ВМРО-ДПМНЕ

stojanovski

Пак се скарале: Советник на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека е омаловажуван на координација кај градоначалничката

„Денеска во својство на координатор на советничка група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата,присуствував на координација помеѓу Градоначалничката на Град Скопје,координаторите на советничките групи и приватните превозници“, објави советникот во Град Скопје Мартин Стојановски и додаде:На таа средба,присуствував се со цел да слушнам предлог од Градот Скопје за решавање на проблемот со приватните превозници. На моето прашање за предлог,одговор не добив.На средбата иако бев информиран дека средбата ќе биде само со координатори и Градоначалник,на средбата имаше голем број присутни вработени од градот Скопје и повеќе советници од советничките групи за кој не беше договорено за таква средба. Јас како координатор ја напуштив таа средба после добиени навреди и омаловажувања од неколку од присутните советници и секако не добив предлог за проблемот со приватните превозници.Сакам да нагласам дека советничката група на ВМРО ДПМНЕ нема да навлегува во задкулисните и нечесни игри на коалицијата Сдсм,Град Скопје,Дуи и Левица кој никако не работат за доброто на граѓаните на градот Скопје. Секако, на вчерашната седница советот донесе заклучок со кворум од присутни 29 члена на советот за покачување на цената на приватните превозници за 30 денари по извозен километар“.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-11-29-at-22.11.17

Во сообраќајка загина поранешен пратеник и директор на затворот „Идризово“ од ВМРО-ДПМНЕ

На 61-годишна возраст, денеска во сообраќајна незгода загина Живко Пејковски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на затворот „Идризово“.Пејковски беше пратеник во еден мандат, а потоа ја извршуваше функцијата директор на затворот „Идризово“.Веста за неговата смрт беше објавена на социјалните мрежи, каде блиските и пријателите се опростуваат од него.Како што соопшти ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Демир Хисар, телото ќе биде изложено во капелата во Демир Хисар утре во 11:00 часот, а погребот на Пејковски ќе се одржи во 13:00 часот на градските гробишта.

Македонија | пред 1 година

IMG_2097

Џабе и е тоа што, на зајдисонце на нејзиниот мандат, Арсовска се обидува да глуми кротко јагне, прача ВМРО-ДПМНЕ

„Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје, одговорноста е само нејзина“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:За Данела Арсовска сите се криви, само таа не.Арсовска која милува да зборува за права, обврски и одговорности, сака целосно да се измие себеси од одговорност за состојбите во Градот Скопје и во јавните претпријатија.Одговорноста за хаосот во Скопје е лично нејзин и на никој друг. За проблемите со јавниот сообраќаен транспорт и за мрзнењето на граѓаните по автобуските постојки, е виновна лично Арсовска, како прв човек на градот.За нечистотијата низ скопските улици, за неизмиените улици и расфрланиот смет, никој друг, освен Арсовска, не е виновен.Креаторот и изворот на хаосот и нефункционалноста на Градот Скопје и јавните претпријатија, е единствено Данела Арсовска.Џабе и е тоа што, на зајдисонце на нејзиниот мандат, Арсовска се обидува да глуми кротко јагне.Граѓаните за ништо не и веруваат и тоа и го покажаа на последните парламентарни избори, каде што на цела територија на Македонија одвај освои нешто над 3.000 гласа.

Скопје | пред 1 година

814680-vnimavajte-evn-isprati-visoki-smetki-za-struja-1024x696-1

Поради криминалното и недомаќинско работење во енергетскиот сектор, граѓаните плаќаат скапа електрична енергија, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Нема област во која во владеење на СДС и ДУИ не преовладувал нивниот бизнис интерес, на место интересот на државата и граѓаните“, вели вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Како и се што уништија во државата, СДС и ДУИ за свои лукративни интереси го девалвираа и уништија и енергетскиот сектор.Поради нивите бизнис интереси со цел големи профити, направија граѓаните да плаќаат поскапа електрична енергија.Поскапата струја која што ја плаќаат граѓаните, како и финансиските проблеми на некогаш најпрофитабилното македонско претпријатие, ЕСМ е последица на седум годишното криминалното и недомаќинско работење на кадрите на СДС и ДУИ.Дека тоа е така може да се споредат сумите во различни периоди. На пример, во 2017 година кога со ЕСМ раководеше премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски просечната цена за еден мегават час електрична енергија беше 33 евра, а сега истата изнесува 133 евра за мегават-час.Освен ова, во периодот кога премиерот Мицкоски управувал со ЕСМ, производната цена за електрична енергија се намалила за 25% во однос на претходната.Ова само покажува одговорно и домаќинско работење, што не е случај со изминатото седумгодишно раководство кое мислело на само на свои бизнис и лукративни интереси.И со секоја следна година од доаѓањето на власт на СДС и ДУИ, цената на произведената електрична енергија по мегават-час постојано растеше, за годинава да достигне рекордни 133 евра.Една од причините за енормниот раст на цената на струјата е не ископот на јаглен и скапо увезениот. И тоа најверојатно се направило за да се им овозможи на одредени компании блиски до СДС и ДУИ, да увезуваат јаглен и со тоа да остварат големи профити.Бизнис интересот и лакомоста за големи профити на СДС и ДУИ ги плаќаме сите ние, преку поскапа цена на струјата.Можеби ќе треба време за да се намали цената на струјата, но преку посветено, одговорно и домаќинско работење на новото раководство на ЕСМ тоа ќе се постигне.Набрзо од денес енергетскиот систем во Македонија ќе биде целосно консолидиран и вратен во нормална состојба, што ќе доведе и до пониски цени на електричната енергија.

Македонија | пред 1 година

TEC_Negotino-1000x600-1

Штетен мазут доставуван во ТЕЦ Неготино во време на енергетска криза, а раководството на АД ЕСМ од СДС и ДУИ му правеле и анекси на добавувачот, тврди ВМРО-ДПМНЕ

“Клиентeлизмот на СДС и ДУИ излезе на виделина. Целата мизерија на СДС, ДУИ и поранешното раководство на ЕСМ пред очите на јавноста. Во време на тешка енергетска криза СДС и ДУИ прекршувале закони, заобиколувале постапки и допуштале низа пропусти се со цел сопствен профит”, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:Уште еден скандал констатиран на ДЗР во ревизија на работењето на АД ЕСМ за период од 2019 до 2022 година каде се утврдени низа нерегуларности. Раководството на претпријатието од СДС не ги спроведувало јавните набавки согласно закон.ДЗР констатира дека при набавката на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, АД ЕСМ раководството толерирало низа пропусти на доставувачот, кој ги немал секогаш задолжителните залихи, доцнел со испораката и не ја почитувал динамиката.Дополнително АД ЕСМ и покрај тоа што не добивала мазут како што било предвидено во договорот, во два наврати склучува анекси со истиот добавувач, со што ја зголемува вредноста на дoговорот.На штета на јавниот интерес на Македонија, на стопанството и граѓаните раководството на АД ЕСМ толерирало испорака на мазут со примеси на голем број нечистотии, со што се предизвикале дефекти во мазутната станица.Дали СДС и ДУИ играле игри со цената на мазутот во време на енергетска криза за остварување на сопствен профит?Поради кои причини раководството на АД ЕСМ толерирало неквалитетен мазут и лоша испорака?Кои се причините и зошто два пати анексирале договор?Колку јавни повици СДС и ДУИ злоупотребиле на штета на интересот на Македонија и граѓаните?За чиј интерес работело поранешното раководство на ЕСМ а на штета на државниот интерес во време на енергетска криза?

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-16-at-11.44.22

Потребна е оставка од Антоанета Димовска и колективна одговорност од Судски совет за незаконското назначување во УО на Академијата, вели ВМРО-ДПМНЕ

„На Судскиот совет и Советот на јавни обвинители како да не им е грижа за ниската доверба на граѓаните, па со свои постапки продолжуваат да ја поткопуваат и така ниската доверба во правосудните органи од само 2%“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Со последниот дрзок упад кој што Судскиот совет го направи во Академијата на судии и јавни обвинители, дополнително ќе ја намали довербата на граѓаните во правосудството.Пред недела дена, на 24 октомври, спротивно на закон, Судскиот совет за член на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, наместо судии, ја назначи Антоанета Димовска, која истовремено е член на Судскиот совет.Според Членот 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, се забранува избрано или именувано лице истовремено да врши функција на член на орган на управување во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице кое располага со државен капитал.А, токму членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители се избрани и именувани лица и не можат да вршат функција во органи на управување како што е Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Тоа е флагрантно кршење на законските прописи.Антоанета Димовска, освен што спротивно на закон е назначена за член на УО на Академијата, треба да се напомене дека е и сестра на пратеничката на СДС, Снежана Калеска Ванчева.Дали роднинските врски со членови на СДС бил мотивот на Судскиот совет да го прекрши законот и Антоанета Димовска да ја назначи за член на УО на Академијата за судии и јавни обвинители?Одговор треба да дадат и од СДС и да кажат, која е нивната улога и дали се вмешани во овој избор?Освен одговори, потребно е Димовска да си поднесе оставка од незаконски добиената функција, а Судскиот совет да понесе колективна одговорност за противзаконскиот упад во системот.

Македонија | пред 1 година

mepso

Раководството од СДС и ДУИ во МЕПСО му испатило аванс од 1,8 милиони евра на фирма која пет години немала приходи, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„За набавка на уредот за корекција на напоснки профил, раководството на МЕПСО поставено од СДС и ДУИ, на албанската фирма за штанцање на фактури за наплата, Шанси инвест му исплатило аванс од 1,8 милиони евра. Тоа е 20 отсто од вредноста на тендерот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:„Шанси инвест пет години, во периодот од 2019 до 2023 година, немала никакви финаски приходи. Првите приходи кои ги остварила и тоа во вредност од само 18.000 денари, биле во 2023 година, за потоа веќе во следната 2024 година да го добие милионскиот тендер од МЕПСО.Значи, МЕПСО под раководство лица од СДС и ДУИ, на фирма која пет години немала никави приходи им доделуваат тендер од 10 милиони евра.Освен што раководството од СДС и ДУИ во МЕПСО доделило јавна набавка на конзорциумот меѓу Шанси инвест и Далековод АД Загреб во вредност од неверојатни 10 милиони евра, тку и во договорот се договорило да исплати аванс од 20%, односно 1,8 милиони евра, на Шанси инвест, фирма која пет години немала ни денар приход.Поврзаноста и намерата во добивањето милионскиот тендер од МЕПСО, се повеќе од потребни индиции за Јавното обвинителство да не чека и веднаш на отвори истрага и за истиот случај да следи одговорност“.

Македонија | пред 1 година

vmro_dpmne

Автопатот кон Блаце по траса за жнеење милиони на блиски до СДС и ДУИ, наместо автопат имаме пустелија, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Автопатот кон Блаце по траса за жнеење милиони на блиски до СДС и ДУИ, наместо автопат имаме пустелија“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Автопатот од Скопје до Блаце во должина од само 10 километри е испроектиран од страна на СДС и ДУИ да ја чини државата 300 милиони евра. Трасата поминува по имоти кои подоцна биле купувани од лица блиски до тогашната власт.Врхушката на СДС и ДУИ, сакала да профитира од експропријацијата.Народот очекува одговор за тоа дали власта сакала да си инкасира милиони преку блиски лица. Информирано е јавното обвинителство и се чека да се покрене постапка.Трасата треба да се препроектира и да се добие автопат по помала цена. Државата ќе нема загуба, туку блиски лица на поранешната власт на СДС и ДУИ.Македонија нема 300 милиони евра за фрлање за автопат од 10 километри.СДС и ДУИ, не работеле за да направат автопат, туку да инкасираат милиони.Неодговорното и неспособно работење и однесување завршува со нив.

Македонија | пред 1 година

sobranie-nov-sostav-2024-vmro-dpmne

Да не се грижи СДС, економскиот пустош што го оставија во седумгодишното владеење го поправаме, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Да не се грижи СДС, Македонија се движи во правилна насока и опустошената економија која ја оставија, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има план и програма како да ја развие“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:СДС од опозиција глуми лажна грижа за граѓаните и економија, имаа седум години да ја развиваат Македонија и да зголемат економскиот. Но наместо тоа, оставија урнисана економија, девастирани институции, празен буџет.За разлика од СДС, ВМРО-ДПМНЕ на власт презема конкретни мерки за заживување на економија и за зголемување на животниот стандард на граѓаните.За само два месеци влада, ВМРО-ДПМНЕ донесе четири странски инвестиции, од кои само една е во вредност од над 500 милиони долари, и нови над 1500 вработувања.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го зголеми пензиите за 5000 денари линеарно покачување за сите пензионери, следи зголемување на платите на просветните работници кое до крајот на мандатот ќе достигне 46%.Над четири милијарди евра само во прва фаза ќе бидат доделени на сите општини за реализација на капитални и инфраструктурни проекти кои што директно ќе влијаат на заживување на економијата и стопанството и со тоа ќе се овозможи рамномерен економски развој.

Македонија | пред 1 година

Antonijo-Miloshoski-18.06.2022

Милошоски: СДС и ДУИ им подарија инструмент во рацете на Бугарија за блокада на патот кон ЕУ, а Филипче нема авторитет ниту кај своите сопартијци и затоа се што е добро критикува

Во вечерашната емисија „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија гостуваше пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски каде што истакна дека Венко Филипче нема авторитет ниту кај своите сопартијци и поради тоа одбира да критикува се што е добро.„Според мене мислам дека Венко Филипче како нов претседател на СДС се обидува да се докаже не толку пред целокупната јавност туку се обидува да се докаже пред јавноста која е поблиску до СДСМ мислам дека го нема авторитетот на неговите претходници, мислам на Зоран Заев, Црвенковски, Радмила Шеќеринска и други претседатели кои што биле на чело на СДС и обидувајќи се да го изгради тој авторитет одбира да критикува се“ кажа Милошоски.Милошоски ја посочи лошата состојба која што наследи новата влада во однос на институциите и празниот буџет.„Поминаа 100 медени дена но јас не би рекол така, за прв пат Македонија од кога е независна држава немавме 100 дена на владата да и се даде можност да се адаптира на новите услови а новите услови не беа ни малку лесни затоа што буџетот беше во многу лоша состојба, довербата во институциите на катастрофално ниско ниво и затоа сметам дека настапот на Венко Филипче да критикува се не соодветствува со реалноста со работата на Владата, вели пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.Милошоски во однос на кредитот од Унгарија истакна дека досега немало потранспарентна најава, дека е најавен точно уште во предизборието, со многу ниска поволна камата ,со средства кои се прилично добри и за ликвидноста на македонското стопанство но и за општините бидејќи голем дел од средствата би биле наменети за сите општини за нивните инфраструктурни проекти“ нагласи Милошоски.Милошоски се осврна и на евроинтеграциите каде што потенцираше дека претходната власт на ДУИ и СДС направила огромни грешки особено со потпишувањето на договорот во 2022 година кога власта на СДС и ДУИ им подари инструмент на Бугарија за легално блокирање на ЕУ интеграциите.„Сметам дека владата на СДС и ДУИ направија голема грешка, суштинска грешка кога прифатија билатеризација а евроинтеграциите. Со потпишувањето на вториот протокол кој што Бујар Османи и неговата колешка во Софија го потпишаа во 2022 година сметам дека се направи голема грешка. Тогаш на Бугарија владата на СДС и ДУИ и подари инструмент за легално блокирање на ЕУ интеграциите. Кој што гледаме дека сега резултираше со поволна одлука за Албанија и неповолна одлука за Македонија“ потенцира Милошоски.

Македонија | пред 1 година

02102024-Mickoski-8

До 30 илјади евра грант за бизнис и 250 евра ваучер за електронски уред за сите студенти, вели ВМРО-ДПМНЕ

„ВМРО-ДПМНЕ и Владата го исполнуваат ветеното. ВМРО-ДПМНЕ и Владата покажаа кој е на високо место на листата на приоритети. Досега на дело се виде обезбедување на пари од буџетот за студентите, лекарите, студентските домови и инфраструктурни проекти, продолжуваме со новитети во креирањето на младинските политики“, вели вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ обезбедува со новиот буџет фонд во висина од 10 милиони евра за развој на бизниси за млади лица од 18 до 29 години.Млади на оваа возраст ќе добијат можност за грантови за поддршка во износ до 30 илјади евра.На овој начин се стимулира домашната економија, се поттикнува економската активност, а воедно се создаваат финансиски независни и успешни поединци.Дополнително за сите студенти се обезбедуваат ваучери во вредност до 250 евра за купување на електронски уреди.ВМРО-ДПМНЕ и Владата испорачуваат иднина за младите!

Македонија | пред 1 година

IMG_4934

Лефков: Тоа што СДС губи на анкети 5:1 не е оправдување за да го вреѓаат граѓаните со зборот „будали", веднаш да се извинат

,,Очигледна е нервозата во Социјалдемократскиот сојуз по објавените анкети дека се 5 пати послаби од ВМРО-ДПМНЕ, но тоа не е и не може да биде оправдување за вреѓањето на граѓаните со зборови како „будали".СДС мора да сфати дека партиите постојат заради граѓаните, а не граѓаните заради партиите. Затоа кога народот казнува и кажува дека не му се допаѓа некоја политичка партија, истата не треба да го навредува, туку да се поправи.Најмалку што можат од СДС да направат е да смогнат сили и да се извинат.Срамота е до кое дереџе ја донесе Филипче партијата која некогаш важеше за главен политички опонент на ВМРО-ДПМНЕ.Ова е истата реторика на Стево Пендаровски кој го нарекуваше народот стока. Истиот заврши во политичка пензија.Топло им порачуваме на СДС за лошите резултати на анкетите, вината да си ја бараат во криминалните структури во партијата, а не кај народот.Ги повикуваме сите чинители во државата, граѓански организации и политички партии да го осудат односот на Социјалдемократскиот сојуз кон граѓаните. Вреѓањето на народот не смее да стане политички дискурс.”, вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

120190420_222432

ВМРО-ДПМНЕ: Поминаа 24 часа, СДС уште не им се извини на граѓаните што ги нарече ,,будали''

,,Поминаа 24 часа, а СДС уште не им се извини на граѓаните што ги нарече ,,будали''.СДС упорно продолжува да ги понижува граѓаните.Очигледно е дека СДС се нервозни од најновата анкета во која нивната партија има дополнително ослабнато споредено со изборите, но тоа не е и не може да биде оправдување за да ги вреѓаат граѓаните.СДС не смее да го навредува народот, тоа што се спречени да крадат и затоа се најмногу нервозни треба да го земат за лекција, да се реформираат и да се исчистат од криминалци, а не да мечтеат за да продолжат по истите патеки каде што застанаа.Очекуваме извинување од СДС до граѓаните и осуда од сите чинители во државата. Ваквиот однос на политичка партија која претендира да биде најголема опозициска партија не смее да биде пракса.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија, државата 7 години ја потонаа во криминал, вели ВМРО-ДПМНЕ

“СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија, државата 7 години ја потонаа во криминал”, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:СДС ликуваат на тоа што Македонија е заглавена. СДС напорно работеа првин да бидеме ставенј во исто кош со Албанија, а потоа и Албанија да не претрка.СДС свесно работат Македонија да биде заглавена почнувајќи од договорите потпишани од Заев, завршувајќи со криминалот и корупцијата кои царуваа 7 години со СДС.2% доверба во судството, девастирано здравство и образование, СДС систематски ја разгради државата.Радоста на СДС нема да трае, Македонија оди напред, со ВМРО-ДПМНЕ следува економска трансформација, владеење на право и просперитет.

Македонија | пред 1 година

Lefkov-13.08

Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери, ДЗР утврдил во спроведувањето на јавните набавки

„СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери“ вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и додава:Фирми блиски до СДС свртеа милиони евра народни пари од ЕСМ преку РЕК до здравство каде жареше и палеше Венко Филипче.Дражавниот ревизор при ревизија на буџетот за 2021 година, која е направена во 2023 година кај дел од постапките за јавни набавки утврдил недоследности во начинот на планирање, спроведување и реализација, поради што за дел од истите започнати се постапки пред надлежни органи.Судството и обвинителството со 2% доверба очигледно е споро и не гледа тоа што целата јавност го гледа.Треба да истражи и утврди како Венко Филипче има 5 стана во Скопје кои претходно не ги пријавувал во анкетен лист, луксузен џип, хациенда на семејството на Водно. Тоа е се имот кој треба да биде проверен како е стекнат.Стотици милиони се одлеани на сомнителни тендери, а сомнителност и недоследности утврдува и ДЗР.Институциите да не чекаат и да почнат да постапуваат.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања