ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

3

Ладниот бран од север полека доаѓа и значително ќе ги спушти температурите

По краткотрајната стабилизација на времето која ја имавме во текот на вчерашниот ден, денес (петок) под влијание на нов влажен бран од запад во Македонија ќе има нови врнежи од дожд, локално поројни и проследени со грмежи како и со засилен ветер. Локално повторно ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 л/м2).Локално пак се можни поинтензивни атмосферски процеси, во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град. Исто така, денес и утре (сабота) повремено ќе дува засилен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час).Апелираме во случај на појава на невреме и на електрични празнења во текот на денешниот ден, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.И во Скопскиот регион денес очекуваме нови врнежи од дожд, повремено проследени со засилен ветер од јужен правец. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни и со услови за појава на грмежи.И за време на викендот ќе има повремени локални врнежи од дожд, повеќе застапени во западните предели.Што се однесува до температурите, тие ќе бидат во позначително опаѓање, особено од недела кога максималните дневни температури ќе бидат значително потпросечни за овој период од годината, и ќе се искачуваат во интервалот само од 15 до 23 степени.Повремени локални врнежи од дожд ќе има и во текот на следната седмица. Температурите и понатаму ќе бидат невообичаено ниски за месец септември, и тоа поради продор на многу поладен воздух од север. Не се исклучува можноста за време на овој период, на највисоките планински места во Македонија (над 2000 м.н.в) да провее и првиот снег за оваа сезона.Исто така, особено на планинските и на високите места во Македонија од недела можна е и појавата на првите утрински мразеви за ова сезона, што значи дека очекуваме многу постудени утра со температури кои на многу места ќе се спуштаат под 10 степени, понекаде и под 5 степени.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

Предупредување: Доаѓа ладен бран, нови обилни врнежи и силен ветер

По краткотрајната стабилизација на времето која ја имаме, веќе од утре (петок) влегуваме во нов подолг период на променливо време со чести врнежи, додека поради продор на многу поладен воздух од север, температурите дополнително ќе опаднат и ќе бидат невообичаено ниски за овој период од годината.Утре (петок) од запад ќе се прошират нови врнежи од дожд, локално поројни и проследени со грмежи како и со засилен ветер. Локално се можни поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме. Утре (петок), како и во сабота ќе дува повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час).Во сабота и во недела ќе има појава на повремен локален дожд, додека во текот на следната седмица и тоа под влијание на серија влажни воздушни бранови повремено ќе имаме пообилни врнежи од дожд. Поради падот на температурите, за време на викендот, како и во текот на следната седмица, не се исклучува можноста на највисоките планински места (над 2000 м.н.в) да има провејување и на првите снегулки за оваа сезона.И во Скопскиот регион утре (петок) се очекуваат нови врнежи од дожд, а ќе дува и засилен јужен ветер. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи. Во сабота и недела во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд, а во текот на следната седмица повремено ќе има пообилни врнежи од дожд.Што се однесува до температурите, тие наутро, но и преку ден ќе бидат невообичаено ниски за овој дел од годината. Наутро на многу места тие ќе се спуштаат под 10 степени, понекаде и под 5 степени, а особено на повисоките и на високите планински места тие ќе се спуштаат и до околу, па дури и под нулата. Не се исклучува можноста за време на викендот, како и во текот на следната седмица во Македонија да се појави и првиот утрински мраз за оваа сезона, особено на високите и на планинските места.Максималните дневни температури пак , од викендов, па и во текот на следната седмица ќе се искачуваат во интервалот претежно од 15 до 23 степени.

Македонија | пред 1 година

258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Следува краткотрајно стабилизирање на времето, од петок нови врнежи, а од викендот дополнително заладување

По обилните врнежи кои ја зафатија нашата држава, од следните часови, како и утре (четврток) ќе имаме краткотрајно стабилизирање на времето. Од петок, па во деновите потоа под влијание на нов влажен бран од запад ќе имаме нови повремени врнежи од дожд, локално поројни и проследени со грмежи како и со засилен ветер.Нестабилното време и со почести врнежи ќе го имаме и во текот на следната седмица.Поради продор на многу поладен воздух од север, од викендот, па во текот на следната седмица температурите ќе бидат невообичаено ниски за овој период од годината, па така наутро не се исклучува можноста за појава и на првиот мраз за оваа сезона, особено на повисоките и на планинските места во Македонија.Поради падот на температурите на воздухот, на високите планини (над 2000 м.н.в) го очекуваме и првиот снег за оваа сезона, што значи дека ја очекуваме и првата мала снежна покривка на високите планини, особено во западната половина од државава.Што се однесува до температурите, тие од викендот ќе бидат многу пониски од сегашните и преку ден ќе се искачуваат во интервалот само од 14 до 22 степени.Првиот снег со овој ладен продор од север го очекуваме и на многу планински места ширум Балканскиот Полуостров, што значи дека грејната сезона оваа година ќе ни започне многу порано.

Македонија | пред 1 година

vrnezi-dozd-vreme

Во следните часови продолжуваат обилните врнежи во Македонија: Можно е локално невреме

Циклонот од Средоземјето, преку Јадранот пристигна и во Македонија. До крајот на денешниот ден насекаде во Македонија овој циклонски систем ќе услови пообилните врнежи од дожд да продолжат. Локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 л/м2).Локално можни се поинтензивни атмосферски процеси и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со појава на град. Апелираме во случај на појава на невреме да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.И во Скопскиот регион продолжуваат врнежите од дожд. Во делови од котлината тие ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со засилен ветер.Што се однесува до температурите, тие денес ќе бидат значително пониски за разлика од оние кои ги имавме до вчера, и максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени.На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС”, и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

Првиот голем бран на врнежи пристигнува: Вечерва и утре ќе има обилни врнежи од дожд, грмежи и локално невреме

Првиот бран на врнежи и тоа поврзан со Средоземниот циклон, кој полека ќе се преместува над Јадранот, ни пристигнуваат денес попладне и навечер, како и утре (вторник). Врнежи од дожд ќе има насекаде во Македонија, локално проследени со грмежи и со засилен ветер, најпрвин од јужен и од југоисточен правец, а утре (вторник) од северен правец.Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со услови за појава на град. И во Скопскиот регион денес попладне  и навечер, како и утре (вторник) ќе започнат врнежи од дожд. Во делови од котлината тие ќе бидат поројни и проследени со грмежи и со засилен ветер. И во делови од Скопскиот регион ќе има услови за појава на невреме.Апелираме во случај на појава на невреме  и на силни електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја.Што се однесува до температурите, тие позначително ќе опаднат, особено утре (вторник) кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени.Да напоменам дела за време на овој прв бран на врнежи, локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 л/м2).

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-06-at-22.04.24

Од понеделник доаѓа вистинска есен на Балканот и во Македонија, ќе ни треба и потопла облека

Почнувајќи од Понеделник (9.9.2024), па речиси во текот на целата наредна седмица територијата на нашата Македонија ќе потпадне под влијание на циклонска активност со центар над Средоземјето.Во ваква ситуација времето ќе биде многу променливо со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На повеќе места ќе има и развој на конвективни грмотевични облаци од кои се очекуваат поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со појава на град.За време на оваа циклонска активност, на повеќе места ќе наврне позначително количество на воден талог (над 25 л/м2) локално и над 30 л/м2, со што се можни и локални поплавувања.И во Скопскиот регион од понеделник (9.9.2024) па во деновите потоа ќе има честа појава на врнежи од дожд, грмежи и повремено засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со појава на град.Ветерот кој го очекуваме во текот на следната седмица повремено ќе биде со брзина и од над 60 км/час и претежно од северен правец, особено кон крајот на работната седмица и за време на следниот викенд.Апелираме во случај на појава на невреме и на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.Што се однесува до температурите, тие во текот на следната работна недела ќе бидат значително пониски од сегашните и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степени, меѓутоа за време на следниот викенд тие ќе бидат уште пониски и ќе се искачуваат во интервалот само од 19 до 26 степени, а утринските ќе бидат во интервалот од 6 до 14 степени, додека на планинските и на повисоките места ќе бидат и уште пониски.Со оваа голема промена на времето која ја очекуваме следната седмица, дефинитивно му кажуваме збогум на долгото и тропско лето во Македонија, но и на целиот Балкански Полуостров.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-44-2130PM

Толку од летото: Од понеделник доаѓа вистинска есен на Балканот и во Македонија, ќе ни треба и потопла облека

Почнувајќи од Понеделник (9.9.2024), па речиси во текот на целата наредна седмица територијата на нашата Македонија ќе потпадне под влијание на циклонска активност со центар над Средоземјето.Во ваква ситуација времето ќе биде многу променливо со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На повеќе места ќе има и развој на конвективни грмотевични облаци од кои се очекуваат поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со појава на град.За време на оваа циклонска активност, на повеќе места ќе наврне позначително количество на воден талог (над 25 л/м2) локално и над 30 л/м2, со што се можни и локални поплавувања.И во Скопскиот регион од понеделник (9.9.2024) па во деновите потоа ќе има честа појава на врнежи од дожд, грмежи и повремено засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со појава на град.Ветерот кој го очекуваме во текот на следната седмица повремено ќе биде со брзина и од над 60 км/час и претежно од северен правец, особено кон крајот на работната седмица и за време на следниот викенд.Апелираме во случај на појава на невреме и на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.Што се однесува до температурите, тие во текот на следната работна недела ќе бидат значително пониски од сегашните и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степени, меѓутоа за време на следниот викенд тие ќе бидат уште пониски и ќе се искачуваат во интервалот само од 19 до 26 степени, а утринските ќе бидат во интервалот од 6 до 14 степени, додека на планинските и на повисоките места ќе бидат и уште пониски.Со оваа голема промена на времето која ја очекуваме следната седмица, дефинитивно му кажуваме збогум на долгото и тропско лето во Македонија, но и на целиот Балкански Полуостров.

Македонија | пред 1 година

nevreme

Следната седмица ни доаѓаат обилни дождови, голем пад на температурите, па дури и можност за снег на највисоките места

Почнувајќи од 9.9.2024 (Понеделник), па во текот на целата наредна седмица ќе имаме чести и пообилни врнежи од дожд, проследени со грмежи како и со повремено силен ветер. Сето ова ќе биде поради формирањето на циклонски систем над Средоземјето, и истиот ќе влијае на времето насекаде на балканот, вклучувајќи ја и Македонија. Во поголем дел од регионот се очекува да наврне поголемо количество на воден талог, со што можни се и локални поплавувања, а температурите следната седмица ќе бидат значително потпросечни за овој дел од годината, што значи дека и тоа како следната седмица ќе ги почиувствуваме првите знаци на есента.Со оваа промена, поради големиот пад на температурите, на Европските Алпи ги очекуваме и првите обилни врнежи од снег. Можеби звучи чудно, поради тоа што сеуште е многу рано, но моменталните излези на прогностичките материјали со кои располагаме дури цртаат дека следната седмица ќе има и прво провејување на снег на високите планински места во регионот, па дури и во Македонија.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

На повеќе места ќе има појава на врнежи и грмежи, како и локално невреме

Поради прилив на поладен воздух од север, и неговиот судир со многу потоплиот воздух кој се наоѓа над нашата територија, до крајот на денешниот ден, а особено утре (петок) како и за време на викендот во попладневните и во вечерните часњови се очекува поголемо дестабилизирање на атмосферата.До крајот на денешниот ден ќе има претежно изолиран развој на облачни нестабилни јадра кои ќе условат појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот во зоната на нестабилност.Веќе утре (петок) како и за време на викендот во попладневните и во вечерните часови на повеќе места се очекува развој на конвективни грмотевични облаци кои ќе условат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со услови за појава на град.И во делови од Скопската котлина ќе има развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со услови за појава на град.Апелираме во случај на појава на невреме и на електрични празнења да не се претстојува на отворењн простор и под осамени дрвја.Што се однесува до температурите, наутро тие ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 12 до 19 степени, додека преку ден тие секојдневно ќе бележат тенденција на постепен пад и за време на викендот тие ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 16 и 17 степени, додека преку ден таа ќе се искачува во интервалот од 31 до 34 степени. Само денес таа ќе биде повисока и ќе се искачи до околу 36 степени.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-44-2130PM

Дали наскоро на Балканот пристигнува циклонот “убиец на летото”?!

Многу важна метео вест, која веруваме на сите вас ќе ви биде од големо значење, и покрај тоа што е негативна вест и тоа за оние кои допрва планираат да го искористат својот одмор.Судејќи по она што моментално го прикажуваат прогностичките материјали, на Балканот наскоро доаѓа "Убиецот на летото”. Сепак многу повеќе детали околу ова очекува те во следните метео објави.Веруваме дека и покрај оваа метео најава, во следните излези на прогностичките материјали ќе се случат позитивни измени, поради тоа што Метеоролошките параметри и услови постојано од час во час се менуваат и времето е многу променливо.

Македонија | пред 1 година

258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Оваа работна недела во Македонија претежно стабилно време, во попладневните часови можна е повремена дестабилизација на атмосферата

Во текот на оваа работна недела во Македонија ќе имаме натпросечно топло време (Продолжено лето) со температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени. Сепак, наутро ќе биде релативно свежо со минимални температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 20 степени.Времето во текот на оваа работна недела ќе биде сончево, повремено со умерена облачност, која локално би можела да биде и позначителна. Особено во планинските предели во попладневните часови очекуваме и конвективен развој на грмотевични облаци кои би условиле појава на краткотрајни поројни врнежи од дожд, грмежи и засилување на ветерот во зоната на нестабилност.И во Скопскиот регион оваа работна недела ќе помине во знакот на натпросечно топло и претежно стабилно време. Сепак, повремено во попладневните часови не се исклучува можноста за ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Наутро температурата во Скопје ќе се спушта во интервалот помеѓу 16 и 17 степени, додека преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 34 и 35 степени.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-59-1880PM

Започнува климатолошка есен: Погледнете што точно значи тоа

Септември го најавува почетокот на есента и есенската рамноденица која настапува на 23 септември, кога денот и ноќта се исти. Во основа се карактеризира со стабилно време, постепено намалување на температурата, посвежи и повлажни утра и ноќи и секако со прекрасно сонце во текот на денот. Ова е месец кога амплитудите на температурата се поголеми.Уште еднаш да напоменам дека во првата половина од овој месец ќе имаме натпросечно високи температури на воздухот (продолжено лето), но сепак како што кажав, ноќите и утрата ќе бидат значително посвежи.Почести и пообилни врнежи, како и пониски температури кај нас би требало да започнат околу или после 15-ти септември.

Македонија | пред 1 година

IMG_0743

Во првите две недели од септември ќе имаме натпросечно топло, како и претежно стабилно време

Со почетокот на новиот месец (септември) ни започнува и климатолошката есен, кога ноќите се се подолги, а деновите многу пократки.Оваа година, потврдувам дека ќе имаме продолжено лето, односно барем од она што може во моментов да се види на прогностичките модели, тоа е дека во првите две недели од септември месец ќе имаме натпросечно високи температури на воздухот, како кај нас во Македонија, така и во останатиот дел од Балканот, но и во поголемиот дел од Европскиот Континент, што значи дека кај нас на Балканот, вклучувајќи ја и нашата Македонијаќе има продолжено лето, но секако со попријатни температури на воздухот.Времето ќе биде претежно стабилно и суво со многу сончеви периоди, но и покрај ова, повремено во попладневните часови би можела да се појави нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, претежно во планинските предели.Наутро сепак ќе биде прилично свежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 19 степени, преку ден температурите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.Се на се, оние граѓани кои планираат одмор во првите две недели од месец септември, тоа можат слободно да го направат и да си го планираат истиот како кај нас во Македонија, така и надвор од неа (во регионот).

Македонија | пред 1 година

272063564_3120149648241589_1188196859652219359_n

Високите температури продолжуваат и во првата половина од септември месец

Според она што може да се види на прогностичките карти, оваа година ќе имаме продолжено лето во Македонија, тоа значи дека и во првата половина од месец септември ќе имаме релативно високи температури на воздухот кои ќе бидат над просекот за првата половина на септември. Тие би се искачувале некаде во интервалот од 27 до 35 степени, што значи дека и понатаму ќе биде идеално за одење на плажа.Сепак, и покрај ова, повремено во попладневните часови атмосферата ќе се дестабилизира и ќе се создаваат услови за развој на грмотевични облаци, кои би условувале појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Продолжено лето оваа година ќе има и во останатите предели од Балканот, што значи насекаде ќе биде натпросечно топло со високи температури на воздухот.Оние граѓани кои планираат одмор во првата половина од септември, слободно можат да го направат тоа, поради тоа што насекаде во регионот температурите ќе бидат релативно високи и над просекот за првата половина на септември.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

Од утре на повеќе места пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Периодот на нестабилно време продолжува во Македонија, и тоа поради влијанието на веќе споменатиот висински циклонски систем кој ќе се наоѓа над нашата територија. Исклучок ќе биде денешниот ден, кога очекуваме постабилна атмосфера, но сепак во попладневните часови не се исклучува можноста за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи.Условите за нестабилност ќе започнат да растат кај нас од утре (среда) па во деновите потоа, кога во попладневните часови на повеќе места во Македонија ќе се развиваат грмотевични облаци кои ќе условуваат појава на пороен доожд, грмежи и засилен ветер. Не се исклучува можноста и за појава на локално невреме, проследено со силен ветер и со појава на град.И во делови од Скопската котлина од утре (среда) во попладневните часови ќе растат условите за развој на грмотевични облаци кои ќе условуваат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Не се исклучува можноста и за појава на краткотрајно невреме.Што се однесува до температурите, тие секојдневно ќе бележат тенденција на постепено опаѓање, а особено пад на истите ќе има во вториот дел од оваа седмица, кога тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени. Наутро пак останува поприлично свежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 20 степени.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања