ВМРО-ДПМНЕ

Нема фотографија

Мицоски: Ова се избори на кои народот ќе си ја врати државата

Ова се избори во кои народот треба да си ја врати државата која е киднапирана од страна на неколкумина од ДУИ и малкумина нивни измеќари од редот на СДС. Ова е избор помеѓу Македонија горда и достоинствена со пристоен живот и втора опција која ја нудат другите тоа е ограбена и понижена и Македонија. Немаме можност за втора шанса и ако овие продолжат како до сега државата се помалку ќе ја има, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот митинг во Кривогаштани.Мицкоски посочи дека дури и членството од СДС е разочарано од нивното раководство и одбива да биде измеќар на ДУИ и бара промени во државата.Јасно им е дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата победуваат на овие избори и дека Гордана Силјановска Давкова е победник на овие избори затоа сакаат да помогнат да не биде таа влада уценувана од страна на Али Ахмети и останатите. Ова не се избори во кои одлучуваат нијанси, туку јасен е победникот, туку прашањето е на чест и достоинство, дали ќе застанеме позади интересот на Македонија и ќе се бориме за национално единство или ова ќе бидат избори во кои тие како членови и симпатизери на СДС ќе останат слепи послушници на раководството на СДС кои за жал е претворена во измеќар на ДУИ, рече Мицкоски.Мицкоски нагласи дека криминалот нема етничка димензија, а овие луѓе повеќе од 20 години ја ограбија Македонија, и после 8 мај нема да биде „како до сега“, туку ќе има одговорност.Пред 20 години влегоа во политика со романтични идеи, а денеска гледаме како членови на семејството на Ахмети купуваат мултимилионски имоти во големите градови во Македонија, како сватовите возат Ролс Ројс и најскапи марки возила, како другите роднини имаат фирми кои вртат мултимилиони. Затоа повикувам масовно да излеземе на 24 април, а потоа и на 8 мај да гласаме за бројот 2 затоа што сиот криминал кој се случуваше изминативе години има име и презиме и ќе одговараат после 8 мај, потенцираше Мицкоски.Мицкоски зборувајќи за Пендаровски посочи дека нема извештај за сработеното, но од него имаме слушнато неколку работи по кои ќе биде препознаен и дека едната работа е дека сите кои нема да гласат за него не сака очи да им види, а потоа се расфрла со навреди.Пендаровски прво е вознемирен, па исплашен, знае дека довербата која ја има ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Твоја Македонија и Гордана Силјановска Давкова е најмалку 3 пати поголема од сите оние кои го поддржуваат него. Знае дека после 8 мај ќе има одговорност за сето она што и го направија на Македонија и народот, а тој е нем набљудувач и не спречи некои од процесите да се случат, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачки: Граѓаните да не очекуваат извинување од Пендаровски за навредите кон Силјановска Давкова

,,Втор ден како Пендаровски Стево молчи за навредите кон Гордана Силјановска Давкова, навреди за сексистичка основа, навреди на мизогиниска основа. Но, што да очекува јавноста од човекот кој што го премолче секс сканадалот во Армијата, ќе го премолче и овој.Ме изненадува тоа што молчи и Ковачевски, меѓутоа молчи и Сања Лукаревска, носителот на изборна единица број 3 кој како жена треба да знае и треба да застане позади сите жени. Ова е напад на сите жени истовремено.Ги повикивам и Пендаровски и Ковачевски и Лукаревска веднаш да се оградат од овој настан. Овој настан само покажува колкав е стравот кај истите, покажува дека се исплашени од поразот и се свесни дека Гордана Силјановска Давкова ќе му го визира пасошот на Стево Пендаровски да се исели од Република Македонија.На 24 Април да излеземе масовно и да го поразиме Пендаровски и Ковачевски.“, изјави Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

,,Пендаровски не се извини за говорот на омраза кон професорката Силјановска, со тоа поттикнува таквото однесување да продолжи.Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а жените се рамноправни и не се предмет на исмевање како на митинзите на СДС.Пендаровски е демократ само на хартија. Во реалноста е политичар кој за главна алатка го има говорот на омраза.Пендаровски со самиот факт што не сакаше да се извини кон професорката Силјановска дава сигнал кон своите активисти да продолжат да ја навредуваат и омаловажуваат на полова и старосна основа.Пендаровски со ова свое однесување само уште еднаш покажа зошто Македонија изминативе години со него и СДС стагнираше на секое поле од владеење на правото до економија.Време е народот да си ја врати државата. Време е Македонија повторно да биде горда.”, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Dafina-Stojanoska

Стојаноска: Граѓаните на 24 април ќе го заокружат бројот 2 затоа што Силјановска Давкова гордо ќе се исправи против криминалот на ДУИ

,, Денес сум повторно во Тетово и повторно поставувам прашања до еден претседателски кандидат. Овој пат тоа е кандидатот на ДУИ, Бујар Османи кој пред некој ден себеси се нарече дека бил претседател на половина свет. Убаво би било господинот Османи да ми наведе пример на барем една земја во светот каде внуци на лидер на политичка партија на власт станати се мултимилионери на 22 годишна возраст и купуваат трговски центри или пак брат на вториот човек на партијата на власт купува локал во метрополата во самиот Центар за цена по багателни услови.Ете тоа е партијата ДУИ, но затоа пак граѓаните на Тетово и цела Република Македонија ќе го дадат одговорот на ваквите аздисани политичари и на 24 април ќе го заокружат бројот 2 затоа што Гордана Силјановска Давкова гордо ќе се исправи против криминалот, корупцијата, тендерите и против се што ДУИ го правеше и што смета дека ќе продолжи да го прави како и до сега.Поздрав од еден од пробните полигони на електричните автомобили, една од лажните ветувања на ДУИ кои требаше нели овде низ Тетово да се возат.”, изјави Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 6.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мисајловски: Одвратно е однесување на СДС и Пендаровски кон Силјановска Давкова

,,Денеска сме повторно во Гази Баба, имаме чест денеска и заедно со заменик министерката за финансии Елена Петрова да разговараме со неколку компании, во цел на претседателската кампања бидејќи претседателската кампања исто така е важно кој иден претседател ќе не застапува не само кај економските потенцијални инвеститори, туку да ја развиваме и економската дипломатија што е еден сегмент, што секој претседател да се грижи бидејќи Македонија треба да се застапува во Македонија, но секако и надвор од границите.Но, додека ние пробуваме секој еден ден да разговараме со граѓани и да носиме позитивна слика тука во Македонија, да се среќаваме со граѓаните и да објаснуваме за нови мерки, за нови поубави денови, од друга страна ги имаме овие луѓе што носат црнила како Стево Пендаровски и неговите поддржувачи, што може да видиме на еден срамен, безобразен, дрзок, одвратен начин со полн, широк репертоар на омраза не само кон нашата кандидатка Гордана Силјановска Давкова туку и кон сите останати продолжуваат да си ја водат кампањата. Тоа е навистина едно одвратно однесување и затоа би замолил да престанат со ширење омраза.Гордана Силјановска Давкова е најдобриот кандидат помеѓу сите претседателски кандидати и Гордана Силјановска Давкова ќе победи на овие избори. Гордана како наша професорка ќе ја претставува Македонија насекаде, ќе биде експерт во Уставното право засекогаш, но ќе биде заштитник на народот и ќе ја почитуваат сите.Ние продолжуваме секој еден ден да ги повикаме сите граѓани да ни се приклучат бидејќи професорката заслужува да биде идната претседателка и се разбира и дека ќе биде. Но, оваа победа да биде огромна ни треба целиот македонски народ да ни се приклучи. Нека продолжи СДСМ, ДУИ, останатите да шират негативна кампања, да бидат тие што ги носат црнилата овие 7 години, а ние ќе бидеме тие што ќе бидеме одразот на надежта, одразот на нешто позитивно што ќе се случува во Македонија и тоа ќе го видат сите граѓани.”, изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2.

Македонија | пред 1 година

IMG_3440

Димитриеска Кочоска: Говорот на омраза и мизогинијата кон Силјановска извира од Пендаровски

,,Говорот на омраза и мизогинијата кон Силјановска извира од Пендаровски, веднаш да се извини за навредите и да преземе одговорност.Пендаровски две недели на митинзи ја подгрева атмосферата на мизогинија и омраза кон Силјановска. Две недели Пендаровски ја навредува Силјановска. Таквата реторика зема корен и кај неговите поддржувачи и активисти, кои охрабрени од него јавно на неговите митинзи со сексистички коментари ја навредуваат Силјановска.Ова е видеото од вчерашниот митинг на Пендаровски, каде се гледа како тој го слуша својот активист на два метри од него како ја навредува Силјановска. Да го погледнеме видеото.После ова видео на секого му е јасно дека извор на навредите, говорот на омраза, мизогинијата и сексизмот е Стево Пендаровски.Пендаровски имаше можност да го запра својот активист и веднаш да се извини. Тој тоа не го стори.Ова е повеќе од потврда дека Пендаровски сака ваквата кампања со говор на омраза кон Силјановска да фати корен во СДС и Силјановска да биде мета на константа мизогинија.Пендаровски промовира вредности кои се спротивни на сите демократски принципи. Ова однесување не смее да биде тренд, туку мора да се осуди. Најмалку што може да направи Пендаровски е веднаш да и се извини на кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова и да преземе одговорност за нападите кон неа кои се поттикнати од него.Ова однесување за помалку од месец дена ќе биде минато, исто како и Пендаровски, затоа што на 24ти април и 8 мај народот со гласање за Силјановска Давкова ќе си ја врати државата и ќе ја направи Македонија повторно горда и достоинствена.”, изјави Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Kovacki-24.09.2022

Ковачки: Бесрамниот Пендаровски да и се извини на Силјановска Давкова затоа што нарачува говор поврзан со нејзиниот пол и со нејзината возраст

,,Пендаровски Стево нарачува говор на омраза и говор на мизогинија.Бесрамниот Пендаровски Стево е должен да и се извини на професорката Гордана Силјановска Давкова затоа што нарачува говор поврзан со нејзиниот пол и со нејзината возраст.Бесрамниот Стево Пендаровски мора да се извини веднаш.”, изјави Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Димитриеска Кочоска: Навредите кон Силјановска Давкова ја потврдија паниката и стравот од пораз кој владее кај Пендаровски и СДС

,,Исценираните и однапред договорени прашања и одговори од страна на идната опозиција, кои изобилуваат со навреди кон професорката Гордана Сиљановска Давкова дефинитивно ја потврдуваат паниката која владее помеѓу нивните редови.Се удираат во гради дека се за ЕУ и дека се прозападни, но од тие вредности немаат ништо, голема нула! Со ваков говор ги навредија и политичарите од западот, од ЕУ... Дали се свесни?До крајот на кампањата уште што треба да очекуваме? Дали има дно кое не го пробија?Почитувани идни опозиционери, додека не си ја промените менталната матрица на која робувате, никогаш повеќе нема да ја добиете довербата на народот.Македонскиот народ има вредности и принципи, истиот тој народ нема да дозволи да биде претставуван од луѓе како вас.Доаѓа крајот за навредите и понижувањата!Македонија ќе биде повторно горда!“, изјави Димитриеска Кочоска.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски е извор на говор на омраза, тој се смееше и аплаудираше додека активист на СДС ја навредуваше Силјановска со сексистички коментари

,, Пендаровски е извор на говор на омраза, тој се смееше и аплаудираше додека активист на СДС ја навредуваше Силјановска со сексистички коментари.Пендаровски наместо да го земе микрофонот и да го укори неговиот поддржувач и да се извини и на присутните и на гледачите, тој ги слушаше навредите кон Силјановска.Ваквиот сексистички и мизогин однос на активистите на Пендаровски и СДС кон Силјановска е директно поттикнат од Пендаровски, кој со својот примитивен балкански мачоизам веќе две недели ја навредува Силјановска.Говорот на омраза и навредите кои ги почна Пендаровски сега го следат и неговите поддржувачи.Токму заради ваквиот примитивен однос на Пендаровски тој ќе остане само поранешен претседател. На Македонија не и требаат луѓе за претседател кои покажуваат сила врз жени. На Македонија и треба претседател кој ќе ги почитува сите, и ќе ја брани државата. Време е народот да си ја врати државата. Македонија повторно горда.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мисајловски: Сплотени, заедно од Шуто Оризари повикуваме дека време е за промени

,,Денес сме во Шуто Оризари да се видиме со нашите пријатели заедно со нашите коалициони партнери од нашата коалиција „Твоја Македонија“ кои што со години се со нас и постојано ни ја даваат поддршката насекаде.Јас сум благодарен што имаме вакви коалициони партнери односно што ВМРО-ДПМНЕ има пријатели насекаде.Денеска имавме убави средби тука со жителите на Шуто Оризари каде што може да се види дека животот е навистина се потежок и потежок.Но од друга страна драго ми е што гледам оптимизам и позитивна енергија за промени. Сите сплотени заеднички повикуваме на поддршка за Гордана Силјановска Давкова.Сите тука и од Шуто Оризари повикуваме дека време е за промени дека Македонија треба да биде повторно горда и на секој еден човек да му се помага, независно каде се наоѓа, дали е Македонец, Ром или нешто друго. Важно е сите сме луѓе сите да си помагаме еден на друг но за ова да се случи ни треба голема масовна мобилизација и поддршка од сите граѓани, за да го направиме ова сите на 24-ти треба да гласаме за Гордана Силјановска Давкова и потоа на 8 мај за да ставиме печат.”, вели Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачки: Со Платформата 1198 предвидуваме целосна реконструкција на патиштата до Делчево и изградба на експресен пат од Кочани

,,И Делчево ја има таа несреќа да има градоначалник од Социјалдемократскиот сојуз. Замислете, во овој наш македонски град луѓето немаат ни автобуски превоз до Скопје.Со „Платформата 1198“ со вкупно 1198 проекти, за овој крај предвидуваме изградба на експресен пат од Кочани до Делчево и тоа ќе го реализираме во период од двата мандати.Исто така, предвидуваме целосна реконструкција на патиштата до Пехчево, односно до Берово.Делчево како град, односно граѓаните на Делчево ќе ги добијат седумте милиони евра загарантирани од централниот буџет. Планираме како влада да инвестираме во овој крај и да го развиеме овој крај.”, вели Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.

Македонија | пред 1 година

nikoloski08042024

Николоски: Пендаровски е извор и поддржувач на корупцијата во Македонија и е далеку од чесен човек

Стево Пендаровски јас мислам дека освен на пропатување за на одмор во Грција, во Гевгелија не стапнал овие 5 години. Дај боже да грешам, ама мислам дека е така. Мислам дека 5 години ве заборавил и мислам дека 5 години не стапна овдека и единствено по што ја знае Гевгелија е веројатно брзата трака која што му ја ставаат тука на граничниот премин Богородица за да може побрзо да се спушти на море. Толку него го интересира за Гевгелија, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на вчерашната средба со граѓани во Гевгелија.Тој исто така додаде дека Стево Пендаровски обожава да се нарекува себеси чесен човек, но начинот на кој функционираше како претседател докажа дека е извор и поддржувач на корупцијата во Македонија.„Затоа треба масовно да се излезе уште на 24 април да се удри во чело, да се направи најголем можен резултат за да е извесно што ќе се случи на 8 мај, затоа што се работи за една исклучително дволична личност и човек којшто за себе обожава да вели дека е чесен и дека не е корумпиран, но истиот овој којшто глуми чесен и некорумпиран еве добри месец дена одбегнува да одговори на прашањата коишто му ги поставувам, па од овде ќе ги поставам повторно. Каков е тој чесен човек којшто потпишува измени на КЗ со којшто се амнестираат криминалците во Македонија, денеска потврдено и од реномираната светска институција „Фридом хаус“? Каков е тој чесен човек којшто збор нема кажано за криминалот и корупцијата којшто се случува во Македонија? На пример не сум го слушнал збор да каже за шверцот којшто се случува тука на граничниот премин во организација на највисоките структури на СДСМ и ДУИ. Каков е тој чесен човек којшто дозволува кампањата да му е финансирана од ваши, крадени народни пари? Извинете ама тоа не е чесно. Затоа можам да кажам дека Стево Пендаровски е извор и поддржувач на корупцијата во Македонија и е далеку од чесен човек“, потенцираше Николоски и додаде:„Од другата страна ја имате Гордана Силјановска Давкова, реномиран професор, моја професорка, професорка на многу генерации коишто излегоа од правниот факултет, која што нема дамка во животот и во професијата и која што е еден од најактивните пратеници во Собранието. Жена којашто Македонија ја претставува со гордост и дома и надвор“.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Фридом хаус констатира назадување во борбата со корупцијата и влијанија во судството

,,Со СДС Македонија назадува на Извештајот на Фридом хаус. Државата е оквалификувана како цикличен хибрид.Криминалот на СДС и ДУИ носи негативни извештаи за Македонија.Корупцијата е главен проблем во државата и претставува главен проблем, како на домашната јавност така и на меѓународната заедница е нотирано вo Извештајот. Како пример се наведува црната листа на САД, на која се најдоа политичари од власта.Измените на КЗ кои како ВМРО-ДПМНЕ ги критикувавме исто така се посочени како негативен пример.Правосудниот систем, за чија контаминираност одамна зборуваме е исто така мета на критика на Фридом хаус, кој забележува дека судството не може да се спротивстави на политичкиот притисок на власта.Со СДС Македонија 7 години назадува. Време е да се запре пропаста. Промените се во рацете на граѓаните. Македонија повторно горда. Народот ќе си ја врати државата.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Стојаноска: Пендаровски има слика, а е без глас

,,Денес од Тетово сакам да поставам две прашања кои се однесуваат на се уште актуелниот претседател Пендаровски.Дали некој се сеќава дека излезе со некаков став или изјава по однос на модуларната болница и пожарот кој одзеде 14 животи на тетовчани?Или некој пак памети дали Стево Пендаровски освен што се сликаше со малиот генијалец од Тетово, Македон Димитриески нешто после тоа презеде?Тоа е доказ дека Стево Пендаровски беше претседател кој имаше само слика, а без глас. За разлика од него, неговата противкандидатка профеорката Гордана Силјановска Давкова е жена која има став и жена чиј глас со будно внимание се слуша насекаде низ светот.Токму затоа сме денеска пред споменикот на „Жената борец“ во Тетово, затоа што тоа е симбол дека Гордана Силјановска Давкова е жена борец и тетовчани знаат кој е изборот на следните претседателски и парламентарни избори. Изборот е јасен, изборот е бројот 2 за Македонија повторно да биде горда.”, изјави Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6.

Македонија | пред 1 година

mickoski-Konvencija-1-02032024

Мицкоски: Ме шокираше изјавата на Пендаровски дека очи немало да им види на граѓаните ако не го гласаат

Од тоа што можам да следам во кампањата, тоа се пораки кои се вообичаени и во делот на преткампањата, гледам дека во албанскиот условно кажано блок кампањата се води со испраќање на пораки со прес конференции, многу малку теренска кампања, можеби тоа беше поради празникот Рамазан Бајрам. Очекувам сега поголема динамика. Во останатите кандидати гледаме вообичаени пораки, нема нешто ново, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со МАСИТ одговарајќи на новинарски прашања.Мицкоски истакна дека клучни се пораките кои се презентираат на настаните за време на кампањата за Гордана Силјановска Давкова која ќе е идниот претседатеел на Македонија.И очекувам дека довербата која ќе ја добијат Силјановска Давкова и коалицијата ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата твоја Македонија да направат нешто ново за Македонија и поразлично од тоа што се гледаше сега, рече Мицкоски.Мицкоски додаде дека во кампањата не го коментира Ковачевски бидејќи човекот исчезна, го нема.Пендаровски се срами од Ковачевски како претседател на партијата која го поддржа или е нешто друго како причина, но човекот исчезна. Што се однесува до Пендаровски и начинот на кој води кампања веќе кажав дека човекот најмалку што треба да направи е да и се извини на професорката Гордана Силјановска Давкова, но тој тоа не го прави, продолжува со навреди. Ако оценил дека така треба да ја води кампањата и тоа му носи политички поени тоа е негова пресметка, јас би го советувал та да не го прави, туку да се извини, изјави Мицкоски.Мицкоски посочи дека веројатно Пендаровски така се обраќа на оние на кои мисли дека ќе го гласаат, но тие пораки се шокирачки.Неговата порака „очи нема да ви видам во вториот круг ако во првиот нема да ме гласате“ е навистина шокантна и е порака до граѓаните и е порака до граѓаните бидејќи 5 години го немаше, излезе во кампања и сега го гледаме како повторно бара поддршка а се заканува на граѓаните. Шокиран сум што овие луѓе после 30 годишна политичка кариера испраќаат во јавност вакви пораки, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања