ВМРО-ДПМНЕ

IMG_6201

Петрушевски: Љупчо Дон Николовски плаќал и по 500 евра за хотел од вечер, додека земјоделците чекале на него да ги подобри работите

,,Љупчо Дон Николовски наместо за земјоделците се борел за себе. Наместо да планира како да ги подобри условите во земјоделието, да најде пласман и да помогне на 100.000 земјоделци, тој мислел како и каде следно да патува, и колку поскап хотел да плати.Љупчо Дон Николовски кога престојувал во странство, веројатно сакал да престојува и патува со стил. Со народни пари плаќал скапи хотели и по неколку стотина евра од вечер.Се е полесно кога си министер од СДС, пред камери зборуваш за народот и социјална правда, а зад камери јадеш скапи јадења со државни пари и спиеш по хотели со пет звезди кои чинат неколку стотина евра за вечер.Љупчо Дон Николовски за 6 ноќевања во САД потрошил 2850 евра само за хотели.Љупчо Дон Николовски плаќал хотелска соба по 500 евра во Њу Јорк и Вермонт, а 450 евра во Чикаго.Во Италија во Рим Дон Николовски плаќал 300 евра за хотел од вечер.По примерот на Бисера Антоанета и Дон Николовски се луксузирал во Виена, за две ноќевања со државни пари се платени 670 евра.И кога патувал во соседството, како во Бугарија, Дон Николовски исто патувал луксузно, за хотел во Софија за една ноќ платил 150 евра.Ова се министрите од СДС. Ова е Дон Николовски кој имаше десетици милиони неисплатени субвенции. Заради ова велиме дека државата е ограбена.”, вели Бране Петрушевски, член на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Дон Николовски додека бил министер за земјоделие потрошил скоро милион денари за по кафани

,,Љупчо Дон Николовски освен што неосновано делел субвенции, поточно се расфрлал со народни пари и ги давал на фирми блиски до СДС, пари трошел и за лични потреби.Љупчо Дон Николовски за помалку од четири години колку што бил министер за земјоделие потрошил 976.199 денари или скоро милион денари за во кафеани и ресторани.Или милион евра поделени на 42 месеци колку што бил министер се 24 илјади денари, односно значи дека месечно трошел околу 24 илјади денари за ресторани. Или една плата со која живее семејство.Првата година од своето министерување Дон Николовски потрошил 294.780 денари или скоро 500 илјади денари народни пари на кафеани и ресторани, а последната предизборната 2023 година 377.700 денари или скоро 400 илјади денари.Дон Николовски јадел телешки мускул, чаден лосос, ракчиња и разни морски плодови, а пиел и скапи вина или шише од по 3.500 денари.Расипничкото однесување е карактеристика за функционерите од СДС.Продолжуваме со објавување детали за расфрлањето со народните пари од страна на Дон Николовски.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_6201

Петрушевски: Љупчо Дон Николовски потрошил 976.199 денари на кафеани и ресторани како министер за земјоделие, раскалашеноста е заштитен знак на СДС

,,Денес и во наредните неколку дена ќе обелодениме како Љупчо Дон Николовски покрај тоа што исплаќал милионски субвенции на фирми блиски до СДС без основ, и раскалашено трошел народни пари на лични задоволства и нему блиски луѓе.Љупчо Дон Николовски за три ипол години колку што бил министер за земјоделство потрошил 976.199 денари во кафеани и ресторани.Раскалашеноста е заштитен знак на СДС.976.199 денари кога ќе го поделиме на 42 месеци, доаѓаме до сума од 23.400 денари, пари кои Дон Николовски ги трошел на кафеани. Ова го презентираме вака за и самиот Дон Николовски да сфати дека месечно во кафеани трошел по една плата, со која во државава живеат цели семејства.Првата година од своето министерување Дон Николовски потрошил 294.780 денари народни пари на кафеани и ресторани, а последната предизборната 2023 година цели 377.700 денари.На масата на Дон Николовски често се наоѓале јадења како телешки мускул, чаден лосос, ракчиња и разни морски плодови, а се пиеле и скапи вина како Алшар од по 3500 денари шише.Дон Николовски се однесувал како Бисера Антоанета и без пардон трошел народни пари на кафанско седенки, додека од друга страна лицемерно зборувале дека работат за народот.Ова е таа раскалашеност и лицемерие на СДС. Утре и во наредните неколку дена целосно ќе го разоткриеме Дон Николовски и неговиот раскошен начин на живеење и патување.”, вели Бране Петрушевски, член на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

120190420_222432

ВМРО-ДПМНЕ: АД МЕПСО расипнички се однесувало со парите на граѓаните, претходното раководство да одговори дали донациите се согласно закон

,,Работењето на АД МЕПСО под претходното раководство е сомнително по неколку основи, а особено во делот на давање донации.За 2024 година на име донации и спонзорства АД МЕПСО предвидело вкупно 12.300.000 денари, а потрошило по овој основ 22.712.500 денари.Законот за донации и спонзорства согласно член 11 предвидува да се утврди целта на донација и истата да биде од јавен интерес.Оттука се поставуваат прашањата.Прво, кој е јавниот интерес кога станува збор за донацијата на АД МЕПСО, односно од донацијата за Здружението на граѓани за промоција 22 Нентор. Здружението добило 120.000 денари.Второ, СЕСОН добило 300.000 денари и ОФ на Македонија добило 1.000.000 денари, а нема никакви јавни податоци.Трето, Центарот за модерни и спортски танци Прима Данца од АД МЕПСО добил 300.000 денари во месец април оваа година.Четврто, боречки клуб Тефејуз Скопје од АД МЕПСО добил 300.000 денари.Објавеното е само мал дел од листата на донации кои ги давало АД МЕПСО, а за кои има основано сомнение дека не е почитуван Законот.Затоа прашуваме, прво, дали согласно член 19 од Законот за донации и спонзорства се изготвени извештаи помеѓу давателот и примателот на донацијата, извештаи согласно закон се задолжителни, второ, дали врз основа на извештаите јасно е утврден јавниот интерес, односно користа од донацијата за јавноста?Јавноста ќе ја информираме за сите неправилности, а за истите надлежните институции треба да реагираат веднаш. Одговорност за непочитување на правните норми мора да има.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Marija-Miteva-14.06.2022

Митева: Дали МЕПСО постапувал согласно Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, како донација на студио за танц има импакт врз јавноста?

,,Донациите и спонзорствата на АД МЕПСО се сомнителни по неколку параметри. Прво, согласно планот и анализата предвиден за 2024 година биле предвидени 12.300.000 денари, а од страна на раководството биле потрошени 22.712.500 денари. И второ, согласно членот 11 од Законот за донации и спонзорства во јавните дејности каде се утврдува дека преку целта на донација треба да се утврди, оствари, промовира или поддржи дејност од јавен интерес.Па оттука прашуваме, која е дејноста од јавен интерес што АД МЕПСО го спонзорирал преку Здружението на граѓани за промоција 22 Нентор кое во февруари годинава добило 120.000 денари. За дел од примателите на донациите, како на пример СЕСОН кое добило 300.000 денари и ОФ на Македонија кое добило 1.000.000 денари не може да се најдат подетални податоци. Понатаму, на Центарот за модерни и спортски танци Прима Данца биле доделени 300.000 денари во месец април оваа година. На Боречки клуб Тефејуз Скопје биле доделени 300.000 денари.Листата на донации и спонзорства е долга и голема, па затоа прашуваме дали согласно член 19 од Законот за донации и спонзорства се изготвени извештаи помеѓу давателот и примателот на донацијата кои се должни тоа да го направат? Дали врз основа на тие извештаи може да се утврди целта на донацијата и импактот кој истата го имала врз јавноста?Владеењето на СДС и ДУИ беше катастрофално на секое ниво. Ќе продолжкме да ја информираме јавноста за информациите кои доаѓаат до нас, а за сите овие работи очекуваме одговорност и соодветни постапки.”, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо АД МЕПСО да го одржува стабилен енергетскиот систем и да нема покачување на цената на струјата, недомаќински ги трошело народните пари за донации

,,Eнергетскиот сектор во Македонија е на дното. Последен во низата скандали беше отпишување на долгот во висина од 14 милиони евра, а долгот го отпиша претходното раководство. Долгот беше отпишан затоа што должник е синот на Муса Џафери и други блиски фирми на СДС и ДУИ.Што правело претходното раководство, каде завршувале парите на граѓаните?Одговорот е едноставен, парите оделе за донации и спонзорства.За 2024 година на име донации и спонзорства АД МЕПСО предвидело вкупно 12.300.000 денари, а потрошило, односно донирало и спонзорирало 22.712.500 денари.Станува збор за следни донации и спонзорства.Прво, Фитнес клуб Динамик Скопје добил 200.000,00 денари.Второ, 100.000 денари донација на Македонско стоматолошко друштво Скопје.Трето, донација или спонзорство има и на име Шкендија-Арачиново со исплата во март годинава во износ од 300.000 денари.Оттука се поставуваат низа на прашања зошто АД МЕПСО донирало кај стигне, која била целта да спонзорира во фитнес клубови, фудбалски клубови или пак невладини организации. Објаснување и цел на донациите нема.АД МЕПСО има две клучни улоги, а тоа се пренос на електрична енергија и управување со електропреносниот систем. АД МЕПСО треба да обезбеди оптимален и одржлив развој на електропреносниот систем со цел да се задоволат потребите од електрична енергија на корисниците. Поради фактот што Македонија немаше стабилен енергетски систем, имаше покачување на цените на електричната енергија или бевме ограбена држава.Заклучокот е дека народните пари се трошеле недомаќински, односно за донации, а не за стабилен енергетски систем.Ова е резултат на расипничкото владеење на СДС и ДУИ.Денес продолжуваме со нови информации за тоа каде АД МЕПСО донирало!За секое незаконско работење одговорност мора да има!”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_6201

Петрушевски до Битиќи: По дебаклот на изборите СДС не знае кај тера, парите од заемот ќе се инвестираат кај граѓаните и македонската економија

Очигледно е дека после дебаклот на последните избори СДСМ тотално го загуби правецот на делување и тоа се гледа во последните нивни политики, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски од собранискита говорници каде што се дискутира за законското решение за заемот од 500 милиони евра од унгарската влада.Петрушевски истакна дека е срамота за еден поранешен вице премиер за економски прашања, обраќајќи му се на пратеникот Фатмир Битиќи, да излегува на говорница и да критикува за некакво задолжување, најпрвин од причина што во негово време, неговата влада го дуплира јавниот долг на Република Македонија од 4,7 милијарди евра на 8,9 милијарди евра.„Стамота е што затоа што ова задолжување од 500 милиони евра е предвидено во буџетот кој што предложи и го донесе претходното мнозинство. 500 милиони евра стојат како финансирање во нивниот буџет. Да се зборува за тајност за едно задолжување кое што беше најавено уште во предизборниот период, за едно задолжување за кое што се дебатира со месеци е смешно“, рече Петрушевски.Меѓутоа, додаде тој, тоа е така затоа што свесни се дека ова задолжување е далеку поевтино од сите нивни претхотни задолжувања, затоа што неговата влада на овој поранешен вице премиер замо од јануари до јуни 2024 година, за само шест месеци направија вкупни трошоци за камати во буџетот од 182 милиони евра, а во истиот период во 2023 година биле 108 милиони евра, а во 2022 биле 83 милиони евра.„И да биде парадоксот поголем, го критикува задолжувањето без да спомене ниту една бројка. Па, зошто почитуван поранешен вице премиере не кажете дека се работи за задолжување со каматна стапка од 3,25%, далеку најевтина каматна стапка за било какво можно задолжување? Зошто не ги кажете поволностите кои што се однесуваатна три годишен грејс период и 15 години рок на отплата? Очигледно затоа што не ви оди во прилог. Уште еднаш, повикот за општините е објавен, со коморите е договорено, парите ќе се инвестираат кај граѓаните и во македонската економија“, рече Петрушевски.

Македонија | пред 1 година

stojanoski

Стојаноски: Заемот од Унгарија ќе биде искористен за инфраструктурни проекти во општините од 250 милиони евра и 250 милиони евра за евтини кредити кон стопанството

„Очекував да се пријави за збор Венко Филипче бидејќи тој ја држеше прес конференцијата и да ги каже сите детали кои што ги соопшти на прес конференцијата но никогаш ни не дошол да дискутира во Собранието и тоа бегање приличи на вашето однесување. Останува да се демантираат неколку теми и да се објасни која е реалната суштина за која овој заем ќе служи. Економијата е една од клучните теми за која СДС беше катастрофално поразена. Транспарентно е донесен бидејќи е усвоен на влада и сега ќе се усвои во собранието“ кажа Бојан Стојаноски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на седницата за законското решение за заемот од Унгарија и додаде:„Овој заем доминантно ќе биде искористен за две цели. Прво за финансирање на инфраструктурни проекти во општините во износ од 250 милиони евра а второ за финансирање на кредити на евтини кредити кон стопанството од 250 милиони евра“ рече Стојаноски.Стојаноски потенцира дека општините ќе добијат 250 милиони евра за инфраструктурни проекти.„За финансирање на инфраструктурни проекти по она што го соопшти министерот за Локална самоуправа, 80 општини за 357 апликативни формулари имаат поднесено за финансирање на проекти. Тоа значи дека за 6 дена ќе заврши процесот на евалуација на тие проекти и тие проекти кои што ќе бидат избрани со ресорните министерства во договор со општините таквите средства веднаш ќе бидат префрлени на наменски сметки во општините“ истакна Стојаноски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ВМРО- ДПМНЕ: СДС денеска со своето соопштение се нокаутира

,,СДС денеска со своето соопштение се нокаутира.Сакаме да ги потсетиме од СДС дека во самата нивна Програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година имаат нотирано дека заостанати обврски по мерки од Програмите за финансиска поддршка во земјоделството од 2020, 2021, 2022 и 2023 година се во износ од 3.349.462.340,00 денари.Сето ова може да се пронајде во Службен весник, бр. 17 од 24.01.2024 година.Ги советуваме СДС да не се срамат повеќе, туку нека гледаат сега како работи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и нека учат како се работи. Веќе нема да има незадоволни земјоделци.Ерата на лошо управување со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заврши.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Miteva-02.12

Митева: На МЕПСО клучна функција му биле донации на спортски клубови наместо пренос на електрична енергија

,,Денеска и утре ќе објавиме зошто енергетскиот сектор во Македонија е на дното и како и на кој начин се трошеле државните пари секаде каде што не било неопходно.Пред да започнеме со деталите, да ја потсетиме јавноста само на последниот скандал - 14 милиони евра долг отпиша претходното раководство на МЕПСО.14 милиони евра долг беше отпишан затоа што должник е синот на Муса Џафери и други блиски фирми на СДС и ДУИ.А каде завршувале народните пари? На име донации и спонзорства АД МЕПСО согласно план и анализа за 2024 година предвидела вкупно 12.300.000 денари, а потрошила односно донирала и спонзорирала 22.712.500 денари. Донациите и спонзорствата се следни:Фитнес клуб Динамик Скопје добило 200.000,00 денари? Зошто и каква е поврзаноста на надлежноста на МЕПСО со донации и спонзорства на фитнес клуб?Понатаму, 100.000 денари донација на Македонско стоматолошко друштво МСД Скопје. Како, зошто и кој е основот за оваа донација? Кој е општествениот бенефит од оваа донација?Примател на донација или спонзорство е и Шкендија-Арачиново со исплата на 08.03.2024 во износ од 300.000 денари. Дали раководството на АД МЕПСО добило карти во ложа за да го проследи натпреварот за цела сезона на овој клуб? Или пак, на КК Башким? Затоа што и за овој клуб се доделени средства во износ од 250.000 денари во месец март оваа година?Почитувани, ова се делата кои зад себе ги оставија СДС и ДУИ. Трошење без усул, без цел и план, затоа Македонија е на ова дно.Двете клучни функции на АД МЕПСО се пренос на електрична енергија и управување со електропреносниот систем. Основна дејност на МЕПСО е оптимален и одржлив развој на електропреносниот систем со цел да се задоволат потребите од електрична енергија на корисниците со минимални трошоци и секако со задоволување на еколошките барања во државата. Затоа Македонија немаше стабилен енергетски систем, затоа имавме покачување на сметките на електрична енергија, затоа бевме ограбена држава. Затоа што наместо за граѓаните народните пари се трошеле ненаменски и залудно.Утре продолжуваме со објавување на листата за донации и спонзорства, а за ова одговорност мора да има!”, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

120190420_222432

ВМРО-ДПМНЕ: На ТОАРИЛУЦ се правеле набавки без план за да профитира раководството од СДС и ДУИ

,,На ТОАРИЛУЦ се правеле набавки без план за да профитира раководството од СДС и ДУИ, ја оставиле Клиниката на цедило без основни медицински средстваЗа СДС и ДУИ здравството било само област од која треба да профитираат поединци.Клиниката ТОАРИЛУЦ или Траума, ортопедија, реанимација и интензивно лекување ја оставиле во хаос.Прво, контролите од надлежните покажуваат дека се aнгажирале лица со договор на дело незаконски. Или повеќе од 60 лица на почетокот на оваа година биле ангажирани со договор на дело на Клиниката без согласност од Министерството за финансии, односно спротивно на член 9 од Законот за трансформација во редовен работен однос. Казната за лице кое го сторило ова дело е казна затвор од шест месеци до три години.Второ, Клиниката дополнително се соочува со недостаток на медицински сестри, а раководството не се грижело за тоа.Трето, раководство на ТОАРИЛУЦ на Клиниката направило финансиски обврски во износ од 840.000 денари и истите не биле во процедура согласно Законот за јавни набавки. Јавните набавки се правени без план за потребите на Клиниката. Оттука е дојдено до целосно исцрпување на договори и оставање на Клиниката без основни медицински средства и опрема.Ова е само еден од многуте примери на уништување на здравството!Одговорност ќе има за секој еден кој не го почитувал законот!”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Марков: Исцрпени договори за набавка, ТОАРИЛУЦ е оставена без основни средства и опрема, а пари се трошеле за ангажирање луѓе со договор на дело без согласност од МФ

,,СДС и ДУИ го гледале здравството како партиска фирма. Наместо да се грижат за медицинскиот персонал и пациентите, тие се грижеле за тесно партиски интереси.По извршените проверки во ТОАРИЛУЦ поранешното раководство ангажирало лица по договор за дело без финансиски согласности од Министерството за финансии.Во оваа клиника се преземени големи финансиски обврски без спроведени постапки.Имено, повеќе од 60 лица на почетокот на оваа година биле ангажирани по договор за дело на клиниката без да имаат финансиска согласност од Министерството за финансии, што е спротивно на членот 9 од Законот за трансформација во редовен работен однос. За истото е предвидено дека за лицето кое раководи со институцијата а анагажирало лица без предходна согласност од Министерството за финансии ќе се казни со казна затвор од шест месеци до три години.Во истовреме клиниката се соочува со недостаток на медицински сестри, за што раководството на водело сметка.Поранешното раководство на ТОАРИЛУЦ на клиниката буквално гледало како на партиска фирма, и истите наталожиле финансиски обврски во износ од 840.000 денари, а при тоа за истите не се спроведувани постапки согласно Законот за јавни набавки.Истовремено јавните набавки се правени без план и без долгорочни калкулации за потребите на клиниката. Поради несоодветно планирање дојдено е до целосно исцрпување на договори и оставање на клиниката без основни медицински материјални средства и опрема. Имено, договори склучени во тековната година се веќе исцрпени.Ова се само дел од причините зошто здравството е девастирано. Овој систем на работа заврши, за се ова ќе има одговорност, а од сега па натаму следува многу работа и посветен пристап за подобри услуги за пациентите.", вели Петар Марков.

Македонија | пред 1 година

filipce

ВМРО-ДПМНЕ: По примерот на Филипче кој местеше тендери, работеле и останатите од СДС и ДУИ, неправилности се констатирани во 19 од 24 јавни здравствени установи

,,СДС и ДУИ и во здравството гледале само бизнис.За криминалните тендери на Венко Филипче јавноста е запознаена, но не само тој на централно ниво, туку така се однесувале лицата од СДС и ДУИ и по поединечни јавни здравствени установи.Контролите спроведени од надлежни институции во јавните здравствени установи покажуваат огромен број на неправилности. Од контроли во 24 јавни здравствени установи неправилности се утврдени во 23 и тоа во делот на јавни набавки.Оттука неправилности се констатирани во клиниките за Максилофацијална хирургија во Скопје, за Урологија, за радиологија за Нефрологија, за психијатрија, потоа во здравствените домови во Гостивар, во Ресен, во Струга, во Делчево, во Демир Хисар, во Велес, Пробиштип, како и во Клиничка болница во Тетово, во Институт за јавно здравје Скопје, во Општа болница во Струга, Општа болница во Струмица, Општа болница со проширена дејност во Дебар, Центар за јавно здравје во Скопје, Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија Св.Еразмо во Охрид.Власта предводена од СДС наместо за пациентите и здравствениот персонал се грижела за местење тендери.Одговорност ќе има за секое незаконско работење.", велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-51-2530PM

Контролите констатирале голем брј нерегуларности при јавни набавки на многу клиники и здравствени домови, тврди Стојаноски

„Контролите кои се спроведени од страна на институциите во ЈЗУ и клиниките ставаат на површина факти дека СДС и ДУИ во здравството гледале бизнис.Злоупотребувани се јавните набавки во ЈЗУ и клиниките. Покрај матните тендери на Филипче на централно ниво, за кои јавноста е запознаена, злоупотреби се правени низ поголемиот број на ЈЗУ.Од извршените целосни финансиски контроли во 24 ЈЗУ за 2023 година, кај 19 ЈЗУ се утврдени неправилности во делот на контролата на спроведувањето на постапките за јавни набавки.Лоцираните неправилности се во следните ЈЗУ: УК за максилофацијална хирургија – Скопје, Здравствен дом – Гостивар, Здравствен дом – Ресен, Здравствен дом – Струга, УК за урологија – Скопје, УИ за радиологија – Скопје, УК за нефрологија – Скопје, УК за психијатрија – Скопје, Клиничка болница – Тетово, Здравствен дом – Делчево, Здравствен дом - Демир Хисар, Институт за јавно здравје – Скопје, Општа болница – Струга, Здравствен дом – Велес, Општа болница – Струмица, Општа болница со проширена дејност – Дебар, Центар за јавно здравје – Скопје, Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија ,,Св.Еразмо“ – Охрид, Здравствен дом - Пробиштип.Неправилностите во здравството, го метастазирале системот. Злоупотребите излегуваат на површина, одговорност ќе има“, вели Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

1-5

Поданичкиот однос со распродавањето на државните интереси за СДС беше рака под рака со корупцијата, врати ВМРО-ДПМНЕ

„СДС повторно го има лапнато апчето за заборавање на сопственото минато со кое самите себе си се обидуваат да заборават кои биле, што правеле и се замислуваат дека се нешто кое не се. За нивна жал тоа апче ако делува кај малкумината од нивното раководство, сепак не делува кај никој друг и затоа овие прес-конференции кои ги смислуваат во недостаток на компас и колку нешто да се каже демек жива е партијата, делуваат тотално одлепено. СДС е на ЛСД. Накусо можеме да кажеме и додека трипува така, ние би ги потсетиле што тие направија заедно со нивните другарчиња Бујар и Артан од националните интереси на државата“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Со Преспанскиот договор го срозија македонскиот идентитет, а со Договорот за добрососедство со Бугарија самите ја доведоа државата во подредена состојба што е рамно ма велепредавство, дозволувајќи и согласувајќи се дека мора да го промениме повторно, односно да го преформулираме сопствениот идентитет и сите негови одредници. СДС беше срам за државата и со своите меѓународни гафови и недостоинствено претставување ја доведе државата на ниво на кое и се смееја каде ќе стигнат и кој ќе стигне.Поданичкиот однос со распродавањето на државните интереси за СДС беше рака под рака со корупцијата која мислеа дека странците ќе им ја толерираат и ќе ги држат на власт се додека тие се продаваат како да се на улицата на црвените фенери во Амстердам.Сепак народот е свесен и знае и ние ќе се бориме за нашите интереси заедно со народот и убедени сме Македонија ќе победи, Македонија ќе успее!

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања