ВМРО-ДПМНЕ

IMG_3914

Мицкоски: Лога ја урна довербата во судството, а следната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да ја зголеми

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање поврзано со изјавата на Кренар Лога дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на Судскиот Совет е лош посочи дека таа реформа беше поддржано од половина милион граѓани.-Што се однесува до самата реформа ние излеговме пред граѓаните, добивме половина милион гласа, објавивме фронт и борба против криминалот и корупцијата и една од мерките беше таа која што јавно ја зборувавме. Јас на секој настан, на секоја средба со граѓаните јавно го зборував, рече Мицкоски и додаде:-Господинот Кренар Лога имаше можност во својот мандат наместо да има судството доверба кај граѓаните 2,3,5 % да направи реформи и таа доверба да ја зголеми, за жал ја пропушти. Сега ќе дојде некој друг на негово место кој што се надевам дека ќе успее барем двоцифрена да ја направи, и тоа многу двоцифрена. За жал тој одлучи наместо да работи за граѓаните, плодна почва од каде што ќе се изнајдат кадрите во обвинителството посебно и судство да биде Зајас, мислам дека лоша локација на google maps нашол, требало да најде поинаква, а тоа е во канцеларијата на министерот за правда, со експертите да работи и да соработува.На крај претседателот Мицкоски порача дека треба да се почитува волјата на повеќе од половина милион граѓани кои на 8ми Мај јасно и недвосмислено ја дадоа за поддршката за овој тип на реформи и реформски процеси.-Така што ве молам да ја почитуваме волјата на повеќе од половина милион граѓани, а сега како коалиција и повеќе 600.000 граѓани кои што не изборите на 8ми мај јасно, недвосмислено ја дадоа поддршката за овој тип на реформи и овој тип на реформски процеси, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-06-at-12.39.17

Мицкоски: За поддршка на Законот за реорганизација и работа на органите на државната управа побарав поддршка од сите и разговарав и со СДСМ

„Гласаа пратеници од ДУИ точно, но од коалицијата „Европски фронт“ гласаа пратеници кои се дел од Турската демократска партија, од Демократската партија на Албанците и други пратеници кои не се од ДУИ. Очекувавме да гласаат и пратениците кои се дел од коалицијата предводена од СДСМ и пратениците од политичката партија Левица“, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање одговарајќи на новинарско прашање прашан за поддршката од страна на ДУИ за реорганизација на министерствата.Мицкоски истакна дека отворена била вратата за сите пратеници за да дадат поддршка за реорганизација на министерствата.„Бидејќи тоа што СДСМ не го кажува, а што треба македонската јавност да го знае е дека јас лично остварував со нив контакти цело време и вратата да го поддржат овој закон за сите пратеници беше отворена. Тоа што дел од идните опозиционери препознаа квалитет во овој закон и гласаа тие треба да дадат одговор, додека дел од идните опозиционери кои не препознаа квалитет или имаа некои други политички математики и калкулации не гласаа“, посочи Мицкоски.Мицкоски продолжи и додаде:„Што се однесува до составот на идната влада, таа ќе е составена од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди“ или „Влен“ и политичката партија „ЗНАМ“ предводена од градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски. Во Македонскиот парламент во опозиција ќе биде коалицијата „Европски фронт“, коалицијата „Европска иднина“ предводена од СДСМ и политичката партија Левица. Со тоа ќе биде реализирано и второто ветување кое го дадовме на изборите. Првото ветување беше реорганизација на составот на влада, второто ветување е ДУИ во опозиција, третото ветување 400 до 450 милиони евра инвестиција во производство на електрична енергија од обновливи извори која ќе ја види македонската јавност на 25 јуни“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_4436

Мицкоски: Ќе ја донесеме работата на владата преку општините до домот на секој граѓанин

,,На покана на ЗЕЛС денеска сум на овој настан, на ова Генерално собрание. За мене претставува чест и задоволство што ја добив најпрво оваа покана. Зошто? Затоа што ценам дека општините во периодот кој што следи би рекол и годините кои што следат ќе имаат во Македонија големо значење, затоа што голем дел од капиталните проекти кои што ги имаат како потреба граѓаните, ќе бидат реализирани преку општините.На граѓаните им е преку глава од бајки, басни и ветувања за големи работи, а ништо не се случува. Нашите граѓани имаат основни егзистенцијални проблеми, во центрите на поголемите урбани средини се гази во кал, ниту 20 проценти од територијата е покриена со организирани канализациски системи, системи за одведување на отпадни води, да не зборувам за нивни прочистување.Имаме средини каде што немаме ниту питка вода за пиење, имаме руинирани детски игралишта, гледате каква е состојбата со демографијата во Македонија, за неколку години за 30 проценти е намалена бројката на дечиња кои што се раѓаат, имаме руинирани училишта, долги листи на чекање во градинките.Сето тоа треба да претставува приоритет и ќе претставува приоритет на нивната влада.Она кое што јас можам да го кажам, а планирам да го повторам на овој преубав настан, е да бидат подготвени сите градоначалници без разлика од која политичка партија, без разлика дали се од ВМРО-ДПМНЕ, дали се од СДСМ, ДУИ, Алијанса, БЕСА, или од друга политичка партија, или пак се независни, да работата на проекти до одобрение за градба, на есен во првата половина на септември, а можеби ако биде секако што треба со ребалансот во втората половина на јули месец, уште во август месец ќе биде објавен повикот за оваа година минимум 6 милијарди денари, минимум 100 милиони евра иако јас се обидувам да обезбедам и денар повеќе.Но, веќе следната година повикот ќе биде објавен на самиот почеток, таму некаде во втората половина на јануари или прва половина на февруари и ќе бидам 250 милиони евра од централниот буџет реалоцирани за општините.Нашата цел е за првите 4 години од нашиот мандат да допреме до 400 илјади домаќинства, да ги решиме тие основни егзистенцијални суштински проблеми на 400 илјади домаќинства.Да ја донесеме работата на владата преку општините до домот на секој граѓанин. Се надевам дека ќе успееме. Ќе бидам попрецизен сигурен сум дека ќе успееме. Знам дека станува збор за амбициозна група на градоначалници кои што ќе дадат се од себе и оваа година и почетокот на следната година без разлика на политичките партии да направат проекти бидејќи тие се избрани од народот, и да бидат слуги на народот и пред народот да одговорат.Ја разбирам тешката состојба во општините, разбирам дека колку помалку граѓани се селат, толку помалку даноци во општините, толку помалку расположливи средства и затоа е тука владата со една добра домаќинска работа, реорганизација во самата влада да обезбеди ресурси да се одговори на реалните проблеми на граѓаните.”, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4418

Божиновска на МЕФ: Одлуките што ги носиме сега ќе ја обликуваат нашата економска стабилност, здравјето на животната средина и социјалната благосостојба

-Земјите од Западен Балкан постигнаа значителен напредок во енергетскиот сектор во насока на приклучување кон трендовите во Европа и светот. Регионот презеде важни реформи, се приклучи на Енергетската заедница, посветен е на зелената транзиција со постепено укинување на јагленот во корист на обновливите извори на енергија и зајакната регионална соработка и интеграција. Меѓутоа, во ера која се карактеризира со брзи технолошки напредок, итни еколошки предизвици и тектонски геополитички промени и надворешни влијанија, нашиот регион повторно се наоѓа на клучен крстопат. Ова го истакна Сања Божиновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на годинешното издание на Македонскиот енергетски форум (МЕФ) кој во организација на Делегацијата на Европската унија во државава и ЗИП Институтот, во партнерство со Фондации Отворено општество – Западен Балкан се одржува во Скопје.Таа како учесник на панелот „ Храбри стратегии за обновување и пренамена на енергетскиот сектор во Западен Балкан“ рече дека одлуките што ги носиме сега ќе ја обликуваат нашата економска стабилност, здравјето на животната средина и социјалната благосостојба во годините што доаѓаат.-Енергетската криза која се случи со почетокот на војната во Украина најдобро покажа колку е важна енергетската независност, на што во мојата земја во минатото за жал многу малку се посветуваше внимание. Декларативно се збореше за потребата од изградба на нови капацитети, но во пракса многу малку се правеше. Ја надминавме енергетската криза, но државата префрли речиси 400 милиони евра на ЕСМ, но факт е дека таа многу ја чинеше земјата, како поради набавка на струја од увоз по исклучително високи цени, така и поради субвенциите за потрошувачите. Тоа се пари кои да се инвестираа претходно во производни капацитети, ќе останеа во државата, рече Божиновска.Зборувајќи за плановите на новата влада предводена од ВМРО ДПМНЕ таа истакна дека енергетската сфера е идентификувана како една од клучните области за стабилен економски напредок на Македонија, па токму затоа и првиот чекор беше формирање на сосема нова институција - Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.-Визијата на новата Влада е еколошки, одобрен и стабилен енергетски систем кој се темели на принципите на безбедност, ефикасност, одржливост и независност. Токму затоа главниот фокус во наредните четири години ќе биде ставен врз инвестициите. Планираме реализација на капитални инвестиции со вистинска додадена вредност, така што одржливата, базна и домашна енергија ќе биде приоритет на новата Влада, посочи Божиновска.Таа рече дека во програмата на Владата и новото министерство е изградбата на две когенеративни централи за гас со кои во исто време ќе се снабдуваме и со топлинска и со електрична енергија, а енергијата добиена од овие централи ќе ни даде можност да вршиме балансирање на системот кога ќе е потребно. Исто така во план за изградба на ветерни паркови Богданци, Миравци и уште еден проект од 200 МВ. Со овие сопствени капацитети земјата ќе има квалитетен енергетски систем.Посебно место секако ќе заземе зелената транзиција па во тие рамки особено внимание ќе се посвети на енергетската ефикасност и зголемување на обемот на производни капацитети од обновливи извори на енергија.-Планираме да ја интензивираме и енергетската поврзаност со околните земји со цел да се осигура стабилно снабдување на енергија во земјата, а на земјата и недостасува и енергетско поврзување со Албанија. Понатаму, треба да ги испитаме мрежните приклучоци издадени од МЕПСО и да ја разгледаме легислативата. Во сите земји, државните претпријатија за електрична енергија се многу активни – на пример, ЕПС имаше забележителни финансиски резултати за минатата година над 1 милијарда. Тргувањето со електрична енергија, од дневна купопродажба до долгорочна трговија, ќе се врши од ЕСМ и ќе биде уште попроактивно и во ова, потенцираше Божиновска.Ни претстои, како што рече, и прилагодување на законот со ЕУ легислативата која опфаќа постројки за складирање на електричната енергија, формирање регистар за гаранции за потекло на електричната енергија, регулативи за CBAM почнувајќи од 2026 година, спојување на пазарот, спроведување на претстојниот ден во нашата енергетска берза и модернизирање на постојната преносна и дистрибутивна мрежа.-Секако мора да бидеме реални и да кажеме дека работите нема да можат да се променат веднаш, но реализацијата на идејата за ново министерство е првиот чекор кон ставање ред во овој домен, зголемување на координацијата и креирањето издржливи, а пред се, реални и остварливи политики во областа на енергетиката, истакна Божиновска.Таа исто така во своето излагање се осврна и на регионот и рече дека постои обврска да ја забрзаме трансформацијата на овој сектор, со крајна цел - да го отвориме патот за почиста, поекономична и одржлива иднина за Западен Балкан.-Во ова трансформативно патување, зелената транзиција мора да биде во срцето на сите наши напори. Европската унија има клучна улога во овој поглед, со дополнително обезбедување насоки и поддршка за Западен Балкан. Преку финансиска помош, техничка помош и поддршка на политиките, ЕУ беше инструментална во промовирањето на проекти за обновливи извори на енергија и подобрување на енергетската ефикасност во регионот. Вклучувањето на ЕУ не само што ја забрзува транзицијата, туку и го усогласува Западен Балкан со пошироките европски енергетски и климатски цели, зајакнувајќи го патот на регионот кон одржливост, потенцираше Божиновска.Притоа таа рече дека од клучно значење е обезбедувањето соодветно финансирање што е камен-темелник на зелената транзиција, а Меѓународните финансиски институции и развојните банки можат да ги обезбедат потребните ресурси, но привлекувањето приватни инвестиции е исто така од витално значење. Овде, ЕУ може да продолжи да помага со нудење финансиски стимулации, грантови и заеми за поттикнување инвестиции во проекти за зелена енергија.

Македонија | пред 1 година

IMG_4415

Мицкоски: Меѓу првите странски директни инвестиции на новата влада ќе е инвестиција во енергетиката

„Кога се работи за енергетската транзиција треба да имаме предвид дека е сложена и доста скапа таа транзиција. Секогаш кога се исклучува реалноста тогаш правиме грешки, за жал која е реалноста всушност нашата земја е сиромашна земја и вистинското прашање е тука дали Македонија може да си дозволи ваква енергетска транзиција за толку краток период без да добие поддршка од надвор? Дали ние имаме човечки капацитет за една таква транзиција и дали нашиот систем може да си дозволи една ваква транзиција? Кога зборувам за социјалното влијание од енергетската транзиција зборувам за иднината на луѓето кои се веќе ангажирани во нашите производствени капацитети кои користат јаглен, произведуваат електрична енергија. Не треба тука да се занемари фактот дека повеќе од 4,000 семејства зависат моментално од производството на електрична енергија од термо електраните, термо електраната во Битола и Осломеј“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешното обраќање на македонско енергетскиот форум.Мицкоски продолжи и додаде:„Лесно се зборува за таа транзиција, но не е толку лесно да се зборува за човечките животи, бидејќи ако се затворат тие производствени капацитети, прво ќе го изгубиме примарното производство што е многу важно за нашиот систем и ќе се соочиме со огромен предизвик енергетска криза како што беше пред неколку години бидејќи без примарно производство побарувачката ќе расте а со обновливите извори, јас сум инженер и не сум убеден дека за 365 дена дека може да имаме стабилно снабдување со електрична енергија од обновливи извори. Тука не зборувам само за домаќинствата туку и за економијата бидејќи побарувачката на стопанството на економијата е важно бидејќи треба да имаме стабилно и одржливо снабдување со електрична енергија ако сакаме да расте таа економија, во спротивно би оделе наназад и би се соочиле со одлив на мозоци како што се случува сега 8 од 10 мои студенти си одат надвор бидејќи тука не гледаат никаква перспектива и ова е огромен предизвик за нас како влада да реализираме нешто материјално и опипливо инаку би оделе во спротивна насока и наназад и за жал нема да има надеж“, вели Мицкоски.Мицкоски посочи дека со добар план и добар надзор во енергетските капацитети ќе може да се заврши оваа процедура.„Како електро енергетски сектор не сме подготвени, но со добар план со добар надзор електро енергетските капацитети ќе можат да се заврши оваа процедура успешно, но за тоа ќе треба време. Во енергетиката брзи резултати не се возможни бидејќи тоа би било чудо, но ние не правиме чуда, никој во светот не прави чуда затоа треба да ја имаме реалноста во предвид и треба да работиме врз основа на прецизни планови со конкретни одредници“, истакна Мицкоски.Мицкоски укажа на тоа дека производството на електрична енергија од обновливи извори треба да е во фокусот.„Производството на електрична енергија од обновливи извори треба да е во нашиот фокус, но чекор по чекор да се одвива тоа, бидејќи брзи резултати не се возможни. За тоа е потребно време и тоа треба да го имаме предвид инаку нема да успееме“, рече Мицкоски.Мицкоски ексклузивно најави прва странска директна инвестиција која ќе е во делот на енергетиката.„Очекуваме први странски директни инвестиции во земјата со новата влада тоа ќе е објавено и со фокус на секторот енергетика со фокус на инсталирање на нова ветерна фарма што ќе биде во источниот дел од земјата помеѓу Карбинци, Штип и Радовиш, три општини на истокот и ќе биде голема инвестиција колку што сум информиран и со податоците со кои располагам во моментов се предвидува производство на електрична енергија приближно еден терават час што е еден милион мегават часови што е приближно 20% од целокупното производство на електрична енергија во земјава и ова би било прва директна странска инвестиција која ќе ја објави новата влада во Македонија“, истакна Мицкоски.Мицкоски продолжи и укажа дека без владеење на правото нема развој.„Без владеењето на правото нема развој. Тоа е првиот столб, ако се избегнува владеењето на правото развојот на земјата не би бил возможен така што двојни стандарди не се возможни“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски не го повлекол законот за реорганизација на Владата

Со соопштение имформираат од ВМРО-ДПМНЕ дека Мицкоски останува на тоа законот да се донесе во Собрание според собраниската процедура, ова доаѓа откако неколку портали објавија дека Мицкоски го повлекол законот.,,Законот е повлечен за исправање на номотехничка грешка, по корегирање на истата законот беше веднаш поднесен и истиот денес ќе се најде на седница на Собранието.Потенцираме дека не станува збор за никакво повлекување на законот, туку за негова номотехничка корекција која е во насока на подобрување на предлог законското решение.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Митева: Владата на ВМРО-ДПМНЕ со многу работа од Македонија ќе направи просперитетна, развојна и европска држава

„Со силен фокус на тоа што значи реформа секој во својот сегмент со добра координација многу посветеност и чесност ќе успееме да ја вратиме Македонија на она ниво на кое сакаме да ја видиме а тоа е просперитерна, развојна и европска Македонија”, истакна пратеничката и портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева во гостување во „Заспиј ако можеш” на ТВ Алфа.Таа продолжи и додаде:„Страшниот криминал и корупција го разниша системот на Македонија и неспособноста која ја демонстрираа СДС и ДУИ”, рече Митева.Таа посочи дека СДС им дозволила сѐ на ДУИ само за да се на власт.„Факт е дека ние предолго време поради реториката на ДУИ и онаа политика на СДС да дозволат сето тоа да се случува само заради една единствена цел за да останат на власт се доведе во ситуација да имаме проблеми и поделби во општеството”, вели Митева.Таа потенцираше дека за многу брзо од денес кога ќе се официјализира новата влада ДУИ ќе е во опозиција.„Наративот на ДУИ е нешто кое континуирано се случува изминативе години додека имаа огромни скандали позади себе за корупција тие се обидуваа да ја заробат темата дека се легитимни претставници на Албанците во Македонија и без разлика колку тоа беше тешко успеавме од почеток до крај да ја разобличиме таа слика која се обидуваа да ја презентираат во јавноста”, заклучи Митева.

Македонија | пред 1 година

IMG_4348

Јасно се гледа негрижата и условите на Клиниката за психијатрија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

,,На овие фотографии јасно се гледа негрижата и условите на Клиниката за психијатрија во моментите на заминување на одродената власт.Во вакви несоодветни услови се буквално фрлени и новите кревети на кој пациенти ќе треба да спијат.Тука, на Клиниката за психијатрија, оставени се лични работи на докторите и средниот медицински персонал без никакакво обезбедување, па така на првиот спрат може секој слободно да влезе преку тарасата, нема ниту врати, а заклучена е само канцеларијата на директорот.Негрижата за јавното здравство,кое денес е на маргините ја гледаме во секоја установа,на секое ниво и секој град.Еклатантен пример е негрижата во инфраструктурата на Клинички центар, а сведоци сме дека како резултат на тоа повеќе од половина месец блокиран беше цел хируруршки блок, нешто што се случува првпат во историјата на државата.Според проценките одложени се над 2000 интервенции, a пациенти дури и со малигни заболувања и други итни случаи не ја добиваат потребната здравствена услуга, а надлежните и денес немаат јасен план и мерки за ублажување на оваа состојба со листите на чекање за хируршки интервенции кои и пред оваа хаварија беа долгиСо еден збор,наместо да се решаваат ваквите реални проблеми во инфраструкрурата што требало да се надминат пред 3 години, поважно беше да има аплаузи и градење култ кон личности за чисто политиканство на сметка на неводење грижа за реалните потреби и приоритети.Доаѓа крај на ваквото расипништво, а сите менаџери кои се огрешиле и не работеле согласно прописите на штета на пациентите ќе сносат одговорност.”, велат од Комисијата за здравтсво на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните три недели чекаат за операции, бидејќи не се врши санација на хируршките сали

,,Власта на СДС и ДУИ го донесе македонското здравство во колапс.Три недели не се врши санација на хируршките сали. Три недели пациентите чекаат за хируршка интервенција, а надлежните не само што немаат решение, туку не ги интересира што човечки животи се во прашање.Додека министерството за здравство се натега, министерот Илир Демири држи прес конференции и се препукува со директорот на Кардиохирургија, заменичката министерка Маја Манолева прославува роденден, граѓаните чекаат да се најде решение.Пациентите чекаат и стравуваат за сопствените животи, а Демири и Манолева си прават роденденски журки во Министерството за здравство.Власта во заминување го пробуши дното. Здравството во Македонија колабира.За санирање на проблемот односно да се направи компресорот во хируршките сали потребни се околу 120.000 евра, но очигледно од ова немаат екстра заработувачка па не сакаат да го решат.Наместо хируршки интервенции да се вршат во Клиничкиот центар, граѓаните се препраќаат во други здравствени установи сами да се снаоѓаат, како знаат и како умеат.Ова е скандал од невидени размери. Човечкиот живот нема цена.Со ова власта во заминување уште еднаш докажа и покажа дека не им се важни проблемите на граѓаните.Ветуваа европско здравство, ветуваа модернизација на здравство, а донесоа тотален хаос.Но, добро е што ова заврши. За многу брзо од денеска ќе се случат сериозни реформи и проекти во здравството.Здравствениот систем бара итен и целосен рестарт. Граѓаните мора да се безбедни и сигурни дека ќе имаат добра и соодветна здравствена и медицинска услуга.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

klinika-hirurski-kliniki-4

ВМРО-ДПМНЕ: Цели дваесет дена владее хаос на Клиниката на хирургија

,,Цели дваесет дена владее хаос на Клиниката на хирургија, 20 дена владее тотален колапс во терцијалното здравство во Македонија. Клучната клиника кај што се изведуваат најкомплицираните хируршки операции и кај што се третираат најтешките случаи во Македонија, не функционира поради неодговорноста на власта во заминување.Министерот за здравство префрла вина, заменичката министерка прославува родендени, а 12 директори молчат и се кријат за овој скандал. Неброени операции се одложени, животи на луѓе се загрозени, а десетици луѓе дневно се препраќаат во други здравствени установи или приватни клиники и некој си игра пинг понг со нивните судбини.20 дена не се врши санација на хируршките сали, ниту пак се наоѓа решение за состојбите, што е врв на негрижата која СДС и ДУИ ја покажаа кон народот сега на заминување. Не би сакале да веруваме дека нивната ваква неодговорност е одговор на волјата на граѓаните изразена на изборите. Скандалот да биде поголем се работи за санација која чини се на се 120 илјади евра и оваа екипа од СДС и ДУИ во 7 години власт не најде простор да ја реализира. Ако овие 7 години работеа како што треба, немаше да се доведеме во ситуација како држава здравјето на толку голем број граѓани и здравствениот систем во целина да бидат доведени во прашање. Да се случеше нешто слично во европска држава, досега раководните функционери не само што ќе беа „искуферени“ од нивните фотелји истиот ден, туку следниот ден ќе беше поведена постапка за нивна одговорност пред законите.”, изјавиј од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

15.12.2021-3

ВМРО-ДПМНЕ: СДС продолжува по ист пат, Филипче, Петровска и Деспотовски кои им асистираа на Заев и Ковачевски сега сакаат да ги заменат

,,СДС продолжува по ист пат, Филипче, Петровска и Деспотовски кои им асистираа на Заев и Ковачевски сега сакаат да ги заменат.Во СДС нема свежина, нема нови идеи, ниту нов правец.Венко Филипче е министерот за здравство кој во ек на корона туркаше матни тендери и бркаше милионски провизии.Славјанка Петровска е министер за одбрана која народот ќе ја памети по криењето на луксузната хациенда.Јован Деспотовски е директорот на ФИТР, каде се даваа грантови за се само не за иновации.Кадрите на Заев и Ковачевски не можат да донесат ништо ново.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Милошоски: Поради најнеспособниот тандем Лога и Аврамовска Мадиќ, довербата на судството е 2 проценти

По однос на писмата на министерот за правда во заминување господинот Кренар Лога, од негова страна има право да се жали доколку сака да пишува такви писма, но се надевам дека писмата нема да ги испрати преку Македонска пошта, јавното претпријатие кое што 20 години го управува ДУИ и е нефункционално. Бидејќи ако ги испрати преку Македонска пошта може да не стигнат до адресите на кои што сака да се пожали министерот Лога, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет, Антонијо Милошоски во денешното гостување во Дејли Клик на телевизија ТВ 21 во однос на писмата кои што утрово ги објави министерот за правда тврдејќи дека ќе ги испрати до амбасадите во Македонија на меѓународната заедници за да се пожали за претстојните реформи во правосудните органи како што се Судски совет и Републичкиот совет на јавни обвинители.„Но, по однос на темата Републички судски совет и Совет за јавни обвинители, токму заради најнеспособниот тандем до сега во Министерството за правда, министерот Лога и заменичката министерка Аврамовска Мадиќ, мислам дека падна довербата во правосудство и во овие две институции на рекордно ниски два проценти“, рече Милошоски додавајќи дека реформи се неопходни и во двете овие институции.Милошоски посочи дека смета дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат обврска како ветен проект пред граѓаните за кои што добивме голема поддршка, да направиме реформи во овие две институции.„Законските интервенции кои што ќе се однесуваат на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители ќе бидат сублимат на експертски мислења и препораки на домашната стручна јавност како може да се зголеми автономијата и ефикасноста на овие две институции“, истакна Милошоски.Милошоски кажа дека никој од СДС и од ДУИ нема да може да се сокрие зад партијата, и дека секој кој згрешил или го прекршил законот, ќе одговара.„Некои од челниците на СДС ја користат партијата како акционерско друштво. Некако зад партијата сакаат да го сокријат сето она кое го правеа во изминатите години. Јас им порачувам и на оние кои ја водеа државата во изминатите седум години и од СДС и од ДУИ, времето за одговорност допрва доаѓа“, рече Милошоски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Стоилковски: ЈО наводно истражува заговор, власта и директорите на Хирургија се договараат!?

,,Сведочиме за последните политички „купи ден-продај“ зафати на СДС-ДУИ!Километарски редици за чекање операции, хирургија е во колапс, а мора да се потпреме на среќа или на Небото да не се случи поголема трагедија, затоа што ќе нема каде да се примат пациенти.За жал се потврди дека од петок до денеска вторник ништо нема да биде преземено на Хирургија.Но затоа - дознавме дека на СДС-ДУИ поважни им се партиските функции.- Дознавме дека Заеднички служби зависат од Клиниките, ама дури и од Заеднички служби се јавија во јавност само 12-те директори на Хирургија се сокриени.- Дознавме дека Владата, оние од СДС-ДУИ воопшто не им е грижа за тоа што се случува, и нема став за Хирургија. Нема ниту одговор дали санацијата би чинела само 120.000 евра?- И секако, дознавме дека додека трае процес на ЈО за Хирургија, заменик министерката Маја Манолева се среќавала со сите директори на Хирургија!? Уште еднаш ќе повторам - ЈО наводно испитува дали има заговор во Хирургија, а сите директори и власта си прават средби и се договараат!?Внимавајте, 20 дена ниту еден директор од 12 на Хирургија не излезе со став или осуда, ама затоа се здружени со заменик министерот Манолева, која што е и втор човек во Лекарската комора во исто време!?Па треба да веруваме дека збореле дека ќе отпочнат со работа кога ќе има услови, а не и можеби за ветување заштита за 12-те директори заради колапсот на Хирургија?Ова е фотографија од ФБ страницата на Манолева, заменик министерката за здравство од 22 мај 2024 година, една недела по хаосот на Хирургија. Таа во Кабинет заедно со министерот си прославуваат со торти додека цела Хирургија тоне. Толку од грижата на Манолева.За жал 20-тина дена абер нема од санација на Хирургија, се заради негрижа, ама целосна негрижа на двоецот СДС-ДУИ, за ништо друго, освен за лични интереси и партиски функции.Кабелот повеќе не може да е виновен! Ако санацијата би вредела 120.000 евра, ако за 120.000 евра 20 дена здравството е во колапс, некој дебело ќе одговара.Одговорност ќе има, колку и да се групираат и регрупираат!”, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Стани Цаци и Јово грант - СДС целосно да се реформира

,,Иднината на партијата која и ја даде Македонија на тацна на ДУИ се состои во доктор тендер корона Филипче, стани Цаци и Јово грант.Нема кандидат за претседател на СДС кој не е поврзан со криминал или неспособност.Венко Филипче ќе остане запаметен како човекот кој како министер во ек на корона бркаше провизии од вакцини, по матните тендери за реагенси, набавките во четири очи и колабрираното здравство.Славјанка Петровска ќе остане запаметена по луксузната хациенда која ја криеше, и Ковачевски кој ја стануваше на сред митинг да ја видат сите која е.Јово Деспотовски е директорот на ФИТР кој штанцаше грантови за се и сешто, истиот фонд од кој се делеа пари за обуки на магариња.И Филипче и Петровска и Деспотовски се поврзуваат со криминалите и неспособноста на Заев и Ковачевски. СДС целосно да се реформира.”, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

sobranie-nov-sostav-2024-vmro-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Да беше голем тендер СДС и ДУИ одамна ќе ја санираа штетата на Хирургија

,,Да беше голем тендер СДС и ДУИ одамна ќе ја санираа штетата на Хирургија, но очигледно 120.000 евра се мала сума за нив.СДС и ДУИ штанцаа милионски тендери во здравството, се крадеше на вакцини и на терапии за рак, од десетици илјади евра до милиони.За се што можеше да има тендер, СДС и ДУИ распишаа. Само за Хирургија немаат решение, а целиот проблем според информациите кои излегоа во медиумите се решава со 120.000 евра.Зошто СДС и ДУИ оставија државата да тоне? Зошто Хирургија е оставена во хаос и колкава е штетата по животот и здравјето на стотици пациенти и кој за тоа ќе сноси одговорност?СДС и ДУИ и нивните кадри во здравството ќе одговараат за хаосот на Хирургија.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања