ВМРО-ДПМНЕ

Screenshot-2024-05-03-at-13.03.13

Мицкоски: Горди сме на делото на светите браќа Кирил и Методиј

,,Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честитам денешниот празник Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј.Светите Кирил и Методиј со своето дело ја задолжија не само сесловенската, туку и европската и светската култура и на тој начин со златни букви се запишаа во историјата и националната меморија на целиот словенски род.Нивната посветеност е пример дека ниедна цел не може да остане недостижна, доколку силно се вложиш и макотрпно работиш. Со својата просветителска работа, преведувањето на мноштво книги на старословенски, но пред се создавањето на глаголицата како словенска азбука, тие станаа факелот кој го осветли патот на милиони Словени и на тој начин ги спаси од асимилацијата која тријазичната ерес сакаше да им ја наметне.Нашата гордост како Македонци е дотолку поголема, што нивниот темел на старословенскиот јазик како основа на нивната дејност, беше говорот на македонските Словени од околината на Солун. Македонскиот јазичен извор ја напои жедта на целиот словенски род и на тој начин ги спаси од одродување.Нам, како генерација ни преостанува да го чуваме нивното дело и да бидеме горди на нивната работа која повеќе од еден милениум живее како тука во Македонија, така и речиси во половина Европа.”, изјави Христијан Мицкоски Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Slika-1

Честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод Националниот ден на Власите

,,Во име на ВМРО-ДПМНЕ и во мое лично име го честитам 23 мај, Националниот ден на Власите.Власите се составен ден од Македонската историја и култура, секогаш давале придонес за општеството и неговиот развој.Како идна влада ВМРО-ДПМНЕ ќе се посвети на засилен и забрзан економски развој, евроинтеграции и борба против корупцијата, процеси во кои ќе бидат вклучени и Власите.Следува враќање на државата кон народот, кон секој еден човек, да се чувствува безбедно, со еднакви можности и со ветувачка иднина.За иднината мора да се работи, да се унапредува животниот стандард и економските прилики.” , вели Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

antonijo30082021

Милошоски: Нова Влада до 20 Јуни

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на социјалната мрежа „Х“, напиша дека до 20 јуни се очекува да биде формирана новата Влада, која најверојатно ќе ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ„Избори во Македонија, 120 пратенички места: коалиција предводена од ВМРО ДПМНЕ освои 58 пратенички места, коалицијата предводена од ДУИ 18 пратенички места, коалицијата предводена од СДСМ 18 пратенички места, ВРЕДИ освои 14 пратенички места и помалите политички партии од македонскиот блок, ЗНАМ и Левица освоија по 6 пратенички места“, напиша Милошоски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме повеќе гласови од СДС, со пораз од 1:3 СДС го има најслабиот резултат во историјата

ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови од СДС. 436 илјади гласа пред 154 илјади на СДС е огромна одговорност за ВМРО-ДПМНЕ.,,СДС има најголем пораз во историјата. Разликата во гласови е 1:3.СДС има најмал број пратеници во собранието од кога постои.Лошите политики го бетонираа СДС на дното.Следува време на одговорно работење. Забрзан економски раст, борба против корупцијата и европска интеграција.Потребни се коренити и брзи промени. Народот повторно ќе ја чувствува Македонија како своја.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Miteva-23.06.2022

Митева: Скандалот со корупцијата во правосудството покажува дека СДС и ДУИ воспоставиле криминален систем

,,Последните случувања со големиот скандал за земање на мито од 10 илјади евра од страна на судијата Наќе Гроргиев и второсомничениот јавен обвинител Иџет Мемети е само уште еден доказ дека во Македонија власта на СДС и ДУИ, наместо правен воспостави криминален систем.Колку е огромен овој скандал потврдува и фактот што станува збор за кривично дело земање поткуп од судија и јавен обвинител, а истото противправно дејство е со единствен цел - обезбедување олеснителни околности за кривичен случај кој се води против поранешен градоначалник на Ново Село - Боро Стојчев.Додека сите ние чекаме и бараат правда, одговорните за спроведување на правдата се први во криминалот.Не залудно на сите мерења на јавното мислење довербата во судството, обвинителството и правосудниот систем во целина е на поразителни 1%, историски најниско ниво на доверба додека токму власта на СДС и ДУИ ги убедуваше граѓаните дека тие се европски фронт.Ова е уште еден доказ зошто во Македонија нема систем, нема функционални институции, нема правда и со сигурност граѓаните немаат мир.После откривањето на скандалот со корупција во највисоките редови во правосудството, логично се поставува прашањето дали овој случај со ексградоначалникот и митото од 10 илјади евра е единствен случај на овие два функционери во правосудството?Дали и колку илјадници евра биле барани за случаите со финансиски криминали, трговија со дрога, убиства и слично за кои јавноста е сведок дека не видовме ниту право ниту правда?Дали е точно дека во правосудството само во изминатите неколку години биле изрекетирани неколку милиони евра?Колку накевци и иџетовци инсталираа СДС и ДУИ во македонското правосудство?Остана да лебди и прашањето дали и колку длабоко пипците на судскиот октопод се раширени во системот и дали главата на тој октопод се всушност функционери на власта на СДС и ДУИ?Затоа што, парата и правдата не одат заедно освен во криминализирано правосудство како ова на ДУИ и СДС.Ова мора да има крај, мора да има одговорност и затоа ги повикуваме надлежните органи од почеток до крај, од првиот до последниот темелно да го истражат и овој, но и многу други случаи за кои има основано сомнение.Само со силна посветеност во борбата со криминалот и корупцијата ќе ја направиме Македонија држава подготвена за Европската Унија и држава која обезбедува подобар живот на сите наши граѓани.Одговорност мора да има подеднакво за сите!", изјави Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо нови лекови на позитивна листа, Владата во заминување, на големо краде преку јавните набавки за лекови

,,Наместо нови лекови на позитивна листа, Владата во заминување, на големо краде преку јавните набавки за лекови!Наместо нова позитивна листа, на големо се спроведуваат јавни набавки со вртоглаво високи износи за помалку лекови. Или власта во заминување и во овој меѓупериод до формирање на нова влада лови во матно или никако да престане со полнење на личните џебови.Наместо домаќинско трошење, еднаков и постојан пристап до лекови, власта во заминување демотивира и прави чекори со кои се нарушува континуитетот во снабдувањето.Во перидот до назначување на новата влада предводена од ВМРО- ДПМНЕ, апелираме сите оние кои особено сега се интензивно вклучени во процесите за набавки на лекови, да бидат совесни и свесни за периодот кој следи.Укажуваме дека периодот кој ќе следи ќе биде историски значаен период за здравствениот систем во Македонија.1.Ќе се работи интензивно и професионално за воспоставување добро познати позитивни процеси со цел обезбедување повеќе лекови за сите пациенти по поволни цени и пониски трошоци, и за пациентите и за системот што делумно ќе го реконструираме и преку позитивната листа.2. Ќе се работи домаќински со добро планирање, мониторирање и контрола на прометот и јавните набавки на лекови со цел лековите да ги добијат сите пациенти.ВМРО -ДПМНЕ со Платформата 1198 се обрзува дека ќе стави крај на непотизмот, корупцијата и криминалот во здравството, а ќе воведеме мерит систем, нови лекови на позитивна листа, соодветни услови за работа на медицинскиот кадар.”, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_6635

Мицкоски: Граѓаните треба да се чувствуваат комотно, доаѓа надеж и подобра иднина

-Граѓаните треба да се чувствуваат слободни, комотни, да уживаат во животот, да работат, да се опуштат, доаѓа надеж, доаѓаат поодбри времиња за сите нас, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето интервју за Ора 24.Мицкоски во текот на своето интервју се осврсна и соседите каде истакна дека со нив ќе се води една принципиелна политика, политика која ќе се темели на аргументи и факти.-Што се однесува до соседите ќе водиме една принципиелна политика, политика која што ќе се темели на аргументи, на факти. Подготвени сме да аргументираме наши позиции, подготвени сме да работиме заедно со нашите соседи, да градиме мостови. Ги повикувам нашите соседи на една заедничка работа, на една братска работа затоа што соседот е тој кој што е од Бога даден и ние мора да работиме заедно, не смееме да ги рушиме мостовите. Очекуваме од нашите соседи да го почитуваат и нашиот став бидејќи добрососедските односи се двонасочна улица. Нема да ги гледаат од нас оние политики кои што ги гледаа до сега,тоа беа политики на себе омаловажувања, политики на понизност, политика на коленичење, од друга страна уништување и ограбување на сопствената држава, ниту пак ќе гледаат политика на беспотребно иритирање, беспотребна агресија, преименување на автопати, аеродроми, споменици и така натаму, порача Мицкоски.На крај Мицкоски порача:-Ќе гледаат една принципиелна политика, ќе ги штитиме интересите на граѓаните, ќе работиме на реформи, борба против криминалот и корупцијата и економски просперитет, тоа што го сакаат сите граѓани во нашата татковина е токму тоа, економски просперитет, подобра економија и подобар живот.

Македонија | пред 1 година

IMG_4060

Мицкоски: Не постојат подруми се е транспарентно, природната опција за ВМРО-ДПМНЕ е да коалицира со албанската опозиција

„Не постојат такви црвени подруми. Мислам дека господинот Ахмети е опкружен со луѓе кои во целиот овој период го доведоа во една ваква ситуација да верува во фантазија, а не во реални работи и тоа е неговата клучна грешка“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за ОРА 24.Претседателот Мицкоски истакна дека не постојат црвени подруми, ниту некогаш постоеле.„Мојата порака е дека не постојат подруми, се е транспарентно, се е јасно. Јас зборував уште од многу одамна дека природната опција за ВМРО-ДПМНЕ е да коалицира со албанската опозиција во Македонија. Така беше и на локалните избори, тие водеа кампања против мене, ВМРО-ДПМНЕ и во Тетово и во Гостивар немаат градоначалници, загубија на овие парламентарни избори. Нема потреба да верува во вакви заговори, не постојат, многу е јасна ситуацијата, многу е едноставна, треба да се помири со поразот, треба да замине во опозиција. Мој совет е да се ослободи од некои луѓе со кој тој е опкружен, треба повеќе да се фокусира на реалните работи и потоа едно ново ДУИ со нови луѓе и освежена кадровска и програмска платформа може да дојде да седнеме да разговараме, да видиме како ќе биде во иднина“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ се причината поради која денеска правосудството е корумпирано

,,СДС и ДУИ се причината поради која денеска правосудството е корумпирано.Наке Георгиев и Иџет Мемети се остатоците од криминалната влада на СДС и ДУИ.Георгиев и Мемети се само дел од криминално судскиот октопод.Наке Георгиев и Иџет Мемети се ситни криминалци во споредба со крупните криминалци од владата на СДС и ДУИ за кои институциите треба конечно да се охрабрат и да истражат дали од позиција на функција и моќ влијаеле врз судски одлуки и се стекнале со материјална корист.САД, Европската комисија и сите меѓународни институции јасно укажуваа и нотираа во сите истражувања и извештаи дека правосудниот систем е корумпиран и дека Македонија нема напредок во борба со криминалот и корупцијата, само СДС и ДУИ се правеа при очи слепи, при уши глуви.Денеска број еден тема наместо нови инвестиции во Македонија, е апсењето на Наке Георгиев кој во моментот на земање мито е приведен.Со инсталирање на свои корумпирани кадри, Ахмети и Ковачевски го доведоа правосудниот систем во целосен хаос.Она кое што ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше дека ниската доверба на граѓаните во судството е поради висок степен на криминал и корупција, излезе на површина.Во која европска држава врховниот судија кој треба да ги почитува законите, да суди и носи одлуки согласно законите, зема мито и се обидува да влијае врз судски процес, односно влијаел за да се донесат олеснителни околности во случајот за екс градоначалникот на Ново Село од СДС, Боро Стојчев.Криминалот и корупцијата во Македонија се резултат на неказнивост и директна спрега меѓу власта на СДС и ДУИ и правосудните органи.Но, добро е што ова завршува. Важно е што институциите со промена на власта ќе се ослободат и конечно ќе работата во интерес на државата и граѓаните.Секој кој што се огрешил пред законот и стекнал материјална корист од позиција на моќ и функција и влијаел врз правдата и владеењето на правото ќе одговара.Само така Македонија повторно ќе биде правна држава!”, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4055

Лефков: Георгиев и Мемети, кадрите на СДС и ДУИ во правосудството се дел од правосуден октопод, кој наместо да гони криминал, се занимавале со криминал

,,Апсењето на врховниот судија Наке Георгиев за земање на мито од 10 илјади евра е само уште една потврда дека Македонија со власта на СДС и ДУИ ниту била правна држава, а уште помалку европска.Судијата кој целата своја судиска кариера и унапредување ја добива во време на владеењето на СДС, вчера беше фатен на дело како земал поткуп во замена за олеснителни околности во постапката која се води против екс градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев.Георгиев станал судија во 1997, па бил избран за судија во Апелациониот суд во 2004, па врховен судија во 2020 година, а потоа беше контроверзно избран и за член на Судскиот совет, па потоа уште поконтроверзно се повлече, за да може неговиот син да биде избран за судија во Кривичен суд. Неговото апсење го покажа целиот сјај на бедата во која СДС и ДУИ го доведоа правосудството во Македонија.Наместо правдата, владееле криминалот и корупцијата, а ликови како Георгиев, наместо да се борат против престапниците, самите го прекршувале законот за имотна корист.Но тоа не е се. Да биде срамната слика за македонското правосудство целосна, постои основан сомнеж дека и јавен обвинител бил дел од оваа афера.Имено извршен е претрес и во домот на членот на Советот на обвинители Иџет Мемети, и претрес во службените простории на Советот на јавни обвинители, по основано сомнение дека тој заедно со Наке Георгиев ја злоупотребил својата позиција и барал мито за истиот случај како и врховниот судија, во замена за олеснителни околности во судската постапка.И Мемети, како и Георгиев, тесно се поврзуваат за претходната власт, односно важи за исклучително близок за ДУИ. Својата кариера ја почнува кога оваа партија доаѓа на власт и извршува високи функции од правобранител, министер за правда, уставен судија, па до член на Советот на јавни обвинители.Ова е судски октопод. Во судскиот систем владее организирана банда која тргува со правдата и која наместо по словото на законот работи по словото на парите.Повикуваме надлежните институции да го истражат целиот овој случај и многу други, бидејќи мислиме дека корупцијата во судството не завршува само со Георгиев и Мемети, туку пипците се многу поголеми и подлабоки, од основни, апелациони судови и обвинителства, па се до високи политички позиции на власта на СДС и ДУи во заминување.Без правна држава, нема Европска Унија. Без владеење на правото нема ниту напредок, ниту подобар живот во Македонија.Со корупцијата мора да има силна и одлучна борба и никој не смее да биде заштитен или амнестиран.Доаѓа времето на одговорност.”, изјави Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4054

Сајкоски: До 28 мај очекуваме да се формира собранието, а до средина на јуни нова влада

,,Денес по покана на Државната изборна комисија ги подигнавме мандатите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и нивните уверенија. Со добивањето на уверенијата, до 28 мај очекуваме да се формира Собранието на Република Македонија, до средината на јуни очекуваме да ја имаме и новата влада во Република Македонија.Сакам да изразам огромна благодарност до граѓаните на Македонија, за поддршката што ја дадоа на ВМРО-ДПМНЕ и за големата одговорност сакам да посочам дека ова е голема одговорност за нас како пратеничка група, како ВМРО-ДПМНЕ. Но, сакам да укажам дека ќе ја оправдаме оваа нивна дадена одговорност.Но меѓутоа сакам исто да кажам дека во периодот што следи ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе се насочиме кон борба против криминалот, корупцијата и ќе се насочиме кон подобро образование, здравство и ќе дадеме надеж дека тука може да се живее, работи подобро од она што беше до сега. И за брзо граѓаните на државата ќе го увидат тоа.”, изјави Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4045

Мицкоски на средба со Дрекслер: Заложбите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се евроинтеграциите, забрзан економски развој и борбата против криминалот и корупцијата

,,Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски, оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер.На средбата претседателот Мицкоски ги презентираше заложбите кои ВМРО-ДПМНЕ како идна влада ќе ги има, а тоа се евроинтеграциите, забрзан економски развој и борбата против криминалот и корупцијата.Потребно е Македонија да се стави на брза трака кон ЕУ, но и засилено да се забрза економскиот развој и да се подобри животниот стандард на граѓаните.Борбата против криминалот и корупцијата се клучни, бидејќи владата на СДС и ДУИ ја деградираше државата по сите основи, а најмногу на тоа поле.ВМРО-ДПМНЕ ќе работи за сите граѓани на државата, а не како до сега СДС и ДУИ.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

120190420_222432

Прва средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и „Влен”за новата Влада

Денеска во 14 часот, во Белата палата, седиштето на ВМРО- ДПМНЕ, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Влен”, ќе одржат прва средба за договор за формирање на новата Влада.Досега на лидерската средба се договорени општите начела на соработка која ќе се базира на три цели: евроинтеграции, економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.Изет Меџити претходно изјави дека Владата ќе има околу 80 пратеници.Уставните измени се приоритет за нив, а со ВМРО-ДПМНЕ ќе бараат меѓународни гаранции.Преговорите се далеку од точката за распределба на ресори, но ,, Влен” не се задоволува со минорно учество и ресори.И ВМРО- ДПМНЕ смета дека со оглед на освоените мандати, најважните функции тие треба да ги раководат.

Македонија | пред 1 година

IMG_3955

Андоновски: Очекувам зголемување на бројот на пратеници со прегласувањето

"Дадовме приговори за некои места каде што имаше нерегуларности во гласањето, ни ги прифатија и сега ќе има прегласување на истите тие места, каде што очекуваме да добиеме плус некој пратеник доколку граѓаните ни го дадат својот глас", изјави меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и дополнителен заменик министер во МИОА, Стефан Андоновски, на гостувањето ма "Daily click" на тв21.Намалување на институциите и преиначување на одредени агенции во министерства, ќе донесат поголем бенефит за квалитетот на водењето на државата, појасни Андоновски.„Нашата амбиција е да можеме да го донесеме овој закон, ако го собереме потребното двотретинско мнозинство дури и пред формирањето на владата, и целта е да тој закон ги уреди новите министерства, но и ги преуреди надлежностите на постоечките министерства во смисла на новото време затоа што таму, тој закон е изменет само неколку пати и не соодвестуваат одредбите од тој закон со потребите и начинот на работа на државната управа кој што е денес“, вели Андоновски.Во однос на минатото, Андоновски беше дециден дека новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ извлекло поука од минататото и дека партијата поминала низ целосна статутарна и кадровска реорганизација, и дека истото освежување ќе резултира со позитивни промени и во раководењето со државата.На прашањето дали пратениците, кои можеби ќе се приклучат на коалицијата, доаѓаат од НСДП, ЛДП, односно од коалициони партнери на СДСМ, Андоновски вели дека мора да потврди дека се разговара со поголема група на пратеници, кои што во изминатиот период покажале интерес да се приклучат, но биле спречени поради притисоци, политички уценувања.„Мислам дека во наредниот период ќе се охрабрат и ќе ни се приклучат затоа што се свесни дека претседателот Христијан Мицкоски е новиот премиер“, истакна Андоновски."Во однос на инаугурацијата на Претседателката Гордана Силјановска Давкова, имам да кажам дека Претседателката има право на свој сопствен став и личен индентитет, кој не е во спротивност на Преспанскиот договор." појасни Андоновски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-11-09-at-11.37.28

Клековски: Отсуството на Пендаровски на инаугурација на Силјановска Давкова е за секаква критика

Во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ гостуваше членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Клековски кој што го осуди отсуството на поранешниот претседател Стево Пендаровски на инаугурацијата на Гордана Силјановска Давкова.„Една битна разлика во нашето општество и нашата држава, кога губиме го губиме спортскиот дух и не можеме да прифатиме пораз а не прифаќањето на пораз понатаму води до непромислени потези. Отсуството на поранешниот претседател Стево Пендаровски е за секоја критика, негова и наша одлика е да го почитуваме чинот на избор и институцијата претседател на Републиката“ кажа Клековски.Клековски во однос на состојбата во СДСМ по поразот истакна дека очекува Димитар Ковачевски да се повлече.„Не би сакал да коментирам развој во СДСМ во овој момент меѓутоа од мое лично искуство претседатели на партија однадвор тешко се вкоренуваат. Генерално еден од проблемите на Димитар Ковачевски е што неговиот стаж во самата партија со тоа неговиот социјален капитал во самата партија беше тенок. Бидејќи тој беше експресно промовиран во новата функција. Претседател на партија е некој што треба да има одредено партиско искуство, да е присутен во партијата, да учествува во работата на различни партиски тела, така да моето очекување е дека ќе се повлече“ истакна Клековски.Во однос на говорот при инаугурацијата на Силјановска, Клековски истакна дека имала одличен говор во секој поглед и сите теми кои се суштествено важни за Македонија.„Гордана Силјановска Давкова имаше еден нов невообичаен пристап во обраќањето во Собранието, за мене беше тој свеж, поинаков, беше многу добар, одличен пристап од сите можни елементи кои заслужуваат целосна поддршка, како претседателка на сите, и на лево и на десно, како поддршка на систем на заслуги, мерит систем, владеење на правото, како родова еднаквост, или жени на врвни позиции во политиката ниту еден од овие делови не наиде на коментар а сите се суштествено важни за Македонија“ нагласи Клековски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања