ВМРО-ДПМНЕ

dpmne-vmro-Konvencija-9-02032024

ВМРО-ДПМНЕ: Дали за 120.000 евра санација на Хирургија која не е направена е колабиран цел здравствен систем

,,Дали за 120.000 евра санација на Хирургија која не е направена е колабиран цел здравствен систем?!Министерот за здравство Илир Демири и заменик министерката Маја Манолева треба да кажат дали затоа што на време не направиле санација од 120.000 евра сега се блокирани 12 оддели на Хирургија и цел здравствен систем е во хаос?Зошто милиони се одвојуваа за матни тендери, се местеа провизии за вакцини од десетици милиони евра, се крадеше на терапии за рак, а не се најдоа 120.000 евра за санација на Хирургија?Како е можно СДС и ДУИ да имаа пари за секакви матни зделки и тендери, а да немаа 120.000 евра за санација на проблемот на Хирургија?Имајќи го во предвид однесувањето на СДС и ДУИ станува јасно дека можеле, а не го решиле проблемот на Хирургија.СДС и ДУИ свесно го блокираа цел здравствен систем. Одговорност за хаосот на Хирургија ќе има.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4241

Мицкоски на средба со амбасадорката на Швајцарија, Вероник Хулман

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Марија Митева и секретарот за меѓународна соработка Стефан Андоновски остварија средба со амбасадорката на Швајцарија Н.Е. Вероник Хулман.На средбата се разговараше за идните чекори на ВМРО-ДПМНЕ за формирање на идна стабилна Влада и беше потенцирана силната посветеност на ВМРО-ДПМНЕ која како идна влада ќе се посвети на трите главни постулати - борба против криминалот и корупцијата, забрзан економски развој и реформите неопходни за евриоинтегративниот пат на Македонија.Претседателот Мицкоски се заблагодари на амбасадорката за поддршката која Швајцарија и ја пружа на Македонија од осамостојувањето до денес и со сигурност се потврди и соработката која ќе се продлабочува и проширува во иднина.

Македонија | пред 1 година

Naum-Stoilkovski-10.07.2023

Стоилковски: Денеска е 14-ти ден на колапсот на Хирургија

,,Денеска е 14-ти ден од колапсот на Хирургија и колапсот на сиот здравстен систем во Македонија.14-ти ден! И ден - петок. Што значи, со СДС/ДУИ, уште најмалку 4 дена, и тоа оптимистички, проблемот ќе трае. Бидејќи за нив нели, викендот мора да се истера, има поважни работи, како внатрепартиските интриги.Почитувани, ова е вистинското светло во коешто ќе блеснеше и иднината заедно со европскиот фронт. 14-ти ден на колапсот на Хирургија, ден петок, а со СДС/ДУИ тоа значи уште најмалку една недела блокада на здравството.14 дена. Ништо не е преземено, здравството во цела држава е во колапс.14 дена, министерот Илир Демири ја префрла топката те на ЈО, те на колективна одговорност - владата на СДС/ДУИ.Од 12 директори и раководители, најголем број од нив по 7 години на таа позиција, не изустија ни збор, ниту чувствуваат одговорност, а се недопирливи за Илир Демири. Раководители по 7 години за што најмалку по два пати можеле да преземат акција да се санира Хирургија во целост.Срамно и недостоинствено, но својствено за СДС/ДУИ, нема грам грижа за пациенти, нема брза реакција да се санира Хирургија, ама има брза реакција за има провизии за вакцини, провизии за модуларни, црна трговија со лекови за рак.14 дена, 12 оддели на хирургија, оставени во хаос, ништо не се презема. Клиниката за Хирургија е клучниот момент на Клинички, по правило врвот на здравствениот систем, а со ова терцијалното здравство во Македонија е доведено во колапс.Одговорност ќе има! Имињата на одговорните ќе останат запаметени.”, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4213

Стоилковски: 12 директори и раководители на Хирургија збор немаат за колапсот, одговорност ќе има

,,Најмалку 12 оддели кои функционираат на Хирургија, најмалку 12 оддели кои НЕ функционираат нормално веќе две недели, а нема ниту еден збор од 12 раководители и директори со звучни имиња за колапсот на терцијалното здравство.Збор за хаосот немаат ниту д-р Александар Трајановски од ТОАРИЛУЦ, ниту д-р Софија Пејкова од пластична хирургија, ниту д-р Зоран Караџов од Абдомен, ниту д-р Сашо Дохчев од Урологија, д-р Александар Жупановски од неврохирургија, збор нема ниту д-р Неџат Јакупи од Торакална, ниту д-р Славица Литајковска од Детска хирургија, збор нема од д-р Далип Јахија од Ортопедија, ниту д-р Никола Брзанов од Ургентен, ниту пак гласните д-р Илир Хасани од Траума екс- заменик министер и партнер на Филипче во градба, или д-р Маја Мојсова од КАРИЛ, толку гласна и ангажирана Филипче да не даде оставка после трагедијата со тетовската модуларна болница.Ова е срамно и неетичко однесување, да се чека крај на мандат со скрстени раце, додека пропаста на Хирургија ги преоптовари сите болници во Македонија, а пациентите чекаат за операции. Срамно е заради негрижа да пропадне Клиниката за хирургија, пациентите да заминуваат во приватните болници, на своја или на сметка на државата.Немаат збор ниту министерот ниту овие дванаесетмина за економскиот директор којшто со екипа заминал на Азурен брег, ниту пак за оние т.н. Заеднички служби. Никој од нив не кажал ниту збор, ниту претходно ниту сега откако системот колабираше.Срамно е за белиот мантил, политичката определеност на неколкумина да се определат за молк да е поважна од тоа да се помогне на пациент.Доведувањето на состојба на Хирургија со затворени сали, скапан систем за компримиран воздух, скапана вентилација, скапани лифтови, исклучени рентгени, исклучени компјутерски томографи, скапани одаи за КАРИЛ да не се овозможи да се реновира, а фирмата да моли за услови, а директори и администрација да се шетаат на Азурен брег е се само не здравство, и се само не случајност или инцидент во столбот на македонското здравство, Клинички центар.Одговорност ќе има, злоупотреба на службена положба да потсетам се прави со постапување, но и со непостапување. Прашањето за докторската етика да ја оставаме во рацете на колегите во бели мантили и секако на пациентите.”, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: 13-ти ден не работат операционите сали на Хирургија, СДС и ДУИ го оставаат здравството во хаос

,,13-ти ден не работат операционите сали на Хирургија, СДС и ДУИ го оставаат здравството во хаос.Десетици и стотици пациенти се препраќаат по другите болници во Скопје затоа што Хирургија на Клинички не работи, а од пред 2 дена апаратите за компјутерска томографија и РТГ исто така не работат. Како да не беше доволен хаосот со операционите сали.И додека Клинички колабира, најмалку петмина од раководството и администрацијата на Хирургија, меѓу кои и Адмир Дајоски економскиот директор на Торакална, среде хаосот заминале на патување на Азурен Брег.Знае ли министерот во заминување дека тој, СДС и ДУИ прават несогледлива штета за здравството?Негрижата кон здравството кое оваа власт го манифестираше изминативе години сега се излеа целосно на површина. За ова одговорност мора да има.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

sobranie-nov-sostav-2024-vmro-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Важно е што волјата на мнозинството е ДУИ да оди во опозиција и се соочи со одговорност

,,Нема ниту мајоризација, ниту шовинизам, ниту е важно што Ахмети имал чувство на навреденост, важно е што волјата на мнозинството е ДУИ да оди во опозиција и се соочи со одговорност.Ако одењето на ДУИ во опозиција е кршење на Рамковниот договор, тогаш и Али Ахмети го прекрши кога реши да ја изостави ВМРО-ДПМНЕ од владата и не го почитуваше резултатот на изборите 2016-та година каде победи ВМРО-ДПМНЕ. Што само значи дека почитувањето на Охридскиот договор нема врска со фактот дали ДУИ е власт или опозиција.Ахмети треба да престане да се однесува како палаво дете кое плаче по играчката која не е негова, затоа што ВМРО-ДПМНЕ не е СДС, ниту пак одењето на ДУИ има некаква врска со односот на ВМРО-ДПМНЕ кон Албанците. Затоа што ДУИ не се само Албанците во Македонија, ДУИ е сегментот кој ги крадеше Албанците исто како и Македонците.Ако Ахмети мисли дека нови и антидржавни етнички барања преточени во документи и платформи ќе го спаси од одење во опозиција и ќе ги сокрие криминалите на неговата партија, треба да знае само дека тоа забрзано ќе му ја заврши кариерата.Првото ветување исполнето, ДУИ оди во опозиција.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4195

Мицкоски на средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ

Денеска 29.05.2024 година, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев остварија средба со амбасадорот и шеф на Мисијата на ОБСЕ, Килиан Вал.На средбата се разговараше за спроведувањето и резултатите на последните претседателски и парламентарни избори во Македонија, како и за понатамошните чекори за идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.Претседателот Мицкоски се заблагодари на преставниците на Мисијата на ОБСЕ за активното вклучување и следење на изборните процеси, како на 24 април, така и на 08 мај.Од страна на претседателот Мицкоски беше потенцирано дека следи период на реформи во државата, економско зајакнување, како и борба против корупцијата и криминалот за да може државата да се развива и просперира.Истото така тој додаде дека државата ќе продолжи по европскиот пат за кои идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ силно ќе се залага.На средбата беше констатирана успшната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Мисијата на ОБСЕ и истата ќе продолжи.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Стоилковски: Покрај исклучени сали, на Хирургија изгаснати и компјутерите за томографија, а економскиот директор патува на Азурен брег

,,Здравството е пред колапс, прекинот на операции на Хирургија предизвика хаос во другите болници, а министерот се уште нема поим зошто салите за операција на Хирургија не работат. Важно знае дека воздухот не бил компромитиран, ама смрдело.Хаосот со воздухот не е единствен проблем на Хирургија. Од вчера и апаратите за компјутерска томографија и РТГ не работат! Ова е известувањето со кое што се бара разбирање за пациентите да се упатуваат кон други здравствени установи во градот!Во овие моменти кога сета јавност е насочена кон состојбата во Хирургија, кога сите скопски болници се преоптоварени со пациенти заради Хирургија, сега се исклучени и компјутерите за томографија. Ова е се само не ред, здравство, грижа за пациентите и посветеност на министерот и сиот раководен тим на Хирургија.Патем, знае ли министерот Илир Демири, дека најмалку петмина од раководството и администрацијата на Хирургија, меѓу кои и Адмир Дајоски економскиот директор на Торакална, среде хаосот заминале на патување на Азурен Брег? Дали Илир Демири се уште смета дека поважно е да му измине времето како министер без да се замери со ДУИ и СДС или треба веднаш да побара одговорност?Накусо ќе ги сублимирам проблемите на Хирургија: 12 дена нема операции заради лош мирис иако министерот тврди дека воздухот не е компромитиран, не работат лифтовите, фирма моли за услови да се исполнат преземените обврски на тендер, сега и компјутерите за томографија и РТГ се исклучени, а раководството со економскиот директор заминале на францускиот Азурен брег!?Сето ова не остава простор да се гледа како на инцидент, туку е резултат на целосна негрижа со напластени проблеми.Оставштината на СДС и ДУИ во здравството до крај го покажува вистинското лице. Сето ова не смее да заврши со обвинувања на некој нов кабел. Одговорност мора да има, вклучително и етичка и професионална.", изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

пред 1 година

IMG_4171

Мицкоски за Апасиев: Се однесуваат како група на џанаци, ние дадовме бланко понуда, ама тој правеше планови за летување

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на лидерот на Левица, Димитар Апасиев дека ќе даде бланко поддршка за проектите ако Африм Гаши не биде собраниски претседател, рече дека таа партија се однесува како група на џанаци.„Димитар Апасиев имаше бланко понуда од ВМРО-ДПМНЕ пред изборите да се приклучи, тој одлучи да се посвети на плановите каде ќе ужива летото дали на Хургада или друга грчка плажа. И како што еден од неговите поранешни сопартијци вика дека тие се група на џанаци, така и продолжува да се однесува“, рече Мицкоски.Во тек е конститутивната седница на новиот собраниски состав.

Македонија | пред 1 година

IMG_4154

Стоилковски: Министерот Демири на СДС/ДУИ ниту чувствува, ниту бара одговорност, ниту пак има појма што се случува на Хирургија

,,10 дена цела држава, цела Македонија се прашуваше што се случува со Хирургија, министерот на СДС/ДУИ Илир Демири денеска конечно излезе од скривалиштето за да каже дека едноставно - не знае што е проблемот којшто го сведе само на лоша миризба.Ниту побара одговорност од раководството, ниту од заедничките општи служби, ниту лично тој не понесе одговорност за неспособноста!Едноставно откри дека никој од менаџерите не чувствувал одговорност за состојбите во Хирургија!10 дена воздухот не бил компромитиран само имал лоша миризба, 10 дена нема операции, салите се затворени, а министерот излегува во јавност без трошка срам затоа што нема одговор.Чувствувањето на мирис, пријатен или непријатен, е субјективно чувство, а според Демири, анализите покажале некомпромитиран воздух, додека пак операции не се вршат 10 дена. А, по 10 дена нема одговор и не чувствувал вина ниту тој, ниту ннеговите директори, затоа како што вели кусо време бил министер?Ова почитувани е израз на самоволие, за кое што мора да има одговорност. Хирургија, Клинички, столбот на македонското здравство го рушат во темел, а Илир Демири нема појма што се случува.Но затоа, Илир Демири е доволно министер на СДС/ДУИ за да ги брани директорите и на Хирургија, и на Токсикологија, и да држи политички говори со обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ за болницата во Лешок.Почитувани,Ова е вистинското лице на Илир Демири, но и вистинското лице на СДС/ ДУИ.Одговорност мора да има и ќе има и лична, и морална и политичка!”, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023-1

Николоски: Власта во заминување врши масовен грабеж на ЕЛЕМ и РЕК Битола

,,Власта на СДС И ДУИ на заминување прави масовна пљачка на ЕЛЕМ И РЕК Битола!Целта е да се искраде што сѐ може на заминување!Тендери се штанцаат на дневна основа, нормално за омилената фирма на белорускиот конзул!Исто така дневно десетици камиони носат увозен јаглен! Тие камиони транзитираат низ Новаци кон РЕК Битола.Во сообраќајна несреќа при судир на еден од тие камиони со трактор, еден човек го загуби животот. Затоа жителите на Новаци организираат протести за крај на криминалот во ЕЛЕМ и РЕК Битола!Утре - Понеделник 27-ми мај од 10 часот се случува уште еден таков протест! Жителите на Новаци ја имаат мојата поддршка!А, за криминалот во ЕЛЕМ и РЕК Битола веднаш по формирањето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе започнат соодветни постапки за расчистување!Криминалците ќе одговараат!”, напиша Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-27-at-10.47.35

Мицкоски: Следува ново поглавје со работа, одговорност и резултати - Македонија се враќа на народот

Првенствено ќе се посветам на она што најмногу го засега секој еден човек, а тоа е потребата за подобар живот и изградба на заедничка иднина. Големата поддршка која ја добивме од граѓаните, значи огромна одговорност да излеземе со чист образ пред граѓаните и да кажеме како стојат работите реално, и без разубавувања, но и да направиме брзи резултати, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Струга во црквата Св. Богородица - Калишта, каде се одржа свеченост по повод одбележувањето на празникот на Св. Кирил и Методиј.„Следува ново поглавје, каде државата се враќа на народот, и Македонија мора да има резултати и сила за големи победи. Новото поглавје се темели на одговорност, на морал и вредности кои се обврзувачкото кредо кое мора да се почитува. За брзо од сега ќе имаме нова влада. Тоа го посакувавме од првиот ден на оваа наша напорна и голема битка. Но, формирањето на владата е лесниот чекор, затоа што крупните чекори мора да бидат резултатите кои мораме да ги испорачаме“, кажа Мицкоски.Мицкоски укажа дека многумина се гледаат на различни позиции, функции и места, и додаде „никогаш тоа за мене не преставувало билет за добар живот, туку обврска за голема одговорност на тој кој ја дава оваа власт, а тоа е народот“.„Бидете свесни дека секое ваше потфрлање ќе биде разочарување на народот и луѓето чии дланки ги стиснавме во нашата повеќегодишна битка за ставање на крај на ова владеење“, вели Мицкоски.Според Мицкоски секоја стисната дланка е рака на подадена надеж, секој разменет збор ново очекување.„Добиената поддршка мора да се заслужи и одработи. Мора да се покаже задолжителна доблест и пример во владеењето и да се покаже одговорност. Работете беспоштедно од првиот ден, решавајте што е можно повеќе проблеми и бидете промената која може и мора да се види од првиот час. Секој ќе добие шанса, секој од вас, но таа шанса е обврска која морате да ја исполните. Знајте дека ја имате мојата доверба, но и ќе ја имате мојата апсолутна жестокост без пардон доколку било кој од вас влезе во коруптивни или заткулисни игри“, заклучи Мицкоски и дополни дека мораме да се обединиме под исто знаме, по исто небо и да работиме за заедничката иднина.

Македонија | пред 1 година

IMG_3914

Мицкоски: Да ги надминиме сите поделби, да ја победиме секоја омраза и да ги соочиме изворите на тоа зло со одговорноста

„Денес во Македонија десетици илјади деца се надвор од образовниот процес, над 80 илјади живеат во тешка сиромаштија обременети со голата борба за живот. Одбивам да говорам за образованието на ниво на зборови и флоскули, туку тоа мора да се заоснова на дела. Поразително е што многу деца, многу луѓе не само што не се вклучени во образовниот процес, туку им се одзема шансата да бидат како другите свои врсници и да ги имаат истите услови за образование. Многу од младите луѓе се приморани да работат, од мали нозе, откажувајќи се од својот сон за шанса преку образованието. Уште позагрижувачки е моралната дисторзија во општеството каде неморалното се преставува за морално, а неморалното за принцип кој треба да се следи“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Струга на свеченоста по повод одбележувањето на празникот на рамноапостолите Св. Кирил и Методиј.Тој додаде дека корупцијата ја јаде секоја слободна пора во општеството. Таа ги руши сите стандарди, создава декаденција и станува дел од една култура на владеење, каде да се даде мито, да се даде поткуп е сосема нормална и неизбежна работа. Од друга страна чесниот народ, мнозинството од народот, кој чесен, трудољубив, и кој премногу долго само сонуваше без да го оствари тој реален сон е веќе изморен од чекање.„Го знам копнежот на секој еден вас тука, но и копнежот на илјадници други низ нашата Македонија кои велат ова е последната шанса за нашата држава. Премногу добри луѓе веќе ја напуштија државата или пак живеат живот на постојано патување од родната грутка до својата нова држава каде работат и се борат. Никогаш не смееме да ги обвиниме овие луѓе, туку вината треба да се бара безмалку во сите тие кои над 3 години велеа дека го следат сонот, но реално потфрлија за градба на слободна, просперитетна и успешна Македонија“, укажа Мицкоски.Мицкоски посочи дека со многу поделби кои редовно се завесата зад кои се кријат поединечни и најчесто лукративни интереси. Со многу посеана омраза едни кон други и вештачки ѕидови кои се подигнати меѓу реалните луѓе на кое им се сервира тоа семе на злото.„Тоа семе на зло, роди затруени плодови. И тоа го прават затоа што се уплашени, затоа што знаат дека ако не се власт, не се достојни за привилегии, и немаат додадена вредност во општеството. Народот премногу губеше, премногу е сериозна работата за да мислат тие кои се закануваат дека има нешто повеќе да се загуби во ситуација кога сите ние сме доведени до работ, до линијата преку која не можеме да поминеме, и која се сведува на тоа или ќе не биде, или не, како и тоа дека го немаме изборот, ниту луксузот овој пат да не успееме“, рече Мицкоски.„Мојата цел е да ги надминиме сите поделби, да ја победиме секоја омраза и да ги соочиме изворите на тоа зло со одговорноста која мора да биде неодминлива, апсолутна и неселективна“, порача тој.Тој укажа дека народот знае дека за сите нас постои едно исто небо под кое живееме, тагуваме и се радуваме.„Позади мене е Охридското езеро чиј брег илјадници години обединува луѓе од различни етнички и верски припадности. Не постои лева или десна, на власта или на опозицијата, не постои нешто како лош или добар народ, постои само една, Македонија, со пристојни луѓе кои заслужуваат среќа. Постои само една наша Македонија. Со историја пред која се поклонуваме, и иднина која мораме да ја создаваме сами и за која сме подготвени да се бориме. Немаме време да трошиме за жалење над неправдите врз нас, ниту пак за промашените шанси на тие пред нас. Ние самите мораме да ги создадеме наредните шанси и да ги издвојуваме заедничките победи“, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_4095

Делото на браќата Кирил и Методиј е стожерот на македонското наследството и фундаментот на кој денес почиваат и европските вредности

По повод одбележувањето на празникот на рамноапостолите Св. Кирил и Методиј се одржа трибина под наслов „Св. Кирил и Методиј, Стожер на Постоењето!“ на која се обрати Ѓоко Ѓорѓевски кој што истакна дека мисијата на браќата Кирил и Методиј е единствена а ние сме горди на нив и нивното творештво.„Забележани се многу мисии економски, политички, религиозни но чинам дека оваа мисија на браќата Кирил и Методиј е единствена затоа што е просветителска за нас, за целиот словенски род па и за нас македонците. Еден вид на ориентација и инспирација за тоа како треба навистина да изгледа една црковна мисија. Тоа тие што го направиле е во еден процес на инкултурација тоа значи дека се обиделе на еден автентилчен начин да го пренесат божјото слово не обидувајќи се врз никого да влијаат врз нечиј идентитет или јазик туку на автентичен начин да го пренесат создавајќи писмо создавајќи зборови преведувајќи ги свештените списи и народот на кој што им било предавано да можат тоа да го направат како свое и врз основа на тоа потоа да го градат својот идентитет сите словенски народи па така и нашиот“ кажа Ѓоко Ѓорѓевски, редовен професор на Православниот Богословски факултет Св. Климент Охридски - Скопје.Панов ја истакна важноста на Кирил и Методиј кои се стожери на наследството и постоењето на Македонија.„Јас не би рекол дека не натераа да заборавиме на минатото туку да прифатиме ново минато со што ќе станеме нешто друго од тоа што сме и тука ја гледам клучната поента и на мисијата на Кирил и Методиј. Кирил ги засрамил тогашните политички и црковни елити обезбедувајќи рамноправност на словенскиот јазик со што тој издејствувал во Рим да се изведе словенската богослужба во пет цркви, нешто што е чин на признавање не само на словенскиот јазик туку и правата на сите словенски народи. Човековите права што се денес фундаментот на кој што почиваат европските вредности. Токму тука е таа порака која што ние како држава Македонија и како македонски народ сме заслужни за одржувањето на мемеоријата и наследството на Кирил и Методиј особено преку култот на Климент Охридски кој што непосредно и директно ги проширил и ги зачувал оригиналните изворни традиции на Кирил и Методиј па преку Охридската Архиепископија и потоа стануваат стожери на тоа наследство и тука е суштината на нашата држава и зачувувањето на европските вредности.“ кажа Митко Панов, редовен професор на Институтот за национална историја при УКИМ - Скопје.

Македонија | пред 1 година

IMG_4092

Љутков: Делото на Светите Кирил и Методиј од пред 11 века е цивилизациска придобивка на која се сеќаваме со гордост

„Денеска ги чествуваме сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј. Нематеријалната култура е стожерот на нашиот идентитет. Македонскиот јазик, нашата писменост се најзначајните репрезенти на нашата земја“, истакна Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина под наслов „Св. Кирил и Методиј, Стожер на Постоењето!“ која е во рамките на свеченоста по повод одбележувањето на празникот на рамноапостолите Св. Кирил и Методиј.„Создавањето на старословенското автономно писмо и глаголската и кириличната азбука е историски настан од исклучителна духовна, општествена, политичка и културна важност. Далекусежни се мислите за описменување на словенскиот род од светите браќа Кирил и Методиј, рамни на неповторливо визионерство“, заклучи тој.Љутков додаде дека мисијата на светите браќа Кирил и Методиј била стратешка, државничка, политичка. А, мисијата резултирала како обединувачки културен чинител на словенските, словенизираните и на другите балкански и европски народи.„Ова духовно и културно наследство не прави особено горди, не само нас Македонците, туку цели 11 века претставува репрезентативен, духовен, мемориски чин за сите словенски народи. Без нивната самопожртвуваност светот ќе беше посиромашен за цела една цивилизациска распространетост. Тие го посееја семето на писменост, но ја посееја и љубовта кај своите ученици. Во прв ред кај Климент и Наум тоа семе да се размножува, да трае“, рече Љутков.„Патриотизмот на 21 век бара квалитативно потпирање на минатото како основа за постоењето. Истовремено освојување на светските уметнички сцени, градење општествени економски и политички релации во светот кои значат вклучување во светкиот крвоток. Но, не како претопување во туѓото туку со својата индивидуалност и интегритет збогатувајќи тој крвоток со свој печат. Оттука доколку сакаме од друга страна да им оддадеме почит на нашите светители и просветители, а од друга страна да ја направиме нашата татковина силна, просперитетна и стабилна мораме со сите сили да си ја впрегнеме одговорноста. И така впрегнати да дадеме се од себе и да продолжиме каде што застанале сите оние кои ги чествуваме и на кои се одгледуваме“, порача Љутков.Тој укажа дека осврнувајќи се на последните години од културолошката депресија неопходно е враќањето на македонското национално достоинство заради одржување и надградување на македонскиот културолошки код. Но, не како работна обврска туку како основа на нашето постоење.„Денес имаме цивилизациска придобивка на која се сеќаваме со восхит и со гордост македонска и општословенска јазична писмена книжевна и духовна култура како една од водечките во светот. И од овде како генерација Македонци порачуваме и ветуваме дека нема да бидеме срамот туку ќе бидеме бедемот на македонското постоење“, нагласи Љутков.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања