ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

277539285_300804572165634_9196439405926440518_n

Големо невреме денес попладне и навечер: Силен град и олуен ветер

Веќе од западните предели започнати се врнежи од дожд, кои ќе се прошируваат понатаму према централните и источните предели од државава, а сето ова ќе биде проследено и со повремено засилен ветер од јужен правец.Поради веќе споменатиот силен и ладен Атмосферски фронт од север и од северозапад, денес попладне и навечер на повеќе места ќе има обилни врнежи од дожд, локално ќе биде и нестабилно, особено во централните, како и во источната половина од Македонија и со обилни поројни врнежи од дожд, електрични празнења и силен ветер (над 70 км/час)Локално овие процеси ќе бидат застапени и во форма на големо невреме со силен град и олуен ветер. Токму поради ова препорачуваме крајна внимателност. Услови за локално невреме ќе има и во Скопскиот регион.Потоа од денешната ноќ, а особено од утре и од петок, па во деновите потоа следува значително студено време (со пад на температурите дури и за повеќе од 10-15 степени во споредба со сегашните) и со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На планините и на повисоките места ќе има врнежи од снег, со што ќе се формира снежна покривка, понекаде со висина од 10 до 20 цм, може и повеќе, додека на високите планини таа би можела да биде и многу поголема.За време на викендот, поради дополнителното заладување, снежната граница би можела да се спушти и на некои места со надморска височина од под 1000 метри, со што врнежи од снег може да се појават и во повисоките населени места и низ Македонија.За време на оваа голема промена на времето, локално ќе наврне големо количество на водел талот (над 40-50 л/м2).

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Подгответе се за невреме, дожд, снег и снежна покривка

Почитувани наши, сите ние веќе знаеме дека веќе од денес, па се до самиот крај на овој месец, речиси во цел Европски Континент, вклучувајќи го и нашиот Балкански Полуостров, не очекува невообичаено студено време и со чести врнежи од дожд и снег, како и формирање на снежна покривка. Мразот во утринските часови ќе го има на многу места, а појава на снег би можело да има понекаде и на помала надморска височина.Сите ние ќе си речеме, што се случува со времето и зошто ќе биде толку ладно? Ние добро кажавме дека веќе од овој месец завршува влијанието на топлиот Метеоролошки феномен “Ел Нињо, и започнува ладната ” Ла Ниња”. Земјата полека се лади, вклучувајќи ја секако и Европа и Балканскиот Полуостров. Температурите ќе паѓаат, што значи дека во следните години треба да се подготвиме за се пониски температури, но и поостри и по снежни зими.Сепак тоа не значи дека не треба да очекуваме лето и високи температури, ќе го има летото тоа е многу нормално, но нема да биде како минатите лета и нема да биде екстремно топло. Следните лета ќе бидат исто така со не толку многу високи температури, но ќе има и повеќе врнежи.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Екстремна промена на времето која ни следува од среда: Обилни врнежи од дожд, снег и силен ветер

Уживајте за време на овој викенд, како и во понеделник и во вторник во рано-летните температури на воздухот, но и во стабилното, суво и претежно сончево време. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, а во недела, како и во понеделник во најтоплите централни и југоисточни предели тие би можеле да надминат и 30 степени.Веќе од среда, па се до крајот на следната недела под влијаните на силен и ладен Атмосферски фронт од север и од северозапад, во Македонија очекуваме нагла, и екстремна промена на времето. Ќе има обилни врнежи од дожд, а температурите ќе опаднат дури и за околу, а понекаде и за повеќе од 15 степени во споредба со сегашните. Поради заладувањето, на планините над 1300 – 1400 метри ќе има врнежи од снег, со што ќе се формира снежна покривка.Температурите од среда, а особено од четврток ќе се искачуваат во интервалот само од 4 до 12 степени, се работи за максимални дневни температури на воздухот. Кон крајот на следната седмица и во Македонија ќе има услови за појава на утрински мразеви, особено на повисоките места и на планините.Да напоменеме дека поради тоа што ладниот Атосферски фронт ќе пристигне на загреана и топла Атмосфера, локално ќе се развијат и грметевични облаци (нестабилна Атмосфера) од која се очекуваат поројни врнежи од дожд, силен ветер, грмежи, а можна е и појава на град (локално во форма на невреме).Ова особено лошо ќе се одрази кај метеопатите, но поради тоа што се работи за екстремна и нагла промена на времето која долго време сме ја немале, здравствени проблеми можни се и кај повеќето граѓани.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Можни се и над половина метар снег на планините во регионот, а снег ќе има понекаде и во градовите

Се поизвесно е есенско-зимско сценарио следната седмица кај нас на Балканот. Покрај обилните врнежи од дожд следната недела, очекуваме и обилни врнежи од снег на планините во регионот, а по се изгледа и кај нас во Македонија. На планините во регионот понекаде би можело да се формира снежна покривка со висина од 20 до 30 cм, понекаде таа би можела да биде со висина и од над 50 cм, секако ова важи за високите планински места во регионот. Поради падот на температурите, снежната граница понекаде во регионот би се спуштила и пониско (под 1000 метри). Можно е дури снежни врнежи да се појават и во градовите во регионот следната недела.Покрај ова, следната седмица се поизвесна е појава и на утрински мразеви, кој секако особено лошо ќе се одразат врз веќе расцутените овошки.

Македонија | пред 1 година

ohrid-sonce-vreme-vremenska

До петок не премногу топло, наутро ќе биде свежо

Поради северниот ветер, кој се очекува особено утре и Долж Повардарието повремено ќе биде засилен на интензитет, но и поради северното воздушно струење, овие два дена очекуваме топло време, но не така топло како што беше пред неколку денови, а ќе биде и многу полесно, односно ќе биде по поволно за метеопатите.Времето ќе биде стабилно, суво и сончево, но со појава на мала до умерена локална облачност. Само утре на кратко ќе има услови за сосема слаб и краткотраен локален дожд.Што се однесува до температурите, наутро тие ќе бидат пониски и ќе биде релативно свежо, со минимални температури на воздухот кој ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 11 степеним а понекаде на повисоките места и на планините тие би можеле повторно да се спуштат малку под нулата.Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени.Во Скопје и околината исто така очекуваме стабилно, суво и сончево време со појава на мала до умерена локална облачност. Утре повремено ќе засилува ветерот од северен правец. Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 6 и 7 степени, додека максималната дневна температура на воздухот ќе се искачува во интервалот помеѓу 23 и 24 степени.Во следните наши метео објави следува детална метео анализа за викендот кој доаѓа.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-59-1880PM

Се очекува мало опаѓање на температурите

Денес во Македонија ќе има мало опаѓање на температурите на воздухот, а ќе продолжи да дува повремено засилен ветер од западен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).Што се однесува до времето, тоа ќе биде претежно стабилно и суво, односно сончево со појава на мала до умерена локална облачност.Максималните дневни температури на воздухот денес во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени.Што се однесува до онаа Сахарска прашина и песок, како што и вчера најавиввме, таа од денес полека ќе ја напушта територијата на Македонија, што значи дека времето ќе биде по лесно, а Атмосферата ќе биде значително почиста.Што се однесува до наредните денови, продолжува стабилното и суво време, но детална анализа околу ова следува наскоро.

Македонија | пред 1 година

120190520_080018

Денес го очекуваме максимумот на овој рано летен топлотен Африкански бран во Македонија

Денес во Македонија го очекуваме максимумот на рано летниот топлотен Африкански бран, со што и температурите ќе бидат највисоки, а времето и понатаму ќе биде стабилно, суво и сончево, но со појава на умерена локална облачност. Сепак во текот на денов ќе започне да дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.Максималните дневни температури на воздухот денес во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 29 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие би можело да се искачат до 30 степени. Не се исклучува можноста температурите во најтоплите предели понекаде да се искачат дури и над 30 степени.Во Скопје и околината максималната температура денес се очекува да се искачи до близу 30 степени, но и таму ќе започне да дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.И понатаму од Сахара према наташа држава ќе се врши значителен транспорт на прашина и на песок, со што и Атмосферата ќе биде многу заматена, а времето ќе биде мачно и спарно, што особено лошо ќе влијае врз метеопатите.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Пеколно топол викенд, трмператури и над 30 степени

Денеска времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степени.За време на викендот исто така нѐ очекува сончево и многу топло време со мала облачност и тенператури околу 30 степени.

Македонија | пред 1 година

120190520_075956

За време на викендот ќе го почувствуваме летото

До четврток времето во Македонија ќе се задржи многу променливо со чести повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и со повремено засилен ветер од јужен правец. Локално ќе биде и нестабилно, со пороен дожд и грмежи. Температурите ќе бележат тенденција на постепен пораст.Особено топло ќе биде во петок и за време на викендот, кога нашата територија ќе биде под влијание на значително потопла воздушна маса со потекло од северните предели на Африка. Тогаш температурите ќ се искачуваат во интервалот од 23 до 28 степени, особено за време на викендот кој доаѓа.Значи за време на викендот не очекуваат рано – летни температури на воздухот кој ќе бидат значително над просекот за овој период од годината, а времето ќе биде значително постабилно и релативно суво, со многу повеќе сончеви периоди.Се на се, за време на викендот слободно граѓаните ќе можат да се шетаат по кратки ракави.Во регионот пак температурите локално ќе надминуваат и 30 степени.

Македонија | пред 1 година

IMG_3147

(Фото) Снег во Маврово: иако е пролет, се очекува снежна покривка по планините

Иако е пролет, а проаѓа и месец март, ладниот бран кој ја зафати Македонија донеде и снег. На пониските местс врнежи од дожд, додека во Маврово веќе има снежна покривка.Поради брзиот пад на температурите и заладувањето, на планините, особено во западните и во северните предели од државава ќе има врнежи од снег, а снежната граница понекаде би можела да се спушти до околу, па и под 1000 метри надморска височина, со што врнежи од снег на кратко ќе има и во повисоките населени места во западните и во северните предели од Македонија. 

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Уживајте во убавото и топло време до недела

“Во Македонија до недела продолжува периодот на стабилно, суво и на сончево време, повремено со мала до умерена локална облачност. Сепак утре локално ќе има малку повеќе облачност и ќе има услови за сосема слаб дожд. Денес и утре ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој особено во источните поредели ќе засилува на интензитет, додека за време на викендот ветерот ќе го промени својот правец во јужен”, вели метео-прогнозерот Славчо Поповски и додава:Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени, а за време на викендот во централните и во југоисточните предели тие ќе се искачат и до 20 степени, а не се исклучува можноста тие и да надминат 20 степени. Што е најважно, и утринските температури ќе бидат во пораст, па така ќе се намалат условите за појава на слана и на мраз.Во Скопје и околината се очекува слично време, претежно стабилно, суво и и сончево, повремено со мала до умерена облачнот. Денес и утре ќе дува слаб до умерен ветер од северен, а за време на викендот од јужен правец. Температурата ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 17 и 18 степени.Веќе од недела доцна попладне и навечер, како и во понеделник очекуваме нова поголема промена на времето кај нас, проследена со врнежи од дожд, во понеделник поради продор на студен бран од север ќе дува силен северен ветер кој ќе услови значителен пад на температурите на воздухот и врнежи од дожд и снег. Сепак детална анализа околу оваа голема промена на времето ќе објавиме во следните наши метео објави, кога се ќе биде многу појасно околу оваа промена на времето.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-08-at-09.56.05

Голем влажен бран веќе од пладне: носи дожд и снег

„Големиот влажен воздушен бран кој ќе ја зафати нашата држава од денес доцна попладне и навечер, и кој е во склоп со длабокиот циклонски систем со центар над Џеновскиот залив, на повеќе места ќе донесе обилни врнежи од дожд, (локално и над 30 литри дожд на метар квадратен)“, вели метео-прогнозерот Славчо Попоски и додава:На планините, како и на планинските превои, особено во западната половина од државава ќе има врнежи од снег, со што ќе се формира снежна покривка со висина од 10 до 20 сантиметри, понекаде и со висина и над 25 сантиметри.Со овој влажен бран и во Скопскиот регион ќе има пообилни врнежи од дожд.Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер (над 60 км/час), најпрвин од јужен и од југоисточен, а потоа и од северен правец, а можна е и ретка појава на грмежи.Утре температурите позначително ќе опаднат и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот само од 4 до 12 степени.

Македонија | пред 1 година

275188151_680049909703117_5060941709380810353_n

Студ, снег, дожд, пад на температурите - што нѐ очекува со времето од понеделник

„Нов голем влажен, но овој пат и значително постуден воздушен бран ќе ја зафати територијата на Македонија во понеделник доцна попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон вторник и во вторник“, наговестува метео-прогнозерот Славчо Попоски и додава:На повеќе места ќе има обилни врнежи од дожд (локално ќе наврнат нови над 30 литри дожд на метар квадратен воден талог). Поради заладувањето и значителниот пад на температурите, на планините над 1200-1300 метри надморска височина ќе има врнежи од снег, со што ќе се формира и снежна покривка.Значителна снежна покривка очекуваме на планините во западните и северните предели, како и на североистокот и истокот од Македонија (понекаде и со висина од над 25 сантиметри).НАПОМЕНА: Снежната граница локално би можела да се спушти и до околу, па и под 1000 метри надморска височина, со што врнежи од влажен снег би можело да има и на некои повисоки населени места. Сето ова ќе биде проследено и со засилен ветер, најпрвин од јужен и од југоисточен, а потоа од северен и од северозападен правец (повремено со брзина од над 60 км/час).Во Скопје и околината исто така со овој влажен бран очекуваме нови пообилни врнежи од дожд, а на околните планини врнежите ќе бидат од снег. Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер, најпрвин од југоисточен, а потоа од северен и од северозападен правец.Што се однесува до температурите, тие позначително ќе опаднат, особено во вторник кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 4 и 12 степени.Оваа голема промена на времето која не очекува е поврзана со длабокиот циклонски систем од запад, поточно со центар над Џеновскиот залив и во центарот на истиот ќе има присуство на значително поладен воздух.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања