ВМРО-ДПМНЕ

IMG_3914

Мицкоски на средба со коалицијата „Твоја Македонија“, во разговори за формирање на идна влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со претседателите на партиите во состав на Коалицијата „Твоја Македонија“.Беше констатирано дека Коалицијата оствари успешен и историски резултат кој создава и одговорност за реализирање на очекувањата.Претседателот Мицкоски доби поддршка од претседателите на коалициските партии за отпочнување на преговори за состав на идната влада.Според заклучокот на состанокот разговорите треба да се водат на основа на постулати за забрзан економски развој на Македонија, силна борба против криминалот и корупцијата и европските интеграции врз база на принципи и вредности.

Македонија | пред 1 година

IMG_3914

Мицкоски: Одржав состанок на кој ги поставивме контурите на рамката врз која ќе го градиме коалицискиот потенцијал

,,Претпладнево одржав состанок на кој ги поставивме контурите на рамката врз која ќе го градиме коалицискиот потенцијал со останатите партии и каде фокусот ќе бидат луѓето на прво место.1. Економски силна држава, преку реформи и чекори кој ќе бидат жестока битка за повисок животен стандард.2. Фронт против криминалот и корупцијата и постигнување на правда.3. Реализација на стратешкиот интерес за европски интеграции, преку дијалог и исполнување на принципи.Очекувањата се големи, и одговорноста кон народот уште поголема.Македонија ќе биде повторно твоја!”, изјави Христијан Мицкоски

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: 180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски

,,180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата.Народот не поддржува политика на понижување на Македонија.Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ.7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствувале безбеден, криминалот царуваше по улиците.Народот не сака да живее повеќе во несигурност.Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот.Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот.Македонија повторно твоја.”, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_3599

Стојаноска: Оваа криминална власт вчера го доби жолтиот картон, а црвениот и следува на 8 мај

,,Од победничко Јегуновце, најпрво се заблагодарувам и им честитам на сите граѓани на Република Македонија, особено на тие од изборната единица шест, затоа што вчера ја направија Македонија горда.Вчерашниот датум, 24 април, оваа криминална власт го доби жолтиот картон, а црвениот и следува на 8 мај.Денес продолжуваме со стисок на рака повеќе и барање на глас повеќе, заедно да се обединиме против криминалот.Ова политичко зло да го испратиме во пензија и Македонија повторно да ја направиме твоја и повторно горда.”, изјави Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6.

Македонија | пред 1 година

timco-mucunski

Муцунски: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

,,Народот сака промени и сака оваа корумпирана власт на ДУИ и СДС да ја испрати во опозиција.Резултатите од вчерашниот прв круг на претседателските избори испратија јасна порака - Македонија ќе биде повторно горда, Македонија ќе биде повторно своја. Граѓаните ќе жиеват достоинствено и со гордо крената глава. Доаѓа време кога граѓаните на Македонија ќе бидат во прв план пред и над се.Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ. Граѓаните дадоа жолт картон на корумпираната власт, и црвен картон на политичките партии кои донесоа понижувања, национален срам и порази.Вчера се случи политичко цунами, кое ќе финализира на осми мај со уште поголема победа за ВМРО-ДПМНЕ и испраќање на СДС и ДУИ во опозиција.Професорката Гордана Силјановска Давкова според последните резултати освои 362.682 гласови, а има повеќе од двојна предност пред Стево Пендаровски кој освои нешто на 180.000 гласови. Преку 182.000 гласови разлика. Во исто време кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова победи во 60 општини со убедлива предност, а Пендаровски само во две општини и таа предност и таму е минимална.Повеќе од 350.000 граѓани ја избраа чесноста и достојноста, и одговорниот пристап на професорката Гордана Силјановска Давкова наспроти лагите и политиканството на Пендаровски и СДС.Волјата на народот е јасна. Волјата на граѓаните јасно покажува дека по осми мај Македонија ќе има нов претседател, професорката Гордана Силјановска Давкова, и нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и професорот Христијан Мицкоски.Дозволете ми да издвојам дел од резултатите по општини каде јасно се гледа таа волја и таа тенденција на изразување на глас од страна на граѓаните.Во општина Аеродром, во победнички Аеродром, Силјановска Давкова во првиот круг освои 21.145 гласови, Пендаровски 8.950 гласови или разлика од 12.195 гласови.Во Битола Силјановска Давкова освои 21.582 гласа, а Пендаровски 11.543 или разлика од 10.000 гласови.Во Бутел 7.370 наспроти 2.197 или 5.173 гласови разлика.Во Велес 12.482 гласа за Силјановска, а 5.083 гласови за Пендаровски или 7.399 разлика.Во Гази Баба 18.125 гласа спрема 4.782, односно 13.343 разлика.Во Ѓорче Петров, Силјановска во прв круг има 11.694 гласови, а Пендаровски 4.650, или 7.044 гласа разлика.Во Гевгелија Силјановска има 6.354 гласа, а Пендаровски 3.303.Во Кавадарци Силјановска има 9.792 гласа, а Пендаровски 4.766.Во скопски Карпош 14.482 гласа наспроти 9.130 гласа или 5.352 гласови разлика.Во Кисела Вода 18.183 наспроти 6.205 односно 11.978 гласови.Во Кичево 7.068 спрема 2.093 или разлика од нешто под 5.000 гласови. Во Охрид за Силјановска 14.702 гласа, а за Пендаровски 5.534 гласа или 9.168 разлика.Во Прилеп 18.085 спрема 9.668, односно разлика од 8.417 гласа.Во Струмица, 11.808 за Силјановска, а 9.008 за Пендаровски или 2.800 гласа разлика.Во Штип, 12.058 спрема 5.610 или разлиика од 6.448 гласови. Во Кочани 8.079 спрема 3.905 или 4.174 гласа разлика.Помеѓу Силјановска Давкова и Пендаровски тројна е разликата во Тетово, двојна е разликата во Струга, Радовиш и Ресен, и убедливо водство има речиси во сите останати општини во Македонија.Народот бара промени, граѓаните сакаат власт која ќе се грижи за државата и која ќе има капацитет да испорача резултати, реформи, подобар живот, европски стандарди во здравството, образованието, правосудството, и земјоделството. Влада која ќе ги направи потребните економски реформи и кои ќе донесат повеќе работни места, повисок стандард, поголеми плати и пензии, помала сиромаштија и инфлација.Не чека многу работа. Најпрво сега со вас граѓаните да ја донесеме победата на кандидатката Гордана Силјановска Давкова и на пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, а потоа уште повеќе заедничка работа и посветеност за да ја направиме Македонија повторно горда и повторно твоја.Доаѓа време кога треба да се посветиме на вас граѓаните и на нашата Македонија. Доаѓа време за работа и дело, одговорност и правда, реформи и европски стандарди.”, изјави Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски: Работата на владата ќе ја доближиме до секој дом, да нема повеќе општини без елементарни услови за живот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во подкастот „Каде се парите“ говорејќи за проектот со 250 милиони евра годишно, односно 1 милијарда евра во 4 годишен манда, за проекти за општините изјави дека целта е работата на владата да стигне до секој дом и да нема повеќе општини без елементарни услови за живот.Мицкоски посочи дека многу често во Македонија се запоставени граѓаните со сите нивни потреби коишто се од дневен карактер појаснувајќи дека многу луѓе бегаат од метежот во други општини, а таму нема основна комунална инфраструктура, нема атмосферска, нема фекална канализација, нема асфалтирани патишта, нема вода, односно нема елементарни услови за живот.- Ние велиме, добро дајте луѓе општината нека направи проект, проектот има проектантска цена, како држава ќе објавиме јавен повик, општината ќе конкурира со тој проект и државата директно ќе го финансира проектот. Сакаме да ја доближиме работата на владата до секој дом, истакна тој.Мицкоски посочи дека целта е работата на идната влада од ВМРО-ДПМНЕ да стигне до секој дом.- Еве конкретно проект еден ќе дадам. Затоа што нема капацитет општината да го направи тоа затоа што фискалната децентрализација не е завршена. Не може општината да си дозволи многу такви проекти. Секогаш го зборувам село Трпејца во Охрид надвор од колекторскиот систем, многу познато туристичко место и напати го нарекуваат и го споредуваат со македонското Сен Тропе. Таму нема канализационен систем, се снаоѓаат кој како знае и умее и ветувано е тоа со години и со години дека ќе се направи. Јас отидов при една од акциите теренски на ВМРО-ДПМНЕ, ветивме, општината го сработи тој проект заедно со високообразовна институција, сега го имаме тој проект којшто чини многу пари, три милиони евра можеби чини. Ако гледаме од интересот на државата можеби не е толку голем проектот бидејќи станува збор за 150-200 куќи, ако гледаме од тој аспект, но за нас тоа многу ќе значи затоа што прво го чуваме езерото, македонскиот бисер, рече Мицкоски.Мицкоски потенцира дека покрај жителите од тоа корист ќе има и туризмот- Тоа е суштината. И такви проекти во моментов во општините каде што се градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи таму можеме подиректно да комуницираме, коишто се составен дел од програмата „Платформа 1198“ се повеќе од 700, нагласи Мицкоски.Мицкоски воедно додаде дека од сегашната генерација на градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ има примери каде што ги одблокирале тие општини, а истовремено и општини каде што се наследени долгови, но се вратени делумно и работат.

Македонија | пред 1 година

Hristijan-Mickoski

Мицкоски: Со дигитална трансформација ВМРО-ДПМНЕ ќе направи комуникација помеѓу институциите во Македонија

„Цениме дека тоа што таму е содржано е практично нешто кое што ќе биде испорачано“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во подкатост „Каде се парите“ во однос на „Платформа 1198“.Во своето гостување се осврна на дигитализацијата и ИКТ секторот.„Мора да имаме дигитална трансформација во Македонија ако сакаме да постигнеме 2 работи. А, тоа е зголемена економска активност со сите атрибути коишто таа ги содржи со себе задоволни клиенти задоволни инвеститори, добра економска и инвестициска средина итн. Значи зголемена економска активност кажано во неколку збора“, појасни тој.„И второто е да владее правото затоа што ќе едното со другото се надополнуваат. Нема да имате вие доверба кај потенцијалните инвеститори, без разлика дали се домашни или надворешни ако во државата не владее правото. Односно ако имаме еден зголемен транспарентен начин на комуникација со граѓаните на институциите. Од каде појдовме? Појдовме од проблемот со издавањето на патни исправи“, рече тој.Со дигитална трансформација ВМРО-ДПМНЕ ќе направи комуникација помеѓу институциите во Македонија. Комуникацијата помеѓу институциите во Македонија не е само помеѓу државните институции, вертикалната комуникација. Туку и помеѓу државните институции, општините. Помеѓу државните институции, општините и граѓаните, помеѓу државните институции, општините, граѓаните и бизнисот.„Целта на дигиталната трансформација на Македонија е сето ова да биде во еден систем кој што меѓу себе ќе комуницира“, посочи Мицкоски.Тој додаде дека кога се зборува за дигитална трансформација се подразбира и политичка алатка, а тоа е дигитален попис. Дигиталниот попис е и политичка и социолошка алатка, но таа пак е потребна за да се има импут во економијата со што се располага како ресурс, човечки, интелектуален итн. Така што дигиталната трансформација во идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе има посебно место и ќе има посебно министерство за дигитална трансформација кое би требало да биде некакво продолжение на министерството за информатичка технологија и администрација, со тоа што администрацијата се уште се размислува, но најверојатно ќе конвегира кон решение да биде составен дел на министерството за локална самоуправа.Околу темата за ИКТ сектор Мицкоски истакна – „Што се однесува до ова што го зборуваме ИКТ индустријата мислам дека тука треба и покрај тоа што тие велат не бараме ништо, државата како држава да стимулира и да најде начин како да ги стимулира бидејќи тука додадената вредност е огромна, нема трошок. Паметот е тука.„Ќе треба време, нашиот план е дека до 8 години целосно ќе ја дигитализираме Македонија, до 8 години од почетокот, а првите две години ќе има значителен прогрес и ќе биде забележливо сето тоа. Сега јас го разбирам вашето прашање има предизвици со кои се соочуваме, а тоа е дека прво сите оние кои се дел од ИКТ индустријата многу малку сакаат да бидат дел од администрацијата бидејќи примањата се лимитирани, не се предизвик нели, не можете сега во администрација затоа што е инженер компјутерски да му дадете два пати, три пати повеќе плата од неговиот колега теоретски кажано правник. Има правила на игра и тој вели јас не сакам тогаш тука да работам во ова министерство, ќе одам во некоја компанија која може да ме плати ќе ми даде 2 – 3 илјади евра. И тоа е факт затоа ние треба да размислиме дали и веќе конвергираме кон една комбинација со тие две работи министерствата и генерално државната управа мора да имаат еден централизиран систем кој практично ќе служи како алатка и кои тие ќе го користат за да ги завршуваат овие работи, а тој централизиран систем ќе комуницира со аутсорсинг компанија која што пак ќе го заокружи целиот овој проект и тие треба да работат во синергија“, појасни тој.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати

,,Народот избра промени. Македонија повторно ќе биде горда и твоја.Огромната поддршка на народот обврзува за промени и брзи резултати, работата не е завршена, црвениот картон граѓаните ќе го дадат на 8-ми мај.На 8-ми мај СДС ќе доживеат уште поголем пораз, затоа што народот сака промени, и просперитет за Македонија.ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на напорна работа и експресни резултати по 8-ми мај, народот мора брзо да ги почувствува промените и Македонија да тргне напред.По 8-ми мај Македонија ќе тргне по патот на економска обнова, поголеми плати и пензии, развиена инфраструктура, квалитетно образование, здравство какво што заслужува секој човек. По 8-ми мај следува економска трансформација на Македонија.Ги повикуваме граѓаните уште помасовно да излезат во вториот круг и да ги потврдиме промените. Народот ќе си ја врати Македонија.Македонија повторно твоја.”, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_3588

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт и враќањето на Македонија повторно на народот

,,Дозволете на почетокот на оваа прес конференција најпрво да му честитам на македонскиот народ, на граѓаните на Република Македонија за високата демократска свест манифестирана преку голема излезност. Со тоа народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува правецот во кој треба да се развива нашата татковина, онаква каква што сакаме да ја видиме напредна земја со европски стандарди во правото, здравството, образованието, земјоделието и сите други области значајни за граѓаните.Од аспект на изборниот процес, тој помина генерално во фер и демократска атмосфета, со низа помали прекршувања, пред се предизвикани од партиите на власт и нивните активисти.Имено од досегашните податоци за нерегуларности кои ги имаме добиено од набљудувачите, забележано е вршење на притисок врз гласачи во општина Сарај, но и импровизиран штаб во непосредна близина на гласачко место во училиштето Гоце Делчев во Гостивар. Исто така забележани се случаи на семејно и колективно гласање, за кое истите лица биле предупредувани од страна на избирачките одбори и акредитираните набљудувачи.На неколку избирачки места во втората изборна единица, поточно во Куманово, нотирани се нерегуларности од типот на нефункционалност на убиг апаратите или немање на печат. Во едно избирачко место бидејќи немале печат избирачкиот одбор добил насоки од ОИК гласањето да продолжи, па после гласањето да се стави печат. При примопредавањето на изборниот материјал не биле потпишани сите субјекти.За сите забелешки, но и оние кои ќе ги добиеме, како партија соодветно ќе постапиме пред надлежните институции, затоа што во наш, но и во интерес на Македонија е да имаме кристално чист изборен процес, процес кој според нас треба да заврши со победа на Македонија и визијата за реформи, правда.Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт и враќањето на Македонија повторно на народот, процес кој повторно Македонија ќе ја направи горда.”, изјави Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

120190420_222336

ВМРО-ДПМНЕ: Разрешувањето на медицинскиот директор на токсикологија е одраз на негативната селекција во здравството од СДС и ДУИ

,,Разрешувањето на медицинскиот директор на Клиника за токсикологија е уште еден показател за негативна селекција во здравството, а воедно и поддршка за самоволието на некомпетентни економските директори.Токму ваквото владеење по принципот „како до сега“ е одраз на функционирањето на власта во заминување за која синоним се сомнителни набавки, непотизам и дуализам во здравството кој што е основа за самоволие и уцени, наместо професионализам и промоција на проекти за унапредување на здравствениот систем. Прашуваме:Дали се точни информациите дека економската директорка Иљази за два месеци го зголемила долгот за два милиони денари?Дали воопшто доаѓа на работа економската директорка и со кои компетенции и работно искуство доаѓа на оваа позиција?Дали се точни информациите дека поради одбивање да потпише согласност за договор на дело за двајца дипломирани биолози, токсиколошката лабораторија веќе два месеци не врши валидација на издадените резултати?Крајот се приближува на ваквото незаконие. ВМРО-ДПМНЕ во платформата #1198 се обврзува дека ќе стави крај на ваквиот дуализам и укинување на организациските директори на клиниките. Ќе воведеме мерит систем и избор по компетентност и способност. Со оваа мерка и укинување на управните одбори ќе заштедиме средства кои вистински ќе се пренасочат за потребите на здравствениот систем.", изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Сајкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја финансира изградбата на спортскиот комплекс во Битола за кој се избрани и идејните решенија

,,Конструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво направија и голем чекор напред кон изградба на спортски комплекс во градот, објект за кој се говори повеќе од десет години.За прв пат избрани се идејните решенија како главна насока за започнување на изградбата, која претставува огромен финансиски товар за една општина.Како идни креатори на централните политики, наша обврска е да го поддржуваме овој значаен проект, зошто капиталните проекти може да се реализираат само со меѓусебна соработка на централно и локално ниво.Поддршката на спортистите мора да се зголемува, зошто тие се наши амбасадори во светот.Битола ќе се развива како спортски град, со спортска инфраструктура по меѓународни стандарди.", изјави Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5.

Македонија | пред 1 година

2Misajlovski

Мисајловски: Како идна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ директно ќе го помагаме спортот со 50 милиони евра пари од буџетот за четири години

,,Денеска сме повторно во Бутел, навистина ми е драго кога доаѓам да видам што се работи во општината Бутел. Дарко е познат по спортски терени, по нови проекти и навистина ми е чест и задоволство.Денеска да сум заедно со кандидатите за пратеници тука од Бутел и можеме да видиме уште еден увид на активностите, а тоа е нов спортски комплекс тука во Љуботенски пат. Дарко тоа го вети и тоа го исполнува, но освен овој комплекс, Дарко има веќе преку десет комплекси, спортски сали, терени насекаде во Бутел.Како што можев да слушнам, подготвува уште нови вакви позитивни работи за Бутел. Во наредниот период, за еден месец ќе започне уште два три нови спортски терени. Навистина, вака се сака Бутел, вака се сака Македонија со многу работа, со многу труд.И затоа ние како ВМРО-ДПМНЕ во нашата програма ставивме дека директно ќе го помагаме спортот и тоа во наредните четири години 50 милиони евра директно ќе одвоиме од буџетот за да помагаме за спортот, за инфраструктурата во спортот, се разбира и за се она што значи да го кренеме спортот на едно повисоко ниво.Но, исто така, многу важен проект е што Дарко во општината Бутел ова го прави од сопствените средства, а ние како нова влада ќе се потрудиме 250 милиони евра годишно да даваме на сите општини, буквално на сите општини во Македонија. И огромен број на средства ќе завршат тука во Бутел каде што Дарко ќе може да прави многу проекти и во следниот мандат, се разбира, каде што ќе гледаме многу нови улици, нови паркови. Ќе гледаме нови вакви игралишта и се разбира многу покрупни проекти, затоа што навистина Бутел ги заслужува.Честитки до Дарко и до неговиот тим, се разбира и до сите останати што помагаат за вакви убави комплекси.И сакам да ги поканам сите граѓани за позитивни промени во Република Македонија да го дадат гласот за бројот два, да гласаат за Гордана Силјановска Давкова уште на 24, а се разбира на 8 мај сплотено, заеднички да ја направиме најголемата победа за ВМРО-ДПМНЕ и за коалицијата.", изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2.

Македонија | пред 1 година

Dafina-Stojanoska

Стојаноска: Граѓаните во среда ќе бидат гласни и ќе гласаат за Гордана Силјановска Давкова, претседател кој достоинствено ќе ја претставува Македонија

,,Утре е предизборен молк, а задутре граѓаните на Република Македонија ќе бидат гласни и ќе гласаат за гласен претседател, за претседател на сите граѓани и за претседател кој достоинствено ќе ја претставува Република Македонија во и надвор од границите.Ве повикувам сите да гласате за Гордана Силјановска Давкова, да го заокружите бројот 2 за Македонија повторно да биде горда.", изјави Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6.

Македонија | пред 1 година

maja-vojnovic-kadievska-696x463-1

Кадиевска Војновиќ: Буџетот е во хаос, долгот и неплатените обврски на државата галопираат, а од СДС и ДУИ молк

,,Не беше прејако од оваа перспектива за сѐ што пишував, алармирав и нудев решенија во континуитет низ годините (ова до експертите кои од сега натаму ќе почнат да се јавуваат):„Фискална (не)одржливост“ (дек. 2021 година, Економија и бизнис);„Растот на јавниот долг – кочница на идниот економски раст“ (март 2022 година, Економија и бизнис);„Инфлацијата и спората реакција – голем трошок за економијата“ (март 2022 година, портал Нетпрес)„Четири стратегии како приоритет“ (април 2022 година, Економија и бизнис);„ Стагфлација, проекции, ребаланс“ (јуни 2022 година, Економија и бизнис);„Даночната реформа – сметката за фискалната недисциплина“ (сеп. 2022 година, Економија и бизнис);„Демографија, инфлација и фискална неодржливост“ (дек. 2022 година, Економија и бизнис);„Буџетот во 2023 година – Утопија и влез кон банкрот!“ (дек. 2022 година, портал Пари).„Владата се презадолжува, како надворешно така и домашно!“ (окт. 2023 година, портал Пари).Наместо фискална консолидација на расходите, штедење во буџетот, рационално трошење на народните пари по високиот раст на долгот за време на Ковид-19 кризата, Владата на СДС и ДУИ си продолжи да троши недомаќински, ужасно, на разни трансфери, разни скандали, разни корупции кои се отворија и допрва ќе се отвараат! Вистинската фискална консолидација кај приходите исто така изостана, имаше мала шминка. Борбата со сивата економија беше нула, проширувањето на даночната основа кај ДДВ и данок на добивка заради опфат на сива економија беше нула. Единствено, растот на минималецот и на платите во приватниот сектор значеше повисока основа за собирање на приходи од данок на личен доход и од придонеси. Затоа, оваа мерка колку и да сакаа да ја престават како социјална мерка, мерка за поттик на растот на платите, всушност беше и мерка за собирање на пари во буџетот. Но, и така да беше, тие пари требаше да се потрошат рационално. Сега после 7 години нема ништо од капитални инвестиции, нема ништо од енергетска и транспортна инфраструктура изградена од државата, нема ништо од Коридор 8/10д…падон, има 236 милиони евра веќе префрлени пари од буџетот!Пишував дека оваа политика на СДС и ДУИ кои енормно го зголемија долгот, кои водеа политика на екстремно високи буџетски дефицити при значаен раст на каматните стапки ќе ни се удри од глава. И нѝ се удри од глава! Затоа нема тековно пари за раст на плати, нема пари за раст на пензии, нема пари за поттик на фирмите, нема пари за развој. Сите манипулации за високата сума на пари од буџетот за мерки за справување на кризи паднаа во вода. Каде отидоа вистински парите од буџетот, тек допрва треба да се утврди. Ако вистински ја спасуваа економија со многу пари, зошто тогаш владата на СДС и ДУИ испорача најнизок пост ковид раст од 1,6% од сите земји во регионот? Па ако сме имале највеќе пари за антикризни мерки, ќе сме требале да имаме и најдобар раст. Но, наспроти тоа испорачаа раст на долгот – единствена земја сме во регионот каде релативното учество на долгот во БДП се зголемува! Сите останати држави имаат намалување на јавниот долг!Џабе сега потврда од сите меѓународни финансиски институции како Светска банка и ММФ дека состојбата во Македонија е загрижувачка. Овој брод одамна тонеше, веќе е потонат, но со него потона и македонската економија.И продолжуваат во 2024 година и тоа јако. На неколку пати досега дополнителниот заменик-министер за финансии Елена Петрова од ВМРО-ДПМНЕ ја информираше јавноста дека буџетот се наоѓа во значајно нарушена состојба од почетокот на годината. Но од СДС и ДУИ молк.Да сумирам и заклучам некои главни поенти од лошата состојба:Буџетскиот дефицит алармантно расте и е над проектираниот; Досега изнесува 354 милиони евра или 65% од планот за цела 2024 година (545 милиона евра). Со вакво темпо дефицитот би достигнал над 800 милиона евра на крајот на годината- блиску до кризната ковид година!Долгот се зголемува со засилено темпо; Имаме НОВ долг од 340 милиони евра за само 105 дена! Долгот достигна 8,8 милијарди евра, а оваа влада речиси го дуплираше долгот (од 4,7 милијарди евра на крајот на 2016 година). Заради оваа влада на СДС и ДУИ секое семејство во Македонија дополнително должи по основ на долг и камати околу 10.000 евра.Трошоците за камати на долгот на СДС и ДУИ се енормно пораснати во однос на лани. Вкупно 122 милиони евра се платени за камати од буџетот досега, а лани во истиот период 62 милиони евра. Ова е речиси двојно зголемување и над планот за цела 2024 година (273 милиони евра).Наплатата на даноците не иде според планот, односно наплатата на ДДВ од потрошувачка во земјата е ниска зошто нема побарувачка од населението заради скапотијата; Се враќаат задоцнети поврати на ДДВ од претходи периоди;Владата на СДС и ДУИ нема испланирано доволно пари во буџетот за 2024 година за раст на плати на јавната администрација и за раст на пензиите како што се фалеше по пресови. Недостасуваат околу 100 милиони евра за да се исполни ветувањето за раст на плати од 10%, и за раст на пензии по постоечката формула.Плус на ова, внатрешниот долг е 500 милиони евра! Само во првото тримесечје државата кумулирала неплатени обврски во износ од 82 милиона евра, од кои на приватниот сектор му должи плус 30 милиони евра или вкупно околу 200 милиони евра! Јавните претпријатија дополнително должат 68 милиона евра, јавните здравствени установи плус 12 милиони евра, но затоа општините намалиле долг за 2,3 милиони евра во првото тримесечје.И сега – никој, ама баш никој од власта, техничкиот премиер (впрочем каде е?), министерот за финансии, министрите од економските ресори, некој од експертската јавност, централната банка нешто да кажеше!Зошто има молк? Дали ова значи дека сакаат да ја скријат состојбата која е алармантна, а во која тие нѐ втурнаа? Па дали ова е европско однесување?Маските паднаа. Хаосот настана. Изборите треба да бидат казна за досегашната недисциплинирана фискална политика на СДС и ДУИ.", вели Маја Кадиевска Војновиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) Разбиена канцеларијата на Миле Лефков во Кочани

,,На ден пред гласање, разбиена мојата пратеничка канцеларија во Кочани. Одржав пресс пред ОВР Кочани, веднаш по пресот на Бојмацалиев Дали инсистирањето на техничката Влада и на Бојмацалиев да нема никакви кадрови поместувања во Кочани беше токму со оваа цел, односно за да се шири страв и несигурност.Овие методи не Ви поминуваат повеќе!Македонија повторно твоја!", напиша Миле Лефков на својот Фејсбук профил.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања