ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

toplo-vreme-768x556

Од денес па се до петок максимумот на овој екстремно топол бран од Африка: Во најтоплите температури и до 45 степени

Од денес (вторник), па се до петок 19.7.2024 во Македонија го очекуваме максимумот на овој екстремно топол бран од Африка, па така максималните дневни температури во Македонија речиси насекаде ќе надминуваат 35 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие понекаде ќе достигнуваат и до околу 43 степени. Особено во Гевгелиско, како и во Демир Каписко температурата повремено би можела да се искачи и до близу 45 степени.Тука се и тропските ноќи, и тоа особено во централните и во југоисточните предели каде температурта во ноќните и во раните утрински часови нема да се спушта под 20 степени. Инаку во Скопје за време на овој максимум на екстремно топлиот бран од Африка максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 40 и 42 степени. И во делови од Скопската котлина очекуваме појава на тропски ноќи.Времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Во четврток попладне, особено во планинските предели можна е појава на краткотрајна нестабилност.Промена на времето очекуваме од петок попладне, кога ќе растат условите за развој на грмотевични облаци и за појава на локално невреме во Македонија.Ув индексот ќе има екстремно висока вредност 10, па затоа апелираме граѓаните да не излегуваат кога е најтопло (од 11 до 17 часот), но и да пијат повеќе течности.

Македонија | пред 1 година

sonce-so-termometar

Екстремно топлиот бран продолжува: Температури до околу 45 степени, како и тропски ноќи

Екстремно топлиот Африкански бран во Македонија продолжува и во текот на оваа работна недела, а времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност.Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално би можела да се искачи и до околу 45 степени. Во Скопје температурата во текот на оваа работна недела ќе се искачи до околу 40 степени, но повремено таа ќе надминува и 40 степени.Ув индексот ќе има екстремно висока вредност 10, па затоа апелираме граѓаните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), како и да пијат повеќе течности.Тука се и тропските ноќи, односно температурите на повеќе места во Македонија во текот на ноќните и раните утрински часови нема да се спуштаат под 20 степени.

Македонија | пред 1 година

IMG_0743

Екстремно високи температури низ цела Македонија

Екстремно топлиот Африкански бран кој ја зафати нашата Македонија, но и целиот Балкански Полуостров, викендов ќе зема замав, па така температурите ќе бидат уште повисоки и насекаде во Македонија тие ќе бидат екстремно високи. Екстремно висок ќе биде и Ув индексот со вредност 10.Што се однесува до температурите, тие викендов ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени, во Скопската котлина таа ќе се искачи до околу 40 степени, но со тоа што повремено температурата може да надмине и 40 степени. Тука се и тропските ноќи и тоа особено во централните и во југоисточните предели каде и преку ноќта, како и во раните утрински часови температурите нема да се спуштат под 20 степени.Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Во недела попладне и тоа во западните предели ќе има локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и појава на краткотрајно невреме.Поради екстремно високите температури, но и поради екстремно високиот Ув индекс апелираме граѓаните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), но и да пијат повеќе течности.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Викендов екстремно топло насекаде низ Македонија: Температури до 43 степени

Екстремно топлиот бран од Африка кој е проследен со екстремно висок Ув индекс во деновите пред нас ќе зема замав, па така секој ден ќе биде се потопло. Температурите речиси насекаде во Македонија ќе се искачат до над 35 степени.Во најтоплите централни и југоисточни предели температуририте особено за време на викендот ќе се искачат дури и до 43 степени. Ништо подобро нема да биде ни денес како и во петок кога во овие краиште температурите повторно ќе се искачат до, па и ќе надминат 40 степени.Во Скопската котлина температурата ќе се искачи до околу 40 степени, но со тоа што повремено таа ќе надминува 40 степени.Спороред моменталните прогностички материјали со кои располагаме, следната седмица ќе биде уште потопло па така температурите тогаш би можело да се искачат и до околу 45 степени.

Македонија | пред 1 година

272681520_348498710614047_8013920186532602673_n

Во Македонија е во тек најдолгиот и најсилниот топлотен бран ова лето, температури до 45 степени

Во Македонија е во текот најдолгиот и најсилниот топлотен Африкански бран ова лето. До самиот крај од оваа, како и во текот на следната седмица температурите и понатаму ќе ни бидат екстремно високи и во најголем дел од Македонија ќе се искачуваат до, па и над 35 степени. Во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално ќе се искачи до 43 степени оваа седмица, додека во текот на следната седмица во овие предели можни се температури и до 45 степени.Во Скопската котлина очекуваме температури до околу 40 степени, но со тоа што повремено таа е можно и да надминува 40 степени.За време на овој период во најголем дел од Македонија очекуваме и тропски ноќи, односно температурите во текот на ноќните и утринските часови нема да се спуштаат под 20 степени.Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Само во недела во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме.Ув индексот и понатаму ќе има многу висока, до екстремно висока вредост 9, па токму поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот ден од денот (од 11 до 17 часот), но и да пијат повеќе течности.

Македонија | пред 1 година

sonce-so-termometar

Топол бран во Македонија: Температурите ќе се искачат над 40 степени

Територијата на Македонија се до крајот на оваа седмица ќе се наоѓа под влијание на екстремно топла воздушна маса која продира од северните предели на Африка. Токму поради ова температурите насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина тие ќе се искачат и до 40 степени.Не се исклучува можноста температурата локално во централните и во југоисточните предели да надмине и 40 степени. Ув индексот ќе има многу висока вредност 9, па поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности.Времето и понатаму ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Сепак оваа седмица атмосферата нема да биде во целост стабилна, па така во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на краткотрајно невреме.Денес (вторник) нестабилност во попладневните часови ќе има особено во западните предели од државава.

Македонија | пред 1 година

nevreme-1

Денес попладне во планинските предели е можна појава на невреме

Алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС” за денес попладне предвидува ниво 2 во Македонија, слаб ризик за појава на невреме. Меѓутоа, во планинските региони и тоа особено во западните и во северозападните предели таа проценува и ниво 3, тоа значи засилен ризик од невреме, проследено со пороен дожд, грмежи, силен ветер и можност за појава на град.Според сегашните проценки на оваа алатка, во Скопје и во останатите градови ќе биде релативно мирно. Со исклучок на некои градови кои се во близина на планините каде е можна појава на краткотрајна нестабилност.Од денес ќе имаме екстремно топло време со температури кој насекаде низ Македонија ќе надминуваат 30 степени. Во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина температурата ќе се искачи и до околу 40 степени.

Македонија | пред 1 година

258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Денес и утре променливо и свежо со повремено засилен ветер, во западните предели и со пороен дожд

Денес и утре (четврток) во Македонија времето ќе биде значително посвежо и тоа поради влијанието на свежата воздушна маса која продира од север. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремено засилен ветер од северен правец. Особено во западните предели ќе има и појава на повремен локален пороен дожд проследен со ретки грмежи.И во Скопскиот регион денес и утре (четврток) времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремено засилен ветер од северен правец.Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот некаде од 9 до 18 степени. Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен, што значи дека ќе бидат потпросечни за почетокот на јули.Во Скопје максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 27 и 29 степени. Наутро пак таа ќе се спушта во интервалот помеѓу 13 и 15 степени.

Македонија | пред 1 година

0394F1D7-0FF8-4E81-BB36-671698CD60AE

Во текот на денот ново силно невреме ќе ја зафати Македонија

Под влијание на ладен атмосферски фронт од север, кој ќе се судри со топлиот воздух од југ кој се наоѓа над Македонија, во следните часови, како и вечерва во најголем дел од државава времето ќе биде многу нестабилно и со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.На повеќе места повторно ќе има појава на силно невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време и истиот би можел да предизвика локални поројни поплавувања, силен ветер (над 70 км/час) силни и чести електрични празнења и со појава на град кој би можел да биде и крупен.И во Скопскиот регион во следните часови и вечерва ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има и појава на ново посилно невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој би можел да биде и крупен.Апелираме во случај на појава на силно невреме граѓаните да бидат крајно внимателно, односно во случај на појава на силни и чести електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен ветер и на крупен град автомобилите да се заштитат.Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, во Скопје до околу 35 степени. Меѓутоа температурите од попладневните и вечерните часови ќе започнат да опаѓаат.

Македонија | пред 1 година

448949324_450123214443621_1143009177295083315_n

Предупредување: Утре локално, но посилно невреме повторно ќе ја зафати Македонија

Под влијание на ладен атмосферски фронт поврзан со циклонска активност со центар некаде над Италија утре (вторник) 2.7.2024 во попладневните и во вечерните часови повторно атмосферата во Македонија позначително ќе се дестабилизира, а со тоа од север ќе започне да пристигнува значително посвеж воздух.Во ваква ситуација, кога топлиот воздух под чие влијание сме сега ќе се судри со значително посвежиот воздух од север утре попладне и навечер на повеќе места во Македонија ќе дојде до развој на конвективна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално повторно ќе има појава на посилно невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време и истиот би можел да предизвика локални поројни поплавувања, исто така невремето ќе биде проследено и со силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со појава на град кој би можел повторно да биде крупен.И во делови од Скопската котлина утре попладне и навечер можна е појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град.Што се однесува до температурите, тие утре во текот на денот ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, меѓутоа кон крајот на денот и во текот на ноќта кон среда тие ќе бележат тенденција на позначително опаѓање, па така во среда и во четврток ќе биде значително посвежо и променливо со повремен локален пороен дожд, грмежи и повремено умерен до засилен северен ветер.Поради очекуваната нова поголема дестабилизација на времето и очекуваното невреме утре попладне и навечер, апелираме граѓаните да бидат крајно претпазливи, односно во случај на појава на невреме и на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен ветер и на крупен град автомобилите навремено да се заштитат.

Македонија | пред 1 година

272681520_348498710614047_8013920186532602673_n

Сончев и топол викенд: Температури до 38 степени

Променливо, но посвежо време ќе имаме и денес. Ќе има и локална појава на повремен пороен дожд и грмежи, но сепак условите за силно невреме за среќа позначително ќе се намалат. Услови за повремен пороен дожд и поретки грмежи ќе има и во Скопје. Што се однесува до температурите тие утре ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени. Во Скопје максималната дневна температура утре ќе се искачи до околу 30 степени.За време на викендот во Македонија ќе имаме краткотрајно стабилизирање на времето, што значи не очекува сончев и топол викенд со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, во Скопје до околу 35 степени.Од почетокот на следната седмица не очекува нова позначителна дестабилизација на времето и ново невреме, како и позначително опаѓање на температурите.

Македонија | пред 1 година

277468956_964835740838563_2359101997731838525_n

Предупредување: Ново силно невреме од запад и се приближува на Македонија

Од запад кон територијата на Македонија се приближува голем бран на влажна и нестабилна воздушна маса која во следните часови и вечерва во најголем дел од Македонија ќе услови многу нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.На повеќе места повторно ќе има појава на силно невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој би можел да предизвика поројни поплавувања, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со појава на град кој повторно би можел да биде крупен. Поради ваквата состојба, апелираме граѓаните да бидат многу внимателни, односно во случај на појава на силно невреме и на силни електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на крупен град и на силен ветер автомобилите да се заштитат.И во Скопскиот регион во следните часови и вечерва повторно ќе има појава на повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината има услови и за ново посилно невреме.Што се однесува до температурите тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени. Во Скопје таа ќе достигне до околу 31 степен.

Македонија | пред 1 година

3

Од денес па се до петок чести врнежи, грмежи, силен ветер и силно невреме

Почитувани наши, од денес среда 26.6.2024 до петок 28.6.2024 територијата на Македонија позначително ќе подпадне под влијание на циклонската активност која е со центар над Средоземјето. Токму поради ова во поголем дел од Македонија ќе биде многу нестабилно со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе наврне позначително количество на воден талог, па така можни се и локални поројни поплавувања.Исто така, на повеќе места во Македонија ќе има појава на силно невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења како и со појава на град кој би можел да биде и крупен. Токму поради ова апелираме на крајна претпазливост, односно во случај на појава на силно невреме и електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен и крупен град автомобилите да се заштитат.И во Скопскиот регион ќе има почеста појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината повторно ќе има услови за појава на посилно невреме.Што се однесува до температурите тие во деновите кои се пред нас ќе бележат тенденција на опаѓање, па така најниски дневни температури очекуваме во петок кога ќе биде и најпријатно со температури од 26 до 34 степени.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Денес попладне опасност од силно невреме: На повеќе места ќе има и појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Македонија останува под влијание на циклонска активност која е со центар над Средоземјето. Во вакви околности, во следните часови како и вечерва повторно на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Локално, и тоа особено во западните, централните како и во североисточните и во источните предели од државава процесите ќе бидат интензивни и застапени во форма на посилно невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, силни и чести електрични празнења како и со појава на град кој би можел да биде и крупен.И во делови од Скопската котлина во следните часови како и вечерва ќе има услови за појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на невреме.Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, во Скопје температурата ќе се искачи до околу 34 степени.Во случај на појава на невреме апелираме на поголема внимателност, односно во случај на појава на силни електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на крупен град автомобилите да се заштитат.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-57-7740PM

Температурите од денес па се до недела ќе надминуваат 40 степени, но во недела ни се заканува невреме

До недела нашата територија ќе се наоѓа под влијание на веќе споменатиот екстремно топол бран кој продира од северните предели на Африка кон нашата територија, но и на територијата на целиот регион. Температурите насекаде во Македонија од денес, па се до недела ќе надминуваат 30 степени, додека во поголем дел од државава тие ќе се искачат и до околу 35 степени а во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина локално тие ќе надминуваат и 40 степени.Ув индексот ќе има екстремно висока вредност и ќе изнесува коефициент некаде помеѓу 9 и 10, па поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности.Меѓутоа, веќе во недела во Македонија и тоа поради влијание на висински циклон кој ќе биде со центар над Средоземјето во попладневните и во вечерните часови атмосферата позначително ќе се дестабилизира, па така на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата, и тоа токму поради повеќе дневниот екстремно топол бран од Африка, локално се очекува појава на силно невреме со обилен пороен дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер како и со појава на град кој во ваква ситуација големи се условите тој да биде и крупен.Дури постои опасност од појава на Суперќелиски облаци како во Македонија, така и во регионот за време на викендот кој доаѓа. Ваквите Суперќелии би можеле да предизвикаат дури и појава на торнадо или пак да предизвикаат штети во одредени области.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања