ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

ВМРО-ДПМНЕ

media-library6scbvpd2tao4dSchalT

Крстевски: Ќе го реконструираме стадионот во Росоман, ќе има проширување на локалните патишта до сите населени места

Кандидатот за градоначалник на општина Росоман, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓи Крстевски, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, истакна дека време е за промени во Росоман за подобра иднина за да биде општина што се менува, што расте и се развива со реализација на бројни проекти како реконструкција на патиштата, на стадионот и проширување на сите локални патишта.„Со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и со тимот на чесни, работливи луѓе започнуваме ново поглавје за Росоман. Во следниот мандат, заедно ќе го направиме она што многумина рекоа дека е невозможно. Ќе воведеме проект зелена општина Росоман. Нема да има повеќе дечиња на листата на чекање во детската градинка, ќе ги прошириме урбанистичките опфати на населените места и ќе изработиме нови урбанистички планови. Ќе ги реконструираме полските патишта во сите населени места, ќе воведеме бесплатни саеми за земјоделците од општина Росоман со посета на регионалните саеми во Нови Сад, Пловдив и Солун“, вели Крстевски.Кандидатот за градоначалник на општина Росоман, Ѓорѓи Крстевски истакна дека ќе се реконструира стадионот, ќе се проектира нов локален пат од Росоман до Крушевица и многу други проекти во областа на образованието, спортот и културата.„Ќе го реконструираме стадионот во Росоман, со пешачка патека и реквизити за најмалите. Проектирање и изведба на нов локален пат од Росоман до клучка Крушевица, проширување на сите локални патишта до населените места, финансиски стабилно и современо Јавно комунално претпријатие со нова зграда и зголемена плата за вработените. Модерно и современо образование. Поставување на надзорни камери и отворање на полициско одделение во соработка со МВР, модерен и атрактивен локален туризам, развој на спортот и културата, ова не се само зборови, ова е план. План што ќе го спроведеме со работа, чесност и одговорност“, рече Крстевски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryosc6oh6sd20q0cLWnDx

Нацева: Реконструкција и изградба на улици во Тремник, подобра патна инфраструктура за жителите

Марија Нацева, кандидат за градоначалник на општина Неготино од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денес заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски извршија увид во неготинско село Тремник, каде во тек е реконструкција на улица.„Се наоѓаме во село Тремник, место каде што ние како Општина Неготино аплициравме со проект и јавен повик којшто го имаше објавено Министерство за транспорт и притоа добивме средства, се со цел да направиме асфалтирање на улицата која што жителите на село Тремник долги години ја очекуваа“, истакна Нацева.Нацева истакна дека општина Неготино претставува пример како во соработка со централната власт може да се напредува и да се реализираат проекти.„Претходно изградивме потесен цевковод, во соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање, а сега продолжуваме интензивно со работа на терен каде што во следниот период ќе се асфалтира улица во должина од околу 850 метри“, заклучи Нацева.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryjr944k3d9af56YpioBe

Мицкоски: Главна понуда на СДС на овие избори е црна кампања и трикови, го вклучија дури и главниот трачер во друштвото Пендаровски, но ќе доживеат огромен дебакл

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  се обрати од  народниот митинг одржан во општина Крушево, во рамки на изборната кампања 2025 која е под слоганот ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври. Мицкоски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ нуди реална програма и проекти а СДС нуди празни ветувања и црна кампања и затоа ќе доживеат огромен дебакл на 19 октомври.Ние настапуваме со јасна и прецизна програма, а нашите противници настапуваат со демагогија, празни ветувања, со истите трикови и подземни коалиции. Нивната црна кампања е нивната главна понуда на овие избори. Па така тие во оваа кампања го вклучија и нивниот вистински лидер кој допатува директно од ДУБАИ, а во јавност се појавува неговиот заменик Венко. Покрај овој вистинскиот кој допатува од Дубаи во кампањата го вклучија и нивниот грамафон кој пишува текстови исклучиво во медиуми блиски до СДСМ, а кој ми порача дека ќе ме раситнел на делови и повика на линч, што самото тоа покажува колку страв и омраза има кај овие луѓе, нагласи Мицкоски.Мицкоски истакна дека СДС се толку исплашени од поразот кој им следи што во кампања го вклучиле и главниот трачер во друштвото Стево Пендаровски.А од вчера го вклучија и поранешниот претседател и главниот трачер во друштвото Стево Пендаровски, кој пак кутриот на јавна сцена призна дека следел и знаел за прислушкувањето. Тој во настапот го опиша во детали пола мој работен ден, работи кои не се кажани никаде и кој може да ги знае само човек кој добивал извештаи за следење и притоа сакајќи да вметне некаков црв на сомнеж фрла светло дека луѓе блиски до мене ме кодошеле. И ме повикува јавно да сум кажел кои се тие луѓе. Јас не знам кој се тие луѓе и дали постојат, но знам дека во држава со сериозно обвинителство каде што владее законот тоа сериозно обвинителство треба уште утре Стево Пендаровски да го повика и да даде  изјава пред обвинител за ова кривично дело кое јавно го призна и би се водела постапка за неовластено следење на политичките конкуренти. Ете до толку се забегани и до толку одлепени од реалноста. И сите овие чекори покажуваат дека се силно уплашени, а тој страв е последица на тоа дека и тие знаат дека на овие локални избори  ги чека дебакл во низата  и тие не само што знаат дека нема да стигнат до власта туку се уплашени и за фотелјите во нивната сопствена партија. И тој страв им се гледа во секој нивен настап. А уште поголем страв им причинува фактот што ќе дојде ден кога ниту обвинителството, ниту ова распарчено судство кое Венко вели дека е професионално, ќе може да ги брани и заштитува. И правда ќе има. И само така Македонија ќе може да победи, кажа Мицкоски.Мицкоски ги повика граѓаните да излезат и на 19 октомври да гласаат за бројот 9 за подобра и просперитетна иднина.Ајде заедно да ја напишеме новата приказна на нашата татковина! Ајде да изградиме иднина со која ќе се гордееме! Ајде да покажеме дека кога сме обединети – никој не може да нè запре, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-library5lgnmsg5ovm31MzUef5

Филипче: Мицкоски нема резултати, мисли дека може да ги лаже луѓето дека добро живеат

„Мицкоски година и пол мисли дека може да ги изманипулира луѓето дека живеат добро. Тоа е инстинктот на измамниците и манипулаторите, да лажат за сè, па дури и за она за кое не може да се лаже: дали некој живее подобро или полошо“, порача вечерва претседателот на СДСМ, Венко Филипче од трибината во општина Гази Баба.Тој истакна дека реалноста е дека на оваа неспособна власт ни уште две децении нема да ѝ бидат доволни, затоа што немаат ниту план, ниту капацитет.„Но, најважно од сè, немаат чесна намера. Не сакаат да им помогнат на граѓаните, не сакаат да ја видат реалноста која е тешка, едноставно, не ги интересираат граѓаните. Ги интересира само олигархијата и личните бизниси“, порача Филипче.Тој се осврна и на лагите со кои власта манипулира во јавноста.„Кога Мицкоски ќе каже дека сме петти, трети или четврти во економија, тоа не само што е огромна лага, туку е тешка навреда за секој кој живее и работи во оваа држава“, рече Филипче, укажувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ ги осиромаши и изманипулира граѓаните.Филипче изнесе и конкретни податоци, потенцирајќи дека бројките се погубни, а економската перспектива е уште полоша. За само една година, индустријата падна за 3,5%. Странските директни инвестиции се преполовени , а инфлацијата е 4%, меѓу највисоките во Европа.„Цените растат без контрола. Веќе се откажаа од лажните кошнички. Не ни пробуваат да кажат дека нешто прават, ги оставија луѓето да живеат со скапотијата. Платите тапкаат во место, просечната плата паѓа три месеци по ред. И ова е вистинската дијагноза: овие луѓе за година и пол, опиени од успехот на изборите, заборавија дека економијата и економските политики, пред сè, треба да им служат на граѓаните“, потенцираше Филипче.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarysdeohmsgep5cb3MTpMv

Филипче: Мицкоски сака негово судство, СДСМ нема да дозволи нови тефтерчиња од Белата палата

Претседателот на СДСМ, д-р  Венко Филипче, вечерва од Гази Баба каде се одржа граѓанска трибина „Се бориме за нашиот дом“ го обвини Христијан Мицкоски дека не сака реформи во правосудството туку го сака скроено по свој терк како во времето на Груевски и порача дека СДСМ нема да дозволи нови тефтеричња од белата палата.„Тоа е нивната намера, да закочат сè за да го вратат судството како во времето на Груевски. Не знае ВМРО-ДПМНЕ да владее ако има независни институции. Па кој ќе ја покрива нивната неспособност? Кој ќе нарачува пресуди кога ќе бидат во густо? Тоа е проблемот, на Мицкоски му треба судството под контрола за да може да сее страв, да се заканува, да уценува, исто како што беше во времето на неговиот ментор Груевски. Затоа избега од подадената рака на СДСМ за реформи. Му реков, ајде да ги донесеме реформите тоа го бараат граѓаните. Бараат независно судство, европски реформирано судство. Ајде да ја вратиме довербата во институциите. Јас не се плашам од независно судство, ама изгледа се плаши тој. Пола влада со кривични пријави, пола партија со матни бизниси. Затоа не сака“, порача Филипче.Филипче во Гази Баба исто така рече дека наместо правда и реформи, наместо судска фела и експерти, граѓаните добија само неправди по што испрати порака дека СДСМ нема да молчи ниту ќе дозволи партизација во судството.„Сега јасно му порачувам да престане да се заканува што ќе правел по изборите. Да не мисли дека ќе му молчиме ако решил да го партизира судството. Тоа нема да се дозволи. Или ќе има темелни реформи па нека одговараат сите што грешеле или нови судии од тефтерчињата од Белата палата нема да дозволиме“, потенцираше претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче од Гази Баба.

Македонија | пред 3 месеци

media-library4qc7o3tv3dvo5r7lhUp

Мицкоски: СДС ќе доживеат дебакл на локалните избори, наместо програма и проекти нудат демагогија, навреди и црна кампања

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг одржан во Гевгелија, во рамки на изборната кампања 2025 година, за претстојните локални избори, чиј слоган е ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! Твојата иднина!“.Мицкоски кажа дека овие локални избори за противниците значат спас за нивните политички кариери и спас на нивните бизниси, но сепак ќе доживеат огромен дебакл.“Јасно е дека ова не се само локални избори, туку од вашиот глас зависи и тоа како ќе се развива државата и во кој правец ќе се движи. За нашите противници ова се избори каде тие сакаат да си ги спасат политичките кариери, но зад тоа стои намерата на човекот кој си ја приватизираше партијата и си управува час од Дубаи, час од Струмица, да си ги штити бизнисите и слободата. А за да се случи тоа, си најми изведувач, и клучот за ова нивно сценарио се состои во контролираното судство и обвинителство, чии резултати ги видовме вчера. За сомнеж за криминал од 100 милиони во РЕК, за Марковски одлучуваат куќен притвор. И затоа СДСМ и ДУИ не гласа за смена на Љупчо Коцевски, затоа што тоа е последниот бастион на длабоката држава со која ќе расчистиме после овие избори“ нагласи Мицкоски.Мицкоски истакна дека противниците се нервозни бидејќи повторно ќе доживеат дебакл на локалните избори, бидејќи немаат програма и проекти, а единствено што нудат се демагогија и навреди.„Токму за ова судство и обвинителство Филипче вчера кажа дека е професионално, иако досега видовме сè, само не професионализам. И знаат дека ова е последниот нивен крик и затоа се нервозни. На овие избори одат со гола демагогија и грст навреди и квалификации, наместо со програма и со проекти. И кажуваат дека се борат за нивниот дом, а нивниот дом не се вашите домови, туку се борат за заштита и спас на нивните украдени пари. И за да го направат тоа, знајте дека нема црвена линија која нема да ја распродадат и нема отстапка која нема да ја направат само за да стигнат до фотелја. Кога Филипче говори за црвени линии, тој говори за нов поклон и топка нафрлена кон Бугарија и ново газење на нашите македонски црвени линии. Тие добро знаат дека најголемата пречка за нивното лудило и отстапки сум јас, и оваа Влада во којашто се моите колеги, и затоа се фрустрирани и нервозни и затоа нивните апологети, како баби пред чешма, повикуваат на моја ликвидација, а тие од штабот на СДСМ не најдоа ни сила да се оградат од таквите нивни повици, што јасно ги покажува нивните мотиви. Но, од друга страна, барем народот гледа дека повиците за убиство, поклоните кон Бугарија и тезата дека судството со 2 проценти доверба се професионалци е понудата на оваа партија на овие избори е катаклизмична и затоа уверен сум дека на 19 октомври ги чека уште еден нов историски нов дебакл“ кажа Мицкоски.Мицкоски ги повика граѓаните на 19 октомври да гласаат за број 9 за подобра иднина.„Нашата борба не е само за една општина, не е само за еден град. Нашата борба е за секое семејство, за секое дете што сака подобро училиште, за секој млад човек што сака работа и останува тука, дома, во Македонија. Нашата борба е за достоинството на секој еден граѓанин. И затоа, оваа вечер ви велам  изборот е наш, и тој избор ќе ја одреди иднината. Не се плашете од предизвиците, не се двоумете пред лагите, затоа што нашата сила е во тоа што сме исправени, чесни и што знаеме за што се бориме. Ајде заедно да ја напишеме новата приказна на нашата татковина! Ајде да изградиме иднина за која ќе бидеме горди! Ајде да покажеме дека кога сме обединети, никој не може да нè запре“ истакна Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryo05pd3skht109xp7oZw

Сарамандов: Во Гевгелија ќе се реализираат две големи инвестиции кои ќе овозможат над 500 нови вработувања

Андон Сарамандов, кандидат за градоначалник за општина „Гевгелија“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и ги истакна реализираните проекти за неговиот четиригодишен мандат, од областа на комуналната, патната инфраструктура, проекти за заштита на животната средина, образованието, спортот, културата.„Горд сум што Гевгелија се развива во успешна, модерна и урбана заедница. Реализиравме повеќе капитални проекти од областа на комуналната и патната инфраструктура, проекти за заштитата на животната средина, образованието, туризмот, спортот и културата. Горд сум што во тек на реализација се две инвестиции во Гевгелија, кои во наредниот период ќе овозможат над 500 нови вработувања, горд сум што Гевгелија се развива во успешна, модерна и урбана заедница. А, со макотрпна работа успеавме да ги реализираме ветувањата на кои се обврзавме пред нашите сограѓани во 2021 година“, истакна Сарамандов.Во врска со изборната програма Сарамандов истакна дека таа е јасна, конкретна и гарантира развој на општина Гевгелија, и наброи дел од приоритетните проекти за наредните четири години.„Таа е реална, јасна, конкретна и гарантира развој на општина Гевгелија. Заедно со членовите на Советот ќе ги реализираме ветувањата за доброто на сите наши сограѓани. Секундарен влез и излез во градот преку улицата „Борис Кидрич“, реконструкција на улицата „Маршал Тито“, изградба на Кеј на Вардар, изградба Нов „Парк на Мирот“ на потегот кај Сува Река, нов фудбалски стадион во урбан блок 5 - „Касарна“, Модерен Градски Плоштад. Во програмата се обврзуваме и на други суштествени проекти за нашите сограѓани кои ќе ги реализираме во наредниот период. Реконструкција и проширување на патниот правец Динќут – Горничет, реконструкција на Пионерски дом во Гевгелија, изградба на трета фаза од каналот Рауљ, изградба на подземни контејнери во централното градско подрачје, реконструкција и целосна обнова на младинскиот дом во Миравци, изградба на фекален колекторски систем со пречистителна станица во Негорци“, посочи Сарамандов.На крај Сарамандов ги повика граѓаните да го направат вистинскиот избор, да гласаат за број 9, за нови проекти, напредок, и сигурност во општина Гевгелија.„Мои гевгеличани, време е за вистинската одлука, време е за нови проекти и уште повеќе резултати. Да избереме напредок, сигурност и посветеност. Ве повикувам на 19 октомври масовно да излезете и да гласате за број 9 за Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“!, дециден е Сарамандов.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryrnlo4dles79qa3tSdFp

Николоски: Со најголемиот инфраструктурен проект, брзата пруга Скопје-Солун, Гевгелија ќе биде центар за туризам и бизнис во регионот

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денес се обрати од народниот митинг во општина Гевгелија, кој се одржа во рамки на изборната кампања со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина“, за локалните избори закажани на 19 октомври годинава. Николоски зборуваше за проектите на кои се работеше изминатиов период во Гевгелија, а се осврна и на обиколницата околу Гевгелија, којашто целосно ќе ја промени општината, браната Коњско, како и најголемиот инфраструктурен проект, а тоа е брзата пруга Скопје-Солун.,,Во последниве една година и 3 месеци со Владата предводена од премиерот Мицкоски, работите се сменија, Гевгелија доби огромна поддршка. Гордо можеме да зборуваме за реализирана програма или програма која што е во тек“, рече Николоски.Николоски истакна дека се работи на реконструкција и реставрација на заштитената стара чаршија во Гевгелија.,,Интензивно работевме да се обезбеди цела документација со цел да имаме реставрација одобрена од сите надлежни институции и да стане еден повторно нов симбол на градот“, кажа Николоски.Тој зборуваше и за изградбата на обиколницата околу Гевгелија, Западниот булевар, кој целосно ќе ја смени општината и начинот на функционирање како и начинот на сообраќајот, а го спомена и проектот за браната Коњско.,,Булеварот ,,Свети Климент Охридски“, кој што беше поддржан од Владата, преку програмите коишто ги има во рамки на Владата. А исто така се проектите коишто ги почнуваме во овој момент, тука е секако браната Коњско, којашто го виде светлото на денот и е при крај на реализација токму откако беше избрана оваа Влада, затоа што нејзината изградба беше целосно запрена“, истакна Николоски и додаде:,,Во моментов се проектира патот од брана Коњско до Ново Коњско околу 10 километри. Се очекува, во 2027 година да е завршен, до тогаш треба да е наполнета и браната и да имаме уште едно вештачко езеро во Македонија. Така работи ВМРО-ДПМНЕ“.Николоски се осврна на патната делница од Смрдлива Вода до ски центарот ,,Кожув“, и истакна дека се работи да се врати туризмот таму, а спомена и три проекти кои започнуваат сега. Во неговото обраќање, тој зборуваше и за водоводни канализациони системи на којшто се работеше изминатиов период.,,Тука се и три проекти коишто сега почнуваат, коишто за мене се навистина драги, во Моин, во Прдејци и во Богородица, за целосна реконструкција на улиците таму. Тука се и бројни водоводни канализациони системи, и бројни други проекти коишто се работеа во изминатиов период, а уште многу следуваат во годиниве коишто се пред нас“, вели Николоски.Николоски го нагласи и најголемиот инфраструктурен проект, брзата пруга Скопје-Солун, која ќе биде втората најголема железничка станица во земјава после скопската.,,Најголемиот инфраструктурен проект, којшто, не само Македонија, туку цела југоисточна Европа ќе го види, тоа е брзата пруга Скопје-Солун. Втората најголема железничка станица после скопската ќе е гевгелиската железничка станица, до Скопје ќе се патува за час и 10 минути до Солун за половина час“, рече Николоски и додаде:,,Тоа ќе значи многу и за бизнисот, затоа што солунското пристаниште буквално ќе е на дланка за сите компании кои што извезуваат, а најавувам дека веќе е избран изведувач и за многу брзо време ќе почнеме и на проширување на постојниот граничен премин. Ќе се додадат дополнително ленти, со цел бизнисот, оние кои што се занимаваат со транспорт, полесно да може да функционираат“.Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денес се обрати од народниот митинг во општина Гевгелија, кој се одржа во рамки на изборната кампања со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина“, за локалните избори закажани на 19 октомври годинава. Николоски зборуваше за проектите на кои се работеше изминатиов период во Гевгелија, а се осврна и на обиколницата околу Гевгелија, којашто целосно ќе ја промени општината, браната Коњско, како и најголемиот инфраструктурен проект, а тоа е брзата пруга Скопје-Солун.,,Во последниве една година и 3 месеци со Владата предводена од премиерот Мицкоски, работите се сменија, Гевгелија доби огромна поддршка. Гордо можеме да зборуваме за реализирана програма или програма која што е во тек“, рече Николоски.Николоски истакна дека се работи на реконструкција и реставрација на заштитената стара чаршија во Гевгелија.,,Интензивно работевме да се обезбеди цела документација со цел да имаме реставрација одобрена од сите надлежни институции и да стане еден повторно нов симбол на градот“, кажа Николоски.Тој зборуваше и за изградбата на обиколницата околу Гевгелија, Западниот булевар, кој целосно ќе ја смени општината и начинот на функционирање како и начинот на сообраќајот, а го спомена и проектот за браната Коњско.,,Булеварот ,,Свети Климент Охридски“, кој што беше поддржан од Владата, преку програмите коишто ги има во рамки на Владата. А исто така се проектите коишто ги почнуваме во овој момент, тука е секако браната Коњско, којашто го виде светлото на денот и е при крај на реализација токму откако беше избрана оваа Влада, затоа што нејзината изградба беше целосно запрена“, истакна Николоски и додаде:,,Во моментов се проектира патот од брана Коњско до Ново Коњско околу 10 километри. Се очекува, во 2027 година да е завршен, до тогаш треба да е наполнета и браната и да имаме уште едно вештачко езеро во Македонија. Така работи ВМРО-ДПМНЕ“.Николоски се осврна на патната делница од Смрдлива Вода до ски центарот ,,Кожув“, и истакна дека се работи да се врати туризмот таму, а спомена и три проекти кои започнуваат сега. Во неговото обраќање, тој зборуваше и за водоводни канализациони системи на којшто се работеше изминатиов период.,,Тука се и три проекти коишто сега почнуваат, коишто за мене се навистина драги, во Моин, во Прдејци и во Богородица, за целосна реконструкција на улиците таму. Тука се и бројни водоводни канализациони системи, и бројни други проекти коишто се работеа во изминатиов период, а уште многу следуваат во годиниве коишто се пред нас“, вели Николоски.Николоски го нагласи и најголемиот инфраструктурен проект, брзата пруга Скопје-Солун, која ќе биде втората најголема железничка станица во земјава после скопската.,,Најголемиот инфраструктурен проект, којшто, не само Македонија, туку цела југоисточна Европа ќе го види, тоа е брзата пруга Скопје-Солун. Втората најголема железничка станица после скопската ќе е гевгелиската железничка станица, до Скопје ќе се патува за час и 10 минути до Солун за половина час“, рече Николоски и додаде:,,Тоа ќе значи многу и за бизнисот, затоа што солунското пристаниште буквално ќе е на дланка за сите компании кои што извезуваат, а најавувам дека веќе е избран изведувач и за многу брзо време ќе почнеме и на проширување на постојниот граничен премин. Ќе се додадат дополнително ленти, со цел бизнисот, оние кои што се занимаваат со транспорт, полесно да може да функционираат“.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarydlq02f2prmt9ewKbnmT

Филипче: Мицкоски од уста не ме вади, нема ниту едно дело па затоа мора да плука

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Ѓорче Петров, рече дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски немаат никакви резултати зад себе, па затоа се служат со лаги, спинови и напади врз опозицијата.„Го гледам Мицкоски, од уста не ме вади во оваа кампања. Човекот изгледа не може да сфати дека е на власт и дека треба да промовира што направил, а не да се занимава со опозицијата. Секој ден нова измислена афера по стариот терк, но сега веќе никој не му верува.  Кога немаш ниту едно дело, останува само да плукаш. На Мицкоски треба да му биде едно јасно: граѓаните не живеат од неговата пропаганда“, порача д-р Филипче.Претседателот на СДСМ истакна дека граѓаните веќе ја препознаваат неспособноста на актуелната власт и дека секојдневно се чувствуваат последиците од погрешните политики на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 3 месеци

media-library265bilv302btbIzqgC8

Мицкоски до Филипче: Професионално ли е што судот на Марковски за стомилионски криминал му дава куќен притвор?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  се обрати од  народниот митинг одржан во општина Богданци, во рамки на изборната кампања 2025 која е под слоганот ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври. Мицкоски зборуваше на темата за судството и обвинителството во земјава. Според него, луѓето кои ги направија предавствата на државата, кои менуваа име и Устав, и кои изнесуваа милиони надовр од неа, повторно се обидуваат да го лажат народот, а нивната лагодност е во тоа што знаат дека имаат чувари во судството и обвинителството, и притоа лидерот на СДСМ се изјаснува во јавноста дека 2% доверба на граѓаните во судството за него е професионално. Тој додаде дека после локалните избори, потребен е ресет на системот.,,И кога ќе ме запрашаат од каде почнавте да работите овие 15 месеци како Влада, одговорот е тежок, затоа што велиме дека започнавме од самите темели. Толку тие беа разрушени, разјадени и ослабени што, по три децении независност и седум години катастрофално владеење, моравме повторно да почнеме од темелите на Македонија“, рече Мицкоски.Мицкоски нагласи дека кај истите луѓе кои ја распродаваа историјата на државата, менуваа Устав и изнесуваа милиони надвор од неа, има отсуство на срам и според него, покажува дека го потценуваат народот, а и повторно се обидуваат да го излажат.,,Навистина гледам дека тие исти луѓе кои седум години уриваа, кои менуваа име, Устав, распродаваа историја, крадеа, купуваа трговски центри, изнесуваа милиони, правеа дилови на грбот на народот, истите тие ги има фатено една колективна амнезија и без мува да ги лази излегуваат и коментираат, обвинуваат и лажат. Кај сите до еден кај нив има огромно отсуство на срам, и тоа отсуство на срам, говори дека не само што не научиле ниту една лекција, туку ја потценуваат интелигенцијата на народот и повторно сакаат да го излажат со истите фрази, со истите зборови“, кажа Мицкоски и додаде:,,Заев ветуваше живот, а овој сега неговиов наследник, Филипче, ветува среќа. Првиот ветуваше дека ќе ја заштити македонската жица од гитарата, вториот имал црвени линии со Бугарија. Првиот му ја води кампањата, а пак овој вториов слепо го следи. И нивната комоција се должи, освен на отсуството на срам, и на нивната желба за моќ, пари и богатење на грбот на народот. Просто е прашањетом, како со државна, докторска или градоначалничка, па и премиерска плата се стигнува до згради и златна виза во Дубаи? Милионски имот кој вртоглаво расте во годините кога тие се влада. Одговорот е преку криминал и неказнета корупција“.Според него, нивната лагодност се должи на тоа што тие знаат дека имаат чувари во правосудството, и за кое лидерот на опозициска СДСМ изјавува дека ова судство кое ужива само 2% доверба било професионално.,,Нивната лагодност се должи и на фактот што имаат чувар во обвинителството и судството, кои се пак последниот бастион на оваа наша длабока држава. Го слушав внимателно, вчера Венко Филипче како говори дека тоа судство и обвинителство е професионално. Замислете, ова судство и обвинителство со два процента рејтинг било професионално. Тоа што повеќе од 100 пријави ги држат во фиока, тоа што ќутат и тоа молчат за плацовите, вилите, за бизнисите со државни тендери, за вакцините од Кина, не ги прави професионални, туку напротив, ги прави криминални“, вели Мицкоски.Мицкоски додаде дека, сопственикот на омилената фирма на СДСМ и ДУИ, Марковски, на кој за сомнеж за криминал од сто милиони му е доделен куќен притвор, според него ова не е професионално туку криминално.,,И додека ова Филипче го говори, во истиот момент, во исто време судот на сопственикот на омилената фирма на СДСМ и ДУИ, Марковски, кој парче по парче направи во РЕК, за сомнеж за криминал од сто милиони, му доделија куќен притвор. Да го прашам Венко, професионално ли е што за сто милиони неговиот суд му дава само куќен притвор, а за некој што украл 10  ќебапи има притвор со месеци? Во ништо од ова нема професионално, туку само криминално“, посочи Мицкоски.Мицкоски нагласи дека после локалните избори годинава, на државата и е потребен целосен ресет, и само на тој начин ќе обезбеди иднина.,,И од тоа бегате упорно затоа што знаете дека после овие избори, лично ќе се позанимавам со правдата која за сите оние што се огрешиле е недостижна. И тоа мора да се смени, затоа што на Македонија повеќе од сè досега ѝ треба ресет на системот и не само во судството и обвинителството, туку ресет и во секоја пора од општеството. Ресет на вредностите кои ги газат и на сфаќањата кои мораат да ги променат. И само така сите ние, заедно, ќе обезбедиме иднина каква заслужуваме, целосно свесни дека ова е најважната битка на нашата генерација, која мораме да ја победиме“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryggup2av8mds3eZXcECH

Пеев: Имаме план за нова регионална патна врска Ѓавото-Грчиште и ќе го реконструираме системот за водоснабдување во Богданци

Марјан Пеев, кандидат за градоначалник на општина Богданци од ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори закажани на 19 октомври годинава, се обрати од денешниот народен митинг во Богданци, во рамки на изборната кампања 2025 година со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!Пеев посочи дека треба конечно да се стави крај на самоволието кое ги одредува општинските политики и кажа дел од проектите и плановите за Богданци.„Треба конечно да ставиме крај на самоволието кое ги одредува општинските политики. Во програмата имаме големи планови за општина Богданци. Итно ќе ги донесеме урбанистичките планови за Богданци и урбанистичка документација за села потребни за развој на општината. Ќе инвестираме во соларна фарма за производство на електрична енергија за потребите на пумпна станица во Ѓавото, ќе обезбедиме поврзување на сите населени места со Богданци преку субвенциониран општински линиски превоз, ќе инсистираме препораките од ИЗИИС да се исполнат и образовниот процес на основците да се врати во објектот на основното општинско училиште Петар Мусев Богданци, имаме сериозен план за подобрување на локалната инфраструктура преку патна поврзаност со нова регионална врска Ѓавото-Грчиште, реконструкција на систем за водоснабдување во Богданци, реконструкција и ревитализација на локални улици во сите населени места, обнова и изградба на детски и спортски игралишта, ќе ја доизградиме инфраструктурата во индустриските и туристичката зона, поддршката за младите, пензионерите и ранливите категории на граѓани нема да биде само декларативна туку и суштинска. Културните збиднувања и настани ќе ги издигнеме на повисоко ниво и ќе бидат достапни за сите“ кажа Пеев.Пеев ги повика граѓаните да гласаат за број 9 на 19 октомври за Богданци да стане посакувано и поубаво место за живеење.„Во наредните 4 години општина Богданци ќе стане посакувано место за живеење, планираме да изградиме професионална и ефикасна администрација и да донесеме низа стратешки документи битни за развој на општината. Имаме обврска секоја институција, секој јавен простор и секоја услуга во надлежност на општината да ја направиме достапна за сите. Нема да биде лесно затекнавме инфраструктурно руинирана општина но имаме многу проекти кои значат подобрување на квалитетот на живот во општина Богданци. Мнозинството граѓани знае да ја направи разликата помеѓу вредни, посветени луѓе со реални ветувања од една страна и луѓе кои имаат ветувано се и сешто без реализација. Направете го вистинскиот избор за општина Богданци. Заокружете број 9“ заклучи Пеев.

Македонија | пред 3 месеци

media-library8q11fqpj9ei76w6izIZ

Николоски: Темната коалиција на СДСМ-ДУИ-Левица е во очај и тешка паника и затоа треба масовна излезност

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, се обрати од народниот митинг одржан во општина Богданци, во рамки на изборната кампања 2025 година која е под слоганот ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври. Николоски зборуваше за опозициската структура, СДСМ-ДУИ-Левица, кои како што кажа, водат црна кампања за претстојните локални избори. Тој упати и прашање до претседателот на СДСМ, околу случувањата со ковид кризата во земјава, во време кога Венко Филипче беше министер за здравство. Николоски потсети на скандалозните тендери со вакцините, како и недостатокот на вакцини, а и на тоа дека Македонија за време на неговиот мандат се искачи на врвот на црните листи, поради неговото лошо менаџирање со здравствениот сектор.,,Целокупниот фокус на Владата е насочен кон подобрување на стандардот, кон подобрување на начинот на живот. Но, исто така, мора да знаеме дека на другата страна, имаме структура, имаме луѓе коишто поинаку размислуваат, кои што сакаат да не вратат назад. Тоа е темната коалиција на СДСМ-ДУИ-Левица, коишто водат најцрна можна кампања, откако сме виделе кампања во избори. Тие се во очај, во тешка паника, и затоа треба масовна излезност. За да ставиме точка, да не оставиме простор на ниеден од нив, да мисли дека овие процеси се повратни и да мислат дека било што можат да направат за повторно да дојдат во позиција да одлучуваат за иднината на Македонија“, рече Николоски и додаде дека оваа коалиција треба да исчезне по локалните избори:,,Таа коалиција на Али Ахмети, Венко Филипче и Димитар Апасиев, треба да исчезне после овие избори, со цел да можеме да се фокусираме на она што е најбитно, најзначајно, а тоа е економскиот раст и просперитет“.Николоски упати прашање до претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, во врска со состојбата за време на ковид пандемијата, кога Министерството за здравство беше под покровителство на Филипче. Прашањето се однесуваше на, како што вели Николоски, црната статистика, според која Македонија заврши на врвот на истата, поради лошиот менаџмент од страна на Филипче, што ги доведе граѓаните да чекаат донации од други земји, или да одат во тие во регионот.,,Со денови претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одбегнува еден одговор, на едно многу едноставно прашање, а тоа е: Како дозволи како министер за здравство да Македонија во црните листи, за жал е на врвот, односно Македонија најлошо да се справи со корона кризата и зошто десетици, стотици семејства останаа завиени во црно, заради неговиот лош менаџмент во здравството, заради криминалните тендери со набавка на вакцини. Па кога истата шема беше откриена, од нас тогаш како опозиција, да нема никакви вакцини и да треба луѓето да одат во соседните држави, за да можат да си го спасат животот или да чекаме тука донации. Тука беа и набавките по три пати до десет пати повисоки цени на заштитна  опрема, што не донесе како држава на црната статистика во врвот. Може ли да даде одговори кога оди и вели салата правел или не знам што правел, како Македонија стигна до овие бројки“, вели Николоски.Според Николоски, одговорот на прашањето е едноставен: ,,Одговорот е многу едноставен и затоа бегаат, како што и во тоа време мислеа само на криминал и корупција“.

Македонија | пред 3 месеци

media-library3cigtskfrijr1ZkE64d

Стефковски: Програма со главен фокус на детска заштита, нула комуналии за изградба на индивидуални објекти за млади брачни парови

Бобан Стефковски, кандидат за градоначалник за општина Гази Баба, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денес гостуваше во дебатната емисија „Локални избори 2025 - изборни соочувања“ на МРТ1 и кажа дека изминатите четири години одговорното, чесното и транспарентно работење резултираше со реализација на проекти во сите населени места, водејќи сметка за рамномерен регионален разој на општина Гази Баба. Стефковски истакна дека неговата програма опфаќа вкупно 505 проекти за наредниот период од четири години со главен фокус на детската заштита и изнесе дел од истите.„Покрај тоа што во моментов се градат градинки во Трубарево и Инџиково, предвидуваме изградба на детска градинка во Керамидница, Хиподром 2, Сингелиќ и Маџари. Изградба на спортски сали и подобрување на спортската инфраструктура предвидуваме во Ченто, Железара, Сингелиќ, Страчинци и да се обнови онаа фискултурна сала во студентскиот дом „Стив Наумов“. Изградба на фекална канализација во населените места Раштак, Виниче, Булачани, Брњарци и Ергеле. Потоа катни гаражи во Автокоманда и во Ченто“, рече Стефковски и додаде:„Она што ме радува, ветуваме еден проект за младите брачни парови, а тоа е нула комуналии за изградба на индивидуални објекти за младите брачни парови до 29 години, изградба на амбуланта во Автокоманда, субвенции на граѓаните за енергетско ефикасни фасади во колективните згради, за набавка на клими, сончеви колектори, велосипеди. И продолжување на модернизацијата на јавното комунално претпријатие како вистински сервис на граѓаните“.Стефковски се осврна и на оние проекти кои значат развој и унапредување на општината во делот на мобилност и инфраструктура ги додаде и капиталните проекти содржани во неговата програма, а кои се во насока на решавање на сообраќајниот метеж во општината Гази Баба.„Изградба на булевар Хрватска во првата фаза од Бутел до Железара и потоа во втората фаза од Железара до Автокоманда, доизградба на булеварот АСНОМ, клучка на булеварот Александар Македонски којашто ќе ја поврзе новата населба Хиподром 2 и индустриската зона Инџиково, комплетна реконструкција на регионалниот пат 1102 којшто води од Ергеле до Дрма, комплетна реконструкција на регионалниот пат којшто води од Хиподром 2 до Илинден и реконструкција на регионалниот пат Јурумлери- Драчево“, заклучи Стефковски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryhdjevgnk90j850O3jUh

Лукровски: Два мега паркови, Парк 1020 и Хајкинг Делта парк

Сотир Лукровски кандидат за градоначалник за општина Карпош од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, денес гостуваше во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа, при што истакна дека неговата кандидатура е мотивира од желбата за придонес кон општото добро во општината Карпош. Притоа, Лукровски ја сподели неговата визија за тоа како ја гледа општина Карпош во наредните четири години.„Карпош да биде разеленет, исчистен, да им овозможиме на луѓето да имаат паркинг места, со бизнис заедницата да поработиме тие се можност за нашите млади, за вработувања, за развивање на подобар Карпош, со сите групации на граѓани, спортисти, култура, да направиме еден Карпош каков што го паметиме пред години“, вели Лукровски.Лукровски сподели дека во неговата програма е предвидено формирање на јавно претпријатие Карпош план и појасни што ќе биде предмет на работа на истото. Исто така нагласи дека Карпош ќе се гради плански, транспарентно во соработка со граѓаните.„Планираме формирање на јавно претпријатие Карпош план кое ќе се занимава со изработка на сите оние ДУП-ови, ревизија на старите, со легализациите кои се голем проблем на граѓаните кои со години чекаат. Карпош ќе се гради, да го градиме плански, да го градиме транспарентно, да биде тоа еден инклузивен процес со граѓаните“, појасни Лукровски.Во делот на транспарентноста на општината, Лукровски ја презентираше и идеата за изработка на апликацијата „Мој Карпош“ која ќе им овозможи на граѓаните на Карпош пристап до навремени информации за тековни културни и спортски настани во општината, за вадење на документи, како и увид во трошењето на средствата на општината.„Планираме да направиме апликација „Мој Карпош“, преку која граѓаните ќе ја имаат општината на дланка. Со еден, два, три клика да можат да стигнат до сите информации, дали ќе биде тоа што се нуди во тековниот месец од културни настани, спортски, одредени информации за вадење на документи. Меѓудругото ќе можат во секое време преку финансиските извештаи да видат како општината ги троши нивните средства“, рече Лукровски.Во делот на зелената агенда, Лукровски како кардинални проекти ги најави и изградбата на двата мега паркови, Парк 1020 и Хајкинг Делта Паркот.„Два големи мега парка, паркот кој го нарековме 1020, во делот на течението на Лепенец од Бардовци ќе се протега покрај Злокуќани, према Влае, тука имаме негде околку 500.000м2 државна земја, голем парк со ботаничка градина, картинг стаза со европски стандарди, терен за голф, забавни содржини за најмладите. Во делот на Средно Водно, заедно со Градот, Хајкинг Делта Парк, од подножјето над последните куќи во Карпош, од 3 точки ќе се поаѓа во близина на црквата Свети Јован, па централно, па во Нерези, вело патеки, пешачки патеки. Три патеки кои на крајот ќе завршуваат во една, тој појас ќе го појачаме со 10.000 нови автохтони дрва, ќе допридонесеме за нова вегетација, ќе издградиме и летниковци“, заврши Лукровски.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarylt6g86b08qpp650qm0h

Мицкоски: Трилингот СДС-ДУИ-Левица се обидува да ја врати Македонија назад, ВМРО-ДПМНЕ се што ветува реализира

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг одржан во Валандово, во рамки на изборната кампања 2025 година, за претстојните локални избори, чиј слоган е ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! Твојата иднина!“.  Мицкоски зборуваше за локалните избори и истакна дека на овие избори има само две опции, едната СДС-ДУИ и Левица и другата опција ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.Ова се избори каде има две опции, едната полуформална коалиција којашто обединува три политички субјекти, собрани на едно место и водени од две клучни цели. Првата цел е жедта за власт по било која цена и втората е патолошката омраза којашто ја имаат кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е коалицијата СДС-ДУИ и Левица. Таму се здружиле Венко, Али и Димче, затоа што се жедни за власт и не бирааат начин како да дојдат до власт. Втората опција е коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Првата е опција која имаше можност да покаже и да докаже како се грижат за својот дом, нашиот заеднички дом, нашата Македонија до пред само 15 месеци. Тие беа 7 години Влада и можеа да се докажат со работа со дела со проекти кај граѓаните колку тие вистински се грижат за нашиот заеднички дом. Но, таа шанса ја испуштија затоа што 7 години имавме грабеж, 7 години имавме пљачка на македонскиот народ, и она коешто најмногу боли, а тоа се оние национални предавства кои ги направија и на народот и државата, истакна Мицкоски.Мицкоски истакна дека трилингот СДС, ДУИ и Левица се обидува да ја врати државата назад, а ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се што ветува во кампања, реализира.Овој трилинг кој се обидува да ја врати Македонија наназад пред година и пол тоа што се случуваше е едната опција и другата опција е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Изминатите 15 месеци решаваме проблеми кои се наталожени со децении. Ветивме зголемување на пензиите и тоа го испорачавме. Втората работа која ја ветивме на претседателските и парламентарните избори беше дека нема да правиме коалиција со ДУИ и дека Али Ахмети после 20 години ќе биде во опозиција и тоа го испорачавме. Денес ДУИ е во опозиција. Третата крупна работа што ја ветивме, е дека секоја година од централниот Буџет ќе издвојуваме по 250 милиони евра за проекти, за финансирање на капитални инвестиции во општините, кои се за потребите на граѓаните, тоа и го реализиравме. Ние инвестираме насекаде во државата, нагласи Мицкоски.Мицкоски ги повика граѓаните да гласаат за број 9 на 19 октомври за развој и напредок на државата.На 19 октомври да излезете масовно и да го направите вистинскиот избор да го заокружете бројот 9, за да се реализираат проекти, за доброто на Валандово, за твојот човек, за твоето место за вашата иднина, кажа Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања