ВМРО-ДПМНЕ

120190420_222336

ВМРО-ДПМНЕ: Антикорупциска и Јавното обвинителство да испитаат зошто Филипче како министер криел имот што го поседува, а како пратеник годинава го пријавил

,,Манипулациите се карактеристика за СДС. Кога ќе се види што Венко Филипче пријавувал како министер, а што како пратеник може да се види дека тој манипулира со голем имот. Или Филипче пријавил поголем имот како пратеник, отколку кога бил министер.Последниот анкетен лист доставен до Антикорупциска откако стана пратеник покажуваат дека тој поседува имот во вредност од 850 илјади евра.Филипче како министер за здравство пријавил прво, куќа од 464 метри квадратни изградена во 2017 година во вредност од 27,8 милиони денари, второ, стан од 130 метри квадратни метри во вредност од 7,8 милиони денари добиен како подарок во 2016 година и како трето, уште еден стан во Скопје од 50 метри квадратни кој е резултат на купопродажба во 2010 година.Филипче како пратеник во 2024 година го пријавува следниот имот.Прво, стан во Скопје од 12 милиони денари стекнат со наследство во 2016 година. Станот не го пријавил кога бил министер, а го имал. Второ, стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година вреден 3 милиони денари. И овој стан не е пријавен кога бил министер, а го имал. Трето, два стана во Скопје од по 12 милиони денари, стекнати со договор за градба во 2017 година. И овие станови ги нема пријавено додека бил министер, а ги поседувал. Четврто, стан во Центар од 3 милиони денари стекнат во 2008 година со договор за купопродажба. И овој стан не е пријавен кога бил министер, а бил во негова сопственост.Нејасно е како имот што го поседувал  кога станал министер или пет стана не ги пријавил во Анкетниот лист до Антикорупциска комисија, а ги пријавил како пратеник. Оттука се поставуваат низа на дилеми и прашања. Криел ли Филипче имот, ако имал навика да крие можеби се уште го прави тоа. Апелираме Државната комисија за спречување на корупција веднаш да ги лоцира податоците за да утврди што се криел Филипче. Апелираме и до јавното обвинителство да испита зошто Флипче не пријавувал имот во анкетниот лист како министер и зошто во анкетниот лист како пратеник се појавува имот кој го имал пред да стане министер, а не го пријавил.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Вистинското лице на националните координатори на СДСМ

,,Обвинувањата на СДСМ кон актуелната влада само потврдуваат дека оваа преостаната група луѓе на "Бихаќка" не се во контакт со реалноста која ја оставија зад себе. Власта на СДСМ беше препознатлива единствено по национални координатори за криминал, за манипулации и за незаконски тендери, а тоа го потврдуваат и многубројните скандали кои ги создадоа на секој чекор. Најголем доказ за тоа се координираните активности за набавка на бифтеци, луксузни услуги и тендери со директни фаворизации.Наспроти тоа, новата влада е фокусирана на создавање на политики кои ќе ги подобрат животните услови на граѓаните, а за тие политики се потребни посветени луѓе со стручност и интегритет. Македонија се иселуваше заради координаторите на СДСМ и нивното катастрофално владеење кое остави банкрот и пустош зад себе. Новата влада, која е на власт само два месеци, е соочена со огромниот предизвик да ги разобличи сите неправилности и коруптивни замки кои ги оставија ДУИ и СДСМ.Еве ги некои од најпрепознатливите координатори на СДСМ: - Венко Филипче, национален координатор за матни тендери во здравството и за вицевизација на здравствениот систем. - Бојан Маричиќ, координатор за буфтеци, скапи ресторани и XXL поло маички. - Артан Груби, координатор за тендерска документација, игри на среќа и девизна соработка. - Славјанка Петровска, координатор за јавни настапи и незаконска набавка на опрема во координација со Зечевиќ. - Љупчо Николовски, или скратено внучето на Заев, координатор за транспортни компании на брат му и за земјоделски субвенции и ИПАРД корупција. - Оливер Спасовски, координатор за набавка на возила од дистрибутери од Куманово наместо увозници и за тендери за опрема и пасоши. - Благој Бочварски, координатор за безидентитетско однесување и плаќање на проекти кои никогаш не започнале.Ваква генерација на координатори во СДСМ се вбројува во најславните генерации кои воопшто во поедини полиња успеале во светски рамки, рамо до рамо со легендарната екипа/генерација на Црвена Ѕвезда на Панчев, Барселона на Луис Фиго, Реал Мадрид на Предраг Мијатовиќ и Роналдо Назарио, Бајерн Минхен на Јурген Клинсман и Лотар Матеус. Тоа што овие значеа и донесоа слава и успеси во врвниот фудбал во светот, така оваа златна генерација на СДСМ го достигна врвот во светот по корупција, раскалашеност и уништување на сопствената држава.Списокот на националните координатори на СДСМ е долг, но препознатлив и впечатлив во светски рамки. Такви лопови светот нема видено досега, а конкуренцијата е сериозна, особено со некои од африканските држави. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги разобличува овие злоупотреби и да работи на создавање на подобра иднина за Македонија и нејзините граѓани. ”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС за национални координатори поставуваше луѓе како Алаѓозовски и Попов, без грам искуство, а шири ветар и мегла за луѓе со кредибилитет

,,СДС за национални координатори поставуваше луѓе како Алаѓозовски и Попов, без грам искуство, а шири ветар и мегла за луѓе со кредибилитет.СДС го постави своевремено Роберт Алаѓозовски и Мартин Попов за национални координатори, и двајцата без никаков придонес за државата.Национален координатор во време на СДС беше и Стево Пендаровски, најслабиот претседател во историјата на Македонија.СДС не само што редеше неспособни национални координатори, туку и нивни заменици, без да има за тоа реална потреба.За разлика од времето на СДС, владата на ВМРО-ДПМНЕ за национални координатори поставува луѓе со голем кредибилитет и минат труд во областите за кои ги назначува.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Miteva-26.04.2022

Митева до Кузеска: Дали е вистина дека компанија од Македонија која е блиска до семејството на поранешен претседател на СДС исплаќа пари на бугарска фирма која е во сопственост на поранешен премиер и...

„Жалам што Кузеска и СДС се служат со невистини и манипулации обидувајќи се дека така преку креирање лаги ќе ја сокријат вистината за што ние веќе неколку дена објавуваме факти и аргументи, а одговори од страна на СДС, Венко Филипче и Кузеска нема“, истакна портпаролката, пратеничка и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.Таа продолжи и постави друго прашање:„Дали е вистина дека компанија од Македонија која е блиска до семејството на поранешен претседател на СДС исплаќа пари на бугарска фирма која е во сопственост на поранешен премиер и претседател на СДС?“, запраша Митева.Таа потенцираше дека доколку нема одговор на овие прашања, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ја информира јавноста.„Нека одговорат на овие прашања, а доколку не ќе продолжиме да ја информираме јавноста. СДС беше на власт 7 години, имаа можност за сите состојби да дискутираат, но не го направија тоа и покажаа колку се очајни и колку она што го зборува ВМРО-ДПМНЕ е вистина“, децидна е Митева.

Македонија | пред 1 година

IMG_5127

Митева: Браќата на Филипче и Заев, преку брза шема стануваат сопственици на Фос Имерас - Соларна електрана

,,Заеви и Филипче не ги поврзуваат само фирмите во Бугарија, туку и фирми во Македонија.Покрај тоа што Венко Филипче е миленик на Зоран Заев, нивните браќа здружно го напаѓаат енергетскиот бизнис.Имено во 2023 година, Вице Заев и Никола Филипче формираат заедничка фирма под името „Фос имерас“, што преведено од грчки јазик значи „дневна светлина“. Сопственици на „Фос имерас“ се две компании. „Тотал инженеринг“ од Струмица во сопственост на Вице Заев и „Плус нетворк“ од Скопје чиј сопственик е Никола Филипче.Фос имерас на Заеви и Филипче гради 1.5 мегавати соларна централа на атрактивна локација од 23 000м2, на само петстотини метри воздушна линија од границата со Грција.Централата е изградена во најкус можен рок, а сите фази од пренамена на земјиште до одобрение за градба се направени во време кога Зоран Заев и Венко Филипче се власт во Македонија.За да видиме како се брзало да се изгради соларната централа додека е СДС на власт, ќе се потсетиме на наводите кои ги изнесе ИРЛ во нивно големо истражување. Имено според податоците кои ги објавија прв сопственик на земјиштето била фирмата „Панама резорт“ од Скопје. Таа во 2016 година ја купила државната парцела од Република Македонија. Првичната намена била да се изгради винарија, што не се реализирало за потоа, во 2021 година, оваа фирма да ѝ го продаде земјиштето на фирмата „Плус нетворк“ чиј сопственик е Никола Филипче.Плус нетворк на Филипче поднела барање за пренамена на земјиштето од лесна и незагадувачка индустрија во изградба на фотоволтаични електрани, за што во март 2023 година добива согласност од Министерството за транспорт и врски, а по само неполн месец Советот на Општина Дојран, каде градоначалник е Анго Ангов од СДСМ, да го измени ДУП-от и да овозможи фирмата да може да постави соларни панели на парцелата.Бизнисот на Никола Филипче и Вице Заев е тежок четврт милион евра годишно.Вице Заев и Никола Филипче летале низ процедурите.Фирмата на Никола Филипче дозволата за градба ја добива во најкусиот законски рок од три дена предвидени во Законот за градење. Иако праксата покажува дека и во случај кога околу одредена парцела нема приватни сопственици, рокот трае минимум 15 дена, општинската администрација била експедитивна. Барањето е поднесено на 20 јуни, а решението изготвено на 23 јуни 2023 година.Откако Никола Филипче ги завршува сите бирократски процедури, и теренот е подготвен за градба, во ноември 2023 година фирмата „Тотал инженеринг“ на Вице Заев купила половина од парцелата. За на 25 декември 2023 година во Скопје Заев и Филипче да ја формираат заедничката компанија „Фос имерас“, која станува носител на одобрението за градба на фотоволтаичната централа и сопственик на атрактивната парцела. Фирмата на Заев и Филипче во најбрз можен рок ја гради централата и таа е веќе завршена.Ова е пример како СДС владееше, додека народот чекаше ред пред шалтер, браќата на Филипче и Заев летаа низ процедурите за изградба на соларна централа, бизнис од четврт милион евра годишно.”, вели Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

filipce

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче мора да одговори зошто ја сокрил фирмата во Петрич од анкетниот лист

,,Адресата во Петрич, Бугарија која пратеникот и претседател на СДСМ, Венко Филипче сакал да ја сокрие очигледно е местото од кое се вртат парите на фамилија Заеви и Филипче.Тоа е адреса на која е фирмата на Филипче регистрирана на почеток за недвижнини, и тоа е истата адреса каде е и познатата фирма Медикал 420 БГ на Заеви.Ова е фирма која има подружница и во Битола на лија адреса пак во 2022 година беа пронајдени наркотици вредни околу 800 илјади евра и покрај тоа што на фирмата и била одземена лиценцата. Лиценцата за производство на марихуана ја добила од владата на Зоран Заев, кој се изземал од одлучување кога се одземала истата.Од оваа фирма, за која Заев потврдил дека тој и негово блиско лице имаат интерес потекнува и дел од марихуаната која беше запленета, а во акцијата водена од американската ДЕА, Агенција за борба против дрога на запленување, беше уапсен и личниот шофер на Трајче Заев и полициски командир.За овој скандал известуваа телевизии од регионот. Конкретно албанската телевизија Ора објави разговори од кои се доаѓа до сознание за обид на високи функционери од владејачката гарнитура кои интервенирале акцијата на ДЕА да не успее. Меѓу другото, телевизијата објави дека во тоа бил вмешан и Трајче Заев, братучед на тогашниот премиер, Зоран Заев.Ова покажува како СДС владееше.Оттука Венко Филипче е должен да одговори зошто ја сокрил фирмата во анкетниот лист, дали ја сокрил за да не се поврзе со Медикал 420 од која исчезнува марихуана и за да не се поврзе со скандалот да се оневозможи акцијата на американската ДЕА?”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Miteva-26.04.2022

Митева: Филипче да одговори, ја криел ли фирмата од Бугарија за да не се доведе во релација со Медикал420 од која исчезнуваа наркотици фатени во меѓународна акција

,,Ул. Гоце Делчев 12, Петрич е адресата околу која се вртат милионите на Заеви и Филипче. Ова е адресата која Венко Филипче сакал да ја сокрие од јавноста кога не ја пријавил својата фирма основана во Бугарија.Имено на адресата на која е регистрирана фирмата на Венко Филипче во Бугарија, е адресата на која претходно се регистрирани низа фирми на Заеви, меѓу нив најпозната е Медикал 420 БГ.Медикал 420 БГ е фирмата во чија поддружница во Битола во 2022 биле пронајдени наркотици во вредност од 800 илјади евра, иако на истата фирма една година претходно и била одземена лиценцата.Оваа фирма во Македонија добила лиценца за производство на марихуана од владата на Зоран Заев, кој кога се одземала нејзината лиценца се изземал од одлучување, со објаснување дека се работи за сопствен приватен интерес или интерес на блиско лице.Фирмата за која Заев потврдил дека тој или блиско лице имаат сопствен интерес е фирмата од која потекнувала и дел од марихуаната која беше запленета во акција на Агенцијата ДЕА на Плетвар. Во таа акција беше уапсен личниот шофер на Трајче Заев и полициски командир.За овој скандал Албанската ТВ Ора објави дека има прислушувани разговори кои покажуваат дека високи функционери од владејачката коалиција во Македонија во тоа време директно интервенирале за да се оневозможи успешна операција против шверц со дрога преземена од странска агенција. Телевизијата тогаш објави дека бил вмешан и Трајче Заев, братучед на поранешниот премиер.Ова беше СДС и како тие владееја. Ова СДС сега уште е водено од истите луѓе, истиот близок круг и фирми кои се наоѓаат на иста адреса.Венко Филипче е должен да одговори, дали ја сокрил фирмата во Бугарија од анкетниот лист, за да не се доведе во поврзаност со Медикал 420 од која исчезнуваше марихуана,, фатена во меѓународна акција за за сузбивање на трговија со наркотици?”, вели Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Рејтингот на Венко Филипче и СДС е под нула, не го спасуваат фотографии од пациенти, кои ги понижува јавно

,,Рејтингот на Венко Филипче и СДС е под нула, не го спасуваат фотографии од пациенти, кои ги понижува јавно.Венко Филипче знае дека тоне во криминали, знае дека на јавноста не може да и објасни зошто ја сокрил фирмата во Бугарија и не ја пријавил во анкетниот лист, па смета дека со сликање по операциони сали народот ќе го засака.Венко, едно да знаеш, тоа што си лекар е твоја професија и должност, а пациентите не се должни да ги малтретираш за фотиграфирање. Тоа е срамно, мизерно и под секое ниво.Венко Филипче им го руши достоинството на пациентите и треба да се извини.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

120190420_222336

Филипче во анкетниот лист ја сокрил фирмата која е на иста адреса со фирми на семејството Заеви во Петрич, тврди ВМРО-ДПМНЕ

,,Претседателската функција на Венко Филипче како да беше загарантирана во СДС од страна на Зоран Заев. Сознанија дека има поврзаност на бизнисите на Заев со Филипче, поточно на мрежата бизниси во бугарски Петрич, Струмица и Скопје, потоа сомнителните милионски бизниси и дека истите ги започнале додека двајцата беа на функции, веќе беа објавени во јавноста. Но, јавноста остана покуса за одговори.Дополнително Филипче откако стана пратеник не даде целосни информации во анкетниот лист доставен до Антикорупциска, поточно не ја пријавил фирмата за недвижнсти во Бугарија.Филипче сокрил од јавноста дека откако завршил со министерсктата функција одлучил да влезе во приватен бизнис со недвижности. Во ноември 2022 година регистрирал фирма за недвижности во Петрич, Бугарија на улица Гоце Делчев 12. Фирмата за недвижности се вика Power i8 Ltd, а како единствен сопственик, воедно и управител на фирмата со дејности купување, изградба и продажба на недвижнини е Филипче, потоа се додаваат и други дејности.На истата адреса се водат и фирми на роднините на Заев, братот и братучедите Вице, Трајче и Бобан Заеви.Непријавувањето на фирмата во анкетниот лист која се води на иста адреса со низа на други фирми на Заеви отвора сомнеж за дејствувањето на Филипче. Се отвораат прашања како зошто не ја пријавил фирмата, што крие Филипче, дали е дел од шема на фирми кои правеле милиони?”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Miteva-23.06.2022

Митева: Венко Филипче не одговори зошто ја сокри фирмата во Петрич од анкетниот лист, што се крие на таа адреса?

,,Во наредните неколку денови ќе изнесеме сознанија во јавноста за бизнис поврзаноста на Заеви и Филипче, ќе расветлиме дали Венко Филипче е претседател на СДС за да може полесно да управува со мрежата фирми од Бугарија преку Петрич и Струмица до Скопје, како семејствата на Заеви и Филипче влегувале во милионски бизниси додека тие биле на функција и како се поврзуваат со фирми со сомнителни дејности. Напоменуваме дека сите овие сознанија веќе беа изнесени во јавноста од ИРЛ, но Венко Филипче и СДС избегнаа секакви одговори.Се започнува од тоа што Венко Филипче избегна да одговори на наводите дека во анкетниот лист доставен до Антикорупциската комисија ја сокрил фирмата за недвижности од Бугарија која ја пронајдоа истражувачките новинари. Од овде се одмотува клопче тешко милиони евра.Потенцираме дека Венко Филипче не сподели со јавноста дека по завршување на министерувањето одлучил да влезе во приватен бизнис со недвижности, а со таа намена во ноември 2022 ја регистрирал компанијата ПАУЪР АЙ8 (POWER i8 Ltd) во соседна Бугарија. Со адреса на улица „Гоце Делчев“ број 12 во Петрич, на 18 ноември 2022 година ја формирал фирмата, а првата запишана дејност на фирмата во која Филипче е единствен сопственик и управител е купување, изградба и продажба на недвижнини, но потоа се наведени уште неколку други дејности во кои може да работи компанијата.По парламентарните избори на 8-ми мај 2024, на кои Венко Филипче стана пратеник на СДС доби обврска да го пријави својот имот во ДКСК, недвижен и движен имот, сопствеништво и секаков друг имот. Филипче, до последниот рок за поднесување анкетен лист не ја пријавил фирмата во Бугарија.Зошто велиме дека Филипче е клучен во бизнисите на Заеви и дека со таа цел е на чело на СДС? - Имено на истата адреса со фирмста на Филипче се водат повеќе компании во сопственост на братот и братучедите на поранешниот премиер – Вице, Трајче и Бобан Заеви. Поточно кажано Филипче се вселил кај Заеви.Зошто Венко Филипче не ја пријавил фирмата во Бугарија во својот анкетен лист? Што сака да сокрие Венко Филипче и крие ли извесна адреса која се поврзува со други фирми? Дали Филипче е дел од шема на фирми кои правеле милиони? На овие и многу други прашања ќе дадеме одговори на следните пресконференции.”, вели Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4456

ВМРО-ДПМНЕ: 4 дена СДС пушта целосно безидејни соопштенија од едно исто интервју на Филипче, да беше сапуницата Касандра до сега ќе завршеше

,,Во сагата од 4 дела од пишаното интервју на Венко Филипче, каде 4 дена СДС пушта соопштенија од едно исто интервју, патем да беше сапуницата Касандра до сега ќе завршеше, така криејќи се од одговори на прашањата кои ги поставува јавноста, Венко Филипче ја достигна кулминацијата кога кажува кој ја водел ВМРО ДПМНЕ.И оваа небулоза доаѓа од устата на човекот кој уште Заев му ја финансира партијата со украдените пари, кој е стечаен управник на партија без органи и ја чува фотелјата на Заев, кој ниту еднаш не го слушнавме да каже што мисли за Зоран Заев, зошто се срами и знае дека јавноста го смета за криминалец и предавник и човек кој ниту еднаш не ги научи лекциите од своите порази. Продолжете со таквата безидејност, далеку ќе стигнете.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

bisera-1

ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета не знаела да сопре со трошење народни пари, на патување во Ријад и Брисел пак си купувала кошули, маици, дресови, и повторно куфер

,,Не поминувало патување на Бисера Антоанета, а таа со народни пари да не си купи нешто за лични потреби.Куфер купувала, како што самата кажа на патувањето во Лондон, бидејќи според нејзини зборови и бил загубен багажот од авио компанијата.Но, фактите говорат друго. И на патувањето во Ријад и Брисел пак купила куфер. Секако Бисера Антоанета не би била Бисера Антоанета ако не потрошела пари на граѓаните за лични потреби. Куфер повеќе секогаш ќе служи, ако не на неа, ќе позајмува на блиски.Бисера Антоанета за патувањето прво во Ријад во септември 2023 година, потоа истиот месец во Брисел, земала кеш од Министерството или 2000 долари и 900 евра.Бисера Антоанета со тие пари продолжила да си пазари за себе, и така пак купила куфер кој овој пат ја чинел 38 евра, купила и 5 дреса за 70 евра, во Парфоа, продавница која ја има и во Македонија потрошила 20 евра, а за 35 евра си купила и козметички производи, за 39 евра си купила кошула, потоа поло маици за 95 евра.Бисера Антоанета на патувањата покажала само едно дека знае како да си пазари за лични цели со народни пари.Ова расипничко однесување на Бисера Антоанета е само еден пример како претходната влада ги трошела парите на граѓаните.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_6412

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ нема да ја поддржи интерпелацијата

„Мачно и очајничко беше чувството да се гледа сервилноста на СДС кон поголемиот во суштина партнер во владејачката коалиција ДУИ секогаш кога тие ќе направеа одреден фаул и нивното бранење безочно јавноста добро го знае и се сеќава. Ова е интерпелација која што нема никаква допирна точка со реалноста и прекршувањето на собраниските процедури. Очајнички коалициски производ на новата коалиција која што ја сочинуваат СДС, Левица и ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ нема да ја поддржи оваа иницијатива најмалку од три причини, првата е бидејќи нема прекршување во рамките на надлежностите претседателот на Собранието водејќи ја институцијата Собрание на Република Македонија, второ кога ќе ги видите оние 7 причини сите сторители на дела кои што одат во насока на непочитување на законите во МВР како прв пат досега се пронајдени и санкционирани и има за нив постапка. Трето заради тоа што е несериозна и глупава за зошто затоа што во точка 7 и под точките в, г, д и видете таму има за пост полноќни сеанси напишано замислете и основ за интерпелација за паркинг“ кажа пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на денешната собраниска седница и додаде:„Нема повеќе во оваа држава да се толерира и игра фудбал и баскет по ходници и кабинети, нема повеќе пеење и играње во кабинети и ходници и славењето во Собранието што некој станал премиер. Нема да има телохранители на заменици министри на МВР каде што делат шамари и тепаат колеги не е тука Спасовски и Филипче па и нив да ги потсетам на ова одвратно дејствие. Нема повеќе пајак да тепа полицајци на сред бел ден. Тоа веќе нема да го има. Нема повеќе како до сега“ истакна Стојаноски.

Македонија | пред 1 година

IMG_6201

Петрушевски: Пратениците на СДС не ги извадија од уста ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, интерпелацијата на Гаши гол популизам на СДС за ситни политички поени

„Почитувана јавноста добро е вака на отворена сцена да ја видиме коалицијата помеѓу СДСМ Левица и да видиме дали и ДУИ ќе се приклучи на оваа коалиција. Колега Талевски спомнавте башибозук и самоволие, интересно е тоа да го слушнеме од пратеник на СДСМ кој што е веќе втор мандат во овој парламент кога се изнагледавме што е башибозук и самоволие. Кога за прв пат во нашата историја видовме претседател на Собрание како буквално ги пцуе вработените во Собранието а одговор од него беше Талат Џафери е најдобар претседател на Собранието и тоа го повтoруваа како расипана плоча сите до еден пратеници на СДСМ“ кажа Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на денешната седница во собранието и додаде:„Колега Талевски зарем не е башибозук и самовoлие министри од вашата влада да трошат државни пари преку службени картички за купување на разно разни подароци, мечиња куфери сите брендирани зарем не е самоволие да се плаќаат илјадници евра за една ноќ во апартмани луксузни во европските метрополи, да се плаќаат авионски карти а да не се оди на тоа патување. Смешно е и глупо е да поддржите една ваква интерпелација притоа не спомнувајќи го Африм Гаши ниту еднаш во вашиот говор а ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не ги извадивте од уста. Тоа е само доказ дека ова што го правите е безизлезност и се обидувате со гол популизам да дојдете до ситни политички поени“ нагласи Петрушевски.

Македонија | пред 1 година

Marija-Miteva-20.06.2022

Митева до СДС: Опседнатоста со Мицкоски се гледа преку денешната седница каде користите политичка интерпелација како основ да зборувате за премиерот

На денешната седница во собранието на Македонија се обрати пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева која што истакна дека СДС нема никаков напредок и се опседнати со Мицкоски а денешната интерпелација е гола политика што сакаат да ја продадат на македонската јавност.„Колега Талевски имам две работи што сакам да ви ги кажам после вашиот говор, првата е дека преку вашиот говор јавноста може да види каква е тажната реалност во СДС, колку ви се тажни и стари тезите и колку немате напредок на ниедно поле и втората работа дека толку многу не можете да ја поправите таа расипана плоча што едноставно во говорот ако пребројав на секоја страница го спомнувате Мицкоски а вкупно го спомнувате 12 пати. Пребројте си да видите колку сте опседнати со Христијан Мицксоки. И колку не станува збор за никаква интерпелација туку станува збор за гола политика која што сакате да ја продадете на македонската јавност“ кажа Митева и додаде:„Неколку пати кажавте што сме ветиле што сме оствариле, јас ќе ви набројам. Ветивме дека ќе заминете во опозиција со ДУИ заминавте. Ветивме дека се што направивте и ја ограбивте Македонија ќе вратиме, 3000 вработени ги оставивте без плата реализиравме и имаат пари да однесат дома нивните семејства леб да јадат. Ветивме повисоки пензии за 5000 денари остваривме. Ги оставивте луѓето без законска обврска за К-15, остваруваме ќе биде реализирано“ нагласи Митева.Митева додаде и дека СДС без срам ја ограби државата.„А што направивте вие ја ограбите државата и жалам што вашата колешка Бисера Антоанета Костадиновска Стојчева не е тука да ја прашате како се трошат службени картици за куфери ручеци хулахопки и плишени мечиња. Засрамете се и треба да имате образ и ова да не го правите“ нагласи Митева.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања