ВМРО-ДПМНЕ

Stojanoski-04.03

Директорите од СДС и ДУИ во јавните здравствени устранови набавувале лекови кои не се на листата што ја утврдува ФЗО, обвини Стојаноски

„Здравството со СДС и ДУИ колабираше. Клиниките и болниците, пациентите и лекарите на свој грб ја осетија криминогеноста на СДС и ДУИ, кои наместо здравјето на граѓаните го ставаа личниот профит во преден план“, вели Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и додава:Според информациите кои ги имаме, а според извршените контроли од ФЗОМ и другите надлежни институции нотирани се бројни самоволија во здравствените установи, кои очигледно често биле резултат на личен интерес.При контролите констатирани се набавки на лекови кои не се на листата на лекови што со општ акт ја утврдува Фондот за здравствено осигурување, на кој министерот за здравство дава согласност, но за истите ЈЗУ нема обезбедено претходна согласност од Министерството за здравство и Фондот и тоа во следниве ЈЗУ: Здравствен дом – Гостивар, Здравствен дом – Струга, УК за државна кардиохирургија – Скопје, УК за нефрологија – Скопје, УК за психијатрија – Скопје, Клиничка болница – Тетово, Општа болница – Струга, Општа болница – Струмица, Општа болница со проширена дејност - Дебар.Злоупотреби се правени и во делот на дежурствата. Имено при контролите евидентиран е случај во ЈЗУ, каде се пресметува и исплаќа додаток за дежурство, но на контролата не и е дадена на увид согласност од Министерство за здравство, за обезбедување непрекинато вршење здравствена дејност со работа со дежурство во: УК за максилофацијална хирургија – Скопје, УК за државна кардиохирургија – Скопје, УК за нефрологија – Скопје, УК за психијатрија – Скопје, Општа болница - Струмица.Одговорните лица во здравството од СДС и ДУИ се однесувале како клиниките и болниците да се нивна своина, без да водат грижа за вработените, средствата и пациентите.Времето на злоупотреби во здравството помина. Одговорност ќе има“.

Македонија | пред 1 година

IMG_6201

Петрушевски: Дон Николовски толерирал нерегуларности на фирми блиски до СДС, без основа се исплаќани илјадници евра за субвенции

,,Љупчо Дон Николовски толерирал лица блиски до власта на СДС со огромни количини земја под закуп во нивните нерегуларности и со години дозволил штета врз буџетот.Фирмата ДЗС Илинден на која и бил раскинат договорот за закуп на околу 1000 хектари земја со години земала субвенции, иако земјиштето веќе не било под нејзин закуп.Да почнеме од почеток, во 2019 година е поведен судски спор за неплатен закуп за 2017, 2018 и 2019 година. Период во кој министер во МЗШВ е Љупчо Дон Николовски, кој со години го толерирал должникот. Дури во септември 2021 година, по извршениот увид во списокот на должници и увидот на лице место од Државниот инспекторат за користење на земјоделското земјиште министерството констатира дека закупецот не ги испочитувал обврските кои произлегуваат од договорот за плаќање на закупнина и користење на земјиштето, поради што носи изјава за еднострано раскинување на договорот за закуп на земјоделско земјиште, која е потврдена со правосилна пресуда на Апелациониот суд - Скопје.Иако самото министерство носи изјава за еднострано раскинување на договорот за закуп, истото не го испочитувало членот 41-а став 5 Законот за земјоделско земјиште и не доставило примерок од изјавата за раскинување на договорот за закуп, по електронски пат до Агенцијата за катастар на недвижности заради бришење на прибележувањето на договорот за закуп, односно плодоуживање на недвижностите.Поради неизвршување на законските надлежности и обврски од страна на Министерството да спроведе постапка најнапред за бришење од единствениот регистер на земјоделски стопанства, и некоординација со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, му овозможил на закупецот и по раскинувањето на договорот за закуп закупецот да може да продолжил да аплицира за субвенции.Во моментот на недејствување на МЗШВ, Љупчо Николовски е вицепремиер во владата, и тоа со задачи за борба против корупција и добро владеење, а корупцијата му се случувала пред нос.Во период од 2021, кога Николовски е вицепремиер и не е во министерството за земјоделство, преку 2022 до 2023 година кога Љупчо Дон Николовски е министер во МЗШВ, на ДЗС Илинден без основа и се исплатени 13 милиони денари.Спротивно на член 14-а од Закон за земјоделство и рурален развој ДЗС Илинден не е евидентиран на листите за должници додека имал право да го користи договорот од страна на МЗШВ, во време кога Љупчо Дон Николовски е министер.Спротивно на член 15 од истиот закон министерството не го избришало договорот за закуп од единствениот регистер на земјоделски стопанства чија база е основа за поднесување на апликација за субвенции и овозможило закупецот неосновано да се стекне со 13 милиони денари, во време кога Љупчо Дон Николовски е првин вицепремиер, а потоа и министер. Институциите не направиле контрола согласно член 48 од овој закон и преку агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството се исплатени финансиски средства спротивно на одредбите од член 50, 51, 52 и 61.”, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

filipce

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче против СДС и граѓаните, не сака да се градат проекти и решаваат проблеми

,, Со тоа што Венко Филипче е против поволниот кредит од Унгарија кој е наменет за инфраструктурни проекти во општините и ефтини кредити за бизнисот, тој така е против општините кои аплицирале, а има и такви чии градоначалници се од СДС, и против народот кој треба да види бенефит од овие пари.На овој начин Венко Филипче покривајќи ја сопствената безидејност и меконструктивност всушност е против СДС, проектите за граѓаните и кредитите за бизнисот што ќе значи отворање на нови работни места и силна економија.Ова е незапамтено работење против интересите на државата за да се отргне вниманието од реалните проблеми и состојби во кој се наоѓа оваа партија. Филипче ја злоупотребува партијата за свој интерес и пресметка.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

120190420_222432

ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Дон Николовски дал нелегално половина милион евра субвенции на Арекспорт која не почитувала договор

,,Љупчо Дон Николовски, поранешен министер за земјоделие потпишал договори за закуп на земјоделско земјиште со фирмата Арекспорт од Струмица со што го оштетил буџетот, кој се полни со пари на граѓаните, за околу половина милион евра.Николовски морал да е во тек со реализација на договорот за закуп со Арекспорт. Зошто? Затоа што, прво, тоа е договор за закуп на над 1400 хектари, второ, тоа е договор кој не се извршува согласно закон и трето, тоа е договор за кој не се плаќа закупнина. А резултатот е, незаконски земање на половина милион евра субвенции.Љупчо Дон Николовски не само што можел, туку и морал да го раскине договорот за куп со Арекспрот. Зошто морал да го раскине договорот со Арекспорт? Затоа што фирмата Арекспорт се обврзала дека ќе инвестира 2 милиони и 450 илјади евра на закупеното земјиште, а не инвестирала ниту 300.000 евра.Николовски мора да одговори, зошто никој не контактирал со Арекспорт зошто не го реализира договорот за закуп?Николовски мора да одговара за трошење на народни пари, а надлежните институции треба да реагираат.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

120190420_222432

ВМРО-ДПМНЕ: Од народни пари Љупчо Дон Николовски префрлил половина милион евра на сметка на фирма на мајката на сопственикот на НИКОБ

,,Љупчо Николовски, додека бил на функција наместо да мисли за државата и да биде министер за сите, тој се однесувал како дон или бил Љупчо Дон Николовски заинтересиран за партијата.Љупчо Дон Николовски злоупотребувал народни пари и неколку години по ред ги исплаќал милионски суми без основ на фирма блиска до СДС. Тоа го правел преку договори со фирмата Арекспорт од Струмица, односно дал под закуп државно земјоделско земјиште со површина од 1.416 хектари.Арекспорт е фирма зад која стои Митра Лазарова, мајка на Кирил Лазаров, газда на НИКОБ, главен лик за тендери на СДС, почнувајќи од ЕВН, преку државни институции како Град Скопје, Влада, па пак се до прифатни фирми, поточно лаборатории од периодот на ковид отворени во време на Филипче.Лазарови како блиски пријатели Заев и Филипче се главни столбови на СДС и токму затоа и Љупчо Дон Николовски префрлувал милиони на Арекспорт.Прво, Арекспорт склучила неколкугодишен договор за закуп со Министерството за земјоделие за наводни лозови насади.Второ, наместо лозов насад стотиците хектари биле наменети за едногодишни култури. Ова е спротивно за договор за закуп, потоа спротивно е и што давале на други лица да ја работат земјата.Трето, фирмата не плаќала ниту за закупот на земјиште. Или Арескпорт не платила закупнина во висина од 30 илјади евра за 2022 и 2023 година.Фактот што воопшто не се работело по договорот за закуп е основ за раскинување на истиот, но Дон Николовски не се интересирал за правните норми, туку за партиските правила.Оттука фирмата на семејството НИКОБ добила 485.000 евра за субвенции на кои немала право.Дон Николовски да каже зошто не го раскинал договорот кога фирмата не го почитувала истиот?Дон Николовски да каже каков интерес имал тој, а каков партијата и поединци од партијата?Дон Николовски е на дело фатен во криминал и за истиот треба да одговара.Денес продолжуваме со нови докази за тоа колку е оштетен буџетот, а надлежните институции треба да постапуваат навремено и транспарентно.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Milososki-27.06

Милошоски: Со спојување на Државната комисија за одлучување во втор степен од инспекциски надзор и Комисијата во втор степен за управна постапка ќе се добие една поефикасна и порационална комисија

За Државната комисија за одлучување во втор степен од инспекциски надзор и Државната комисија која одлучува во втор степен за управна постапка и работни односи предлагаме спојување, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на денешната собраниска седница.Пратеникот Милошоски со објаснување зошто се предлага спојување на комисиите.„Зошто се предлага укинување на една Второстепена комисија, затоа што идејата е овие две второстепени комисии да се спојат во една при што ќе имаме намален број на членови на комисијата ќе имаме зголемена ефикасност и ќе има оптимизација на институциите кои би биле во функција на потребите на граѓаните“, кажа Милошоски.Милошоски информираше дека Државната комисија за одлучување во втор степен од инспекциски надзор во овој момент брои 7 членови.„Тенденцијата на решавање на предмети е следна, односно ќе дадам една споредба. Во 2020 година оваа Комисија имала 2422 предмети за решавање, а во 2023 година бројот на предмети за решавање е паднат на 660 предмети“, вели Милошоски.Оттука додаде Милошоски, треба да се поддржат измените со цел да се добие една комисија која ќе биде порационална и поефикасна, со помал број на челнови.

Македонија | пред 1 година

IMG_6528

Мицевски: Со измените на законот за локална самоуправа нема да има нови избори за нов градоначалник до редовните во октомври 2025 година, со тоа ќе се заштедат и пари

„Со законот за локална самоуправа се регулираат прашањата за надлежностите на општината, непосредно учество на граѓаните во одлучувањето, иницијативи, организација на работа на органите на општината како и други прашања од значењето на локалната самоуправа“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на денешната собраниска седница.Тој потенцираше дека измените се со цел да нема нови предвремени локални избори.„Измените на законот за локална самоуправа треба да овозможат да нема избори за нов градоначалник до редовните избори ако има помалку од 12 месеци. Станува збор за преодно решение кое ќе важи само за претстојните локални избори кои треба да се одржат во октомври 2025 година“, вели Мицевски.Тој продолжи и додаде:„Имајќи во предвид дека до распишување на нови редовни локални избори има помалку од 12 месеци и тргнувајќи од начелото за економичност и економската состојба во државата како и краткиот рок за организација на овие избори предложените законски решенија се со цел да ја постигнат целта заради која е предложен законот, а тоа е да нема измени односно овие кандидати за градоначалници да останат до одржување на редовните локални избори“, дециден е Мицевски.

Македонија | пред 1 година

IMG_6201

Петрушевски: Љупчо Дон Николовски овозможил незаконска исплата од 485.000 евра на мајката на газдата на НИКОБ, близок до Заев и Филипче

,,Љупчо Дон Николовски, наместо како министер во влада, додека бил на позиција се однесувал како мафијашки дон. За Дон Николовски не важеле законите, туку партиската припадност.Љупчо Дон Николовски ја злоупотребил својата позиција континуирано во период од неколку години и на фирма блиска до СДС исплаќал милионски субвенции без основ.Имено Љупчо Дон Николовски склучил низа договори со фирмата Арекспорт од Струмица за давање под закуп на државно земјоделско земјиште со површина од 1.416 хектари.Да, 1.416 хектари за фирма од Струмица, зад истата таа фирма стои Митра Лазарова, мајка на Кирил Лазаров, газда на НИКОБ, главен тендераџија на СДС, од ЕВН, преку град Скопје и до Влада до приватни лаборатории во време на Ковид пандемијата кои ги отвори во време на Венко Филипче.Семејството Лазарови се најблиски пријатели со Зоран Заев и Венко Филипче. Главни стожери на СДС. Тоа било доволна причина за Љупчо Дон Николовски да испумпува милиони на сметката на Арекспорт без никаков основ, но да почнеме со ред.Фирмата Арекспорт склучила долгогодишен договор за закуп со МЗШВ под превезот дека земјиштето ќе го насади со лозов насад.Наместо лозов насад стотици хектари се користеле за сеење на едногодишни култури, спротивно на договорот за закуп, а уште толку се давале на други лица да ги работат, односно не биле обработувани од фирмата закупец.Неискористувањето на земјиштето за намената за која што е склучен договорот е основ за раскинување, но до тоа не дошло затоа што наместо по закон Дон Николовски работел по партискиот кодекс.Фирмата на семејството газди на НИКОБ заради тоа што Дон Николовски не им го раскинал договорот, иако за тоа бил должен да го направи, инкасирале 485.000 евра за субвенции, кои немале право да ги земаат.485.000 евра воопшто не требало да бидат исплатени затоа што фирмата на семејството газди на НИКОБ не само што не го испочитувале договорот во делот на насадот кој се обврзале да го засадат, туку и не платиле закупнина за земјиштето 2 години по ред.Арескпорт не платиле закупнина во висина од 30.000 евра, за 2022 и 2023 година. Љупчо Дон Николовски, и покрај тоа што неплаќањето на закупнина е основ за раскинување на договорот, тоа не го направил и со тоа овозможил нелегална исплата на субвенции.Презентиравме два основа според кои Љупчо Дон Николовски имал право и обврска да го раскине договорот, и тоа не го направил. Зошто Дон Николовски не го раскинал договорот и дали и каков интерес имал?Дон Николовски е фатен инфлагранти во криминал. Дон Николовски треба да одговара.Утре ќе презентираме нови докази, за тоа дека Дон Николовски можел да го раскине договорот со фирмата на семејството газди на НИКОБ и тоа не го сторил, а овозможил исплата на субвенции и го оштетил буџетот.”, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе поднесеме претставка до Антикорупциска, а јавноста очекува одговор на прашањето зошто Венко Филипче криел имот

,,Венко Филипче продолжува да молчи пред фактите.Фактите велат, Венко Филипче како министер за здравство криел имот. Имотот што го поседувал како министер го пријавил како пратеник оваа година.Што пријавил Венко Филипче како министер за здравство?Прво, куќа од 464 метри квадратни изградена во 2017 година.Второ, стан од 130 метри квадратни кој го стекнал како подарок во 2016 година.Трето, на име заеднички имот пријавил стан од 50 метри квадратни метри во Скопје стекнат со договор за купопродажба во 2010 година.Што пријавил Венко Филипче избран за пратеник на изборите во мај 2024 година?Прво, стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година - не е пријавен кога бил министер, а го имал.Второ, стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година - не е пријавен кога бил министер, а го имал.Трето, два стана во Скопје од по 12 милиони денари, стекнати на основ на договор за градба во 2017 година - не се пријавени кога бил министер, а ги имал.Четврто, стан во Центар стекнат во 2008 година со договор за купопродажба - не е пријавен кога бил министер, а го имал.Кога Венко Филипче молчи, ВМРО-ДПМНЕ согласно законските надлежности ќе поднесе претставка до Државната комисија за спречување на корупција. Дополнително ќе поднесеме копија од електронски извод на анкетните листови на Венко Филипче од 2018 и 2024 година. Од анкетни листови се гледа дека во 2024 година Венко Филипче навел дека поседува имот кој во 2018 година не го пријавил, а морал истото да го стори.Институциите треба да постапуваат, а постапката треба да биде навремена и транспарентна.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_5220

Митева: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе претставка до ДКСК за различните имотни листови на Венко Филипче од 2018 и 2024

,,Венко Филипче и СДС и понатаму молчат и не кажуваат зошто Филипче има два различни анкетни листови каде има разлика во недвижниот имот.ВМРО-ДПМНЕ поаѓајќи од законските надлежности на ДКСК ќе поднесе претставка со копија од електронскиот приказ на анкетните листови на Венко Филипче од 2018 и 2024 година, од кои јасно може да се заклучи дека податоците од двата анкетни листа не соодветсвуваат еден со друг.Венко Филипче како министер за здравство во својот Анкетен лист пријавил куќа од 464 м2 изградена во 2017 година како и стан од 130 м2 стекнат како подарок во 2016 година. Додека пак на име заеднички имот пријавил уште еден стан во Скопје од 50 м2 стекнат со договор за купопродажба во 2010 година.Пратеникот Венко Филипче во 2024 година пријавил дека го поседува следниот имот: Стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година, кој не го пријавил кога бил министер, а според тоа што навел го стекнал пред да стапи на функцијата; Втор стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година кој исто така не го пријавил додека бил министер; Два стана во Скопје од по 12 милиони денари, стекнати со договор за градба во 2017 година, кои исто така ги немал пријавено во анкетниот лист додека бил министер; и стан во Центар стекнат во 2008 година со договор за купопродажба, кој исто така не го навел додека бил министер.Очигледно е дека во 2024 година Венко Филипче навел дека поседува имот кој во 2018 година не го пријавил, а морал истото да го стори. Зошто не е пријавен тоа треба самиот Филипче да одговори, а институциите да истражат.Очекуваме брза и транспарентна постапка.”, вели Марија Митева, портпарол, пратеник, челн на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

120190420_222432

ВМРО-ДПМНЕ: Одбивањето на СДС на идејата за државно и национално единство e отсуство на разум и e типично за конфузни луѓе уплашени од сопственото минато

,,Одбивањето на СДС на идејата за државно и национално единство, освен што преставува отсуство на разум е типична за конфузни луѓе уплашени од сопственото минато. Луѓе кои едно зборуваат, друго прават. Кои немаат мака да ги изневерат очекувањата на блиските, и кои си поигруваат со судбината на другите.Луѓе кои се плашат од тоа сто го правеле против народот и државата. Жалиме за ваквата реакција, но таа нема да не поколеба во намерите да воспоставуваме заедништво базирано на принципи кое нашите граѓани го очекуваат од нас.Преку глава им е на граѓаните од инфлантниот однос на политичарите кои си ги гледаат само личните интереси, и од сите очекуваат зрелост и одговорен пристап затоа сто реалноста која ја наследивме од минатата гарнитура е катастрофална, институциите се разурнати, дивеат банди, системот за вредности веќе не постои, државата беше екстремно задолжена и пред банкрот.Потребно е обединување на сите општествени чинители, на сите кои сакаат да го вложат својот потенцијал во развојот на државата. Македонија мора да победи, и тоа ќе се случи преку обединување без разлика на верска, етничка или партиска припадност.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

filipce

ВМРО-ДПМНЕ: Молк од Филипче и по неколку дена од објавување на информациите дека криел имот, надлежните веднаш да реагираат

,,Претседателот на СДС, Венко Филипче по објавување на информациите дека како министер за здравство во анкетниот лист сокрил станови се уште молчи.Филипче молчи 48 часа по објавување на фактите.Филипче пет стана не пријавил како министер, а сега како пратеник ги пријавува, иако ги имал кога станал и министер.Филпче, односно неговите анкетни листа од 2018 година и 2024 година, кажуваат едноставна работа. Имотот кој го поседува сега е стекнат пред 2018, но тоа не го пријавил кога станал министер.Дополнително, имотот кој го пријавил во 2018 година не го пријавил сега, а нема ниту информации за приходи од продажба.Поточно, недвижниот имот на Филипче пријавен во 2018, а сега го нема е над 600.000 евра. Недвижниот имот пријавен во 2024 година, а стекнат пред 2018 година тежи над 700.000 евра. Ако се собере целиот имот на Филипче чини околу 1.3 милиони евра.Ова отвора многу дилеми и прашања.Зошто Филипче не пријавувал имот кој го поседувал како министер, зошто истиот го пријавува како пратеник, што се крие Филипче?Надежните институции не смеат да молчат. Филипче беше министер, сега е претседател на СДС.Антикорупциската комисија и јавното обвинителство треба час поскоро да реагираат и да ги испитаат информациите.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Очекувавме повеќе разум од СДС, очигледно неможат да се ослободат од криминалците коиуште долго ќе ги влечат надоле 

,,Очекувавме повеќе разум од СДС, очигледно неможат да се ослободат од криминалците кои уштедолго ќе ги влечат надоле.  Жално е да се гледа како СДС нема сила и храбростда се отргне од мафијашите кои им ја држатзаробена партијата.  СДС стана дувло за закрила на пар криминалци, коиги имаат личните интереси пред се.  Државата има потреба од нормална и конструктивнаопозиција, а не опозиција која секое свое делувањеќе го насочува кон заштита на поединци кои сеогрешиле пред законот. “, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Miteva-23.06.2022

Митева: Зошто Филипче 6 години не ги пријавил 5 стана во Скопје, уште во 2018 година кога станал министер, ДКСК да отвори предмет

,,СДС и Филипче молчат повеќе од 48 часа за 5 стана на Венко Филипче во Скопје, кои сега 6 години откако првпат стана функционер пријавува дека ги поседува, а со нив се стекнал пред воопшто да влезе во политика.Загрижува молкот и од надлежните институции. Доволно е да се погледнат двата анкетни листови на Филипче од 2018 и 2024, и ќе се дојде до едноставен заклучок дека имотот кој го поседува сега е стекнат пред 2018, но тоа не го пријавил кога станал министер. Уште пофрапантно е што пак имотот кој го пријавил во 2018 година не го пријавил сега, а ниту пријавил остварени приходи од продажба.Апелираме ДКСК веднаш да отвори предмет и ЈО да поведе постапка за Филипче.Недвижниот имот кој Филипче го пријавил во 2018, а сега го нема е над 600.000 евра. Каде е имотот, а ако го продал зошто не ги пријавил парите?Недвижниот имот кој Филипче пак го пријавил во 2024 година, а потенцираме е стекнат пред 2018 година, согласно достапните информации може да се процени на над 700.000 евра.Дали Венко Филипче криел имот и притоа заборавил што пријавил во 2018 година? Колку уште имот крие Венко Филипче? Ако се собере вредноста на недвижниот имот на Филипче од 2018 и 2024 година се доаѓа до сума од над 1.3 милиони евра.Институциите не смеат да останат неми. Филипче и СДС наместо да молчат треба да почнат да даваат одговори.”, вели Марија Митева, портапрол, пратеник, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_6502

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да се исчисти од сопствените криминали и реформира, па потоа да прифати единство за најважните прашања за државата

,,СДС потребно е да се реформира и да се откаже од криминалот, а потоа да прифати се она што премиерот Мицкоски го понуди како платформа на обединување. Ова се принципите за обединување:1. Правда и правна држава2. Стоп за партизацијата на општеството3. Крај на етничките конфликти и мегаломанските барања зад кој се кријат лукративните интереси4. Да го заштитиме и подобриме стандардот на граѓаните5.  Праведно општество6. Силно образование7. Исполнување на стратешката цел за членство во ЕУ8. Национално и државно единство9. Борба против иселувањето10. Градење на заеднички патриотизам Со лицемерна и дволична политика, со истите и стари и потрошени кадри не се гради единство. СДС да се исчисти од криминалот и да ги прифати овие принципи за заедништво.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања