ВМРО-ДПМНЕ

Нема фотографија

Ковачки: Градоначалниците на Крива Паланка и Пробиштип вршат злоупотреба на институциите и прават притисоци врз граѓаните, Лукаревска ги злоупотребува институциите во Свети Николе и Берово

,,Ми јавуваат од терен дека градоначалниците на Пробиштип и на Крива Паланка вршат злоупотреби на институциите и вршат притисоци на граѓаните, истото се случува и од страна на Сања Лукаревска врши директна злоупотреба на институциите и во Берово и во Свети Николе.Меѓутоа треба да знаат, дека секоја постапка има своја последица, дека одговорноста ќе стигне на 9 мај, ги повикувам граѓаните да не се плашат и да се охрабрат, масовно да излезат на 24 април да го заокружат бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова и заеднички да ги донесеме промените, затоа што граѓаните тоа го заслужуваат.", изјави Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.

Македонија | пред 1 година

Dafina-Stojanoska

Стојаноска: „Европскиот фронт“ е фронт за криминал и корупција

„И да се случеше измена на Уставот, немаше да станеме земја членка на ЕУ. Промена на Уставот не е прашање број еден за влез во ЕУ, туку прашање број еден е корупцијата и криминалот во Македонија. ЕУ не сака држава членка во која што цветаат криминалот и корупцијата“, истакна Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6 во гостување во емисијата на ТВ21.Стојаноска додаде дека потребни се соодветни и компетентни луѓе за надворешна политика.Таа во текот на своето гостување додаде дека во овие седум години СДСМ ништо не направи, дури и тие се виновни за оваа промашена економија која најмногу ја чувствуваат граѓаните на свој грб. Тендери во 4 очи секојдневно се склучуваа и се богатеше актуелната власт.„Сега од СДСМ можеме да слушнеме најубави ветувања, затоа што нема да има можност да ги реализираат. Но, морам да потсетам дека за седум години потрошија 20 милијарди буџетски средства, а не видовме ниту една капитална инвестиција, ни нов Клинички центар, ниту автопатот Кичево – Охрид, по година дена потпишување договор „Бехтел и Енка“ не е ништо започнато. Така да сега можат да ветат се, но тие треба да дадат отчет и да одговараат зошто не реализираа ништо“, заклучи Стојаноска.Таа нагласи дека крадење веќе нема да има, СДСМ заминува во опозиција. Владата на ВМРО-ДПМНЕ се што ветува во кампањата се ќе исполни и реализира.„Во Македонија поради актуелната власт царува криминалот и корупцијата. Ниту една акција на очигледен криминал не преземаа“, укажа таа.„Ние денеска сме на дното, заглавени во криминалот и корупција. А, власта вели дека цветаме и дека се е во ред“, рече Стојаноска.Таа укажа дека „Европскиот фронт“ е фронт за криминал и корупција. Сиромаштијата и бедата во Македонија е резултат на енормниот криминал и корупција кои ги има поради актуелната власт. Во Македонија разочарани се сите и Македонци, Албанци, Турци и Власи.„Не може да се обединуваме со луѓето кои што го искористуваат лажно името „Европски фронт“, а во суштина тоа е фронт само кражби и пљачки. Тоа е фронт за криминал и корупција. Името на ЕУ го злоупотребуваат“, нагласи таа.„Од програмите на СДСМ кои повикуваа „Живот за сите“ и „Едно општество за сите“ донесоа како резултат само беда и сиромаштија. Иселувањето од Македонија е резултат на бедата и сиромаштијата“, појасни Стојаноска.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Николоски: Јас работам од 14 години, но од каде пари на Филипче за ауди од 250 илјади евра

„Прилично нервоза го фаќа Стево Пендаровски, свесен е што ќе му се случи, свесен е дека огромна ќе биде разликата по првиот круг во корист на Гордана Силјановска Давкова а јас велам дека таа ќе биде 6 цифрена и затоа тој реши да навредува. Не одговори зошто ги потпиша измените на кривичниот законик со кој што се амнестираше криминал и корупција и не одговори зошто дозволува кампањата да му биде финансирана од криминални пари, од крадени пари, од ваши народни пари, па реши да навредува. Првата работа за која што реши да ме навредува мене поврзана со уставобранителите, јас на митингот во Прилеп кажав дека даваме целосна поддршка за слобода на сите уставобранители гледам дека тоа Стево Пендаровски го погодило, па почна да ме напаѓа јавно зошто сум се залагал за слобода на уставобранителите и еве да повторам од овде од Новаци, да, јас мислам дека сите уставобранители треба да бидат на слобода“ кажа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ4 Александар Николоски од посетата на Новаци.„Втората работа е овде во 4 ката мој против кандидат од СДСМ е веројатно најнеуспешниот министер за здравство во историјата на државата, човек кој што имаше рекордна смртност за време на пандемијата, најмногу луѓе го загубија животот во Македонија, додека тој чекаше провизии од компанија „Стабри“ од Хонг Конг. Тој е носител во 4 ката и го гледам Стево Пендаровски вчера од Радовиш вели Венко Филипче е таков кандидат што да ти е мерак да го гласаш како доктор можел да работи кај сака но ете останал во Македонија, а за мене вели да не била политиката, ќе сум немал леб за јадење. Еве сега да му одговорам. Прво затоа што лично отвара некои работи, морам лично да му одговорам иако не сакам тоа да го правам, сметам дека во секоја професија се потребни професионалци и мислам дека ако навистина Венко Филипче е толку добар доктор, а ќе видите утре колегите негови што ќе кажат ќе имаме трибина, но ако е толку добар доктор тогаш треба да си остане доктор затоа што за тоа учел. Како што јас сум решил да се занимавам со оваа професија и за истата сум учел и сум бил студент на генерација со просек од 9,75 на Правниот Факултет и сум одлучил да го работам ова што го работам“ кажа Николоски и додаде:Следно, јас за разлика од Стево Пендаровски знам што значи да се работи и работам од мојата 14 година на почеток во фамилијарните бизниси каде што помагав се додека не се активирав во политиката и многу добро знам како се заработува плата. Од моето семејство и потесно и пошироко нема ниту еден вработен во јавна администрација, сите се во приватен сектор. Да ги прашам Венко Филипче и Стево Пендаровски дали можат обратно да набројат по еден од нивните фамилии што не е вработен во администрација односно што работи во приватен сектор по еден нека кажат и Венко Филипче и Стево Пендаровски. Таков нема затоа што до петто колено сите се вработени во јавна администрација и ја цицаат државата.Николоски упати прашање до Венко Филипче дали со докторка или министерска плата се купува ауди од 250 илјади евра и од каде пари да гради огромна хациенда на Водно?„Следна работа со докторска или со министерска плата не се купува ауди Q8 RS не знам да го кажам точно како се вика од 250 илјади евра како што вози Венко Филипче, и од докторска или со министерска плата не се гради хациенда на Водно која ексклузивно ќе ја покажам вечерва тука во новаци, мислам дека е чесно Стево Пендаровски да одговори како се гради оваа хациенда на Водно“ нагласи Николоски и додаде:Трета работа, не знам дали Венко Филипче знае но сум сигурен ако ништо друго слушнал Стево Пендаровски важи за најголемиот озборувач кај политичарите, или јас како што го нарекувам алапача број еден во Македонија. Во тие свои озборувања обожава да озборува за најблиските околу него а Венко Филипче е еден од најозборуваните. Па да го прашам Венко Филипче дали слушнал или не дека кога Стево ќе се опушти озборува во круг на блиски новинари и вели дека Венко Филипче бил уживател на психотропни супстанци дали го слушнал или не го слушнал тоа и како е можно да еден за друг зборуваат такви работи зад грб а излезат пред народот и бараат гласови. Толку за Стево Пендаровски за неговиот морал и за неговиот образ, следното е ваше да излезете масовно на 24 април и на 8 мај и да му помогнеме да се исели од државата“ истакна Николоски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено заради големиот увоз на странско јаболко во Македонија

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денес е во работна посета на Ресен каде што оствари работни средби со овоштарите од овој регион.Овоштарите од Ресен претрпуваат големи губитоци заради погрешните политики на СДС и големиот увоз на странско јаболко во Република Македонија. Согласно податоците, додека ресенското јаболко стои неоткупено, од 1 септември 2023 година до сега во Македонија се влезени околу 4 милиони килограми јаболко што е главна причина што ресенчани ги преживуваат најцрните денови во историјата на овоштарството во Македонија. - изјави Трипуновски.Како поголеми проблеми на земјоделците од Ресенскиот регион Трипуновски ги посочи неисплатените субвенции како и неисплатените штети од природните непогоди од пред некоја година, откупно-дистрибутивниот центар којшто требаше да биде завршен во 2023 година сѐ уште не е ни започнат со градба.Цврсто им ветив дека идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има сериозен план и конкретни мерки со кои ќе се стави крај на маките на ресенчани! - заврши Трипуновски.

Македонија | пред 1 година

Dafina-Stojanoska

Стојаноска: Потребно е национално обединување, државата да си ја вратиме во рацете на народот

,,На вчерашниот масовен митинг во Охрид, претседателот Христијан Мицкоски меѓу останатото повика и на национално обединување како решение, државата да си ја вратиме во рацете на народот бидејќи во моментов е во рацете на мафијата. Како одличен пример за обединување е токму спортот, бидејќи успесите во спортот без разлика дали се работи за индивидуален или колективен секоја нација ја прават горда и никоја нација не ја поделуваат.Токму денес во Гостивар е дојден претседателот на комисијата за спорт на ВМРО-ДПМНЕ Борко Ристовски кој има нешто да ви каже.”, изјави Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 6.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мисајловски: Во фокусот на програмата на ВМРО-ДПМНЕ е економијата и животниот стандард

,,Денеска сум повторно во Ѓорче Петров заедно со пратеникот Бојан Стојаноски и со нашата кандидатка на пратеничката листа, Габриела Калкова и градоначалникот, Александар Стојкоски.Денеска имаме убава можност тука во Ѓорче Петров да се сретнеме со повеќе компании да разговараме за сите предизвици, но исто така да ја претставиме и нашата програма, нашата Платформа каде предвидуваме илјадници проекти за подобар живот се разбира, но пред се за подобар стандард и подобра економија. Ќе разговараме за рамниот данок, ќе разговараме како да се зголеми продуктивноста на компаниите, но и за отворање на нови 50 илјади работни места.Главниот фокус на програмата на ВМРО-ДПМНЕ е економијата и животниот стандард, тука сме најмногу фокусирани и затоа сакаме да ги слушнеме компаниите кои се нивните маки, бидејќи овие 7 години имаа навистина многу предизвици, многу потешкотии и сакаме заеднички со нив партнерски да градиме однос во иднината каде навистина ќе им помогнеме со многу мерки од нашата програма.Продолжуваме на терен секој еден ден да се среќаваме со луѓето, но се разбира и со сите бизнисмени компании за да можеме заеднички да направиме една заедничка победа бидејќи Македонија е за сите луѓеМакедонија треба повторно да биде твоја, а промените се во рацете на сите луѓе.”, изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ носител на изборна единица 2.

Македонија | пред 1 година

Kovacki-24.09.2022

Ковачки: Народот е подготвен и обединет за промени

,,Вчерашниот митинг во Охрид покажа дека народот е подготвен и обединет за промени. А ВМРО-ДПМНЕ е партија за македонско национално единство.ВМРО-ДПМНЕ ќе ги обедини сите Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Бошњаци, и сите граѓани на Република Македонија.Ќе ја собориме оваа ненародна и криминална власт на ДУИ и на СДС.Денеска сме во Кратово, Ранковце и Крива Паланка.Тука сме да презентираме проекти од Платформата 1198, ќе поразговараме со сите граѓани.Ги повикувам сите граѓани кои сеуште не се определиле и кои што ја чувствуваат позитовната енергија која што доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ, да се обединиме околу идејата за Македонија повторно твоја, да се обединиме околу проблемите.”, изјави Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 3.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

,,Денеска започнува првиот ден од изворната кампања за парламентарните избори. Денеска од тука, паркот во Ѓорче Петров сум заедно со Бојан Стојаноски и Габриела Калкова кои се на нашата листа за кандидати за пратеници.Од тука сакаме да ги повикаме сите граѓани, не само од Ѓорче Петров, туку од целата ИЕ 2 да ни се приклучат.Да ни се приклучат во оваа наша кампања, бидејќи ќе ја тераме секој ден една позитивна слика за Македонија ќе понудиме за граѓаните многу проекти и ќе понудиме подобар стандард за сите.Ни ќе започнеме позитивно, како и секогаш.Јас како носител во ИЕ 2 од секогаш кажувам дека на народот му треба надеж, му требаат промени, но му треба и позитива да види дека сме различни.Доста беа црнила, доста беа црни сценарија во последниве седум години.Видовме дека овие што се на власт ниту работат, ниту мислат добро за Македонија.Затоа ние во нашата програма предвидуваме многу проекти.Предвидуваме зголемени пензии уште во првата година за сите пензионери линеарно, но исто така повисоки плати, подобра здравствен систем, подобро образование, се разбира сите дечиња да имаат учебник и се она што секој еден граѓанин го засега.Но, за да направиме историска победа ни треба поддршка од целиот македонски народ!Таа победа би била победа за сите граѓани!Треба Македонија да биде повторно твоја, да биде повторно на сите граѓани!Затоа ги повикуваме сите ад се приклучат, бидејќи Македонија е во нивни раце!Промените се во рацете на сите граѓани!Промените стартуваат од тука, од Ѓорче Петров и насекаде во Македонија!”, изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски: Во програмата „Платформа 1198“ предвидени се повеќе од 2 милијарди евра да се инвестираат во инфраструктурата

„Повеќе од 2 милијарди евра се планирани да се инвестираат во инфраструктурата. Тука е оној проект кој е многу значаен, а тоа се реалоцирање средства од буџетот кон општините во вредност од 250 милиони евра годишно или за еден четиригодишен мандат тоа би било точно 1 милијарда евра“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешниот увид на градежни активности во поранешната касарна во Охрид.Претседателот Мицкоски продолжи и додаде:„Ги повикувам општините, не само онаму каде имаме градоначалници кои доаѓаат од редот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата туку и оние општини каде има градоначалници од СДСМ, ДУИ, Алијанса на Албанците, БЕСА, но и независни градоначалници да прават проекти бидејќи првиот оглас откако ребалансот на буџетот ќе се случи во јули месец првиот оглас ќе биде објавен некаде есента септември, за да може да аплицираат за проекти кои ќе бидат важни за граѓаните“, порача Мицкоски.Претседателот Мицкоски истакна дека нема да бидат влада само онаму каде има градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, туку влада за сите граѓани.„Амбицијата ни е во еден момент да се работи на минимум 500 точки, 500 локации на територијата на цела Македонија со што ќе бидат задоволени потребите на граѓаните. Ние нема да бидеме влада само онаму каде има градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, туку сакаме да бидеме влада за сите граѓани и да покажеме дека не се сите политичари исти, да покажеме дека немаме намера да ги делиме граѓаните како тоа што правеше сегашната влада“, вели Мицкоски.Претседателот Мицкоски истакна дека еден од приоритетите е конечното завршување на автопатот Кичево – Охрид.„Исто така тука се еден од приоритетите и конечно завршување на автопатот Кичево – Охрид. Рековме според нашата анализа тоа би било некаде околу 2026 година, втората половина на 2026 година. Реализација на тековните автопати Тетово – Гостивар, Прилеп – Битола. Многу други проекти поврзани со локалната инфраструктура, железничката инфраструктура, возови, вагони итн., нешто што е дел од програмата „Платформа 1198“, посочи Мицкоски.Претседателот Мицкоски истакна граѓаните детално да ја прочитаат „Платформа 1198“ бидејќи има детално за секого по нешто.„Цениме дека сето тоа што е таму содржано е возможно да се реализира и ќе го реализираме. Чуда не ветувавме, ние не сме чудотворци, чуда се невозможни, сите оние кои ветуваат чуда не ја говорат вистината. Ве молам прочитајте ја програмата „Платформа 1198“ и ќе го најдете патот како Македонија ќе се развива и ќе биде повторно горда и Македонија ќе биде повторно твоја“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_3496

Мицкоски: Ние водиме позитивна кампања, сакаме да им ја вратиме надежта на граѓаните

Ние водиме позитивна кампања, кампања на проекти, кампања на надеж, кампања која ќе ја врати довербата во институциите по шест и половина години многу криминал грабеж на институциите на Македонија, рече претседателот Христијан Мицкоски кој денеска е во Охрид, а коментирајќи каква кампања ќе води партијата и каква кампања очекува воопшто.Мицкоски рече дека идејата е да се води кампања со која ќе им се врати надежта на граѓаните.„Малкумина се граѓани од прв ред, тука пред се мислам на неколкумина од ДУИ и малкумина измеќари од раководството СДСМ, сите други имаат чувство дека се граѓани од втор ред“, вели Мицкоски.Според Мицкоски тоа е работа која мора да се смени во наредниот период.„Тоа мора да се смени и по 8 мај да има и одговорност. Желни сме да го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија“, кажа Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски: по формирање на влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се реализираат уште поголем број проекти

Градежните активности и реализацијата на проектите во општина Охрид продолжуваат со несмалена динамика.Градоначалникот Пецаков заедно со тимот, администрацијата, советниците кои ја поддржуваат работата на градоначалникот Пецаков по оној историски момент кога ја одблокира општина од децениски долгови и неколку јавни претпријатија продолжува со несмалена динамика да ги реализира ветувањата кон граѓаните, ги подобрува условите во општина Охрид и ја збогатува туристичката понуда нешто што му е важно на Охрид.Она кое е денес предмет на нашата посета е увид во градежните активности во 3 клучни проекти спортска сака, училиште и авантуристички парк.Јас само можам да посакам на овој прв ден од кампањата за парламентарните избори да посакам уште многу вакви проекти.Знам дека амбицијата на градоначалникот Пецаков е огромна, знам дека неговата желба да направи проект повеќе за охриѓани е огромна и таа желба ќе биде уште поинтензивна откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната влада и ќе се реализираат уште поголем број проекти, дури и проекти кои се за доброто на охриѓани, а истовремено можеби не биле дел од ветувањата во кампањата за локалните избори во 2021.Уште еднаш му честитам на Кире, честитам на администрацијата на советниците кои ја поддржуваат работата на досегашните пратеници во македонскиот парламент, но и идните пратеници во македонскиот парламент кои несебично до сега, а и во иднина ќе ја поддржуваат развојот на Охрид и ќе соработуваме со градоначалникот Пецаков и администрацијата овде.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски: 13 ти ден од кампањата, а Пендаровски не кажа ни збор за криминалите на ДУИ

Најголемата трагедија е што овие години полека, но сигурно системот е срушен. Системот кој е создаден да служи на народот, е киднапиран и одземен од контролата на народот. Тој сега служи на стотина души од ДУИ кои управуваат со државата и на нивните слуги од СДСМ, кажа претседателот Христијан Мицкоски на вчерашниот митинг во Гевгелија.Тој напомена дека секоја една услуга која граѓаните треба да ја добијат како системска, од институциите е проследена со мито, кое е широко распространето.Погледнете, нема тендер кој не е сомнителен. Се договораат во 4 очи, а парите завршуваат во десетина фирми за кои ако се прочепка сопственичката структура ќе видите дека тие се блиски луѓе на власта, кажа претседателот и додаде: СДСМ му ја поклони државата на Али Ахмети, Артан Груби и Талат Џафери. Тоа е поради тоа што власта СДСМ ја купува на дневно ниво. Нивната слабост ја покриваат со милион услуги кои им ги вршат на ДУИ и станаа заеднички соучесници во разграбувањето на државата.Претседателот истакна и дека Пендаровски се постави како втор кандидат на ДУИ, и дека за целиот свој мандат тој не смогна сили да се спротивстави на ниту еден нивен криминал.Денес еве навршува 13тиот ден од политичката кампања како Стево Пендаровски нема кажано ниту збор за ДУИ. Ниту една критика, што значи тој прифаќа и одобрува се што ДУИ, Артан, Ахмети направија со Македонија. Тој одобрува, молчи и прифаќа за продажбата на Соравиа, пљачката на државата, неодговорноста за модуларната болница, купувањето на деловни простории по багателни цени и илјадници други скандали кои сега стануваат и товар на Пендаровски и негов срам, кажа претседателот.Тој порача дека на овие избори се и за тоа да си ја вратиме државата во рацете на народот. Промените се во раце на народот, за да Македонија биде повторно на народот. Македонија мора да ја направиме горда.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мисајловски: За да почнат промените во Македонија потребна е масовна поддршка на 24 април за Силјановска Давкова

,,Денеска сме повторно во Куманово, со нас е и нашиот технички министер за труд и социјала Ѓоко Велковски, но и кандидати за пратеници, добри луѓе од Куманово. Овде сме со повозрасните денеска да се видиме на оваа средба со пензионерите и да ги слушнеме нивните маки се разбира. Колку што може да слушнеме од секој еден од нив е дека последните 7 – 8 години навистина тешко се живее, дека оваа власт апсолутно не обрнува внимание на нивните проблеми. Како што спомена министерот многу е тешко да се издржи целиот месец со малите пензии.Сакам да ги повикам сите граѓани за да почнат промените во Република Македонија денот за промени е 24 април. На 24 април масовно и сплотено со поддршката за Гордана Силјановска Давкова започнува македонската револуција односно народот да се сплоти и да го започне првиот круг за избор на новата претседателка, а тоа е нашата професорка, а потоа на 8 мај да ги повикам уште повеќе, уште позасилено да направиме историја и да стигне нова влада, бидејќи таа нова влада ќе има обврска да ги зголеми пензиите и да направи на овие прекрасни луѓе еден подобар и подостоинствен живот за сите не само тука во Куманово, туку насекаде во Македонија.”, изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Сајкоски: Охрид мора да биде препознатлив како сесловенски, духовен, цивилизациски центар

,,Охрид треба да биде културна сцена и туристички простор 365 дена во годината.Значајно место на мапата на светски центри за конференциски туризам и водечки туристички простор во регионални и меѓународни рамки.Охрид за да биде препознат како сесловенски духовен културен центар Програмата Платформа 1198 на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија предводува значајни инвестиции во делот на инфраструктурата во комплексот Плаошник.Охрид исто така треба да биде на мапата на културниот туризам, место каде културниот туризам ќе трае 365 дена и точка која особено внимание ќе посвети на промоцијата на црковните историски и цивилизациски придобивки.Во зголемената културна понуда во Охрид од големо значење е и предвидената реконструкција што вклучува и надградба и доградба на Центарот за култура Глигор Прличев со што се обезбедува и нов простор за народниот театар Глигор Прличев.Почитувани охриѓани, Охрид заслужува да биде и позициониран на мапата на светски центри за конференциски туризам за организација на меѓународни конференции и бизнис настани А тоа ќе го овозможиме преку сеопфатни и сериозни инвестирања во инфраструктурата.Охрид мора да го стекне статусот за сериозна меѓународна туристичка зона за таа цел предвидени се и иницијативи со Албанија и Грција за формирање на заедничка туристичка зона помеѓу трите држави во регионот на Охридско, Преспанско и Костурско ЕзероМакедонија повторно твоја!Почитувани охриѓани, секој од вас знае, промените се во твои раце!”, вели Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Стојаноска: На 24 април да заокружиме број 2 за Силјановска Давкова затоа што таа го промовира концептот претседател за сите

,,Денес сум во Гостивар и денот го започнавме од градскиот пазар бидејќи вторник е пазарен ден во Гостивар. Интересно е тоа што и луѓето кои продаваат, но и оние кои купуваат се незадоволни. Едните затоа што производите ги продаваат по незадоволителни цени, а другите затоа што ги купуваат по прескапи цени и едните и другите се незадоволни од оваа власт затоа што велат дека ова се должи токму на оваа поткуплива и незаинтересирана власт за граѓаните.Затоа на 24 април ќе го заокружат бројот 2 бидејќи професорката Гордана Силјановска Давкова го промовира концептот претседател за сите и таа ќе биде од страната на народот, а не од страната на елитите кои не доведоа до ова. Македонија повторно ќе биде горда и повторно на сите нејзини граѓани.”, вели Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања