ВМРО-ДПМНЕ

Timco-Mucunski-19.06.2023

Муцунски: Разликата помеѓу Силјановска и Пендаровски во првиот круг ќе биде огромна

Во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, тој истакна дека на граѓаните доста им беа 7 години негативна енергија и преку глава им е од ситни манипулации, злоупотреби и криминал.„Колку што пониско тие удираат ние толку повисоко се качуваме бидејќи преку глава им е на граѓаните од негативна енергија. Доста ни беше 7 години негативна енергија, преку глава им е од ситни манипулации, злоупотреби, криминал и корупција“, истакна Муцунски.Тој продолжи и додаде дека најлесен начин да се бори против лагата е со позитивна енергија.„Најлесен начин да се борите со лагата е со позитивна енергија, проекти, увид да се врати надежта да Македонија биде подобро место за живеење ние тоа ќе го правиме“, истакна Муцунски.Тој истакна дека според анкетите ВМРО-ДПМНЕ се движи околу 54-55 пратеника, како и дека разликата помеѓу Силјановска и Пендаровски на 24 април ќе биде огромна.„Објективно разликата е преголема да било каква лажна информација влијае на крајниот исход. По анкетите кои ги гледам ВМРО-ДПМНЕ се движи околу 54-55 пратеници. Со добар резултат кој ќе го има професорката Гордана Силјановска Давкова на првиот круг претседателски избори ќе се создаде дополнителен бран кој ќе ги демотивира гласачите на СДСМ а дополнително ќе ги мотивира тие кои ја гледаат ВМРО-ДПМНЕ како единствена алтернатива и надеж за враќање на македонската држава“, потенцираше Муцунски.

Македонија | пред 1 година

dpmne-vmro-Konvencija-9-02032024

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски да каже дали ќе го бојкотира вториот круг кога катастрофално ќе загуби во првиот

Пендаровски да каже дали ќе го бојкотира вториот круг кога катастрофално ќе загуби во првиот.Пендаровски е свесен за поразот на 24 април.Митинзите на Пендаровски се со по 100 луѓе.Митингот во Кисела Вода беше целосен дебакл за СДС како идна најголема опозициска партија.,,Народот одамна не му верува на Пендаровски, затоа што 5 години нема свој став, и кога и да кажеше нешто, или сам се демантираше потоа или го демантираа СДС и ДУИ, особено вторите пред кои молчи и стои мирно.Пендаровски да се охрабри и јасно да каже дали ќе прибегне кон бојкот на вториот круг по поразот и дебаклот кој ќе го доживее на 24 април?Народот си ја враќа државата во свои раце. Пендаровски губи, затоа што промените се во рацете на народот. Македонија повторно ќе биде горда.”, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски: Ковачевски на тацна му ја подари државата на Ахмети

,, ДУИ и СДСМ се лицето и опачината на една иста паричка. Ковачевски на тацна му ја подари Македонија на главниот стопан Ахмети. 100 души од ДУИ управуваат со два милиони народ. Тие одлучуваат за тендерите, за тоа кој да се вработи, кој каква работа да добие. 20 години се силно навлезени во институциите кои ги криминализираат до највисока мера, кажа претседателот Христијан Мицкоски во својот говор на вечерашниот митинг во Кочани.Претседателот рече дека Ахмети објаснил пред целата јавност кој е неговиот план за Македонија. И како што кажа, тој се објаснува во три едноставни зборови - КАКО ДО СЕГА.... А, што значи како до сега? Запраша претседателот и потенцира:- Тоа значи Артан Груби да продолжи со тендери и матни зделки. Бујар Османи да продолжи да ги распродава интересите на Македонија, нови Соравии кои ќе се купуваат, нови изведувачи на автопатишта кои ќе добијат милиони, а нема да фрлат ниту лопата. Како до сега значи и дека ќе продолжат да си играат фудбалчиња во државни институции и функционери на ДУИ да шамараат контролори за летање.Тој подвлече дека стратегијата како до сега, е патентот за криминалот на ДУИ кој го поддржува и изведува СДСМ. Таа партија од некогаш голема структура се сведе на слуга на желбите на ДУИ кои е јасно дека иако дојдоа со конфликт на власт овие избори се неповторлива можност да си заминат со пенкало и со силната волја на народот.”, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

dpmne-vmro-Konvencija-9-02032024

ВМРО-ДПМНЕ: Фуркан Салиу сам си призна дека носел пиштол и дека придонел за ескалација на настаните

,, Оливер Спасовски од СДС во ситуација кога беше нападнат од навивачи, полициски началник изјави „нападот кон полицаец, е напад кон државата“.Оттука прашањето до СДС, зошто за СДС нападот врз полицаец, за кој се сомничи Фуркан Салиу, не е напад врз државата?Што е различно во овој случај?Наместо да води лицемерна политика СДС одговорите нека ги побараат во признанието на самиот Фуркан Салиу кој призна дека поседувал оружје, и дека со своето однесување придонел кон ескалација на настаните.Зошто СДС е засегната партија во овој случај?Дали СДС заговара непочитување на законите?Тоа што се случувало пред 15 години не е никакво оправдување, ниту пак причина да не се сменат работите кои продолжуваат да бидат катастрофални овие 7 години власт на ДУИ и СДС.Македонија според „Економист“ е хибриден режим се уште, со загрозени права и слободи.Ова е она на што треба СДС да се посвети.Промените доаѓаат. Тоа значи дека народот ќе си ја земе контролата во свои раце. Македонија повторно горда, значи Македонија повторно твоја.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: За Пендаровски црна кампања води Асаф Еисин

,, За Пендаровски црна кампања води Асаф Еисин, чија група се сомничи за фалсификати и местење избори ширум светот.Пендаровски е покровител на фалсификуваните документи против ВМРО-ДПМНЕ, а за изработија на истите имаме основани сомненија дека стои АР водена од Еролд Муслиу близок на Пендаровски и Миле Зечевиќ како посредник преку кого одат плаќањата.Пендаровски призна дека се видел со Асаф Еисин и дека средбата е организирана од СДС.Со оглед на тоа што СДС не пријавиле дека го плаќаат Еисин, се поставува прашањето од кое со денови бегаат. Како е платен Асаф Еисин и дали е платен во кеш со црни пари од тендерите во РЕК Битола?Во недостаток на програма и понуда, Пендаровски и СДС прибегнаа кон црна кампања, но попусти им се сите обиди. Народот бара промени. Граѓаните ќе си ја вратат Македонија. Иднината е во рацете на народот. Македонија повторно ќе биде на граѓаните.”, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Утре ќе ја откриеме целара шема на фалсификување и лажни вести на Асаф Еисин

,,Во текот на утрешниот ден ВМРО-ДПМНЕ ќе ја открие целата шема на фалсификување на лажни вести и документи од страна на СДС.Тоа е мрежа во која се вклучени и злоупотребени државни институции и највисоки политички личности, со поддршка од странски платеници исплаќани во готово.Прибегнувањето кон фалсификување е најдобар доказ дека власта е нервозна и дека губи.Истите иснпиратори и платеници меѓу кој и израелскиот мешетар Асаф Еисин кој работи за СДС, дојде со понуда за креирање на слични лажни вести и документи во ВМРО-ДПМНЕ и беше избркан од партијата. Очигледно, СДС и Ковачевски го прибрале. Асаф нема да ги спаси од катастрофалниот пораз. Но и Асаф и Зецевиќ и Ковачевски треба да се подготват да одговараат веднаш по промената на власта.”, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Даниела Николова.

Македонија | пред 1 година

dpmne-vmro-Konvencija-9-02032024

ВМРО-ДПМНЕ: Го осудуваме секое спречување на медиумите во нивната работа

,,Слободата на медиумите и обезбедување на простор за вистинско и точно информирање се врвот на една демократија, но и показател за степенот на демократскиот амбиент во државата.Тоа особено важи во време на избори, кога од работата на медиумите се оценува и процесот на избори. ВМРО-ДПМНЕ го осудува секое спречување на медиумите во нивната работа, со физичко или вербално спречување или заплашување на новинарски екипи. Посочениот инцидент не е забележан ниту создаден од лицата кои се организатори на илјадниот митинг.Жалиме за навредите кон новинарската екипа на ТВ 24 Вести и го осудуваме однесувањето на поединецот којшто упатил навреди. Истовремено, укажуваме и на атмосферата во која власта, СДС и Ковачевски започнаа хајка против медиуми, и оттука и на можноста за уфрлени провокатори за предизвикување на инцидент на првиот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ со импозантна посетеност.ВМРО-ДПМНЕ останува на линија на одбрана на професионалните медиумски стандарди и во заштита на медиумските работници во интерес на вистината, на јавноста и во интерес на напредувањето на Македонија.”, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_3330

Сајкоски: Вчерашниот митинг покажува дека граѓаните се нашата сила

,,Вчера граѓаните на Македонија покажаа храброст, мудрост, единство и сила и покажаа дека Македонија се движи во вистинска насока.Македонија ќе добие нов претседател и Македонија за многу брзо ќе има нова влада.Денеска сме тука во Кичево во рамки на ТИРЗ зоната за да укажам на една од лажните ветувања на оваа власт во која што учествуваше и претседателот на државата, а за регионот ветија нешто што еве до денес не е исполнето.На почетокот на 2024 година требаше да се изгради фабрика во која што ќе вработуваше 600 луѓе, меѓутоа до денеска гледаме дека во рамките на ТИРЗ зоната останата е старата фабрика КСС која што има 1500 вработени.Затоа сакам да укажам дека треба да ги казниме за лажните ветувања. Треба да ги казниме за криминалот и корупцијата.И треба да донесеме на Македонија нова надеж и посветла иднина.”, вели Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачки од Велес: Масовно да излеземе и да го заокружиме бројот 2 за Гордана Силјановска Давковка

,,Вчерашниот митинг во Скопје покажа дека Македонија има енергија, една многу убава, позитивна енергија. Го слушнавме крикот на народот, крик за промени. Промени кои што ќе донесат одговорност за елитите кои што ја донесоа оваа држава во калта односно ја донесоа во ќор сокак.Промени кои што ќе донесат нова иднина односно нова надеж за сите граѓани во Македонија.Вчерашниот митинг покажа дека Гордана Силјановска Давкова треба да биде претседател на Република Македонија, лидер кој што и ќе работи по принципи и лидер кој што ќе носи европски вредности. Затоа ве повикувам сите на 24 Април масовно да излеземе и да го заокружиме бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова.”, објави Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3

Македонија | пред 1 година

2Misajlovski

Мисајловски: Денеска е денот каде што треба сите да се сплотиме

,,Денеска е денот каде што треба сите да се сплотиме и да направиме една заедничка победа! Да донесеме заеднички патриотизам и да дојде времето на промени.Да ја направиме Македонија повторно горда.Денеска во 20 часот, пред Владата, Ве очекуваме сите на првиот голем митинг каде што ќе дадеме поддршка за новата претседателка Гордана Силјановска Давкова.Сите заеднички да ја тргнеме оваа битка кон промените, се гледаме вечер.”, вели Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Средба Мицкоски-Стирк: Изборниот процес треба да помине во фер и демократска атмосфера

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски денеска се сретнаа со Џилиан Стирк, шефица на мисијата за набљудување на претстојните избори на ОБСЕ, Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР) и претставници на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР.Претседателот Мицкоски изрази очекување дека изборниот процес ќе помине во фер и демократски атмосфера.Претседателот Мицкоски ги информираше претставниците на ОБСЕ/ОДИХР дека постои сомнеж оти постои потенцијална можност за злоупотреби во тек на изборниот процес од страна на СДСМ и ДУИ.Мицкоски на средбата со претставниците на ОБСЕ/ОДИХР ја истакна потребата од одржување на изборите, претседателски и парламентарни во мирна атмосфера.

Македонија | пред 1 година

dafina

Стојаноска: Почнуваме во 20 часот сплотени пред Влада

,, Денес од 20.00 часот официјално ќе започне битката против оваа однародена и криминална власт.Денес во 20.00 часот пред Владата на Република Македонија започнува кампањата за идната претседателка на Република Македонија, професорката Гордана Силјановска Давкова.И како и во секоја битка најбитен е почетниот удар, а тој ќе се случи вечерва заедно со сите нас.Ве поканувам масовно да започнеме со кампањата на професорката и да започнеме со една нова горда Македонија, Македонија на сите луѓе.”, изјави Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 6.

Македонија | пред 1 година

dpmne-vmro-Konvencija-9-02032024

ВМРО-ДПМНЕ: Ова е наша заедничка борба за Македонија повторно твоја

,,Денеска започнува крајот на поразите, на неправдите, понижувањата и распродажбата на националните и државни интереси, на осиромашувањето и газењето на достоинството на македонските граѓани од стана на СДС, ДУИ и Стево Пендаровски.Денеска започнува вистинската борба за промените кои се потребни да се случат за да си ја вратиме изгубената држава. Да ја вратиме Македонија на граѓаните.Да ја направиме Македонија повторно горда земја. За Македонија повторно твоја, обединета. За Македонија во која ќе се врати надежта.Се обврзуваме да ги донесеме промените и целосно да ја трансформираме Македонија.Да ја вратиме надежта. Да го вратиме изгубеното достоинство. Да ставиме крај на хаосот, криминалот и безредието.Да донесеме иднина. Да донесеме нова надеж.За Македонија на сите граѓани. За твоја, наша Македонија која ќе победува. Промените се во твои раце!За таа цел, пред почетокот на големиот народен митинг во 20 часот на ВМРО-ДПМНЕ пред владата на Република Македонија, ќе се одржи Отворено студио во 18:30 часот на кое свое обраќање ќе имаат носителите на Изборните единици, Владо Мисајловски, Драган Ковачки, Александар Николоски, Ѓорѓија Сајкоски и Дафина Стојаноска.Ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат, заедно, сплотени да ставиме крај на оваа власт и да кажеме дека народот е обединет.Ова е наша заедничка борба за Македонија повторно твоја. Промените се во твои раце.”, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Naum-Stoilkovski-10.07.2023

Стоилковски: Дали пласираните фалсификувани документи од СДС се дело на Асаф Исеин?

,,Срамниот и недостоинствен однос на СДС да се служи со фалсификувани документи за да напаѓа медиуми, агенции и секако за напад врз ВМРО-ДПМНЕ е само уште еден дел од мозаикот на скандалот за странското сомнително советување на СДС и на Стево Пендаровски од контроверзниот странски консултант Асаф Исеин.Асаф Исеин е дел од израелска група предводена од Тал Ханан за пласирање на лажни вести, црна кампања и за одлагање на избори или намалување на излезност, преку фалсификување документи и оценување на лица и агенции преку медиуми, пишува во извештајот од истрагата на најголемата меѓународна новинарска истражувачка група OCCRP, којашто тајно успеала да договори состанок и да ја снима групата што се' таа нуди.Британскиот Гардијан ги опишува како манипулатори кои се служат со хакирање, саботирање и дезинформации на социјални медиуми, преку посебен систем којшто содржи илјадници лажни профили, меил адреси, но и сметки за трговија на интернет, сметки со биткоини, сметки за плаќање сместување ширум светот.Во Велика Британија се опишани како тим кој нуди мешање во избори, работеле во над 30 држави ширум светот, а работат и за корпорации за уништување на конкуренти.Меѓународниот тим новинари во кои се и медиуми како Le Monde, Der Spiegel и El País, пишуваат и за нивно замешателство во изборни оцрнувања на политичари во Србија, за одлагање на избори во Чад, уништување на бизнисмен во Монголија, но и дека за Тал Ханан, лидерот на групата на Асаф Исеин, е отворена е истрага во Швајцарија заради фалсификувани извештаи за банкарски податоци.Почитувани, токму тоа го посведочи Македонија вчера, лажни, фалсификувани документи, со лажни дати, лажни имиња и лажни потписи.Почитувани, СДС повеќе не може да бега од одговори. Особено откако Пендаровски призна дека лицето е ангажирано, а јавноста вчера беше жртва на црна кампања од СДС со злоупотреби на медиуми за пласирање на фалсификувани документи.Оттука СДС итно мора да одговорат:Прво; кој го плаќа ова лице Асафи Исеин, дали е ангажиран од Македонија или од надвор? Дали СДС имаат договор како што налага законот, или дали на Исеин му се плаќа на рака со црни пари, вон пријавените, со што се крши законот?Второ, од кога е ангажиран Асаф Исеин, имајќи ги предвид законските ограничувања?Трето, која е целта на ангажманот на Асаф Исеин во Македонија, и дали таа не е спротивна на изборите и на државата?Четврто, дали за работа на Асаф Исеин, член на групата Тал Ханан, е ангажирана најмалку уште една домашна агенција за маркетинг спотови и спроведување на анкети?Одговорот на македонскиот народ на ваквите понижувања, одговорот кон лажните вести, одговорот на манипулациите, криминалот и корупцијата, СДС ќе го види вечерва на најголемиот и најмасовен народен собир пред Владата во 20 часот.На народот му е доста од мешетари и мешетарење.Затоа вечерва народот тргнува по својот избор, трга во промени во свои раце, Македонија повторно да ја направи горда.”, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ посегаат по фалсификати и лаги, за тоа ќе следи тужба

,,СДС очајно се обидува да ја дефокусира јавноста со фабрикации на лажни скандали и со фалсификување на документи. СДС се свесни дека колата им е тргната надолу и огромно мнозинство од граѓаните се незадоволни од нивната власт, од криминалот и корупцијата на функционерите, од сиромаштијата и инфлацијата, од тонењето на економијата и животниот стандард.И сега виновни им се сите. И ВМРО-ДПМНЕ и националниот сервис и агенциите за испитување на јавното мислење и медиумите и народот. Можеби на СДС му се штелувани и анкетите на ИРИ и НДИ кои покажуваат дека СДС и Пендаровски сериозно губат од ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска Давкова?! На слабиот партиски рејтинг на СДС, мислењето на народот му смета.Впрочем јавноста памети дека СДС секогаш кога ќе им загусти посегаат по фалсификати и измислување на скандали. Од лажните бугарски летоци во деведесетите, па преку аферата Фабрика, па потоа со лагата за пасошите до оваа најновата денес манипулација за некакви документи кои кога ги креирале ги погрешиле имињата, погрешиле датуми и фалсификувале потписи.Очигледно скапо платената црна кампања на Асаф Еисин им дала евтин фаличен фабрикат. За ваквите груби лаги од СДС, ќе следи тужба за клевета и тужба за фалсификување на документи.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања