„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

вмро-дпмне

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Пендаровски и Ковачевски бегаат од одговори за аферата со Еисин

,,СДС, Ковачевски и Пендаровски бегаат од одговори за скандалот со мешетарот Араф Еисин, како ѓавол од темјан. Пендаровски сакајќи да се извади од аферата, се заплетка и самиот, но и неговите политички партнери СДС и Ковачевски и фактички ги призна контактите и соработката со скапиот израелски советник.Сега редно е да го објават договорот за неговиот ангажман. Постојат сериозни индиции дека ова лице е плаќано со пари на рака, црни пари кои претходно биле испумпани од матните тендери во РЕК Битола.Ако е ова точно, а никој од повиканите не го демантира, тогаш власта влегува од криминал во друг криминал. Имено црните пари се оние кои се нелегално стекнати и затоа уште еднаш се крши законот кога на рака се исплаќаат на некој кој ве советува во пресрет на кампањата да терате црна кампања, со етикетирања и поделби. Очекуваме дека надлежните институции ќе се одважат и ќе го мониторираат и проверат финансирањето на кампањата на Пендаровски и на СДС.Времето за промени доаѓа, а по него доаѓа времето на одговорноста.", велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Николоски: Ангажманот на Венко Филипче во 4-ката е потенцијална лидерска битка во СДСМ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на Венко Филипче и ангажманот во 4-тата изборна единица истакна дека според него се работи за потенцијална лидерска битка во СДСМ по изборите и кој да го преземе раководството во СДСМ, но Венко Филипче треба да даде одговори на многу прашања во јавноста како за набавката на вакцини, модуларната болница во Тетово, случајот Онкологија и многу други.„Па од она што можев да го видам од неговиот прв јавен настап по објавувањето на кандидатурата можам да видам дека се работи за потенцијална лидерска битка во рамки на СДСМ а и тоа е тоа што се зборува низ 4 -ката од луѓето кои што него го поддржуваат дека после изборите се надева да го преземе раководењето на СДСМ и дека затоа влегува во оваа изборна трка. Тоа си е работа на СДСМ јас немам што да се мешам тука но она што мислам дека јавноста сериозно ќе ја интересира е од како Венко Филипче избега од јавноста во последните неколку години, да даде одговори на неколку суштински прашања. Прво каде е тој во однос на модуларната болница во Тетово која што изгоре и 14 човечки животи кои што беа загубени таму, второ што мисли за тоа што Македонија имаше меѓу највисоките смртности во корона пандемијата, трето каква е неговата улога при набавката на вакцини преку сомнителни фирми од Хонг Конг за трговија со јужно овошје, четврто каква е неговата улога во процесот на приватизација на стерилизацијата во сите Јавно здравствени установи во Македонија, петто дали се обидувал или не една приватна болница во Македонија на сила или под притисок да биде продадена на еден бизнисмен од Албанија, шесто мислам дека е фер да одговори на јавноста каква е неговата улога во случајот Онкологија и семејството Пановски и ќе застанам тука мислам дека е доволно за старт“, истакна Николоски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Николоски: Дали СДС, Ковачевски и Пендаровски го плаќаат консултантот Еисин со пари од кешот што го извлекувале од тендерите со РЕК?

,,Би сакал да ја продолжиме темата која што ја отворив минатата недела на која што до денес не добивме релевантни и кредибилни одговори во однос на улогата на спорни странски консултанти во кампањата на Стево Пендаровски на СДСМ. Имено целата мината недела поставував прашања за улогата на Асаф Еисин во кампањата на Стево Пендаровски и на СДСМ. Добивме многу конфузни одговори, од една страна Стево Пендаровски кажа дека се среќавал со него, но рече дека бил консултант не негов туку на СДСМ, а од друга страна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека немаат таков консултант, но намерно и ненамерно можеби направи грешка кога кажа дека две други девојки работеле за него во кампањата кои што ние имаме сознанија дека се сместени во канцеларија која што се наоѓа во хотел на кејот на Вардар, во деловниот простор и се токму тие локалната поддршка на Асаф Еисин.Се работи за лица кои што се вработени во ПР агенција која што има седиште за регионот во Белград, а тие се дојдени тука за да помагаат токму на ова лице. Не е тајна дека Асаф Еисин помеѓу другото е и советник или ПР експерт и на видни лица од политиката на нашиот северен сосед.Во таа насока не добивме одговори зошто не е објавен договорот кој што СДСМ го склучила со Асаф Еисин и зошто истиот не е евидентиран како и тоа дека доколку склучиле договор за работа за на изборите се работи за тешко кривично дело имајќи предвид дека изборните сметки сеуште не се отворени и во моментот на почеток на ангажман не ни можеле да бидат отворени затоа што формално процедурата за номинирање на кандидати, нити за претседател, нити за пратеници не беше завршено.До нас стигаат кредибилни информации дека ова лице е плаќано на рака, односно во кеш, од средства кои што се сомнително прибавени од страна на политичката партија СДСМ, најчесто од тендерите во РЕК Битола за кои што јас лично зборував во изминатиов период.Па, сакаме да прашаме дали можеби странскиот консултант е платен од тендерите кои што ги доби во РЕК Битола белорускиот конзул? И дали е ова начинот на кој што е исплаќан овој странски консултант? И дали контролата се прави преку лицата кои што се сместени во деловни простории на еден хотел на кејот на Вардар, да бидам попрецизен позади Градскиот стадион?Ова се релевантни прашања на кои што јавноста не добива одговори освен првичната конфузија која што настана после изјавите на Стево Пендаровски и Димитар Ковачевски, немаме ниеден одговор.Освен лични навреди кон мене и кон политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, ништо друго како релевантен одговор не добивме.Јавноста мора да ги знае одговорите на овие прашања затоа што влегуваме во кампања и мора да се знае на кој начин се финансира кампањата и кој работи во истата, и кои се целите на оние кои што работат во кампањата.Очекувам релевантни одговори на овие прашања, доколку не добиеме вакви одговори, можеби надлежните институции особено оние кои што се поврзани со мониторинг на изборите и со следење на трошење на средства на изборите треба да посериозно се позанимаваат со овој случај." изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

120190420_222432

ВМРО-ДПМНЕ: Со колку и какви пари СДС, Пендаровски и Ковачевски го плаќаат мешетарот Исеин?

,,Пендаровски, Ковачевски и СДС молчат за скандалот со ангажманот на мешетари во нивната кампања и мислат дека ако не даваат одговори ќе помине незабележано. Да потсетиме, Пендаровски призна, дека тој и неговата екипа од власта контактирале со Асаф Исеин, мешетар по Балканот познат по негативна кампања, а со оглед на реториката која доаѓа од нивните центри веќе наголемо работат на креирање на поделби, етикетирања на критичарите и навреди кон јавноста и народот.Значи ја имаме изјава на Пендаровски и го имаме “потписот“ на скапиот балкански мешетар Исеин. Сега останува уште да кажат со колку и какви пари ги плаќаат овие совети? Токму заради ова молчат и Пендаровски и Ковачевски и СДС. Ако го плаќаат Асаф Исеин со црни пари, тогаш прават криминал. Ако неговиот ангажман го плаќа странски субјект, тогаш повторно го прекршуваат законот, дотолку повеќе што тој странски фактор би имал свои интереси да се меша во изборите во Македонија.Дека очајот е огромен кај власта, тоа веќе не е новост. Дека трошат на ангро да го ублажат поразот, исто така е општо познато. Но исто така апсолутен факт е дека ни странски, ни домашни креатори на негативна кампања нема да им помогнат да се спасат од поразот кој им претстои. Добија можност и цели 7 години простор да направат нешто за народот и за државата, но тие ништо не постигнаа, освен криминал корупција и лично богатење. Затоа сега ништо не ги спасува. Време е за промени!", велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе одвоиме 800 милиони за македонското земјоделство

,,Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе одвои 800 милиони за македонското земјоделство.Во период од 4 години 800 милиони евра ќе се слеат од владата кон земјоделците и земјоделието.Средствата се предвидени како доходовна поддршка на земјоделците, како субвенции, грантови и друг вид на поддршка, потоа инвестиции во диверзификација, инфраструктура и опрема.Предвидени се средства за стимулирање на осигурувањето на земјоделските поседи и посеви.Ќе се одвојат значајни средства за водоснабдување, реконструкција и изградба на системи за наводнување.Како круна на целиот систем во земјоделството ќе биде изградба на откупно дистрибутивни центри, со што ќе се реши еднаш засекогаш проблемот со откупот.Земјоделието ќе биде во врвот на приоритетите на идната влада. Тоа ќе генерира приходи за десетици илјади семејства, како и за државата.Време е Македонија да ја вратиме на народот.", велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Се што ќе ветиме, исполнуваме

,,ВМРО-ДПМНЕ е партија која се што ќе вети и исполнува. Граѓаните знаат дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе вети проект тој и го реализира.Автопатот Миладиновци - Штип, автопатот Смоквица - Демир Капија се доказ за тоа.Новите експресни патишта како Велес - Штип и Штип - Радовиш, но и експресниот пат Штип - Кочани кој беше испроектиран и почнат во време на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за работата која следува по 8-ми мај.СДС се неспособни две згради за факултети во кампусот на УКИМ кои ВМРО-ДПМНЕ им ги остави на ниво на карабини не можат 7 години да ги завршат.7 години се на власт, 600.000 граѓани живеат на раб на сиромаштија. Буквално секој трет граѓанин живее со 150 денари на ден.Додека земјите од регионот имаат над 50% раст на БДП од 2017 до 2023, Македонија има само 20%.Една странска инвестиција не донесоа, напротив се фалат со тие кои ги донесе ВМРО-ДПМНЕ. Најавија фабрика за електрични автомобили во Тетово, а компанијата со која така помпезно се фалеа банкротираше.2 километри автопат кон Блаце не можат да изградат со години, автопатот Кичево - Охрид кој им го остави ВМРО-ДПМНЕ не е мрднат од позициите како што беше пред доаѓањето на СДС.СДС не планира ништо да направи, ниту имаат капацитет за тоа, а тоа го видовме изминативе 7 години.", велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Димитриеска Кочоска: Со Платформа 1198 се обврзуваме на економска трансформација на Македонија

,,ВМРО-ДПМНЕ преку Платформата 1198 се обврзуваме на економска трансформација на Македонија. Време е економијата да ја стабилизираме зошто претходната влада ја остава во пропаст. Време е да ги спроведеме нашите заложби и политики за да почне економијата да генерира раст и развој.ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на раст на БДП од 5%. Тоа ќе се спроведе преку задржување на ниски даноци и даночни поволности за фирмите и граѓаните, преку поддршка на земјоделството, извозот, малите микро и средните претпријатија, производствените капацитети, но и стартап компаниите. Ќе донесеме 10 годишна стратегија за привлекување на странски директни инвестиции.Нашиот модел на раст базира на поттик на домашните инвестиции на приватниот сектор и на силни јавни инвестиции во продуктивни цели, во транспортна и енергетска инфраструктура, во образование, здравство и подобра животна околина. Планираме 3 милијарди евра за капитални инвестиции во еден мандат, од кои 250 милиони евра годишно само за регионален развој, за општините.Но, една држава не може да постигне висок и одржлив економски раст ако не работи на трите основни фактори на производство: трудот односно работната сила, капиталот т.е. инвестициите и технолошкиот развој и иновациите, како и на зголемување на нивната продуктивност.Впрочем, тоа се главните фактори коишто ги препознаваат и компаниите. Затоа, идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе работи интензивно на создавање на услови за зголемување на конкурентноста на домашните и странските компании во Република Македонија, за поголем обем на инвестиции за забрзан технолошки развој.Кои се тие проблеми, за кои идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ има решенија содржани во Програмата:1. Недостаток на квалификувана работна сила. Решение: со сите сили ќе настојуваме да го вратиме оптимизмот во државата со цел да ги задржиме работниците во земјата, а за подобрување на квалитетот на нивните знаења и вештини преку мерките на пазар на труд и реформи во образованието, дуално и СТЕМ образование и финасиска писменост, ќе ја подигнеме продуктивноста на трудот.2. Невладеење на правото и неефикасниот судски систем. Решение: ќе спроведеме вистинска длабока реформа во судството, а институциите ќе работат исклучиво според законите во интерес на граѓаните и бизнисот;3. Корупцијата. Решение: имаме силна политичка волја за силен фронт против корупцијата. Стоп засекогаш;4. Правната несигурност и честото менување на законите. Решение: ќе одржуваме предвидливо даночно и регулаторно опкружување, со ниски даночни стапки и намалување на парафискалните давачки за компаниите;5. Бирократијата и спората акција од страна на јавната администрација. Решение: регулаторна гилотина и смарт Македонија т.е. дигитализиран јавен сектор/јавни услуги и професионализација на јавната администрација;6. Сивата економија. Решение: силна и посветена борба преку даночна, трудова политика, Царина, УЈП и подигање на колективната свест;7. Енергетската несигурност и растот на трошоците за енергија. Решение: енергетска сигурност преку зголемување на домашното производство;8. Проблеми во инфраструктурата. Решение: значајни капитални инвестиции за подобрување на транспортната инфраструктура.Политиките за развој ќе допринесат и за ниска стапка на инфлација не повеќе од 2,0% - 2,5% годишно. Не може Македонија да има 50% повисока инфлација од Еврозоната. Потребни се одлучни политики, а ние знаеме како да ги направиме.Работењето со јавните финансии и финансиската дисциплина се клучни за економски раст, но и за влевање на сигурност кај инвеститорите, како странските, така и домашните. Оттука се обврзуваме на намалување на буџетски дефицит на ниво под 3,0% од БДП. Управувањето со буџетот ќе биде домаќинско и одговорно. Ќе имаме силна борба против сивата економија.Сите овие предлог мерки, кои се само сублимат на над 1.000 мерки ќе влијаат и ќе овозможат намалување на невработеноста до 7,5%. Имено планираме генерирање на нови 55 илјади работни места. Следува економска трансформација на Македонија. Време е за раст, развој и просперитет. Да го намалиме иселувањето, што помалку млади да размислуваат да ја напуштат државата, туку да ја гледаат иднината тука. Време е да ја вратиме државата на народот.", изјави Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

120190420_222336

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е тотално безидејна, без да ја прочита програмата на ВМРО-ДПМНЕ се расфрлаат со навреди и лаги

,,СДС е тотално безидејна, критикува и изнесува лаги и квалификации само колку да критикува и биде присутна.Сигурни сме дека не прочитале ниту еден ред од програмата Платформа 1198 каде има огромен број на проекти за граѓаните.Во оваа програма се нуди трансформација и јакнење на животниот стандард.Платформа 1198 гарантира отворање на нови 55.000 работни места и спуштање на невработеноста на 7.5%Во програмата ВМРО-ДПМНЕ предвидува 3 милијарди евра за капитални инвестиции во период од еден мандат.Буџетскиот дефицит кој сега од година во година е се поголем ќе се намали на под 3%.Растот на економијата ќе достигне до 5% годишно.Платформа 1198 предвидува дигитализација на државата.Македонија земја со најниски даноци е проект кој ќе генерира нови инвестиции заедно со новата 10 годишна стретегија за привлекување на странски директни инвестиции.Време е да ја вратиме државата на народот.", изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Нови 55 илјади работни места и до 5% годишен раст на економијата

,,ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на намалување на невработеноста до 7.5% и до 5% годишен раст на економијата.ВМРО-ДПМНЕ проектира дека како идна влада ќе креира 55.000 нови работни места, со што невработеноста ќе се сведе на едноцифрена, т.е. на 7.5%. Тоа ќе се постигне со раст на економијата од 5% годишно.Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе креира 10 годишна нова стратегија за привлекување на гринфилд и браунфилд инвестиции и ќе направи реформа во системот на поддршка на странските инвестиции и на извозот.Економија ќе расте, продуктивноста ќе се зголемува, платите на граѓаните и благосостојбата ќе достигнат нови височини.Во период од 4 години ќе се заложиме за намалување на буџетскиот дефицит и негово потиснување под 3% на годишно ниво.Време е да ја вратиме државата на народот." , изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Ковачевски и Пендаровски фатени во скандалот со експертот за црна кампања Исеини- кој и со чии пари го плаќа?

,,Дека очајот во СДС и кај Ковачевски и Пендаровски е толку голем, говори фактот што почнале да соработуваат со странскиот експерт за црна кампања, Асаф Исеини, кој е еден од најскапите на пазарот. Немаат ништо сработено цели 7 години, па ќе пробаат да спасат колку што можат нешто со негативна кампања.Пендаровски ги призна средбите, а дали Асаф Исеини е ангажиран само од СДС, само од Пендаровски или и од СДС и Пендаровски, е најмалку важно.Останува само да признаат и да кажат со кои пари го плаќаат човекот кој им ја смислува кампањата. Патем од она кое што го гледаме кампањата им е исклучиво насочена кон поделби и навреди упатени кон сопствениот народ, што само потврдува дека сите карти ги ставиле на тоа да сеат магла наместо да дадат отчет и понуда.СДС треба да знаат дека ако го плаќаат со црни пари странскиот стратег, тогаш прават криминал. Ако го плаќа странски субјект, тогаш повторно го прекршуваат законот, дотолку повеќе што тој странски фактор би имал свои интереси да се меша во изборите во Македонија.СДС, Ковачевски и Пендаровски нека почнат да даваат одговори. Знаеме дека во овој скандал угоре им е високо, а удолу им е длабоко, ама мора да кажат кој и на каков начин им го финансира странскиот стратег на кампањата.Времето на промени доаѓа, а по него ќе следи и времето на одговорност.", велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Китески: Доказ дека СДС владее само со криминал и корупција

,,Доказ дека СДС владее само со криминал и корупција се нивните партиски кадри кои до каде што стапнуваат, раководат и работат незаконски.Како што ветивме претходно, јавноста ќе биде запознаена за незаконското работење на партиските кадри на криминалната структура на СДС.Денес од страна на ЈП „Билјанини Извори“ врз основа на ЗКП на РМ поднесена е кривична пријава до ОЈО Охрид и СВР Охрид, поради основано сомнение дека пријавената Гордана Јованоска, како поранешен директор на ЈП ‘’Билјанини Извори’’ извршила продолжено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл. 353 ст. 4 в.в. ст. 1 а в.в. со чл. 45 од Кривичниот законик на РМ.Пријавената Гордана Јованоска злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување на директор на ЈП „Билјанини Извори“, спротивно на законските приписи и тендерската документација, во име и за сметка на претпријатието, во 2018 година по спроведена постапка за јавна набавка, со правното лице „Електро Софт Инженеринг“ ДОО Скопје, во својство на носител на набавката, склучила Договор за јавна набавка на услуги за имплементација и експлоатација на систем на зонско паркирање на паркинг простор со цена на извршување на услугите од 1 016 900 денари, односно износ од 1 200 000 денари со ДДВ, која цена на извршување на услугите ќе се надоместува во вид на надомест од 15 % (петнаесет проценти) од вкупниот нето приход, па не назначувајќи дека максималниот износ т.е. не назначувајќи дека цена на услугите која може да ја исплати јавното претпријате и кој износ не смее да се надмине е износот од 1 200 000 денари со ДДВ, овозможила по исплата на овој износ, носителот на набавката да фактурира и наплаќа дополнителен износ, во случај кога за истото немал законски и правен основ, а со кои дејствија на јавното претпријатие му причинила значителна материјална штета над 3 000 000 денари.Пријавената Гордана Јованоска од Охрид во својство на директор на ЈП Билјанини Извори Охрид злоупотребувајќи ја службената положба и овластување на директор на јавното претпријатие, без да спроведе постапка за јавна набавка и без да склучи договор за јавна набавка, во период од месец 05/2020 година заклучно со месец 10/2020 година продолжила да ги користи услугите на правното лице Електро Софт Инженеринг ДОО Скопје за имплементација и експлоатација на систем на зонско паркирање на паркинг простор со кој располага ЈП Билјанини Извори Охрид и вршела плаќање на паричен надомест на правното лице Електро Софт Инженеринг ДОО Скопје, а со што на ЈП Билјанини Извори Охрид му причинила значителна материјална штета над 1.000.000,00 денари.Понатаму, пријавената по спроведена постака за јавна набавка Октомври 2020 година, во својство на директор склучила Договор заведен кај ЈП Билјани Извори Охрид под на 20.10.2020 година за јавна набавка на услуги за тековно одржување на паркинг системот плементација и експлоатација на систем на зонско паркирање. Овој Договор е со важност од 24 месеци. За време на важење на овој Договор цената за извршување на услуги изнесува 1.000.000,00 денари со вклучен ДДВ, а кој надоместок требало да биде исплатен во вид на надомест од 15 % од остварениот приход на ЈП месечно, исклучиво по основ на наплата на паркирање преку СМС пораки. За реализација на овој договор, пријавената како директор на ЈП Билијани Извори Охрид исплатила надомест поголем од договорениот во јавната набавка, односно предизвикала штета во значителен износ кој е поголем за 1.000.000,00 денари.Повикуваме ОЈО Охрид веднаш да постапи за ваквите незаконски дејствија и даде налог на незаконски поставениот началник на Економски криминал во СВР Охрид, Сашо Јанкоски да спроведе истрага по основа на оваа кривична пријава.Само со одговорност за сите сторени кривични дела ќе завладее правдата и правото.Доста е од наградувања со две директорски места во исто време како заслуги за партиски услуги и непотизам, доста е од криминално владеење, доста го уназадуваа Охрид и ја распродаваа Македонија, доста ги уништуваа јавните претпријатија.Време е за промени, време е за одговорност и време е да си ја вратиме државата назад!", вели Китески, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДС се живее се полошо, просечната плата се намали за 500 денари, а синдикалната кошничка се зголеми за 1500 денари

,,Со СДС се живее се полошо, просечната плата се намали за 500 денари, а синдикалната кошничка се зголеми за 1500 денари.Државниот Завод за статистика утврди намалување на просечната плата во јануари, споредено со декември. Просечната плата во јануари изнесува 39.542 денари, и е за 456 денари помалку споредено со декември.И додека платите се намалуваат, растат трошоците за живот. Според податоците кои ги објави ССМ синдикалната кошничка е за 1500 денари поскапа во март во однос на февруари.За граѓаните да преживеат потребни се 1500 денари повеќе од овој месец, а во исто време имаат помали плати во просек за 500 денари.Како мисли власта дека народот живее? Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.", велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Искрениот Стево кој кажа дека и при промена на власта европскиот пат продолжува

,,Пендаровски на дело го покажа своето лицемерие. Соочен со тоа дека има зад себе мандат кој ќе остане запомнат по неговата конфузност, катастрофални изјави, и себедемантирање, тој посегнува по ниските лаги во предизборието.Можеби скапите странски стратези го советувале дека треба да игра на картата на поделби, на етикетирања и претставување на работите црно или бело, но еве да го разочараме дека тоа во оваа кампања нема да му помине.Пендаровски се обидува да го наметне наративот дека само тој и СДСМ биле проевропска опција и дека ако не биле тие на власт евроинтеграциите ќе пропаднат. И оваа реторика на поделби му се појави сега кога се наближија изборите, што само покажува дека на Пендаровски не му преостана ништо друго освен да сее магла.Но и самиот Пендаровски не верува на оваа реторика. Тој во момент на искреност, која ретко ја имал, признава дека и при промена на власта Македонија нема да отстапи од својот европски курс и евроинтеграциите ќе продолжат. Да го цитираме: “ мојата проценка од оваа позиција во која се наоѓам, кај што можам да ги гледам процесите и информациите од еден друг аспект и да имам и повеќе информации, од просечниот граѓанин кој си има и други приоритети во животот, е дека стратешката насока и при евентуална промена на власта нема да се менува“ (затворен цитат).Фала многу на искрениот Стево кој најдобро го демантира Пендаровски кој сега пробува да го оцрни ВМРО-ДПМНЕ, кој оди на меѓународни конференции и ја кодоши ВМРО-ДПМНЕ, мислејќи дека така ќе добие поголема поддршка. Епа се лаже. Овој изблик на искреност на Пендаровски пред некое време е најдобриот одговор на сите лаги на кои тимот на Пендаровски ќе ја гради кампањата.“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Gjorgija-Sajkoski-21.03.2024

Сајкоски: Програмата на ВМРО-ДПМНЕ нуди решенија за проблемите на граѓаните

„Нашата кампања ја започнавме веднаш по завршувањето на локалните избори преку повеќе акции кои ги започнавме во тој период, една од акциите беше посета на над 620 населени места, посетивме 40,000 семејства, потоа направивме посета заедно со градоначалници, пратеници, советници во сите месни заедници со цел да го слушнеме мислењето на граѓаните, да ги слушнеме нивните проблеми и преку локалната власт да ги исполниме нивните очекувања кои ги имале. Граѓаните се соочуваат со огромен број проблеми кои се во надлежност на локалната самоуправа. Со таквиот пристап и начин ние ќе се водиме од барањата на граѓаните, така ја градиме програмата што ќе биде за брзо јавно објавена и на таков начин ќе ги водиме идните политики на ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Сајкоски.Сајкоски посочи дека проектите кои биле ветени треба да бидат завршени во период на нивниот градоначалнички мандат.„Оние проекти кои биле ветени и кои треба да ги завршат градоначалниците во период на нивниот мандат се забрзуваат и се врши еден вид контрола на сите проекти кои тие треба да ги реализираат во периодот додека го имаат нивниот мандат. Ова е една од работите која треба да ја прави секоја политичка партија и на таков начин да можеме да испорачаме се она што граѓаните го очекуваат од нашите градоначалници и локалната власт пред се“, вели Сајкоски.Сајкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ гарантира дека ќе донесе нови инвестиции.„Ние гарантираме дека ќе донесеме нови инвестиции, гарантираме дека на приватните стопанственици ќе им овозможиме еднакви услови за борба за да можат да се развиваат, ќе ги поедноставиме постапките за да можат да инвестираат во нашата држава и на таков начин ќе привлечеме да се вработуваат поголем број на луѓе меѓутоа и да се зголемува цената на трудот. Тоа е економијата и така се развива“, изјави Сајкоски.Тој заклучи дека за да се види пред се некоја разлика мора да се постават нови луѓе како што ВМРО-ДПМНЕ тоа го прави со министрите во техничката Влада Панче Тошковски и Ѓоко Велковски каде се виде дека ВМРО-ДПМНЕ има капацитет и луѓе кои можат да одговорат на проблемите и можат да одговорат на предизвиците.

Македонија | пред 1 година

Sajkoski-12.12

Сајкоски: Владата на СДС и ДУИ дозволи огромна инфлација која ги изеде платите и пензиите

Во моментов или на овие претстојни избори граѓаните ќе кажат кој за што е виновен и тие ќе го дадат мандатот на оние на кои можат да ги решаваат проблемите, рече Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на гостување на битолската телевизија Тера.Сајкоски се осврна и на работата на Владата на СДСМ и ДУИ укажувајќи дека немало грижа за никого.„Оваа Влада треба да замине во историја. Техничката влада е само ад хок решение кое требаше да биде решение, но бидејќи гледаме дека не може многу да се направи, да не речам ништо. Оваа Влада наместо да ги решава проблемите таа ги прави истите или има само застој 100 дена и тоа имаме застој во се, во сите области“, рече Сајкоски.Во минатото се покажа кои политички партии кои ги штитат интересите на граѓаните, а кои не, сите видовме дека СДСМ е во тие што не испорачува ништо.„Во меѓународната јавност ние како држава во последниве седум години сме третирани како држава со високо ниво на корупција, неискористеност на фондови. Срам сме и за регионот и за ЕУ, заедница од која се стремиме да сме дел. Патриоти се оние кои се грижат и за граѓаните и за државата. А што видовме ние? Се зголеми инфлацијата и истата ги јаде и платите и пензиите за кои се фалат дека ги зголемиле“, кажа Сајкоски.На прашањето што очекува на претстојните претседателски и парламентарни избори, Сајкоски вели: „Очекуваме голема победа, очекуваме огромна поддршка од граѓаните тоа го покажуваат анкетите, ама се гледа и од расположение на граѓаните“.

пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања