ВМРО-ДПМНЕ

Screenshot-2023-09-22-at-08.21.48

Груби и неговите помагачи мора кривично да одговараат пред македонските органи, вели ВМРО-ДПМНЕ

Артан Груби мора да сноси одговорност за криминалните дејствија. Тој се најде на црната листа на САД поради криминални и корупциски дела. Стратешкиот партнер обезбедил докази дека Груби земал мито за да влијае во судски предмети и одлуки.Груби во влијанието во судството не бил сам, логистика за тоа му беа патериците од СДС. ДУИ и СДС заеднички, седум години, поставувале свои луѓе во правосудниот систем. Судиите и обвинителите ги бираа во нивни партиски штабови.Се поставува прашањето во колку судски процеси и во колку судски одлуки СДС и ДУИ вијаеле и ја спречиле правдата, или пак во колку граѓански постапка влијаеле за да се донеси одлука во нивна корист? Затоа судството е целосно компромитирано и со доверба од граѓаните од 2%.За ваквото деградирање и мешање во правосудството одговорност мора да има. Сите соучесници на Груби, исто како него, треба да сносат одговорност и да се соочат со лицето на правдата пред македонските органи.Јавното обвинителство не треба да чека, туку треба веднаш да постапува и да ги обезбеди доказите. Ако САД можеле да ги обезбедат доказите за мешање и влијанија на Груби во судски одлуки, истите можат и мораат да ги обезбедат и нашите истражни органи.Повикуваме судиите и обвинителите да се разбудат и да почнат да си ја работаат работа за коишто се платите од граѓаните, согласно закон. Кривична одговорност за Груби и за неговите помагачи во СДС и ДУИ мора да има.

Македонија | пред 1 година

grubi

Не отворањето истрага против Артан Груби ја покажува спрегата на ДУИ и СДС со правосудството, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонскиот судско обвинителски систем во спрега со политиката од минатата владејачка гарнитура. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период го зборува почна на дело и да се покажува, судиите и обвинителите заортачени со СДС и ДУИ, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Впрочем, тоа е така, затоа што тие судии и обвинители се поставени директно од челниците на СДС и ДУИ кои, место за правда во Македонија, одработуваат за спас на криминалците од СДС и ДУИ.СДС и ДУИ со години во правосудниот систем си поставуваа судии и обвинители по нивна мерка, кои ќе работат во нивна корист, наместо за општото добро на државата и граѓаните. Поставените судии и обвинители ДУИ и СДС после тоа ги користеле за влијанија во истражни и обвинителни постапки, како и во судски одлуки.Тоа се покажа и потврди и со ставањето на Артан Груби на црната листа на Стејт департментот на САД. Една од причините поради кои Груби се најде на црната листа, е токму заради криминалното мешање во судството, кој земал мито за да влијае на судски одлуки.Криминалните дејствија успеа да ги види и за нив да обезбеди докази нашиот стратешки партнер САД, но тоа не можат да го видат нашите октроирани и од СДС и ДУИ поставени обвинители. Со секој изминат ден во кој нема истражна постапка за утврдување на криминалните дела сторени од Артан Груби, Јавното обвинителство го пробива секое дно и ја поткопува и така ниската доверба од граѓаните.Не отворањето истражна постапка против Груби, само ја покажува спрегата на ДУИ и СДС со правосудството, што го потврди САД со ставањето на десната рака на Али Ахмети на нивната црна листа.Криминалните дејанија Артан Груби ги правел во период кога бил колега со Венко Филипче во истата влада на СДС и ДУИ и истите тие го узурпираа судството во државата.На цела македонска јавност сега им е јасно за повиците на ВМРО-ДПМНЕ до судството и обвинителството да почнат да си ја работат работата за кои се платени и да работат по закон. И исто така, македонските граѓани добро знаат дека на таквите повици кога реагираат СДС и ДУИ дека тоа било политички притисок, всушност се нивните изблици на страв од губење на контролата и доаѓање на период на одговорност за сторените криминали.Сите знаат дека драмолетката и циркусот со Уставен суд е, исто така, режија на ДУИ за политичка и медиумска видливост и дефокусирање на јавноста. Се што СДС и ДУИ прават и правеле во изминатиот период, е за да се спасат од одговорноста која им следи за сиот криминал направен изминатите години, и за тоа не бираат средства и ги користат дури и најсензитивните теми, како меѓуетничките односи.Одговорност за сторените криминали и корупција од страна на челниците на СДС и ДУИ мора да има, а за тоа е потребно само судиите и обвинителите да почнат да работата по закон.

Македонија | пред 1 година

VenkoFilipceSDSM

Филипче преку матните тендери во РЕК Битола на неговиот ментор Заев, поддржуваше поскапа струја за народот, вели ВМРО-ДПМНЕ

Филипче преку матните тендери во РЕК Битола на неговиот ментор Заев, поддржуваше поскапа струја на народот, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Матните тендери во РЕК Битола, каде што фирми блиски до Заев испумпуваа десетици милиони евра и 7 години го опустошуваа енергетскиот комбинат, за Филипче не е криминал.Тендерот од 43 милиони евра за ископ на Марковски компани, кој сега веќе е поништен од новото раководство во РЕК Битола, е само дел од многуте тендери каде што фирми како Јавор Транс и други, блиски до аболицираниот Заев, испумпуваа милиони.Потрчкото на Заев, Филипче не се откажува од својот ментор, а со тоа не се откажува од поскапата цена на струјата заради која страдаше народот, ниту од криминалот во РЕК Битола.Филипче и неговото раководство, не се откажуваат од аболицираниот Зоран Заев, туку напротив, продолжуваат со неговите политики да ја водат СДС.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2021-08-13-at-13.40.38

Пишувањето писма со жалпојќи до меѓународните претставници нема да ги направи функционерите од ДУИ Европејци, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Пишувањето писма со жалпојќи до меѓународните претставници нема да ги направи функционерите од ДУИ Европејци“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:ДУИ наместо да почнат да делуваат како реална опозиција, тие се занимаваат со пишување писма.Во ДУИ треба да сфатат дека пишувањето писма со жалопојќи до меѓународните претставници нема да ги направи Европјеци.Кога станува збор за ДУИ едно е јасно тие се креатори на криминалот во Македонија, а СДС се кумови.ДУИ да престане да ги злоупотребува Албанците во Македонија за да се спаси од криминалните активности.Од криминал никој нема да се спаси. Помина времето на практикување криминал како што беше во времето на СДС и ДУИ. Сега за сторен криминал се одговара пред надлежни институции.

Македонија | пред 1 година

market-pari

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги зголемува платите во повеќе области, со СДС бевме на праг на банкрот, велат од партијата на власт

„По само 5 месеци власт, Владата на ВМРО-ДПМНЕ, во договор со Сојузот на синдикати, склучи историски договори за зголемување на платите во образованието за 46% до крајот на мандатот, а од 40% до 50% во здравството, а догодина ќе се зголемат платите и на административните работници“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:Пензиите на пензионерите, ќе се зголемени за 5000 денари. 2500 денари се веќе реалност, а 2500 денари на своите сметки пензионерите ќе добијат во март.Со мерката за ограничување на маржата за училишен прибор, на граѓаните им се намалија давачките за училишни прибори и реквизити за училиште.Со намалување на синдикалната кошничка, во одделот за храна и пијалоци, се намалија давачките на граѓаните за околу 1500 денари, или 18 илјади денари годишно за едно домаќинство.За разлика од 2023 година, во власт на СДС кога инфлацијата беше 9,4%, 2024 година со само 5 месеци власт на ВМРО-ДПМНЕ, инфлацијата ќе биде 3,5%, а проекциите за 2025 година се дека инфлацијата ќе биде на ниво од 2,5%.За разлика од криминалното владеење на СДС, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ обезбедува плати за сите работници навремено, исплаќа субвенции кои власта на СДС поради лични причини, не им ги давале на земјоделците и враќа кредити кои врхушката на СДС ги има направено во име на државата, за кои и нашите поколенија ќе треба да ги плаќаат.До крајот на годината се очекува да се влеат во државата, над милијарда евра директни инвестиции, нешто што никогаш се нема случено.Во тек е и Божиќна кошничка со која ќе се намалат цените на над 600 продукти, со што ќе се зголеми животниот стандард на граѓаните.За разлика од криминалното владеење на СДС, Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи во интерес на граѓаните и подобрување на животниот стандард.

Македонија | пред 1 година

VenkoFilipceSDSM

Филипче не се откажува од Заев, а и со лажните ветувања како што беа од „Европско здравство“ до „Менгеле здравство“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Филипче не се откажува од Заев, Филипче е спотер на Заев, Филипче не се откажува од Заев затоа што само така може да опстои на политичката сцена, а со тоа и да се обиде да избегне одговорност од криминалните дејствија, скандалите и аферите кои што го пратат уште како министер за здравство“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Филипче не се дистанцира од Заев, а со тоа не се дистанцира ниту од погубните политики за државата.Заев го избра Филипче и за да ја избегне одговорноста за сите скандали, афери и криминални дејствија во изминатите 7 години, за да може кланот Заеви слободно да продолжи да функционира.Тандемот Заев и Филипче ветуваше членство во ЕУ за бесплатни здравствени услуги а креира „Менгеле здравство“ што воедно е најцрниот период во македонското здравство.„Менгеле здравство‘‘ имаше Македонија во време кога истиот Филипче, неврохирург и потрчко на Заев, беше Министер за здравство.Крахот на македонското здравство под раководство на СДС и ДУИ доведе до агонија кај пациентите, пациенти без терапии и без лекови, неефикасен систем на закажување на термини, егзодус на лекарите и не постоење на систем на квалитетни здравствени услуги.Со неоткажувањето од Заев, Филипче не се откажува ниту од Крмзов, кој беше фатен во даночни малверзации. Филипче со тоа што не се откажува од Заев, не се откажува ниту од неговиот криминал со Глобал, за кој беше аболициран.Филипче не се откажува од Заев затоа што 7 години системски ја уништуваа државата и македонското здравство.Филипче не се откажува од Заев затоа што Филипче беше прв ортак со Ден Дончев за Диамед, имаше милионски крвави тендери за приватизација за анализа на крв, Македонија ја остави без вакцини за корона, Македонија стана држава со најголема смртност по глава на жител, Филипче короната ја дочека без тестери, Филипче ги остави докторите без заштитна опрема, Филипче градеше модуларни без почитување на стандарди.Филипче не се откажува од Заев затоа што обвини кабел кога живи луѓе, пациенти изгореа во модуларна болница во Тетово, изби скандалот Онкологија, кога наместо терапија даваа вода на пациенти, медицински персонал беше фатен во кражба на цитостатици и вратен на работа и низа други скандали.Филипче не се откажува од Заев затоа што заедно го направија крахот во здравството и ја колабираа Македонија и економски и политички.Филипче не се дистанцира од Заев а со тоа не се дистанцира ниту од политичката траекторија која ја исцрта Заев, граѓаните тоа го знаат и нема да дозволат погубните политики на Заев да се надградат, прошират и мултиплицираат.Граѓаните нема да дозволат тандемот Заев-Филипче да ги манипулира додека тие се богатат на грбот на македонскиот народ, а бизнисите на кланот Заеви слободно функционираат.

Македонија | пред 1 година

filipce-zaev-haris-dzinovic-dubai

Докажаните мерки на партијата на Филипче, Заев и Харис Џиновиќ се доказ за неспособност и деструктивност, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Докажаните мерки на партијата на Филипче, Заев и Харис Џиновиќ се доказ за неспособност и деструктивност кои ја донесоа државата до работ на економски, институционален и морален колапс“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Стотици илјади лица се иселија од Македонија, инфлацијата достигна рекордни бројки, граѓаните живеат со најниски плати во регионот, а корупцијата и националните предавства станаа заштитен знак на оваа партија.Со нивната неспособност, автопатите и пругите останаа само на хартија, а парите за нив завршија во нечии џебови. Граѓаните сè уште ја паметат трагедијата во модуларната болница, случајот со „Дурмо турс“ и скандалите со онкологијата, за кои никој не сноси одговорност. СДСМ молчи, бидејќи е под притисок од својот коалициски партнер ДУИ, чија злоупотреба на институциите достигна ново ниво на безобразие.Граѓаните на Македонија се најнесреќни во Европа, дишат најзагаден воздух, а над 600 илјади живеат во екстремна сиромаштија со само 150 денари дневно. Во меѓувреме, Филипче си гради хациенди, купува луксузни возила и заштитува веледрогерии, додека болните умираат без соодветна нега.Додека македонската јавност чека одговори за вмешаноста и расплеткувањето на трагедиите со онкологија и модуларната болница, како и за милионските набавки низ здравството кои доведоа до стотици милиони евра долгови на Фондот за здравство и клиниките, глетката на Филипче, кој со доза на воодушевување и гордост го снима својот ментор Зоран Заев како нарачува песни од Харис Џиновиќ, точно ја покажува свеста на овие луѓе кои сега зборуваат за "докажани мерки".Единствено докажано е вашата неспособност и криминогеност, поради што изгубивте на последните избори со катастрофална разлика, а рејтингот од 6 до 8 проценти е само уште еден доказ за тоа каде терате и што мисли народот за вашите "докажани мерки".

Македонија | пред 1 година

Vesna-Dameva-2

Дамева, како и нејзини претходници се едни од виновниците за довербата во правосудството од 2%, вели Лефков

На синоќешното гостување во емисијата „Објектив" на МТВ, пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков говореше за оставката на Весна Дамева и појасни дека и Дамева и претходната претседателка, како и Наќе Ѓорѓиев, се едни од виновниците за довербата во правосудството од 2%.„Да ве потсетам, во минатото, Судскиот совет на затворена седница, има одлучено да сопре постапка за Наќе Ѓорѓиев и ако тоа го споредите со извештаите на ЕК, каде што на најстрог начин беше пренесено да се преземат мерки", истакна Лефков.Пратеникот додаде и дека одредени членови на Судскиот совет и одредени судии, се дел луѓето заради кои не може да се воспостават реформи во правосудството.„Токму оние кои што се дел од една одредена политичка игра, кои што долгуваат на оние кои што ги донеле на тие места, долгуваат „хипотеки" на некои многу важни политички актери во минатото и не знаејќи како да се ослободат од истите, тие се најголеми кочничари на реформи во правосудството", заклучи Лефков.

Македонија | пред 1 година

znaminja

Тензиите се резултат на дејствата на одредени функционери кои имаат криминално минато и се обидуваат да го заштитат своето богатство, вели Ристески

Пратеникот Петар Ристески од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешното гостување на телевизија 24 во емисијата „Отворено“, истакна дека причината за тензиите и дестабилизацијата е резултат на дејствата на одредени функционери кои, според него, имаат криминално минато и се обидуваат да го заштитат своето богатство.„Лично и како партија го осудувам и осудуваме ова што се случи и што се случува, но многу повеќе жалам кога го слушам вокабуларот на политичарите од опозицијата, вклучително и на колегите денес“, изјави Ристески.Ристески истакна дека нема потреба од никакви тензии или дестабилизација, посочувајќи дека ситуацијата е обид на корумпирани функционери на ДУИ кои, како што рече, се стекнале со големи богатства на криминален начин додека ја практикувале власта.„Ова дело е обид на корумпираните функционери на ДУИ кои во изминатите години, додека ја практикуваа власта, се стекнаа со големи богатства на криминален начин. Ова е еден начин да ги задржат украдените пари и да избегнат одговорноста пред органите на прогонот“, нагласи Ристески.Според Ристески, празникот Ден на албанското знаме го празнуваат 99% од Албанците достоинствено и со почит, додека мал процент од нив, поврзан со криминални дела, го злоупотребуваат за свои цели.„Кога еден празник, многу е лицемерно, ниско и мизерно, кога еден ваков празник, каде што 99% од луѓето од Албанците си го празнуваат на симболот на албанското знаме, достоинствено онака како што доликува. Мал процент, кој му бил ментор на тие млади луѓе со кого се сликани, со оној кој направи најголеми криминали и е најодговорен за тоа што се проневерија милијарди евра од државниот буџет во изминатиот период додека ДУИ беше на власт, а тоа е Артан Груби“, посочи Ристески.Ристески истакна и дека е забележано присуството на лица кои биле приведени и кои играле улога во предизвикувањето на настаните и немилите сцени.„Видовме слики на лицата кои се приведени и кои го предизвикуваа овој настан, овие немили сцени, слики со Артан Груби“, заклучи Ристески.

Македонија | пред 1 година

filipce-sdsm-co-1

Филипче е марионета на Заев, не нуди ништо ново на политичката сцена, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС ништо не се менува, Филипче и новите кадри се продолжена рака на Заев“, вели вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Филипче е лојален на Заев, ги поддржува и е дел од сите предавства, скандали и криминали на претходното раководство.Филипче не се откажува од Заев а со тоа не се откажува ниту од криминалите кој тој ги правел во РЕК Битола, ЕСМ и предавствата со Бугарија.Филипче не се откажува од Заев и старите политики и афери како издавањето на над 200 пасоши на белосветски криминалци, како и од рекетот и криминалот во фирмите кои ги правеле.Филипче не се откажува од Заев затоа што тој верно го следи Заев и сака да биде како Заев.Филипче е бледа копија на Заев. Заев е тој што раководи со СДС од далечина, додека се рашетува по Дубаи и светот со парите спечалени на грбот на македонскиот народ.Филипче и тимот на СДС не нудат ништо ново на политичката сцена. Дека тимот на Филипче не е ништо поразличен и е континуитет со политиките на Заев знаат и членовите на СДС, а тоа се гледа и во кадровската криза и проблемите во екипирањето.Во раководството на СДС на важни позиции има личности кои што немаат ниту ден партиски стаж и коишто се јавно непознати, но се верни слуги на Филипче и Заев.Нема јака опозиција си вакви репрезенти кои се континуитет на погубните политики на Заев.

Македонија | пред 1 година

filipce-sdsm-co-5

Филипче нема да стане лидер со лидерска, туку ако му каже доста на својот стопан Заев, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Филипче нема да стане лидер со лидерска, туку ако му каже доста на својот стопан Заев“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Тезата на СДС дека ако нема лидерска нема да се збори за безбедноста и мирот, е погрешна. Филипче лидер нема да стане со лидерска средба и на тој начин да стекне авторитет. Филипче лидер ќе стане доколку на неговиот стопан Заев му каже доста, наместо да подголтнува и се потресува како сега.Меѓудругото е интересно што и овој пат, СДС и ДУИ имаат иста теза.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-34-0880PM

Од „Нема правда, нема мир“ на СДС до целосен колапс и блиску нула доверба во правосудниот систем, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Од слоганот на СДС „Нема правда нема мир“, но и од правдата на која се надеваа дел во учесниците во Шарената револуција, денес правосудството е на дното, а довербата на граѓаните во судството и обвинителството блиску до нула“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Надежта за правда, на која се фокусираше СДС, заврши неславно со инсталирање на обвинители и судии избрани во Струмица и Зајас кои не постапуваат по наводите за криминал.Од урлањето на Зоран Заев дека ќе донесе правда во Македонија, остана само клиентелизмот на судиите избрани во Струмица и Зајас кои ги опструираат предметите и не постапуваат.Љупчо Коцевски 6 месеци нема покренато ниту едно обвинение. Љупчо Коцевски е целосно одговорен за не постапувањето и неработењето на обвинителите под него.Љупчо Коцевски е одговорен за ставањето под закрила на политичките криминалци од СДС и ДУИ. Коцевски наместо да работи на владеење на првото и да го санкционира криминалот, тој ја продлабочува недовербата на граѓаните во правосудството.Коцевски е платен од граѓаните и треба да ја гарантира правдата и владеењето на правото, а не да е во спрега со политичките криминалци на СДС и ДУИ.Коцевски и ЈО со прст не мрднаа по мноштвото докази кои излегоа во јавноста за сторен криминал. За Коцевски не постои институтот за отворање на предмет по допрен глас.Коцевски не постапува по наводите за криминал во Онкологија, ЈПДП, Државна Лотарија, ТЕЦ Неготино, РЕК Битола, ЕСМ, МЕПСО, Министерството за здравство, нивите купувани вдолж трасата за автопатот Скопје – Блаце и мноштво предмети за кои известуваа медиумите.Коцевски треба да знае дека правдата не смее да чека, граѓаните заслужуваат правда и не можат повеќе да трпат неуспех, несериозност и непрофесионалност од судиите и обвинителите.

Македонија | пред 1 година

zaev-filipce-1

Филипче потврди дека е продолжена рака на Заев, тој не се откажа од предавствата, аферите и криминалот, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Филипче потврди дека е продолжена рака на Заев, тој не се откажа од предавствата, аферите и криминалот“, вели ВМРО-ДПМНЕ по интервјуто на Венко Филипче и додава:„Новиот“ тим на потрчкото на Заев, Венко Филипче се луѓе кои биле членови на поранешни НВО и Сорос активисти.Или Филипче само потврди дека е продолжена рака на Заев, тој не се откажа од предавствата, аферите и криминалот.Аврамовска Мадиќ, не може да биде новото лице на СДС. Истата таа, ги осмисли измените во Кривичниот законик за амнестија на криминалците од СДС и ДУИ.Потрчкото на Заев, Филипче е само една обична марионета, која слепо ги следи наредбите на Зоран Заев, само за да не одговараат пред надлежните институции.Сегашното раководство на марионетата на Заев, лица од третиот и четвртиот ешалон во СДС, се лица кои се деца на Заев, израснати во СДС и одработуваат за нивниот лидер.Поради нив, Македонија седум години тонеше на економско, културно, здравствено и секое друго општествено поле. Тие се виновници за лошата инфраструктура, тендерите во здравството и обезличувањето на македонскиот народ.Ова е убедливо најлошиот избор во раководството на портчкото на Заев, бидејќи и самиот тој Филипче, не верува во луѓето што ги постави да бидат до него.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-02-at-09.03.48

ЈО на чело со Љупчо Коцевски ги штити политичките елити блиски до СДС и ДУИ, децидни се од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и ДУИ ја заробија правосудната власт и ја претворија во алатка за политички клиентелизам, што резултира со институционална инерција“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:СДС и ДУИ предизвикаа ерозија на довербата во јавните институции и судскиот систем.СДС и ДУИ го повредија владеењето на правото и ја поткопаа јавната верба во способноста на државата да обезбеди правда без да има присуство на пристрасност, особено кога политичките елити на СДС и ДУИ се вклучени.Врхушката на СДС и ДУИ се исплашени за милионите кои што ги спечалија на грбот на обичниот народ и поради тоа што се плашат дека доаѓа време за правда тие посегнаа по примитивни методи, со што ја уназадуваат државата.Обвинителите и судиите избрани во Струмица и Зајас не смогнаа сили да се издигнат над ситуацијата и да делуваат професионално.Само обвинителите на кој Коцевски им е одговорен и Коцевски не постапуваат по наводите за криминал во РЕК Битола, ТЕЦ Неготино, МЕПСО, Онкологија, ЈПДП, Државна лотарија и многу други.Обвинителите и судиите на Заев и Ахмети за стотици предмети кога треба да се одлучува и да стави потпис на налог за увид, претрес или лишување од слобода, тие се трудат со сите средства да ги опструираат процесите.Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски не презема мерки за значајни предмети и покрај јавните докази за криминални активности и корупција.Неактивноста на Јавниот обвинител доведува до незадоволство кај граѓаните од правосудниот систем, со тоа што се обидуваат да ги заштитат своите разбојници од правни последици, а на тој начин ја прошируваат корупцијата како да е нормална појава и комплетно го блокираат правосудството. Поради таквите постапки довербата на граѓаните во судскиот систем е 2 проценти.СДС и ДУИ ги окупираа институциите со нивните функционери за да ги заштитат нивните интереси и да ја задржат власта.На тој начин СДС и ДУИ ја лишија јавноста од правичност и отчетност.ЈО да се разбуди и почне да работи, граѓаните очекуваат правда и владеење на правото.

Македонија | пред 1 година

sudija

СДС и ДУИ целосно го партизираа и колабираа судството во Македонија, обвини ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и ДУИ целосно го партизираа и колабираа судството во Македонија“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:СДС е целосно во хаос и секојдневно тоне во сопствените илузии во обид да се консолидира.Наместо нонсенс соопштенија и прес конференции, СДС нека се потрудат народот да дознае кој им е лидер, пред да манипулираат и обвинуваат без цврста основа, конкретни докази и без контекст.СДС и ДУИ судско обвинителскиот систем во Македонија го направија катастрофален, со СДС и ДУИ македонското судство стана пример за тоа што значи заробено судство.СДС и ДУИ го уништија системот и ја урнисаа довербата во институциите.Довербата на граѓаните во судско обвинителскиот систем кој го креира СДС и ДУИ е на ниво од 2 проценти.СДС и ДУИ креираа партиски опструирано и заробено обвинителство и судство. СДС и ДУИ креираа мала група обвинители и судии, кои се партиски послушници и го контаминираат правосудниот систем.СДС наместо да прифати одговорност за своите криминални скандали, се обидува да ја насочи дискусијата на политички манипулации, што е само уште еден обид да се избегне јавниот преглед на нивните неуспеси, неоспорната корупција која го рефлектираше нивниот режим.Граѓаните одамна ја препознаа вистинската природа на СДС, партија без визија, без кредибилитет, и без капацитет.ВМРО-ДПМНЕ се залага за реформи во судскиот систем.ВМРО-ДПМНЕ презема сериозни чекори за стабилизирање на институциите и создавање на независен правосуден систем, а тоа не им се допаѓа на СДС и ДУИ и нивни блиски структури кои ги користеле и злоупотребувале институциите за сопствени лукративни потреби.ВМРО-ДПМНЕ се залага за борба против криминалот и корупцијата, и сите оние кои го прекршиле законот треба да бидат санкционирани, сите скандали и криминали на претходната власт за кои постои доказ потребно е да се разоткријат и да излезат на виделина во јавноста.ВМРО-ДПМНЕ се залага за градење и подобрување на институционалните капацитети на системот и враќање на довербата на граѓаните во правосудните органи.ВМРО-ДПМНЕ се залага за реформи кои ќе ја вратат правичноста и транспарентноста во судскиот систем, а најавените чекори за одговорност кај обвинителите и судиите не се закани туку обврска за владеење на право.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања