ВМРО-ДПМНЕ

Нема фотографија

Мицкоски: За дуел Пендаровски треба да е претседател на СДСМ и да се извини на Гордана Силјановска Давкова за упатените навреди

При денешната посета на Стопанската Комора за Информатички Технологии – МАСИТ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање во однос на тоа што Пендаровски го покани на дуел и истакна дека за Пендаровски да дебатира со него потребно е Пендаровски да е претседател на СДСМ, и да се извини на професорката Гордана Силјановска Давкова за навредите упатени на јавна цена а потоа нема никаков проблем да дебатира на било која тема.„Пендаровски го гледам по митинзите како се препелка, се пресметува со сите практично и во ред, тоа е негов начин на водење кампања претпоставувам, Ковачевски не би сакал да го коментирам бидејќи го нема, човекот исчезна, а Пендаровски за да дебатира човекот со мена најпрво треба да биде претседател на СДСМ, СДСМ да биде наскоро најголема опозициска партија и јас му стојам на располагање во било кое време за било која дебата, ќе избере медиум, ќе избере време, ден и немам никаков проблем да дебатирам. Но сега треба да се завршат овие претседателски избори и како што стојат бројките ќе доживее силен пораз и треба уште еден услов да исполни а тоа е да се извини на професорката Гордана Силјановска Давкова за навредите кои што ги кажува на отворена сцена и навистина мислам дека тоа што тој го прави е непримерно но тоа е негов начин на однесување, навреда кон дама навреда кон жена е нешто кое што ниту е дел од мојот карактер ниту пак за мене е прифатливо и очекувам тој гест да го направи, да се извини па потоа се останато“, нагласи Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачки: Пробиштип заслужува промени и повторно да биде горд

,,Дојдено е времето да се ослободиме од власта на ДУИ и СДС. Пробиштип ја има таа несреќа го владее градоначалник од СДС, граѓаните од Пробиштип не видоа ништо добро во текот на овој мандат.Со новата Платформа 1198 на ВМРО-ДПМНЕ се обврзуваме дека ќе го реконструираме и прошириме патот до Свети Николе, се обврзуваме дека ќе го реконструираме патот и до Кратово. Исто така се обврзуваме дека околу 7 милиони евра ќе делегираме од централниот буџет до општина Пробиштип за нови локални инфраструктурни проекти.Пробиштип заслужува промени. Пробиштип заслужува повторно да биде горд и ги повикувам сите граѓани на 24 април да излезат и да ни се придружат во големата и победа и прослава.”, изјави Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.

Македонија | пред 1 година

Gjorcev-02.09

Ѓорчев: Главниот наратив на оваа кампања на ВМРО-ДПМНЕ е промена на оваа влада и бескорисниот Пендаровски

„Главниот наратив на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ овие парламентарни и претседателски избори е промена. Промена на актуелната гарнитура, тоа е главниот наратив“, истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во утринската емисија на радио „Лидер“.„За жал изминативе седум години Македонија стана неуспешна приказна. А, нашиот бескорисен претседател Стево Пендаровски се мисли дали да каже Македонија, и не кажува Македонија туку вели нашата земја“, потсети Ѓорчев.Ѓорчев додаде дека оваа владина гарнитура и бескорисниот претседател Пендаровски со своите штетни политики ја уништија државата. Затоа е потребна промена, време е Македонија да се придвижи напред, а тоа ќе биде со ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова.„ВМРО-ДПМНЕ ќе има најголем број на пратеници. И прво би сакал да ја упатам клучната порака до луѓето кои што не слушаат во моментов, а кои што не се определени за кого ќе гласаат, пораката до нив е дека ВМРО-ДПМНЕ секако ќе ја направи Владата, но не е исто како се преговара за Влада со 50 пратеници, 55 пратеници, или со 61 пратеник, затоа излезете гласајте за промена. На поинаков начин се преговара ако имаш 61 пратеник, а на поинаков начин се преговара ако имаш 52 пратеника. Би ги замолил луѓето кои не ни се склони да размислат дека е стратешки важно за Македонија да има стабилна Влада“, порача Ѓорчев.„Сите оние понижувања кои што ги приреди оваа власт, сите оние катастрофи на Стево Пендаровски, на Зоран Заев, на Димитар Ковачевски ќе дојдат на наплата. Но, има еден друг проблем тука, а тоа е и причина уште повеќе за да се излезе на избори и да се гласа против власта, а тоа е иселувањето на граѓаните од државата. Во Македонија се има случено последниве 6-7 години таков егзодус каков што немало во македонската историја“, рече Ѓорчев.Тој укажа дека време е да се стави крај на лошите политики на оваа актуелна власт. По осми мај доаѓаат подобри времиња за граѓаните и за Македонија.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Стојаноска: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се предвесници на претседателскиот кандидат, луѓето им се на прво место

,,Градоначалникот на општина Брвеница има реализирано 80 % од програмата до сега. Не прави разлика во припадноста на жителите и за нив тој е најдобриот градоначалник. Пример е за почитуван, скромен и вреден човек. ВМРО-ДПМНЕ избира квалитетни кадри и тие се сликата за промените и за обновата на Македонија. Гордана Силјановска Давкова ќе го продолжи и надгради овој тренд. Запирање нема. Македонија станува своја и горда.”, изјави носителката на ИЕ6, Дафина Стојаноска при вчерашната теренска посета на општина Брвеница.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Три дена затворени сите хируршки сали на хирургија во клинички

,, Молк од „транспарентната“ власт за колапсот на Клинички центар, каде три дена беа надвор од функција СИТЕ хируршки сали, а не можеа неопходната услуга да ја добијат дури ни итните и животно-загрозувачки пациенти.Изостанаа одговори како дојде до овој КОЛАПС на Клинички што е недозволиво да се случи на терциерно ниво, каде се третираат итни и неодложни состојби и за првпат се случува во историјата на македонското здравство.Неспособната власт која не водеше грижа за инфраструктурата, освен што до колапс го доведе хируршкиот блок на Клинички центар кој надвор од функција беше три дена, сега согласно информациите ПЕТ дена истечен е сертификатот за порталот на ФЗОМ и не е во функција.Јавноста многу добро памети кога за прв пат во историјата се случи колапс во ФЗОМ кога целиот систем беше блокиран со денови, заради истата и позната неспособност. И тогаш во така блокиран систем, видовме НУЛА отчетност и транспарентност, а директорите со денови беа сокриени од јавност и не можеше да се дојде до основа информација.Многу брзо ВМРО -ДПМНЕ ќе стави крај на ваквите штетни политики и на неодговорното и недомаќинско работење.Платформата 1189 нуди многу решенија и одговори на барањата на здравствените работници и пациентите и од корен ќе ги смениме овие состојби кои имаат низа аномалии.Промените доаѓаат, тие се во рацете на граѓаните. Да ја вратиме повторно Македонија на народот.”, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС криминална за директор на Центарот за социјални работи Радовиш враќа наркодилер и алкохоличар

,,СДС криминална за директор на Центарот за социјални работи Радовиш враќа наркодилер и алкохоличар.Директорот на меѓуопштински ЦСР Радовиш од СДС, Александар Филев, откако беше разрешен затоа што е фатен во трговија со дрога, за неколку дена потоа пијан да нападне полицајци среде полициска станица е вратен во Центарот за социјална работа.Филев наместо да користи услуги од Центарот тој е вратен на местото директор со одлука на влада.Што треба да заврши овој насилник, наркодилер и алкохоличар за СДС?Дали СДС се толку очајни што им е важен глас повеќе, па макар и од криминалец како Филев или со неговото враќање кријат нешто?Времето кога криминалци, наркодилери и алкохоличари управуваат со институции завршува на 8-ми мај. Народот си ја враќа државата. Македонија повторно ќе биде горда.”, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски ако сака да дебатира со претседателот Мицкоски нека стане претседател на СДС по поразот на 8-ми мај

,,Пендаровски ако сака да дебатира со претседателот Мицкоски нека стане претседател на СДС по поразот на 8-ми мај, а до тогаш да и се извини на Силјановска за навредите.Стево Пендаровски очигледно му врза свилен гајтан на Димитар Ковачевски и уште од сега си ја најавува амбицијата за иден претседател на СДС од опозиција.А до 8-ми мај, Пендаровски има доволно време да собере грам доблест и да се извини за сите навреди кон Гордана Силјановска Давкова.Изливите на мизогинија и навредите на Пендаровски само покажуваат дека тој ниту е демократ, ниту е созреан за функцијата претседател.Жално е што човек како Пендаровски беше претседател на Македонија. Промените се на чекор од нас. Народот ќе си ја врати државата. Македонија повторно горда.”, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

dpmne-vmro-Konvencija-9-02032024

ВМРО-ДПМНЕ: Очекувано од СДС и за пожарот во Универзална сала нема виновен

,,Очекувано од СДС и за пожарот во Универзална сала нема виновен, нема ниту извинување од Ковачевски и Стојчевска.Како и за се до сега, власта не е виновна за ништо, но симболот на Скопје изгоре, а изгоре затоа што СДС 7 години ја претворија во руина, градежен објект кој никако да се заврши.СДС ако не беше криминална ќе ја реконструираше Универзална сала до сега.Наместо да има реконструирана Универзална сала, СДС потонаа во тендери, а тендерите како и секогаш ги добиваат нивни блиски.Наместо реконструирана Универзална сала, имаме тендери и изведувачи блиски до СДС, затоа и нема одговорност. Но Ковачевски и Стојчевска да не се надеваат дека одговорноста за Универзална поминала покрај нив. Одговорност ќе има, веднаш по преземањето на власта, ќе биде ревидиран целиот случај. Време е државата да ја вратиме на народот. Македонија повторно горда.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачки: Македонија заслужува да биде горда, затоа 3 милијарди евра за капитални инвестиции, а за општините по 250 милиони евра годишно со владата на ВМРО-ДПМНЕ

,,И Македонија и Македонска Каменица заслужуваат да бидат повторно горди.Затоа планираме да инвестираме 3 милијарди евра во капитални инвестиции, планираме да дивестираме 250 милиони евра од централниот буџет за нашите општини, од кои 3 милиони евра ќе одат директно до Македонска Каменица и нејзините граѓани.За да се случат овие промени, почитувани граѓани, Ве повикувам на 24 април масовно да излеземе и да го заокружиме бројот 2 за професорката Гордана Силјановска Давкова, за Македонија повторно да биде горда.”, изјави Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски: Честит Рамазан Бајрам до муслиманските верници со желби за среќа, бериќет и промени во Македонија

По завршувањето на вчерашниот митинг во Куманово, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски им посака на сите муслимански верници среќен Рамазан Бајрам и им посака здравје, среќа и бериќет.„Штотуку завршивме со последниот настан денеска, а тоа беше еден спектакуларен, фантастичен, полн со емоции митинг во Куманово. Град во кој што има различни етнички заедници, но сите тие без разлика на својата различност се обединети околу една цел, а тоа е желбата за промени“, истакна Мицкоски.Во своеото обраќање Мицкоски порача – „Ја користам оваа прилика на муслиманските верници да им го честитам големиот празник, Рамазан Бајрам. Да им посакам здравје, среќа и бериќет ним и на нивните семејства. Истото тоа го посакувам и на сите граѓани во Македонија“.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посака да е вечна, бериќетна и просперитетна Македонија.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Дали партиска фирма изведувач, блиска до врвот на СДС е причина за молкот на Ковачевски и Бисера Костадиновска околу пожарот во Универзална?

,, Дали партиска фирма изведувач, блиска до врвот на СДС е причина за молкот на Ковачевски и Бисера Костадиновска околу пожарот во Универзална?24 часа молк од СДС која е фирмата која е ангажирана за извршување на градежни активности на Универзална сала, и дали таа е блиска си врвот на нивната партија?Ковачевски и Бисера Костадиновска молчат и за тоа какви материјали се вградувани. Дали е градено според стандарди или како и се до сега со СДС што им се видело поевтино за да имаат простор за големи маржи за нечии џебови?Власта молчи и за надзорот и дали тој го одобрил сето тоа што до сега било направено.Многу прашања, малку одговори. СДС молчат, затоа што заради нивната неспособност и криминал изгоре Универзална сала.Наскоро на ваквите катастрофи им доаѓа крај. Народот бара промени. Промените се во рацете на граѓаните. Македонија повторно ќе биде горда.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го вратија на функција директорот на Центарот за социјални работи во Радовиш кој беше разрешен поради трговија со дрога

,,Вчера власта на СДС и ДУИ застана во заштита на лице обвинето за криминал, поточно трговија со дрога и тоа лице го постави на функција. Катастрофа. Никако поинаку не може да се нарече одлуката која ја донесоа министрите на овие две партии со која се поништува Решението на техничкиот министер за труд и социјална работа Ѓоко Велковски, за разрешување од должност на директорот на Јавната установа Центар за социјална работа – Радовиш, од 04.04.2024 година.Ова решение беше донесено после скандалот од 17 февруари оваа година, кога директорот беше фатен од полицијата во трговија со дрога. Токму така кадарот на СДС и Тренчевска беше фатен со дрога, а сега дури и без срам и перде е поништено решението за негово разрешување и истиот е вратен на функција.Со кој образ Тренчевска и СДС ќе се појават во јавноста и ќе објаснат дека штитат и враќаат на функција лице кое ќе треба да се грижи за деца, загрозени категории граѓани, лица со хендикеп и слично, а истото е фатено во трговија со дрога.Да потсетиме, кого штити СДС. Се работи за Александар Филев, ВД директор на меѓуопштински центар за социјални работи во Радовиш, кој во Штип, бил приведен од службеници од Одделот за недозволена трговија со дрога и оружје, заради тоа што кај директорот Филев била најдена и одземена дрога. Ако мислат дека ваквите нивни кадри ќе им помогнат во поткупи, притисоци или изборен инженеринг, тогаш се лажат. Уште повеќе ќе потонат.Народот гледа дека СДС одлепиле скроз и тоа народот ќе го казни.Промените доаѓаат, тие се во рацете на граѓаните. Да ја вратиме повторно Македонија на народот.”, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Miteva-23.06.2022

Митева: Заради односот на СДС и Бисера Стојчевска кон Универзална таа изгоре

,, Секој ден со СДС и ДУИ на власт губи Македонија, губи Скопје, губи народот дел од своето. Поради неодговорноста на Димитар Ковачевски и Бисера Костадиновска Стојчевска кон Универзална сала, денес таа беше опфатена со огромен пожар.Симболот на постземјотресно Скопје 7 години е оставен на забот на времето, претворен во градежна руина.Подолг период наназад прашуваме кога е распишана набавката за реконструкција на Универзална сала, зошто на сајтот на Бирото за јавни набавки таква набавка од страна на министерството нема. Прашавме кој е избран за изведувач и на кој начин? Кој е надзор и, исто така, како е избран надзорот, но одговори не добиваме. Но затоа, веќе, вчера дознавме дека градежните фирми во Македонија реагираат на условите кои Министерството за култура ги бара од изведувачот, а салата сепак се гради.Па оттука прашуваме како Ковачевски и Бисера Костадиновска градат, а изведувач нема?Почитувани граѓани,Штетата која СДС ја направена по Универзална сала е непроценлива.Ковачевски и Стојчевска по промената на власта ќе одговараат за нивниот однос кон симболот на Скопје.Во Универзална сала подолг период власта веќе презема градежни активности, и затоа тие мора да одговорат какви материјали вградиле во изминатиов период и кој бил изведувач? Дали се вградени огноотпорни материјали или како примерот со Тетовската модуларна болница е вградувано што им се видело поевтино? Затоа што Универзална сала 50 години стои како симбол на Скопје и во моментот кога оваа криминална власт ја доведува до руина и вградува материјали со цел реновирање истата, таа гори.Ковачевски и Стојчевска мора да одговорат на сите овие прашања, но и дали Универзална сала има осигурување?Очекуваме одговори, но треба да знаат дека ќе има и одговорност.А СДС да им се извинат на скопјани, зошто не само што не успеаја да ја сочуваат постојната форма на Универзална сала, туку и со нивниот однос кон неа дозволија таа да изгори.Ова мора да се промени. Односот кон нашето заедничко мора да биде со поголема одговорност. Граѓаните имаат шанса за промени. А, тие промените се поддршка на изборите за Македонија повторно во рацете на граѓаните.”, изјави Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачки: СДС тотално ја уништи Крива Паланка, тоа ќе се промени на 24 април и 8 мај

,,Промените доаѓаат и во Крива Паланка. Од она што го слушнав општината е презадолжена, презадолжено е и Јавното комунално претпријатие, презадолжен е и ученичкиот дом Боро Менков.Кадрите на СДС тотално ја упропастија Крива Паланка. Меѓутоа тоа ќе се промени на 24 април и на 8 мај.Граѓаните треба масовно да излезат и да дадат поддршка за Гордана Силјановска Давкова и за ВМРО-ДПМНЕ. Зошто? Затоа што во Крива Паланка без разлика што тука има градоначалник од СДС ние ќе инвестираме 10 милиони евра само во еден мандат, за нова инфраструктура, за нов подостоинствен живот за граѓаните на Крива Паланка.Ве очекуваме со масовна поддршка на 24 април за Гордана Силјановска Давкова.” изјави Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Николоски: ПР агенцијата наместо да му зема на Филипче по 100 евра од текст нека му кажа дека е носител на ИЕ4, а не да се однесува како да е носител на ИЕ1

„Штабот изгледа прекрасно, а оваа голема бројка која што ја гледам тука пред нашиот изборен штаб мислам дека кажува само едно, дека ќе имаме огромна победа и на 24-ти април и на 8-ми мај. Промените ќе дојдат, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи“, порача Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа на ИЕ4 при вчерашното отворање на изборниот штаб во Струмица.Николоски додаде дека доаѓаат подобри денови за Македонија.„На мојот противкандидат, носителот на листа не му кажале дека во 4-ката има општини во кои што луѓето главно се занимаваат со земјоделие и лебот си го вадат од земјоделие. Затоа што гледам дека води кампања како да е носител во ИЕ1 и како да настапува во Капиштец, а не во Струмица или не во Прилеп, не во Гевгелија, а Новаци мислам дека не знае кај е на картата“, рече тој.Николоски посочи дека затоа казната на неговиот противкандидат ќе му стигне на осми мај, на него и на сите кои што му прават кампања.„Слушам дека ја ангажирал ПР агенцијата „Рејтинг“, вака да поедноставиме да не изгледаат тешки зборови тоа се агенции за продавање ветар и магла. За која што плаќаат ни помалце, ни повеќе 100 евра по текст на портал кој што ќе објави текст за него. Повторувам 100 евра по текст на портал кој што ќе објави текст за него“, рече Николоски.Тој укажа дека на пример денеска неговиот противкандидат имаше 18 текста и тоа се 1.800 евра потрошени само за еден ден.„Еве да одиме и по нивната минимална плата, тоа се 6 минимални плати потрошени само денеска“, нагласи тој.„Па еве да прашам од овдека од Струмица од кај се парите? Од вила „Парк“ се, од друго место се, од кај идат торбиве? Да знаеме како е можно да се плаќаат по 100 евра од текст на портал за да се промовира некого“, запраша Николоски.Тој додаде дека народот нема кратка меморија и многу убаво се сеќава дека најголемите афери во здравството, најголемиот криминал во здравството се случи токму во мандатот на Венко Филипче.„Јас искрено мислев дека ќе избега од политиката и ќе моли Господ да се заборави, да помине време, некако да се шмукне да не одговара, и на тој начин да се спаси. Ама не, тој реши да се враќа во политика. И штом решил да се враќа во политика, мислам дека нема подобро место од Струмица за да поставам неколку прашања на кои што избегнува да одговори во изминативе месец дена и да замолам да ми одговори на овие прашања. Знам дека после овие мои прашања пак ќе следува на истите овие портали и на неколку фејсбук страни таму можеби и по 200 евра о текст плаќаат, знам дека ќе следува една серија лични навреди за мене, спремен сум да ги истрпам нема проблем. Откако ќе завршат со личните навреди мислам дека е фер да одговори на неколку прашања. Првото прашање на кое што јавноста очекува одговор е каква е неговата улога и мислења за 14 луѓе кои што живи изгореа во модуларната болница во Тетово? Второто прашање е како тоа сте стерилизацијата во сите здравствени установи во Македонија на јавно приватно партнерство се даде на фирма од Албанија? Третото прашање е како Македонија последна доби вакцини и дали е тоа поврзано со фирмата „Стабри“ која што беше регистрирана во Хонг Конг за трговија со банани и друго јужно американско овошје, и од која што провизиите стигнаа ама вакцините не стигнаа? Четвртото прашање е каква е неговата улога врз притисокот на сопственикот на една приватна болница, да истата ја продаде на Клодијан Алајбеу од Албанија? Петтото прашање кое што заслужува одговор е каква е неговата поврзаност со семејството Пановски и случајот Онкологија каде што на болни од рак не им се давала терапија со цел некој да става пари во џеб? И бројни други прашања, еве последното прашање од мене за вечерва дали не го гризе совест што Македонија по смртност, по црна статистика во време на корона криза кога секој ден држеше прес конференции и само на личен рејтинг работеше е петта во светот“, праша Николоски.Николоски порача по победата на ВМРО-ДПМНЕ ќе започнат промените во државата и ќе се стави крај на ова лошо владеење на актуелната власт.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања