ВМРО-ДПМНЕ

Нема фотографија

Кај Филипче се се врти околу 35, и тендерот кој ВМРО-ДПМНЕ не му дозволи да го направи, и прогнозите кои ВМРО-ДПМНЕ му ги руши во целост, вели партијата

Ро“Кај Филипче се се движи околу бројката 35, првин 35 милиони евра тендер преку жути@јаху, а сега 35% наводен пад на гласови на ВМРО-ДПМНЕ. Каде е заедничкиот именител? - И тендерот му пропадна кога ВМРО-ДПМНЕ го обелодени, и прогнозата му е трула, базирана на неговите влажни соништа”, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:Поддршката за ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била појака. Народот уште во првите 50тина дена ја гледа придобивката од смената на власта.За разлика од рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ кај СДС се случува процес на ситнење. Филипче мака мачи да ги одврати членовите да не заминат во други помали партии.Никој не му верува на тендер докторот на Заеви, Филипче, кој уште не знае да каже како ја стекна хациендата на Водно и луксузниот џип ауди Q8.

Македонија | пред 1 година

ramadani

Одговорност за Пајазити кој го пушти Блерим Рамадани да избега, заради судиите од СДС и ДУИ народот има 2% доверба во судството, бара ВМРО-ДПМНЕ

“ Одговорност за Пајазити кој го пушти Блерим Рамадани да избега, заради судиите од СДС и ДУИ народот има 2% доверба во судството.Се додека судиите на СДС и ДУИ палат и гасат во судството нема да има правда.Потребни се итни и коренити промени. Потребно е распуштање на Советот на јавни обвинители и Судскиот совет.Иџет Мемети беше заменик претседател на Советот на јавни обвинители, призна дека земал поткуп, исто и Наќе Георгиев, Врховен судија и член на Судски совет. И двајцата се истурени експоненти на СДС и ДУИ.Пајазит Пајазити, близок до ДУИ му досуди на Иџет Мемети условна казна затвор, а претходно дозволи Блерим Рамадани да избега. Кадрите на ДУИ и СДС го рушат системот. Распуштање на Судскиот и Советот на јавни обвинители мора да има. Одговорност мора да има”, врли ВМРП-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot_2024-01-06-15-03-57-761_com.android.chrome-edit

Стојаноски: Кадрите на СДС и ДУИ во судството го пуштија Блерим Рамадани да избега, Пајазит Пајазити да биде разрешен веднаш

„Кадрите на СДС и ДУИ во судството го пуштија Блерим Рамадани да избега, неопходни се итни реформи во судството“, вели Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и додава:Пајазит Пајазити, судија близок до ДУИ и СДС го пушти Блерим Рамадани во куќен притвор, за лесно да избега.Пајазит Пајазити е истиот судија кој одлучуваше и за упадот во кулата за летање на аеродромот, и за условната пресуда на Иџет Мемети во случајот со поткуп.Секогаш кога СДС и ДУИ имаат интерес тука е Пајазит Пајазити.Бараме институциите веднаш да отворат постапки и Пајазит Пајазити да биде разрешен од функцијата судија.Инсталациите на СДС и ДУИ во судството мора да го ослободат системот, за тој да може да функционира. Одговорност за Пајазити веднаш.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Договарањето на тендери е специјалност на Филипче, таму не му се мешаме

,,Договарањето на тендери е специјалност на Филипче, таму не му се мешаме, ВМРО-ДПМНЕ работи за народот, а за коалицијата со ДУИ нема поголем доказ од тандемот Наќе Георгиев - Иџет Мемети.Да одиме со ред, Филипче нема тендер кој не го наместил, од вакцини до опрема. Уште не кажа како ги стекнал луксузниот џип кој го вози, а не е на негово име, ниту пак хациендата на сопругата.Филипче го нема збор да изусти ниту за милионите на брат му и Вице Заев и нивниот бизнис со фотоволтаици.Што се однесува за коалицијата со ДУИ, доволно е да се види како Иџет Мемети долгогодишен функционер во време на ДУИ и заменик претседател на Советот на јавни обвинители и Наќе Георгиев човекот на Заев и Филипче во судството соработувале за да ја намалат казната на Боро Марлборо.Спрегата СДС - ДУИ е како трајна бизнис релација, каде двете страни имаат испреплетени интереси од судство до бизнис и политика.", велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-16-at-11.54.38

Немаат поддршка, ќе се соочат со последиците, вели Меџити за најавите на ДУИ за протести

Без конкретен одговор остана прашањето дали ДУИ подготуваат дестабилизација и протести од септември, кое му беше поставено на Изет Меџити. Иако двапати по ред беше прашан дали тој има вакви информации, Меџити повтори: „Што и да е, немаат никаква поддршка кај Албанците. Ќе се соочат со последиците“.„Уште еднаш ќе ги повикам да се вратат на себеси, да се реформираат. Во спротивно, мислам дека Албанците немаат ниту желба, ниту сакаат да протестираат кога нема политичка кауза. Нивната кауза е да се спаси Соравија и нивните политички зделки“, вели Меџити, претседател на „Демократско движење“ и еден од лидерите на коалицијата „ВЛЕН“.За обидите за дестабилизација кои би ги правеле ДУИ, први обзнанија ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

stojanoski

Стојаноски: Распуштање на Советите на судии и јавни обвинители мора да има, двајца членови фатени во поткуп, а друг судија го пушти во домашен притвор Блерим Рамадани за да избега

,,Распуштање на Советите на судии и јавни обвинители мора да има, двајца членови фатени во поткуп, а друг судија го пушти во домашен притвор Блерим Рамадани за да избега.Наќе Георгиев и Иџет Мемети, од кои едниот беше член на Судскиот совет, а другиот заменик претседател на Советот на јавни обвинители не се единствените кои треба да одговараат. Тие го земалe поткупот и извршиле притисок, а по нивиот притисок постапиле и други судии и обвинители.Одговорност и разрешување мора да има и за судијата и обвинителот во случајот со Боро Марлборо, тие не се достојни да ја извршуваат функцијата, а институциите да откријат дали и кај нив завршиле дел од парите.Целиот систем е трул. Одговорност мора да има и за Пајазит Пајазити кој прифати Иџет Мемети да помине со условна казна, иако признал дека земал мито и влијаел на судски одлуки. Што требал Мемети повеќе да направи за да добие затворска казна?Истиот тој Пајазит Пајазити е судијата кој го пушти во куќен притвор Блерим Рамадани за да може да избега.Очигледна е спрегата и корумпираноста на Наќе Георгиев, Иџет Мемети и Пајазит Пајазити, но и сите луѓе кои тие ги назначувале, а се судии и обвинители. Затоа е потребно целосно распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Ако остане вака народот целосно ќе ја изгуби довербата во судскиот систем.", вели Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Одговорност за Судскиот совет и судијата кој дозволи бегство на Рамадани, тоа се истите луѓе од мафијашкиот картел СДС-ДУИ

,,Потребна е одговорност и разрешување на судијата кој дозволи бегство и го пушти во домашен притвор Блерим Рамадани.Потребна е одговорност и на Судскиот совет кој дозволи да помине несанкционирано ова дивеење на судиите од криминалниот картел СДС-ДУИ. Тоа се истите луѓе кои го штитат криминалот на картелот кој го внесе на тие позиции.Сега е и јасно, зошто СДС не се огради од криминалот на струмичкиот судија Наќе Георгиев, кој од обичен судија стана Врховен судија и призна вина за барање на мито?Зошто ДУИ не се огради од криминалот на Иџет Мемети член на Судскиот совет кој призна вина за барање на мито?Сега е и јасно зошто ДУИ и СДС се против распуштањето на Судскиот совет.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

120190420_222432

ВМРО-ДПМНЕ: За бегството на Блерим Рамадани виновни се судиите кои го пуштиле во домашен притвор, истите кои му слугуваа на СДС и ДУИ, каде е сега Судскиот совет да реагира?

,,Совршено јасно е дека Блерим Рамадани е пуштен во домашен притвор од каде избега од истите судии кои со години му слугуваат и го штитат криминалот на СДС и ДУИ.Зошто не реагира Судскиот совет на ваквата одлука на Судиите?Затоа ли СДС и ДУИ се против распуштање на Судскиот совет и реформи во судството?Да потсетиме дека ова не е прв случај да се пуштаат на слобода вакви лица. Во 2019 година на слобода е пуштен и Косоварот Томор Морина кој на Косово го пречекаа со музика, од истите судии и спрега која ја контролира СДС и ДУИ.СДС и ДУИ се рак рана и извор на криминалот во ова општество и ќе има одговорност за сите кои ја попречуваат правдата.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

nakje-1

ВМРО-ДПМНЕ: Наќе Георгиев и Иџет Мемети се пример зошто е потребно распуштање на Судскиот и Советот на јавни обвинители

,,Наќе Георгиев и Иџет Мемети се пример зошто е потребно распуштање на Судскиот и Советот на јавни обвинители. Едниот близок до Заев и Филипче, другиот до Ахмети.Наќе Георгиев кој призна вина дека примил поткуп за да ублажи казна затвор, во време на СДС и ДУИ од обичен судија стана Врховен судија и член на Судскиот совет. Додека тој растеше во судската хиерархија судија стана и неговиот син, а сопругата му е јавен обвинител.Наќе Георгиев ја злоупотребил позицијата се впуштил во штелување на судски пресуди.Иџет Мемети беше заменик претседател на Советот на јавни обвинители за време на СДС и ДУИ, тој му помогнал на Наќе Георгиев да издејствуваат помала казна за Боро Марлборо.И Наќе Георгиев и Иџет Мемети одлучувале за судии и обвинители, унапредувале и санкционирале. Какви се постапките кои овие двајца корумпирани функционери ги влечеле и уште колку неправди нанеле?Корумпираноста која ја гледаме преку Наќе Георгиев и Иџет Мемети е причината зошто е потребно распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, само така ќе се врати вербата на народот во судството.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-15-at-11.42.56

СДС да каже каква врска има МВР со одлуката на Судот да го пушти Блерим Рамадани на куќен притвор, бара ВМРО-ДПМНЕ

„СДС да каже каква врска има МВР со одлуката на Судот да го пушти Блерим Рамадани на куќен притвор“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Да потсетиме дека истиот тој Суд е со под 2 проценти доверба.И во таа судско обвинителна дејност судии се Наќе Георгиев, човекот на Зоран Заев во судството кој призна поткуп, роднините на Али Ахмети и редица други криминалци кои се плашат од правдата.

Македонија | пред 1 година

4141danela-arsovska23

Арсовска е единица мерка за неспособност, колку тежи се виде на последните избори кога ниту домашните не ја гласаа, наместо метропола Скопје го претвори во депонија, врати ВМРО-ДПМНЕ

„Кој е како Данела Арсовска. Седи, добива плата и провизии, а Владата и ги плаќа ратите за автобуси кои Арсовска не е способна да ги плаќа“, и врати ВМРО-ДПМНЕ на скопската градоначалничка и додава:Кадрите на Драги Митковски го водат градот, освен кога Арсовска не му е лута, и му ги разрешува, а него му гори возилото, согласно омилениот метод на Арсовска за пироманство, а СДС и гласа буџет во совет, истиот тој со кој раководат кадри на Левица во неколку скопски институции.Покрај лажното високо мислење за себе, соочувањето со реалноста се виде на последните избори кога поддршката на градоначалничката Арсовска беше на ниво на статистичка грешка кога и домашните не ја гласаа.Скопје е нечисто не поради некаква неизгласана програма туку поради некадарноста, криминогеноста и подлоста на Данела Арсовска која добива поддршка од СДС, Дуи и Левица.Додека Данела Арсовска менува директори секојдневно, а веруваме дека имињата ниту самата не ги памети, треба да се знае дека Градот Скопје го претвори во депонија затоа што фокусот не и е чистотата туку провизиите.Сите одговорности и надлежности се во рацете на Арсовска. Наместо да бара кривици нека се зафати со работа.

Македонија | пред 1 година

sudski-sovet-2

Стојаноски: Распуштањето на Судскиот совет е мерка од која не се откажуваме, тоа е наше ветување пред граѓаните кое доби поддршка

Нема повеќе обвинители и судии кои се на услуга на бизнис криминалните елити, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски на денешната прес конференција запрашан за тоа каков е планот на ВМРО-ДПМНЕ со 40-те препораки од Оценската мисија на ЕУ за реформи во Судскиот совет, дали ќе се имплементираат сега или ќе се чека евентуално распуштање на Советот?Тој продолжи и додаде:„Распуштањето на советот е мерка од која не се откажуваме впрочем тоа беше и наше ветување пред граѓаните кое доби поддршка. Во меѓувреме треба да се има во предвид дека отпорот за ваквиот чекор е најголем од тие на кои им служи трулиот судско обвинителски систем и на кои им одговараат институциите под 2 проценти доверба“, посочи Стојаноски.Тој потенцираше дека секој предлог и идеја која ќе значи промена е добредојден, но воедно тоа не значи и откажување од заложбата да се променат и подобрат работите.

Македонија | пред 1 година

zaev-filipce-1

Венко Филипче, освен срам за СДС, е срам и за државата што некогаш бил министер, треба да си даде оставка и да ја ослободи партијата од багажот на Заев, врати

„Смешно е СДС да смета дека некој се плаши од Венко Филипче“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Човекот е срам освен за СДС, туку и за државата што воопшто некогаш бил министер.Филипче го викаа доктор смрт бидејќи несмасното водење на корона кризата значеше губење на десетици илјади животи, а поради него Македонија имаше најлошо справување со корона вирусот во овој дел на Европа. Додека луѓе умираа неговата хациенда на Водно растеше, а тендерите и договорите во 4 очи со омилената дрогерија Пановски се редеа.Да не заборавиме дека тој е министерот што не убедуваше дека кабелот е крив за запалената модуларна болница, потоа најомилен теденр партнер во здравството му беа компаниите за јужно овошје.Тој е индиго на Зоран Заев неговиот најпослушна марионета инсталирана во врвот на СДС.Ако СДС сака демократија, Филипче треба да си даде оставка и ослободи партијата од багажот на Заев.

Македонија | пред 1 година

Oliver-Spasovski

Спасовски е единица мерка за криминал, наместо лекции, треба од срам да сокрие од јавноста, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Интересен, и воедно трагичен е феноменот поранешми министри на најкриминалната влада во историјата, таа на СДС и ДУИ да излегуваат во јавност и солат памет во стилот на аналитичари за тоа како требале да постапуваат институциите“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Последен во примерите маскирани аналитичари е Оливер Спасовски кој молчеше со години за слични инциденти со косовската претседателка, а сега кажува како требало да постапи МВР.Во реалноста, и доколку се зборува без ракавици, Оливер Спасовски е единица мерка за криминал. Човекот даваше пасоши на белосветски криминалци како да се бонбони од слаткара. Потоа главниот град го стави на тацна на криминалното подземје, било тоа да се нарлото бандите од Грчец или од Ченто и Арачиново. Потоа полицајци од страната на криминалци во Александар Палас се пукаа со други полицајци. Неговите началници наместо припадници на МВР беа бизнис елита која гради станови и згради. Истиот Спасовски ја убедуваше јавноста дека полицаец се удрил во пајак возило само затоа што визолото беше на моќник од ДУИ. Истиот Спасовски беше мајверен слуга на другата единица мерка за криминал Артан Груби.Друг пат наместо Спасовски да зборува за криминал нека се сокрие затоа што отсуството на срам е подеднакво дрско како и криминалот кој го раѓаше и штитеше таа гарнитура СДС и ДУИ.

Македонија | пред 1 година

273039736_388701229745875_1267596997482892397_n

Македонија оди напред, во јули собрани рекорден број приходи од УЈП и Царина, парите што се краделе од СДС и ДУИ, вели власта

„Македонија оди напред, во јули собрани рекорден број приходи од УЈП и Царина, парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот“ вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Царинската управа во месец јули наплатила речеси 12 милијарди денари приходи, а УЈП над 13.4 милијарди.Наплатата и од УЈП и од Царина е рекордна. Парите кои до сега се краделе, сега наместо во приватни џебови завршуваат во државната каса.Со одговорно и домаќинско работење може да се закрпат дупките во буџетот, а потоа и да се тргне засилено напред.Од само еден месец работа под ВМРО-ДПМНЕ на органите кои ги собираат државните приходи се гледа разликата, а таа допрва ќе биде повоочлива.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања