ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

IMG_8089

Снег ќе го покрие речиси целиот Балкан, a од среда и Македонија, најавува метео-прогнозер

„Почнувајќи од 20 Ноември (среда) целиот Балкански Полуостров, вклучувајќи ја и нашата Македонија ќе бидат зафатени од моќен циклон кој ќе биде со центар токму над Балканот, но и над Италија и истиот ќе условува обилни врнежи, најпрвин од дожд, а потоа од снег“, најавува метео-прогнозерот Славчо Попоски и додава:„Сето ова ќе биде проследено со бурен ветер, кој понекаде ќе достигнува брзина од над 80/90 км/час, локално и со брзина дури и од над 100 км/час.Снег ќе го поркие речиси целиот Балкан следната седмица, а што се однесува до Македонија, истиот ќе го има особено на повисоките места и на планините, но од средината на седмицата, поточно од четврток 21.11.2024 повремен снег ќе има понекаде и на пониските места, особено во западните и во северните предели. Можно е помало формирање на снежна покривка и во пониските места во Македонија.Во следните мои метео објави следува нова и по потреба обновена метео анализа токму околу оваа огромна промена на времето која не очекува во текот на новата седмица“.

Свет | пред 1 година

ladno_toplomer_termometar_sneg_3454-678x381-1

На Балканот пристигнува вистинска зима која ќе донесе снег од над 30 сантиметри

Според најновото денешно ажурирање на Европскиот метеоролошки модел (ECMWF), почнувајќи од 2 Ноември, па во деновите потоа, територијата на целиот Балкан ќе биде зафатен од многу ладен бран кој ќе се спушти од северот и од североистокот на Европскиот Континент.Во ваква ситуација, над Италија и јужен Јадран ќе се формира секундарен циклонски систем кој во склоп со ладниот воздух во многу предели од Балканот ќе ги донесе првите снегулки во многу градови за оваа сезона.Во поголем дел од Балканот барем со информациите кои располагам моментално ќе се формира и снежна покривка (од 5 до 10 cм, додека локално, и најпогодена од овој снежен бран би била погодена Босна и Херцеговина каде се очекува од 15 до 20 cm снег во градовите, а над 30 cm снег на планинските места).Со овој ладен бран очекуваме и минусни температури, па така со ова го очекуваме и првиот сериозен мраз за оваа сезона.НАПОМЕНА од Попоски: Состојбата околу ова постојано ќе ја следам, и секако навремено ќе ве информирам околу секоја ново – настаната временска состојба. Ако ова остане вака, а моделите се искрено упорни за сериозно зимско сценарио на самиот почеток од Ноември на Балканот, да се спремаме за невообичаенбо ниски температури за првата декада од Ноември, и  за многу рано пристигнување на зимата оваа година.

Свет | пред 1 година

ladno_toplomer_termometar_sneg_3454-678x381-1

Предупредување: Утре изутрина поради ниските температури, можна е појава на мраз и на слана

Поради влијанието на студената воздушна маса која се спушти од север кон Балканот и во Македонија, но и поради целосното разведрување, утре (вторник) во утринските часови ќе биде особено студено, па така минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени во најтоплите југоисточни предели од државава.Поради ваквата состојба, на повеќе места во Македонија, особено во повисоките населени места, во Беровскиот регион,како и на планините е можна појава на слана и на мраз. Токму поради ова, апелираме земјоделците навремено да ги заштита своите земјоделски култури.Инаку до среда температурите преку ден ќе бележат тенденција на постепен но не многу голем пораст, додека од четврток следува нова поголема промена на времето, пониски температури и пообилни врнежи од дожд.

Македонија | пред 1 година

esen-lisja-vremenska1

Ни следува нагло и големо заладување на времето и силен северен ветер (над 60 км/час)

Поради спуштање на значително постудена воздушна маса од север, денес (недела) и тоа од попладневните и вечерните часови температурите нагло и значително ќе опаднат, на повеќе места за околу, па и за повеќе од 10 степени, додека во северните предели тие ќе опаднат дури за повеќе од 15 степени. Во текот на денов ќе има и повремени локални врнежи од дожд, локално проследени со појава на грмежи.Ќе започне да дува засилен до силен ветер од северен правец кој ќе се задржи и во текот на ноќта кон утрешниот ден (понеделник), како и во понеделник преку целиот ден. Најизразен ветерот ќе биде Долж Повардарието (над 60 км/час). Поради заладувањето, денес (недела) не се исклучува можноста на највисоките планински места да има провејување и на слаб снег.Денес температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени, и тие дополнително ќе опаднат од попладневните часови па натаму. Утре (понеделник) наутро температурите ќе бидат доста пониски и ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 14 степени.Најстуден ден ќе биде утрешниот, кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени.Особено студени утра и тоа поради разведрувањето ќе имаме во вторник и среда, и тие ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 8 степени, па така на повеќе места е можна појава на слана и на мраз.Од вторник температурите ќе бележат тенденција на постепен пораст, а од утре (понеделник) до среда времето ќе биде стабилно и суво, а нов бран на пообилни врнежи од дожд ќе има од четврток.НАПОМЕНА: Овие нагли и големи промени на времето, особено лоши ќе влијаат врз метеопатите.

Македонија | пред 1 година

271857943_429202012226785_3224409273442573984_n

Денес и утре нѐ очекува многу сонце и стабилно време

Под влијание на топла воздушна маса од југ, односно од северните предели на Африка, во текот на денешниот ден, како и утре (сабота) времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на сосема мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец.И во Скопскиот регион ќе имаме слично време, односно стабилно, суво и сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец.Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 33 степени, во Скопје максималната тењмпература ќе се искачи до околу 32 степени.

Македонија | пред 1 година

258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

До сабота ќе имаме летни температури, додека од недела ќе имаме нагла и голема промена ма времето

До сабота ќе може да уживаме во релативно високите температури на воздухот, а од денес до сабота ќе биде претежно стабилно, суво и со многу сончеви периоди. Температурите насекаде ќе надминуваат 20 степени, понекаде тие ќе надминат и 25 степени, додека во централните и во југоисточните предели тие се очекува да надминат и 30 степени, односно, да достигнат некаде до околу 32, 33 степени.Веќе во недела, како и во понеделник, и тоа под влијание на силен ладен Атмосферски фронт од север во Македонија ќе има нагла и голема промена на времето, проследена со повремени локални врнежи од дожд и грмежи, особено во недела, додека во понеделник ќе биде претежно суво. Сето ова ќе биде проследено со засилен, а особено Долж Повардарието, повремено силен ветер од северен правец (над 60 км/час).Што се однесува до температурите, тие во недела дсоцна попладне и во текот на ноќта кон понеделник, како и во понеделник ќе опаднат за околу 10 степени во споредба со сегашните, а особено во северните предели тие ќе опаднат дури и за 15 степени за кратко време. Па така, особено свежо ќе биде во понеделник, кога наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 11, а максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот само од 12 до 20 степени.Уште постудено утро ќе имаме во вторник, кога минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 9 степени, а особено на високите и на планинските места тие би можеле да бидат и уште пониски. Токму поради ова, не се исклучува можноста и за појава на слана и на утрински мраз.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

Денес ќе имаме променлив и топол ден: Локално ќе има појава на пороен дожд и грмежи

Во текот на денешниот ден (среда) од запад и од северозапад над нашата Македонија ќе поминува облачна воздушна маса, што значи дека повторно очекуваме повеќе облачност, но и покрај ова ќе има и повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец, и особено во Пелагониско истиот повремено ќе засилува на интензитет.Особено во попладневните часови, и тоа претежно во северните и во северозападните предели од државава ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. И во Скопскиот регион денес (среда) времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, додека во попладневните часови во делови од регионот ќе има услови за краткотраен пороен дожд проследен со ретки грмежи.Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени. Во Скопје максималната дневна температура денес ќе се искачи до околу 28 степени.

Македонија | пред 1 година

IMG_4235

Продолжуваат високите температури: Сепак денес и утре ќе има повеќе облачност и краткотраен локален дожд

Денес (вторник), како и утре (среда) територијата на нашата Македонија ќе се наоѓа во предниот дел на висинскиот циклонски систем кој ќе биде со центар некаде над Средоземјето. Во ваква ситуација кај нас ќе има нешто повеќе облачност, а локално се очекува и појава на повремен дожд, а има услови и за појава на грмежи.Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец, и истиот особено Долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет.И во Скопскиот регион времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во делови од регионот ќе има услови за повремен дожд, а има услови и за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени. Во Скопје температурата ќе се искачи до околу 28, 29 степени.

Македонија | пред 1 година

271857943_429202012226785_3224409273442573984_n

Подгответе се: Следува мини лето во Македонија – температурата ќе надмине 30 степени

Во периодот кој што ни следува, односно новата седмица ни носи мини лето, па така температурите, како наутро, така и преку ден ќе бидат во значителен пораст, а особено топло ќе биде преку ден кога температурите насекаде ќе надминуваат 20 степени, а во централните и во југоисточните предели тие ќе надминат и 25 степени.Во вториот дел од седмицата и за време на следниот викенд во погоре споменатите предели температурите се очекува да надминат и 30 степени.Времето ќе биде претежно стабилно и суво со многу сончеви периоди. Исклучок ќе биде денот вторник и тоа во попладневните и во вечерните часови кога во западните предели ќе има локален дожд и услови за појава на грмежи. Локални врнежи се очекуваат и во среда, а потоа од четврток ќе продолжи периодот на стабилно и суво време.Да на поменам, промената на времето која се очекува во вторник попладне, како и во среда, нема да биде многу голема и ќе биде краткотрајна. Што значи дека пред нас е период на многу потопло време, во кое секако дека ќе можеме да уживаме.

Македонија | пред 1 година

20180510_214945

По доста жешкото и сушно лето, започнува есен

По доста жешкото и сушно лето, денеска, 22 септември (267. ден во годината), во Македонија и на северната хемисфера, календарски почнува есента. о првиот ден од есента денот и ноќта на целата Земјина топка ќе траат еднакво, со тоа што на северната хемисфера ќе биде есенска рамноденица (еквиноциум), а на јужната пролетна рамноденица (таму почнува пролетта).Есента ќе заврши на 21 декември. Тогаш на северната полутопка ќе почне зимата и овој ден е познат како зимски солстициум или зимска краткоденица. Значи од утре, постепено до 21 декември ноќта ќе се зголемува до максималните 15 часа, а денот ќе се намалува до само 9 часа. Во исто време, додека на северната хемисфера почнува есента, на јужната почнува пролетта и таму ноќите ќе стануваат пократки од деновите исто така до 21 декември, до 11 часот и 2 минути.

Македонија | пред 1 година

272063564_3120149648241589_1188196859652219359_n

До крајот на месец септември нѐ очекува “Мини Лето” и повисоки температури

По долгиот период на невообичаено студено време за месец септември, кое беше проследено со чести врнежи, па дури истото го донесе и првиот снег за оваа сезона на највисоките планински врвови во Македонија, во периодот од 23 септември, па се до 30 септември, ни следува период на значително потопло време преку ден и со температури кои повторно ќе бидат малку над просекот за овој период од годината.Секако, токму ова ќе биде и проследено со претежно стабилно и суво време со многу сончеви периоди. Краткотрајна промена на времето очекуваме вечерта на 24 септември, и во среда (25 септември), кога од запад над нашата територија ќе помине еден влажен воздушен бран кој ќе ни донесе повремени врнежи од дожд, но сепак, веќе како што кажав сето ова ќе биде краткотрајно, па така од четврток повторно времето ќе се стабилизира и ќе имаме многу сончеви периоди.Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 15 степени, а само во почетокот на следната седмица ќе биде значително постудено кога температурите, особено во Беровскиот регион и на високите планински места наутро ќе се спуштаат и под 5 степени.Преку ден во текот на следната седмица како што напоменав, ќе биде многу потопло за разлика од сега, кога температурите насекаде ќе надминуваат 20 степени, додека во централните и во југоисточните предели тие, особено во втората половина од следната седмица, како и за време на следниот викенд ќе се искачат и над 30 степени, односно до околу 33 степени.Се на се, следната седмица можете да уживате во “Мини Летото” кое се очекува кај нас, и секако барем според она што можам моментално да го кажам, тоа ќе продолжи и во првата седмица од месец Октомври.Мора да напоменам дека, во делови од Централна и Западна Европа во истиот период кога кај нас очекуваме “Мини Лето”, повторно очекуваме потпросечни температури и многу почести и пообилни врнежи. Исто така повеќе врнежи во тој период ќе има на северен Балкан, како и Долж Јадранското приморје.

Македонија | пред 1 година

1-1

Следуваат нови врнежи во Македонија, проследени со грмежи

Под влијание на веќе споменатата циклонска активност со центар на Југоисточна Европа, која секако влијае на времето и во нашата Македонија, денес во попладневните часови, преку ноќта кон утрешниот ден (петок), како и утре преку ден кај нас ќе има нови повремени врнежи од дожд на повеќе места, и тие ќе бидат со променлив интензитет.Локално пак ќе се развиваат конвективни грмотевични облаци од кои се очекуваат поројни врнежи од дожд, грмежи и засилување на ветерот во зоната на нестабилност. Не се исклучува можноста, локално процесите да бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.И во Скопскиот регион денес попладне и навечер, како и утре (петок) ќе има појава на повремен локален дожд. Во делови од регионот врнежите ќе бидат поројни и со услови за појава на грмежи, како и со засилување на ветерот во зоната на нестабилност.Апелираме, во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени, во Скопје максималната температура ќе се искачи до околу 24 степени.

Македонија | пред 1 година

nevreme

Големиот циклон кој ја зафати Европа, сега доаѓа и во Македонија: За среќа, нема место за паника, нема да има поплави кај нас

Големиот циклонски систем кој ја зафати Централна и Источна Европа и направи многу проблеми во тој дел, а поради големите поплави однесе и многу човечки животи, истиот сега се наоѓа над нашиот дел од Европскиот Континент, односно над југоисточна Европа, условуваќи многу нестабилно време со чести врнежи, но за среќа големи поплави и проблеми со врнежите кај нас во Македонија не се очекуваат.Сепак, и покрај ова, утре (четврток) како и во петок во попладневните часови овој циклонски систем во нашата Македонија ќе условува повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Локално пак ќе се развиваат конвективни грмотевични облаци од кои се очекуваат поројни врнежи од дожд, грмежи и засилување на ветерот во зоната на нестабилност. И во Скопскиот регион утре (четврток), како и во петок во попладневните часови ќе има појава на повремен локален дожд, додека во делови од регионот можни се поројни врнежи од дожд, проследени со грмежи како и со засилување на ветерот.Не се исклучува можноста, локално процесите да бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град. Но како што кажав, штети и некои големи поплави кај нас за среќа не се очекуваат. Секако мора да напоменам, доколку падне поголемо количество на воден талог за кратко време, поради тоа што очекуваме локален развој на грмотевични конвективни облаци, можно е да дојде и до локални поројни поплавувања, но тоа би било многу далеку од она што се случи во Централна и во Источна Европа, што значи место за паника од големи поплави во Македонија нема.Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени., Во Скопје утре (четврток) како и во петок температурата ќе се искачи до околу 24 степени.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Потпросечните температури за септември продолжуваат: Следуваат нови локални врнежи проследени со грмежи и со ветер

Циклонската активност која не зафати, останува да влијае на времето кај нас се до крајот на оваа седмица, и истата ќе условува потпросечни температури за овој период од годината.Од денес (вторник) во попладневните часови, па се до крајот на седмицава ќе има повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Локално ќе се развиваат и конвективни грмотевични облаци, од кои се очекува појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот во зоната на нестабилност. Не се исклучува можноста и за ретка појава на град.И во Скопскиот регион од денес (вторник) попладне, па во деновите потоа ќе има појава на повремен локален дожд. Во делови од регионот тој ќе биде пороен и проследен со грмежи, како и со засилување на ветерот.Да напоменам дека за време на оваа нова серија на врнежи, локално повторно ќе наврне позначително количество на воден талог (над 25 л/м2).Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени, додека наутро тие на многу места ќе се спуштаат и под 10 степени, понекаде дури и под 5 степени, додека на високите планински места не се исклучува можноста тие да се спуштат и до близу 0 степени, со што е можна и појава на првиот мраз за оваа сезона.

Македонија | пред 1 година

popova-shapka-sneg

Падна првиот снег на Шар Планина: Денешното утро донесе температура од само 2 степени

Денешното утро донесе температура од само 2 степени, и тоа на Попова Шапка, каде во текот на ноќта провеа и првиот снег за оваа сезона. На високите предели од Шар Планина ова утро беше формирана и снежна покривка, а тоа можеше да се забележи од камерите на Ski Macedonia.Од градовите најстудено ова утро беше во Крушево, каде во 8 часот утринава беше измерена температура од само 6 степени.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања