ВМРО-ДПМНЕ

IMG_6203

Петрушевски: СДС лажат и ловат во матно, го спасуваат Пајазити кој е виновен за бегството на Рамадани

Самиот факт што СДС фамозните наводи ги презентираат во прашална форма говори дека се свесни дека лажат и ловат во матно. Жално е да се гледа како СДС панично се обидуваат да го заштитат Пајазит Пајазити, кој е единствено одговорен зошто сега Блерим Рамадани е на слобода. Да изречеше Пајазити затворски притвор, сега Рамадани ќе беше во Шутка, рече пратеникот Бране Петрушевски, од ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање во врска со случајот Рамадани.Според Петрушевски покрај спасот на Пајазити, СДС сакаат да прикријат огромен скандал за кој се виновни тие.„А тоа е фактот дека двајцата избегани од затвор приведени за убиството кај Мавровка се избегани во нивно време. Е.К. првиот од приведените е избеган од Идризово на 15.04.2024 година, а А.К. вториот од приведените е избеган од Шутка на 22.07.2024 година, два дена пред смената на директорот на оваа установа“, вели Петрушевски.Петрушевски праша „дали се ова беше планирано во СДС и дали намерно пуштиле од затвор да избегаат лицата кои сега се приведени за убиство?“„СДС сака да создаде хаос, но тоа не поминува. Институциите постапуваат експресно и одговорност ќе има за секој еден“, заклучи Петрушевски.

Македонија | пред 1 година

IMG_6201

Петрушевски: 2% доверба од народот и Судскиот совет уште молчи за Пајазит Пајазити

,,2% доверба од народот и Судскиот совет уште молчи за Пајазит Пајазити, кој дозволи бегство, помилува поранешен функционер на ДУИ и ги ослободи насилниците од скопскиот аеродром.Дали некој во правосудството има дилема зошто народот има 2% доверба?Колкава треба да биде довербата кога институцијата која треба да ја гарантира независноста на судството се става во заштита на ДУИ и СДС?Судскиот совет со денови го толерира Пајазит Пајазити, кој не само што овозможи да избега Блерим Рамадани, туку и условно го осуди Иџет Мемети кој призна поткуп, наместо да досуди затвор. Тоа е рамно на амнестија. Истиот Пајазити ги ослободи и насилниците од скопскиот аеродром и во целост е усогласен со политиките на ДУИ и СДС, наместо да суди по закон.Пајазити одамна требаше да биде разрешен, ако Судскиот совет не беше под 100% влијание на ДУИ и СДС.Член на истиот тој судски совет до не одамна беше и сега осудениот Наќе Георгиев, кој беше фатен во поткуп, кој го зел за да влијае друг судија да досуди помала казна за Боро Марлборо. А асистенција му вршел Иџет Мемети, заменик претседател на Советот на јавни обвинители. И како сега народот да му верува на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, кога тие што седат во него живи се фаќаат како земаат поткуп со цел да влијаат во постапки?И наместо да преземат чекори кон подобрување. Имаме еден долг и непрекинат молк.Уште еднаш повторуваме. Реформи во судството мора да има. А пред тоа институциите да си ја завршат работат и да почнат со санкционирање на Пајазит Пајазити, да го спасат оној рејтинг од 2%, ако не се стопил.”, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

120190420_222432

ВМРО-ДПМНЕ: Пајазит Пајазити ја оцрни судската фела во целост, молкот на Судскиот совет е само доказ зошто треба да биде реформиран

,,Пајазит Пајазити ја оцрни судската фела во целост, молкот на Судскиот совет е само доказ зошто треба да биде реформиран.Ако институциите во правосудството на целата очигледна незаконитост не го разрешат Пајазити, тогаш сами потврдуваат дека се испостава на ДУИ и Филипче.Пајазити не само што го овозможи бегството на Блерим Рамадани, туку и условно го осуди Иџет Мемети, кој призна дека земал поткуп, дело за кое е предвиден затвор.Пајазити е судијата кој не определи притвор ниту за бандитите кои упаднаа на скопскиот аеродром.Институциите во правосудството со молкот кој го покажуваат кон Пајазити само покажуваат зошто треба да бидат реформирани. Потребна е одговорност.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

120190420_222432

ВМРО-ДПМНЕ: Кузеска да внимава за што држи пресконференции да не се извинува повторно

,,Кузеска добро да се информира пред да излегува на пресконференции, за да не се извинува повторно, откако ќе се фати во лагите. Хаосот по улиците е предизвикан од СДС и Спасовски, кои 8 години дозволија безредие.Во време на Спасовски во МВР се пробиваа акции за апсење на картели, се штанцаа пасоши на мафијаши, се крадеше муниција од полициски објекти.Криминалците се осилија во времето на Спасовски. Сега владата на ВМРО-ДПМНЕ прави се за да воспостави брзо и ефикасно ред на улиците. Граѓаните да се чувствуваат безбедно, зошто сега за разлика од порано се постапува веднаш, и веднаш има уапсени.Во време на СДС ниту еден убиец не е фатен, десетици нерасчистени убиства стојат на контото на СДС, кои наместо да го гонат криминалците се сојузија со нив.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Jarevski04062021

Јаревски: Го поздравувал ли Пајзаити Блерим Рамадани од Ахмети во притвор

,,Дали Али Ахмети лично стои зад бегството на Блерим Рамадани и дали СДС се поддржувачи на истото?Дали налогот од Ахмети до Пајазит Пајазити да овозможи бегство на Блерим Рамадани е заради приватен бизнис интерес?Додека Блерим Рамадани бил во притвор неколку пати бил повикуван од страна на Пајазит Пајазити во Кривичниот суд, а еднаш и посетен во КПУ Затвор Скопје.Пајазити да каже дали при посетата во затворот лично му пренел поздрав на Блерим Рамадани од Али Ахмети и дали пораката била да не се секира, дека се ќе се среди.За кого работи Пајазити за државата или за Али Ахмети? Пајазити да каже дали е точно дека пренесувал поздрави од Ахмети, и ако да во кое својство глумел курир?Дали за целата оваа операција на Пајазити и ДУИ знаеле и од СДС и го поддржале планот?СДС да не се крие и да одговори, дали се спотери во сите планови на ДУИ?Почитувани,Се уште очекуваме одговорност за Пајазит Пајазити. Институциите треба да постапат и тој да биде разрешен.”, вели Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Дали Блерим Рамадани бил на Шапка за да гледа парцели, омиленото место за дивоградби на ДУИ, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

,,Дали Блерим Рамадани бил на Шапка за да гледа парцели, омиленото место за дивоградби на ДУИ?Дали ДУИ се ангажираат на Блерим Рамадани затоа што имаат приватен бизнис интерес од него?Дали Али Ахмети му дава налог на Пајазити да овозможи бегство на Блерим Рамадани затоа што истиот има интерес од него?За кого работи Пајазит Пајазити?Институциите да отворат постапка и да го разрешат Пајазити, кој ја извалка функцијата судија.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_6187

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ не гледа вина кај нив и и одговори на Арсовска: За да се исчисти Скопје не треба одлука на Совет, туку само да работат камионите на Комунална хигиена

Кулминираат недоразбирањата и кавгите меѓу скопската градоначалничка и ВМРО-ДПМНЕ. По прес-конференцијата на Арсовска, на прес, Мартин Стојановски, советник од редовите на владеачката партија, на прашање на Скопје 1 зошто не ги гласа предлозите на Совет од градоначалничката одговори дека нејзините предлози не се потковани но не се и образложени.,,Ние како советници сме секогаш спремни да изгласаме се што е во интерес на граѓаните”, рече Стојановски кој не гледа вина кај нив за тоа како изгледа сега Скопје. За да се исчисти, рече не треба одлука на Совет, треба камионите на Комунална хигиена да работат.,,За другите претпријатија гледате какви луѓе се поставуваат и се менуваат”, рече Стојановски кој не сакаше да прејудицира одговор и ги упати новинарите да испитаат дали Арсовска ги носи одлуките само за своја корист.

Македонија | пред 1 година

IMG_6186

Стојановски: Арсовска не може да си ја сработи работата која е нејзина надлежност, жал ни е што не ја прифати помошта, покажа само дека е измеќар на СДС

,,Денес ја видовме целата неспособност на градоначалничката и точната дијагноза зошто Скопје е во катастрофална состојба.И од оваа ситуација Данела Арсовска најде причина да се скара, причина да одбие помош и причина да не сработи она што е нејзина надлежност и одговорност.Според неа сите се виновни само Данела Арсовска е исправна.Максимата модерно Скопје, со Данела Арсовска добива нова смисла, неспособно Скопје.Народот вели на човек можеш со сила да му земеш, но не можеш да му дадеш. Жал ни е што не ја прифаќа понудената помош.Сериозно треба да се разгледа можноста за кривична постапка за Арсовска за неисполнување на законските обврски и надлежности согласно закон.Синхронизираното делување и изјави на Данела и СДС е повеќе од очигледно. Нема човек кој не ја препознава вистината.И ќе сториме се што е во наша моќ да ги корегираме нејзините испади, неработење и неодговорно и детско однесување.СДС ја киднапира Арсовска држејќи ја, и уценувајќи ја за криминални и неморални постапки. И сега како што СДС е измеќар на ДУИ, Арсовска е на СДС.”, вели Мартин Стојановски, советник во Советот на Град Скопје.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-30-at-08.55.22

ВМРО-ДПМНЕ: Славјанка Петровска откако изгуби за претседател на СДС, изгуби и контрола над себе

,,Славјанка Петровска откако изгуби за претседател на СДС, изгуби и контрола над себе.Бараме вештачење на деловната способност на Славјанка или во спротивно ќе треба да сноси одговорност за клеветите.Обвинувањето за убиства е сериозно обвинение и не може да се толкува дека тоа може да го тврди здрава личност, освен ако не изнесе докази за тоа.Ако лицето кое го посочува е познат лик од скопското подземје и министерката Славјанка го знаела тоа зошто не го уапсиле додека биле на власт?Дека натписот на Славјанка е гнасен и одраз на една внатрешна состојба на злоба и лична фрустрација. На Славјанка не и пречеа ни Грчеци, ни фантоми, ни Бела ноца, ни Барон цели 7 години збор не гукна, се јави сега после подолг одмор на луксузна дестинација.Што мислат граѓаните за нејзе и нејзината работа кажаа на изборите кои беа пред неполни 3 месеци.Оваа влада е неполни 2 месеци на власт. Институциите и улиците се полни со бандити кои изминативе 7 години ја преземаа државата со помош на корумпираните водства на ДУИ и СДС чиј значаен дел беше Славјанка која ќе повториме се додека седеше во фотелјата не гледаше ништо што се случува. Но, затоа и ја добија казната. Народот гледа што се случува и е свесен каква држава ВМРО-ДПМНЕ наследи и дека е потребно време да се фатат конците.Криминалот на претходната власт и нејзините инсталации е метастазиран. Но, да знае и Славјанка и сите оние имаат дилеми, Македонија ќе успее. И Македонија ке победи!Морбидноста на СДС оди дотаму што се подготвени и врз вакви случаи да прават дневна политика. Срамно морбидно и мизерно.Дополнително, после ова реакција очекуваме дека Славјанка Петровска ќе излезе со сожалување за себе си, како немоќна и кутра женичка против која е целиот свет, но всушност таа во тоа име се расфла со клевети и покажува внатрешни фрустрации.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски и СДС дозволија за 8 години мафијашките банди толку да зајакнат и да се препукуваат по улици, институциите ќе ја подигнат безбедноста на повисоко ниво

,,ВМРО-ДПМНЕ стави ред во безредието. Спасовски и СДС 8 години дозволија мафијашките банди толку да зајакнат што буквално се препукуваат низ Скопје.Владата на ВМРО-ДПМНЕ почна со санкционирање и институциите постапуваат побрзо од било кога.Мафијашките банди повеќе ја немаат заштита во институциите, како што го имаа во времето на Спасовски.Институциите работат засилено и безбедноста ќе биде на повисоко ниво од време на СДС.”, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Jarevski04062021

Јаревски: Дали бизнис интересот од Блерим Рамадани на Шапка, е причина ДУИ да влија врз Пајазити да изрече куќен притвор за истиот да избега?

,,Која била целта на посетата на Блерим Рамадани на Македонија?Дали Блерим Рамадани бил носен на Попова Шапка од функционери на СДС и ДУИ и дали тој всушност се интересирал за градби на омиленото место за дивоградби на функционерите на ДУИ?Затоа ли Рамадани бил пуштен во куќен притвор наместо да биде во затворски? Затоа што ДУИ и СДС имаат бизнис интерес од него?Дали ДУИ влијаеле врз Пајазит Пајазити кој е нивна продолжена рака во судството да изрече куќен притвор за Блерим Рамадани, за да може да избега, затоа што имаат бизнис интерес од него?Очекуваме институциите да отворат постапки и испоставите на СДС и ДУИ во судството како Пајазити да бидат разрешени.Одговорност мора да има. Зад секоја јавна гласност на ДУИ се крие по некој бизнис интерес.Додека народот се иселува, тие се богатат.” , вели Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Судијата Пајазити не постапувал согласно закон и затоа веднаш треба да се разреши без манипулации

,,Судијата Пајазит Пајазити остави простор Блерим Рамадани да избега или наместо ефективен притвор, тој му определи куќен притвор.Судијата Пајазит Пајазити го осуди условно Иџет Мемети, наместо со казна затвор, кој призна дека земал поткуп за да влијае за поблага казна за Боро Марлборо.Судијата Пајазити треба да одговара бидејќи направи огромни грешки и во случајот со Рамадани и со Мемети.Јасно е дека Пајазити не постапува по закон. Оттука јасно е дека Пајазити не смее да биде судија, а надлежните институции треба да го разрешат.Доколку не се санкционира Пајазити довербата во правосудството дополнително ќе се намалува.Денес јавноста ќе биде информирана со нови сознанија за случајот Пајазити.” , велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Носител на позиција каква има Африм Гаши е проследена со задолжителен протокол и постојана придружба, немање обезбедување претставува прекршок за санкција

,,Носител на позиција каква има Африм Гаши е проследена со задолжителен протокол и постојана придружба. Спротивната ситуација, немањето на придружба и необезбедувањето претставува прекршок за санкција.Дали според СДС требало да се прекршат законите во случајот на Африм Гаши?Оваа држава има институции. СДС тоа тешко го сфаќа зошто во нивно време министрите во работно време играа фудбалчиња во кабинет, полицајци се удираа во пајаци, во присуство на Ахмети се пукаше со калашникови, а Оливер Спасовски делеше пасоши на мафијаши.Времето на самоволие заврши со смена на власта.”, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на изјавата на Богданка Кузеска.

Македонија | пред 1 година

IMG_6168

Јаревски: Разрешување на Пајазит Пајазити веднаш, во спротива довербата на народот во судството ќе продолжи да паѓа

,,Разрешување на Пајазит Пајазити веднаш, не само што овозможи да избега Рамадани, туку и условно го осуди Иџет Мемети кој призна поткуп.Пајазити свесно остави простор Блерим Рамадани да избега. Наместо ефективен затворски притвор, тој му допушти куќен притвор, иако знае за каков профил на човек станува збор и дека може лесно да се впушти во бегство.Пајазити свесно допуштил да избега Рамадани и за тоа треба да сноси одговорност.На ист начин Пајазити постапи и со Иџет Мемети заменик претседател на Советот на јавни обвинители кој призна дека земал поткуп за да влијае за поблага казна за Боро Малборо. Пајазити наместо да пресуди казна затвор, тој пресуди условна казна за Мемети.Од авион се гледа дека одлуките на Пајазити се мотивирани, а не според закон.Пајазити не смее да биде судија, тој ја извалка судската позиција и мора да биде разрешен. Институциите да постапат за негово разрешување, а веднаш потоа да отворат и соодветни постапки.Доколку Пајазити не биде разрешен, довербата на народот во судството уште повеќе ќе паѓа.За крај би сакале да најавиме на јавноста дека од утре ќе продолжиме со споделување на нови сознанија за овој случај.”, вели Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_6166

ВМРО-ДПМНЕ: Пајазит Пајазити да биде разрешен веднаш

,,Пајазит Пајазити да биде разрешен веднаш, тој е експонент на СДС и ДУИ во судството, кој го руши системот од внатре.Пајазити не ги задоволува етичките и законски основи да остане да биде судија. Тој наместо затворски притвор, му додели куќен притвор на Блерим Рамадани, и со тоа му отвори пат да избега.Пајазити знаел дека Рамадани согласно неговото минато и искуство може да се впушти во бегство, но и покрај тоа свесно го ставил во куќен притвор.Очигледна е намерата на Пајазити да му даде можност на Блерим Рамадани да избега.Пајазити мора да одговора, а за почеток тој треба да биде разрешен од судската функција.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања