ВМРО-ДПМНЕ

Screenshot-2024-05-29-at-13.39.34

Сценариото на ДУИ е прочитано, со протестите сакаат да ги бранат функционерите кои треба да одговараат за криминал, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Сценариото на ДУИ е прочитано, со протестите сакаат да ги бранат функционерите кои треба да одговараат за криминал“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:ДУИ знае дека треба да дада одговори за сите матни тендери, за лотарија, за подизведувачите на патиштата, за Соравија, за отпишаниот долг на синот на Муса Џафери.ДУИ се свесни дека ќе има одговорност, а протестите и обидите за дестабилизација им се подлога да можат да вадат членови на улица кога нивните корумпирани функционери ќе треба да одговараат пред институциите.Ако ДУИ и СДС беа чесни, немаше да менуваат Кривичен законик во очи на промена од власт и да се амнестираат себе за голем број на дела. Јасно е дека и ДУИ и СДС се свесни што правеле па единствена шанса за спас гледаат во вадење на политички притисок, и измислени тези за политичко уредување.Јалови се обидите на ДУИ и СДС. Прочитани се. Одговорност ќе има.

Македонија | пред 1 година

298196751_650863252645052_6768035899300460508_n

ДУИ сака да ја дестабилизира државата за да не одговараат за криминалот кој го правеле, уверува ВМРО-ДПМНЕ

„ДУИ сака да ја дестабилизира државата за да не одговараат за криминалот кој го правеле, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи народот да страда“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:ДУИ не може да се помири со тоа што не се повеќе власт и тоа што нивните блиски повеќе неможе да вртат милионски бизниси на грбот на државата.Додека народот врзуваше крај со крај, синот на Муса Џафери тргуваше струја, а МЕПСО на него и на неколку други фирми им отпиша долг од 14 милиони евра. Додека народот се иселуваше внуците на Али Ахмети ја преземаа Соравија, влегуваа во бизнисот со струја и во рудници.Додека народот се чудеше како да преживее од први до први, Артан Груби договараше подизведувачи по патиштата.ДУИ не работеше за Албанците, ниту за Македонците, ДУИ работеше за една тесна клика која очигледно им ја има киднапирано партијата.ДУИ сега знаат дека треба да одговараат за се што правеле, и затоа стравот е голем.Обидите за дестабилизација се последните крици за спас на една криминална гарнитура и заштита на криминално стекнатите милиони.ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи државата и народот да страдаат. Одговорност ќе има.

Македонија | пред 1 година

menza-studentski-dom-1

Бојковска: Владата обезбедува средства за субвенциониран студентски оброк

„Крајно лицемерно е СДСМ да покажува заложба за подобрување на студентскиот стандард на младите, кога истите тие ги оставија студентите со непредвидени средства за исплата за 2024 година” - истакна Бојковска.ВМРО-ДПМНЕ со само 30 дена од формирање на Влада обезбедува средства за исплата на сите студенти. Буџетската дупка за исплата на субвенциониран оброк изнесува 437 милиони денари, а за стипендии непредвиделе 170 милиони денари.Бојковска вели дека помина времето кадешто студентите ќе бидат потценувани, кога преку блиски луѓе до СДСМ се нарачуваа изјави дека не се потребни 160 денари туку 140 денари се доволно за студентскиот оброк.,,ВМРО-ДПМНЕ ќе биде верен партнер на младите во подобрување на нивниот животен стандард. Во Буџетот за 2025 година студентите ќе имаат можност да видат суштинска, а не само декларативна заложба за студентскиот стандард. Тоа што е ветено во Платформата 1198, но и многу повеќе ќе биде остварено.” - изјави Бојковска.

Македонија | пред 1 година

ahmeti-grubi-dui

100 милиони мерки во време на Ковид со СДС завршија во фирмите блиски до СДС и ДУИ, обвини Митева

„100 милиони евра за наводна помош на компаниите, но никој не знае за што, како и кај кого завршиле овие пари е само уште еден доказ за Ограбена држава.Според власта на СДС и ДУИ, уредбите со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор требаше да биде е погодна за 87 отсто од компаниите. Но каде завршуваа парите. Најверојатно се мислеше на ИГМ Еленица која беше едно од претпријатијата добитник на државна помош за исплата на минимални плати за време на кризата предизвикана од корона вирусот. Со акционерското друштво управува Трајче Заев, братучедот на Зоран Заев, додека Вице Заев, братот на тогаш актуелниот претседател беше Член на Управниот одбор. Вака завршуваа парите од т.н државна помош.Дополнително, дека мерките не вродија со плод говори и фактот на бројот затворени фирми во пост ковид годините, 2021 и 2022 година. За овие две години вкупно се затвориле близу 14.000 фирми.Па тука сосема логично се поставува прашањето, каде завршија 100 милиони евра државна помош за компаниите ако имаме вакви статистики и бројки кои го покажуваат спротивното? СДС и ДУИ манипулирајќи на овој начин со години ја трошеа државната каса за свои приватни цели. Суровоста на математиката го потврдува тоа, а фактите се следни: наместо за народот, парите завршуваа кај фирми блиски до власта на СДС и ДУИ.За ова одговорност мора да има!“, вели Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-37-3280PM

Прво лажат, па потоа се извинуваат, како што лажеа за директорите во МЕПСО, така лажеа и за патувањето на сопругата на Муцунски, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Прво лажат, па потоа се извинуваат, како што лажеа за директорите во МЕПСО, така лажеа и за патувањето на сопругата на Муцунски.СДС вчера беа фатени како ноторно лажат. Наводниот скандал за директори во МЕПСО пукна во голема срам за таа партија, ниту синот на Ѓорѓе Иванов е директор во МЕПСО, ниту сопругата на водителот Богдан Илиевски. СДС виде дека не им помина лагата, и наместо гнев кај народот за ВМРО-ДПМНЕ предизвикаа дополнително гадење од СДС.Исто како што лажеа вчера за МЕПСО, излажаа и за патувањето на сопругата на Муцунски во Вашингтон, кое не се ни случило.Во рок од неколку дена СДС се фатени во две огромни лаги, тоа е ефектот од ПР на Рејтинг на Спасов“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_5257

Мицевски: Исплашени дека ќе одговараат за душманското трошење на народните пари СДС секојдневно пласираат нови лаги

,,Нова БРУКА и нов СРАМ од кујната на опозициската „партија“ СДСМ!!! Штом отворат уста, бесрамно и дрско лажат.Исплашени од обзнанувањето на нивните криминали и душманското трошење и крадење на народните пари, СДСМ и нивната гласноговорничка Кузеска очајнички се обидуваат да пласираат нови лаги и невистини со „бомбастични“ наслови во јавноста.Патем, лагата е разобличена веднаш бидејќи станува збор за Иван Иванов од Кочани, пратеник и мој поранешен колега од Собранието, како и Анастасија Илиеска од Прилеп, вработена во УЈП.Затоа, луѓе од СДСМ, опаметете се и престанете со измислиците и лажните вести бидејќи станавте партија на луѓе без интегритет, без дигнитет, без достоинство. Станавте партија за потсмев во Македонија, но и пошироко.И запомнете, ВИСТИНАТА секогаш е посилна од ЛАГАТА !”, напиша Никола Мицевски.

Македонија | пред 1 година

Marija-Miteva-14.06.2022

Митева: Лага врз лага се изјавите на СДС, ниту синот Иванов, ниту пак сопругата на Илиевски, се назначени за надзор во МЕПСО

,,КАКОВ БЛАМ! ЛАГА ВРЗ ЛАГА!Еве го вистинското лице на СДС!!!Секој збор искажан на пресконференциите на СДС е лага и конструкција од невидени размери. Ниту станува збор за синот на поранешниот Претседател Ѓорге Иванов, ниту станува збор за сопругата на Богдан Илиевски. Тоа се комплетно различни личности, кои немаат никаква допирна точка со Иванов и Илиевски. И тоа е лесно проверливо и уште полесно за докажување, но на СДС им е полесно да се расфрлаат со пердуви и да обвинуваат за наводна партизација. Заврши вашето време, со тоа заврши и уништувањето на институциите.Ниедна лага нема да ви помогне да излезете од мизерниот круг во кој се наоѓате. Каков политички блам треба да дозволиш да ти се случи за да измислуваш вакви работи. Толку разбирате како се гради кредибилитет во јавноста, залуден ви е и нов пи-ар кога матрицата е иста.”, вели Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Кој од СДС ја излизга Кузеска да шири дезинформации и да ја труе јавноста со лаги, синот на Иванов и сопругата на Илевски не се назначени за надзор во МЕПСО

,,СДСМ тотално забегале. Кој вака ја излизга Богданка Кузеска да држи прес конференција и да шири лажни вести.Во недостиг на сериозни аргументи, СДСМ продолжува да ја труе јавноста со дезинформации.Ниту синот на Ѓорѓе Иванов, Иван Иванов, ниту пак сопругата на Богдан Илиевски, Анастасија Илиевска се назначени за надзор во МЕПСО.Станува збор за комплетно различни личности, кои немаат никаква допирна точка со Иванов и Илиевски.Во СДСМ расколот е очигледен, покрај тоа што мешаат роднини и јавно излегуваат на говорница и прозиваат луѓе, почнале и меѓусебно да се местат.Прес конференциите на Кузеска се комедија за народот. Ја советуваме Кузеска да внимава на своите сопартијци, повеќе од јасно е дека некој внатре од партијата ја мести.Филипче, Кузеска и останатите фотелјаши функционери ја донесоа партијата СДСМ пред целосен колапс.Лошиот пиар на Венко Филипче ќе ја доуништи и така веќе уништената и поразена СДСМ.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

120190420_222336

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да преземат одговорност и да се извинат што оставија ограбена држава, без летала за гаснење пожари и без опрема и кадар

,,Некрофилската политика на СДС нема крај.Постои чудна корелација и задоволство во СДС од пожарите и поради несреќата на многу градови и села.Наместо да излезат со конструктивен предлог СД се радуваат на пожарите.СДС да одговори која е позадината на канонадата на пожари.СДС да преземе одговорност и да се извини што остави ограбена држава, без летала за гасење пожар, без опрема и кадар.Наместо да се сокријат тие пробуваат да печалат поени. Тоа е дното на СДС.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Marija-Miteva-20.06.2022

Митева: Ограбена држава - потрошени се 100 милиони евра по основ поддршка на компаниите на начин спротивен на закон

,, Нов метод како СДС и ДУИ ја направија Македoнија ограбена држава - потрошени се 100 милиони евра по основ поддршка на компаниите на начин спротивен на законЗа жестоко и помпезно најавуваната инвестиција, за која де носеше и посебен закон за финансиска поддршка на македонското стопанство, СДС и ДУИ потрошиле 100 милиони евра, но никој не знае за што, како и кај кого завршиле овие пари. Во законот кој сами го донеле навеле дека секој може и има право да конкурира, дури вели во законот и оние правни лица кои што не ги исполнуваат условите согласно овој закон.Не само што незаконски постапувале, дополнително е потврдено и дека немало никаков позначаен ефект од ваквите мерки. Имено, во извештајот на Finance Think - Институтот за економски истражувања, а се однесува на оценката на пазарот за економските мерки против КОВИД-19 се потврдува дека пазарот негативно го оцени првиот пакет мерки, Инвеститорите беа резервирани по објавите на третиот и четвртиот пакет мерки, веројатно затоа што веќе ја имаа вградено информацијата за ниската реализација на мерките од претходните два пакет мерки.Воедно, согласно законот и правилникот стоело обврска дека треба да има формирано тело кое ќе следи како и на што се трошеле овие средства, но сепак такво тело не постоело.Почитувани, овие факти потврдуваат дека наместо за народот, за бизнисот и економијата во целина, парите завршуваа кај фирми блиски до власта. Од ден за ден нови економски негативи, ни од ден за ден имаше позитива на салдото на функционерите на СДС и ДУИ. За ова мора да има одговорност.”, вели Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Marija-Miteva-14.06.2022

Митева: Ограбена држава - СДС и ДУИ да одговорат каде завршиле парите од незаконското работење на фирмите за игри на среќа

,,Ограбена држава - СДС и ДУИ да одговорат каде завршиле парите од незаконското работење на фирмите за игри на среќаЛотарија без лиценца издава лиценци на две фирми блиски до СДС и ДУИ, едната од Скопје една од Струмица и со години овие две фирми должат на државата пари од своето незаконско работење. За чиј џеб работеле и кој ги прикривал се прашања на кои СДС и ДУИ треба да и одговорат на јавноста. Двете друштва не платиле ниту една од давачките по основ на повеќе закони во период од неколку години со што ja оштетиле државата.Воедно, едно од друштвата е формирано во 2022 година и од тогаш не платило ништо, иако има обврски кои произлегуваат од Законот за игри на среќа и од законите за одредени даноци.Во 2021 година МВР ја информираше јавноста дека е спроведена акциска контрола и од слобода лишиле 13 лица кои без лиценца приредувале игри на среќа во Тетово. Како МВР тогаш успеало да ги пронајде сторителите, а за овие две фирми да нема постапка? Дали овие лица кои биле санкционирани не ја делеле заработувачката со врвот на СДС и ДУИ па затоа биле санкционирани, додека овие другите две фирми умешно соработувале со институциите и биле под нивна закрила?Владеењето на СДС и ДУИ преку ваква политичка контрола покрај тоа што беше секојдневие, истовремено го оштетуваше и буџетот на државата до невидени размери.Ова е моделот како СДС и ДУИ работеа со години во институциите и за ова одговорност мора да има.”, вели Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_5246

Јанушев: Надлежните нека го испитаат имотот на судијата Шабани, имам сознанија дека куќата е дивоградба, а да се види и на чие име е возилото кое го вози

Игор Јанушев, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешното гостување во поткастот насловен како На кавга со Иван/На кавга со Мирчевски апелираше до надлежните да го проверат имотот на судии, конкретно на судијата Осман Шабани.„Нека го проверат имотот на судечкиот судија, во мојот предмет, Осман Шабани. Или нека ја проверат неговата куќа во Сарај за која имам сериозни индиции дека е дивоградба. Нека го проверат и возилото кое го вози“, рече Јанушев.Јанушев укажа дека возилото може да се провери или види секој ден пред Апелацискиот суд.„Возилото е паркирано со интересна џемсбондовска регистерска табличка 001. За истото треба да се провери на чие име е пријавено и кој го вози“, посочи Јанушев.Судијата Осман Шабани беше судечки судија во предметот за наводно фаворизирање на економскиот кинески оператор, а Јанушев беше осомничен како член на комисија во рамки на тогашното Министерството за транспорт и врски. Во предметот како што информираше Јанушев, за него не беше наведена ниту сума за која нанел штета на државниот Буџет, а ниту тој беше обвинет.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2022-12-26-at-15.38.43

Јанушев за обвинителката Стефанова: Во случајот со Мијалков заплени имот од 30 милиони евра, а наплатени се само околу 350 илјади евра, обвинителството да испита дали има штета по Буџетот

Игор Јанушев, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешното гостување во поткастот насловен како На кавга со Иван/На кавга со Мирчевски ги повика надлежните институции да се позанимаваат со имотот на обвинителката Лиле Стефанова. Јанушев посочи дека има индиции за неправилности во врска со нејзината работа.„Обвинителството барам, еве по допрен глас, нека го провери нејзиниот имот. Има различни муабети, но еве јас тоа го барам и јавно“, рече Јанушев.Од тоа што го знам, додаде Јанушев, се сомневам дека има неправилности.„Еве нека го испитаат предметот во врска со тоа колкава наплата е направена од запленетиот имот на господинот Мијалков и дали тука има штета на буџет. Запленет е имот од 30 милиони евра, од тие наплатени се само околу 350 илјади евра и тоа се единствените запленети и истите кои тој повторно си ги купи истата обвинителка“, кажа Јанушев кој информираше дека Стефанова била обвинителка и во неговиот случај.Јанушев се осврна и на неговите судски случувања поврзан со обвинувања од СЈО кои потоа ги презема обвинителката Лиле Стефанова која тогаш беше во Обвинителството за гонење на организиран криминал, а потоа или кон крајот на минатата година премина во Републичкото јавно обвинителство.„Јас сум единствен кој е оштетен затоа што ми е ускратено правото да докажувам невиност. Доколку пресудата беше правосилна ќе можеше да барам правда во сите инстанци, а вака јас сега сум оштетен. Јас правдата сепак ќе ја барам пред Стразбур, апликацијата мислам дека веќе е прифатена. Во обвинението кон мене, иако обвинуваа за 5 милиони евра штета, не се спомнува сума, ниту финансиска штета за државата“, рече Јанушев.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Кој од врвот на СДС и ДУИ подели 14 милиони евра со фирмите чии долгови ги отпиша МЕПСО?

,,СДС и ДУИ го искористија енергетскиот сектор за лично богатење. Од Вице и Зоран Заев, преку Венко Филипче и брат му, до внуците на Ахмети и синот на Муса Џафери во изминативе 7 години сите влегоа во бизнисот со струја. Од нив синот на Муса Џафери доби и отпишување на милионски долг од страна на МЕПСО.Не сфатливо е како власта на СДС и ДУИ собрала храброст да отпише 14 милиони евра побарувања на МЕПСО кон неколку фирми тргоцци со струја. Кој е тој од врвот на власта кој ја поделил сумата од 14 милиони евра со фирмите должници?Не е чудо зошто ЈО и судството под контрола на СДС и ДУИ молчат за ова. Овој пример со отписот на 14 милиони евра е една од причините зошто СДС и ДУИ се плашат од реформите во судството.И СДС и ДУИ знаат дека со реформирано ЈО и судство ќе треба да одговараат за големиот криминал во МЕПСО, затоа со последни сили се борат да задржат свои пулени правосудството.За делото на СДС и ДУИ ограбена држава, одговорност ќе има. Ништо нема да ги спаси.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

МЕПСО со СДС и ДУИ отпиша 14 милиони евра долгови на фирми трговци со струја, меѓу кои и на синот на Муса Џафери, велат ВМРО-ДПМНЕ

,,МЕПСО со СДС и ДУИ отпиша 14 милиони евра долгови на фирми трговци со струја, меѓу кои и на синот на Муса Џафери.ДЗР констатира неправилности во работата на МЕПСО, имено во 2021 година неколку фирми трговци со струја прават долг кон МЕПСО од 14 милиони евра. Сите фирми се блиски до СДС и ДУИ, една од нив У Павер е и во сопственост на синот на Муса Џафери. Тогашното раководство на МЕПСО прво носи решение за отплата на долгот на рати, за потоа да го отпише истиот.14 милиони евра е штетата која СДС и ДУИ ја направија врз македонскиот енергетски преносен оператор.СДС и ДУИ го користеа и МЕПСО и ЕСМ за правење на милионски бизниси.Од синот ма Муса Џафери, внуците на Али Ахмети Дрин и Бесијан, преку Зоран Заев, Вице Заев, Венко Филипче и Димитар Ковачевски, нема човек од раководството на овие две партии кои не влегоа во енергетскиот бизнис и не свртеа милиони во време на владата на СДС и ДУИ од 2017 до 2024.И во СДС и во ДУИ се свесни дека следува одговорност. Многу добро знаат што правеле, затоа и паниката е голема, а одговорност ќе има.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања