ВОЗДУХ

media-library0mv0rf26868n3JRgapR

(Видео) „Профит за нив, болести за нас“: Протест за затворање на „Усје“ пред три институции

Со транспаренти со пораки „Профит за нив, болести за нас“, „Дишеме отров“, „Воздухот не е луксуз, тоа е право“, „Профит за Усје, болест за народот“ и „Стоп за Усје“, граѓани денеска протестираа барајќи затворање на цементарницата, посочувајќи дека економскиот профит не смее да биде над здравјето на луѓето.Протестот започна пред Влада, по што демонстрантите се упатија кон Собрание и продолжија пред Министерство за животна средина и просторно планирање. Учесниците порачаа дека институциите имаат одговорност кон граѓаните и дека барањата за заштита на здравјето и животната средина мора да добијат конкретен и итен институционален одговор.Дел од пораките упатени преку транспарентите се однесуваа и на прашањето за мерењето на загадувањето, со критики дека реалната состојба не се прикажува соодветно и дека граѓаните со години се изложени на штетни емисии. Присутните истакнаа дека не можат да прифатат состојба во која, како што рекоа, „не можеме да дишеме од профит“, нагласувајќи дека правото на чист воздух е основно човеково право, а не привилегија.Според „Усје“, тие повеќе од месец се цел на неосновани напади.Со став се јави и премиерот Христијан Мицкоски.

Скопје | пред 3 дена

media-librarysadj1g24iub21Rpr4Vf

(Видео) „Ги убивате сите деца, вклучително и вашите“, револт во Струмица поради загадениот воздух

Во Струмица вечерва се одржа протест за чист воздух, на кој граѓаните јавно го искажаа револтот од долгогодишното аерозагадување и, како што порачаа, институционалната незаинтересираност за заштита на јавното здравје.Со транспаренти на кои пишуваше „Колку пари чини еден живот“, „До кога ќе бидеме депонија Европа“, „Ги убивате сите деца, вклучително и вашите“, „Надлежни за плата, ненадлежни за воздух“, „Корупцијата труе повеќе од индустријата“ и „Од смогот не се гледа иднината“, демонстрантите побараа итни и конкретни мерки за намалување на загадувањето и заштита на здравјето на граѓаните.Од говорницата беше упатена остра критика кон институциите, при што говорниците истакнаа дека молкот и отсуството на реакција не се случајни, туку претставуваат свесна политика. Беше нагласено дека станува збор за политика на одолговлекување и „купување време“, во која се чека да помине уште една сезона, уште една зима или лето, додека последиците по здравјето на граѓаните се продлабочуваат.„Кога државата не реагира како во вонредна состојба, таа испраќа порака дека нашето здравје е колатерална штета“, порачаа говорниците, предупредувајќи дека загадениот воздух директно влијае врз квалитетот на животот, а најмногу ги погодува децата, старите лица и хронично болните.Протестот помина со извици „Сакаме да дишеме!“, а граѓаните порачаа дека нема да се откажат од притисокот кон надлежните сè додека не се преземат сериозни и долгорочни мерки за решавање на проблемот со загадениот воздух.

Македонија | пред 1 седмица

cementara

ТИТАН Усје реагира: И без работа на печките, ПМ честичките остануваат високи

И покрај сите факти и докази кои потврдуваат дека компанијата работи согласно домашната регулатива и кои беа јасно потврдени од страна на релевантните институции, продолжуваат нападите кон ТИТАН Усје. Овие напади не само што се тенденциозни, бидејќи не се засновани на факти, туку на произволни толкувања, тие истовремено отвораат и дилема, од кои причини и мотиви неосновано „прстот“ се посочува само кон една компанија, која е значајна за националната економија, и додава нова вредност за вработените, за заедницата и за сите наши партнери. Што е најважно, овие напади ниту малку не придонесуваат кон изнаоѓање на решение за загадувањето во Скопје, велат од ТИТАН Усје„Дека компанијата не е причина за ваквите состојби, покрај другото, зборуваат и фактите од последните неколку дена. Имено, поради редовен ремонт двете печки не работат - едната од 20.12.2025 година, а втората од петокот на 16.01.2026 година. И покрај тоа што ТИТАН Усје целосно не работи, во петокот на 16.01. највисоката вредност на ПМ 10 честичките достигна 275 микрограми на кубен метар, во саботата (17.01.2026) - 250, во неделата (18.01,2026) – 143, во понеделникот (19.01,2026) – 190 и вчера, во вторник (20.01.2026) - 221 микрограми на кубен метар. Оваа состојба се потврдува секоја година.ТИТАН Усје е компанија која не само што работи согласно законите и е носител на А-интегрирана дозвола, таа е под континуиран 24-часовен независен мониторинг на излезните гасови од оџаците, а резултатите од мерењата се јавно достапни преку неделни извештаи. Мерењата на оџаците во Титан Усје се одвиваат согласно законската регулатива која ја пропишуваат институциите и е усогласена со европските директиви. Дека нашето работење не е поврзано со состојбите со амбиенталниот воздух во Скопје зборува и фактот дека и кога компанијата не работи, загадувањето е високо.Како компанија која е дел од интернационална групација, ТИТАН Усје во континуитет инвестира во модернизација на технолошките процеси . Изминатите шест години инвестициите надминаа 36 милиони евра, од кои 4,5 милиони евра беа наменети за намалување на влијанието врз животната средина.Искрено веруваме во потребата од еднаков третман на сите ентитети во земјата и согласно принципот на владеењето на правото очекуваме нашето работење да се опсервира и оценува низ призмата на стручноста и законите, а не преку лични и паушални ставови.Остануваме отворени за конструктивен дијалог со сите релевантни партнери во насока на изнаоѓање на трајнорешение во интерес на сите“, се додава во соопштението.

Скопје | пред 1 седмица

media-library01p44kqn4usc3RXRqOO

Цаневска: Загадениот воздух не познава партиска припадност, нечиј профит не смее да е поважен од здравјето

Советот на Град Скопје денеска ја одржа првата вонредна седница, на која се дебатираше за загадениот воздух. Вонредната седница беше свикана на иницијатива на советничката група на СДСМ и Коалицијата, а подржана и од други советници. Денешните предлози и дебати ќе бидат земени предвид и во рок од еден месец советниците треба да добијат конечен предлог заклучоци кои ќе бидат инкорпорирани во акцискиот план. Тие го задолжија градоначалникот Орце Ѓорѓиевски да испита колку краткорочните мерки за намалување на загадување се имплементираат од страна на скопските градоначалници и да им укаже дека нема да се толерира нереализирање на мерките за намалување на аерозагадувањето.Советничката Катерина Цаневска, рече дека Скопје со години е меѓу најзагадените градови во Европа, а реакцијата на институциите, и на државно и на локално ниво, се сведува на аларми, препораки и апели.„Според Институтот за јавно здравје, околу 4.000 смртни случаи годишно во државата се поврзуваат со загадениот воздух. УНИЦЕФ предупредува дека секој деветти смртен случај кај новороденчиња е поврзан со аерозагадувањето. Загадениот воздух и смртните случаи и заболените не познаваат партиска припадност”, рече Цаневска и посочи дека институциите затаиле на неколку полиња: затоплувањето како сериозен извор на загадување, урбанистичкиот криминал со кој Скопје е претворено во бетонска долина без воздух, потоа стариот возен парк и нефункционалниот јавен превоз, отсуството на ефективен инспексциски надзор, сеуште профитот од големите индустриски капацитети е поважен од здравјето а новиот Закон за контрола на индустриски емисии, остава простор клучни информации за загадувањето да бидат прогласени за „деловна тајна“.Како мерки, Цаневска предложи:1. Итно усвојување и финансирање на програма за замена на нееколошки системи на греење, со јасни рокови, обврзувачки таргети и реален буџет2. Воведување задолжителни рестриктивни сообраќајни мерки во денови со екстремно загадување, вклучително и ограничување на сообраќајот, бесплатен јавен превоз и приоритет за еколошки возила3. Мораториум и ревизија на деталните урбанистички планови во критичните зони на градот4. Донесување обврзувачки Акциски план за чист воздух за Град Скопје за период 2026-2029, со конкретни мерки, рокови, одговорни институции и месечна јавна отчетност5. Засилен, континуиран и јавно видлив инспекциски надзор над индустриските капацитети, со мерење на емисии во реално време, санкции за загадувачите6. Целосна транспарентност и право на информирање на граѓаните, без сокривање на податоци зад „деловна тајна“ кога е загрозено јавното здравје7. Итна имплементација на  локални политики за животна средина, со особен акцент на мерки за намалување на загадувањето на воздухот согласно обврските од Поглавје 27 и европските директиви.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryp169oluh36242QNuHlc

Димитровски: Како Совет имаме обврска да се бориме за почист воздух на скопјани

„Првата битка е итно да обезбедиме чист воздух во просториите во кои престојуваат ранливи групи во текот на зимата, а втората би рекол не е битка туку војна, е да поставиме добри основи за војна со загадениот воздух во нашиот град. За подобар квалитет на воздухот во просториите, потребно е да им обезбедиме на домаќинствата сигурен извор на топлина, како би можеле да ги заменат ќумбињата, печките на дрва со централно греење, да обезбедиме соодветна вентилација и филтрација на воздухот преку системите за греење, ладење, климатизација во градинките, училиштата и болниците, и не е за занемарување тоа што овој Совет изгласа да се купат прочистувачи за воздух за 400 училници во средните училишта во Скопје, тие се набавиме и ќе бидат дистрибуирани во текот на овој месец“, истакна Даме Димитровски претседател на Советот на град Скопје, на денешната вонредна седница на Советот.Димитровски посочи дека во борба со загадувањето, индустријата треба да примени европски практики во мерењата и јавноста на податоците, а градот и општините да ги зголемат инспекциските надзори.„Индустриските капацитети во Скопје, се наши соседи и мора да покажат чесност, преку јавно и транспарентно прикажување на континуирани мерења. Бараме од индустријата да примени европски практики во технологијата, во мерењата и јавноста на податоците. Малите и средни претпријатија имаат на располагање неколку понудени програми во кои може да искористат субвенции и од државата за намалување на потрошувачката на енергија, за подобрување на ефикасноста и намалување на загадувањето. Градот и општините треба уште посилно да притискаат и со едукација и со превенција, но и со инспекциски надзори секаде каде имаат надлежност и дополнително, при донесувањето на планската документација, чистиот воздух, и моделирањето на движењето на воздухот треба да станат обврска и за градот и за општините. Ние како Совет имаме обврска да се бориме за она што им е потребно на скопјани“, рече Димитровски и додаде:„Ќе мора да има мониторинг на сите големи загадувачи, вклучувајќи ги индустријата, домаќинствата, сообраќајот, дивите депонии, и хорека индустријата. Затоа уште на почетокот на 2026, бараме да се започне со подготовка на План за борба со аерозагадувањето. Во овој план бараме да се анализира влијанието на сите загадувачи, да се регистрираат сите оџаци во котлината, да се анализира влијанието на досега спроведените мерки во изминативе години, да се дефинираат мерки и акции кои можат да му помогнат на градот. Ние, Советот на град Скопје треба да бидеме строга контрола на планови кои ќе придонесат за поголемо загадување, но и ветер во грб за секоја акција која ќе го намали загадувањето“.

Скопје | пред 4 седмици

zagadeno-skopje-5

„Мириса на смрт, бели дробови се луксуз, деца растат со антибиотици“: Апел на мајка од Скопје против тишината за загадениот воздух

Уметницата и мајка од Скопје, Ина Михајлова, преку својот профил на социјалните мрежи јавно и без задршки проговори за, како што ја опиша, ужасната реалност со загадениот воздух во главниот град, испраќајќи силен апел до јавноста да престане со молчењето.Во објава што предизвика бројни реакции, Михајлова со потресни зборови го опиша секојдневието на семејствата кои живеат во Скопје, нагласувајќи дека децата тука не растат со румени образи, туку со инхалации, сирупи и антибиотици. Таа посочи дека бронхитите што постојано се повторуваат, кашлиците што стануваат нормала и прозорците што не се отвораат ниту преку ден се дел од животот што полека се прифаќа како нешто вообичаено.„Мириса на смрт“, напиша Михајлова, додавајќи дека секојдневно живее со чувство на вина затоа што сака да го изнесе детето на прошетка, како здравите бели дробови да се привилегија, а не основно право. Според неа, додека граѓаните се гушат, им се сервираат приоритети што немаат никаква врска со реалноста во која живеат.Во својата порака таа јасно ги дефинира вистинските приоритети: детето да може да истрча без да се закашла, да заспие без инхалатор покрај креветот и да не знае што е антибиотик пред да научи да чита. Михајлова нагласува дека ова не е драма, туку секојдневие за илјадници семејства во Скопје.Со завршните зборови, таа испрати директен и вознемирувачки апел до општеството, предупредувајќи дека колку повеќе се молчи за загадувањето, толку подлабоко се вдишува отровот што секојдневно го уништува здравјето на граѓаните.

Коментари | пред 1 месец

IMG_2960

(Фото) Опаѓа загаденоста во Скопје, дел од мерните станици светат и зелено

Се подобрува квалитетот на воздухот во Скопје, по викендот кога главниот град се впишуваше во првите три најзагадени во Европа, а Македонија беше и меѓу првите десет држави со најзагаден воздух. Утринава, повеќе мерни станици светат зелено, што значи дека има незначително загадување, односно во рамки на дозволеното. Ниско загадување има во неколку делови од градот како Карпош 4, Карпош 1, Тафталиџе 1, Аеродром, Центар. Специфично е што високо загадување покажува мерната станица на Водно.Состојбата со воздухот во текот на викендот, кога воздухот имаше мирис на чад, погледнете ја тука:

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања