ВМРО-ДПМНЕ

120190420_222432

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче знае да искоментира се, само не кажува како со плата стекна хациенда на Водно и луксузно Q8

,,Филипче знае да искоментира се, само не кажува како со плата стекна хациенда на Водно и луксузно Q8.Дали можеби и самиот Филипче не знае како се стекнал со огромниот имот? Па заборавил и да го пријави во својот анкетен лист.Дали Филипче ќе не убедува дека луксузното Ауди Q8 кое тој го возеше не е негово, туку некој му го дал, и кој е тој што дава на возење кола од 250.000 евра и со која цел?Дали Филипче може да докаже дека хациендата на родителите на неговата сопруга не е негова, и дека тој нема апсолутно никаква врска со истата?Уште колку време Филипче мисли дека ќе го лаже народот? Сите гледаат и знаат дека во политика се врати за кога ќе треба да дава одговори на овие прашања да се жали на политички притисок.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

120190420_222432

ВМРО-ДПМНЕ: Политиката на свиткана кичма на сиамскиот близнак на Венко, Заев донесе затруени плодови и штетни договори од кои и денес Македонија едвај глава крева

,,Венко Филипче наместо да пишува басни и писанија на социјалните мрежи во кои ни тој самиот не верува, треба да одговори дали чувствува вина што последиците од катастрофалните договори Македонија ги чувствува и денес.Политиката на свиткана кичма на сиамскиот близнак на Венко, Зоран Заев донесе затруени плодови и штетни договори од кои и денес Македонија едвај глава крева.Братот по криминал на Филипче, Заев додека со едната рака се колнеше во идентитетот, со другата потпишуваше договори и мака немаше.Членството во НАТО не е придобивка на Венко, но придобивка од Венко се десетици илјади луѓе кои ги загубија животите поради неспособниот Венко.Венко Филипче наместо да се занимава со висока политика треба да одговори дали уште смета дека кабелот е виновен за запалената модуларна болница?”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Aleksandar-Nikoloski-22.06.2022

Николоски: Од следниот месец пензиите ги зголемуваме за 2,500 денари, а до март за дополнителни 2,500 денари

„Во мојот ресор за жал проблеми колку сакате, но ќе гледам да имам многу проекти, да излегувам со позитивни вести а проблемите да ги решавам и да давам информации кога ќе бидат решени“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на одбележувањето на 34 години од основањето на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица.Николоски во однос на состојбата за неговиот ресор истакна дека таа е финансиски катастрофална и додаде:„Сакам да споделам неколку податоци за да ги знаете и вие. Буџетската дупка е огромна, трошоците се огромни, но тоа не значи дека нема да го реализираме она што го ветуваме и веќе со ребалансот на буџетот кој би требало да биде усвоен во Собранието до крајот на месец јули, а да биде поднесе веќе следната недела, планираме да доделиме 100 милиони евра помош за општините со пакетот за поддршка на општините кој што го ветивме кој што в година ќе биде 250 милиони евра затоа што ќе е цела година, а пензиите се зголемуваат за 5,000 денари како што ветивме и почнуваат од следниот месец со 2,500 денари и до март месец уште 2,500 денари така што 5,000 денари во една година како што ветивме“, посочи Николоски.Николоски заклучи дека граѓаните очекуваат решенија а во исто време мора да имаме и нови проекти.

Македонија | пред 1 година

Marija-Miteva-14.06.2022

Митева: Во изминатиот период ВМРО-ДПМНЕ активно работеше на привлекување на инвеститори и за тоа како да имаме брзи резултати во интерес на граѓаните

„Ние како опозиција зборувавме дека активно работиме на привлекување на инвеститори, дека сме свесни за тоа каков ќе е исходот од изборите, ги покажувавме нашите анкети со кои ги гледавме резултатите во која насока се движат. Размислувавме за тоа како да имаме брзи резултати свесни за тоа во каква кондиција е буџетот и сите останати институциите“, истакна пратеничката, член на ИК и портпарол на ВМРО-ДМНЕ Марија Митева во гостување во поткаст „На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски“ на Канал 5 ТВ.Таа укажа дека не е погрешно да се направи одбележување на почеток на градба на градинката во Бутел.„Не сметам дека е погрешно да се направи одбележување на почеток на градба на градинка во Бутел која била од граѓаните на Бутел чекана со години. Секој проект има почеток и крај, почеток е поставувањето на камен темелникот, а крајот е конечната изградба на градинката“, вели Митева.Таа посочи дека состојбите ќе почнат да се помрднуваат кога јавноста ќе ја види разликата на вистинско делување со брзи резултати.Митева во однос на разрешувањето на Советот на јавни обвинители и Судски совет истакна:„Зошто наместо да се одговори со не се согласуваме со мерката која вие ја ставивте во предизборието во програмата за што добивте поддршка од граѓаните и за што многу ја зборувавме и сега наеднаш да се каже не се согласуваме со тоа. Зошто не излезе препорака од таа јавна дебата во која ќе се рече дека цениме дека ваквиот начин можеби е погрешен затоа што се задира во автономноста на одлучување, но како луѓе кои сакаме да ги промениме околностите во рамки на обвинителството ние изнајдовме предлог решение кое ќе го доставиме до Влада и цениме дека со должно внимание треба да го разгледаат“, децидна е Митева.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што токму сега одлучуваат компаниите да инвестираат е доказ дека тие немале таква одлука затоа што си имале работа во минатото со корумпирана и криминална влада

,,Од време на СДС државата наследи јавен долг за 2023, 62 отсто од БДП, буџетскиот дефицит 4,9 отсто, има пад на индустриско производство, распаднато здравство и образование, операциони сали надвор од функција, сиромаштија највисока во Европа. Инфлација највисока во регионот и Европа, 600 илјади луѓе живеат со 160 денари дневно.Тоа од СДС наследивме. Тоа што токму сега одлучуваат компаниите да инвестираат е доказ дека и покрај нивното подолго испитување на пазарот и можностите за инвестиција тие сепак во време на СДС и ДУИ, а што ВМРО-ДПМНЕ и неговата коалиција е најдобар одговор на овие трагични соопштенија на СДС пишувани неписмено од лица кои се на платен список на двоецот Заев – Филипче.Компанијата „Wabtek“ никој не кажа дека не инвестирале до сега, но воедно неспорна е новата инвестиција. Во продолжение СДС нека си ја погледнат изјавата на извршниот директор на компанијата. Знаеме дека СДС мисли дека светот почнува од нив, но реалноста е дека ова не е непостоечка инвестиција како таа за автомобили во Тетово.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

nikoloski08042024

Николоски: Нема да дозволам 4,400 семејства од Пошта и Железници да останат без плата, но мора да се знае дека претходната власт ги потрошила сите пари за плати

„Во мојот воведен говор искористив да кажам каква е состојбата во моментов во државата. Сакам да споделам неколку податоци за да ги знаете и вие. Буџетската дупка е огромна, трошоците се огромни, но тоа не значи дека нема да го реализираме она што го ветуваме и веќе со ребалансот на буџетот кој би требало да биде усвоен во Собранието до крајот на месец јули, а да биде поднесе веќе следната недела, планираме да доделиме 100 милиони евра помош за општините со пакетот за поддршка на општините кој што го ветивме кој што в година ќе биде 250 милиони евра затоа што ќе е цела година, а пензиите се зголемуваат за 5,000 денари како што ветивме и почнуваат од следниот месец со 2,500 денари и до март месец уште 2,500 денари така што 5,000 денари во една година како што ветивме“ кажа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на одбележувањето 34 години од основањето на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица и додаде:„Во однос на состојбата можам само да кажам за мојот ресор, таа е финансиски катастрофална. Во моментов се бориме 4400 луѓе воопшто дали ќе можат да земат плата до крајот на годината. Се работи за вработените во Пошта, во Македонски железници Транспорт и Македонски железници Инфраструктура. За жал досегашните раководства ги потрошиле средствата за работа кои што требало да им бидат за 12 месеци, тие ги потрошиле за 6 месеци и во останатите 6 месеци се бориме дали воопшто овие вработени ќе земат плата. Навистина правиме над човечки напори со вработените во министерството за транспорт за да успееме да обезбедиме плата за овие вработени“ истакна Николоски.Во однос на тоа дали вработените ќе земат плата и дали има некое решение Николоски кажа дека нема да дозволи 4,400 семејства да останат без приходи.„Работиме со вработените во министерството за транспорт интензивно, но мора луѓето да ја знаат вистината а тоа е дека буџетите кои што ги добиле овие три јавни претпријатие досегашните раководства ги потрошиле за шест месеци, тоа е вистината. А секако јас нема да дозволам 4,400 семејства да останат без приходи но мора да ја знаат вистината“ истакна Николоски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Грдото лице на СДС и ДУИ, Филипче и Фрчкоски, арамии на државната каса

,,Грдото лице на СДС и ДУИ, Филипче и Фрчкоски, арамии на државната каса.Љубомир Фрчкоски како претставник на Македонија во Њујорк не дал отчет како ги трошел народните пари.Венко Филипче како министер за здравство нема тендер кој не проба да го протне со сомнителни ликови од жути@јаху, до провизијата со вакцините во ек на Ковид.Филипче пред заминување од позиција гласно пропагираше приватизација на јавното здравство.Филипче јавно тврдеше дека државата не треба да гради болници, туку тоа да го прават фирми, а државата да изнајмува услуги од нив.Филипче се враќа во политиката од две причини, првата да се обиде да се спаси од одговорност, за кога ќе биде гонет да алудира на политички притисок и втората, со желба некогаш да дојде во позиција да ги реализира своите мрачни идеи за здравството, кои ќе значат крах за пациентите, а добивка за поединци блиски нему.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

120190420_222432

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче сигурно не е Чак Норис, но е лопов ископиран со индиго на Заев, 7 години на власт 0 инвестиции

Ја разбираме фрустрацијата на СДС и Венко Филипче кои се китат со перјата на оваа влада. Но нивното време заврши. За само две недели, две големи инвестиции. Инвестицијата од 500 милиони долари на Алказар Енерџи во ветерен парк е најголема во регионот. И инвестицијата на германско белгиската компанија Епсотех Аим во Петровец од 20 милиони евра. Се потврди по којзнае кој пат и дека за СДСМ само ВМРО-ДПМНЕ може да донесе нови инвестиции во државата, што зборува за недостатокот на елементарна работливост од страна на СДС кои 7 години здружно крадеа со ДУИ, па затоа за нив посветеноста на оваа влада е недостижна цел на која ѝ придаваат супер моќи.Венко Филипче сигурно не е Чак Норис, но е лопов ископиран со индиго на Заев, 7 години на власт 0 инвестиции. Од друга страна додека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи СДСМ повторно прави очајнички обиди да го минимизира успехот на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ.Очигледно е дека реалноста и напорната работа на ВМРО-ДПМНЕ ги надминуваат нивните способности. Но, ние ќе продолжиме да работиме напорно и да ги постигнуваме нашите цели, без оглед на саркастичните и несериозни коментари од СДСМ, партијата која ја урниса државата претворајќи ја во срамна филијала на белосветскиот и домашниот криминал. Венко Филипче и Зоран Заев се лошото лице на власта на СДС и ДУИ. Нашата посветеност кон привлекување инвеститори е јасна и недвосмислена. Преку промовирање на Македонија како стабилна и атрактивна дестинација за инвестирање, ние ќе продолжиме да ги реализираме нашите ветувања и да ја подобруваме економската состојба на сите граѓани.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Лефков: Филипче, брат по криминал на Заев, во Ковид криза преку Стабри од Хонг Конг преговараше вакцини двојно поскапи од вообичаеното

,,Венко Филипче е брат по криминал и корупција на Зоран Заев. Тој заедно со Заев бркаа дебели провизии за кинеските вакцини во ек на Ковид.Филипче преку фирмата Стабри Интернешенал од Хонг Конг формирана само три месеци откако СДС дошле на власт во 2017-тата година сакаа да купат вакцини повеќе од 100% поскапо од тоа што го плаќаа другите држави.Додека другите држави купуваа кинески вакцини по најмногу 30 долари, Филипче сакаше преку посредничка фирма да плати 62 долари, што е најмалку 100% повеќе.Овој скандал го обелодени ВМРО-ДПМНЕ, а обвинителството на Заев го заташка и не го истражи.Од 200.000 вакцини, Филипче и Заев на фирмата посредник и местеле над 6 милиони евра провизија.Каде требало да завршат овие 6 милиони евра?Дали Заев и Филипче се тие кои стоеле на крајот на криминалната шема?Колку матни тендери се изреализирани и колку милиони испумпани од државата?Филипче доаѓа за претседател на СДС поставен од Заев, со цел и двајцата да го притискаат Обвинителството да не отвора постапки против нив, а ако во тоа не успеат, да се жалат дека се гонети како последица на политички притисок.Филипче кој сакаше да го краде својот народ во ек на Ковид додека илјадници умираа и страдаа, нема најпрвин морална величина да биде претседател на партија, а потоа наместо во партија, треба да се најде пред суд.Филипче само сака да се заштити себе, а потоа и повторно некогаш да дојде во позиција за да го краде народот.Филипче и Заев се прочитана книга, со нив СДС на следните избори е многу блиску да стане вонпарламентарна партија.”, изјави Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче се браќа по криминал и корупција, заедно правеа матни тендери, додека луѓе страдаа и умираа

,,Заев и Филипче беа рака под рака заедно кога Македонија ја тресеа најтешките коруптивни скандали и трагедии. Од крвавиот тендер, преку криминалот на Онкологија, тендерот за стерилизација, пожарот во модуларната болница, набавката на вакцини, рекордниот број настрадани од Ковид и десетици други.Филипче е продолжена рака на Заев, браќа по криминал и корупција, заедно правеа матни тендери во здравството, додека луѓе страдаа и умираа.Во секоја европска држава вакви ликови после таков мандат не би ни помирисале политика, а не пак да водат партија. Но овој двоец Заев-Филипче нема ни срам ни перде. Нив ги води поривот за пари и желбата преку политика да се амнестираат.Ортаци во бизнисот, а последната зделка им беше впишување на целосна сопственост над СДС. Партијата ја претворија во приватна фирма, што е врв на нивната коруптивна дејност.Ако мислат дека СДС ќе им служи за пазарење со правдата тогаш се лажат. Тоа што ја земале во заложништво и ја држат заробена партијата е работа на членството на СДС, но никој друг нема да дозволи една крими група да ја уценува државата и политичките процеси во неа.Со вакво темпо, СДС е многу близу на следните избори да биде вонпарламентарна партија.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

120190420_222336

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче да се позанимаваат дали воопшто на следни избори ќе освојат пратеничко место

,,Партијата на гробарите на Македонија тандемот и браќата по корупција Зоран Заев и Венко Филипче наместо да се сокрие, некако крева галама за нешто што е одмината работа и кое имаа 7 години време да го анализираат како власт.Ако мислат дека се уште им проаѓаат таквите трикови и дека народот ги заборави кои се, се излажале. Тоа се истите кои:1. Бараа провизија на вакцини;2. Крадеа на цитостатици;3. Испумпуваа милиони од РЕК;4. Кои наместо цврста градба градеа модуларни болници од кои една се запали и изгоре и во смрт однесе 14 луѓе кои живи изгореа;5. 7 години не направија километар пат;6. Го зголемија долгот на државата скоро двојно, а ништо не направија како проект или дело.Списокот е долг, а причините поради кои СДС е тешка опозиција им се јасни во таа партија, а особено на Филипче.Наместо да коментираат колку да се коментира, нека се позанимаваат со тоа дали на следни избори ќе имаат гласачи за еден пратеник, зошто Филипче им стана претседател со 9.000 гласа од цела Македонија, нешто што дава индикации дека на парламентарните избори 2028 година нема да може да биде изберен ниту за пратеник.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4875

Мизрахи: Фактите што ги увидуваме покажуваат дека целта на претходната власт била целосно разорување на државата

„Ова е 10-ти ден од формирање на Владата каде Владата најави ветерници и подобрување на енергетскиот баланс на државата, 250 милиони кои ќе се дадат на општините, нови градини, измена на законот за здравствена заштита, измена на кадровски решенија апропо законот за здравствена заштита, односно елиминирање на административните кадри кои тежеа на здравствениот систем“, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа.Таа продолжи и додаде дека преку фактите што го увидуваат покажуваат дека целта на минатата власт била целосно разорување на државата.„Тенденцијата на претходната власт е да го покраде буџетот и државата да колабира за да нема докази за кражбата. ВМРО-ДПМНЕ беше многу децидна дека приматот на оваа власт е борба со криминалот и корупцијата, зошто? Заради тоа што ситниот криминал и корупција е една работа, а крупниот криминал и корупција согласно сите научни трудови поминуваат над 80% со амин од државата што значи дека Владата мора да аминува криминал и корупција и заради тоа тенденцијата и првата примарна цел на новата власт е борба со криминал и корупцијата“, вели Мизрахи.Таа продолжи и додаде:„Институциите ќе се вратат во погон, нормално ќе функционираат и полиција и судство. Системот да функционира и да гони криминал и корупција согласно докази, а не согласно измислени и монтирани докази“, посочи Мизрахи.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ги укина економските директори во здравствените установи, парите ќе одат кон подобрување на здравствените услуги

,,Владата ги укина економските директори во здравствените установи, парите ќе одат кон подобрување на здравствените услуги.На вчерашната седница владата пристапи кон предлог измени на Законот за здравствена заштита, со цел укинување на институцијата економски директор во јавните здравствени установи.Со укинувањето на економските директори, се укинува дуализмот во здравството, но и се подобрува ефикасноста.Со воведување на систем на еден директор, се намалуваат административните трошоци, а средствата ќе се пренасочат во подобрување на здравствената инфраструктура, зголемување на транспарентноста и отчетноста.Исполнуваме. За тебе.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Marija-Miteva-14.06.2022

Митева: МОН на над 100.000 основци и средношколци ќе им исплати парична помош за 4 месеци

,,Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ од денеска започнува со исплата на неисплатената финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта во износ од 1200 и 1800 денари месечно, за преостанатите 4 месеци во кои граѓаните не ги видоа ветените пари од претходната Влада.Станува збор за паричен надоместок кој како и се друго, остана не реализиран иако за регулирањето на оваа мерка беше донесено и законско решение. Закон кој самите не го испочитуваа.Информирам дека уште на првиот работен ден од мандатот, министерката за образование и наука, Весна Јаневска ги задолжи надлежните сектори да направат детален преглед на нереализираните финансиски обврски за секој еден ученик чие семејство ги исполнува условите и има поднесено апликација за остварување на ова право. Врз основа на доставениот извештај, се направи план со динамика на исплата којa започнува од денес.Согласно анализата, се работи за над 100 илјади ученици, од кои 70 илјади основци и 30 илјади средношколци. Најголем дел од нив, имаат добиено паричен надоместок за еден, односно два месеци, поточно за декември 2023 година и за јануари годинава.Преостаната е исплата за четири месеци и како што посочивме, започнуваме етапно од денес. Општина по општина, се подготвуваат налози за плаќање и ги замолуваме граѓаните за трпение, додека целиот износ биде надоместен. Најпрво ќе ги исплатиме надоместоците за февруари и март, а потоа за април и мај, со што целосно ќе го завршиме тоа што им следува на граѓаните, но за жал, останува само една од низата на манипулации заради кои и катастрофално власта замина и беа поразени.Почитувани,Наместо краткорочни неквалитетни решенија, сакам да најавам дека новата Влада предводена од ВМРО – ДПМНЕ ќе обезбеди континуирана и системска поддршка за олеснување на воспитно – образовниот процес и на учениците и на родителите и старателите. А квалитетот на образованието ќе биде меѓу врвните приоритети на кои силно ќе се посветиме.”, изјави Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е чувар на фотелјата на Заев, и самите членови и функционери на СДС не го признаваат

,,Венко Филипче е чуварот на фотелјата на Зоран Заев во СДС. Тоа е општ впечаток во јавноста, па дури и во самиот СДС.И членовите и функционерите на партијата кажуваат дека СДС е заробена партија, дека изборите за претседател биле компромитирани и не биле демократски, со бројни забелешки и злоупотреби.Самите членови и функционери на СДС кажуваат дека фантоми биле на избирачкиот список, дека на членови не им било дозволувано да гласат, за на крајот Филипче да биде избран со 9.000 гласови од 80.000 членови.Филипче и Заев треба да знаат дека ниту една лидерска позиција нема да ги спаси од одговорност за злоупотребите кои се случија во нивниот мандат.Јавноста уште ги памети скандалот со набавката на вакцини, крвавиот тендер, обидите да се приватизира јавното здравство и на крајот катастрофата со модуларната болницаОвие скандали кои чинеа не само милиони евра, туку и човечки животи се резултат на двоецот Заев – Филипче, кој сега покажа дека ја имаат киднапирано партијата за да биде нивна маша.Жалиме што СДС пропушти шанса да се справи со криминалците во своите редови, но казната порано или подоцна ќе ги стигне, како што беа казнети од страна на граѓаните на последните избори.”, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања