ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

ВМРО-ДПМНЕ

media-library8a8i2d1prvf8fJhtEqy

Ружински: Заборавениот бизнис инкубатор ќе го претвориме во модерен младински хаб, каде младите ќе создаваат бизниси и ќе ја градат својата иднина

Нашата визија е едноставна, чесна работа, економски силна Малешевија и достоинствен живот за секој. И тоа не се празни зборови. Тоа е детален план со конкретни проекти. Проекти кои произлегоа од разговорите со вас, рече кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Берово, Петар Ружински.На денешниот народен митинг во Берово, во рамките на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ за избори кои ќе се одржат на 19 октомври во недела, Ружински ја претстави програмата со која ја бара поддршката на граѓаните.Посочи дека првиот темел на програмата е современа инфраструктура, и за таа цел ќе се уреди влезот во Берово, за да се стави крај на урбаниот хаос, ќе се донесе нов Генерален и Детален урбанистички план.„Вториот темел е економски раст и можности за младите. Ќе го претвориме заборавениот бизнис инкубатор во модерен младински Хаб (HUB), место каде нашите млади ќе создаваат бизниси и ќе ја градат својата иднина тука, дома! Ќе го издигнеме туризмот на светско ниво. Ќе изградиме градски базен, ќе ги уредиме спортските терени, ќе ја зачуваме нашата природа и сето ова ќе го направиме со силна поддршка од централната власт. Таа поддршка не е празен збор, таа е реалност. Еве, пред некој ден, со министерот за култура ја потврдивме веста, Владата обезбеди 90 милиони денари за реконструкција на нашата киносала“, рече Ружински.Тоа е разликата, додаде тој, ние испорачуваме дела, а не само зборови и дека програмата е амбициозна, но остварлива.„Ветувам чесна, посветена и пред сè, транспарентна работа. Преку дигитализација, секој од вас ќе знае каде оди секој денар од општинскиот буџет. Општината ќе биде сервис кој работи за вас. Мојата сила доаѓа од вас. Од секој човек што вечерва е тука. Од секој збор на поддршка, од секое ракување на чаршијата. Затоа, на 19-ти октомври, изборот е јасен. Изборот е помеѓу минатото и иднината. Изборот е помеѓу празни зборови и реални дела. Ве повикувам да излезете масовно и да го заокружите бројот 9! За Берово во кое младите ќе остануваат! За Берово на кое сите ќе бидеме горди! За нашата заедничка победа“, порача кандидатот за градоначалник, Ружински.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarybh6agu7nt7ki5nXijss

Китански: Пехчево ќе го направиме да биде енергетски ефикасна општина

Александар Китански, кандидат за градоначалник за општина „Пехчево“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и истакна дека во неговиот четиригодишен мандат и покрај сите опструкции од тогашната централна власт, изградени и реконструирани се многу улици, подобрени условите во училиштата, комуналната инфраструктура, како и реализирани капитални проекти барани од страна на граѓаните.„Иако, кога станав градоначалник, на почетокот од мојот мандат имав огромни опструкции од тогашната централна власт, со направени технички документации, аплицирани проекти, а не одобрени од страна на тогашните министерства и тогашната влада, сепак успеавме со мојот тим да направиме многу изградивме, обновивме, променивме. Реконструиравме улици, ги подобривме условите во училиштето и градинката, инвестиравме во комуналната инфраструктура, вложувавме во младите и во културата, развојот на туризмот, промоција на градот, благодарение на сегашното раководство на Владата на Република Македонија. Реализиравме капитални проекти кои долги години беа барани од страна на граѓаните и истите се од огромно значење“, рече Китански.Китански наброи дел од проектите на изборната програма за наредниот четиригодишен мандат.„За наредните четири години имаме јасна визија и конкретна програма која произлегува од вашите потреби, а не од празни партиски ветувања. Ќе инвестираме во локалната инфраструктура, локални улици, водовод, канализација,  поддршка на земјоделството и унапредување на образованието и создавање на нови, современи, модерни и достоинствени услови за нашите деца и за наставниците, унапредување и осовременување на здравството и здравствената заштита со набавка на нова и современа опрема, развој на туризмот нашата општина располага со прекрасни планини, реки, чист воздух и уникатна природа, поддршка на младите и развој на спортот за општина со здрави навики, поддршка на културни настани и развој на културата во Пехчево, ќе се бориме и ќе работиме заедно за чиста и енергетски ефикасна општина“, посочи Китански.На крај Китански ги повика граѓаните да гласаат за бројот 9, за ново, подобро и посилно Пехчево.„Дајте го гласот за број 9, за мене како кандидат за градоначалник и број 9 за советничката листа на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата „За твоја Македонија“, а со тоа давате глас за сигурна иднина, гласот за сите нас е глас за ново, подобро и посилно Пехчево, глас за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина“, рече Китански.

Македонија | пред 3 месеци

media-library5n9t3f71o32o0RVKPHI

Ковачки: Пехчево заслужува модерна инфраструктура, чисти улици, уредени села, подобри училишта, услови за младите и тоа ќе го овозможи Китански

Секој успешен проект, секоја изградена или обновена улица, како и секој насмеан жител зборуваат за трудот и посветеноста на луѓето кои веруваат во подобро утре. Александар Китански е човек кој ги знае потребите на граѓаните затоа што беше секојдневно меѓу вас, ве слуша, разбира и дејствува. Имавте можност во текот на претходниот мандат да видите дека неговата сила е во тоа што не се плаши од работа, ниту од предизвици. За него, успехот е во тоа колку животи се подобрени, колку семејства имаат подобар ден, рече Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на народниот митинг во Пехчево во рамките на кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ за локалните избори кои ќе се одржат во недела на 19 октомври.Ковачки посочи дека во изминатите години четири години Китански покажа дека не запоставува ниту едно населено место, градска или селска средина, туку напротив, постојано беше и е на терен со своите сограѓани за од прва рака да ги решава работите.„И за тоа сме сите тука дојдени за поддршка на Александар и сите сме со една иста желба, да го видиме Пехчево како место каде вреди да се живее, да се работи и да се создава иднина! Не сме тука за лични интереси, за свои цели, туку за заедничкото добро, развој на нашето Пехчево. Затоа што Пехчево заслужува модерна инфраструктура, чисти улици, уредени села, сигурно водоснабдување, подобри училишта и услови за младите. Почитувани пехчевчани, ниту еден успех не доаѓа сам. Сè што се постигнува е резултат на соработка помеѓу граѓаните, општината, советот и владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Само кога сите работиме заедно, можеме да го постигнеме најдоброто за нашето Пехчево“, рече Ковачки.Со оваа Влада, додаде Ковачки, предводена од премиерот Мицкоски гледаме конкретни резултати, нови улици, подобрени патишта, реконструирани училишта, инвестиции во младите и во спортот, а пензионерите, кои се темелот на нашето општество и на кои им ја должиме државата, ги добија ветените 5.000 денари кои премиерот ги вети во првата година од мандатот, а истите дополнително се зголемија за уште 1.000, а на пролет ќе се зголемат за нови илјада денари.„Почитувани советници, Советот има клучна улога  да биде партнер, поддршка и глас на народот. Пред вас ќе стојат нови проекти, нови предизвици и нови можности. Ако останеме обединети, со иста цел и љубов кон нашиот град, можеме да направиме уште повеќе. Пехчево има иднина кога секој жител верува во заедништво, кога секој дава свој придонес и кога сите чекориме во иста насока, за нашето место, за нашето маало. Да продолжиме со истата енергија, со истата верба и со истата љубов кон Пехчево и Македонија“, рече Ковачки обраќајќи се до идните советници во Светот на Општина Пехчево.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryj4j9p9b5a6pgeoobbND

Атанасовски: Реконструкција на градскиот базен и изградба на нова општинска зграда и Дом за стари лица во Македонска Каменица

Кандидатот за градоначалник на општина Македонска Каменица, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димчо Атанасовски, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, истакна дека ќе продолжи развојот на општината со  многу проекти вклучени во програмата, со јасна визија за напредок, кои вклучуваат изградба на локални патишта како и реконструкција на многу објекти во општината.„И во изминатите четири години реализиравме стотици проекти, во централното градско подрачје и во сите рурални средини. Денес сме град во кој ги имаме најубавиот спортски комплекс, најубавиот и комплетно осветлен кеј на река Каменичка, првата кула за рана детекција на пожари во државата, нови градски улици, водовод и канализација во секое населено место. Во изградба се десетина локални патишта во руралните средини, а она што ќе остане ќе го изградиме во првата година од новиот мандат. Започната е постапката за целосна реконструкција на Здравствениот дом во Македонска Каменица и наскоро ќе имаме нов репрезентативен објект“, рече Атанасовски.Кандидатот за градоначалник на општина Македонска Каменица истакна дека ќе се реконструира Градскиот базен, но и дека се планира изградба на нова општинска зграда и  Дом за стари лица, за раст и развој на општината и подобар живот на сите жители.„Се насочуваме кон комплетна реконструкција на градскиот базен, кон доуредување на градскиот стадион, санација на сите општински објекти, е изградиме нова општинска зграда, ќе изградиме нов сместувачки и повеќенаменски објект, во непосредна близина на нашите училишта, ангажиравме експерти кои ќе ни подготват трајно решение за хуман третман на уличните кучиња, работиме на подготовка на документација за изградба на Дом за стари лица, за двојно ќе ја зголемиме поддршката за образовните институции и установи, затоа што нашите деца се нашата иднина“, вели Атанасовски.

Македонија | пред 3 месеци

media-library7prm29eae91v6Gmd0bu

Ковачки: Со заокружување на бројот 9, Македонска Каменица ќе продолжи да се развива

„Тука сме за да ја дадеме поддршката за нашиот Димче Атанасовски, да биде реизбран како градоначалник на Македонска Каменица, како и на нашата советничка листа, за да ја продолжиме патеката на развој и заедништво што заедно ја трасиравме заедно од 2021 година. Да продолжиме со промените кои носат подобро утре. Во изминатиот мандат, вашиот градоначалник работеше транспарентно и чесно. Иако беше под постојани контроли и притисоци сакајќи да му наштетат и да ги докажат своите злобни намери, секогаш излегуваше со чист образ, докажувајќи го својот интегритет и посветеност на граѓаните.  И затоа во вториот мандат влегува уште помотивиран и пофокусиран на проекти кои се од важно значење за Каменичани“, истакна Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, денеска од народниот митинг во Македонска Каменица, кој беше одржан во рамки на изборната кампања 2025 година, чиј слоган е ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори.Ковачки истакна дека кандидатот за градоначалник на Македонска Каменица, Димче Атанасовски во неговиот четиригодишен мандат реализирал голем дел од проектите за општината и покрај попречувањата и борбата со поранешната власт на СДС и ДУИ.„Ако имате дилема дали ќе се реализираат зацртаните проекти, погледнете што е направено се досега. Неговите дела зборуваат сами за себе, подобрени патишта и водоводна и канализациона инфраструктура за полесно секојдневие на сите вас, подобрени услови во училиштата и градинките затоа што иднината почнува од нашите деца, вложува во зачувување на традицијата и културата затоа што во коренот е нашата сила. Овие резултати не се случајност, тие се плод на труд, визија и борба со поранешната влада на СДС и ДУИ кои преку свои локални инсталации се обидуваа да го попречат развојот на Каменица. Но овие резултати се и плод на соработка меѓу луѓе кои веруваа во истата цел, а тоа е дека интересот на Каменичани е пред се“, рече Ковачки.На крај Ковачки истакна дека Атанасовски е вистинскиот избор за Македонска Каменица и ги повика граѓаните да го заокружат бројот 9 со цел општината да продолжи да се развива како и досега.„Димче Атанасовски е вистинскиот избор под број 9,  заедно со нашата советничка листа, затоа што неговото искуство, посветеност и докажани резултати се гаранција за иднина во која мак каменица ќе продолжи да напредува. Затоа браќа и сестри, ве повикувам да ја градиме нашата заедничка куќа Македонска Каменица, да го поддржите Димче Атанасовски и советничката листа под број 9, да гласаме за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина“, дециден е Ковачки.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarybocsn6h4eh1q7jZqTHD

Филипче ги употреби зборовите на Црвенковски: „Или си со СДСМ или не си“, коментар за објавените фотографии

Од лидерот на СДСМ, Венко Филипче денеска беше побаран коментар за објавените фотографии на кои е Бранко Црвеновски во друштво со членови на партијата ЗНАМ и на ВМРО-ДПМНЕ.-Јас можам само да го цитирам поранешниот претседател со неговата позната изјава „Или си СДСМ или не си“.Црвенковски, кој со години е повлечен од јавниот и политичкиот живот, е фотографиран во Охрид на иста маса со актуелниот градоначалник Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Саше Доневски и Јован Мирчевски, сопственик на „Пупе Компани“.На друга фотографија, која самата си ја објави на ФБ, Црвенковски е во друштво на Марина Ѓорговска, носителка на советничката листа на ЗНАМ во Охрид.Cо најдобриот и посебен лидер , кафе во најубавиот Охрид, напиша Ѓорговска. објави Скопје1.мк

Македонија | пред 3 месеци

media-librarybocsn6h4eh1q7jZqTHD

(Фото) Бранко Црвеновски во друштво на членови на ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот премиер, претседател на државата и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, предизвика бура реакции во јавноста откако на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои е во друштво на членови на партиите ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ.На една од фотографиите, која ја објави Инфомакс, Црвенковски, кој со години е повлечен од јавниот и политички живот, е фотографиран во Охрид на иста маса со актуелниот градоначалник Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Саше Доневски и Јован Мирчевски, сопственик на „Пупе Компани“.На друга фотографија, која самата си ја објави на ФБ, Црвенковски е во друштво на Марина Ѓорговска, носителка на советничката листа на ЗНАМ во Охрид.Cо најдобриот и посебен лидер , кафе во најубавиот Охрид, напиша Ѓорговска.Објавените фотографии веднаш предизвикаа лавина коментари, особено поради долгогодишното повлекување на Црвенковски од јавната сцена.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryhomgnbk6o1k32Fse5yy

Мицкоски: Кампањата речиси завршува, а Венко не сопре со црна кампања, свесен е дека тоне

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг во Пробиштип, во рамки на изборната кампања со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори. Мицкоски се осврна на како што вели тој, неформалната коалиција за локалните избори составена од СДСМ, ДУИ и Левица, кои се обединети од желбата за власт и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ. Според него, на овие локални избори тие настапуваат со црна кампања, а не нудат никакви проекти, никаква визија ниту стратегија.,,Кога зборувам за нашите противници зборувам за една непринципиелна коалиција, која што е составена од во суштина три политички партии, која што се обединила поради две главни причини, првата е желбата за власт, по било која цена. И втората е, патолошката омраза која што ја имаат кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е коалицијата на СДСМ, на ДУИ, и политичката партија Левица. На некои места, оваа коалиција е формална, на некои полуформална, но во суштина, тоа е тој опозициски блок, кој што на овие избори излегува тотално без никаква програма“, вели Мицкоски.Мицкоски истакна дека опозициската СДСМ за претстојните локални избори не нуди ниту проекти, ниту визија, туку само се фокусира на црна кампања уште од првиот ден.,,Од првиот ден, заклучно со денеска, ние не слушнавме ниту еден проект, не слушнавме никаква визија, никаква стратегија, од нив не слушнавме како планираат и каде планираат да ја водат Македонија. Од нив слушнавме само три, условно кажани, политички пораки во оваа кампања. Првата е, црната кампања која што ја водат од првиот ден, па се до ден денес. Против мене се разбира најмногу и против ВМРО-ДПМНЕ. Втората политичка порака која што ја испратија е дека тие се политички наследници и претставуваат континуитет на тоа што претставуваше влада 7 години во Македонија, коалиција  СДСМ-ДУИ. Третата политичката порака е дека тие се грижеле и се бореле за нашиот дом“, истакна Мицкоски и додаде:,,Црната кампања наспроти целата теорија и целата пракса, започна од првиот ден во оваа кампања. Ние немаме емитувано ниту еден негативен спот. А, веќе завршува кампањата во првиот круг. Ниту еден негативен спот“.Мицкоски истакна дека, иако има многу причини да се потсетат граѓаните на неуспесите на претходната влада, ВМРО-ДПМНЕ избира позитивна кампања фокусирана на проекти и иднината.,,А верувајте, имаме таква инспирација да ги потсетиме граѓаните, за тоа што го работеа 7 години, што ако почнеме рано наутро малку ќе ни биде еден ден сето она лошо што го направија додека 7 години беа влада. Но, рековме не. Ние сакаме да бидеме Влада која што ќе се обиде да ја врати надежта кај луѓето, и сакаме да зборуваме за убави работи, за проекти, да зборуваме за иднина. Сакавме тоа да го доближиме до граѓаните. Што е тоа што ние го сработивме. И што е тоа што ќе го сработиме. А тие, со ад хоминем напади, со ниски страсти. Прво ми посакаа, ќе било штосно ако го виделе моето тело распарчено и спакувано во куфер, за да потоа претседателот на СДСМ, претпоставувам инспириран, бидејќи неговиот политички гуру седеше во првиот ред, во еден занес, кажа дека тие нас не не мразеле туку не презирале. Тоа претпоставувам треба да е степен над омраза, барем според нивната филозофија. Инаку, човекот е педагог, редовен професор на факултет, кој што пледира утре да ја води државата. Тоа е тоа што го нуди СДСМ на овие избори“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

ВМРО-ДПМНЕ бара ЈО и Коцевски да одговорат дали дискотеката „Пулс“ платила казна од 40.000 евра

ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од ЈО и Коцевски за случајот со дискотеката „Пулс“ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од Јавното обвинителство и министерот Љупчо Коцевски да одговорат дали дискотеката „Пулс“ платила казна од 40.000 евра или, како што се тврди во телефонска комуникација објавена во јавноста, поранешниот министер Оливер Спасовски интервенирал за да се избегне плаќањето.„ЈО и Коцевски да не молчат и да кажат на јавноста дали дискотеката ‘Пулс’ платила казна или Спасовски интервенирал за да се избегне плаќање. Доколку казната не е платена, Спасовски итно треба да биде повикан на одговорност и целата постапка да се истражи до крај“, стои во соопштението на владејачката партија.Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека е потребно да се стави крај на „калкулациите и заштитата на моќниците блиски до СДС“, нагласувајќи дека политичките влијанија во судството мора да престанат.„Дали Спасовски ја спасил ‘Пулс’ од казна и која е неговата улога во аферата? До кога ќе молчи ЈО и Коцевски? Дали Љупчо Коцевски има задача да ги штити функционерите од СДС?“, прашуваат од партијата, додавајќи дека одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот.„Овој случај не смее дополнително да ја поткопа довербата во институциите и судството. Секој сомнеж мора да биде расчистен, а секој кој е вмешан треба да се санкционира. Време е за владеење на правото и правдата“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryism50k09ejeo1C434J7

Цветковски: Лозово ќе добие нов инфраструктурен лик и повеќе зелени површини

Кандидатот за градоначалник на општина Лозово, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бошко Цветковски, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, истакна дека ќе продолжи транспарентно и одговорно да работи преку реализација на се она што е предвидено во програмата, како вложувањето во инфраструктурата, градење на нови паркови, за почиста општина и  промоција на индустриската зона за подобар економски стандард на жителите во Лозово.„Се обврзувам дека ќе работам на квалитетно инфраструктурно уредување на општината, зголемување на зелените површини, градење на нови паркови, континуирано и темелно чистење на сите јавни простори, како и посоодветно управување со ѓубрето и отпадот, вклучувајќи го поттикнувањето  за унапредување на процесите на собирање, сортирање и отстранување на неговите остатоци. Ветувам дека ќе работиме на промоција на индустриската зона со цел да создадеме адекватни услови за отворање на работни места, како и развивање и спроведување на редица економски трансформативни иницијативи и активности, кои ќе значат дополнително привлекување на странски инвеститори и унапредување на квалитетот на нашиот економски стандард и живот“, вели Цветковски.Кандидатот за градоначалник на општина Лозово Бошко Цветковски, истакна дека ќе вложува во зголемување на сообраќајната безбедност, во образованието, но посочи дека ќе вложи напори и во унапредување на социјалните услуги за мирна, безбедна и просперитетна општина Лозово.„Подготвен сум да вложам максимални напори на планот на зголемување на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот, да ја поттикнам заедничката и координирана соработка и ангажман на граѓаните и полицијата, да предложам активности и мерки во насока на намалување на девијантните појави. Ќе дадам силна поддршка на проектите кои се насочени кон дополнителни вложувања во јавното образование, подобрувањето на образовната инфраструктура, унапредување на образовниот процес, што истовремено ќе значат унапредување на севкупните услови, знаења и вештини на учениците. Ќе се залагам за унапредување на социјалните услуги за семејствата и посебно поддршката на родители, жените и децата кои се дел од социјално ранливата категорија. Заеднички посакуваме Лозово да биде модерно, забавно, мирно, безбедно, економски просперитетно и атрактивно катче за живеење и стопанисување“, рече Цветковски.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarylg75f6bkak4qco9QW5M

Костовски: Бутел добива нова поликлиника, Љуботен добива водовод

Дарко Костовски, кандидат за градоначалник за општина Бутел до редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денес гостуваше во дебатната емисија „Локални избори 2025 - изборни соочувања“ на МРТ1, при што го изрази задоволството за реализација на 404 проекти во општина Бутел во текот на неговиот четиригодишен мандат како градоначалник, и напомена дека околу 70 од реализираните проекти не беа дел од предизборната програма, и наведе дел од реализираните проекти.„Целосно коритото на реката Серава го изградивме во должина од 1500 метри, во потегот на Радишани, направивме трим патика, 5000м2 додадовме зеленило, целосно го осветливме тој потег и поставивме клупи. Нов мега парк во Радишани од 10.000м2, две градинките една е целосно завршена, а другата е во една сериозна фаза. Училиштето во Визбегово започна да се гради за време на мојот мандат и се заврши. Направивме револуција во спортот, изградивме 5 спортско рекреативни центри иако најавивме само два, изградивме 13 спортски терени, изградивме плоштад, изградивме 10 детски игралишта. Поликлиниката, историскиот момент за Бутел, е распишан тендерот и водоводот во Љуботен, едно историско барање на граѓаните, го започнуваме за два дена од сега ќе ги поврземе на градски водовод“, објасни Костовски.Во однос на проектите содржани во програмата за наредниот мандатен период од четири години, Костовски посочи дека се предвидени изградба на три нови градинки, нов културен дом и плоштад во Бутел 1, два паркови на Христијан Тодоровски Карпош и во Радишани.„Во новата програма предвидовме 3 нови градинки во населеното место Радишани, Визбегово и Бутел 1. Ќе имаме нов базен во Бутел 1, носечка работа за општина Бутел, а тоа е нов културен дом и плоштад во Бутел 1, за неколку дена ќе има и 3Д анимација. Два нови паркови најавувам едниот на Христијан Тодоровски Карпош кадешто заедно со Градот Скопје ќе мора да го направиме и еден ќе го направивме сами во Радишани“, рече Костовски.Тој додаде дека со оглед на фактот дека во мандатот што следи најголемиот дел од капиталните проекти се завршени или во фаза на правење, ќе се работи и на атмосферската и на фекална канализација во општината.Костовски посочи дека општина Бутел во текот на неговиот мандат не издала дозвола за ниту една изградба за зграда, иако притисоци постоеле, а сето тоа во насока на спречување на урбаниот хаос во општината и рече:„Одолеав на секој притисок на урбаната мафија за општина Бутел да остане мирна општина и да продолжи да владее маалскиот тип на живот и цврсто стојам зад барањето на граѓаните општина Бутел да не е бетонизирана во ниедна смисла на зборот“, заклучи Костовски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryb766v9mr1t78dpbpJfe

Мицкоски: Филипче зборува дека инфлацијата е висока, а до пред година и пол во време на СДСМ рушеше рекорди во Европа со над 20%

Овие избори се одлука за вашата иднина и за иднината на вашите деца. Вие го одбирате човекот кој ќе се грижи за вашето маало, за вашата улица, за вашата општина. Со тој избор вие сакате да имате човек кој ќе биде вашиот глас во општината, човек на кој можете да се потпрете кога ви треба помош, човек кој ќе ве сослуша кога имате што да кажете, кој ќе работи и ќе решава проблеми, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот народен митинг во општина Чашка во рамките на кампањата за локалните избори закажани за во недела на 19 октомври, под слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“.Мицкоски порача дека со еден избор, кој е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, на овие избори се оди напред, а со друг избор, СДСМ и нивната некаде формална, некаде неформална коалиција, граѓаните и државата се враќаат назад.„Досегашната кампања покажа дека изборот е лесно препознатлив. Но одлуката да излезете и да гласате е пресудно важна за да обезбедите иднина. Ние излегуваме со план, програма и визија зад која стојат внимателно одбрани проекти и решенија кои се одговор на вашите потреби. Не ветуваме чуда, чуда се невозможни, ние не сме чудотворци, а секој кој ветува чуда не ја говори вистината, ние ветуваме многу напорна, чесна и посветена работа“, рече Мицкоски.Од друга страна, додаде Мицкоски, нашите конкуренти ниту имаат програма, ниту имаат знаење, имаат само конструкции, фабрикувани лаги и многу омраза.„Поминавме седум тешки години кога претходната влада на СДСМ и ДУИ создаваше хаос, уривања, поделби и многу криминал и тие години на апатија и безнадежност народот не ги заборава, колку и денес да се трудат ова време да се заборави. Пред само 15 месеци истите тие луѓе беа причината за сите неправди и неуспеси. Сега истите тие не може да бидат алтернативата која ќе донесе резултати. И така безобразно продолжуваат и оваа кампања да не ја говорат вистината“, рече Мицкоски.Мицкоски ја прокоментира вчерашната изјава на претседателот на СДСМ, Венко Филипче кој рече дека инфлацијата е висока, потенцирајќи дека во време на власт на СДСМ, инфлацијата изнесувала и високи над 20%.Тој зборуваше за инфлацијата, стандардот на граѓаните и за тешкиот живот. Во прво време не го сфаќав сериозно и мислев дека тоа што го говори е практично нешто коешто му е кажано да го каже, па потоа ќе каже дека ја научиле грешката од минатото, дека еве сега врз основа ан таа грешка нема повеќе да грешеле, ако ја добијат довербата. Но во суштина сфатив дека тоа е нивната стратегија на овие избори да кажуваат нешто коешто воопшто и не го разбрале. Сфатив дека тие на оваа кампања, во овие избори, не само што не ја научиле лекцијата од минатото, туку продолжуваат истата грешка да ја прават. И кога не води црна кампања, тогаш не ја говори вистината и како што вели народот, лаже, па ќе зборува дека имало сега рекордно високо ниво на инфлација. До само пред година и половина, две години, Македонија беше рекордер во стапката на инфлација во Европа, којашто на моменти изнесуваше и повеќе од 20%“, посочи Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryja904klufanh8lMWeV2

Андоновски: Реконструкција на градинката во Мелница и патот кон Врановци во општина Чашка

Кандидатот за градоначалник на општина Чашка, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Андоновски, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, истакна дека ќе работи одговорно и чесно за да општината има подобри патишта, водоснабдување, чисти и осветлени улици и реконструирани градинки за подобра просперитетна општина Чашка.„Сите овие денови бевме меѓу вас — на вашите улици, во вашите домови, во секое маало и населено место, во секое село. Нашата цел е јасна: Чашка да живее подобро! Да има подобри патишта кои ќе ги поврзуваат селата, сигурно водоснабдување во секој дом, подобра канализација и уредена околина, чисти улици, осветлени населби, и услови кои ќе ги задржат младите тука, да создаваат, да работат и да градат иднина во своето место. Ќе се реконструира градинка во село Мелница, реконструкција на патот кон село Врановци, реконструкција на патишта во село Богомила и село Ореше, водоснабдување на жителите во село Лисиче, изградба на културен дом во општина Чашка итн“, рече Андоновски.Кандидатот за градоначалник на општина Чашка истакна дека доаѓа нов почеток за општината, со конкретни дела и проекти кои ќе се реализираат и општина без поделби, без разлика на верска и национална определба.„Градиме општина во која луѓето се сплотени, поддржани и еднакви. Општина во која нема поделби, туку рамо до рамо стоиме сите — земјоделци, работници, пензионери, млади, стоиме сите без разлика на верска и национална определба. Единството е нашата најголема сила! Кога сме обединети, ниту една пречка не е преголема. Кога сме заедно, секој проект е остварлив, секоја идеја станува реалност. Денес Чашка е на прагот на нова страница. Страница која ќе ја испишеме со работа, одговорност и љубов кон нашето место. Ние не ветуваме празни зборови — ние ветуваме дела. Ветуваме дека секое ветување ќе стане проект“, вели Андоновски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryvvfp4ad838011LLHgw6

Мицкоски: Перјаницата, чии колумни ги споделува целото раководство на СДСМ, порачаа дека било штос моето распарчено тело да го спакувале во куфер

Во кампањата треба да направиме и еден рекапитулар на се она што е сработено во изминатиот период и да се нацртаат контурите на тоа што треба да се работи во периодот којшто следи и како владата ќе ја води државата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од народниот митинг во Росоман во рамките на изборната кампања за локалните избори со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“.Мицкоски повтори дека на овие избори има две опции и тоа едната е да се вратиме назад и да се поддржи опцијата којашто ја поддржува коалицијата, некаде формална, некаде неформална, некаде полуформална, којашто се обединила поради две причини, а другата опција е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата којашто значи развој за државата.„Првата е жедта и непромислената желба за власт и втората е патолошката омраза кон ВМРО-ДПМНЕ. Сега, последно коешто го слушнавме од претседателот на СДСМ е тоа дека тие не не мразеле или, да бидам попрецизен, не ме мразеле, туку ме презирале. Што не се изнаслушав на оваа кампања, од тоа што ми испраќаа пораки преку нивните новинари и перјаници дека ќе ме спакувале во куфер, ќе го распарчеле моето тело и ќе го спакувале во куфер, па до тоа дека ме презирале“, рече Мицкоски.Мицкоски посочи дека на оваа изборна кампања не изнесе ниту една навреда за никого, за разлика од СДСМ и Венко Филипче, само кажувам дека изминатите седум години кога беа тие во владата имаа можност да покажат како се борат за својот дом.„А, ние видовме само грабеж, понижување, распродажба и омаловажување на својот народ, на својата држава и на своите граѓани. Тоа ако го чувствуваат тие како навреда, тогаш не знам навистина што да кажам. Вистината понекогаш боли. А толку внимавам, прво не личи на мојот карактер да навредувам, а второ ние ниту еден негативен спот не објавивме оваа кампања, цело време зборуваме за проекти, за план и за визија. Тие ја почнаа кампањата со црна кампања, со напади и ниски страсти како ќе ме спакувале распарчен во куфер и тоа би било штос во оваа кампања, така порача еден од нивните гуруа, чиишто колумни ги објавуваа и ги цитираат од раководството на СДСМ. Па се до последното што слушнав од човек којшто во суштина треба да е мој колега, редовен универзитетски професор, дека активистите на СДСМ мене ме презирале, не ме мразеле. Тоа е ниво повеќе, претпоставувам тука требаше да покаже мускули. Но во ред, нека му служи на чест“, порача Мицкоски.Од Росоман, претседателот Мицкоски порача дека граѓаните на 19 октомври ќе го кажат своето мислење, за што е сигурен дека тоа ќе биде референдумско заокружување на бројот 9 и огромна победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Македонија | пред 3 месеци

media-library9jp245t0mc34a5DDmVY

Николоски: Сериозно работиме со новиот градоначалник на Росоман за формирање на една индустриска зона

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од денешниот народен митинг одржан во општина Росоман во рамки на изборната кампања „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори.„Промените во државата се случија минатата година, после големата победа на парламентарните и претседателските избори, и веќе една година и три месеци Македонија пулсира и живее со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во неколку општини вклучувајќи ја и општина Росоман, тие промени ќе се случат на овие локални избори“, истакна Николоски.Тој се осврна и на поддршката која што Владата ја дава на локалните единици, а во случајот со општина Росоман кажа дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, издвои 31,5 милиони денари, или околу 500 илјади евра за изградба на улици во Росоман, меѓутоа досегашниот градоначалник ја нема почнато постапката за истото.„Тоа ќе остане наследство за новиот градоначалник, кој што ова ќе го реализира и заеднички ќе работиме и на бројни други проекти кои што ќе ги реализираме во општината“, вели Николоски.Николоски зборуваше и за експресниот пат, кој беше пуштен годинава, а истакна дека веќе се работи на два проекти, заедно со ЈП Државни патишта.„Успеaвме на почетокот на оваа година да го пуштиме и експресниот пат, првата фаза која што одеше од Градско до Дреново и втората од Дреново до Фариш.  Тука е директорот на ЈП ,,Државни патишта“ и сакам да најавам дека со него веќе работиме на два проекти. Спојот со село Сирково, тоа сме го ветиле и тоа ќе го реализираме, и второто е проширување на спојот помеѓу Росоман и експресниот пат. Има еден спој, но тој треба да се прошири и да стане еден убав модерен пат, којшто  го спојува Росоман со експресниот пат и на тој начин да се стига побрзо и до Скопје, но и до Прилеп,  до Битола и Росоман да има многу поголема корист од самиот експресен пат, околу кој што може  да се развие и цела индустриска зона“, кажа Николоски и додаде:„Тоа е нешто на што треба да размислуваме на следниот период, имајќи ја предвид одличната локација, одличната поврзаност и со автопатот, и можноста компаниите директно да се приклучат на експресен пат. Мислам дека треба сериозно да работиме со новиот градоначалник на формирање на една индустриска зона, каде што ќе можат компаниите да вложуваат, а сигурен сум дека интересот ќе биде голем“.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања