ВМРО-ДПМНЕ

Screenshot-2022-01-20-at-11.59.08

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Бектеши призна дека правел притисок, а сега ЈО и судството да постапат и да сноси и одговорност

,,Добро е што Бектеши призна дека правел притисок, а сега ЈО и судството да постапат и да сноси и одговорност.Како тоа порака со содржина дека е срамота што МВР се занимава со млади луѓе не е притисок?Дали за Бектеши младите прекршители на законот или криминалци не се криминалци?Што за Бектеши се млади луѓе дали тоа се лица од 18 до 30 години и дали тие не треба да се гонат ако направиле прекршок или кривично дело?Која порака Бектеши ја упатува до младите?ДУИ наместо да фолира по медиумите, подобро ќе биде самите да се оградат од таквите како Бектеши што побрзо.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_5220

Митева: Ограбена држава - Лотарија на две фирми, едната од Струмица, другата од Скопје незаконски им доделила лиценци за игри на среќа

,,Ограбена држава - Лотарија на две фирми, едната од Струмица, другата од Скопје незаконски им доделила лиценци за игри на среќа.Дали фирмата од Струмица е директно поврзана со СДС, а фирмата од Скопје со ДУИ? Дали вака СДС и ДУИ ги книжеле милионите под закрила на институциите.Со години фирмите преку игрите на среќа се богателе и тоа прво без законски основ, а сепак со издадена лиценца и второ, без притоа да плаќаат данок. Кој се од врвот на СДС и ДУИ ги аминувал и прикривал овој криминал од милионски размери?За споредба, во 2018 година бизнисот со игри на среќа свртел 210 милиони евра, а во 2023 година 800 милиони. Или за 5 години овој бизнис се зголемил за цели 600 милиони евра. Ова директно покажува дека во времето на владеење на СДС и ДУИ преку незаконско работење, со добиени лиценци без основ за тоа се заработувале милиони на грбот на граѓаните, а за да биде уште пострашно некој од тие фирми за тоа не плаќал данок.И нервозата во СДС и ДУИ е голема, зошто токму овие две фирми од Струмица и Скопје кои го кршеле законот и не плаќале данок, нема да можат тоа веќе да го прават.Дополнително, последните констатации покажуваат дека од 2017 година „Лотарија на Македонија“, и самата не поседувала лиценца но сепак издавала лиценци за приредување на игри на среќа.Почитувани,Со години клучен фактор за развојот на бизнисот во Македонија била политичката моќ на ДУИ и СДС.Затоа денес секојдневно се служат со лаги и измислици, празни прес конференции и конструирани напади, надевајќи се дека така ќе го покријат сиот криминал кој се открива во институциите.Но, на клевета ќе одговориме со вистина, СДС и ДУИ мора да знаат дека ќе има одговорност за секоја нерегуларност која ја направиле, само така ќе имаме правна држава и вистинско владеење на правото.”, изјави Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со лажните соопштенија и прес конференциите во прашална форма не може да ги сокрие сериозните наводи за криминал во МЕПСО и ЕСМ

,,Две прашања по чаршав соопштението на СДС.Прво, од кога тоа долг на било која фирма е кривично дело?Второ, ако имало било што незаконско, што правеле СДС и ДУИ цели 7 години?СДС е партија во раскол и конфликти. Но лажните соопштенија, прес конференциите во прашална форма не може да ги заменат, ниту сокријат сериозните наводи за криминал во МЕПСО и ЕСМ. Ова е на дело паниката во СДС поради соочување со одговорност за тендерите во 4 очи, за милионите свртени од фирмите на Вице Заев, Зоран Заев и процентите за Венко Филипче во РЕК.Ограбената држава е единственото наследство добиено од СДС и ДУИ.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС владата ја претворила во партиски штаб платен со парите на граѓаните

,,СДС владата ја претворила во партиски штаб платен со парите на граѓаните. Партиски паноа, флаери, партиски билтени, пропаганден материјал е сликата која е затекната во Владата.Се принтале материјали, се складирале партиски летоци во зградата на владата, но важно Заев и Филипче кога беа дел од извршната власт ја тргнаа оградата и наводно ја отворија владата. Но зад оградата пустош. Си правеле тендери чии датуми ги антидатирале.Јавен повик за доделување на финансиска поддршка е креиран на 01.04.2022, а де факто е направено како да е направен 21.05.2021, цела година и повеќе порано. Ова е кривично дело и за кое водството на владата од СДС треба да одговара.Партиски флаери низ државни канцеларии. СДС брутално ја злоупотребиле позицијата и државните ресурси. За ова мора да има одговорност. Ограбената држава е најголемото достигнување на СДС.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја манипулира и труе јавноста со црн пи-ар преку агенцијата Рејтинг на Спасов

,,Добиените милиони, тендери, и проценти на агенцијата Рејтинг на Спасов се олицетворение за тоа како функционира СДС, и зошто СДС шири лаги, дезинформации, креира лажни вести, навреди и црн пи-ар.Спасов кој во ек на владеењето на СДС и ДУИ доби 10 милионски бизнис, како и над половина милион евра тендери од разни институции водени од СДС кои изминатите години се слеаја кон агенцијата Рејтинг на Спасов сега ја има главната улога да ги одработи тие пари преку црн пи-ар.Македонија го имаше најлошото искуство со СДС во изминатите години кога на дело се покажа како аздисано се трошат народните пари, како се делат тендери во четири очи, како бескрупулозно се празни државната каса.Нема веќе затајување на данок, нема веќе „Евро за црквата, евро за Вицето“, нема веќе купување на златни чинии и луксузирање на државна сметка, времето на недопирливите заврши, како што заврши и времето на не наменски трошења 10-тици и 100-ци милиони евра како оние на Мила Царовска за дигитализација на училиштата, а учениците да немаат ниту книги.СДС направи историски грабеж и ја потона земјата во криминал и корупција и токму поради стравот од одговорност сега преку агенцијата Рејтинг ја трујат и манипулираат јавноста, а Спасов си ги одработува милионските бизниси.СДС треба да се реформира, СДС треба да знае дека нема јака опозиција со вакви репрезенти и да расчисти со криминалците и бандитите во сопствените редови за кончено да биде здрава и конструктивна опозиција.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

igor-janusev

Јанушев: СДС има да одговара за сите криминали, во минатото Владата била користена како нивен штаб и чувале нивни промо материјали

„Сета оваа хајка против мене се прави се со една цел за да се дискредитира моето име. Зошто? Ради се она што овие 3-4 недели од кога сум на позицијата на која што сум, гледаме што се правеле од претходната власт“, истакна Игор Јанушев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во „Тема на денот“ на Сител телевизија.Јанушев го повика МВР да влезе во Генералниот секретаријат и да се увиди што се се правело таму изминативе години.„Еве еден повик да се влезе во Генералниот секретаријат на Владата и да се провери каков се криминал е правено“, повика тој.„Речиси две години не функционирал главниот влез во Владата. Знаете зошто? Затоа што ги оставиле скенерите неисправни и не им било гајле. Но, тоа е најмалиот проблем“, појасни Јанушев.Јанушев приложи документ како претходната власт поправала документи. На пример документ Јавен повик за доделување на финансисика поддршка е креиран на 01.04.2022, а де факто е направено како да е направен 21.05.2021, цела година и повеќе порано. Ова е кривично дело и за тоа треба некој да одговара.„Владата се користела како штаб на СДС“, нагласи тој и додаде дека за тоа има и докази.Во депото на Владата се чувале промо материјали на СДС од кампањи и конгреси.

Македонија | пред 1 година

manu

МАНУ е единствената институција која ја обединува научната мисла, критериум за членство не може да биде етничка или политичка припадност, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) е единствената институција која ја обединува македонската научна мисла и во нејзиниот состав има научници од различни етнички заедници“ вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Како критериум за членството во Академија на науките не може да биде етничка или политичка припадност, туку научните достигнувања и придонесот во општеството. Науката не е нешто кое треба и може да се политизира и етнизира.Науката е столб на напредокот и просперитетот на секое општество и затоа е исклучително важно да се зачува нејзината автономија и непристрасност. Политизирањето на науката може да доведе до субјективност и пристрасност во истражувањата, што ќе го загрози нејзиниот кредибилитет и квалитет. Еден од главните аспекти на науката е нејзината способност да ги премостува разликите и да се фокусира на факти и докази, без оглед на етничката припадност на научниците.Не' радува фактот што албанските партии во власта бараат свое место за Албанците во науката, тоа го поздравуваме и покажува разлика од тоа што го правеше ДУИ кои бараа места само во тендерски зделки и при тоа станаа зелена партија.Науката бара посветеност, напорна работа и високи академски стандарди, кои се основа за постигнување на извонредност и иновации. Само преку строгите критериуми и мерила можеме да осигуриме дека најдобрите и најквалификуваните ќе ги водат нашите научни институции и ќе придонесуваат за нашето општество.Затоа, мораме да ги задржиме високите стандарди и да се осигуриме дека нашата Академија на науки останува репрезентативна и престижна, базирана на заслуги и академски достигнувања.Ќе ги адресираме сите проблеми и предизвици во интерес на заедничката држава и заедничкиот патриотизам, но никако на штета на заедничките институции туку во нив.

Македонија | пред 1 година

Soravia-Press-Ahmeti-Drin-585x335-1

(Видео) ЈО да не молчи, да не чека и да реагира експедитивно за Дрин Ахмети, кој заработувал милиони без да плати соодветен надоместок за концесијата, вели Лефков

„ЈО да не молчи, да не чека и да реагира експедитивно за Дрин Ахмети, кој заработувал милиони без да плати соодветен надоместок за концесијата.Ахмети свесно ја оштетил државата, ја ограбил“, вели Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник и додава:ЈО не смее да остане под притисок на поранешната власт на СДС и ДУИ, и мора да почне да постапува согласно закон.ЈО да не се плаши од таткото на Дрин Ахмети кој буквално му седи на главата на јавниот обвинител за организиран криминал Исмаил Абази, затоа што институциите се ослободуваат и сега ако не постапат, ќе треба и тие да одговараат пред законот за многу скоро од сега, зошто тоа не го направиле.ЈО не смее да не постапува, Дрин Ахмети преку неговата фирма ЕВЕРЕСТ ЏД го оштетил Буџетот на државата не платил концесија во висина на извршените ископи од над 1.6 милиони.Непостапувањето на институциите во време на СДС и ДУИ допронело до тоа Дрин Ахмети да работи, иако требало да му биде одземена лиценцата, а со тоа и да може да зема милионски тендери, иако требало да му се одземе лиценцата.Дрин Ахмети е фатен на дело како прави криминал, случајот е многу јасен. ЈО да постапи, затоа што тоа непостапување допринесе државата да има 2% доверба во судството и обвинителството. Очекуваме брзо процесуирање.Истовремено најавувам, дека од утре продолжуваме со нови случаи од скандалите опфатени во серијалот „Ограбена држава“.

пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Од организатори на кафеански прослави на Ковачевски за 420 илјади евра, до главен пиар на СДС, Рејтинг на Спасов си ги одработува тендерите

,,Од организатори на кафански прослави на Ковачевски за 420 илјади евра, до главен пиар на СДС, Рејтинг на Спасов си ги одработува тендерите.Над 420 илјади евра беа потрошени за промоција на винскиот саем во Белград, кои наместо за државно етаблирање беа искористени и за кафанските мераци на Ковачевски.Дополнително над половина милион евра тендери од разни институции водени од СДС изминативе години се слеаја кон Рејтинг на Спасов.Очигледно е дека СДС многу го задолжиле Спасов, па преку Рејтинг сега го прави ПР от на СДС темелен на лажни вести, измислици и навреди.СДС тоне во деструктивност, мерачот на рејтинг, кој ги бодреше до последно дека победуваат, сега го носи сигурно кон амбис.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски ја води државата напред, а Филипче да каже како направи хациенда од милион евра, купи џип и направи портфолио од фирми

,,Мицкоски ја води државата напред, а Филипче да каже како направи хациенда од милион евра, купи џип и направи портфолио од фирми.Македонија за еден месец има поголем напредок, од со СДС за 7 години. Државата доби ефтини средства од Унгарија, држава членка на НАТО и ЕУ, по камати пониски од државните обврзници на САД и земјите од ЕУ. Најавена е голема странска инвестиција во областа на зелената енергија, големи странски инвеститори присутни во земјата водени од сигурноста која ја пружа владата се одлучуваат на големи нови инвестиции. Пензиите се покачуваат. Име повеќе за секого.Филипче пред да зборува за било што, нека каже со кои пари неговото семејство ја изгради хациендата на Водно? Истата со над 400м2 станбена површина чини повеќе од милион евра.Филипче да каже на чие име е џипот Ауди Q8, и со кои пари е платен и зошто?Очекуваме одговор и за фирмите во Бугарија, но и за фирмите на брат му со Вице Заев.Тендер министерот Филипче должи одговорни за Онкологиjа и за Хематологија и Ирина Пановска, и за одуларната болница во Тетово, и за вакцините и за редица други крвави и дебели тендери. Одговори мора да има.”, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавите на Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

Milelefkov

Лефков: Ограбена држава - Дрин Ахмети книжел милиони под закрила на институциите водени од кадри на ДУИ

,,Ограбена држава- Дрин Ахмети книжел милиони под закрила на институциите водени од кадри на ДУИ.Со години фирмите на Дрин и Бесијан Ахмети, внуци на Али Ахмети вртеле милиони со помош на државни органи, дали заради концесии кои ги имаат добиено од државата или пак од тендери, секогаш клучен фактор била политичката моќ на ДУИ и СДС.Во наредниве денови ќе презентираме низа случаи под серијалот "Ограбена држава", кои ќе покажат како Македонија била оштетувана за милиони.Денеска почнуваме со случајот на Дрин Ахмети и кривичната пријава која МВР ја поднесе против него, неговиот брат Бесијан и службеници во министерството за економија под капа на ДУИ.Истрагите на МВР како шти веќе соопштија од министерството резултирале со заклучок дека во период од 2016 до 2023 година, фирмата Еверест ЏД во сопственост на Ахмети, која е концесионер на каменолом требало да плати прецизен годишен надоместок за концесијата и такса за извлечените минерални суровини, според тарифата за дозволи и концесии. Иако потребно било да достави и геодетски елаборати со детални количества на извлечени минерални суровини и периодот во кој е извршена екстракција, наведено во член 64 од Законот за минерални суровини. Тоа не го направиле. И наместо тоа, платиле 1.671.894 денари помалку за концесиски надоместоци, со што е направена штета на Буџетот на Република Македонија.Дрин Ахмети експлоатирал камен и правел производи од истиот, без да ја пријави вистинската количина во Министерството за економија и за истата да плати соодветна сума пари на сметка на Буџетот.Дрин Ахмети пријавил помалку експлоатирани минерални суровини отколку што навистина експлоатирал. Тој не само што го оштетил буџетот на државата преку не плаќање концесиски надоместок во реална висина, туку постои опасност дека така непријавените експлоатирани минерални суровини ги пуштил во промет без да ја еведентира нивната продажба и да плати данок.Колкав е реалниот профит кој Ахмети го ставил во џеб и заради кој избегнал да плати надоместок кон државата?ЈО да не спие и да почне да постапува по кривичните пријави на МВР. ДУИ и СДС 7 години ја ограбуваа државата и ја земаа среќата на многу луѓе. Време е да има одговорност, за никогаш да не се повтори.Утре продолжуваме со нови детали околу милионите на Ахмети.”, вели Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Македонија | пред 1 година

120190420_222432

ВМРО-ДПМНЕ: За милионите евра, кои СДС ги даде на Рејтинг и Спасов, тие смислуваат само глупави лаги и манипулации со што ја носат партијата кон пропаст

,,Омилената агенција на СДС за односи со јавност, истражување на јавното мислење Рејтинг менаџирана од Никола Спасов за време на владата на СДС доби ни помалку ни повеќе околу 10 милиони евра.Тоа беа 10 милиони за да се прикажуваат наводните успеси на СДС, владата предводена од СДС, за наводните успеси на таа влада и успесите на функционерите на оваа влада.Но, на 8 мај се виде дека во лагите на омилената агенција на СДС, Рејтинг не верувал никој.И сега Рејтинг во овој период откако СДС е во опозиција наместо да им даде реална слика за да се подобрат како партија, агенцијата си го тера валканиот пиар на СДС.Со овој пиар на Рејтинг, СДС како партија само тоне. Но, тоа не го интересира Спасов затоа што во време на СДС си изгради фотоволтаична централа. Бизнис кој годишно може да прави и по половина милион евра.Главниот пиар мајстор на СДС, Спасов кој сега стратегијата за односи со јавност ја темели само на лаги и измислени води кон тоа партијата само да тоне. Затоа челниците на СДС ако не за себе нека помислат на членството кое наместо да гледа како партијата се опоравува и дискутира за клучни теми за народот и државата, партијата се занимава само лаги и манипулации.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ продолжува со лажни обвинувања во интерес на ДУИ

,,Измеќарите на ДУИ во СДС продолжуваат да бидат измеќари на оваа партија. Откако Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против внуците на Али Ахмети, најпогодени од тоа се најдоа токму СДС, кои веднаш со лаги почнаа да го напаѓаат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.Двоецот Филипче – Заев не само што продолжува да обработува за ДУИ, туку и активно ги поддржува нивните интереси. Додека заедно ја раскрчмуваа Македонија, бизнисот на Дрин, внукот на Ахмети, цветал. Истовремено, цветале и темните бизниси на Заеви, и на нивниот тендер-хирург Филипче, што претставува најголем доказ дека оваа структура која беше поразена, била длабоко заљубена во криминалот и корупцијата.Ова е уште еден пример за начинот на кој СДС и ДУИ ја држеа Република Македонија како заложник, потоната во корупција и незаконски активности. Наместо да ги прифатат резултатите од изборите и да почнат да работат во интерес на граѓаните, тие продолжуваат да ја користат истата стара тактика на лаги и манипулации, со цел да го одвлечат вниманието од нивните сопствени криминални активности.ВМРО-ДПМНЕ е цврсто решена да ја води борбата против корупцијата и да ја врати правдата и редот во нашата држава. Граѓаните заслужуваат влада која ќе работи во нивен интерес, а не за личните интереси на неколкумина корумпирани политичари.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

120190420_222432

ВМРО-ДПМНЕ: Чаршав соопштенијата на СДС полни со лаги се јорган планина политика за заштита на внучето на Ахмети

,,Ако тврдењето на СДС дека наводната шема за имот на Јанушев датирала уште од 2010 година кога тој беше Директор на ЈСП, вистинското прашање е што правела СДС и ДУИ цели 7 години власт.Во тие 7 години беа политички апсени луѓе за криво ставен потпис, ако имало било што незаконски, сигурно Јанушев ќе одговарал десекратно за истото.Вистината е дека СДС со лагите против Јанушев и Тошковски се стави во одбрана на Ахмети и ДУИ, и тоа веднаш по кривичната пријава за Дрин Ахмети која ја поднесе МВР. СДС веднаш тргна во одбрана на внучето на Ахмети без размислување.Чаршав соопштенијата на СДС полни со лаги се јорган планина политика, за заштита на внучето на Ахмети. За илустрација, наспроти грлатите чаршав соопштенија на СДС, само 1 лојалист и 1 фракционер беа пријавени за збор на седницата за нови заменици министри.За милиони евра што ги зема пиар куќата на Спасов која ги работи комуникациите на СДС, ова е тешка катастрофа.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_5130

ВМРО-ДПМНЕ: Рејтинг на Спасов со леснотија го прави црниот пиар на СДС, кога во ек на власт доби 10 милионски бизнис

,,Рејтинг на Спасов со леснотија го прави црниот пиар на СДС, кога во ек на власт доби 10 милионски бизнис.Агенцијата Рејтинг нема никаков проблем да го прави црниот ПР на СДС кој се состои само од лаги и измислици, кога газдата на Агенцијата, Спасов во време на СДС изгради фотоволтаична централа, вадејќи ги сите дозволи.Бизнисот со фотоволтаичната централа на Спасов годишно може да генерира и до половина милион евра, што за 20 години се 10 милиони евра.Сега е разбирливо зошто Спасов штелуваше и анкети, а и зошто сега глуми главен ПР мајстор во СДС. Јасно е и зошто ПР се темели на лаги и измислици. Јавноста јасно може да види како функционира СДС и што ги држи заедно.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања