ВМРО-ДПМНЕ

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: 250 милиони евра за капитални проекти за општините од септември, владата се грижи за рамномерен регионален развој

250 милиони евра за капитални проекти за општините од септември, владата се грижи за рамномерен регионален развој.Во септември градоначалниците од цела држава ќе можат на аплицираат на јавниот повик на Министерството за Локална самоуправа за добивање средства за проекти во нивните општини.,,Градоначалниците од цела држава да направат и довршат што е можно повеќе проектна документација, со цел да аплицираат за повеќе проекти.Ова е прва година за проектот 250 милиони евра за општински проекти, ист ваков повик ќе има секоја година, а вториот ќе се случи веќе за неколку месеци од сегаВреме е за реален раст и развој. Време е за рамнорен развој.Исполнуваме. За тебе!”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

120190420_222432

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС, како до сега, и по Заев, Заев

,,Венко Филипче со 9 илјади гласови, колку се потребни за советник во општина стана лидер на СДС.Еден Заев се замени со друг Филипче.Тажен завршеток на сагата за нов лидер, со стари навики.Филипче не е нов лидер, туку чувар на фотелјата на Зоран Заев. Човекот е одговорен за погромот со Ковидот, каде десетици илјади луѓе ги загубија животите, директно одговорен за матните тендери каде референцата за избор емаил контакт на Жути кој доби милиони од стерилизацијата, или неговата хациенда на Водно веднаш до директорот на Клинички или пак модуларната болница за која Филипче не убедуваше дека кабелот е виновен.Филипче е најдобрата маска на Заев. Исти луѓе исти вредности.Ако мисли дека Филипче дека ќе се спаси, и кога ќе одговара за криминалите ќе вика дека е политички реваншизам овој пат тоа е најпогрешниот начин да избега од одговорност. Одговорност ќе има.”, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

120190420_222432

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе го спречиме зголемувањето на цената на струјата, ценовен шок кој СДС и ДУИ го оставија

,,Владата на ВМРО-ДПМНЕ спречи зголемување на цената на струјата ценовен шок кој СДС и ДУИ го оставија.Владата предложи, а парламентарното мнозинство го донесе Законот за дополнување на Законот за енергетика со што се спречи зголемување на цената на струјата од 1 јули за домаќинствата и малите потрошувачи кои се на регулираниот пазар.Со СДС и ДУИ цената на струјата во изминатите 7 години се покачи и за 50%. Секоја година имаше зголемување. Таа пракса ја спречи владата на ВМРО-ДПМНЕ.Нема повеќе галопирачко зголемување на цената на струјата. Граѓаните можат да бидат спокојни, владата на ВМРО-ДПМНЕ работи за енергетска стабилност на државата.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: 24 милиони евра за километар железница која завршува во тунел кој не води никаде, на тоа СДС и ДУИ трошеле пари

,,24 милиони евра за километар железница која завршува во тунел кој не води никаде, на тоа СДС и ДУИ трошеле пари.24 милиони за километар железница е најверојатно новиот рекорд во светот, а го држи најкорумпираната влада на планетата кока некогаш постоела, таа на СДС и ДУИ, говори најновиот извештај на ДЗР.Имено 560 милиони евра е целата проекција за 23.4 километри железница од Крива Паланка до границата со Бугарија, која треба да дислоцира стотина куќи и која завршува во тунел кој не води никаде.За цената по километар да стигне 24 милиони евра, се погрижила владата на СДС и ДУИ кои цената на проектот ја дигнале од 340 милиони евра на 560 милиони.Фрапантно и без одговорност се трошени народни пари и на автопатот Кичево - Охрид кој едвај е помрднат од состојбата во која е оставен од ВМРО-ДПМНЕ, а за кој финансиската конструкција е проширена за нови над 180 милиони евра. Пари се трошени, а резултат нема.Нема проект за кој СДС и ДУИ не додавале милиони, а истиот да е реализиран. Каде оделе десетици и стотици милиони евра е работа со која треба да се занимава ЈО и која не смее да остане не истражена.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4666

Пренџов: Новата Влада се базира на борба против криминалот и корупцијата

Во гостување во емисијата „24 Анализа” пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов истакна дека новата Влада ќе се базира на четири клучни столба и додаде:„Новата владина коалиција има четири клучни столба. Првиот клучен столб е борба против криминалот и корупцијата во оваа држава кој завзема огромни размери. Вториот клучен столб е подобрување на економијата и благосостојбата на граѓаните. Третиот столб е забрзани европски интеграции и четвриот столб е рамномерен регионален развој на Македонија”, истакна Пренџов.Тој продолжи и додаде:„Владата како што кажа и мандатарот основен значај ќе и се про македонски ставови, односно сите без оглед на етничка припадност”, рече Пренџов.Тој додаде дека идат подобри денови за Македонија.„Идат подобри денови доаѓа економска обнова на државава, доаѓа силен удар на криминалците на криминалот и корупцијата и тоа е она убаво кое ќе се случува во Македонија во наредните години”, дециден е Пренџов.

Македонија | пред 1 година

120190420_222432

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе работиме на поевтинување на струјата после јануари

,,На заминувањето на власта на СДСМ и ДУИ, се случува повторно ново поскапување на електричната енергија, со што директно се удира по стопанството и по буџетот на домаќинствата.ВМРО-ДПМНЕ се грижи за стандардот на граѓаните и затоа поднесе Предлог закон за дополнување на законот за енергетика по скратена постапка, со кој ќе се спречи поскапувањето на цената на електричната енергија за најголем дел од домаќинствата сега на почетокот на јули.Со оглед на тоа што универзалниот снабдувач од порано продолжува да ја врши истата услуга и во иднина, Регулаторна со измените треба само да му ја продолжи лиценцата, без да има дополнителни бирокартски процедури кои чинат пари и време и во исто време ќе се намали маржата од 11,5% на 9,9%. Овие промени но и оптимизацијата во работата на универзалниот снабдувач би ги заштитило граѓаните од поскапувања и со тоа дополнително загрозување на стандардот на граѓаните.Овие мерки кои сега ги предлага ВМРО-ДПМНЕ, пред формирањето на владата се во насока на заштита на интересите на граѓаните. По формирањето на владата ќе следи силна и посветена работа во областа на енергетиката, што би требало да резултира со намалување на цената на електричната енергија во следниот регулационен период од јануари 2025, како за домаќинството така и за стопанството.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4656

Мицкоски: Нема да дозволиме стандардот на граѓаните да биде загрозен

,,Изминатите денови во јавноста една тема ги разбранува страстите и оправдано, тоа беше цената на електричната енергија која што ќе биде практично регулирана од страна на Регулаторна комисија за енергетика на Македонија во неделите кои што следат, а која што ќе биде апликативна односно важечка од први јули заклучно со 31 декември 2024 година.Во јавноста проструи информација дека истата ќе претрпи значителни корекции во негативен тренд за граѓаните, односно истата ќе биде зголемена.Како идна Влада не сакаме да се мешаме во работата на независните регулаторни тела. Но, исто така како идна Влада имаме одговорност, а тоа го ветивме пред граѓаните за време на кампањата за време на претседателските и парламентарните избори дека тие ќе бидат нашиот приоритет, стандардот на граѓаните ќе биде наш приоритет и како такви и како идна Влада имаме намера сериозно да се грижиме за стандардот на граѓаните.И да не дозволиме истиот тој стандард поради ситни интереси на поединци да биде начнат односно загрозен.Во таа смисла група пратеници од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска прво потпишан сум јас, доставивме до Архивата на македонското Собрание предлог закон за дополнување на Законот за енергетика по скратена постапка. Што е всушност овој предлог закон за дополнување на Законот за енергетика? Тоа е всушност предлог закон со кој нема да има зголемување на цената на електричната енергија за домаќинството односно стандардот на граѓаните ќе биде заштитен.А, со овој предлог закон нема да се дозволи она кое што проструи изминативе денови во јавноста како информација да биде драматично зголемена цената на електричната енергија.Цениме дека со овој предлог закон за дополнување на Законот за енергетика по скратена постапка посебно домаќинствата кои што се во првата и втората група нема да добијат зголемени сметки за електрична енергија. А, исто така очекуваме и оние кои што влегуваат и во третата и во четвртата група зголемувањето на цената на електричната енергија да не биде значително односно да се движи помеѓу 1 и 2%.Тоа е она што ние како идна Влада можеме да го направиме.Со други зборови нема да има зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата кои добиваат електрична енергија од универзалниот снабдувач. Сега би навлегол малку и во суштината, ќе ми треба и стручно објаснување, ќе се обидам на едноставен начин да сето тоа го доближам до вас, за да може на македонската јавност, на граѓаните да им биде појасно.Како се формира цената на електричната енергија? Цената се формира како збир од четири собирока. Тоа е цената која за своите услуги ја наплаќа МЕПСО, цената која за своите услуги ја наплаќа ЕВН Дистрибуција, цената која за своите услуги ја наплаќа ги наплаќа операторот на пазар МЕМО, плус цената на самата електрична енергија.Вие слушнавте во јавноста дека самата цена на електричната енергија која што ЕСМ поранешно ЕЛЕМ ќе ја доставува до компанијата која што е универзален снабдувач, официјално се уште таа цена не сме ја виделе, но слушнавме дека владата донесла одлука на една од седниците таа цена да се зголеми. Од тоа што можевме во јавноста да го слушнеме цената од 57 донеле одлука да ја зголемат на 60 евра за мегават час, ќе видиме дали е тоа така.Но, бидејќи ние сме внимателни рековме дека наш приоритет претставуваат граѓаните и нивниот стандард, затоа предвреме преземаме мерки со кои не би се случил овој ценовен шок, за потоа да имаме инфлаторна спирала која што ќе го начне стандардот на нашите граѓани.Да се вратам сега на формирањето на цената. Сите овие 4 собирока се множеа со коефициентот 1,115. Зошто со овој коефициент, затоа што тоа беше старата маржа која што универзалниот снабдувач ја наплаќаше од домаќинствата или тоа е 11,5%.Откако истече тој рок односно од како истече лиценцата со старата маржа за стариот универзален снабдувач се распиша нов јавен оглас, нов тендер и најповолната понуда ја намали таа маржа од 11,5 на 9,9 проценти. Што правиме ние со овој закон, со овој закон всушност односно дополнување на законот за енергетика всушност велиме дека не е потребно бидејќи станува збор за исто правно лице повторно формирање на ново правно лице, нова структура нови трошоци за банкарски сметки нови процедури и така натаму нешто што ќе трае со месеци туку велиме дека бидејќи станува збор за старо нов бидејќи истиот кој што и порано бил универзален снабдувач како правно лице ќе продолжи да биде универзален снабдувач како правно лице и во иднина, нема потреба да регистрира ново правно лице, бидејќи станува збор за истото, само му ја продолжува регулаторната комисија, по основ на овој предлог закон кој што ние го доставуваме за дополнување на законот за енергетика важноста на лиценцата и тоа значи дека наместо маржа од 11,5 проценти која што до сега им беше наплаќана на граѓаните, ќе биде наплаќана маржа од 9,9 проценти.И истовремено упатувам порака до универзалниот снабдувач да врши многу внимателно оптимизација на своите потреби односно при набавката на електричната енергија да се води најпрво од интересите на граѓаните а потоа да направи вистинска оптимизација на своето портфолио кое што понатаму ќе го испорача кон граѓаните да не набавува количини на електрична енергија кои што нема да бидат потребни, туку да се држи до пристапот кој што ќе биде чесен, одговорен и пред се инспиративен за граѓаните, односно да направи оптимизација за својата набавка на електрична енергија.Доколку овие две работи се случат, односно овој Закон за дополнување на законот за енергетика се донесе, ќе биде намалена маржата од 11,5% на 9,9 проценти и доколку универзалниот снабдувач направи оптимизација на своето портфолио, односно оптимизација на количините на електрична енергија, тогаш јас ве уверувам дека граѓаните нема да добијат повисоки сметки за електрична енергија.Ние сме влада која што е одговорна, ние сакаме да бидеме влада која што главен интерес ќе биде интересот на граѓаните, така во овој период додека сеуште не сме официјално влада се однесуваме, така ќе продолжиме во иднина.А, ќе сториме се што е во наша моќ, во овие шест месеци да го реорганизираме енергетскиот сектор во Македонија и веќе во следниот регулационен период од први јануари 2025 до 30 јуни 2025 година граѓаните да добијат поевтини сметки за електрична енергија, индустријата да добие, онаа која што е на регулираниот пазар, поевтини сметки за електрична енергија.На тој начин инфлацијата ќе биде задушена, односно цените наместо да се качуваат, ќе се намалуваат, граѓаните се нашиот приоритет и како идна влада имаме намера да ни бидат исклучиво важни граѓаните.Граѓаните направија тоа што требаше да направат сега, идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ треба да направи за граѓаните.”, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_3914

Мицкоски: Главен интерес и фокус на идната влада ќе претставува креирање на нови и добро платени работни места

,,За мене претставува посебна чест еве што сум денеска поканет на овој преубав настан кој што го организира компанијата Киел која што го проширува своето производно портфолио на нови повеќе од 7.000 метри квадратни, овдека во индустриската зона овде во близина на Тетово.Од тоа што можев да слушнам дека се подготвуваат уште нови два плаца за уште едно дополнително проширување на производното портфолио на компанијата. Ние како идна влада имаме намера сите инвеститори да ги подржуваме на рамноправна основа и странските и домашните, да се бориме за секое едно ново работно место. Главен интерес и главен фокус на работењето на идната влада ќе претставува креирање на нови работни места, на добро платени нови работни места, понатаму зголемување на извозот, зголемување на бруто домашниот производ, а со тоа нормално и покренување на домашната економија. Мислам дека и самите бевте сведоци на пораките кои што беа упатени од овој настан.Јас нема што повеќе да додадам, компанијата се занимава со производство на седишта кои што можете да ги најдете во возовите кои што се обраќаат ширум Сојузна Република Германија, од тоа што разбрав и од пораките кои што стигнаа можам да заклучам дека овој производен капацитет ќе произведува за потребите на уште еден странски инвеститор, тоа е фабриката Ван Хол односно автобусите кои што фабриката Ван Хол ќе ги произведува за пазарот во САД, така што еве како идна влада би сакале да упатиме порака на соработка, поддршка, се бориме за македонската економија, за секое ново работно место да ги задржиме нашите граѓани овде во Македонија.”, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4643

Мицкоски: Една од првите мерки во првите 100 дена од новата влада ќе биде намалувањето на даноците на профит

,,Задоволството е големо што имам можност да присуствувам на стартот на една нова и надоградена приказна изразена во новата инвестиција на компанијата Киел.Во едни вакви тешки времиња би рекол дека не само што е мудра, туку и навистина смела одлука да се инвестира во државата.И во таа смисла јас како човек кој за скоро очекувам да ја добијам парламентарната поддршка за водење на идната влада имам изразена намера да придонесам и активно поддржам секаков процес кој ќе значи нови работни места, повеќе пари во македонската економиjа, успешни бизнис приказни кои ќе ја потврдат мојата искрена намера преку инвестиции, преку развој и технолошки прогрес да ја враќаме државата на народот, контролата во негови раце и да создаваме среќна иднина за сите.Целосно сум свесен за предизвиците кои престојат и реформите кои мора да се преземат.Корупцијата и борбата против криминалот ќе биде нашиот примат и секој инвеститор мора да биде стопроцентно уверен дека државата ја гарантира заштитата од неморални и коруптивни притисоци и настојувања.Никој не смее да биде над законот, исто како што никој не смее да помисли да ја одземе иднината и работите кои ја создаваат иднината.Новата влада ќе биде партнер на стопанствениците.Заедно да создаваме и да придонесуваме за подобар живот.Јас сум за што повеќе инвестиции кои го зголемуваат животниот стандард, а ова е борбата за подобар живот на сите граѓани.Македонија се сака со дела и тоа е најдобриот одговор за сите кои во политиката прават етнички поделби, креваат ѕидови и создаваат омраза.Да имаме натпревар на идеи, наместо натпревар во шовинизам и радикализам.Со работа, со решенија и креирање конкретни работи се сакаат и се бори за благосостојбата на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и сите останати.Една од првите мерки во првите 100 дена од новата влада ќе биде намалувањето на даноците на профит. На тој начин ќе се помогне на бизнисот и ќе се обезбедат повеќе пари во економијата.Ќе има кратење на административните процедури и отстранување на бариерите кои го попречуваат бизнисот.На крајот дозволете ми да им честитам на инвеститорите за храбрата одлука, во мене гледате човек кој сака да ви помогне и заедно да направиме Македонија да биде подобро место за живеење. За сите вас.”, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4638

Јаневска: Наставните планови и програми ќе мора да се променат затоа што очигледно не даваат ефект

„Оваа Национална стратегија повеќе пати сум кажала дека сметам дека е многу потребна, тоа би биле принципите на кои ние би го воспоставиле образовниот систем со политички консензус во Македонија. Се разбира тоа би било со консултација на стручните тела и стручната фела“, истакна Весна Јаневска, предлог министер за образование и наука во утринска емисија на „Слободен печат“.„Сметам дека е многу потребно сите политички релевантни субјекти да се согласат на тие принципи за да може да обезбедиме континуитет во образованието на младите“, заклучи таа.Јаневска потсети дека во минатото многу често се менуваа министрите и многу често се доаѓаше во ситуација да се почнува постојано од почеток со некакви неефикасни промени.„Па, така ќе го предложиме ова и јас се надевам дека ќе дојдеме до тој консензус“, нагласи таа.„Наставните планови и програми навистина ќе мора да се променат затоа што очигледно дека не даваат ефект. Јас велам дека според принципот кој јас го посакувам да има континуитет сега во моментов се прават анализи и се правеа и претходно, она што наставниците, родителите и повозрасните ученици ги сметаат дека е добро во тие програми, ние ќе го задржиме како Влада“, појасни Јаневска.Таа посочи дека критиките од ЕУ и меѓународните тестирања покажуваат дека нашите деца со своето знаење се на некое незавидно ниво и тоа мора да се промени.„Ќе се водиме по тоа – добро образование, добра држава“, нагласи таа.

Македонија | пред 1 година

IMG_4621

Лично ќе се залагам сомневањата за злоупотреби да се расчистат, младите да останат дома, да немаме егзодус на доктори, најави Мицкоски

Мандатарот Христијан Мицкоски даде изјава откако го достави својот предлог за состав на Владата. Најави дека озбилно планира да се расчисти со сомневањата за злоупотреби кои се случувале изминатите седум години. Тој кажа дека за ова лично ќе се залага.„Очекувам дека секој од нив максимално ќе се заложи и ќе даде повеќе од својот капацитет за своите граѓани. Граѓаните своето го направија, сега е ред ние да направиме нешто за нашите граѓани“, рече Мицкоски.Според него, бизнисот треба да се чувствува сигурно. Рече дека Владата ќе биде сервис за остварување на нивните права.„Владата е цврста и стабилна“, додаде Мицкоски.Се осврна и на младите кои рече дека ќе бидат нивни акцент.„Имаме класичен егзодус, младите ја напуштаат Македонија и ја бараат иднината надвор од тука. Осум од десет студенти кај мене ми велат дека планираат по студирањето да ја напуштат Македонија. Перцепцијата треба да ја променат“, додаде Мицкоски.Најави дека целта ќе биде да нема граѓани од втор или трет ред.„Тоа нема да се случува, лично го гарантирам“, посочи Мицкоски.Посочи дека верува во секој еден од предложените министри. И на пензионерите им вети зголемување на пензиите, уште во првата година за 5.000 денари.

Македонија | пред 1 година

Milososki-20.04.2022

Милошоски: СДСМ и ДУИ оставија буџет со критично ниско ниво

Државата е навистина доведена во незавидна ситуација каде нема луксуз да се делиме, поларизираме, пребројуваме на ваши, наши, нивни, треба сите можни ресурси да се ангажираат за да може да постигнеме одредени цели и затоа е таа подадена рака и кон тие кои се претставници и симпатизери на СДСМ. Но тоа не значи дека некој што се огрешил пред законот ќе биде заштитен од одговорност. Ако некој бил директор, министер, функционер од СДСМ и ДУИ и според материјални докази се докаже дека го прекршил законот ќе си одговара согласно законските одредби, истакна пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа.Милошоски продолжи и додаде:„Ќе треба да се направи силна динамика на работа на извршната власт и Собранието заеднички бидејќи тоа што најмногу загрижува од податоците кои ги добивме од техничката влада од министерството за финансии преку претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, заменичкиот министер за финансии дека државниот буџет и приходите во државниот буџет се на критично ниско ниво. Во најголемиот дел од министерствата и институциите доведено е сервисирањето на основните услуги кои овие институции ги даваат. Тоа ќе биде најголемиот предизвик на новата влада како да се покрие финансиската штета која беше направена од СДСМ и ДУИ за да може буџетот да се врати во кондиција“, рече Милошоски.Тој потенцираше дека секој министер и директор на поголемо државно претпријатие откако ќе влезе во институцијата треба да си направи основна ревизија на буџетската состојба на институцијата што ќе ја раководи и актуелната финансиска состојба без разлика колку таа да е лоша да ја сподели со јавноста.„На сите овие номинирани кандидати за министерски позиции треба да им се честита за тоа што прифатиле ваков предизвик секој еден од нив е свесен дека влегува во тешка ситуација во сите министерства. Токму тоа е предизвикот полошо од ова не може да биде мора да направиме Македонија да ја искористи оваа шанса да ги врати министерствата во вистински колосек да ја подобри ситуацијата и стандардот во државата“, вели Милошоски.Милошоски укажа на тоа дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ предвидува да одвои добар дел од буџетот кон општините со однапред подготвена проектна документација.

Македонија | пред 1 година

Cvetan-Tripunovski-03.06.2022

Трипуновски: Моја цел ќе биде земјоделството кое ќе генерира стотици милиони евра девизен прилив

,,Огромна е честа, одговорноста и задоволството да се биде предложен за министер во Владата на Христијан Мицкоски.Од утре па натака времето ќе се дели пред и по Владата на Мицкоски. Ќе поставиме стандарди и систем за работа кои не се видени до сега во Македонија.Граѓанинот доаѓа на прво место. Ја враќаме Македонија на народот.Македонија се става на брза трака за напредок и развој.Земјоделството од упропастена гранка, ќе прерасне во еден од неколкуте двигатели на економијата. Ќе се свртиме кон модерните и успешни земји, и земји со слична површина колку нашата, а гиганти во земјоделското производство.Моја цел ќе биде земјоделството кое ќе генерира стотици милиони евра девизен прилив, земјоделство на среќни земјоделци, богати и достоинствени.Знаеме како треба!За Македонија се работи!”, напиша Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023-1

Николоски: Како што го кренавме ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја кренеме и Македонија

,,Би сакал да му се заблагодарам на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден Претседател на Владата Христијан Мицкоски за укажаната доверба и чест да бидам Заменик Претседател на Владата и Министер за транспорт и врски.Да се биде дел од неговиот тим во ВМРО-ДПМНЕ беше огромна чест и одговорност, истото е и за Владата.Како што го кренавме ВМРО-ДПМНЕ, така ќе ја креваме и Македонија!Народот ни даде огромна доверба. Со многу посветеност и напорна работа ќе ја оправдаме. Ќе правиме убави работи.За Македонија!”, напиша Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_3914

Мицкоски: Лога ја урна довербата во судството, а следната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да ја зголеми

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање поврзано со изјавата на Кренар Лога дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на Судскиот Совет е лош посочи дека таа реформа беше поддржано од половина милион граѓани.-Што се однесува до самата реформа ние излеговме пред граѓаните, добивме половина милион гласа, објавивме фронт и борба против криминалот и корупцијата и една од мерките беше таа која што јавно ја зборувавме. Јас на секој настан, на секоја средба со граѓаните јавно го зборував, рече Мицкоски и додаде:-Господинот Кренар Лога имаше можност во својот мандат наместо да има судството доверба кај граѓаните 2,3,5 % да направи реформи и таа доверба да ја зголеми, за жал ја пропушти. Сега ќе дојде некој друг на негово место кој што се надевам дека ќе успее барем двоцифрена да ја направи, и тоа многу двоцифрена. За жал тој одлучи наместо да работи за граѓаните, плодна почва од каде што ќе се изнајдат кадрите во обвинителството посебно и судство да биде Зајас, мислам дека лоша локација на google maps нашол, требало да најде поинаква, а тоа е во канцеларијата на министерот за правда, со експертите да работи и да соработува.На крај претседателот Мицкоски порача дека треба да се почитува волјата на повеќе од половина милион граѓани кои на 8ми Мај јасно и недвосмислено ја дадоа за поддршката за овој тип на реформи и реформски процеси.-Така што ве молам да ја почитуваме волјата на повеќе од половина милион граѓани, а сега како коалиција и повеќе 600.000 граѓани кои што не изборите на 8ми мај јасно, недвосмислено ја дадоа поддршката за овој тип на реформи и овој тип на реформски процеси, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања