ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

277468956_964835740838563_2359101997731838525_n

Денес попладне и навечер нова опасност од посилно невреме

Денес особено попладне и навечер, особено во источната половина од државава ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално повторно и тоа токму во споменатите предели можно е по силно невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој би можел да биде по крупен.Услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има и во делови од Скопската котлина.Во случај на појава на невреме, како и на силни електрични празнења препорачуваме голема внимателност, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29-30 степени. Во Скопје температурата денес ќе достигне до околу 26-27 степени.Потоа, утре и во петок ќе имаме по стабилна Атмосфера и без опасност од по големо невреме, а нови врнежи од дожд и нестабилност очекуваме за време на викендот.

Македонија | пред 1 година

nevreme

Денес од пладневните часови на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер

Денес од пладневните часови на повеќе места низ Македонија Атмосферата значително ќе се дестабилизира, што значи ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Атмосферата поради високите температури, спарното време и топлиот бран од југ е многу загреана и исполнета со многу енергија, па така локално, особено во западната половина од државава, Пелагониско, како и во делови од северните предели, но и во Скопскиот регион ќе се создрадат услови за по силно невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој може да предизвика локални поројни поплави, силен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на граад кој би можел да биде по крупен.Во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења препорачуваме голема внимателност, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен ветер и по крупен град, автомобилите да се заштитат.Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, во Скопје до околу 28 степени.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Времето денеска: Дожд и температури до 27 степени

Метеоролозите најавуваат за денеска променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.Температурите ќе се движат до 27 степени.Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.До крајот на мај ќе се задржи значително топло време со макасимални температури кој ќе бидат околу просекот и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, но и понатаму се најавува можност за голема нестабилност.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

Денес на повеќе места врнежливо и свежо, утре краткотрајна стабилизација

До крајот на денов во Македонија на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд, локално поројни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, особено изразен Долж Повардарието. Што се однесува до температурите, тие ќе бидат под просекот за средината на месец Мај, и ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени. Во Скопје и околината исто така до крајот на денов ќе има повремен дожд, а ќе дува и умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се искачи до околу 14-15 степени.Потоа, утре ќе имаме краткотрајна стабилизација на времето, додека од сабота кон крајот на денот и во текот на ноќта кон недела влегуваме во нов период на многу нестабилно време, со честа појава на локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локално невреме.Температурите утре, а особено за време на викендот позначително ќе се покачат, и тоа поради влијанието на топлиот бран од Африка кој го најавуваме веќе подолго време. Максималните дневни температури за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе се искачат до околу 31-32 степени. Во Скопје за време на викендот температурата ќе се искачи до околу 30-31 степен.Поради загреаната Атмосфера и исполнета со енергија, токму поради топлиот бран од Африка, за време на викендот, како и во почетокот на следната недела во Македонија ќе се создадат услови за локално посилно невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, бурен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на покрупен град.

Македонија | пред 1 година

301876588_639375227401437_7872121129142364216_n

Кон Македонија доаѓа нов влажен бран: Следуваат врнежи од дожд, со грмежи и засилен ветер

До крајот на денов во Македонија ќе имаме зголемена облачност која на повеќе места ќе донесе повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со засилен ветер. И во Скопје денес очекуваме повремени врнежи од дожд, а во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни, а можна е и појава на грмежи како и со засилување на ветерот.Што се однесува до температурите, тие денес ќе бидат под просекот за средината на месец Мај и ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 18 степени, во Скопје температурата ќе достигне до околу 16 степени.Речиси до крајот на оваа работна недела продолжува нестабилното време со повремени локални врнежи од дожд и со потпросечни температури на воздухот за средината на месец Мај. Ќе дува и ветер од југоисточен правец, кој особено Долж Повардарието повремено ќе биде и засилен на интензитет.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Следува многу нестабилно време со чести врнежи и грмежи

Денес поплдне особено во западните и во југозападните предели од државава ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Не се исклучува можноста и за ретка појава на град. Температурите денес во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени.Во Скопје и околината очекуваме претежно стабилна Атмосфера, а температурата денес во Скопје ќе се искачи до околу 25 степени.Под влијание на влажна и свежа воздушна маса од север, утре и во среда на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд. Утре попладне на повеќе места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално е можна појава и на невреме.Што се однесува до температурите , од утре до четврток тие ќе бидат под просекот за средината на месец Мај и ќе се искачуваат во интервалот само од 12 до 20 степени. Само во најтоплите централни и југоисточни предели тие можно е да се искачат малку над 20 степени. Појава на локален дожд ќе има и во четврток.За време на овој влажен бран, локално се очекува да наврне поголемо количество на воден талог (над 20 л/м2).

Македонија | пред 1 година

301161724_590774289354954_6823866186930323195_n

Денес попладне и вечерва повторно врнежи и грмежи

Нашата територија и денес ќе се наоѓа под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса од југозапад, која е поврзана со циклонската актиовност со центар над Медитеранот.Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на град.Апелираме во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.Во Скопје и околината исто така до крајот на денов ќе има повремен пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на невреме, проследено со силен ветер и со појава на град.Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени.

Македонија | пред 1 година

sonce-so-termometar

Светот штотуку го доживеа најтоплиот април забележан досега

Светот штотуку го доживеа најтоплиот април забележан досега, продолжувајќи ја 11-месечната серија на соборување температурни рекорди секој месец.Овие податоци денеска ги презентираше службата за следење на климатските промени на ЕУ, која наведе дека секој месец од јуни 2023 година е најтопол на планетата досега измерен и забележан.Според месечниот преглед на Службата за климатски промени Коперник (C3S), вклучително и април, просечната глобална температура за период од 12 месеци била највисока досега, 1,61 степени Целзиусови над просечната температура во прединдустрискиот период од 1850 до 1900 година. .Некои од екстремите, вклучително и рекордните температури на површината на морето неколку месеци по ред, ги наведоа научниците да истражат дали човечката активност предизвикала пресвртна точка во климатскиот систем или дали сме сведоци на значителна промена во климатскиот систем.Емисиите на „стаклена градина“ од согорувањето на фосилните горива се главната причина за климатските промени, сметаат научниците и не потсетуваат дека во последните месеци, природниот феномен Ел Нињо, кој ги загрева површинските води во источниот дел на Тихиот Океан, исто така ги зголеми температурите. .Април, исто така, забележа некои временски екстреми, вклучително и топлотен бран во Сахел што можеби предизвика илјадници смртни случаи.Климатологот Хејли Фаулер од Универзитетот во Њукасл рече дека податоците покажуваат дека светот е опасно блиску до прекршување на целта од Парискиот договор од 2015 година за запирање на глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа.Неговото мислење е дека светот веќе ја изгубил таа битка и дека сега треба што побрзо да се работи на намалување на емисиите на штетни гасови за да се задржи зголемувањето на глобалната температура под два Целзиусови степени во однос на прединдустрискиот период.

Магазин | пред 1 година

3

Од денес попладне на повеќе места низ Македонија врнежи и грмежи, се очекува локално невреме

Од денес попладне до петок, нашата територија ќе биде под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот. Токму ова ќе услови поголемо дестабилизирање на Атмосферата, па така на повеќе места низ Македонија во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Оваа циклонска активност ќе предизвика локално процесите да бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град. Токму поради очекуваната појава на електрични празнења, препорачуваме крајна внимателност, односно граѓаните да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја.За време на оваа циклонска активност локално се очекува да наврне позначително количество на воден талог (над 25 л/м2).И во Скопје и околината од утре попладне, до петок ќе има појава на повремен пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме, проследено со силен ветер и со појава на град.Температурите во четврток и во петок позначително ќе опаднат и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени. Пониски температури ќе имаме и за време на викендот, но нестабилноста ќе се намали, а утрата ќе бидат значително посвежи.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Од утре попладне до петок на повеќе места низ Македонија врнежи и грмежи

Од утре попладне до петок, нашата територија ќе биде под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот. Токму ова ќе услови поголемо дестабилизирање на Атмосферата, па така на повеќе места низ Македонија во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Оваа циклонска активност ќе предизвика локално процесите да бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град. Токму поради очекуваната појава на електрични празнења, препорачуваме крајна внимателност, односно граѓаните да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја.За време на оваа циклонска активност локално се очекува да наврне позначително количество на воден талог (над 25 л/м2).И во Скопје и околината од утре попладне, до петок ќе има појава на повремен пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме, проследено со силен ветер и со појава на град.Температурите во четврток и во петок позначително ќе опаднат и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени. Пониски температури ќе имаме и за време на викендот, но нестабилноста ќе се намалу, а утрата ќе бидат значително посвежи.

Македонија | пред 1 година

IMG_0743

Температурите во Мај, Јуни и Јули: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените

Почитувани, редно е да излеземе со подолгорочна анализа на времето за следните неколку месеци, со оглед на тоа што интересот е голем. Но да напоменеме дека оваа долгорочна анализа на времето е многу неофицијална, и дека промени во истата ќе се случуваат во следниот период.Барем според сегашните изгледи на прогностичките материјали со кој ние располагаме, во периодот мај, јуни и јули температурите во Македонија ќе бидат за степен до два повисоки, што значи дека треба да очекуваме нешто потопло време. Но да не заборавиме дека се можни исклучоци, односно периоди со потпросечни температури и поладно време од вообичаеното.Што се однесува пак до врнежите, тие би биле околу, или нешто натпросечно високи, односно повремено би можеле да имаме и повеќе врнежи. Но, поради тоа што нормално температурите како што ќе растат, така ќе се загрева и Атмосферата и ќе се исполнува со енергија. Во ваква ситуација, ќе растат условите за создавање на грмотевични облаци и за временски непогоди во Македонија.

Македонија | пред 1 година

vrnezi-dozd-vreme

Утре во Македонија нов влажен бран кој ќе донесе нови врнежи од дожд

По денешниот претежно стабилен и сув ден со повеќе сончеви периоди, но релативно поветровит за разлика од изминатите неколку денови, веќе во текот на претстојната ноќ, према утрешните рани утрински часови, како и утре повторно во Македонија очекуваме нови повремени врнежи од дожд. Локално врнежите повторно ќе бидат нешто пообилни, а ќе има услови и за ретка појава на грмежи.Овој пат на планините со надморска височина од над 1400-1500 метри ќе има и повремени врнежи од снег, а на повисоките планини ќе се формира нова помала снежна покривка. Утре ќе дува и слаб до умерен ветер од северозападен правец, и истиот Долж Повардарието повремено ќе биде засилен на интензитет.Повремени врнежи од дожд утре ќе има и во Скопскиот регион.Што се однесува до температурите, утре тие ќе бидат на кратко нешто пониски за разлика од денес и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени. Во Скопје температурата утре ќе се искачи до околу 15 степени.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-23-2450PM

Доаѓа потопло време со пролетни температури на воздухот

Почитувани, во изминатиот период бевме сведоци на огромна промена на времето која услови обилни врнежи од дожд и снег, како и намалување на температурите дури за повеќе од 20 степени, а во регионот дури и за 30 степени.За среќа, во деновите кои се пред нас иако наутро ќе биде посвежо, сепак не очекуваме појава на мраз, со исклучок на високите места и планините каде е можна појава на слаб до умерен утрински мраз. Преку ден ќе биде потопло, но повторно очекуваме променливо време со повремени врнежи, кои особено утре на повеќе места ќе бидат и пообилни.Максималните дневни температури утре како што и наведовме во нашата последна метео анализа ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени.Потоа од среда максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, што значи ќе имаме вистински пролетни температури на воздухот, но како што наведовме погоре, и понатаму во деновите по утрешниот ден ќе имаме услови за повремен локален дожд.И во Скопје и околината од среда очекуваме потопло време преку ден, па така температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 16 и 20 степени.Барем одсега гледано, поради тоа што нормално сите ние се интересираме какво време не очекува за 1 мај и за Велигденските празници, времето би било пролетно топло и без некои позначителни врнежи и нестабилност на Атмосферата. Детална и конечна анализа околу ова ќе објавиме во следните денови, кога се ќе биде многу појасно.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Во текот на претстојната ноќ и утре нови пообилни врнежи од дожд, дожд ќе има и во Скопје

По денешниот претежно стабилен и сув ден, во текот на претстојната ноќ и утре територијата на Македонија ќе биде зафатена од нов поголем влажен воздушен бран од југ, и истиот ќе услови нови пообилни врнежи од дожд на повеќе места низ Македонија. Провејување на снег ќе има само на највисоките планински места.Локално повторно ќе наврне позначително количество на воден талог (над 25 л/м2). Особено Долж Повардарието повремено ќе засилува ветерот од југоисточен правец.Во Скопје и околината исто така утре очекуваме нови врнежи од дожд, додека денешниот ден ќе биде претежно стабилен и сув.Што се однесува до температурите, максималните дневни денес ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени, а утре тие ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени. Во Скопје максималната температура денес ќе се искачи до околу 17 степени, додека утре таа ќе биде нешто пониска и ќе се искачи до околу 14 степени.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-08-at-09.56.05

Пристигна снегот на македонските планини

Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, а од денес пристигна и во Македонија и донесе снег на планините, особено во западните и во северозападните предели од Македонија. Во продолжение погледнете ја снежната бајка која доаѓа од Лабунишки Бачила, Јабланица, Струшко.Снег има и на Скијачките центри, односно на Попова Шапка.Врнежи од дожд и снег на планините ќе има и денес, како и во следните денови, особено за време на викендот кога очекуваме нови поинтензивни врнежи. На планините, особено на оние со поголема надморска височина, и особено во западните и во северозападните предели ќе се формира и снежна покривка.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања