребни реформи во судството. Одговорност мора да има на сите нивоа.Воедно го повикуваме ЈО и судот во овој случај да постапуваат со максимална посветеност, будност и внимание. Граѓаните, а и ВМРО-ДПМНЕ очекува возачот до добие најстрога казна.

Македонија | пред 11 месец

market-3

Народот добро знае дека СДС го зголемија ДДВ на храната, оставија празен буџет, скапотија и двоцифрена инфлација, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС кои го зголемија ДДВ на прехранбените производи од 5% на 10%, без никаква грижа и срам, сега упорно глуми загриженост и бара истото да се укине“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Пустошот кој што го оставија за седумгодишното владеење, ни со магично стапче не може да се среди за седум месеци.Ако некој е виновен за цените на производите, тоа се единствено СДС. Цените на производите се зголемија во време на СДС и скапотијата е директна нивна последица која ВМРО-ДПМНЕ ја наследи.Наместо да работат во интерес на државата и на граѓаните, СДС седум години работеше за приватни бизнис интереси на поединци во нивните редови, како Зоран Заев и сегашниот нивен претседател, Венко Филипче.Додека народот осиромашуваше, Заев и Филипче енормно го зголемија нивното богатство. Додека народот се мислеше како да го помине месецот, Заев и Филипче не оставија бизнис во кој што не влегле. И се тоа се разбира, од парите кои што, наместо во државата и кај граѓаните, завршуваа во нивни џебови.СДС не направи ништо за да ја подобри состојбата на економски план, да ја раздвижи економијата која директно влијае на животниот стандард на граѓаните и да ја намали инфлацијата, која во време на нивно владеење беше двоцифрена. Наместо тоа, исклучиво работеше за богатење на нивната елита, а граѓаните одвај врзуваа крај со крај и беа оставени сами на себе.СДС го остави државниот буџет празен и на колена, а институциите девастирани.Но, тоа време заврши. Сега граѓаните имаат Влада која што се грижи за нивните и интересите на државата.Владата на ВМРО-ДПМНЕ за неколку месеци го запре слободниот пад на економијата и на историско ниво ги зголеми странските инвестиции, ја намали инфлацијата на ниво од 3.5%, додека раст на економијата во 2024 година е 2,3%.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ активно води грижа за стандардот на граѓаните, зголеми плати и пензии и презема активни мерки за намалување на цените на производите, како последната новогодишна кошничка во која се најдоа на 1000 производи со намалени цени.

Македонија | пред 1 година

vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Дали веледрогеријата Пановски прави вештачка криза на Онкологија за да го уценува македонското здравство?

ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение за недостигот на лекови на Онкологија. Сведоци сме во јавноста, дека веледрогеријата Пановски која има огромни профити со управувањето на цените за лековите на грбот на луѓето болни од рак, создава вештачка криза години наназад, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Оваа веледрогерија, која е во сопственост на таткото на Ирина Пановска, која токму Венко Филипче ја има поставено за директорка на Клиниката за Хематологија од 2022 година, до сега има земено неверојатни 35 милиони евра тендери, само од Клиниката за онкологија и радиотерапија. Веледрогеријата Пановски, инаку блиска до Венко Филипче, секоја година само од Онкологија земала над 12 милиони евра годишно”, стои во соопштението.Секоја година, велат од владеачката партија, првите два до три месеци, има недостаток на терапија за лицата болни од рак, а токму истата веледрогерија секоја година набавува лекови по екстремно високи цени, знаејќи дека луѓето кои се тешко болни, ќе мораат да ги набават овие лекови за тие цени.„Мафија на смртта не е само политички термин, туку реалност која ги уништува животите на македонските семејства веќе три децении. Со тоа што Филипче, преку СДС, ја брани веледрогеријата Пановски, се поставуваат неколку прашања:1. Дали оваа вештачка криза се создава само за да се купуваат лекови по енормно високи цени од веледрогеријата Пановски?2. Дали Венко Филипче мора да одговори дали ја поддржува оваа веледрогерија во кризата и дали тој стои зад истата?3. Колкави се вистинските екстра заработки на фармацевтската мафија?4. Кој профитира на страдањата на болните”, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ и ја повикуваатјавната обвинителка и целокупниот правосуден систем, да преземат итни и решителни мерки за да се стави крај на оваа долгогодишна неправда.„Овие луѓе во корелација, тргуваат со животите на луѓето и мора да бидат изнесени пред правдата. Не смееме да дозволиме, овие луѓе да си играат со животите на граѓаните и да се богатат врз здравјето на истите”, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

ahmeti-dv

ДУИ единствено се загрижени за спас од кривична одговорност на криминалците во нивните редови, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„ДУИ се свесни дека со нив е завршено. Реториката на ДУИ е веќе видена и прочитана“, реагира ВМРО-ДПМНЕ и додава:Нашите сограѓани Албанци не паѓаат на таквите реторики на ДУИ, затоа што знаат дека ДУИ, единствено за што се загрижени е да ги спаси од одговорност пред правосудните органи криминалците во нивните редови.Тоа најдобро го отсликува случајот со нивниот, сега веќе поранешен, висок партиски и државен функционер во бегство, Артан Груби.Македонските граѓани многу добро знаат дека додека ДУИ 22 години на власт овозможи привилегии и богатство на високите нејзини функционери и на нивните роднини и пријатели, обичните Македонци, Албанци, Турци, Роми егзистенцијата ја бараа по западно европските држави.Реториката на ДУИ, со која се обидува да поттикне некаква политичка тензија и меѓуетничка нетрпеливост, нема да помине. Затоа што сите знаат, а најдобро албанските сограѓани, дека стекнатите колективни права во државата не се и никогаш не може да бидат загрозени.Единствени кои се чувствуваат загрозени се поранешните државни функционери од редовите на ДУИ кои се огрешиле пред законот, затоа што знаат дека Македонија се трансформира и дека правна држава и одговорност за сите ќе има.

Македонија | пред 1 година

KATOLICKI_BOZIK_21122019-e1577190409946

Христовото раѓање дава смисла на човештвото и вербата за подобро утре исполнето со мир, љубов и благосостојба, вели ВМРО-ДПМНЕ

“Христовото раѓање е празник кој дава смисла на нашето човештво и вербата за подобро утре исполнето со мир, љубов и благосостојба”, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Да се насочиме кон добрите дела и хуманоста, бидејќи тие се темелите на христовата вера.ВМРО-ДПМНЕ посакува празничните божиќни мигови, да ги исполнат вашите домови со топлина, мир и хармонија. Нека се пренесе гласот дека Христос е роден.Да ги споменеме и сите оние кои страдаат и да им помогнеме. Да правиме добри дела и да подаваме рака на секого. Без оглед на разликите, едни со други треба да си бидеме потпора во животот. Само така ќе покажеме дека сме силни и сме фактор во општеството.Само со труд, работа и верба во Бога, да придонесеме за подобрување на животот на сите граѓани во Македонија.Нека е честит и вековит празникот Божиќ.Да е вечна Македонија!Христос се роди! Навистина се роди!

Македонија | пред 1 година

dejanco-eftimov

Членовите на Судски совет прават параван зад кој се затскриваат многу други постапки, вели Ефтимов

„Во минатото видовме дека има сомнежи дека во одредени постапки имало и фалсификување на записници од самото работење на Судскиот совет, а со тоа покрај целокупното воспоставување на системот на контрола и надзор над работењето на судиите кои тие треба да бидат капата на правосудниот систем кој треба да ги мониторираат работењето на судовите и судските инстанци тие се предмет на обвинувања дека кај нив постои несоодветно постапувања и неприменување на законите“, истакна државниот секретар во министерството за правда Дајанчо Ефтимов на денешната трибина насловена „Негативниот годишен извештај за работата на Судскиот совет и потребата од реформи во правосудниот сектор во Македонија“.Ефтимов продолжи и додаде:„Со овој извештај всушност станува збор за еден статистички извештај во кој можат да се видат само бројки и податоци во однос на постапувања на предмети каде немаме никакво суштинско решавање на проблемите и воспоставување на систем на надзор и контрола за подобрувања на состојбите во правосудниот систем“, кажа Ефтимов.Ефтимов посочи дека членовите во Судски совет прават параван зад кој се затскриваат многу други постапки и додаде:„И да не постои овој извештај целата македонска јавност, а и меѓународна заедница е свесна што се случува и на очи на целата јавност имаме факти и докази за конкретни случаи што истите не преземаат за воспоставување на владеење на правото во Република Македонија“, укажа Ефтимов.Ефтимов потенцираше дека на секој треба да му е јасно дека е подложен на законите и за истото ќе одговара.„Доколку сакаме во Република Македонија да имаме владеење на правото тогаш секој еден поединец кој е во овие органи треба да има јасна претстава дека и највисоките правосудни органи се подложни на законите и позитивните законски прописи и истите ќе одговараат пред законот и Уставот на Република Македонија. Сето она што е вметнато во самиот извештај е отсликување на состојбата“, дециден е Ефтимов.Ефтимов истакна дека реакцијата на поединци во правосудните органи е всушност лична заради нивна вмешаност во нешто што направиле.„Реакцијата од страна на поединци во правосудните органи дека се врши мешање на властите во правосудството е всушност кај оние кои се засегнати лично бидејќи направиле нешто што не треба да го направат, тие се свесни за тоа и затоа оној одбранбен механизам на противење на реформи во правосудниот систем го ставаат под тезата дека тоа е мешање во судската власт“, заклучи Ефтимов.

Македонија | пред 1 година

zaev-filipce

За да останат ден повеќе на власт, дуото Заев и Филипче, свесно ги поддржувале ДУИ во криминалите, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Заев и Филипче, свесно ги поддржувале ДУИ во нивните криминали. Знаејќи за криминалите, СДС не поведуваше постапка за Груби, поради тоа што власта ќе им паднеше“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:СДС, преку дуото Заев и Филипче, му овозможија на Груби да си прави криминал во Лотарија.Груби не можел без поддршката од СДС да го прави овој криминал.Молчејќи и не преземајќи никакви мерки, СДС се соучесници во криминалот, со цел да останат уште некој ден плус на власт.Да не беа Заев и Филипче, криминалот на Груби и ДУИ, немаше да биде возможен.Груби и ДУИ, Лотарија ја имаа претворено во приватна фирма, преку која делеле тендери и пари.Очајните обиди на СДС да го прикријат криминалот, им се удри од глава.Затоа, граѓаните ги прочитаа нивните деструктивни обиди за останување на власт и ги казнија на изборите.ВМРО-ДПМНЕ седум години зборуваше за криминалот на Груби. Правда и одговорност мора да има!

Македонија | пред 1 година

drzavna-lotarija

Петрушевски: Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра

„Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра“, вели Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и додава:Договарани се тендери за набавка на телевизори, принтери и компјутерска опрема, кои по спроведените проверки никаде не може да се пронајдат.Над 400.000 евра е криминалот, со набавка на разна компјутерска опрема и телевизори, за кои е потпишан прием, а при извршување на попис не се пронајдени воопшто.За ваквиот криминал кој е документиран, истражен и за кој се покренати постапки за неколку месеци по преземањето на власта, не може да не знаеле СДС.СДС знаеле, но молчеле и им одговарало Груби и ДУИ да крадат, за тие што подолго да останат на власт.Сега откако се излегува на површина, каде се СДС да го осудат Груби и да го повикаат да се врати?Наместо осуда на Груби, гледаме како смислуваат разни приказни.Приказните се единствено нешто кое им и остана. А одговорноста е таа која доаѓа.

Македонија | пред 1 година

sednica-co-sdsm-1

СДС беа креатор на двоцифрената инфлација која го изеде стандардот на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Во време на СДС за мега реформа беше што се фалеа дека поефтиниле цените на раковите, школките и октоподите, а се зголемија цените на брашното, шекерот и лебот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:СДС нема право да зборува за цени на производи затоа што тие беа креатор на двоцифрената инфлација, која го изеде стандардот на граѓаните.СДС беше и партијата која ги покачи платите на функционерите додека платите на работниците се намалуваа.И на сето ова кога ќе се додаде енормниот криминал кој ортачки го правеа со ДУИ станува сосема јасно зошто Македонија ја клекнаа на колена.Сега поефтинија цените над 1100 производи, и тоа ќе продолжи.СДС на овој начин ни кажува дека е против намалените цени за граѓаните.Државните институции ќе излезат на терен и треба да се казнат сите оние кои печалат на грбот на граѓаните. И тоа е разликата од фунцкионирањето на законите сега споредено со времето кога СДС ја ограбуваше државата.

Македонија | пред 1 година

grubi-41

Груби не правел ниту една работа без одобрение на Ахмети

„Груби е олицетворение на криминалот и корупцијата на ДУИ и нивниот партнер, СДС“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Самиот Груби, многу пати во јавноста има кажувано дека ниту една работа не ја прави без одобрение на неговиот лидер, Ахмети.Кога дојде момент за одговорност, Ахмети се откажа од својата десна рака Груби, но да потсетиме дека Артан Груби, не е било кој, туку поранешен прв вицепремиер во криминалната Влада на СДС и ДУИ.Ахмети и Груби, ја користеа моќта да глумат шерифи и да си ја водат државата како да е во нивна сопственост.Затоа и граѓаните ги казнија на изборите, а и по новите анкети се гледа дека уште долго ќе бидат во опозиција. Доаѓа време на правда и одговорност мора да има!

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања