ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-59-1880PM

Времето во Македонија: Умерено облачно со температури до 20 степени, нови врнежи од понеделник

По утринската магла во одредени котлини во земјата, во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди, велат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.Минималните температури ќе се движат во интервал од -1 до 5 Целзиусови степени, додека максималните ќе од 15 до 20 степени.Времето во Скопје преку денот сончево со мала до умерена облачност и слаб променлив ветер. Температурите ќе се движат од минимални 4 до максимални 19 степени.За деновите од викендот УХМР најавува претежно сончево време со локална облачност.

Македонија | пред 3 месеци

dozd-1

Поројни дождови од вечерва, дневни температури до 22 степени

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.Од вечерва се најавува можност за поројни врнежи, но и дневни температури до 22 степениВремето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryhqv27rqacrbj5NnRGuG

Временска прогноза : По студеното утро, следува пријатен ден со умерен северен ветер

Претпладне променливо облачно, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22 степена.Во Скопје, претпладне променливо облачно, во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 21 степен.Најстудено утрово во Лазарополе со 2°C, а веднаш потоа следуваат Попова Шапка (3°C) и Маврови Анови (4°C). Во Тетово, Крушево и Претор температурата изнесуваше 6°C, во Струмица и Берово 7°C, а во Крива Паланка и Виница 8°C.Во Охрид утринската температура беше 9°C, во Битола и Демир Капија 10°C, во Штип 11°C, а во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Кавадарци и Куманово 12°C. Најтопло утрово беше во Гевгелија (13°C) и Велес (14°C).

Македонија | пред 3 месеци

271957282_480992096753139_6073821672417444389_n

Температури до 21 степен, можно слаб дожд во североисточните делови

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец. Во североисточните предели се можни слаби локални врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе се движи од 14 до 21 степен.Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.Минималните утрински температури се движеа од 2 до 14 степени Целзиусови. Најстудено беше во Лазарополе со 2 степени, а нешто потопло во Берово со 3 и во Маврови Анови и на Попова Шапка со 4 степени. Во Крива Паланка се измерени 6 степени, а истата температура е забележана и во Битола, Охрид, Претор и Крушево. Во Струмица утрово беа измерени 7 степени, а во Тетово, Демир Капија и Виница 8 степени. Во Скопје-Петровец, Велес, Штип и Кавадарци минималната температура изнесуваше 10 степени, во Куманово 11, на Зајчев Рид 12, додека најтопло утрово беше во Гевгелија со 14 степени.

Македонија | пред 3 месеци

media-library1fq9vt53ai8jerzPoq7

(Видео) На Шапка утринава падна првиот снег, покажуваат камерите на SkiMacedonia

Утринава на Попова Шапка беше забележан првиот снег, кој го регистрираа камерите на SkiMacedonia.Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утрото беше студено, со минимални температури кои се спуштија до 4 степени во Крушево, 6 во Берово, Крива Паланка и Тетово, 7 во Куманово, 8 во Скопје – Петровец, Битола, Виница и Штип, 9 во Претор и Демир Капија, додека најтопло беше во Струмица со 10 степени.Во изминатите 24 часа до 8 часот наутро најмногу врнежи се измерени во Ѓуриште – 19 литри на квадратен метар, потоа во Крушево и Битола по 17, Штип со 14, Скопје – Петровец и Тетово со по 13 литри, а најмалку во Струмица – 3 литри.Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат пообилни, а на планините ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне од 6 до 13 степени.Во Скопје ќе биде облачно и студено со повремени поројни врнежи од дожд и умерен до засилен северен ветер. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 10 степени.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryhqv27rqacrbj5NnRGuG

Времето денес: Слаб до умерен јужен ветер со температура до 21 степен

Денес, 28 септември 2025 година, времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Попладне и кон крајот на денот, на некои места врнежите ќе бидат пообилни, со количина над 20 литри на метар квадратен. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе се движи од 15 до 21 степен.Во Скопје се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд. Попладне и кон крајот на денот врнежите во делови од котлината ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Најава за наредните денови: Утре ќе има повремен локален дожд, а во вторник времето ќе се преодно стабилизира. Од среда кон крајот на денот се очекува нов влажен и постуден бран со пообилни врнежи од дожд и значително опаѓање на температурите.

Македонија | пред 4 месеци

sonce-oblaci-1

Температурите паднаа и за 15 степени, од следната недела ќе има и дождови! Нема веќе топлотни бранови

Во раните утрински часови, во Македонија има разведрување на времето со засилување на ветерот од северен правец, и истиот услови температурите нагло и значително да опаднат дури за околу 15 степени за разлика од оние кои ги имавме до вчера, односно до 9. јули.Како што посочува метеопрогнозерот, Славчо Попоски, на метеоролошката карта може да се види дека рано утринава на многу места низ Македонија температурата се спушти близу 10 степени, а таа во западните планински повисоки места се спушти и под 10 степени.Денеска во текот на целиот ден, и тоа поради брз продор на ладен воздух од северозапад ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Најсилен ветерот ќе биде во Повардарието.И во Скопскиот регион повремено ќе дува силен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 60 км/час).Максималните дневни темпратури денес ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, во Скопје до околу 28 степени.Инаку, според прогностичкиот Европски модел, Попоски вели дека следната седмица доаѓаат врнежи и дека се намалуваат шаансите за екстремно топли бранови.„Најново ажурирање на прогностичкиот Европски модел (ECMWF) укажува на тоа дека следната седмица конечно очекуваме врнежи кај нас. Денот станува се помал, а со тоа полека се намалуваат и шансите за екстремно топли бранови кои според овој модел ги нема на повидок“ вели Попоски.

Македонија | пред 6 месеци

plostad-vremenska-toplo-vreme-fontana-skopje

Топлотен бран со температури до 39 степени

Во Македонија денеска се очекува сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 39 Целзиусови степени.Скопје, сончево и топло со слаб ветер од северен правец и максимална дневна температура до 39 степени Целзиусови.Под влијание на топла воздушна маса од југ до петок времето ќе биде многу топло. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа се очекува да надмине и 40 степено. Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9.ИЈЗ апелира да се почитуваат нивните препораки да не се работи надвор од 11 до 17 часот, да се пијат течности, да се носи лесна светла облека и да се зема редовната терапија.

Македонија | пред 7 месеци

sonce-so-termometar

Доаѓа афрички топол бран и пеколни температури до 40 степени

Од утре температурите повторно ќе се зголемуваат. Под влијание на воздушна маса од Африка, во нашата држава температурите ќе се искачат и до 40 степени.Ќе биде сончево и многу топло со високо и опасно УВ зрачење.Во сила се сите препораки за заштита од вакви топлотни удари: да не се излегува на отворено од 11 до 17 часот доколку нема поголема потреба, да се консумираат течности и лесна храна, да се носи светла облека. Хронично болните редовно да ја земаат терапијата.

Македонија | пред 7 месеци

271837595_519305872857905_3533568932593628447_n

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и температура до 27 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните североисточни делови ќе има услови за локален слаб дожд.Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.Управата за хидрометеоролошки работи информира дека минималната температура ќе биде од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 26 степени.Во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во петок ќе има услови за локален слаб дожд и ќе дува засилен северен ветер. Потоа доаѓа стабилизирање на времето и топло со пораст на дневните температури, особено од недела.

Македонија | пред 8 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-35-4260PM

Денеска и потопло со умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне во одредени места ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.Во Скопје, сончево и потопло со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 26 степени.УХМР најавува дека во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Од петок следува период на претежно стабилно време со пораст на дневните температури.

Македонија | пред 8 месеци

272063564_3120149648241589_1188196859652219359_n

Времето денеска: Сончево и топло со мала облачност

Денеска времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност.Ќе дува умерен, но долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец со над 70 километри на час.Во Скопје, сончево и малку потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер.Во наредните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Македонија | пред 8 месеци

sonce-so-termometar

Денеска сончево со температури до 31 степен

Денеска не очекува убав сончен и топол ден.Како што информираат од УХМР, попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.Минималната температура ќе се движи во интервал од 7 до 14 степени, а максималната ќе достигне до 24 до 31 степен.Во Скопје, сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура до 13 степен, а максималната 30 степени.

Македонија | пред 8 месеци

nevreme-1

Врнежлива пролет, можни излевања на реки и свлечишта

Динамична пролет со нестабилни и врнежливи периоди во првата половина и потопол период со зачестени грмотевични бури во втората половина, предвидуваат професорите Владо Спиридонов и Ивица Милевски од Природно-математичкиот факултет во Скопје.По најавеното заладување со врнежи од дожд и снег на планините и можен утрински мраз во некои пониски делови од државата, двајцата професори веќе во втората половина од месецов, односно за Велигденските празници, очекуваат стабилизација на времето, но на крајот на април повторно да биде променливо со можни врнежи и грмежи.Во нивната анализа за МИА, за временските услови, хидролошките ризици и можните гео-непогоди оваа пролет се посочува дека во мај температурите ќе бидат еден до два степена над просекот, но поради зголемената водена пара во атмосферата, периодите на стабилно и топло време ќе бидат прекинати од краткотрајни, но интензивни нестабилности.Периодот од 7 до 14 април се очекува да се задржат пониски температури од просечните за овој период. Врнежите исто така бележат позитивно отстапување за овој период. Од половината на месецот, вклучувајќи ги и Велигденските празници, постепено подобрување на временската слика, со повеќе сончеви периоди и температури во рамките на просечните. Сличен тренд ќе бележат и врнежите со таа разлика што во седмицата од 14-21 април за нијанса повеќе врнежи во југозападниот дел додека наредниот седмодневен циклус во југоисточните делови. За периодот на месец мај - до почетокот на летото (21 јуни), се предвидуваат температури од 1 до 2 °C повисоки од просечните, со врнежи во рамките на просечните вредности, се вели во анализата.Во јуни се очекува понатамошно загревање и зголемена атмосферска нестабилност, со можност за силни невремиња, град и ненадејни поплави.Повисоките температурни аномалии за мај и јуни, укажуваат на постепено загревање на Европскиот континент, што поради зголемената водена пара во атмосферата како резултат на климатските промени, ќе создаде услови за интензивирање на конвективните процеси. Ова ќе доведе до развој на грмежни бури, кои понекогаш можат да бидат поорганизирани грмотевични групации (кластери), линии на нестабилност во средни размери, управувани од синоптичко-динамички системи и да создадат неповолни временски појави, како ненадејни поплави, силни ветрови, молњи и појава на град со потенцијално големи деструктивни влијанија, се нагласува во анализата.Двајцата професори укажуваат дека поради променливиот карактер на времето и можните хидролошки ризици, неопходна е зголемена подготвеност на институциите и јавноста за навремено реагирање на потенцијалните неповолни временски појави.Продолжените врнежи што ја зафатија државата во изминатите денови, како и прогнозираните до крајот на април и во месец мај значително ќе ја заситат почвата со влага, создавајќи „вишок на водена маса“. Во таа смисла, наредните недели, граѓаните, локалните и централните власти треба да бидат подготвени за зголемен ризик од поплави, свлечишта, одрони, засипување на патишта со нанос и други непогоди, се наведува во анализата.Зголемено површинско задржување и појава на речни поплави, се очекува особено во рамничарските, котлински делови. Такви се речните долини на Вардар (Долни Полог, Катлановско, Велешко, Гевгелиско-Валандовско), Пчиња (особено низводно од Пелинце), Крива Река (помеѓу Крива Паланка и с. Ранковце), Брегалница (со некои нејзини притоки како Желевица, Злетовска Река низводно од с.Злетово и др.), Струмица, Црна Река низ Пелагонија и сл.Со оглед на прогнозите за дополнителни врнежи, веќе во наредните денови се очекува поплавување кое се очекува да биде од слаб, до умерен карактер. Воедно, вештачките акумулации, кои претходно беа значително испразнети, ќе се наполнат, а можно е и значително зголемување на нивото на Охридското Езеро, велат двајцата проферори.Продолжителните врнежи кои во одредени периоди и делови на државата ќе имаат пороен карактер, според Спиридонов и Милевскии, ќе го зголемат ризикот од свлечишта и одрони, особено на стрмните падини и поголемите засеци на патиштата.Во западниот дел на државата пак, на стрмните планински страни и кон нивните подножја, до средината на април, можни се појави на снежни и комбинирани (снежно-одронски) лавини. Најранливи се стрмните терени со нестабилна подлога, неотпорни карпи (шкрилци, песочници, глини) и претходно активни свлечишта. Особено критични точки се патните правци: Маврово-Дебар-Струга, Охрид-Ресен-Битола, Струмица-Берово-Делчево, Скопје-Велес, Куманово-Кратово, Кочани-Делчево, Крива Паланка-Деве Баир, како и долж засеците на повеќе локални патишта, посочуваат професорите за МИА.Според Спиридонов и Милевски, неопходни се навремени превентивни и мерки за заштита, како што се перманентна проценка на ризикот од поплави, согласно краткорочните и среднорочните прогнози за врнежите и состојбата на теренот, редовна комуникација и координација меѓу институциите и соодветните научно-истражувачки институции, превентивни активности од ЦУК, ДЗС и локалните власти, изработка на национален катастар на ризични подрачја и развој на ГИС систем со детален мониторинг и сценарија за потенцијални природни непогоди.

Македонија | пред 9 месеци

271937299_421026089809384_1880700475912930685_n

Какво време ќе имаме до крајот на денов

Територијата на Македонија се наоѓа во поле на висок воздушен притисок (Антициклон), но и на многу ладна воздушна маса која доаѓа од Русија кон нашата територија, и истата ја чувствуваме многу повеќе во ноќните и во утринските часови, кога температурите се исклучителни ниски.До крајот на денешниот ден ќе имаме сончево време и без облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец.Што се однесува до скопскиот регион, исто така времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец.Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени. Во Скопје и околината температурата денес ќе се искачи до околу 8 степени.Исклучително ладно и ведро време имаме ова утро, па така најладно со -14 степени ова утро е во Берово. Инаку, буквално насекаде во нашата Македонија ова утро се мерат температури под нулата.

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања