ВМРО-ДПМНЕ

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да не чека и да отвори случај за хациендата на Славјанка Петровска

,,ДКСК да не чека и да отвори случај за хациендата на Славјанка Петровска, нека почне со прашањето зошто сметките за струја и вода се на татко и.Во 2019 година, цели 10.000 евра изнесуваат неплатените сметки на таткото на Петровска за струја, ако таа не е нејзина, тогаш зошто не се обратила до ЕВН долгот да не се тарифира на татко и? Или пак Петровска е толку дарежлива што прифаќа долг од други лица, и тоа ни повеќе ни помалку туку од 10.000 евра.Хациендата на Петровска не само што не е пријавена и таа ја крие, туку е и дивоградба.Ако Петровска тврди дека ја продала хациендата, а не ја засолнила на туѓо име, тогаш нека каже каде се парите од купопродажбата и зошто не се наведени во нејзиниот анкетен лист.Според катастарските снимки јасно се гледа дека во моментот кога Петровска тврди дека го продала земјиштето, таму постоела хациендата. Значи не може да станува збор за продажба на земјиште, туку најмалку на целата хациенда, а ако тоа е така и ако не е само фиктивно префрлена сопственоста нека ги покаже парите од трансакцијата и дали ги пријавила.Што и да каже Петровска не може да се вади, фатена е во дубиози и одговорност мора да има.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Trajko-Slaveski

Славески: Во предвидениот ребаланс на Буџет нема предвидено средства за набавка на нови автобуси во Град Скопје, шокантно е тврдењето на Арсовска дека има предвидено цел еден денар

„3-4 месеци пред завршувањето на минатата 2023 година, градоначалникот Арсовска имаше изјава во медиумите по 16-17-тиот неуспешен обид за изгласување на одлука за задолжување за набавка на еко автобуси, таа изјави дека во Буџетот за 2024 година ќе бидат определени средства за набавка на еко автобуси. Моето објаснување се заснова на тоа тврдење и затоа што немаше таков предлог во Буџетот за 2024 година останавме повторно на тие предлози“,истакна претседателот на Совет на Град Скопје Трајко Славески на денешната седница на Советот на Град Скопје.Тој продолжи и додаде:„Прашањето е дали има средства предвидени во буџетот за таа намена затоа што вчера имавме комисија за ребалансот на буџетот и не беше известено дека има во ребалансот некоја промена која оди кон одвојување на средства за набавка на автобуси“, вели Славески.Славески запраша дали има средства во буџетот предвидени за почнување на постапката за набавка на автобуси во Град Скопје, на што градоначалничката Данела Арсовска му одговори дека да, цел еден денар има за да се отпочне.

Македонија | пред 1 година

IMG_5049

Јаревски: ДКСК да отвори случај за хациендата на Славјанка Петровска во Радишани, како е направена, со кои пари и без документи

,,ДКСК да отвори случај за хациендата на Славјанка Петровска во Радишани, како е направена, со кои пари и без документи.Славјанка Петровска да не мисли дека е заборавено дека истата изградила огромна хациенда во Радишани на диво, без документи.Петровска ја криеше хациендата, но сметките за струја и вода кои беа објавени, а се на името на татко и говорат дека истата и те како има поврзаност со спорниот имот.Петровска да не се крие и да каже дали ужива во благодедот хациендата? Дали некој од нејзиното семејство ја користи? Зошто ја крие и од кои пари е направена?ДКСК да не чека Петровска да се изјасни туку да отвори случај за хациендата на Славјанка.Доволно е Антикорупциска да погледне на чие име се сметките на луксузната хациенда, тоа е појдовна основа од каде може да почне да истражува.Помина времето на политичари кои го крадеа народот и остануваа неказнети.Одговорност мора да има.”, вели Тони Јаревски, пратеник.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС кои ја направија државата див запад за мафијашки пресметки, нека не се грижат одговорност ќе има за сите

,,Партијата на неврохирургот на Заеви познати по шурување со криминалните банди низ Македонија во чие време Македонија сатана Мека за дилерите и убијците се најде да прозива на тема која најмалце и одговара.Откако со неспособниот Спасовски кој народот го остави без лични документи и пасоши грижејќи се пасоши да добијат земунскиот, кавачкиот и шкаљарскиот дилерски клан и други бандити од Балканот, го направија Скопје див запад, познат по мафијашки престрелки и незавршени случаи.Нека не се грижи СДС одговорност за сите ќе има, вклучувајќи ги и тие кои ја доведоа земјава до ова дереџе да има на дното на листата за борба против корупцијата, каде има доверба од 2 проценти во судството, каде граѓаните живеат со 150 денари дневно, нема операциони сали, се краде од најтешко болните, и нема образовен систем, додека земјоделците и работниците се борат за подобар стандард не наоѓајќи слух и поддршка од криминалците од СДС и ДУИ. Затоа ви препорачуваме да се покриете и да си ставите прст на чело. Не е ни чудно што едвај 180 илјади гласа добивте и станавте маргинална партија во државава.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО:ДПМНЕ: ДКСК да испита и отвори случај за џипот на Филипче, крие ли имот на друго име?

,,ДКСК да испита и отвори случај за џипот на Филипче, крие ли имот на друго име?ДКСК да провери како е набавено луксузното Ауди Q8.Дали Филипче го платил со свои пари или друг го купил за него. Доколку друг го купил зошто му го дал на Филипче и дали може да се доведе во корелација со некој тендер или можеби со фирма или поединец кои имале бенефит од власта.ДКСК да отвори случај и да ги истражи сите детали, по што мота да следува и соодветна постапка.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче да ги даде уплатниците за џипот, и да каже како го набавил со плата

,,Венко Филипче да ги даде уплатниците за џипот, и да каже како го набавил со плата.Венко Филипче може да се види како се вози во луксузно Ауди Q8, кое го нема пријавено ниту во својот анкетен лист.Венко Филипче мора да каже како го платил луксузниот џип, и како успеал тоа да го стори со плата?Доколку џипот не е на негово име, Филипче да каже што услуга завршил на тој што го купил истиот.Никој не купува нов џип од стотици илјади евра и го дава на возење на некој друг, и сосема случајно тој друг да е поранешен министер за здравство и лидер на опозициска партија.Филипче да не се крие зад партијата, да излезе и да ги покаже уплатниците за џипот, ако ги нема да каже кој му го купил и зошто.Филипче мора да знае дека тоа што е претседател на политичка партија нема да го спаси од одговорност.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Каматната стапка на унгарските пари е дупло помала од таа на еврообврзницата која СДС ја обезбедија

,,Минатата година владата на СДС и ДУИ обезбеди евро обврзница од 500 милиони евра со каматна стапка од 7%. Парите обезбедени од Унгарија се со каматна стапка од 3.25% или повеќе од половина помалку од таа обезбедена од Владата на СДС и ДУИ.Година и пол по еврообврзницата на СДС, државата нема ништо направено, парите отидоа во приватни џебови. Додека половина милијарда од Унгарија, половина ќе бидат за кредити за компании и за стопанството, другата половина за општински капитални проекти и развој на локалната самоуправа.СДС вели дека е загрижена дека ќе се зголеми јавниот долг над 65 проценти. Владата на ВМРО-ДПМНЕ е со стаж од помалку од еден месец, што значи дека СДС јавно призна дека поради неодговорното и криминално владеење на Заев, мали Заев и неврохирург на СДС Венко Филипче долгот го зголемиле до енормни граници. Разликата е што сега овие пари ќе се трошат одговорно и домаќински, наместо на сомнителни тендери завршувајќи во приватни џебови.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4330

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема морална одговорност, остана во политика и покрај што во негов мандат живи изгореа 14 луѓе

,,Филипче нема морална одговорност, остана во политика и покрај што во негов мандат живи изгореа 14 луѓе.Венко Филипче е фолирант исто како Зоран Заев, првин поднесе фингирана оставка, за потоа повторно да остане министер. Се повлече со Заев, за потоа повторно да се врати како претседател на СДС.Во секоја друга демократска држава, по таква трагедија како со пожарот во модуларната болница во Тетово, министерот си дава неотповиклива оставка и си заминува трајно од јавната сцена. Тоа што Филипче остана во политика покажува дека има образ ѓон.Филипче нема морална одговорност како човек, за него важни се само тесните интереси на Заев и него лично.Филипче е избран за претседател на СДС за кога ќе треба да се соочи со одговорност, да се вади на политички притисок.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Глупави се соопштенијата на СДС каде се тврди дека се криела средба со бугарскиот премиер, нема тајни средби на јавен настан, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

,,Глупави се соопштенијата на СДС каде наводно се тврди дека се криела средба со бугарскиот премиер Главчев. Нема тајни средби на јавен настан пренесуван во живо.СДС не треба да се грижи поминаа времињата кога премиерот Заев служеше за потсмев на меѓународна сцена додека тој самиот ја виткаше кичмата на Македонија и потпишуваше се што му ставаа на маса само за да го покрие криминалот на бате Вице и неговите блиски пајташи. Неговиот по криминал брат Филипче сега ја продолжува таа практика но за среќа прочитани се. Тие се грдото лице на едно поразено бреме.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

120190420_222336

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ги аминуваше милионските тендери на директорката Пановска кон Веледрогеријата на татко и, дојде на чело на СДС за да се заштити

,,Филипче ги аминуваше милионските тендери на директорката Пановска кон Веледрогеријата на татко и, дојде на чело на СДС за да се заштити.Венко Филипче мисли дека се крие зад позицијата претседател на СДС, со цел кога ќе треба да одговара за криминалите да се жали на политички притисок.Венко Филипче како министер беше соучесник во тендерите кои Клиниката за Хематологија, каде директорка беше Ирина Пановска ги даваше на Веледрогеријата др. Пановски, во сопственост на таткото на Пановска.Без Венко Филипче тендерите тешки милиони во здравството, а кои ја брануваа јавноста немаше да бидат можни.Филипче се надева дека некогаш повторно ќе може да го прави истото, за негова жал, а за среќа на народот, тоа никогаш повеќе нема да биде случај.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4978

Стојаноски: Во изминатиот период Македонија имаше многу корупциски скандали и сериозен проблем со корупцијата, токму затоа соработката на ДКСК со институциите треба да е на врвно ниво

На денешната седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски истакна дека во изминатиот период Македонија имаше многу корупциски скандали и сериозен проблем со корупцијата и токму затоа соработката на ДКСК со институциите треба да е не врвно ниво.„Во изминатите години Македонија има многу сериозен проблем со корупцијата, ја подржувам работата на ДКСК и ќе се вложам да институциите поревносно одговараат на вашите иницијативи бидејќи еднаш засекогаш треба да се реши корупцијата, бидејќи и во извештајот на ДКСК и извештајот на Европската комисија Македонија е држава во која што владее епидемија на корупција. Но ДКСК може да поднесе колку сака иницијативи но доколку не постои поддршка од институциите не само од ЈО, едноставно тоа ќе остане само на страниците на извештаите“ кажа Стојаноски и додаде:„ДКСК во текот на 2023 поднела 28 иницијативи до надлежните јавни обвинителства, едната е отфрлена а 27 се во тек. Како комисија сте искажале пред јавноста дека „Законите носени за „Бехтел и Енка“ со европско знаменце се политичка корупција. Класичен пример кога вие им укажувавте на владата дека е политичка корупција и кога го побаравте договорот што добивте од владините институции, редактирана верзија, со вакви затворања на врати од институциите, лавиринти, трикови, не може да очекуваме дека ќе се намали корупцијата“ кажа Стојаноски.Стојаноски истакна дека институциите треба да соработуваат а особено соработката со ДКСК треба да е на врвно ниво.„Институциите треба да знаат дека треба да биде правило соработувањето со ДКСК и се што ќе биде побарано треба да биде веднаш испратено соработката треба да постои и да биде на врвно ниво на приоритети“ кажа Стојаноски.

Македонија | пред 1 година

IMG_4977

Василевска: Прикривањето на коруптивните скандали и енормното богатење на многумина политички фигури доведе до намалување на степенот на доверба кај граѓаните во правото и правосудниот систем

„Прикривањето на коруптивните скандали, енормното богатење во овие изминати 30 години на многумина политички фигури, но и фигури кои се во сивата зона помеѓу политиката и бизнисот секако во спрега со вертикалната линија на употреба на државните институции доведе до тоа степенот на доверба кај граѓаните во правда и правосудниот систем да биде на најниско можно ниво“, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска на денешната собраниска Комисија за политички систем и односи помеѓу заедниците.Таа истакна дека дава иницијатива за во наредниот период да се увиди со какви мали законски интервенции може да се направи работа на ДКСК поефикасна и уште понезависна.„Ние како територија сме мала земја, како народ сме поврзани на различни начини и секој за секого има претстава од каде тргнал, а каде стасал. Исто така нешто што лично како граѓанка ме погодува е безобразието на оние кои ја злоупотребуваат политичката моќ, тоа е во делот на она што се нарекува политичка култура. Стана срамота да сте чесен, стана голема привилегија да сте моќен и да ги користите формално или неформално спрегите на моќ“, посочи Василевска.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

За хаосот во ЈСП одговорен е директорот од СДС и нивниот коалиционен Данела со која заедно изгубија избори, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

,,За хаосот во ЈСП одговорен е директорот од СДС и нивниот коалиционен Данела со која заедно изгубија избори.СДС се единствено одговорни за хаосот во ЈСП. Директорот на ЈСП е нивен партиски активист, тој гордо се слика во нивниот централен штаб.Данела Арсовска е коалиција на СДС. Тие водеа еден фронт против ВМРО-ДПМНЕ кој беше катастрофално поразен на изминативе избори.Има уште една работа која ќе ги спојува СДС и Данела Арсовска во иднина. И СДС и партијата на Данела Арсовска за која никој не знае како се вика ќе немаат пратеници во Собранието, затоа што ги уништија и Скопје и Македонија.И Скопје и Македонија ќе се кренат на нозе, ќе има раст и развој, без Арсовска и без СДС.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

120190420_222432

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче знае да искоментира се, само не кажува како со плата стекна хациенда на Водно и луксузно Q8

,,Филипче знае да искоментира се, само не кажува како со плата стекна хациенда на Водно и луксузно Q8.Дали можеби и самиот Филипче не знае како се стекнал со огромниот имот? Па заборавил и да го пријави во својот анкетен лист.Дали Филипче ќе не убедува дека луксузното Ауди Q8 кое тој го возеше не е негово, туку некој му го дал, и кој е тој што дава на возење кола од 250.000 евра и со која цел?Дали Филипче може да докаже дека хациендата на родителите на неговата сопруга не е негова, и дека тој нема апсолутно никаква врска со истата?Уште колку време Филипче мисли дека ќе го лаже народот? Сите гледаат и знаат дека во политика се врати за кога ќе треба да дава одговори на овие прашања да се жали на политички притисок.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

120190420_222432

ВМРО-ДПМНЕ: Политиката на свиткана кичма на сиамскиот близнак на Венко, Заев донесе затруени плодови и штетни договори од кои и денес Македонија едвај глава крева

,,Венко Филипче наместо да пишува басни и писанија на социјалните мрежи во кои ни тој самиот не верува, треба да одговори дали чувствува вина што последиците од катастрофалните договори Македонија ги чувствува и денес.Политиката на свиткана кичма на сиамскиот близнак на Венко, Зоран Заев донесе затруени плодови и штетни договори од кои и денес Македонија едвај глава крева.Братот по криминал на Филипче, Заев додека со едната рака се колнеше во идентитетот, со другата потпишуваше договори и мака немаше.Членството во НАТО не е придобивка на Венко, но придобивка од Венко се десетици илјади луѓе кои ги загубија животите поради неспособниот Венко.Венко Филипче наместо да се занимава со висока политика треба да одговори дали уште смета дека кабелот е виновен за запалената модуларна болница?”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања