ЗДРАВСТВО

operacija-2

На товар на Фондот ќе бидат операциите за кратење на желудникот за екстремна дебелина

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, најави дека оваа година државата ќе покрива повеќе нови методи во државното здравство. Па така, за првпат за пациентите, бесплатна ќе биде и операцијата за намалување на желудникот при зголемена дебелина.Клековски најави дека ќе има пари и за трансплантациите на црн дроб од жив донор, а Фондот ќе го покрива и стентирањето на периферни крвни садови.Клековски најави и дека ќе се зголеми опфатот на пациенти со цистична фиброза кои ќе бидат вклучени на оваа животоспасувачка терапија.,,На Детската клиника сме во преговори возрасната граница на пациенти што добиваат „Трикафта“ да ја спуштиме од 12 на 6 години, односно се прават преговори со единствениот производител „Вертекс“ да се обезбедат попусти и така што поголем број пациенти да добијат Трикафта”, изјави Клековски.

Македонија | пред 11 месец

Kozle-1

Болницата во Козле доби нова директорка

Министерството за здравство информира дека за нова директорка на УК за респираторни заболувања кај децата Козле е именувана проф. д-р Катерина Бошковска, која над дваесет години е дел од тимот на оваа установа.Д-р Бошковска е супспецијалист по педијатриска пулмологија.Во рамки на наставно образовната дејност е вклучена во активностите на катедрата при УКИМ и во последните пет години има објавено голем број научни трудови.Министерството се заблагодарува за досегашниот ангажман на претходната директорка д-р Каролина Симоновска.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-02-04-at-10.16.21

Таравари ја разреши директорката на Козле која забрани да ѝ се спомнува името

Министерот за здравство, Арбен Таравари, потпиша решение со кое досегашната директорка на детската болница „Козле“, д-р Каролина Симоновска, е разрешена од функцијата, а на нејзино место е назначена професорката Катерина Бошковска.,,Не давам согласност моето име и презиме и професионалност да биде објавувано по медиуми. Го задржувам правото да ги преземам сите законски мерки за секој обид на манипулација или неовластена употреба на моето име и презиме“, стоеше во нејзината писмена изјава, која предизвика лавина реакции и револт.Персоналот и колегите остро реагираа на управувањето на Симоновска со болницата кое беше проследено со серија предизвици, меѓу кои најзначајно беше распаѓањето на бронхоскопскиот оддел, како и лошите меѓучовечки односи и несогласувања во институцијата.

Македонија | пред 11 месец

272767700_460595969108892_835185472485899042_n

Отворено писмо: Стресот и агонијата на медицинските сестри се интензивираат

Претседателката на Унијата на ЗМСТАС и ЗМСТАС „ЗА НАС“, м-р Гордана Бешлиовска упати отворено писмо по повод , како што пишува, прекинатите договори на дело и стотици медицински сестри кои во моментов се без работа.„По големиот број поплаки и барања на медицинските сестри, кои постојано пристигаат во Унијата на медицински сестри и техничари на Македонија, како и во Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“, остро реагираме и заеднички го подигаме гласот со нашите колешки и колеги кои денес „останаа на улица“ по еднострано прекинатите договори за работа.Законските недоречености и политичките флоскули ја влошуваат состојбатаФрапантни се фактите кои речиси остават без зборови: станува збор за висококвалитетни и стручно обучени медицински сестри и техничари, кои зад себе имаат и по 6 и 7 години работно искуство во статус договор на дело, а се до денес биле составен дел од здравствените установи, Општите болници во Прилеп, Битола, Кавадарци и Куманово!Овие колеги, наместо признание и решавање на нивниот статус, остануваат изневерени од здравствените власти, законските недоречености, недомаќинското работење, немањето слух за натрупаните проблеми, како и лицемерните и популистички флоскули и политички додворувања, особено во време на пандемијата со коронавирусот.Недопустливи поделби во професијата: професионализам и емпатија како единствени критериумиУнијата на петте здруженија на медицински сестри и техничари на Македонија, со своите повеќе од 5.000 членови од сите нивоа на здравствениот систем, предводена од Здружението на медицинските сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА-НАС“, континуирано реагира и алармира за потребата од итно решавање на статусот на оваа категорија медицински сестри и медицински техничари, кои со години наназад се ангажирани со „Договори на дело“ преку агенциите, други матични институции и трети по основ на проекти.Реагираме по којзнае кој пат и апелираме да се престане со поразителната поделба на медицинските сестри и техничари според: политичката реторика и опција, поделбите од типот на средни и високи, полова и возрасна поделба, но и тотално неразумната поделба по национална или етничка припадност. Затоа што во нашата професија единствениот фактор кој го определува квалитетот е: професионализмот и емпатијата! Ништо повеќе и ништо помалку!Ако според сите извештаи, анализи, препораки и параметри, на Македонија ѝ недостасуваат речиси 50% од сегашно ангажираните медицински сестри и техничари, тогаш и денешните и сите досегашни раскинувања на договори во најмала рака изгледаат несериозни, неетички и нехумани. Тие, како такви, треба да бидат поединечно образложени и поткрепени со факти.Нашата работа и нашата професија се една од најважните алки во комплетниот здравствен систем на земјата и немарното или „намерното“ запоставување на нејзината вредност, неминовно ќе доведе до катастрофални последици во здравствениот систем, лош имиџ на земјата пред светот, но и најважно од се: намалување на вредноста на пациентите и значително поскапување на здравствената нега.Делување на унијата: борба за правата и достоинството на медицинските сестриСтресот и одговорноста во нашата професија се постојани, а дополнителните стресови и долгогодишни нерешени и запоставени проблеми, какви што се: законски нерегулираната професија, условите за работа, неприфатените дипломи, слабата финансиска ревалоризација на трудот и така натаму, дополнително ја зголемуваат огорченоста и одливот на овој високо стручен кадар во западноевропските земји.Затоа, апелираме и предупредуваме дека: конечно е време за неодложно, сериозно и системско решавање на императивните проблеми во професијата медицинска сестра и медицински техничар, во интерес на сите граѓани на земјата.Нашите барања:Итно вработување на лицата кои имаат повеќегодишни стажови во здравствените установи, затоа што тие веќе ја покажале и докажале својата неопходност за болниците и пациентите!Да не се нарушува достоинството на нашата хумана професија со произволни и непоткрепени изговори и изјави од било кого!Како Унија со најбројно членство на медицински сестри и техничари во земјава, бараме да бидеме вклучени во сите инстанци и на сите нивоа на кои се носат било какви одлуки за медицинските сестри и медицинските техничари.Оваа професија се одбира и се работи затоа што се сакаат животот и добробитта на пациентите.Ако нацијата е богатство на државата, тогаш медицинските сестри се богатство на нацијата.Време е решавањата да бидат системски и систематски во интерес на СИТЕ”, стои во отвореното писмо.

Македонија | пред 11 месец

DSC_0683

Алармантно зголемен бројот на заболени од грип

Во четвртата недела од јануари пријавени се 1.878 случаи на заболени од грип и заболувања слични на грипот.Ова е за 33 отсто повеќе во споредба со претходната недела, соопшти Институтот за јавно здравје.Најмногу заболени, 1066 се лица на возраст од 15 до 64 години. Деца се 349 и тоа на возраст од 5 до 14 години, 325 од новозаболените се деца на возраст до четири години.Регистрирани се заболени 138 лица на возраст над 65 годиниНајмногу заболени има во Скопје, 581 лице. Потоа Кавадарци со 219, Куманово со 167, Струмица со 162 и Штип со 106.„Се забележува зголемување на бројот на заболувања слични на грип, што е над неделната граница за средна активност. Резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенца покажуваат дека има широка географска активност на вирусот на грип. Процентот на позитивност е над границата од 10 отсто три недели по ред. Согласно овие податоци, Република Северна Македонија има среден интензитет на вирусот на грип“, соопштија од ИЈЗ.ИЈЗ препорачува да се избегнува собирање и престој во простории каде престојуваат повеќе луѓе, особено да се избегнува близок контакт со луѓе кои се болни или сомнителни - кашлаат, киваат или имаат покачена телесна температура.

Македонија | пред 1 година

47571426_199260230980716_278705671992508416_n

Ревизија утврди малверзации на Клиниката за дерматологија, 39 отсто од лековите се со поминат рок

Државниот завод за ревизија констатирал низа неправилности и недоследности во работата на Клиниката за дерматологија.Ревизорите утврдиле неправилности во управувањето со лековите за ретки болести, финансиското работење и реализацијата на здравствените услуги.Една од најголемите слабости е отсуството на сметководствена евиденција за примените и потрошените лекови за ретки болести. Во 2023 година, Клиниката примила лекови во вредност од 37,4 милиони денари, но во интерните евиденции се прикажани издадени лекови во вредност од 27,4 милиони денари, што создава разлика од 8,8 милиони денари. Пациентите располагаат со лекови во вредност од 31.748 илјади денари, од кои 39 отсто се лекови со поминат рок.Ревизорите утврдиле дека Клиниката добила 13 милиони денари за набавка на апарати и лекови, без претходно стручно образложение за потребата од истите. Од оваа сума, речиси 10 милиони денари биле потрошени за два ласери, кои до денот на ревизијата сè уште не биле ставени во употреба.Клиниката се соочува со ненаплатени побарувања од Министерството за здравство во висина од 1,3 милиони денари, чија наплата е неизвесна.Ревизорите препорачуваат итни мерки за подобрување на транспарентноста, финансиската контрола и ефикасноста на Клиниката.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-51-5060PM

Можна нова криза на Онкологија со лекови, пациенти се жалат од други Клиники дека се нудат да ги оперираат само ако платат приватно

Недостасува терапија за уште 25-30 пациенти на Онкологија, кажа министерот за здравство, Арбен Таравари, кој најави дека до понеделник ќе има биолошка терапија за сите.„Денеска стигна дел од терапијата, утре стигаат уште два лекови и понеделник уште три и ќе ги имаме сите лекови. Првпат ни се случува десет дена да нема терапија. 95% од пациентите се третираат и има терапија. Недостасуваше само 5%. Оваа терапија беше набавена од претходното раководство. Се работи за 25-30 пациенти, ама и 1 пациент да е, многу е“, вели Таравари.На посочувањето дека сега започнува криза со имунолошка терапија на Онкологија, однсоно дека нема доволно, рече: „Јас се надевам дека и тоа ќе бидеме покриени набргу и нема да има криза. Се обидуваме да згасиме пожари кои се предизвикани однапред“, рече Таравари.Министерот беше прашан дали знае дека пациенти со месеци чекаат за операција на Клиниката во Скопје, а им се нуди приватно да бидат оперирани за неколку дена, рече дека добиваат пријави.„Добиваме информации и пријави во Министерството за здравсво, ги информираме директорите. Има една акција. Имаше уште еден обид да се види дали се случуваат вакви злоупотреби, за да се работат во редовно работно време кои треба да се работат отпосле. Ние правиме се за медицинските екипи да бидат коректни“, додаде тој.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-50-7410PM

„Дежурниот доктор имал итен прием, ние чекаме со страшна аритмија, изгледа треба да се молиме само да се смири“ - пациент со искуство од Кардиологија

Скопјанецот Срџан Амет сподели искуство во кое посочува дека повеќе од еден час чекал дежурен доктор на Кардиологија, додека неговиот татко имал аритмија. Неговото сведоштво ви го пренесуваме во целост:„Од 23:40 пациент со 150 пулс и страшна аритмија чека да се симне дежурен доктор за интервенција. Дежурниот доктор имал интен прием со друг пациент... ок разбирам. Но не разбирам како еден дежурен лекар кој покрива и одделение и ургентна и приеми... и сега ние треба да се молиме заедно со сестрата тука доле во урегтна само по себе срцето да се смири.Морам да се јавам на Директорот Беким, на Проф Љубица, на Проф Костовски ... за да ме истретираат соодветно и нормално.. зошто? Зошто мораме само кај нас да се јавуваме негде, кај некого за да го добиеме тој сервис кој што е нормален сам по себе за добивање... зошто? Очигледно реторичко прашање.Е вечер не се јавувам... Ајде да видиме каква ние ургетноста, итноста, професионалноста. А ако татко ми има последици било какви поради ова чекање зошто сега е со 140 отчувувања во минута, тужба добива клиниката, дежурниот лекар и министерството. Јавно да си известам, без притисоци. Сега е 00:38. Up date: Примени 01:10 .. за сега санирани ...“.

Коментари | пред 1 година

Screenshot-2025-01-21-at-00.14.45

Почина доктор Мирјана Петровска

На 66-годишна возраст почина нашата почитуванa прим. д-р Мирјана Петровска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија.„Прим. д-р Мирјана Петровска 16 години беше дел од тимот на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и „Мала Богородица“. Ќе остане запаметена по нејзината посветеност, придонес во анестезијата и интензивното лекување, професионалност и хуманост. Длабока почит од целиот менаџерски тим на КБ ,,Аџибадем Систина“ и сите вработени. Вечна ѝ слава, нека почива во мир!“, напишаа од „Аџибадем Систина“

Македонија | пред 1 година

uciliste-skolo-deca-ucenici-4-4

Учениците назад во клупи, грипот се шири

Денеска започнува второто полугодие. Учениците се враќаат во училишните клупи.Не се пролонгираше почетокот, иако амбулантите се преполни со пациенти заболени од сезонски грип. Пикот се очекува во втората половина на февруари.Оваа година нема да има пролетен распуст, бидејќи мнозинството наставници, родители и ученици се изјасниле против неговото воведување.Истовремено, за повеќе од три пати е зголемен бројот на заболени од грип оваа недела во споредба си претходната. Ова се податоци од последниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-19-at-12.43.06

Таткото на детето кое почина: Состојбата му се влошила по примена инфузија, немал здравствени проблеми

Ивица Крстевски, татко на деветгодишниот Алекс кој почина во вторникот, за  „Фокус”  открива дека момчето било здраво и весело дете кое немало никакви здравствени проблеми. Никогаш немал сериозна дијагноза и не бил под терапија. Бил ученик во 4то одделение, редовно посетувал настава. Неодамна имале и систематски каде исто така се покажало дека детето е здраво.“Алекс беше здраво и весело дете. Никогаш не сме се соочиле со сериозни здравствени проблеми. Единствено поради настинки одевме на лекар, што е нормално за секое дете,“ раскажува за Фокус, Ивица Крстевски, таткото на Алекс, четвртодделенецот од село Пеширово кој трагично го загуби животот на 14-ти јануари.Утрото на 14-ти јануари, Алекс започнал да повраќа, поради што мајката и дедото го однеле кај матичниот лекар во Свети Николе. Лекарката која била на смена, иако не била матичната на Алекс, му дала инфузија, по што состојбата му се влошила. Наместо да биде испратен со амбулантно возило до Клиничката болница во Штип, Алекс бил транспортиран со истото такси возило со кое пристигнал.„Не знам зошто не беше повикана итна медицинска помош ако состојбата му била критична. Наместо лекарски тим, детето беше испратено во Штип со такси,“ раскажува Ивица Крстевски, кој во моментот на настанот бил во Словенија, каде што работи за да го прехрани семејството.„Јас пет години работам во Словенија, за да го прехранам моето семејство. Утрото кога поради повраќање Алекс беше однесен со такси возило кај матичен лекар, јас не бев со него, бидејќи бев во Словенија. Со него беа неговата мајка и мојот татко. Таксистот е сведок на целата ситуација. По примање на инфузија, на син му се влошува состојбата, и лекарката го испраќа во болница во Штип, и тоа со истото такси возило. Ако состојбата била критична, не знам зошто не била повикана лекарска екипа од итната помош, туку детето без доктор и медицински персонал било пратено во Штип“, вели Ивица.Според извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), по извршениот вонреден инспекциски надзор во ПЗУ Д-р Оливер, Свети Николе, потоа во Клиничка болница-Штип и во Клиниката за детски болести во Скопје, не биле констатирани недостатоци во трите институции. Во штипската Клиничка болница му била поставена дијагноза сомноленција. Сомноленцијата претставува состојба на квантитативно растроена свест (состојба на длабок сон) која се одликува со изразена поспаност.„Сакам да спречам вакви трагедии во иднина. Сакам вистината за Алекс да биде позната, а неговата смрт да не биде залудна,“ завршува таткото, кој ја изразува својата длабока болка и разочарување од системот што го изневери неговото семејство.

Македонија | пред 1 година

bolnica-bolnicki-krevet-doktor-620x350

ДСЗИ:Нема пропусти во лекувањето на деветгодишното дете кое почина во Детската клиника

Државниот санитарен и здравствен инспекторат во соопштение до јавноста извести дека не пронајде недостатоци во начинот на третирање на здравствената состојба на деветгодишното дете Н.А. од селото Пеширово, Општина Свети Николе. Детето во вторникот почина на Клиниката за детски болести во Скопје.Од инспекторатот информираат дека извршиле вонредни инспекциски надзори кај сите здравствени установи во кои се лечело детето и во сите три институции нема констатирано недостатоци и неправилности во постапувањето.Детето било однесено кај матичниот лекар во Свети Николе на 14 јануари бидејќи имало болка во стомакот, повраќање, кашлање, висока фебрилност и несоница.„При преглед детето било поспано, афебрилно, без убедливи знаци за дехидратација. Направени му се лабораториски испитувања по што дадена му е инфузиона терапија во тек на која кај детето настапува сомнолентност со слаба реакција на говор заради што е упатено во ЈЗУ Клиничка болница Штип“, стои во соопштението од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.Во болницата во Штип, детето било донесено со такси возило, а дежурниот доктор поставил дијагноза која гласи сомноленција. Во ЈЗУ КБ Штип, повторно му се извршени лабораториски испитувања и дополнително КТМ на глава.Заради лошата општа здравствена состојба и наодите од лабораториските испитувања, детето со возило на итната помош, истиот ден е однесено во Скопје.„На прием детето е во општа тешка состојба поради што веднаш е започната со рехидратација и корекции на биохемиски параметри. Во 22:25 часот има дополнително влошување со респираторен и кардиак арест, започната е реанимација во тек на која е симнато на ОИНТ за понатамошен третман. Состојбата на детето и понатаму се влошува и покрај сите пропратни интервенции, реанимацијата не е прифатена и во 23.30 часот настапува егзитус“, се вели во официјалниот став од ДСЗИ.

Македонија | пред 1 година

DSC_0683

Пет месечно бебе и четири годишник се заразени со голема кашлица во Скопје

Големата кашлица повторно зема замав. Два случаи се евидентирани од 10 ти до 16 ти јануари. Се работи за деца од Скопје, едното пет месечно и невакцинирано, а второто на возраст од четири години, комплетно вакцинирано.Двете деца се амбулантски лекувани, информираа од Институтот за јавно здравје.Претходните седум дена немало ниту еден случај на голема кашлица.Од 27 декември до 2 јануари беше пријавен еден случај на голема кашлица, кога Институтот информираше дека детето се лекува болнички, има два месеца, невакцинирано затоа што не ја достигнало возраста за вакцинација.Во периодот 2024/25 година, заклучно со 16 јануари, на територија на државата регистрирани се вкупно 1.176 лица заболени од голема кашлица.

Македонија | пред 1 година

bebe-inkubator

Починатите бебиња близнаци имале знаци на премрзнување

Прилепската болница се огласи со соопштение дека починатите бебиња близнаци имале знаци на премрзнување. Семејството во селото Славеј живеело во екстремно лоши услови.Мајката била родена во 2001 година, а во болницата се породила во нејзината четврта бременост во која ги родила нлизнаците во 34-та гестациска недела.„Првото новороденче, машко, било со родилна тежина од 1.970 грама, а второто, женско, со тежина од 1.780 грама. На 10 јануари, на барање и со потпис од мајката, децата биле пуштени дома. Потоа во текот на вчерашниот ден во 10:45 часот на одделот за детски болести е донесено женското новороденче во тешка здравствена состојба како резултат на премрзнување“, велат од прилепската болница.Според достапните информации машкото новороденче е претходно починато дома од истата причина.„По приемот на женското новороденче, веднаш е преземена интензивна медицинска интервенција. Извршена е реанимација, новороденчето е интубирано, поставено во топли ќебина и применети се дополнителни мерки за затоплување. И покрај сите преземени обиди од медицинскиот персонал, состојбата продолжи да се влошува. Во 13 часот е констатирана смрт“, се вели во соопштението на ЈЗУ Општа болница Прилеп.

Македонија | пред 1 година

272767700_460595969108892_835185472485899042_n

Грипот коси

За повеќе од три пати е зголемен бројот на заболени од грип оваа недела во споредба си претходната. Ова се податоци од последниот извештај на Институтот за јавно здравје.Во текот на втората недела од јануари пријавени се 1.053 случаи на заболени од грип.Од заболените 633 лица се на возраст од 15-64 години, забележни се 179 случаи кај деца на возраст од 5-14 години, а 144 кај деца на возраст од 0-4 години и 97 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години.Најмногу заболени има во Скопје 305, потоа Дебар 134, Куманово 118, Тетово и Гостивар по 66, Кавадарци 62.„Од почетокот на сезоната 2024/2025, заклучно со втората недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се 130 материјали од здравствените установи - од амбулантски и болнички лекувани пациенти за тестирање за присуство на вирусот на грип, од рутинскиот надзор. Сите пристигнати материјали се тестирани за присуство на инфлуенца вирус, SARS-CoV-2 и/или RSV. Детектирани се 14 позитивни случаи на Influenza, 2 Influenza А(H1)pdm09, 11 Influenza А(H3) и 1 Influenza B/Victoria. Регистриран е еден позитивен случај на SARS-CoV-2. Дополнително, регистрирани се 5 позитивни случаи на респираторен синцицијален вирус (RSV)“, стои во извештајот на ИЈЗ.Во земјава се спроведува таканаречен сентинел надзор за состојбата со грип и КОВИД-19 во земјава за да се добијат подетални информации во однос на инциденца, интензитет, тип на вируси кои циркулираат и за имплементација на навремени превентивни мерки. Од сентинел местата кои учествуваат, во 2-ра недела пријавени се вкупно 50 САРИ (Сериозни Акутни Респираторни Инфекции).

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања