ВМРО-ДПМНЕ

IMG_5149

Стојаноска: Владата на Мицкоски за 30 дена донесе бројни инвестиции и капитални проекти, а Владата на СДС и ДУИ носеше само скандали

„Кога на 23-ти минатиот месец зборував за предлозите на тогаш идниот премиер за министри напоменав дека никого нема предвреме и неосновано да фалам. Денес е точно 30-ти ден оттогаш и денес премиерот ни предлага имиња за заменици министри за во Владата на Република Македонија, истакна пратеничката Дафина Стојаноска на денешната седница на Собранието.„Да видиме што сработеа тогаш предложените гласани министри на чело со премиерот Мицкоски во текот на изминативе 30 дена. На 25-ти јуни, објавена инвестиција на „Алказар Енерџи“ од околу 450 милиони евра за целосна енергетска независност, струја за 100.000 македонски семејства и работа за 630 македонски граѓани. На 26-ти јуни после точно 100 години почеток на изградба ново училиште во општина Кисела Вода, инвестиција вредна 1,5 милиони евра за околу 500-тини ученици.“, потсети Стојаноска.Пратеничката посочи дека на 27-ми јуни се изнајде решение за покачување на пензиите за над 300.000 пензионери. На 28-ми јуни се одржа прва владина седница на која што се донесени одлуки за повисоки пензии и укинат Факултетот за здравствени услуги во Струга.„На 29-ти јуни се одржа средба на премиерот Мицкоски со министерот Тошковски и објава на јасна порака од премиерот и министерот дека никој не е над народот, над законите и над Уставот. На 30-ти јуни се донесе решение 250 милиони евра за развој и капитални проекти на општините. На 1-ви јули се стави камен темелник на нова градинка во Бутел за над 200 дечиња, во вредност од над 100 милиони денари“, истакна таа.Стојаноска додаде на 2-ри јули се донесе одлука за укинување на економските директори по здравствените домови, универзитетските клинички центри, универзитетски клиники, клинички болници и институти. Таа потсети дека на 4-ти јули е започната изградба на спортска сала „Партизан“ во Гевгелија и пуштен булевар од Гевгелија до граничниот премин „Богородица“.„На 5-ти јули имаше објава на нова германско – белгиска инвестиција во Македонија, нов производствен погон во општина Петровец вреден 20 милиони евра за вработени 110 македонски граѓани“, појасни пратеничката.Стојаноска укажа дека на 8-ми јули се објави и американска инвестиција во Македонија вредна 35 милиони евра и 100 нови вработувања. На 10-јули беше учество и обраќање на премиерот Мицкоски на НАТО Самитот во Вашингтон. На 13-ти јули преку 20 средби на македонскиот премиер и министрите од делегацијата со лидери на држави членки на НАТО. На 14-ти јули се изнајдоа решенија за финансирање и функционирање на клиничката болница во Штип и кичевската болница, како и интензивни комуникации со соседни и пријателски земји околу добивање на нивна помош и вклучување во гасење на пожарите низ Македонија. И ред други капитални инвестиции се случија во текот на овој месец но и остварување на бројни билатерални средби.„Засега имаме Влада како никоја друга досега ги започна првите триесет дена. Отворени се фронтови на сите полиња, како во борбата со криминалот, така и во отворањето и изнаоѓање на нови инвестиции, како во изнаоѓање на начин за покачени пензии во износ од 2.500 денари веќе од септември оваа година, така и во кратење на економските директори“, нагласи Стојаноска.Таа додаде дека во минатата Влада предводена од СДС и ДУИ имаше само бројни скандали наместо проекти.

Македонија | пред 1 година

IMG_5147

Стојаноски: Оваа влада мандатот го започна со неколку инвестиции и проекти уште од првиот ден

На денешната седница во Собранието на Македонија за предлог за именување на заменици министри во владата се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој истакна дека оваа влада мандатот го започна со инвестиции и проекти уште од првиот ден.„На министрите и на сегашните заменици министри ќе им ја повториме пораката дека секој еден од нив кој што е именуван на некоја позиција е именуван таму за да ги придвижи работите и нештата кон позитивна насока“ кажа Стојаноски и додаде:„Граѓаните излегоа и кажаа дека не сакаат како до сега, и во изминатите 30 дена се покажа јасна разлика дека ако се работи како што треба и ако се работи посветено може да се придвижат нештата во позитивна насока и граѓаните конечно да видат дека и за оваа држава доколку има кадри кои што се чесни и работливи може да се оди напред.Стојаноски посочи дека заменик министрите треба да ги слушаат граѓаните и соодветно на тоа да ги администрираат проблемите.„Со вашето именување почитувани кандидати за заменици министри, министерствата треба да бидат операционализирани и конечно ќе се добие потребната ширина за да можат луѓето кои што ќе ги водат министерствата да ја исполнат и својата примарна цел а тоа е да ги слушаат граѓаните и соодветно на тоа да ги администрираат проблемите“ посочи Стојаноски.Стојаноски исто така истакна дека мандатот оваа влада го започна се неколку нови инвестиции и проекти.„Мандатот оваа влада го започна со тоа што уште првиот ден беше потпишан договор со странска инвестиција од 450 милиони евра, ветерен парк каде што треба да има 650 вработувања, се започна со ново училиште во општина Кисела Вода, камен темелник на нова градинка во Бутел, нова спортска сала во Гевгелија, нова градинка во Трубарево“ кажа Стојаноски.

Македонија | пред 1 година

IMG_5146

Ласовска на седницата за замениците министри: Програмските определби ќе се реализираат

Вашата улога како заменици е еднаква со онаа на министрите, зошто, затоа што треба да им бидете десна рака на министрите, рече пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Собранието на која се расправаше за предлогот за заменици министри во Владата.Според неа замениците заедно со министрите треба да го трасираат патот кон кој ќе се движи Македонија.„На 8 мај, на изборите, здружената опозиција извојува историски најголема победа. Јасно е зошто е тоа така, затоа што народот верува дека ќе може да направи позитивни промени“, кажа Ласовска.Пратеничката Ласовска со порака до замениците министри.„Работете домаќински кон Буџетот и почитувајте го Собранието. Почетокот на Владата е одличен, не губиме надеж и покрај лошата затекната ситуација во институциите“, рече Ласовска.Ласовска укажа дека програмските определби ќе се реализираат до последно.„Се влезе во институциите и се констатира историски грабеж. Но, ние сите подеднакво продолжуваме со реализирање на ветеното, односно сега веќе на владината програма“, заклучи Ласовска на денешната собраниска седница.

Македонија | пред 1 година

120190420_222432

ВМРО-ДПМНЕ: За еден милион евра за Спасов очекувавме поинвентивни лаги

,,За 1 милион евра државни тендери очекувавме пиар агенцијата на СДС, Рејтинг на Никола Спасов да биде поинвентивна во смислувањето лаги и манипулации.Спасов е чист пример како во времето на СДС парите единствено се трошеа кај пулените на СДС, наместо кај граѓаните.Спасов се стекна со милиони од државни тендери креирајќи лажни анкети кои не беа ни блиску до реалноста.Спасов од Рејтинг во ек на власт на СДС доби одобрение за изградба на фотоволтаична централа од 2.18 мегавати.Кога сме кај возењето со авиони, токму функционерите на СДС ги оштетија граѓаните. Од 30 дена, владиниот авион министрите на ДУИ и СДС го користеле 25 дена, дури и до Ниш, а Заев и министри на СДС одеа со државен хеликоптер дури и до градови низ Македонија без никаква потреба.Заради СДС за владиниот авион за сервис ќе се платат 1 милион евра од буџетот на граѓаните.Заврши времето на нерационално се трошеа народните пари и наместо за граѓаните парите одеа кај пајташите на СДС и ДУИ.Вистинското прашање кое СДС треба да одговори каде се поделени 100 милиони евра без критериуми за наводна поддршка на компании во ковид?Или како се потрошени 550 милиони евра за пруга која завршува во тунел без излез?Или како се трошеа матните тендери преку нивниот шеф Филипче во време на ковид криза?За сето ова ќе има истрага, а потоа ќе следи и одговорност.”, велат ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_5138

ВМРО-ДПМНЕ: Спасов се стекна со бизнис од 10 милиони евра со СДС, дали затоа сега одработува со пиар за лажни вести?

,,Спасов се стекна со бизнис од 10 милиони евра со СДС, дали затоа сега одработува со ПР за лажни вести?Спасов од Рејтинг во ек на власт на СДС доби одобрение за изградба на фотоволтаична централа од 2.18 мегавати.Фотоволтаичната централа на Спасов може да генерира приходи и до половина милион евра годишно. Во времетраење од 20 години фотоволтаичната централа на Спасов може да сврти и до 10 милиони евра.Дали фотоволтаичната централа со која Спасов се стекнал во време на СДС е причина за неговото одработување и ПР на креирање на лажни вести кој тој им го пласира?”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_5127

Митева: Дали бизнисот од 10 милиони евра е извор на приходи за сите лаги и лошиот пи-ар на СДС

,,Во 2018 година кога СДС е во врвот на власта Спасов од Рејтинг добива дозвола за изградба на фотоволтаична централа со моќност од 2.18 мегавати под името Гама Солар 1.Кога Спасов ја добива дозволата за градба на фотоволтаичната централа Венко Филипче, сегашниот претседател на СДС е министер во владата.Се поставува прашањето дали Венко Филипче играл улога во добивањето на одобрението и дали Спасов му е лично должен на Филипче?Да одиме со ред.Фотоволтаичната централа на Спасов не е мал капацитет и за истиот да се изгради и стави во функција според енергетичарите се потребни и до 2 милиони евра.Фотоволтаична централа на Спасов годишно може да генерира приходи и до половина милион евра, што за период од 20 години, колку што е оптималниот животен век на истата ќе значи 10 милиони евра приходи.Дали овој бизнис од 10 милиони евра е извор на приходи за сите лаги и евтин ПР на СДС?Од СДС наместо да се темелат на конструкциите на Спасов подобро ќе биде да се спремаат за долга опозиција и одговорност и политичка и институционална за сите криминали кои ги направиле.”, вели Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и функционерите на СДСМ се шетаа со хеликоптерот, авионот, а резултат од патувањата беше блокада на Македонија на сите полиња

,,Додека СДСМ беше на власт, а Зоран Заев премиер тој низ Македонија се возеше со хеликоптер. Истото го правеше и Радмила Шекеринска како министерка за одбрана, но не остануваа покусо и другите функционери на СДСМ да го користат хеликоптерот.Функционерите на СДСМ не само што за низ Македонија го користеа хеликоптерот, се луксузираа и што вели народот за наваму натаму и со владиниот авион.Функционерите на СДСМ не сопираа тука. Тие трошеа за низа непродуктивни патувања, патувања кои резултираа со блокирање на Македонија на секое поле.Сега ситуацијата е сосема поинаква. Средбите се со цел и се во полза за Македонија и граѓаните. Или за овој период има околу 20 средби, а истите резултираат со отворање на патот за граѓаните и Македонија во подобра насока. Или само за овој период има три инвестиции кои ќе го зголемат стандардот.Колку за илустрација само на Самитот на Европската политичка заедница, премиерот Христијан Мицкоски се сретна со новиот министер за надворешни работи на Велика Британија, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, Јаков Милатовиќ, претседателот на Црна Гора, Румен Радев, претседател на Бугарија.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Спасов решително ја води СДС во амбис, преку водење на ПР, кој е срам за партијата и членовите

,,Никола Спасов, мислејќи дека со низок ПР, исполнет со лаги манипулации, ќе му се допадне на народот, тој го докажува само спротивното. Народот уште повеќе ги подржува политиките, на Владата, а рејтингот на СДС и понатаму вртоглаво паѓа.Над 900.000 евра, пари на граѓаните има добиено Спасов од владата на СДС, преку неговата агенција Рејтинг, а дел и за организирање измислени настани.Местење на договорени тендери, за неговата агенција Рејтинг, не е исто со водење на јавни односи на партија. Очигледно Спасов е научен, само преку местенки и позадински игри, да си ги завршува работите во животот. Но овој пат тоа нема да му помине, бидејќи граѓаните го имаат прочитано.Ваквиот начин на водење на партијата, од страна на Спасов и Филипче, е срам за чесните членови на СДС.” велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Заев на настани во Македонија одеше со државен хеликоптер, нема да дозволиме криминалците преку лажни обвинувања да го сведат ВМРО-ДПМНЕ на нивно ниво, враќа ВМРО-ДПМНЕ

“Од 30 дена, владиниот авион министрите на ДУИ и СДС го користеле 25 дена. Меѓудругото и за летови до Ниш”, вели ВМРО-ДПМНЕ како реакција на СДСМ и додава:Ваквата искористеност на владиниот авион сега допринесе за сервис кој чини 1 милион евра кои ќе биде платен од буџетот на граѓаните.Воедно да не се заборави дека Заев на настани во Македонија одеше со државен хеликоптер.СДС повторно покажува дека нема никаква визија или идеја за иднината на Македонија. Нивните празни зборови и бесмислени обвинувања не можат да ја прикријат нивната неспособност и корупција. Заради вакввиот однос на СДС како oвој оваа партија доживеа истприски пораз и забрзано тоне кон целосна нерелевантност.Во периодот кога тие беа на власт, Македонија беше сведок на невидена економска стагнација, масовно иселување на младите и континуирани скандали.Што се однесува до трошоците за кои СДС зборува, тие се далеку помали од оние кои беа направени во нивното време на власт. Не само што нивните трошоци беа целосно непродуктивни.Нема да дозволиме криминалците преку лажни обвинувања да го сведат ВМРО-ДПМНЕ на нивно ниво.СДС е партија на минатото, партија која го загуби контактот со реалноста и потребите на граѓаните. Наместо да критикуваат, нека понудат конкретни решенија за проблемите кои самите ги создадоа. ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на нашите ветувања и продолжува да работи за иднината на Македонија.Најдобриот одговор на нивната демагогија е нашата посветена работа и резултатите кои ги постигнуваме. СДС може да продолжи со своите празни напади, но граѓаните веќе ги препознаваат и знаат кој вистински работи за нив.ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се бори за подобра Македонија, за нашите деца и за идните генерации.

Македонија | пред 1 година

IMG_4456

Братот на Венко Филипче, заедно со Вице Заев ќе произведуваат струја од фотоволтаици, пред заминување од власт направиле централа од 1.5 мегавати во Дојран, тврди Лефков

„Братот на Венко Филипче, заедно со Вице Заев ќе произведуваат струја од фотоволтаици, пред заминување од власт направиле централа од 1.5 мегавати во Дојран“, вели Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник и додава:На крајот на минатата 2023 година, Вице Заев и Никола Филипче, братот на Венко, формираат заедничка фирма под името „Фос имерас“. Сопственици на „Фос имерас“ се две компании. „Тотал инженеринг“ од Струмица во сопственост на Вице Заев и „Плус нетворк“ од Скопје чиј сопственик е Никола Филипче.Никола Филипче брат на Венко Филипче ја купува земјата во Дојран на која сега е изградена фотоволтаичната централа од 23000 м2 во 2021 година, кога министер за здравство е неговиот брат.Додека Венко Филипче е министер за здравство во владата на Зоран Заев, неговиот брат преку министерството за транспорт добива дозвола за пренамена на земјиштето со цел изградба на фотоволтаична централа. За неполн месец градоначалникот на Дојран од редовите СДС го менува ДУП-от и овозможува Филипче да ја гради централата.За ова Венко Филипче е претседател на СДС, да ги штити бизнисите на семејствата Заеви и Филипче.Филипче е претседател на СДС за да може уште некој градоначалник од оваа партија да направи добра основа за бизнис зделка нему блиски луѓе, како неговиот брат и на Вице Заев.Филипче е прочитан. Одговори и одговорност мора да има.

Македонија | пред 1 година

IMG_4831

ВМРО-ДПМНЕ и за Рејтинг на Спасов:На власт со милион евра тендери, и фотоцентрала, а во опозиција ќе ги дозакопа

ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение и критики за работата на агенцијата за маркетинг Рејтинг на Никола Спасов, син на поранешниот министер и амбасадор Ѓорѓи Спасов.Спасов кој преку Рејтинг од СДС извади милион евра тендери, и фотоцентрала за струја, сега ќе ги дозакопа во опозиција, констатира ВМРО-ДПМНЕ.„Очајниот ПР на СДС кој го пробива секое дно, кој се претвори во плукање до дехидрирање го води Спасов и неговата агенција Рејтинг, кои изминативе години од власта на СДС земаа 1 милион евра во тендери. Спасов си ги доодработува и дозволите за изградба на фотоволтаици, бизнис кој СДС го делеше меѓу своите најблиски, како Ковачевски, Заеви и други видни функционери. Не е чудо зошто СДС не само што продолжува по истиот лош пат, туку и нема срам за се што направи, велат од ВМРО-ДПМНЕ, констатирајќи дека со ваков ПР СДСМ ќе загуби уште пратеници.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Спасов кој преку Рејтинг од СДС извади 1 милион евра тендери, и фотоцентрала за струја

,,Спасов кој преку Рејтинг од СДС извади 1 милион евра тендери, и фотоцентрала за струја, сега ќе ги дозакопа во опозиција.Очајниот ПР на СДС кој го пробива секое дно, кој се претвори во плукање до дехидрирање го води Спасов и неговата агенција Рејтинг, кои изминативе години од власта на СДС земаа 1 милион евра во тендери.Спасов си ги доодработува и дозволите за изградба на фотоволтаици, бизнис кој СДС го делеше меѓу своите најблиски, како Ковачевски, Заеви и други видни функционери.Не е чудо зошто СДС не само што продолжува по истиот лош пат, туку и нема срам за се што направи.Со Спасов и Рејтинг, СДС може комотно да очекува пад на бројот на пратеници на следните избори.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска нека одговори за аферата за лажен поврат на ДДВ преку кој се одливале милиони од државната каса во приватни џебови

,,Очигледно во СДС се уште не се разбудени од филмот во кој беа пред изборите.Таа партија заедно со нивните наредбодавци од ДУИ ја донесоа државата до состојба на банкрот, оставајќи повеќе јавни претпријатија повеќе од 3 месеци без плата, плаќајќи во ветар 240 милиони евра за автопат кој не е ни почнат, заглавувајќи во долгови профитабилни јавни претпријатија кои сега се задолжуваат пред банки и земаат кредити да сервисираат основни обврски.Да ја потсетиме јавноста за госпоѓицата Лукаревска што таа направи да го придонесе овој хаос во државава, и што направи како составен дел од бандата на Заеви и нивниот хирург Филипче додека државата се пљачкаше бескурпулозно и се цицаа парите од граѓаните. Таа е дел од нивниот ментален склоп и од цела нивна историја и составен дел од сето зло што го направија на државата и народот.Наместо празни прес конференции да држи Лукаревска, нека одговори на граѓаните која е нејзината улога во аферата за лажен поврат на ДДВ преку кој се одливале милиони од државната каса во приватни џебови. Можеби јавноста треба да се запознае дека целата оваа афера е во надлежност на поранешната директорка на УЈП, Сања ЛукаревскаТоа е таа Лукаревска и наместо да се сокрие или да покаже разлика од нејзините ментори Заеви таа се сили за теми кои ем не ги разбира, ем придонела лично со несовесно работење да кулминираат како проблем во државата.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

пред 1 година

Lefkov-13.08

Лефков: Каде се сокри Филипче или нема одговор како се стекнал со луксузната хациенда на Водно и џип Ауди Q8?

,,Каде се сокри Филипче или нема одговор како се стекнал со луксузната хациенда на Водно и џип Ауди Q8?Филипче да каже како семејниот имот му се зголемил за луксузна хациенда од 1 милион евра на Водно и како е платена, со кои пари и како се заработени?Филипче да каже како го купил џипот кој го вози или е на друго име и зошто тој некој му го дал да го вози?Со што Филипче задолжил некого толку многу за истиот да му даде на користење луксузен џип Ауди Q8?Филипче да каже како неговиот семеен имот се зголемил во милионски износ во време додека тој е на функција или непосредно после тоа.Дали милионските тендери во здравството играле улога во зголемувањето на имотот на Филипче?ДКСК да го истражи имотот на Филипче.Одговорност мора да има.”, изјави Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Македонија | пред 1 година

IMG_4331

ВМРО-ДПМНЕ: Славјанка Петровска да каже дали луксузната хациенда е уште нејзина или ги крие парите од продажба

,,Славјанка Петровска да каже дали луксузната хациенда е уште нејзина или ги крие парите од продажба.Според катастарските снимки во моментот кога Петровска вели дека го продала земјиштето, таму била изградена луксузната хациенда. Тоа води кон два заклучоци:1. Славјанка Петровска не ја продала хациендата, туку ја префрлила на друго лице, за истото да го чува и крие нејзиниот имот или2. Таа ја продала хациендата, а парите од продажба не ги пријавила во нејзиниот анкетен лист и со тоа можеби влегла во низа кривични дела.Славјанка Петровска да не се крие зад пратеничкиот мандат и да каже дали ја крие хациендата на друго лице или ги сокрила парите од купопродажбата.ДКСК да не чека и да отвори случај.", велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања