ВМРО-ДПМНЕ

IMG_6294

Лефков: Бисера Антоанета со службената картичка во Виена за 4 ноќи изнајмила трособен стан со поглед на градскиот парк од 1200 евра, нејасна е и целта на патувањето

,,Бисера не би била вистинска Антоанета, ако своите манири за раскош и луксуз не ги манифестирала во Виена, родното место на историската Антоанета. Бисера Антоанета дословно се потрудила да потсеќа на историскиот оригинал и за само 4 дена во Виена потрошила 3061 евра народни пари, за луксуз и раскош.Имено од 07.12.2023 година до 11.12.2023 година, Бисера Антоанета сама престојувала во Виена, со неа немало придружба од Министерството за култура или владата.Бисера Антоанета во Виена се осеќала како вистинска кралица. Наместо да изнајми хотелска соба, таа со службената картичка со народни пари изнајмила трособен стан од 70м2 во центарот на Виена веднаш до Палата Кобург, Виенската Опера, најелитните хотели и седиштето на ОПЕК.Стан од 70м2 е стан во кој во Македонија живеат четиричлени семејства. Во Виена Бисера Антоанета си го приуштила тоа задоволство сама на себе.За само 4 ноќи Бисера Антоанета платила 1213 евра или 74.599 илјади денари за трособниот стан. И тоа кога во непосредна близина каде што била сместена има елитни хотели каде ноќевање со доручек чини 9000 денари, а хотел со нормални карактеристики може да се најде и за 6000 денари.Која била потребата на Бисера Антоанета да изнајми трособен стан за 1200 евра за 4 ноќи во Виена со поглед на Виенскиот парк?Бисера Антоанета уживала 4 ноќи во трособен стан со поглед на Виенскиот парк.За да отпатува во Виена Бисера Антоанета си купила повратна авионска карта од Охрид до Виена за 385 евра кои ги платила првo приватно, а потоа од Министерството за култура ги подигнала парите во кеш, како репрезентација.Не јасно е што правела Антоанета во Виена 4 дена? Која била потребата од ова патување и зошто наместо луксузен трособен стан не изнајмила хотелска соба која е и до 4 пати поевтина?Антоанета очекуваме одговори. А за твоите прошетки низ Виена и како си трошела народни пари продолжуваме утре.”, вели Миле Лефков, пратеник, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

120190420_222432

ВМРО-ДПМНЕ: За каква разочарност говори СДС, по само 2 месеци нова власт, кога тие за 4 години го зголемија долгот за 4 милијарди и направија двоцифрена инфлација за 200 посто поскапи цени

,,Серијата беиздејни прес-конференции продолжуваат.Подобро да не дрзат прес-конференции отколку да држат набрзана напишани безлични пресови со кои излегуваат смешни пред целата јавност.СДС за каква разочараност говори по само 2 месеци нова власт, откако претходно долгот на државата го зголеми за 4 милијарди евра, а со двоцифрена инфлација ги поскапе цените за 200 посто.Прашањето е што изградија за парите со кои се задолжија и зошто ниту еден граѓанин не ги почуствува парите за кои тие се задолжуваа.Одговорот е дека тие завршуваа во приватни џебови.За само 2 месеци нова власт се покачуваат пензиите за 5 илјади денари, а просветните работници од март ќе го добијат покачувањето на платите кое го заслужуваат.Тоа е разликата која граѓаните ја чуствуваат.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ со честитка по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица

,,ВМРО-ДПМНЕ го честита на сите верници кои денес го слават големиот христијански празник, Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица.Нека овој ден на сите донесе мир, благосостојба и радост во сите домови!Ви посакуваме добро здравје и радост, а во духот на празникот ви посакуваме добрината и заедништвото да бидат водилка низ животот на секој човек.Христијанските и цивилизациски вредности кои го водат светот кон подобро утре.Го честитаме и денот на македонските рудари! Тоа се оние кои со мака, труд и посветеност заработуваат за своите семејства и својата иднина.Нека е за многу години празникот!”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета призна дека купувала со народни пари хулахопки и мечиња иако само таа знае која е службената потреба од нив, продолжуваме со други детали за аздисаноста

,,Од СДС немаат ни срам ни перде. Фатената во лаги Бисера Антоанета прво негираше, а потоа призна дека купувала чорапи, хулахопки, мечиња, топки и куфер. Е сега каква врска имаат со службени потреби тоа само таа си знае?Интересно е како мече и топка и се службена потреба на Бисера Антоанета, која ни помалку ни повеќе потрошила околу 52 илјади денари, сума со која живее четиричлено семејство цел месец.Како и да е вакви појави не може да останат неказнети. Трошење на народни пари за лични потреби не е дозволено и тоа треба секому да е му е јасно.Едно е јасно овој случај со Бисера Антоанета е само почеток. Денес продолжуваме да го откриваме расипничкото однесување на претходната власт.Граѓаните мора да знаат за што се трошат нивните пари и тоа никако не смее да се лични потреби на министри, функционери, затоа секој кој не го почитувал правото ќе одговара!”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_6254

Лефков: Извештај од банка за службената картичка на Бисера Антоанета јасно покажува дека со државни пари купувала куфери, мечиња, хулахопки и чорапи

Да учела Бисера Антоанета од Македонските народни мудрости, кои се дел од поголемата културна оставштина на народот низ годините ќе знаела дека на лагата и се кратки нозете. Очигледно не знае, па тука сме да и го кажеме тоа.Бисера Антоанета лаже кога вели дека купувала куфери, мечиња, хулахопки и чорапи од приватна картичка. Вистината е дека Бисера Антоанета купила куфери, мечиња, хулахопки и чорапи со државни пари.Ова е месечниот извештај за Виза бизнис картичката сопственост на Министерството за култура, издадена на име на Бисера Антоанета.Од овој извештај јасно се гледа дека Бисера Антоанета на 26.10.2023 година со народни пари, од државната картичка си купила куфер Samsonite за 219 фунти.Од овој извештај јасно се гледа дека Бисера Антоанета потрошила 89 фунти во Gift Galore London, од каде ги купила и плишаното мече и фудбалската топка.Бисера Антоанета потрошила и 146 фунти во Gift Box London, од каде како што веќе објавивме не доставила никакви сметки и не знаеме какви подароци си купила.Чорапите, хулахопките и помалиот куфер од 59 фунти Антоанета ги купувала со државни, службени пари во кеш, за што доставила сметки до сметководството со цел правдање на готовината која ја има подигнато.Потенцираме, ова е извештај од банка доставен за клиентот Министерство за култура, Бисера Антоанета, за службена картичка. Овој извештај е доставен архивиран во министерството за култура, а го доставила лично Антоанета.Бисера Антоанета фатена си инфлагранти, како со државни пари си купувала куфери, мечиња, хулахопки и чорапи. За 4 дена за оваа намена се потрошени 700 фунти.Напоменуваме, ова не е се. Ова е само првиот дел од серијалот скандали Бисера Антоанета. Утре продолжуваме со нов случај, и фрапантни докази како раскошно живееле Антоанета додека народот едвај врзувал крај со крај.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Од СДС нека не измислуваат топла вода, нека и кажат на Бисера Антоанета дека треба да одговара за трошење на пари на граѓаните за приватни цели

,,СДС на изборите го допре дното. Граѓаните јасно им кажаа не на 8 мај. Сега наместо да измислуваат топла вода нека се погледнат себе си.За почеток нека и кажат на бисера Антоанета дека треба да одговара за трошење народни пари.Бисера Антоанета трошела пари на граѓаните за приватни цели, таа купувала куфери, мечиња, хулахопки и чорапи со народни пари.Тоа јасно го покажува и месечниот извештај од Виза бизнис картичката која е сопственост на Министерството за култура, а издадена на име на Бисера Антоанета.Бисера Антоанета е фатена и има докази дека со народни пари си купувала работи за лична употреба и потрошила повеќе од 700 фунти.СДС треба конечно да почне да гледа во своите редови!”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Minister-Bisera-Kostadinovska-Stojchevska-768x512-1

ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета не ја перат ни партиските другари, ни Вардар

,,Обелоденувањето на трошоците од патувањата, поточно трошењата на поранешната министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, сега веќе позната како Бисера Антоанета е само почеток на откривање на детали за расипништвото на претходната владејачка гарнитура.Граѓаните вчера имаа можност да видат и конкретни сметки од купувањето на чорапи, хулахопки, куфери, мечиња кои ги купувала Бисера Антоанета.Бисера Антоанета за приватни потреби потрошила 52 илјади денари пари на граѓаните. Тоа е сума, приближна, со која живее едно четиричлено семејство.Да потсетиме, тоа се сметки за куфер Самсонајт од 59 фунти. Потоа купила и куфер од 219 фунти. Тука е и сметката од Гифт Галор Лондон од 89 фунти, од каде Бисера Антоанета си купила плишано мече Педингтон, како и фудбалска топка.Ова се само неколку примери. Или ова е само почеток од информирање на јавноста. Следуваат уште поскандалозни случаи од нејзиното аздисано однесување и трошење на пари на граѓаните.Бисера Антоанета почна сама да се правда, поточно да лаже, а партиските другари како Фатмир Битиќи почнаа да ја бранат. Едно е јасно, ни Вардар не ја пере Бисера!Со докази ќе продолжиме и денеска да ја информираме јавноста за аздисаноста на лица од претходната власт. Ќе информираме како претходната влада на СДС и ДУИ ги трошеле парите на граѓаните изминатите 7 години.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

273633972_363168599145964_2659252397836795879_n

ВМРО-ДПМНЕ: Бедно оправдување на Бисера Антоанета, ова е само почеток, утре продолжуваме

,,Од сите бедни оправдувања Бисера Антоанета го одбра најбедното или според народната „оваа дупка не е дупка“.Ако не беше трагично сигурно ќе беше многу смешно. На ваквото бедно оправдување на Бисера Антоанета не веруваат ни малите деца.Фактите се дека Бисера со народни пари купила куфер Samsonite Crossover 9.7 од 59 фунти.Куферите ги купила на 26.10.2023, и тоа се гледа од оваа сметка каде како купувач е запишана таа, и на која истата се потпишала кога ја однела во Министерството за култура за да ги правда потрошените пари.219 фунти и поголемиот куфер Samsonite Upscape spiner, и на оваа сметка се гледа дека Бисера Антоанета е купувачот и на оваа сметка се гледа дека шопингот го правела на 26 октомври 2023.Од Gift Galore London, за 89 фунти, Бисера Антоанета си купила плишано мече Paddington bear и фудбалска топка City football.Ова е само почеток утре продолжуваме со уште поскандалозни случаи од твоето раскалашено и раскошно живеење со државни средства и ресурси.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Дали денес кога Венко стои до струмичкиот градоначалник за промоција на проект, дали не е заменик градоначалник, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

,,СДС Христијан Мицкоски го нарекуваше заменик градоначалник кога промовираше проекти кои се ветени пред граѓаните. Тоа го правеа често бидејќи имаше проекти вредни за промоција.Затоа прашуваме денес кога Венко Филипче стои до струмичкиот градоначалник за да се фали за пазарот дали не е заменик градоначалник наместо лидер на опозиција?Какво е чуството кога ќе стане жртва на сопствените манипулации и пропаганди?Дали има или целосно отсуствува чуството на срам?”, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_6238

Лефков: Бисера Антоанета со патниот налог доставила и сметки од чорапи, хулахопки, куфери, мечиња кои ги платила со народни пари, на лагата и се кратки нозете

,,Бисера Антоанета со патниот налог до сметкводство во Министерството за култура ги доставила и сметките кои ги покрила со народни пари, од истите може да се види дека со буџетски пари плаќала чорапи, хулахопки, куфери, мечиња.Ова е сметката за купен куфер Samsonite Crossover 9.7 од 59 фунти. Оваа сметка е доставена лично од Бисера Антоанета до сметководството во Министерството за култура, а ова е нејзиниот потпис на истата.Бисера Антоанета куферите ги купила на 26.10.2023, и тоа се гледа од оваа сметка каде како купувач е запишана таа, и на која истата се потпишала кога ја однела во Министерството за култура за да ги правда потрошените пари.Одиме со следна сметка, од 219 фунти и поголемиот куфер Samsonite Upscape spiner, и на оваа сметка се гледа дека Бисера Антоанета е купувачот и на оваа сметка се гледа дека шопингот го правела на 26 октомври 2023.Само да нотираме дека Антоанета се правда со некакви изводи од плаќање од 25, т.е. ден претходно. Чии се сметките од 25-ти воопшто не не интересира. Тема на интерес е тоа што Бисера Антоанета однела во Министерството за култура со цел правдање на потрошените средства, а тоа се овие сметки со нејзин потпис.Одиме понатаму, ова е сметката од Gift Galore London, од 89 фунти, од каде Бисера Антоанета си купила плишано мече Paddington bear и фудбалска топка City football.Бисера Антоанета, на лагите и се кратки нозете. Народот може да ги види сметките од твоето трошење со негови пари, сметки кои потоа си ги однела во Министерството за култура со цел правдање на потрошеното.Имај трпение Антоанета, ова е само почеток утре продолжуваме со уште поскандалозни случаи од твоето раскалашено и раскошно живеење со државни средства и ресурси.”, вели Миле Лефков, пратеник, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

bisera-1

ВМРО-ДПМНЕ: Колешката на Филипче, Бисера Антаонета трошела државни пари за чорапи, плишани мечиња, ташна за миленичиња, денес ги објавуваме сметките

,,Аздисност е збор кој го опишува карактерот на лицата кои беа дел од владејачката структура на СДС и ДУИ. Меѓу нив е и Бисера Костадиновска Стојчевска, поранешната министерка за култура или Бисера Антоанета.За почеток само, Бисера Антоанета за едно патување во Лондон во октомври 2023 година троши повеќе од 700 фунти за лични потреби. За време на четиридневната посета времето наместо да го користи за работи кои се во служба на Македонија, таа пазарела.Накратко, од увидот на сметките за репрезентација и увидот во приложените сметки од службената картичка Виза на прва се гледа ненаменско трошење на буџетски средства. Или, колку за илустрација Бисера Антоанета потрошила 714 фунти за лични потреби. Станува збор за потрошени 89 фунти и плишано мече платени со службена картичка Виза. Потоа, се подновила со два самсонајт куфери во вредност од 219 фунти и уште еден со цена од 59 фунти. За чорапи во Маркс и Спенсер потрошила 42 фунти. Бисера Антоанета купувала и во Гифт бокс во Лондон и потрошила 146 евра. Исто така потрошила 158 фунти во специјализирана продавница и купувала подароци со ликот на Хари Потер како ракавици, маички, ташна за милениче и слично.Бисера Антоанета при увидот во сметките се гледа дека потрошила народни пари в вредност од 714 фунти, или околу 850 евра, односно скоро 52 илјади денари за лични потреби.Ова е сума за храна и воопшто животни трошоци за едно четиричлено семејство за тек на 30 дена или еден месец.Дополнително согласно Уредба е регулирано трошоците кои ги прави министерот за култура на месечно ниво и кои не можат да надминат 60 евра во денарска против вредност. За истите треба да направи раздолжување во рок од 7 дена по службениот пат.Ова е само едно од многуте пречекорувања кои ги направила Бисера Антоанета.Или ова е само вовед колку народни пари потрошила Бисера Антоанета.А за тоа со чии пари Бисера Антоанета се расфрлала во Лондон ќе објавиме на денешната прес-конференција, со копии од сметките. Токму поради вакви случаи Македонија е ограбена држава! Секој што постапувал спротивно на законот ќе одговара!”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot_2024-01-06-15-03-57-761_com.android.chrome-edit

Кај СДС се е по старо, го штитат судијата Пајазити и кријат дека им избегале од затвор притворените за убиството кај Мавровка, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС продолжува со погубните политики, несвесни дека пред неколку месеци го добија најнискиот резултат на избори, и тоа токму поради тие политики“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:СДС продолжува да го штити судијата Пајазит Пајазити кој крие дека од затвор им избегаа притворените за убиството кај Мавровка.СДС продолжува со одбраната на Пајазити кој е виновен за бегството на Блерим Рамадани. Доколку Пајазити донесеше одлука за ефективен притвор Рамадани сега ќе беше во КПУ Скопје или установа позната како затвор Шутка.Судијата Пајазити треба да биде разрешен веднаш, а не да се купува време се со цел Пајазити да остане судија уште некое време.СДС продолжува со криење на скандалот за избеганите затвореници во нивни време, а кои се сега приведени за убиството кај Мавровка. Факт е дека избегале во време на СДС и тоа лесно се докажува. Оттука само може да се постави едно прашање дали свесно се оставени да избегаат и зошто?Институциите се уништени. Последиците не може да се санираат за неполни два месеци. Затоа секој кој постапувал спротивно на законот ќе реагира, а институциите веќе се вратени на граѓаните.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Се повеќе луѓе ги препознаваат плитките обиди на СДС да манипулираат, тие се заложници на ДУИ и уцените на Ахмети

,,Во текот на последните денови, сведоци сме на постепеното враќање на функционерите на СДСМ од одморите кои ги поминуваат на различни дестинации низ светот. Очигледно, ваквите одмори се заслужени за нив, по седумгодишното пустошење и уништување на институциите. Но, се повеќе луѓе ги препознаваат плитките обиди на СДСМ да критикуваат и манипулираат, без притоа сами да ги разбираат поентите што ги презентираат.Доколку СДСМ мисли дека ќе може да продолжи по истиот пат како досега, со тоа што ќе бидат поддршка и извршители на ДУИ, во сценарија каде што ДУИ преку своите луѓе во институциите спроведува незаконски активности и бегања, а потоа СДСМ како папагали ја префрла вината на други, тогаш длабоко се излажале.Народот е целосно свесен за ваквите манипулации.Токму поради овој пристап, СДСМ доби катастрофални 180.000 гласови на изборите и е на добар пат да падне на само 100.000 гласа. Оваа бројка е симболична и покажува дека СДСМ ќе може да функционира само како мала, маргинализирана партија. Со темпото со кое се движат, дури и овие преостанати 100.000 поддржувачи, од кои дел веќе се префрлија кај нас или на друго место, нема да останат со нив уште долго.Заложништвото на СДСМ од страна на ДУИ, како и уцените кои Ахмети ги држи во фиоките за челниците на СДСМ, вклучувајќи го и нивниот ментор Зоран Заев, се директна причина зошто СДСМ никогаш нема да биде алтернатива на власта.Ова не е само проблем на СДСМ и на нивното мазохистичко раководство кое ужива во наредбите на ДУИ, туку е и проблем за целата Македонија.Жално е што СДСМ, кој во минатото има произведено квалитетни кадри, денес се сведе на оваа група луѓе кои, покрај тоа што самите се во заложништво, сакаат Македонија да продолжи да биде во нивните раце.Преку своите инсталации во судството, обвинителството и безбедносните служби, СДСМ и ДУИ ја држат државата во заложништво, нанесувајќи штета на чесните судии, обвинители, бранители на јавниот ред и мир и на чесните граѓани на Македонија.Им порачуваме на сите: Македонија ќе успее! Македонија ќе победи!И нема компромис со тоа!”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_6203

Петрушевски: До кога СДС ќе го штити Пајазити и ќе прикрива дека од затвор им избегаа притворените за убиството кај Мавровка?

,,До кога СДС ќе го штити Пајазити и ќе прикрива дека од затвор им избегаа притворените за убиството кај Мавровка?Пајазит Пајазити е единствено виновен зошто Блерим Рамадани избега. Да досудеше Пајазити ефективен затворски притвор, сега Рамадани ќе беше во Шутка.Пајазити треба веднаш да биде разрешен, единствено е судија заради заштита на СДС и ДУИ преку нивните инсталации во судството.СДС лаже и манипулира со денови, само овој извршител на ДУИ да остане судија.Од друга страна СДС расфрла пердуви да го прикрие скандалот со избеганите зарвореници од Идризово и Шутка, кои се приведени за убиството кај Мавровка, а од затвор избегале во време на СДС. Да не беа избегани од затвор во време на СДС, убиството кај Мавровка немаше да се случи. Логично се поставува прашањето, дали СДС намерно дозволи и овие двајца затвореници да избегаат и со која цел?Институциите се девастирани од СДС и ДУИ. Последиците од тоа се чувствуваат уште. Но за сето тоа одговорност ќе има, а институциите веќе се вратени на граѓаните.”, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС очајно се обидува да го спаси судијата Пајазити, воедно крие и скандал, а тоа е дека приведените за убиството кај Мавровка избегале од затвор во нивно време

,,СДС на јавноста и презентира наоди за случајот со Блерим Рамадани ни помалку ни повеќе во прашална форма.Ова зборува само едно дека лажат и ловат во матно.Јасно е дека со ваквиот настап СДС се обидува на било кој начин да го заштити судијата Пајазит Пајазити.Токму овој судија е причина за случајот со Рамадани. Овој судија наместо да одреди ефективен притвор за Рамадани, тој одреди домашен притвор. Да изречеше ефективен притвор Рамадани ќе беше во КПУ Скопје или затвор познат како Шутка. Оттука Пајазит Пајазити е судија кој е одговорен за бегството на Рамадани.СДС дополнително сакаат да прикријат скандал за кој се виновни токму тие. Или станува збор за фактот дека двајцата избегани од затвор, а приведени за убиството кај Мавровка се избегани во време кога СДС и ДУИ беа на власт.СДС очајно се обидува да го заштити судијата Пајазити.СДС сака да создаде хаос.Пораката сега е јасна, институциите постапуваат навремено, а одговорност ќе има за секој кој го прекршил законот.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања