ВМРО-ДПМНЕ

IMG_6405

Лефков: Од куфер повеќе не боли глава, Бисера Антоанета во Ријад и Брисел купила куфер, кошули, поло маици, накит и облека со службени пари

,,Бисера Антоанета трошела пари од службената картичка за приватни работи и на нејзиното патување во Ријад, Саудиска Арабија.Во период од 12.09.2023 до 18.09.2023 година Антоанета е на службен пат во Ријад, Саудиска Арабија, а од 19.09.2023 до 21.09.2023 година е во Брисел, Белгија. За оваа намена таа подига пари во кеш од благајната на министерството 2000 долари и 900 евра.Како стигнала, Антоанета се фрлила на трошење. Во ALL Hillal купила 5 дреса од фудбалски клуб за 70 евра, платени со службени пари.Шопинг манијата на Бисера Антоанета не застанува тука, таа во Parfois продавница за накит, облека и аксесоар за жени потрошила 20 евра, а во Alshaya group си купила козметички производи за 35 евра и истите ги платила во кеш.Бисера продолжила, и секако од куфер повеќе дома никогаш не боли глава, па одлучила во Niccole Miller да купи мал куфер за 38 евра, и да го плати во кеш со службените пари.Куферот морал со нешто да се наполни, па Бисера Антоанета заминала во Apparel group каде си купила темно плава кошула за 39 евра, и 3 ПОЛО ХХL црни маици за 95 евра.Сите овие кошули, куфери, поло маици, накит и облека ги плаќала или со службената картичка или со службените пари. Ова е раскалашено и расипничко однесување. Ова е пример како се трошеле народни пари од министрите на СДС.”, вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

filipce

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се однесува како да е штотуку дојден во земјава

,,Филипче се однесува како да е штотуку дојден после 40 години во земјава како мал заминал во Јапонија и сега се вратил и се однесува како јапонски турист.Оваа негова моќ да се преправа како да не е од тука е на ниво на стрип јунак.Да го потсетиме дека тој е суштински дел од проблемот на неказнивост. Узурпирајќи ја под наредба на Заев фотелјата на лидерското место во СДС тој освен што сака не казнивост туку и се надева дека ќе заборавиме дека му беше и се уште му е извршител на Заев во сите матни работи.Вакво глумење како Филипче нема ни во цел Холивуд веќе. За Нетфликс да не зборуваме.Неговите способности за вакво однесување мора да се гледаат освен со осуда и презир и со воодушевување поради тоа што ретко има човек со ваков ѓон од образ да зборува за работи чиј неизоставен дел е и самиот тој. Тој е дел од мрачното минато на лопувлок и предавства кои во Македонија ако сакаме да постои, не смее да се повтори. И му порачуваме Македонија ќе успее и ќе победи. А неговата глума и ова патолошко однесување народот го гледа јасно и го препознава.Македонија не може целосно да победи ако финално не ги порази последните обиди на Заев преку неговиот тендер-хирург Филипче да се врати во власта.Народот тоа го знае и освен што ќе изгубат и треба да одговараат еден по еден за сите неправди кон Македонија и целата штета што и ја направија.Филипче се осврнува на неказнивоста свесен дека обвинителско судските кругови се во рацете на неговиот газда Зоран Заев и неговиот инструктор Али Ахмети. Место да покаже зрелост и да ги тргне рацете од судството и обвинителството тој го потценува народот по којзнае кој пат и мисли дека со триковите и измамите на Заев ќе успее да добие некој глас плус. Но затоа е прочитан и затоа на закажан протест на СДС имаше повеќе новинари од протестирачи. Народот знае со кого си има работа. И за жал на следните избори ако СДС вака продолжи ќе дојде на ниво на 100 илјади гласови и ќе им следи пасокизација.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_6396

Лефков: Бисера Антоанета летала со владин авион за Црна Гора, чекала 2 дена пред настан за да има оправдување да бара државен авион, наместо да оди со службено возило

,,Бисера Антоанета одела од крајност во крајност. Од резервирање на авионски карти кои никогаш не ги искористила, а ги платила со народни пари, до немавремено планирање на патувања, за кои потоа морала да ангажира владин авион да ја носи.Како навлегуваме во материјалите и раскалашеноста на Бисера Антоанета сфаќаме зошто државата е ограбена и зошто СДС всушност се бореле по секоја цена да останат на власт.Бисера Антоанета живеела во раскош. Таа ангажирала владин авион да ја носи до Цетиње во Црна Гора на настан. Имено за свои потреби министерката за култура поради ненавремено планирање на однапред дефинирана конференција во Цетиње, Црна Гора или од други побуди на 14.12.2022 испраќа допис до СОЗР за користење на владиниот авион за да на 16.12.2022 година да стигне во Црна Гора и за таа намена платила фактура кон СОЗР во износ од 102.347 илјади денари или 1664 евра.Како е можно Бисера Антоанета и нејзиниот кабинет да немале време да го испланираат патувањето, кога поканата во нејзиниот кабинет стасала на 02.12.2022 година. А таа реагирала дури 12 дена подоцна. Што правела Антоанета 12 дена, дали чекала да дојде период од 2 дена пред настан за да има оправдување да лета со владиониот авион?Зошто наместо со владин авион Бисера Антоанета не заминала на службен пат во Црна Гора службено возило? Патувањето со службено возило е далеку поекономично, а со оглед на тоа дека се работи за кратка дестинација, не одзема ниту време.Бисера Антоанета мора да одговори дали чекала да поминат 12 дена од пристигање на поканаата за да може да побара од СОЗР да го користи владиониот авион 5 до 12, и тоа само од лични побуди?Дали државата била жртва на личните каприци на Бисера Антоанета?”, вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_2695

ВМРО-ДПМНЕ: Очаен протест на СДС, Венко нема поддршка од своето членство, а не пак од наставниците, треба да си оди од политиката

,,Очаен протест на СДС, Венко нема поддршка од своето членство, а не пак од наставниците, треба да си оди од политиката.20 тина активисти на СДС и Венко Филипче, така изгледаше фамозно најавуваниот протест пред МОН вчера.Венко Филипче нема поддршка од наставниците, затоа што знаат дека е лицемерен. До вчера Венко Филипче беше власт и можеше да им ги покачи платите, тоа не го стори.Венко Филипче очигледно е пуштен низ вода и во СДС од тие кои му кажале да организира протест, на кој има помалку луѓе отколку функционери во СДС.Филипче треба да си замине од политиката. Нема поддршка од никого. А СДС треба силно да се реформира.За разлика од СДС, ВМРО-ДПМНЕ мисли на наставниот кадар. Платите на наставниците ќе се зголемат од март.Наставниците ќе добијат поголеми плати во првата година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

bisera

ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета со леснотија ги трошела парите на граѓаните, купила авионски карти во вредност од околу 4000 евра за две патувања и не ги искористила

,,Аздисаноста на СДС, конкретно на Бисера Антоанета никако не сопирала. Секој поминат ден во Министерството за култура бил прилика како да ги искористи за себе народните пари.Освен чорапи, хулахопки, мечиња, топки, изнајмување на скапи станови таа купувала и авионски карти за Дубаи од 3000 евра за наводно службено патување, а потоа не одела.Без грам совест иако не патувала, фактурите го носела за да ги оправда парите.Освен овие, таа платила и две авионски карти за Лондон. Авионските карти биле на релација Приштина-Лондон во еден правец, платила за истите речиси 900 евра и не заминала повторно на патувањето. Како човек на кој не му е гајле како се трошат народните парите, таа и за ова нереализирано патување си носела документи да ги оправда.Оттука е логично да се постави прашањето зошто Бисера Антоанета купувала карти, а не заминувала на патување, имала ти таа плани програма по која работи, зошто не можела да предвиди каде оди и за каде да купува карти.Ова аздисано однесување на Бисера Антоанета е еден од многуте докази на расипничкото однесување на СДС и како ја ограбиле државата.Со детали за расипничкото однесување продолжуваме и денес.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_6327

Попов: Фијаско на Филипче пред МОН, 20-тина партиски активисти протестираа, наставниците не наседнаа на партијата

“Фијаско на СДС пред МОН, само 20-тина активисти на партијата дојдоа на најавениот голем партиски протест. Филипче ја нема поддршката ниту на своите членови, а не пак на народот”, вели Сергеј Попов, пратеник, претседател на УМС ВМРО-ДПМНЕ и додава:Кој го излизга Филипче со идејата за протест е нешто на кое што треба да си бара одговори самиот.Факт и реалност е дека СДС беа власт до пред 2 месеци, тие ги имаа сите можности да ги зголемат платите на наставниците и тоа не го направија. Наставниците знаат дека од СДС се лицемерни.Наставниот кадар не наседна на политиканството на СДС.Кога СДС беа на власт платите доцнеа, направија хаос со програмите, ги деградираа наставниците. Сега сето тоа е различно ВМРО-ДПМНЕ го враќа дигнитетот на наставниот кадар, а платите ќе се зголемат од март 2025 година.Наставниците ја гледаат посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ.Наставниот кадар ќе добие зголемување на платите во првата година од мандатот на ВМРО-ДПМНЕ, многу нови инвестиции во образованието и подобрување на неговиот квалитет.

Македонија | пред 1 година

IMG_6349

Лефков: Бисера Антоанета со службена картичка купила два авионски билети за Лондон од 44.900 денари, а потоа не заминала на пат, парите пропаднале

,,Бисера Антоанета не можела да стигне секаде каде што сакала, трошела пари на авионски билети, плаќала со службена картичка, а потоа не одела на пат, парите пропаѓале. Ова не е случај само со 3000 евра платени за карти за Дубаи, тоа е случај и за две авионски карти платени за Лондон.Бисера Антоанета платила две авионски карти на релација Приштина - Лондон во еден правец во висина од 44.900 илјади денари, а потоа не заминала на пат и парите пропаднале.Иако патувањето не се реализирало, Бисера Антоанета ги оправдала потрошените пари со купените карти.Не е првпат Бисера Антоанета да купува авионски билети и за илјадници евра, а потоа да не го реализира патувањето. Многу логично се поставува прашањето, ако истата работела според план и програма, тогаш многу лесно ќе се предвидело каде може да отиде, а каде не, очигледно е дека Бисера Антоанета сама како ќе и текне си резервирала карти и плаќала илјадници евра само затоа што мислела дека може и сакала да прошета секаде.Ова е раскалашено однесување и доказ како СДС ја ограбувале државата.Утре продолжуваме со нови сознанија од серијалот Бисера Антонаета.”, вели Миле Лефков, пратеник, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

bisera-1

ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета платила 3.000 евра за авионски карти за Дубаи, не заминала на патување, а не го откажала и парите пропаднале

,,Бисера Антоанета платила 3.000 евра за авионски карти за Дубаи, не заминала на патување, а не го откажала и парите пропаднале.3000 евра народни пари се фрлени низ ветар од страна на Бисера Антоанета на 05.02.2022 година кога со службена картичка платила 3 карти за Дубаи, патување на кое не заминала.Се поставува прашањето како е можно Министерка за култура да не знае дали може да оди на некој настан или не? Па до последно да се спрема, да плаќа и на крај воопшто да не оди.Доколку патувањето во Дубаи било важно зошто не заминал некој друг од Министерството кој можел? Или пак станува збор за приватна прошетка на Антоанета, која не знаела каде попрво да замине па и пропаѓале карти?Бисера Антоанета да одговори дали патот за Дубаи кој го платила 3000 евра со службена картичка, а на кој не заминала бил всушност план за приватна прошетка?Денес продолжуваме до нови детали и нови случаи на платени авионски карти за патувања, на кои Антоанета потоа не заминала.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_6294

Бисера Антоанета купила билети за Дубаи во износ од 3 000 евра кои не ги искористила, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со серијата обвинувања

Продолжи серијалот обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ на смерка на екс министерката за култура.Пратеникот од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков обвини дека Бисера Костадиновска Стојчевска во 2022 купила три авионски карти за Дубаи и кога требало да замине на пат, не отишла.,,Со секој нов скандал на Бисера Антоанета и начинот на кој ги трошела парите, си го поставуваме прашањето – Имала ли чувство на одговорност и грижа на совест? По сите скандали што ги направила очигледно не. Очигледно Бисера Антоанета сакала да стигне и отиде секаде, но времето и било непријател. Годината има 365 дена, а Антоанета сака да ја посети целата планета. Желбата за шетање на Бисера Антоанета државата ја плаќала дури и кога таа не патувала. На 05.02.2022 година Антоанета со својата службена картичка со народни пари купува 3 авионски карти за Дубаи во износ од 173.499 илјади денари. Кога требала да замине на пат, таа не заминала. До последен момент не ги откажувала картите и парите пропаднале. Потоа ваквите фактури ги носела во Министерството за култура со цел да го оправда трошењето како репрезентации и патни трошоци. Нејасно е ниту што точно требала Бисера Антоанета да прави во Дубаи? И кои се последиците од непосетата? Или пак станува збор за желба за приватно шетање на државен трошок? 3000 евра се пари со кои граѓаните живеат речиси цела година, а Антоанета ги трошела како да се 5 денари“, изјави Лефков од партискиот штаб.

Македонија | пред 1 година

IMG_6327

Попов: СДС и ДУИ вршат брутална злоупотреба на наставниците организирајќи партиски протест со што докажуваат кој седи позади наводниот синдикат

,,Сведоци сме на една трагикомична ситуација, СДС кои 7 години беа на власт утре организираат протест пред Министерството за образование и наука. Група членови на СДС ќе протестираат барајќи повисоки плати за наставниците. Протестот го организира довчерашниот државен секретар во МОН, Билјана Казанџиска.Партијата чии министри додека имале можност да работат за народот, јаделе бизонско филе, телешко карпачо и школки плакајќи 400 евра за вечера од службена картичка нема кредибилитет да зборува за ништо.Трет човек по хиерархија во институцијата, која имала можност да придонесе за подобри плати и услови за работа на наставниците, таа заедно со нејзиниот министер со кого беа во коалиција, не предвидоа средства во буџетот за оваа намена за 2024 година.Ситуацијата, едноставно опишана е следна – Казанџиска свесно турнала некого на земја и сега му подава рака за да стане, претставувајќи му се како заштитник.СДС и ДУИ вршат брутална злоупотреба на наставниците организирајќи партиски протест со што докажуваат кој седи позади наводниот синдикат.Казанџиска е дел од раководството на претходната Влада на СДС и ДУИ која ги угнетуваше наставниците, која не ги консултираше за ниту една промена што предизвикаа тешки штети по македонското образование. Влада која доцнеше со исплатата на платите и манипулираше дека ги зголемува, без да ја споменува високата инфлација која ги изеде платите на сите граѓани, па и на наставниците.7 години СДС можеше да реализира покачување колку што сакаа, тоа не го направија, затоа што намерата никогаш не им била таква. Ниту во овој буџет предвидоа пари за поголеми плати, затоа што го правеа буџетот за пред избори и да трошат пари пред кампања што и го направија.На што се потрошија парите од СДС оваа година? На милионски тендери во РЕК Битола пред смена на власта, на милионски набавки во ЕСМ, на патувањата на Бисера Антоанета и другите министри кои трошеле народни пари како да им се наследство од дедо.Наставниците никогаш не биле во приоритет на СДС. ВМРО-ДПМНЕ има поинаков пристап, и ќе го вратиме достоинството на наставниците.Апелираме до наставниците да не наседнуваат на партиски хушкања. Да не подлегнуваат на притисоци на опозицијата која 7 години беше власт и не се погрижи да им обезбеди достоинство и пристоен живот.Актуелната Влада предводена од ВМРО – ДПМНЕ има конкретен план како да го врати дигнитетот на наставниците. Со враќање на девастираните институции во нормала и со креирање на нов буџет за 2025 година кој домаќински и транспарентно ќе се користи, ќе се обезбедат пари за повисоки плати, за подобри услови за работа и за повеќе можности за кариерен и професионален развој.СДС ја остави државата ограбена. СДС ја зароби државата и ја користеше за личен бенефит. Тој комодитет веќе го немаат, а ќе треба и да одговараат, затоа и се нервозни.”, вели Сергеј Попов, пратеник и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_6308

Бизон, школки, карпачо на менито на Бисера Антоанета во Виена, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Бисера Антоанета со народни пари вечерала бизонско филе, телешко карпачо и школки за 400 евра во луксузен ресторан во Виена, вели Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.„Покрај лускузниот трособен стан за 4 ноќи, платен 1200 евра, Антоанета јадела луксузно. На една од сметките кои Бисера Антоанета ги доставила до Министерството за култура и за која земала државни пари се гледа дека истата за една вечера потрошила 403 евра, таа вечера ја платиле граѓаните“, вели Лефков, пратеник, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.,,Антоанета вечерала во луксузниот виенски ресторан Дистрикт, а на нејзината маса се нашле школки, бизонско филе, телешко карпачо, сето тоа платено од народот.Бисера Антоанета не штедела ниту во ресторанот Соле, каде за еден ручек платила 249 евра, а за вечера во истиот ресторан 212 евра. Овде на менито на Антоанета била италијанска храна.Само за овие три ресторански посети Бисера Антоанета платила 846 евра или 53.136 илјади денари.Да добро слушате, Бисера Антоанета за еден ручек и две вечери со народни пари платила колку што изнесува месечна потрошувачка кошничка за цело семејство.Ја прашуваме Бисера Антоанета дали овие трошоци биле нужни? Дали можело поевтино? Зошто ги одбрала овие ресторани? Како правда 3000 евра трошок за 4 дневно патување во Виена“, прашува Миле Лефков.

Македонија | пред 1 година

IMG_6294

Лефков: Бисера Антоанета со народни пари вечерала бизонско филе, телешко карпачо и школки за 400 евра во луксузен ресторан во Виена

,,Денес продолжуваме да ги обелоденуваме раскошните трошења на Бисера Антоанета со народни пари во Виена.Покрај лускузниот трособен стан за 4 ноќи, платен 1200 евра, Антоанета јадела луксузно.На една од сметките кои Бисера Антоанета ги доставила до Министерството за култура и за која земала државни пари се гледа дека истата за една вечера потрошила 403 евра, таа вечера ја платиле граѓаните.Антоанета вечерала во луксузниот виенски ресторан Дистрикт, а на нејзината маса се нашле школки, бизонско филе, телешко карпачо, сето тоа платено од народот.Бисера Антоанета не штедела ниту во ресторанот Соле, каде за еден ручек платила 249 евра, а за вечера во истиот ресторан 212 евра. Овде на менито на Антоанета била италијанска храна.Само за овие три ресторански посети Бисера Антоанета платила 846 евра или 53.136 илјади денари.Да добро слушате, Бисера Антоанета за еден ручек и две вечери со народни пари платила колку што изнесува месечна потрошувачка кошничка за цело семејство.Ја прашуваме Бисера Антоанета дали овие трошоци биле нужни? Дали можело поевтино? Зошто ги одбрала овие ресторани? Како правда 3000 евра трошок за 4 дневно патување во Виена?”, вели Миле Лефков, пратеник, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_6308

ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета со пари на граѓаните одела на патување во Виена со другарка, аздисаноста не запира, денес откриваме нови детали

,,Расипништвото на СДС нема крај. Нивната Бисера Антоанета, поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска за време на патување во Лондон си купувала чорапи, хулахопки, мечиња, топки за „службени цели“, била на нејасно патување во Виена и наместо да потроши околу 450 евра за сместување, таа си изнајмила стан за 1200 евра за да има кај да ја смести и другарка и да прошетаат заедно низ Виена.И сето ова го правела со пари на граѓаните.Бисера Антоанета трошела народни пари за лични цели и за другарки за да и прават друштво.Бисера Антоанета мислела на се, само не на државата, на промовирање на Македонија и слично.Дополнително резервацијата за станот во Виена ја направила другарка и Марија Магдалена Петковска Микаровска, професорка по англиски јазик од Битола. Тоа се гледа од копијата на резервацијата која ја доставила до Министерството за култура за да ги оправда потрошените средства.Бисера Антоанета треба да одговори на низа на прашања како зошто ја шетала другарка и со народни пари, кој се одел со неа на службените патувања, зошто трошела народни пари за приватни цели?Бисера Антоанета треба да одговара.Аздисаноста на Бисера Антоанета не сопирала, денес продолжуваме со нови детали за патувањето во Виена и трошењето пари на граѓаните за приватни цели.”, велат ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_6308

Лефков: Кој се престојувал во луксузниот трособен стан во Виена со Бисера Антоанета, ја водела ли и другарката на државен трошок на шетање?

,,Бисера Антоанета призна дека изнајмила луксузен трособен стан во Виена за четири ноќи, за 1200 евра со поглед на виенскиот парк.Плаќањето преку апликацијата Букинг го објавивме вчера, а денес објавуваме кој го резервирал станот за Антоанета и на чие име е резервацијата.Ова е првата страна од копијата од резервацијата која лично Антоанета ја поднела во Министерството за култура со цел да ги оправда потрошени пари од службената картичка. А на резервацијата се гледа дека е направена од Марија Магдалена Петковска Микаровска, професорка по англиски јазик од Битола, другарка на Бисера Антоанета.Се поставува прашањето дали Бисера Антоанета изнајмила луксузен трособен стан во Виена за четири ноќи наместо хотел кој е далеку поевтин, за со неа да ја шета и нејзината другарка со народни пари?Зошто Бисера Антоанета службената картичка си ја користела за приватни прошетки и забава?Кој се патувал со Бисера Антоанета на државен трошок во Виена и кој се спиел во луксузниот трособен стан?Утре продолжуваме со нови детали за патувањето на Антоанета во Виена и трошењето народни пари.”, вели Миле Лефков, пратеник, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

bisera

ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета иако можела во Виена да помине за сместување со околу 450 евра, таа потрошила 1200 евра, денес продолжуваме со нови детали и разобличување на нејзиното безобразие

,,Бисера Антоанета иако како што призна, дека купувала чорапи, хулахопки, плишано мече, топка за „службени цели“, призна и дека се луксузирала во Виена.Бисера Антоанета призна дека со пари на граѓаните платила 1200 евра за трособен стан во Виена за четири ноќи покрај фактот дека за периодот наместо 1200 евра, можела да помине или плати трипати помалку или околу 450 евра.Бисера Антоанета нема ни срам ни перде и вели дека стан од 1200 евра платен со народни пари не е нешто скапо.Бисера Антоанета наместо празни зборови како за патувањето во Лондон, така и за ова во Виена треба да одговори зошто трошела толку пари на граѓаните за лични потреби кои таа ги продава како службени цели.Како и да е, веќе јасно им е на сите што правела Бисера Антоанета, а ние и денеска ќе го разобличиме нејзиното аздисано однесување. Продолжуваме и денес со објавување на детали.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања