ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

271777249_656292602285397_2447550688874601774_n

Нов голем облак од прашина и песок од Сахара: Мачно и спарно до крајот на неделата

Од Сахара, преку Италија и централна Европа, од утре во Македонија како и во целиот регион пристигнува голем облак од прашина и песок, па токму поради ова повторно очекуваме многу заматена и нечиста атмосфера, а токму поради ова времето ќе биде многу мачно и спарно, а температурите ќе се чувствуваат како да се многу повисоки од реално измерените.Инаку овој облак од Сахарска прашина и песок ќе се задржи подолго над Македонија, односно до крајот на оваа недела. Сонцето од утре во текот на денот ќе го чувствуваме како да е од под облак и како да има облаци, а ќе се работи токму за веќе најавената пустинска прашина и песок.

Македонија | пред 1 година

IMG_0743

Од утре до недела дневните температури над 30, на некои места и до 40 степени

Од утре до недела нашето подрачје ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени.Според прогнозираните и пресметаните гранични вредности на екстремни температури од УХМР, на територијата на нашата земја утре ќе биде активно жолто, а во Скопската и Полошката котлина портокалово ниво за опасност од високи температури. Поради натамошен пораст на температурите од четврток насекаде ќе биде активно портокалово ниво.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-36-4590PM

Времето викендов: Свежо утро во сабота, но ќе биде стабилно и без врнежи

Викендот кој е пред нас ќе го одбележи стабилно, суво и сончево време, особено во недела и со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец.Сепак утрешното утро ќе биде и значително посвежо со минимални утрински температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 17 степени во најтоплите југоисточни предели од државава. Преку денот температурите ќе бидат високи, но не толку високи како што беа изминатите денови, па така тие преку ден ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени.Во Скопје и околината исто така овој викенд ќе имаме стабилно, суво и претежно сончево време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 30 и 33 степени.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

Претстојната ноќ и утре на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер

Поради продор на значително ладен атмосферски фронт кој ќе пристигне на многу загреана атмосфера и исполнета со енергија, токму поради повеќе дневниот топлотен бран кој ја зафати нашата територија, од попладнево, а особено во текот на претстојната ноќ и утре, на повеќе места низ Македонија ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Локално процесите ќе бидат интензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој би можел да биде покрупен. И во Скопскиот регион очекуваме нестабилно време со повремен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер и тоа во текот на претстојната ноќ и утре. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.Апелираме во случај на појава на невреме, граѓаните да бидат крајно внимателни, тоа значи во случај на појава на силни електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен ветер и на крупен град автомобилите да се заштитат.Што се однесува до температурите, тие утре ќе бидат за 8 до 10 степени пониски за разлика од сегашните, па така утре максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.

Македонија | пред 1 година

272681520_348498710614047_8013920186532602673_n

Топол бран во Македонија: Не излегувајте без потреба

Денес во Македонија го очекуваме вториот најтопол ден досега оваа година, што значи дека ќе биде уште потопло дури и од вчерашниот ден. Денес максималните дневни температури во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40, 41 степен.Времето ќе биде сончево со мала локална облачност, а ќе дува и топол ветер од југозападен правец кој повремено ќе биде и засилен на интензитет.Во Скопје максималната дневна температура денес ќе се искачи до околу 36, 37 степени.Ув индексот ќе има многу висока, до екстремно висока вредност и ќе има коефициент некаде помеѓу 8 и 9, па токму поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, и секако да пијат повеќе течности. Исто така поради мачното и спарно време, температурите ќе ги чувствуваме како да се многу повисоки од реално измерените.

Македонија | пред 1 година

toplo-vreme-768x556

Денес и утре температури до 40, 41 степен

Во Македонија денес и утре го очекуваме максимумот на овој топлотен бран од Африка, па така денешниот и утрешниот ден кај нас ќе бидат најтоплите денови досега оваа година. Температурите насекаде ќе надминуваат 30 степени, тие на повеќе места ќе се искачуваат и до околу 35 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално ќе достигне до околу 40, 41 степен.Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност, а ќе дува и топол југозападен ветер кој повремено и локално ќе биде засилен на интензитет. Ув индексот ќе има многу висока, до екстремно висока вредност и ќе има коефициент некаде помеѓу 8 и 9. Токму поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот период од денот, односно од 11 до 17 часот, исто така да пијат и повеќе течности.Во Скопје за време на овој максимум на топлотниот бран температурата ќе се искачи до околу 35, 36 степени.Да напоменеме дека и понатаму од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и на песок, па така и атмосферата ќе биде заматена, а времето ќе биде многу мачно и спарно, што значи дека температурите ќе се чувствуваат како да се многу повисоки од реално измерените.

Македонија | пред 1 година

272063564_3120149648241589_1188196859652219359_n

Покрај многу високите температури, денес попладне можно е невреме

Покрај многу високите температури на воздухот кои се над просекот за месец јуни, но и покрај Сахарската прашина и песок која предизвикува многу мачно и спарно време, денес попладне и тоа поради влијанието на циклонот кој е западно и северозападно од нас, поточно над северна Италија очекуваме и дестабилизација на атмосферата, особено во делови од Скопската котлина, во централните како и во источните предели од државава, но и локално и во југоисточните предели.Токму во погоре споменатите предели очекуваме локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Поради загреаната атмосфера која е исполнета со енергија поради многу високите температури и топлиот бран од Африка, не се исклучува можноста и за локална појава на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи, силен ветер и со појава на крупен град.Апелираме, во случај на појава на невреме, граѓаните да бидат крајно претпазливи, односно во случај на појава на силни електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така и во случај на појава на силен ветер и на крупен град, автомобилите навремено да се заштитат.Максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени.

Македонија | пред 1 година

271837595_519305872857905_3533568932593628447_n

Топол бран во Македонија: Температурите ќе се искачат над 40 степени

Топлиот бран кој ќе започне да добива на интензитет и тоа уште од утре па за време на викендот, во текот на следната седмица ќе стане дури и екстремно топол, што значи дека очекуваме екстремно високи температури на воздухот кој насекаде низ Македонија ќе надминуваат 30 степени, на повеќе места температурите ќе се искачуваат до околу 35 степени, додека во централните и во југоисточните предели температурите локално ќе надминуваат дури и 40 степени.Од овој екстремно топол бран најпогодена ќе биде соседна Грција каде температурите локално ќе надминат дури и 45 степени.За време на овој топол бран времето ќе биде сончево со мала локална облачност и суво насекаде низ Македонија. Повремено ќе засилува ветер од југозападен правец и истиот ќе биде многу топол.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Топол бран во Македонија: Очекуваме температури до околу 40 степени

Под влијание на многу топла воздушна маса со петекло од северните предели на Африка, во Македонија од овој петок, па се до следниот вторник ќе имаме особено високи температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, додека во централните и во југоисточните предели температурите се очекува да се искачат дури до околу 40 степени.Времето ќе биде сончево со мала локална облачност, додека во попладневните часови не се исклучува можноста и тоа особено во планинските предели за појава на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Во Скопје за време на овој топол бран и тоа во периодот од овој петок, па се до следниот вторник температурата ќе се искачи до околу 35 степени.Ув индексот ќе има многу висока вредност овие денови и ќе изнесува коефициент помеѓу 8 и 9.

Македонија | пред 1 година

gradnevreme

Ново силно невреме ќе ја зафати Македонија, бидете внимателни

Под влијание на циклонска активност од запад и од северозапад, во следните часови во Македонија времето ќе биде многу нестабилно со честа и локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Поради големата енергија во атмосферата, токму поради топлиот бран од Африка и поради високите температури на воздухот, локално, особено во централните, источните и во југоисточните предели од државава процесите ќе бидат интензивни и во форма на силно невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој во ваква ситуација би можел да биде и крупен.И во делови од Скопскиот регион ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме.Поради опасност од појава на невреме, кое би можело да предизвика и локални поројни поплави, но и штети, апелираме на крајна внимателност, односно во случај на појава на силни електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на крупен град, автомобилите да се заштитат. Секако во случај на појава на силен ветер, истите да не се оставаат во близина на дрвја.Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, во Скопје до околу 31-32 степени.

Македонија | пред 1 година

1-1

Ризик од појава на посилно невреме во Македонија: Можна е појава и на крупен град

Пред само неколку денови бевме сведоци на појава на силно невреме во Скопско и Кумановско, а особено во Кумановско крупниот град направи и многу штети, оштетени беа дури и цели автомобили а обилните врнежи предизвикаа и поројни поплавувања.Сега постои ризик од ново такво невреме, и тоа за време на викендот, како и во текот на следната недела кога ќе бидеме под влијание на значително потопла воздушна маса на воздухот и тоа со потекло од Африка. Мора да напоменеме дека оваа топла воздушна маса ќе услови натпросечно високи температури на воздухот кој ќе бидат навистина летни и ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.За време на овој период во најтоплите централни и југоисточни предели можно е локално температурите да надминат и 35 степени.Од друга страна пак, ќе бидеме под влијание на циклонска активност од запад и северозапад на европа и токму ова ќе одржува нестабилна атмосфера кај нас, па така во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на посилно невреме кое може да направи нови штети, особено поради појава на силен ветер и крупен град. Не се исклучува можноста и за локални поројни поплавувања.И во Скопскиот регион постои можност за нестабилност во попладневните часови и за локално невреме во следниот период, односно за време на овој топол бран за време на викендот и во текот на следната недела.Апелираме на крајна внимателност во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.Невреме ќе го зафати и регионот и ќе услови обилни врнежи и локални поплави во следните денови. Поради присуство на ладен воздух во центарот на овој циклон и на висина, во Алпскиот регион ќе има и врнежи од снег на самиот почеток од јуни.

Македонија | пред 1 година

271777249_656292602285397_2447550688874601774_n

Од овој викенд вистински летни температури и до 35 степени

Периодот на локална попладневна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, како и со услови за локално невреме во Македонија продолжува и во следниот период.Меѓутоа, од викендот, па некаде до средината на следната недела под влијание на изразено југозападно струење на висина, температурите позначително ќе пораснат и тие ќе бидат натпросечно високи и навистина летни и тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени. Не се исклучува можноста во овој период тие во најтоплите централни и југоисточни предели локално да надминат и 35 степени.Токму поради изразеното југозападно струење на висина, од викендот и тоа од Сахара кон Македонија ќе се врши транспорт на прашина и на песок, па така и атмосферата нема да биде во целост чиста и ќе биде заматена.Во Скопје исто така од викендот температурата значително ќе се покачи и над 30 степени.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-57-7740PM

Викендов летни температури, но со можни попладневни врнежи и грмежи

Под влијание на значително потопла воздушна маса која од северните предели на Африка ќе продре до нашиот дел од континентот, за време на викендот температурите кај нас ќе бележат тенденција на голем пораст и тие ќе бидат значително над просекот за самиот почеток на јуни и ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени. Значи ќе бидат навистина летни.Времето ќе биде сончево со слаб, повремено до умерен ветер од јужен правец. Ќе има и појава на мала локална облачност.Сепак атмосферата нема да биде во целост стабилна, и тоа поради влијание на циклонски систем од западна европа, па така во попладневните часови локално ќе има појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Поради загреаната атмосфера која ќе биде исполнета со многу енергија градот би можел да биде и покрупен.И во Скопје и околината за време на викендот температурите значително ќе пораснат и максималната дневна ќе се искачи до околу 31 степен.

Македонија | пред 1 година

272063564_3120149648241589_1188196859652219359_n

Времето денеска: Сончево и топло, попладне со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне, претежно во западните делови ќе има локална нестабилност со пороен дожд и појава на ретки грмежи. Дневните температури ќе се движат од 16 до 28 степени.Во Скопје сончево ќе дува слаб северен ветер. Дневната температура ќе достигне до 27 Целзиусови степени.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

За време на викендот нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која ќе биде поврзана со висинскиот циклонски систем од запад, за време на овој викенд во Македонија времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Локално повторно ќе има услови за појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој би можел да предизвика нови поројни поплавувања, силен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на град. Токму поради ова препорачуваме крајна претпазливост.И во Скопскиот регион за време на овој викенд ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.Што се однесува до температурите, тие остануваат без промени, освен во недела кога ќе биде малку посвежо со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања