ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

ВМРО-ДПМНЕ

media-library9ptsooa8kv3t2f8np81

Мицкоски: Тројната оска СДСМ-ДУИ-Левица функционира затоа што власта им е помила од се во животот

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денес имаше свое обраќање од народниот митинг одржан во општина Дојран, во рамки на изборната кампања 2025 која е под слоганот ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври. Тој зборуваше за како што вели, полуформалната коалиција на СДСМ-ДУИ-Левица за претстојните локални избори, тоа е истата таа коалиција од претходната власт која не остави никаков печат, освен грабеж и опустошување на државата.,,На овие избори имаме две опции. Трета опција нема. Едната опција е една, полуформална, на моменти неформална, а по својата длабока суштина, многу формална  коалиција, во која што членуваат политички партии кои што се здружиле поради две основни цели“, рече Мицкоски.Мицкоски истакна дека она што ја обединува желбата за власт кај оваа коалиција за претстојните локални избори е желбата за власт, по секоја цена, па дури и по цена на погазување на сопствените принципи, а како што вели тој, ја обединува и заедничката омраза кон ВМРО-ДПМНЕ.,,Првата е власта и желбата за власт. А, втората  е патолошката омраза кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е коалицијата СДСМ-ДУИ и политичката партија Левица. Се осојузиле Венко, Али и Димче затоа што власта им е помила од се во животот, па дури и од сопствените принципи, но и патолошката омраза која што ја имаат кон ВМРО-ДПМНЕ е толку силна што успеа да ги премости сите нивни разлики, и политички и лични, само за да се обединат и да се обидат на овие избори да направат некаков резултат. Тоа е првата опција“, истакна Мицкоски.Како што вели Мицкоски, претходната власт, која коалицира повторно за овие локални избори, освен што ја опустоши и ограби државата, ја распродаде и потпишуваше секакви договори, не оставија никаков друг печат.,,Втората опција е коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Кога ќе ги анализирате овие две опции, тогаш ќе дојдете до неколку заклучоци. Првиот заклучок е дека, оваа прва опција, оваа коалиција помеѓу Венко, Али и Димче, покрај тоа што се обединиле со една цел, а тоа е власт. Тие практично со својата порака на овие избори, а тоа е, ,,Се бориме за нашиот дом“, јасно не потсетуваат дека имаа 7 години влада во Македонија, 7 години можност, да се борат за нашиот  заеднички дом, нашата татковина Македонија. А, освен тоа што направија голем пустош, ја ограбија практично Македонија, ги опљачкаа граѓаните во Македонија, ја распродадоа Македонија, потпишуваа секакви договори, друг спомен, друга меморија од тие 7 години буквално никој не може да се сети“, вели Мицкоски.Мицкоски потсети и на говорот на еден од претходните претседатели на СДСМ од собраниската говорница, што посочува како СДСМ коалицира  со Левица одамна, и ова нема да им биде прв пат. Според него, ова е коалиција што државата ја враќа назад во времето.,,Ќе ве потсетам на она излагање на тогашниот претседател на СДСМ, и тогашен претседател на владата, Зоран Заев, во македонското Собрание, кога му се обраќаше на тогаш пратеникот и претседател на Левица, Димче Апасиев и кога му рече: ,,Нели се договоривме јас и ти пред изборите, јас да ти обезбедам ресурси, а ти да работиш против ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, и ако освоиш пратеник, после изборите да коалицираме, и на тој начин да ја спасиме Македонија од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски?“. тоа го кажуваше тогашниот претседател на Владата, кон својот сокриен коалиционен партнер, Димче Апасиев, пратеник во македонското Собрание и претседател на политичката партија Левица“, кажа Мицкоски и додаде:,,Затоа денес, било кој, ако има било каква дилема, дали оваа тројна оска функционира, не треба да има. Делата сами говорат, делата сами ни го оцртуваат патот по кој што тие би не воделе. Со еден збор, тоа е коалиција која што не враќа назад во времето. Времето на грабежот, времето на националните понижувања, времето на предавствата, времето кога граѓаните чувствуваа длабока болка, затоа што сите одеа напред, а ние не само што стагниравме, туку на моменти и се враќавме назад“.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryksbcja1373630kfy3HL

Тентов: Дојран ќе добие целосна реконструкција и модернизација на хидросистемот

Илија Тентов, кандидат за градоначалник за општина „Дојран“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и истакна дека Дојран веќе осум години тоне во стагнација, непотизам, и несовесно искористување на општинскиот буџет и дека е време за големи промени, за нова сила и нова енергија во општината.„Дојран единствено напредува кога ВМРО е на власт. За жал осум години во нашата општина имавме невидена стагнација, непотизам, несовесно искористување на општинскиот буџет за лични цели, видовме се и слушнавме сешто, Доста е! Време е за големи промени во нашиот Дојран, време е за нова сила, нова енергија, време е за работа, успеси, време е парите да се вратат кај народот. Конечно да живне туризмот онака како што доликува за Дојран, конечно да се погрижиме за нашето езеро, да ставиме крај на се она кое ја влече нашата општина надолу“, рече Тентов.Тентов наброи дел од проектите на изборната програма и го потенцираше најзначајниот проект за општината и тоа целосна реконструкција и модернизација на хидросистемот.„Прво и најважно – целосна реконструкција и модернизација на хидросистемот, второ – конечно решавање на проблемот со водоснабдувањето во Стар и Нов Дојран, трето – реконструкција на старата пречистителна станица, четврто – урбанистички план за Стар Дојран и Сретеново, петто – модерна улица и модерна пешачка патека со урбана опрема и канделабри до плажата во село Николиќ, шесто – субвенциониран превоз до сите населени места од општината и редовна линија Дојран-Гевгелија, седмо – градежна зона за млади брачни парови, осмо- довршување на црквата „Свети Никола“ во село Црничани, деветто- реконструкција и проширување на локален пат од главната магистрала до влезот на село Фурка и десетто- дежурна медицинска служба, 365 дена во годината“, истакна Тентов.Тентов на крај истакна дека станува збор за програма која е создадена за граѓаните, и ги повика да го направат вистинскиот избор, и да го заокружат бројот 9.„Се работи за програма што не е напишана во канцеларија, туку е создадена со вас, и за вас, заедно ќе изградиме локална самоуправа која не служи на поединци, туку на целиот народ. Да го направиме вистинскиот избор за Дојран да биде модерна, урбана општина која се развива напред, дадете поддршка на твојот човек! За твоето место! За твојата иднина! Заокружете го бројот 9“, рече Тентов.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2024-01-15-at-09.33.00

ВМРО-ДПМНЕ: Криминал од 100 милиони денари со куќен притвор – судството на СДС охрабрува криминалци

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира на одлуката сопственикот на компанијата „Марковски“, Борче Марковски, осомничен за криминал тежок 100 милиони денари, да биде испратен во куќен притвор, оценувајќи дека ова е доказ за „купено и уценето судство“ под контрола на СДС.„Филипче вчера викаше дека судството било професионално, а Марковски за криминал од 100 милиони добива само куќен притвор“, стои во реакцијата на партијата, која потсетува дека уште пред две години предупредувала на сомнителни тендери доделени на оваа компанија.Според ВМРО-ДПМНЕ, фирмата „Марковски“ во период од две години заработила околу 200 милиони евра преку државни договори, а сега е осомничена дека тендерите биле местени. Финансиската полиција го уапсила сопственикот Борче Марковски, кој се товари дека го оштетил буџетот на државата за 100 милиони денари.„Тендерите за кои предупредувавме дека се местени за омилената компанија на СДС да си ќари уште некој денар плус, излегоа вистинити. Денес сме повторно сведоци како СДС излегува во пресрет и преку нивното купено и уценето судство, на сопственикот на компанијата Марковски му се досудува куќен притвор“, се наведува во соопштението.Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека „100 милиони денари се еднакви на куќен притвор“ и додаваат дека „тоа е судството како пупка отворено од Заев, Филипче и СДС“.„Наместо да ги казнува криминалците, судството им дава кураж да продолжат со криминалот и да не одговараат. Реформи се повеќе од потребни во судството. Потребни се и правда и одговорност“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryn4lo2ii461gv6RZ5LDy

Мицкоски до Филипче: Народот салата ќе ве направи на избори, на митинзи ниту пратениците не ти доаѓаат, сам си со Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митингот во Центар, во рамки на кампањата за локалните избори на 19 октомври, која е под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! Твојата иднина! се осврна на политичките противници и истакна дека народот ќе ги порази на овие избори  а на митинзите на СДС дури и нивните пратеници не им доаѓаат, Венко Филипче и Заев се сами.Вчера нашите противници беа тука, освен тоа што кажаа дека ќе не направеле салата, на изборите, друго не понудија. Заев нудеше живот и ајро, а Венко среќа и салата. А вистината е дека ниту среќа ќе донесат, ниту салата ќе не направат. И знам дека зад тоа простодушно храбрење на сопствените митинзи, се крие огромен страв од поразот кој го чека, но еве да му соопштам на Венко дека народот салата нив ќе ги направи на овие локални избори. И разбирате дека СДС е партија на проблеми, го оставиле Венко сам да ја трга маката која сам си ја прифати и создаде, и товарот кој сам си го впрегна на грбот. Впрочем, тој, а да не кажам и Заев и неговиот струмички гуру, ја управуваат СДСМ, но е јасно дека Венко покрај помошта на неговиот гуру, ако воопшто може да се нарече некаква помош, од друго нема. На неговите митинзи со лупа не можете да најдете некој пратеник од неговата пратеничка група во Собранието, не можете да најдете ниту некој друг висок функционер, затоа што бродот кој тоне сите го напуштаат, а СДСМ со овие луѓе на чело одамна е во стечај. А таму се затоа што не извлекоа поука од ниту една работа што ѝ ја направија на Македонија. Нереформирани и во целосна безидејност. Никаква промена не направија, нагласи Мицкоски.Мицкоски истакна дека СДС се нереформирани и се истите тие луѓе кои виткаа кичма и потпишаа капитулација со Бугарија.Тие се истите луѓе кои виткаа кичма на секое прашање важно за државата, истите луѓе што потпишаа капитулација каде и да стигнат за пуста власт. И не за џабе токму Венко и неговиот гуру се македонските политичари со највисок рејтинг во Бугарија, затоа што реченицата што еден бугарски политичар ми ја кажа во четири очи, „ас сам платил“, е реченицата што ја објаснува секоја попустливост на Венко и СДСМ во однос на ова прашање. И затоа денеска матат некакви црвени линии кои се убаво запакуван поклон за Бугарија, и затоа не одговараат на просто и едноставно прашање, ако капитулацијата пред нашиот источен сосед бил најдобриот предлог што го штити идентитетот, како што тие тврдеа, тогаш зошто се црвени линии?Јасно е дека црвените линии им требаат за нови отстапки и ново предавство, тие и сите треба да знаат, нема никогаш да дозволам да се случи била каква отстапка додека јас ја имам одговорноста да ја водам Владата а притоа македонскиот народ и Македонија да не добијат реципроцитет, заклучи Мицкоски.

Скопје | пред 3 месеци

media-library40an4elh0sn0abxLbud

Мицкоски: Заокружете го бројот 9 на 19 октомври за Шуто Оризари да стане пристојно место за живеење

На денешниот народен митинг во Шуто Оризари во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што кажа дека Шуто Оризари ќе стане пристојно место за живеење, ќе се решаваат инфраструктурни проекти каде граѓаните ќе имаат квалитетен живот.„Многу ми е драго што сум тука, во Шуто Оризари – место со многу проблеми, но со големо срце и душа. Долго време оваа општина беше ставана на маргините. Предолго време беше поттурнувана на страна, беше газено достоинството и честа на луѓето. А оваа општина е на само неколку километри од центарот на градот, но со супстандардни услови. Тоа што политичарите тука доаѓаа само пред избори, ветуваа и не остваруваа ништо, само покажува колку го потценуваа народот на Шутка. Тоа не смее повеќе да се повторува, а и вие добро ги знаете тие луѓе кои на Шуто Оризари гледаа само како на гласачка машинерија. Јас ве гледам во очи, стојам пред вас и ви велам дека Шуто Оризари мора да оди напред, да прави крупни чекори и да ги решава крупните проблеми. Времето кога на општината се гледаше како на место за богатење на неколкумина, а тие ја третираа како своја приватна фирма завршува. Бидете мудри, овој пат вие, граѓаните, одлучувате. Секој ваш глас овде се брои и е важен. Знам дека сега доаѓаат и ви нудат разноразни непринципиелни понуди, пари и поткупи. Слушам дека има и такви кои нема да жалат да го одврзат ќесето само за да добијат глас повеќе. Но овој пат постапете мудро за иднината на вашите деца. Запрашајте се: кој може да направи повеќе? Тие што ви нудат поткуп, или ние што ви нудиме работа, проекти и подобри услови за живот? Јас нема да ветувам непринципиелни работи, ниту пак да ветувам нешта што не можам да ги исполнам. Но ви ветувам работа и решавање на проблемите со кои секојдневно се соочувате. Длабоко ве почитувам и ве гледам како мои соседи, пријатели и искрени луѓе“ кажа Мицкоски.Мицкоски освен останатите проекти потенцираше дека во план е амбуланта во Шуто Оризари.„Амбуланта во Шуто Оризари која знам колку е потребна и заедно со поликлиниката која ќе почне да се гради во соседна општина Бутел, мислам дека со ова здравјето на жителите во Шуто Оризари ќе добие едно повисоко ниво на третман, а ние како Влада тоа ќе го направиме,“ кажа Мицкоски.Понатаму, Мицкоски ги повика граѓаните да гласаат за број 9 за подобра иднина и развој на државата.„Затоа излезете и гласајте за себе и за вашите семејства. За иднината на вашето маало, за вашата улица и за местото во кое сте родени и живеете. Ерџан Демири е нашиот кандидат за Шуто Оризари. Многумина ме убедуваа да поддржиме други кандидати и други коалиции. Но единствената коалиција што овде ја признавам е коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со народот. Ерџан е нашиот избор,  вистинскиот избор за развојот на Шуто Оризари. Со изборот на Ерџан, вие гласате за одличен тандем. Ерџан ќе работи заедно со Орце Ѓорѓиевски, кандидатот за градоначалник на Скопје. Тоа што ќе гласате за Ерџан значи дека Шуто Оризари ќе ја има поддршката и од Градот Скопје, со кој ќе соработуваат одлично, а и Владата ќе работи силно за Шуто Оризари да стане пристојно место за живеење“ кажа Мицкоски.

Скопје | пред 3 месеци

media-library4qumblctd1offGB7dkC

Мисајловски: Жителите на Шуто Оризари заслужуваат локална власт што ќе работи чесно, транспарентно и со срце

Владо Мисајловски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес на народниот митинг во Шуто Оризари, кој е во рамки на изборната кампања 2025 година, со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври. Мисајловски зборуваше за кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Ерџан Демир, и истакна дека тој е човек кој ги разбира потребите на жителите на општина Шуто Оризари и има план како истите да ги реши. Тој додаде дека со помош на Владата, во општината ќе се реализираат многу проекти од различни сфери.,,Да ја изградиме оваа општина како што навистина заслужува, модерна, чиста, безбедна и полна со можности за сите генерации. Време е Шуто Оризари да се исправи гордо. Шуто Оризари е симбол на храброст, заедништво, место до душа, со историја, со огромен потенцијал. Но, време е тој потенцијал конечно да се реализира“, рече Мисајловски.Како што вели тој, жителите на оваа општина заслужуваат локална власт која работи чесно и транспарентно, а дека кандидатот за градоначалник е човек кој обединува.,,Жителите на Шуто Оризари заслужуваат локална власт што ќе работи чесно, транспарентно, и со срце. Не ни требаат празни ветувања, туку конкретни резултати. На Шуто Оризари му е потребен градоначалник кој ги разбира проблемите на граѓаните и има план како да ги реши. Човек кој не дели туку обединува“, кажа Мисајловски.Според него, со поддршка на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Шуто Оризари ќе добие инвестиции, со цел модернизирање на општината и обезбедување подобар живот за граѓаните.,,Шуто Оризари не смее  и нема да биде заборавена општина. Со поддршка на Владата, Шуто Оризари ќе ги добие сите неопходни инвестиции, во  инфраструктурата и во сите јавни услуги“, нагласи Мисајловски.Мисајловски апелираше до граѓаните да излезат на гласање за локалните избори и да ја дадат поддршката за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе биде градоначалник за сите подеднакво.,,На денот на изборите излезете и покажете дека заедно можеме да постигнеме нешто големо. Гласајте за иднината, гласајте за Ерџан Демир, и за новото Шуто Оризари кое ќе покаже вистински потенцијал. Нашиот градоначалник ќе биде градоначалник на сите, на секое семејство, на секое дете, за секоја улица“, заклучи Мисајловски.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarymeiub1193ilacp8kZ9u

Демир: Шуто Оризари ќе ја направиме подобро место за живеење, чиста и средена општина затоа гласајте за број 9

Ерџан Демир, кандидат за градоначалник на општина Шуто Оризари од ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата на денешниот митинг во Шуто Оризари во рамки на кампањата за локалните избори која е под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! се осврна на проектите планирани за општината.„Другите велеа дека Шуто Оризари мал Парис ќе го направат,  а шајка не заковаа, засадија палма и мислеа општината Дубаи ја направија. Ние сме поинакви тоа што го кажуваме тоа и го реализираме“, кажа Демир.Како што рече кандидатот за градоначалник Демир, Шуто Оризари е дел од Скопје и затоа треба да биде средено.„Во иднина заедно со градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски ќе направиме Шутка да биде средена, да нема смет. Целата општина ќе биде средена, општината ќе биде подобро место за живот“, рече Демир.Тој повика на изборите кои се закажани на 19 октомври граѓаните треба да излезат и да се определат, да гласаат за број 9, за подобро Шуто Оризари.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

Дојава за бомба кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ евакуираше вработени од институциите, по проверките се утврдило дека е лажна паника

Дојава за бомба ги испразни зградите околу плоштадот „ВМРО“ каде е и седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, но и Министерството за труд и социјална политика, како и Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).Ова се случило попладнево, откако во МВР било пријавено дека на плоштадот бил оставен куфер, откако две лица го разгледувале просторот. Пријавата дошла од обезбедувањето на ЈПДП, кој лицата ги забележал на видео надзорот.По направените проверки, било утврдено дека нема никаква опасност, ниту поставен експлозив. Вработените се вратени во институциите.

Македонија | пред 3 месеци

media-library3vivlnqq0baf9UDMQiK

Гласајте за број 9 зошто гласот за Димче во Гостивар е глас за Али, вели Стојаноска

Нека не ве чуди што Гостивар е најраселена општина во Македонија.  Тоа е така, затоа што, слободно ќе кажам, дел од водачите на партиите на Албанците во Македонија се преиграа политика, а овие - од државотворнава СДСМ, зинати за власт и со криминал преку ушите, со две раце ги прифаќаа ваквите игри. И затоа сега се каде што се. Пред исчезнување, рече Дафина Стојаноска член на Извршниот комитет на денешниот митинг во Гостивар.Стојаноска посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е на власт, и повторно почнува да гради од темел - онаму кај што другиве оставиле пепел.Стојаноска се осврна и на противниците од СДСМ и Левица.„На овие со бројот 5 од вчера напомош им се јави и струмичанецот на привремен престој во Дубаи. Тој кој велеше дека баклавата е изедена, ама тепсијата сто, треба да дојде во Гостивар и да види дека од некогашното СДСМ во Гостивар веќе нема ни тепсија, ни баклава. Овие, пак , со бројот 6 - лесничари кои најлесно знаат да одработуваат за најдобро платената сума. И види мајката опасни политичари, кандидирале градоначалници токму во Тетово, Гостивар и Струга, кај што ќе се бие битката меѓу партиите на етничките Албанци. Зашто, кај битката меѓу партиите на етничките Македонци – ВМРО е многу на малку, па Димче нема есап да се појави. И цело време го напаѓаат само ВМРО, дури и името ќе ни го забранеле кога тие ќе дошле на власт, значи на Свети Никогаш. Па добро бе Димче, овде ние не сме од вчера, па ти најде да не‘ учиш. Па од авион се гледа дека овојпат одработуваш за стопанот Али. Овојпат тој те платил најдобро и сега те поседува. Ти си најголемиот штетник за етничките Македонци, особено во Западна Македонија, и тоа во корист само на Али, ама голем си, си знаеш“, кажа Стојаноска.Стојаноска на крајот со апел: „Морав да го кажам ова за нив – за гостиварчани да знаат дека Димче не е патриот, туку е платеник кој одработува туѓи агенди. Одработува за Али и гласот за Димче во Гостивар е глас за Али. Затоа, драги мои гостиварчани, изборот на 19 ти октомври е кристално јасен. Тоа е бројот 9 – за носителот Мартин и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ. Бројот 9 – за Гостивар. Бројот 9 – за иднината на гостиварчани“.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarym4fg7d7bg45tcKxE2pG

„Ќе се скинат и куферчињата пари од источниот сосед, а ниту во зградите и визите од Дубаи има среќа, правдата ќе ве стигне“, Мицкоски со порака до СДСМ

Го слушам Венко Филипче како зборува дека сум штител на олигархија. Целиот мој живот го посветив на книгата и пенкалото, и така се градев себеси. И јас во политиката влегов чесно и со искрени намери, и мојата имотна состојба од тогаш до денес е непроменета. А тој, седнат во скутот на неговиот гуру, со хациенда на Водно направена додека е министер, со партнерски зделки со неговиот гуру, кој со чиновничка плата – што како премиер, што како градоначалник – има империја тешка стотици милиони евра, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Струмица.Мицкоски посочи дека тука следува логичното прашање, како од едно просечно семејство се стигнува до милиони какви што тие имаат и располагаат.„Одговорот го знаете, а резултатот го плаќаме сите ние – се вика разрушена држава и систем кој пропаѓа и кој сега мораме да го градиме од неговите темели. И нека создаваат лажна слика на душегрижништво, затоа што темелите на овој дом се составени од надежите, мотивите и жртвата на илјадници луѓе кои се вградија во тие темели. И целото мое време го посветувам за да ја кренеме Македонија, ама не се залажувајте ниту помислувајте дека заборавив за мигот што ѝ го направивте на државата“, кажа Мицкоски.Мицкоски се осврна на кампањата и спотовите со кои се претставува СДСМ на овие избори.„Колку и да лажете на спотовите и бледата кампања што ја имате, не можете да го излажете народот. Таму, во тие спотови и изјави, се скриени сите ваши стравови и потсвести, сите ваши сеништа и скриени пораки. Па така, некни, кога патував на еден од митинзите, гледам спот на СДСМ каде тегнат, влечат еден црвен кабел низ Скопје. Кабелот ги заокружува луѓето од СДС, ги поврзува сите од раководството на СДСМ, и вика – точно, во право се, сите нив ги поврзува еден кабел. И со право – кабелот е неизоставен дел од потсвеста на Венко. Човекот при здрав разум излезе и нè убедуваше дека кабелот бил виновен што модуларната болница изгорела. А не системот во распаѓање кој тие со години, а претходно со децении, го уништуваат“, изјави Мицкоски.Мицкоски со порака до Филипче: „Венко, кабелот не може да биде никаква иднина, туку само добар слуга на неговите политички господари на кои им служи со гордост и чест, и не се ни труди да смени нешто“.Мицкоски укажа на фактот дека од СДСМ ниту демантираат, ниту потврдуваат за врските и парите од Бугарија.„Ниту пак се во состојба да кажат поинаку од она што сите знаеме дека е вистината. Ќе ви се скинат и куферчињата пари од источниот сосед, а ниту во зградите и визите од Дубаи има среќа. И сакам една порака до сите нив: тоа што година и три месеци сè уште не стигнала правдата до вас, тоа што година и три месеци секој ден, час во денот и неделата го минувам на градење на темелите што ги рушеа, не значи дека заборавив и не работам правдата да ве стигне“, вели Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarymf6vrjfeh3m43JcZzid

Филипче : Се бориме за 500 евра минимална плата и достоинство за секој работник

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска беше во посета на Пехчево од каде порача дека борбата на овие избори не е само локална ниту само политичка туку е економска и борба за достоинство.„Се бориме за 500 евра минимална плата на работниците. За правото на човекот да живее чесно од сопствената плата да може да оди во маркет, да ги обезбеди децата, да го обезбеди семејството. Се бориме за правда, за достоинство и за надеж“, рече Филипче.500 евра минимална плата на работниците за правото на човекот живее чесно од сопствената плата да може да доверба значи да му дадете семејство се бориме за правда за достоинство.Тој исто така оттаму испрати порака дека Пехчево е уште еден град од многуте каде нема инвестиции, нема горди граѓани. Пред граѓаните на Пехчево, Филипче зборуваше за лажното лице на власта и нивната двојна страна како власт и опозиција.„Го слушам премиерот Мицкоски оди по митинзи и зборува како да сме лани, како да е сеуште во опозиција. Не обвинуваа лани за криминални тендери за перење пари, за несоодветни теми кога пред неколку недели неговата влада, неговите луѓе потпишуваат договори со истите тие фирми за коишто не обвинуваа. Се што сега очекував е пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ да излезе на прес-конференција во Белата палата и да го нарече неговиот премиер криминалец. Ете тоа е нивното лицемерие“, рече Филипче.„Ароганцијата на ВМРО-ДПМНЕ мора да запре, затоа што нема светла иднина со лаги“, рече тој.  Ние на овие избори пред граѓаните истапуваме со чесни луѓе, со луѓе што имаат знаење, резултати, желба да се борат и да се изборат за подобри општини и подобар живот. Таков е и Златко Николовски кој сите вие добро го знаете. Такви се и нашите кандидати за советници.Притоа, Филипче ги повика граѓаните на 19 октомври да одлучат дали ќе ги одберат лагите и неисполнетите ветувања на власта или ќе одберат борба за правичен дом и подобар живот за сите.

Македонија | пред 3 месеци

nikoloski-kosovo-1

Николоски: Филипче да одговори за компаниите регистрирани во Петрич, Бугарија, што работат и како се отвораат фирми со докторска плата

,,Венко Филипче има неколку компании регистрирани во Петрич, на улица Гоце Делчев број 4, па добро е да каже како се регистрираат тие компании, што работат тие компании, од каде профитот на тие компании и дали од докторска плата тоа се заработува“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за време на денешната поста на струмичкиот крај и општини кои се дел од изборна единица 4, говорејќи за претседателот на СДСМ, Венко Филипче.Според Николоски, СДСМ е партија која ја опустоши целата држава и потоа за да се заштитат и тие самите правеа национални предавства. Тој повика на масовна излезеност на локалните избори на 19 октомври годинава, па така на тој начин да се стави крај на оваа криминална банда на СДСМ.,,Добро е македонскиот народ да ги слушне сите овие одговори. Јасно е дека се работи за најголемата криминална банда воопшто видена во македонската политика. Се работи за луѓе кои што ја опустошија цела држава, а за да се заштитат себе правеа национални предавства“, кажа Николоски.Николоски укажа дека токму затоа е потребна една голема мобилизација на овие локални избори.„Масовно да се излеземе на 19 октомври, да гласаме за број 9 и да победиме уште во првиот круг, за да ставиме конечен крај на оваа банда,“ истакна Николоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryj7tq1sgdph505vsqlmj

Мицкоски: СДСМ имаа седум години можност да мислат за нашиот заеднички дом, а наместо тоа мислеа на сопствениот џеб

На денешниот народен митинг во Босилово во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој на самиот почеток испрати порака до СДС со цел, како што рече, да извлечат поука од погрешните политики во минатото.„Да испратиме порака и до нашиот политички противник за да извлече поука за погрешните политики коишто ги водеше во минатото, а гледам дека и во оваа кампања од првиот ден тие континуирано од грешка во грешка влегуваат, тие од првиот ден почнаа брутална црна кампања, полна со ниски страсти најчесто напаѓајќи ме мене, преку конструкции, да дефокусираат со невистини. Што имаат тие да кажат ако не водат црна кампања, што направија по што ќе останат запаметени? Треба да им простиме, и да ги оставиме во нивното политичко мочуриште да тонат“, нагласи Мицкоски.Мицкоски во своето обраќање посочи дел од дилемите на граѓаните кои ги имаат во однос на слоганот на СДС, и дали под дом се подразбираат хациендите на Халкидики и во Дубаи.„Би сакал неколку реченици да кажам и за слоганот на нашиот политички противник, којшто вели дека ќе се бореле за нивниот дом, често ми го поставуваат прашањето: Претседателе за кој дом мислат? Дали мислат за домот во Дубаи, дали мислат за хациендата на Халкидики, фирмите во Петрич и Сандански или пак можеби за онаа јахта коишто сите можевме да ја видиме, имаат луѓето дилема. Мојот одговор е секогаш дека тие имаа седум години можност да мислат за нашиот заеднички дом, а нашиот заеднички дом е нашата татковина Македонија, тие мислеа за својот џеб, и затоа денеска некогаш големата СДСМ се наоѓа под психолошкиот и биолошки минимум, и на овие избори нивен главен предизвик ќе биде дали ќе освојат 110, 120, или 130 илјади гласа“, истакна претседателот Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryofki920nsipr87GN4Xr

Андонов: Василево ќе добие нова индустриска зона за зајакнување на економијата и ќе се реши проблемот со водоснабдувањето

Славе Андонов, кандидат за градоначалник на општина Василево од ВМРО-ДПМНЕ, за претстојните локални избори, се обрати денес од народниот митинг во општина Василево. Тој порача дека изминатите години се доказ за работата, чесноста и посветеноста кон граѓаните, а и дека Општина Василево е стабилна и без долгови. Андонов повика на поддршка на 19 октомври за број 9, со цел да продолжи развојот на општината  во современа и урбана.,,Мојата работа секогаш била и ќе остане во интерес на сите вас, затоа што Василево е наш дом, и сите заедно го градиме идниот пат кон подобро утре. Јас денес стојам пред вас не како човек кој ветува празни зборови, туку како човек кој изминативе четири години покажа што значи работа, чесност и посветеност кон народот“, рече Андонов.Андонов потенцираше дека во изминатите четири години во Општина Василево реализирани се проекти, од изградба на фекална канализација и нов културен дом, до воведување на субвенции и уредување на населените места. Според него, ова  покажува дека дадените ветувања се исполнети, а општината денес е стабилна  и без долгови. Тој додаде дека и во наредните години ќе се продолжи со ваквото темпо на работа и со нови инвестиции за уште подобар живот на граѓаните.,,Во Василево ќе се заврши последниот дел од фекалната канализација која опфаќа и дел од индустриската зона, со директна заложба на човекот кој е вечерва меѓу нас, министерот за транспорт Александар Николоски. Ви благодариме министер.  Во Владевци и Дукатино ќе изградиме бетонски канали. Во Нова Маала ќе изградиме пат до гробиштата, а во Пиперево улица со атмосферска канализација. Во Василево, по завршување на канализацијата, нема да остане ниту една улица неасфалтирана. Во Добрашинци ќе изградиме мултифункционален центар. Сушево, одбојкарите на нашата гордост ОК „Сушево“, ќе добијат нова спортска сала, затоа што тоа го заслужуваат.  Субвенциите ќе продолжат и ќе ги прошириме за уште повеќе категории“, кажа Андонов и додаде:,,Нема да има населено место без повеќенаменско игралиште, Едрениково ќе добие ново игралиште, а во Пиперево ќе го реконструираме постоечкото. Општина Василево повторно ќе биде препознатлива по индустриските зони. Ќе изградиме нова индустриска зона за да ја зајакнеме локалната економија. Во Чанаклија конечно ќе ја уредиме централната улица со регулирање на атмосферските води. Најголем акцент ќе ставиме на решавање на проблемот со водата, целосно ќе го решиме во сите населени места, вклучувајќи ја и Висока Маала.  Во Василево ќе изградиме плоштад за јавни настани, место каде што ќе се собира народот, ќе се слават победите и ќе се создаваат нови спомени“.Андонов ги повика граѓаните на 19 октомври  да се обединат и  да го поддржат бројот 9, за да продолжи развојот и модернизацијата на Василево.,,На 19 октомври да излеземе масовно и сплотено и да заокружиме за број 9, за градоначалник и за советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ. Да одбереме иднина за твоето место, да продолжиме да го градиме и развиваме Василево во модерна и урбана општина“, заклучи Андонов.

Македонија | пред 3 месеци

media-library453jpa1nrg80awKJG0a

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

Ристо Манчев, кандидат за градоначалник за општина Босилово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќајќи се кон присутните истакна дека изминатите четири години се доказ дека општина Босилово стана симбол за посветена работа и труд, отворено градилиште и симбол за заедништво и соработка со граѓаните. Манчев посочи дека изминатите четири години општина Босилово се градела, развивала и препраснала во една од најубавите рурални општини во Македонија. Манчев се осврна на ветените и реализирани проекти од изминатите четири години управување со општината Босилово.„Постигнавме најголем напредок во областа на изградбата на локалната патна инфраструктура го изградивме локалниот пат од Турново кон Иловица и Штука, од Босилово кон Еднокуќево, од Бориево кон Колешино, од Робовски пат кон Муртино, го проширивме патот од Дрвош кон Хамзалии, започнавме со реконструкција на локалниот пат од Турново кон Бориево, а задутре започнува и реконструкцијата на локалниот пат  Турново - Радово. Во изминатите 4 години изградивме околу 40 улици. Се реконструираше училиштето во Иловица и Секирник, моментално се работи во Еднокуќево, а во наредните четири години ќе ги реконструираме и училиштата во Босилово, Турново, Сарај и други места. Започнавме со изградба на фекална канализација, изградивме 4 бетонски одводни канали, 6 повеќенаменски спортски игралишта, тротоари, пешачки патеки“.Манчев, во продолжението од своето обраќање ги посочи и проектите предвидени во програмата за општина Босилово за наредните четири години, при што напомена дека истата е реална и остварлива, креирана со визија и идеи кои значат решенија и проекти од сите области во сите населени места во општина Босилово.„Ќе продолжиме да градиме улици и патишта. Ќе продолжиме со изградба на одводни канали и фекална канализација во Моноспитово, Босилово и другите населени места, ќе отвориме уште две детски градинки, ќе направиме модерни повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места, ќе ја унапредиме работата на комуналното претпријатие и конечно ќе ги изградиме долгоочекуваните водоводи во најкритичните населени места. Почнуваме со изградба на водовод во Иловица, Штука, Дрвош и Гечерлија. Денес имаме општина без долгови, општина со поддршка на централната власт и затоа знам, верувам и убеден сум дека општина Босилово ќе продолжи да се гради.“На крајот, Манчев ги повика граѓаните на општина Босилово на 19 октомври да го заокружат бројот 9 за градоначалник и бројот 9 за листата на советници на ВМРО- ДПМНЕ.„На 19 октомври,  заокружете го бројот 9 и избери Совет и градоначалник, избери твој човек, кој ќе се грижи за твоето место и за твојата иднина“, порача Манчев.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања