Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ бара ЈО и Коцевски да одговорат дали дискотеката „Пулс“ платила казна од 40.000 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz
Скопје1.мк

ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од ЈО и Коцевски за случајот со дискотеката „Пулс“

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од Јавното обвинителство и министерот Љупчо Коцевски да одговорат дали дискотеката „Пулс“ платила казна од 40.000 евра или, како што се тврди во телефонска комуникација објавена во јавноста, поранешниот министер Оливер Спасовски интервенирал за да се избегне плаќањето.

— реклама —

„ЈО и Коцевски да не молчат и да кажат на јавноста дали дискотеката ‘Пулс’ платила казна или Спасовски интервенирал за да се избегне плаќање. Доколку казната не е платена, Спасовски итно треба да биде повикан на одговорност и целата постапка да се истражи до крај“, стои во соопштението на владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека е потребно да се стави крај на „калкулациите и заштитата на моќниците блиски до СДС“, нагласувајќи дека политичките влијанија во судството мора да престанат.

— реклама —

„Дали Спасовски ја спасил ‘Пулс’ од казна и која е неговата улога во аферата? До кога ќе молчи ЈО и Коцевски? Дали Љупчо Коцевски има задача да ги штити функционерите од СДС?“, прашуваат од партијата, додавајќи дека одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот.

„Овој случај не смее дополнително да ја поткопа довербата во институциите и судството. Секој сомнеж мора да биде расчистен, а секој кој е вмешан треба да се санкционира. Време е за владеење на правото и правдата“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-29-at-23.03.10

Бомба, два пиштоли и 240 куршуми кај скопјанец – најден и клуч од мотор поврзан со убиство, објави Обвинителството

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
vozacka-1

Поднесено обвинение за фалсификуваните возачки дозволи: Под лупа уште 21 лице

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryldtg3q5cfvbs2nicno6

Трагедија кај скопскиот аеродром: Татко и 18-годишен син загинаа во директен судир, тројца млади тешко повредени

Македонија | пред 4 седмици

media-librarynrr78uj11n3e5s1L3vA

Му се заканил дека ќе му ја укинат социјалната помош, па му зимал дел од парите: детали за случајот со поткуп во АВРСМ Прилеп

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања