„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

вмро-дпмне

vmro-1

ВМРО-ДПМНЕ: Стратешката инвестиција на Ковачевски и екипата за фабрика за електрични автомобили пукна како балон

„Димитар Ковачевски, Јован Деспотовски, Али Ахмети, Талат Џафери, Артан Груби, Крешник Бектеши, Фатмир Бесими и речиси цела влада беа наредени со лопати во рака во август месец 2022 година во Тетово и на фанфари најавуваа стратешка инвестиција- фабрика за електрични автомобили. Две години потоа, силно најавуваната инвестиција со 900 високо платени работни места издиша како балон. Официјално пропадна проектот на Некст.Е.Го Мобиле која има партнер во Македонија, а тоа е фирмата „Еколог“, чиј менаџмент јавноста го смета за близок до ДУИ.Најавуваа почеток на градба на фабриката во рок од 6 до 8 недели, а производството требаше да почне оваа година со 30.000 автомобили на годишно ниво. Па зборуваа за ефект на снежна топка кој требало да донесе други инвеститори. Не 8 туку 80 недели поминаа, а фабриката никаде ја немаше. Истите што фрлаа лопати и се фалеа, почнаа невешто да се вадат дека се спојуваат парцели, па урбанистички планови, па катастарски лавиринти, за на крај сега да стане јасно дека ја лажеле јавноста. Оваа власт е неспособна да привлече инвеститори, ама тоа наместо да го признаат, се обидуваат да го прикријат со вакви потемкини села. Државата дури и се обврза да ги помогне со народни пари, а според информациите во јавноста во извештајот на Комисијата за заштита на конкуренцијата било нотирано одобрување на државна помош од 42.585.856 милиони евра.Ај што нема ни инвестиција, ни бутур, ај што потрошија пари за помпезна прослава за фрлање лопати во една дупка, туку барем оваа одобрена државна помош барем да не ја изело помрачина. Премногу лажеше оваа власт на ДУИ и СДС за овој случај за да им се верува на „чесен збор“. Впрочем Власта треба да одговори зошто на толкаво одложување пред само два месеци, на пет дена пред Новата 2024 година Владата на ДУИ и СДС дала согласност Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони да потпише анекс кон договорот за доделување државна помош склучен со инвеститорот „Некст.е.ГО мобиле“ во август 2022 година? Кога веќе цели две години нема ништо друго освен едната дупка на ливадата близу Тетово, зошто бил склучуван овој анекс?ВМРО-ДПМНЕ не е финансиска полиција ниту било која друга надлежна институција која треба да испитува сомнежи за криминал. Ако СДС како партија прават и правеле увиди во документи и експресно судат врз основа на методи на преки суд, тогаш тоа говори за нивното познавање на правната држава и владеењето на правото. Ние ги повикуваме органите на државата детално и суштински да се позанимаваат со овој случај, а не само површно, и да проверат дали и колку е оштетена Македонија од оваа „голема инвестиција“ која пукна како меур од сапуница“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски срамно му припиша бугарско етничко потекло на Гоце Делчев

„Нема кој не ја слушна срамната изјава на Стево Пендаровски дека Гоце Делчев се декларирал како Бугарин. Тој тоа го направи на своја рака, без никаква консултација со експертите и историчарите. Правејќи се голем авторитет, лекомислениот и кусогледиот Пендаровски им наштети на македонските позиции. Неговата изјава експресно се прошири во Софија, особено во негаторските кругови и истата беше користена како аргумент.Пендаровски постапи како да е член на историската комисија, ама од бугарската страна. Неговата катастрофална изјава нанесе невидена штета. Оваа изјава со која Пендаровски си зема право да му дава бугарско етничко потекло на Гоце Делчев по ништо не се разликува од ставовите на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев. Овој човек кој важи за еден од најголемите негатори на македонскиот идентитет му давал политичка поддршка на Стево Пендаровски во 2019 година (според личното признание на Пендаровски).Дали Пендаровски за да му се заблагодари на Ковачев за политичката поддршка ја даде оваа штетна изјава дека Гоце Делчев е Бугарин?Дали Пендаровски овој став за Гоце Делчев го стекнал контактирајќи со Андреј Ковачев ? Знае ли Пендаровски дека оваа изјава е една од многуте негови стратешки грешки“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе обезбедиме учебник за секој основец

„Во областа на образованието ВМРО-ДПМНЕ има неколку приоритети, меѓу кои главно е учебник за секој ученик во основното образование навреме. Оваа влада на СДС и ДУИ наместо конкуренција на концепти за образование, правеше натпревар кој поголема провизија да земе од печатењето на учебници, а резултат беше учениците да немаат учебник.Освен што не обезбедија учебници за секој ученик го урнисаа образовниот систем, па така немаме мотивирани наставници кои имаат трудови со импакт фактор, немаме ни универзитети меѓу првите илјада на Шангајска листа. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека ова ќе го промени.Прво, потребно е да се поработи на мотивација на наставно образованиот кадар. Тоа ќе се направи на тој начин со тоа што секој оној наставно образовен кадар на високо образовните институции кој што ќе објави труд во списание со фактор на влијание, а тоа списание е дел од индексираната база „Томсон Ројтерс“ позната во науката како „web of science“ тогаш следната година државата ќе одвои дополнителни 50% секој месец за неговата плата.Второ, ќе направиме се за да има универзитет меѓу првите илјада на Шангајската листа. За ова потребни се два столба, еден државата да инвестира на пример во околина, услови за научно функционирање, опрема и слично, втор столб е обврска за наставниот кадар е да објавуваат трудови индексирани со висок фактор на влијание“, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Пешевска за 8ми март со порака до жените: Не застанувајте и не се откажувајте

„Ние – жените сме непоколебливо решителни кога треба да се надминат пречките, затоа што умееме да се прилагодиме, иновативни сме во сите животни ситуации, посветени и секогаш подготвени да се подобруваме самите себе.Солидарноста, отворениот дијалог, меѓусебната поддршка и соработка се одлични можности за да го промениме светот во кој живееме.Мојата порака до секоја една жена е:Пред да зачекорите кон животните цели, имајте на ум дека ќе наидете на многу пречки, проблеми и неуспеси.Не застанувајте и не се откажувајте, туку на секој неуспех гледајте како на нова можност утре да бидете подобри.Никогаш не се сомневајте во вашите способности!Вие сте родени за да успеете, затоа што сте ЖЕНИ!Следете го сопствениот инстинкт и чекорите храбро и одлучно кон промените.Да го славиме секој наш успех, да си бидеме инспирација едни на други и заедно да ја градиме иднината во која еднаквоста и еднаквите можности ќе бидат реалност.Среќен меѓународен ден на жените“ , изјави Пешевска, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Понудата на СДС се сведе на пуштање на стари фотографии и ширење на лажни вести

„Понудата на СДС се сведе на пуштање на стари фотографии и ширење на лажни вести.И откако СДС си ја нахрани дневната потреба за лаги и манипулации пуштајќи стари фотографии од средби, да се насочиме кон суштината.Трамп имаше средби со Ким Јонг Ун, Бајден со Путин, Вучиќ со Курти... За СДС очигледно политиката е сведена на само на лажење и крадење. Во нормалниот свет таа се сведува на убедување на аргументи, расправа со факти.СДС колку и да се труди колку и да пушта стари фотографии од средби со бугарски политичари неизбришлив факт е дека СДС се сведе на пудлица на бугарската политика во Македонија.Направија штетен договор, Бојко го нарекуваа брат, велеа дека Бугарите за втора светска војна се администратори, а не окупатори, Стево љубави коленичеше пред бугарскиот претседател и премиер. ВМРО-ДПМНЕ нема да води црна кампања против СДС и Пендаровски, туку изворно и доследно ќе посочува на неговите изјави, јавноста сама може да суди“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски и СДС во немоќ, почнаа да напаѓаат жени

„Пендаровски и СДС, веќе немаат ни самопочит, а камоли почит, кон својот политички противник, Професорката Силјановска-Давкова, каде секојдневно ја напаѓаат со докажани лажни вести.Најново и подмукло, се обидоа со фотографија стара 5 год., да претстават лажна слика пред граѓаните, за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, а жената која ја напаѓаат, има многу добри познати ставови пред јавноста, во врска со договорот под бугарски диктат, кој го прифатија Пендаровски и СДС.Веќе нивното лицемерие не може да се измери, истите тие, кој Бојко Борисов, го нарекуваа нивен брат, а како Пендаровски милуваше да му се обраќа со "љубави", народот никогаш нема да заборави.На манипулаторот Пендаровски и неговата партија СДС, веќе ниедна лага не може да им помине пред граѓаните.Тоа е повеќе од јасно, а уште појасно ќе им биде на денот на изборите, кога народот ќе им пресуди, за сите криминали и лаги, што ги вршеа овие 7 години“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС си даде автогол- Пендаровски со гордост кажуваше дека добил поддршка од Андреј Ковачев

„СДС зацапа во кал. Кога веќе сакаат да го анализираат Андреј Ковачев, бугарскиот европарламентарец и негатор на македонскиот идентитет, еве им тонч.Андреј Ковачев во Софија и Брисел ја користеше изјавата на Пендаровски како клучен доказ и поткрепа на неговата реторика дека Гоце Делчев е Бугарин. Со оваа бесрамна изјава Пендаровски им даде ветар во грб на негаторските кругови во Софија и тоа е една од неговите најголеми стратешки грешки. Едноставно Пендаровски му ги исполни влажните соништа на Андреј Ковачев и луѓето како него.Второ, да биде поголем автоголот на СДС, истиот нивни пријател Андреј Ковачев го издвојува ВМРО-ДПМНЕ како најголема пречка на неговата негаторска и ревизионистичка политика.Трето и најскандалозно, Стево Пендаровски со гордост се фалеше дека добивал политичка поддршка од еден лик како Андреј Ковачев. Затоа СДС треба уште денес да го прашаат Пендаровски какви му биле релациите со Андреј Ковачев, дали Ковачев го поучувал за етничката припадност на Гоце Делчев и дали Пендаровски го “продаде евтино“ Гоце Делчев за една политичка поддршка од Ковачев?!Граѓаните чекаат одговори од СДС и Пендаровски“, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ седи на главната маса со партнерите од Европската Народна партија, додека СДСМ на врата не го пуштаат да влезе

„Ова е предизборен конгрес на најголемото политичко семејство во Европа, Европската Народна партија од која полноправен и горд член е ВМРО-ДПМНЕ. Горд сум што ВМРО-ДПМНЕ е член на најмоќната политичка сила во Европа од која доаѓаат најголем број на претседатели и премиери на земји од Европската Унија и Европа како и целото раководство на Европската Унија. Најдобар доказ за тоа е што претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен е од Европската Народна партија и истата беше избрана за водач на листата на Европската Народна партија и доколку Европската Народна партија ги освои јунските европски избори повторно ќе биде претседател на Европската комисија што е исклучително значајно за нас како политичка партија и за Македонија“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вклучување во вестите на телевизија Алфа.Потпретседателот Николоски продолжи и додаде дека Македонија ќе има пријател претседател на Европската комисија.„Имајќи предвид дека ќе имаме пријател претседател на Европската комисија а од 8 Мај ВМРО-ДПМНЕ ја формира Владата а исто така и претседателот ќе е од ВМРО-ДПМНЕ. Ќе соработуваме да се тргнат стегите кои ги чувствува Македонија, оној притисок пред се што го имаме од Бугарија да се олабави, Македонија да си ги заврши домашните задачи и да може да напредува кон Европската Унија. За тоа требаат резултати дома, но требаат и пријатели надвор“, кажа Николоски.Потпретседателот Николоски посочи дека оствариле бројни средби со други видни личности и додаде:„Имавме бројни други средби со видни личности. Тука можам да го издвојам канцеларот на Австрија Нехамер, понатака премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, лидерот на најголемата политичка партија во Словенија Јанез Јанша, претседателот на комисијата за надворешна политика на европскиот парламент Дејвид Мекалистер, Јоханес Вадефул кој е еден од првите луѓе на Христијанско демократската унија во Германија, тука е комесарот Јоханес Хан, претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен, претседателката на жените на Европската Народна партија, бројни европратеници, министри за надворешни работи, уште неколку премиери со кои се разговараше. Така што навистина една плодна, плодна дводневна посета тука во Букурешт каде се одржува конгресот на Европската Народна партија“, вели Николоски.Потпретседателот Николоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е ценет партнер.„ВМРО-ДПМНЕ е ценет партнер, ВМРО-ДПМНЕ е на главната маса и разговара за разлика од СДСМ кој гледаме на врата не ги пуштаат да влезат на конгресите на Социјалистите и од врата ги враќаат назад“,  кажа Николоски.Потпретседателот Николоски додаде дека СДСМ и нивниот претседател на врата не го пуштаат на прием кај Социјалистите.„Ние седиме на главната маса за разлика од водството на СДСМ почнувајќи со претседателот на СДСМ кој на врата не го пуштија да влезе на прием кај Социјалистите во Рим па тоа го имаше и како скандал во престижниот весник Политико“. истакна Николоски.Потпретседателот Николоски истакна дека исто така во Виена ќе имаат средби и додаде:„Во Виена ќе имаме средби со министерката за Европа и за уставни прашања Ештадлер, понатака со министерот за надворешни работи Александар Шаленберг, со претседателот на стопанската комора на Австрија што за мене е исклучително битно бидејќи има Австриски инвестиции во Македонија и тие треба да продолжат во следниот период и секако тука е средбата со Македонците кои живеат во Австрија со нашата дијаспора, а ќе имаме средба и со еден потенцијален инвеститор кој би дошол да инвестира во Македонија уште во првите 100 дена од новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ“, дециден е Николоски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Стоилковски: СДС во слободен пад вади фотографии кога Ковачев им беше "брат" и "љубави"

„СДС затоа што ја загубија поддршка од народот, не значи дека треба да го загубат разумот.Манипулираат и лажат, и целосно недостоинствено се служат со лажни вести.СДС во слободен пад се користи со фотографии кога Ковачев им беше "брат" и "љубави". И да потсетам кога Ковачев објави фотографија со коментар дека Сиљановска имала многу забелешки за договорот со Бугарија и различно мислење за историјата, потенцира самиот Ковачев.Ова е фотографија од Ковачев во 2019 година.А оваа фотографија му е од сега, пред една недела. Само СДС при очи не гледаат разлика и кај самиот Ковачев. Прашање е само дали и оваа манипулација не е во договор на СДС со Ковачев?Ја разбираме нервозата откако се исфрлени и од европските собири, а дома од народот, но тоа не значи дека може да шират лажни вести и да ги туркаат медиумите во нивните лаги.Никогаш не било полошо, Време е наместо хаосот во Македонија, да завладее ред“, вели Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Slika-1

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се фатени живи како шират лажна вест, фотографијата на Силјановска со Ковачев е пред 5 години

„СДС се фатени живи како шират лажни вести, фотографијата која што ја лиферуваа на Гордана Силјановска со Андреј Ковачев е стара најмалку 5 години, и е настаната при случајна средба на еден од заедничките европски настани.Да потсетиме таа е од времето кога Бојко Борисов беше брат на лидерот на СДС Зоран Заев, а од страна на Стево Пендаровски беше поздравуван со љубави.Очекуваме СДС да се извини поради ширењето на вакви брутални лаги кои што се супститут на очигледната безидејност на нивната партија. А најдобар доказ дека ова е стара фотографија е фотографијата на Андреј Ковачев од 2024 година, која што ви ја испраќаме во прилог. Гордана Силјановска во рамките на Конгресот на ЕПП во Букурешт нема никаква средба со Андреј Ковачев“, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Сите го напуштаат бродот кој тоне, коалицијата на СДС се намалува

„Видлива е нервозата кај СДС, секој ден се намалува нивниот рејтинг, коалцискиот капацитет и довербата кај граѓаните па мора да лажат и глумат единство.СДС останува со се помалку партии во својата коалција затоа што сите го напуштаат бродот кои тоне.Ковачевски и Зечевиќ не знаејќи како да ја сокријат разочараноста кај граѓаните од лошите и анти-државни политики, па мораат да го креваат моралот кај своето членство лажејќи за некакво си окрупнување на колацискиот капацитет.Имено, станува збор за политичката партија ПЕИ, која веќе 9 месеци не постои како политички субјект, а СДС ги преставува како нивни коалциски партнер кои дава поддршка за Пендаровски Стево.Како што може да се види од судскиот регистер, Партијата за европска иднина- ПЕИ има решение за бришење од списокот на политички партии во Македонија на 06.06.2023 година.Ковачевски и Зечевиќ и да формираат 20 нови политички субјекти или да се сликаат уште со 10 други политички партии кои се згаснати нема да ги спаси од катастрофалниот пораз кој ќе го доживеат на следните парламентарни и претседателски избори.Никогаш не било полошо, Важно е да ги поразиме“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски тврдеше дека е ван памет да се менува Уставот по барање на Бугарија

„Зборовите на Стево Пендаровски треба да се земаат со огромна резерва. Тој е синоним за човек кој едно кажува до пладне, се дообјаснува на пладне, а вечерта веќе се демантира. Без срам и перде во 2020 година зборуваше дека е “ван памет„ да се зборува за промена на македонскиот устав во контекст на бугарските барања и вето. Тој дури и со неговата типична ароганција тврдеше дека ги има сите информации од средбите со официјални лица од Бугарија и такво прашање не било ставено на маса. Кажа и излажа, по кој знае кој пат.Пендаровски ставовите ги менува како дува ветрот. Тоа не е ниту достоинствено, а уште помалку државнички.Денес Стево Пендаровски без око да му трепне, како никогаш да не кажал поинаку, ги убедува граѓаните дека треба да се промени македонскиот устав по бугарски диктат. Дали Пендаровски денес е “ван памет“ кога заговара отворање и менување на уставот?Има ли овој човек дигнитет. Очигледно не. Тој изгуби и кредибилитет и интегритет, но најстрашно е што понижувајќи се себеси и лижејќи кај што плукал, го погазува и достоинството на народот, функцијата и државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Андоновски: ВМРО-ДПМНЕ на Конгресот на ЕПП ќе даде поддршка за Урсула Фон Дер Лајен

„ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја покажува својата европска ориентираност и присуство на најважните настани во ЕУ. Овој конгрес се смета за најголемиот европски собир кој се случува затоа што станува збор за собир на најголемата партија во Европскиот парламент, тоа е Европската Народна партија, каде што ВМРО-ДПМНЕ е членка, вели Стефан Андоновски меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ.Андоновски истакна дека на Конгресот на ЕПП се избира предводник на листата на ЕПП за следните избори на ЕП кои ќе се случат оваа пролет.Не треба премногу да зборувам за важноста на настанот, туку што во вашето вклучување покрај нас на 3 метра помина Урсула Фон Дер Лајен претседателката на ЕК. Како и вие што кажавте активно учествуваме на овој конгрес. Многу е важен затоа што се избира водачот предводникот на листата на ЕПП за следните избори на ЕП кои ќе се случат оваа пролет. Тоа ќе биде токму Урсула Фон Дер Лајен и се очекува дека и ние ќе ја дадеме поддршката за вкупните случувања во ЕУ, за подобра ЕУ, за ЕУ која е ориентирана кон Западниот Балкан, ЕУ која вистински ќе се грижи за реформи, за економски реформи за напредок, но во исто време ќе ги вклучува и земјите од целиот Западен Балкан при што и Македонија, рече тој.Андоновски информираше дека на оваа посета ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари средба со претседателот на ЕПП Манфред Вебер, претседатели и премиери на држави од регионот и од Европската унија.Ние денеска ќе учествуваме на бројни билатерални средби со највисоките претставници на ЕУ, претседателот на ЕПП Манфред Вебер исто така е планирана состанок. Претседатели и премиери на држави од регионот, од ЕУ со кои што исто така планираме состаноци и мислам дека ќе биде ова уште еден многу успешен Конгрес на ЕПП, и многу успешно одбележување на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на нашите активности тука, заклучи Андоновски“, вели Стефан Андоновски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Толку е мизерно во СДС што мора избришани партии да ги претставуваар како коалиција

„Толку е тажно и мизерно во СДС, коалицијата им пропаѓа и им паѓа коалицискиот потенцијал, па спасуваат образ со избришани партии.Коалицијата на СДС е се помала.Во прилог на ова соопштение испраќаме решение за бришење на партијата ПЕИ од судскиот регистар на партии од 06.06.2023 година.ПЕИ не постои како партија скоро една година, а СДС кои немаат кого да седнат на коалициски состанок се повикуваат на непостоечка партија.Еве ако СДС се чувствува посигурно нека соберат 100 свои активисти и нека ги претстават како претседатели на различни партии, но и тоа нема да го смени фактот дека ќе извубат катастрофално“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Претседателот Мицкоски на Самитот на ЕПП во Букурешт

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со кандидатот за претседател, Гордана Силјановска Давкова, потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и Тимчо Муцунски како и секретарот за меѓународна соработка, Стефан Андоновски се во дводневна посета на Букурешт, Романија каде ќе присуствуваат на двовневниот конгрес на Европската народна партија(ЕПП).Денес во 16 и 50 часот пред делегатите на Европската народна партија свое обраќање ќе има и претседателот, Христијан Мицкоски.Во текот на овие два дена на самитот во Букурешт претседателот Мицкоски ќе има повеќе значајни билатерални средби со високи европски политички лидери.Исто така на овој  двовневневен конгрес се очекува претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен да биде предложена да ја води листата на ЕПП на престојните избори за Европскиот Парламент.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања