ЗДРАВСТВО

karadakovski

Тешки изгреници на главата и вратот, 90 отсто оштетени дишни патишта, откажани бубрези, се само дел од повредите на починатиот Карадаковски во „Пулс“

Александар Карадаковски, пациентот кој почина во Литванија како последица на пожарот во дискотеката „Пулс“ воКочани, имаше 29 години. Тој вториот ден по неговиот прием во болница, бил транспортиран во Литванија. Небојша Настов, директор на болницата „св. Наум Охридски“, рече дека тој имал тешки изгореници на главата, вратот, екстремитетите уште пред да биде испратен на лекување во странство.„Во текот на денот дојде до влошување на состојбата, попладнето беше потребна механичка вентилација односно интубација. Изгорениците не беа мали, вкупната површина беше 36 отсто, претежно на горните екстремитети, главата и вратот. Со длабочина од втор и трет степен. И заради оној дел од пламенот, од чадовите кои ги вдишал, дошло до оштетување на внатрешните дишни органи. Оштетено беше голем дел од дишното стебло, затоа се влошила состојбата. Тоа довело до подлегнување на повредите. Пациентот 24 часа по приемот, со медицински авион беше префрлен во Литванија. Мора да бидеме свесни дека поголемите изгореници и повреди, не секогаш ќе завршат добро“, рече Небојша Настов, директор на болницата „св. Наум Охридски“.Таравари рече дека раните од втор и трет степен отвориле простор за инфекции.„Испратен беше на 17 март, втор ден по трагедијата во Кочани. Имаше 29 години. Тој беше најтешкиот пациент. На 1 април му откажаа бубрезите, беше ставен на дијализа. Имаше температура, рани. Раните од втор и трет степен отвора простор за инфекции“, рече Таравари.Карадаковски беше и осомничен како управител на хартија, на фирмата „ММММ Кафе ДООЕЛ“ под која функционирала дискотеката „Пулс“. Обвинителството ја запре постапката, а тој стана жртва на пожарот.

Македонија | пред 9 месеци

onkologija-4142

Онкологија пак остана без биолошкиот лек Palbosiklib, дијабетичарите без исулин - пациенти реагираа: Критична е состојбата во која се наоѓаме!

Дијабетичарите останаа без инсулин, а пак онколошките пацинети без биолошкиот лек Palbosiklib. Пациенти ја контактираа редакцијата на „Скопје1“ кои велат дека се оставени без терапија. Некои од нив посочуваат и за алармантноста на состојбата. За инсулинската терапија, министерот за здравство Арбен Таравари рече дека во тек е набавката. За набавката на биолошкиот онколошки лек, директорот на Клиниката за онкологија Игор Стојковски за „Скопје1“ вели дека процедурите за набавка се при крај. Пациентите бараат од медиумите да ја подигнат свеста кај здравствените власти.„Пишувам како очаен пациент со дијабетес ТИП 1, со надеж дека ќе ја подигнете свеста за критичната ситуација во која се наоѓаме. Веќе втора недела, во инсулинските аптеки нема инсулин, лек кој е од животна важност за нас.Ова не е прашање на удобност, туку на опстанок. Без редовно снабдување со инсулин, нашите животи се сериозно загрозени. Оваа ситуација предизвикува огромна вознемиреност и страв кај сите дијабетичари и нашите семејства. Итно бараме од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) да објасни што се случува и зошто има недостиг на инсулин. Едно пенкалце инсулин чини повеќе од 2500 денари, а граѓаните се наоѓаат во сериозна финансиска криза. Како ќе си дозволат да го купат овој лек? Апелирам до надлежните институции и до јавноста да се реагира итно. Неопходно е веднаш да се обезбеди инсулин за сите пациенти кои имаат потреба. Ве молам, помогнете ни да го кренеме гласот и да ја подигнеме свеста за овој проблем. Нашите животи зависат од тоа“, стои во апелот испратен до нашата редакција утрово.Министерот за здравство Арбен Таравари изјави дека во тек се процедурите за набавката на инсулин.„Во тек е процедурата за набавка на инсулин. Не дека недостасува насекаде, во одредени места недостасува. Но, генерално во целата територија, го има инсулинот. Се надевам дека многу бргу ќе кажеме и кој е добавувачот и набавката ќе заврши. Меѓутоа, не е дека секаде нема. Некаде недостасува“, рече министерот.Реагираа и роднини на онколошки пациенти до нашата редакција.„Пак истиот проблем на Онкологија. Во моментов мајка ми е на Онкологија да прима терапија. И рекле да почека две недели, можеби и побргу. Но не треба да ја прекине терапијата. Хаос и брука е ова за сите. Истата песна пак, жално за сите што чекаа лек. Мајка ми и татко ми се онколошки пацнети, замислете како ми е мене, како им е на нив“, алармира роднината на околошки пациенти.Директорот и доктор Игор Стојков, за „Скопје1“ вели дека во тек е постапката за набавка на биолошката терапија. Посочува дека тендерската постапка е завршена и дека остануваат само формалностите. Укажува дека ако лани имало 30 пациенти, сега има 60 пациенти кои ја примаат оваа терапија. Тоа довело, за момент, да снема доволно дози од лекот. Укажува дека сега се набавува за 100 пациенти, за да не се случи нов дефицит.

Македонија | пред 10 месеци

puls-35-1

Еден пациент од Австрија се враќа денес во државата - странски тимови за рехабилитација се пристигнати во нашите центри

Министерството за здравство информира дека еден пациент од повредените лица од пожарот во Кочани кој беше хоспитализиран во медицински центар во Австрија, денеска се враќа во државава, по што согласно протоколите ќе биде задржан под 24-часовен надзор. Со тоа, во странските медицински центри се третираат 80 пациенти, од кои двајца се третираат амбулантски, а нема промена во нивната состојба во однос на минатите денови.Инаку, во изминатото деноноќие на Клиниката за пластична хирургија е примен пациент кој е вратен од Грција и по неопходните испитувања ќе биде пуштен на домашно лекување.Во моментов на оваа Клиника се хоспитализирани тројца пациенти.Во изминатото деноноќие нема згрижени пациенти на Клиниката за токсикологија.Во ГОБ 8 Септември се хоспитализирани 3 пациенти, а во Хируршката клиника Свети Наум остануваат 6 пациенти кои се хоспитализирани на одделение.На Клиниката за пулмологија се хоспитализирани двајца пациени, додека во приватните установи останува непроменета состојбата со бројот на хоспитализирани пациенти.Пристигнати се и тимови од странство со големо искуство во областа на рехабилитација на пациенти со изгореници кои во моментов прават евалуација на просторните услови, апаратурата во неколку центри за рехабилитација на пациенти со изгореници.Министерството за здравство останува во постојана комуникација со медицинските тимови во земјата и странство, посветено на обезбедување најдобра можна нега за секој еден од пациент од повредените од несреќата во Кочани....

Македонија | пред 10 месеци

taravari-1

Сто повредени од дискотеката во Кочани и натаму на лекување, тројца се критични

Од 193 лица повредени во дискотеката „Пулс“ во Кочани, остануваат само 100 на лекување во домашните и странските болници. 80 пациенти се лекуваат надвор од државата, а двајца се враќаат денес.Министерот за здравство, Арбен Таравари, посочи дека тројца од повредените се во критична состојба, што значи дека едно лице е во подобра состојба.„Еден од критичните пациенти е многу подобар. Кај некои од пациентите има флуктуација во здравствената состојба“, посочи Таравари.Таравари кажа дека очекуваат враќање на повеќе пациенти од странските болници во текот на неделата. Денеска пак, се враќаат двајца пациенти - од болниците во Полска и Шведска.„Очекуваме да се вратат полесните пациенти оваа недела“, рече Таравари.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-31-at-13.10.12

Потребни сме: Теодора (10), четири години се бори за својот живот, треба да и се трансплантира срце во странство

Теодора Колева е 14-годишно девојче кое 4 години ја чека надежта и среќата наречена СРЦЕ. Девојче кое 4 години се бори за својот живот и која итно и е потребна трансплантација на срце во странство, за да може да ја добие шансата за живот што ја заслужува.Tеодора е во состојба на срцева слабост и има потреба од интензивна кардиосупортивна терапија. Веќе е хоспитализирана неколку пати, но за да се спаси, мора да се направи трансплантација во педијатриски кардиохируршки центар во странство.Додека не се најде соодветен донор, Теодора мора да прима терапија на приватно, која ја одржува во живот, а месечно истата чини околу 2.500 евра. Семејството е финансиски исцрпено и не е во можност повеќе да ги покрие овие трошоци поради што се обраќа до сите нас хумани граѓани за помош.Вашата финансиска поддршка, без оглед на износот, може да ѝ даде нова надеж на Теодора и нејзиното семејство.Додека се чека да се најде соодветен донор и срце за Теодора сите заедно, можеме да ѝ помогнеме да ја продолжи својата борба за живот и да се обезбедат потребните парични средства за потребната терапија и трошоци кои ги има ова семејство.ДОНИРАЈТЕ ТУКА

Македонија | пред 10 месеци

puls-19

Од повредените во Кочани: 12 пациенти се испишуваат во болниците, 4-5 се покритично, има и влошување

Министерот за здравство, Арбен Таравари, кажа дека и натаму на лекување се 151 пациент, кои настрадаа во диското „Пулс“ во Кочани. Од нив, рече дека пет пациенти се во полоша состојба, како и дека некаде има влошување. Добрата вест е дека 12 пациенти си заминуваат дома, а кои се лекуваа во Скопје.„Вкупно во болниците во Скопје се 39 пациенти. Денеска се испишуваат 12 пациенти и практично ќе останат 27 пациенти кои се лекуваат во болниците во Скопје. Исто така во странство продолжуваат да бидат 115 пациенти. Имаме добра вест, што најверојатно еден пациент од Белград се враќа денеска, ќе биде на понатамошно лекување во Скопје. Состојбата на пациентите надвор во државата, продолжува кај четири-пет пациенти да бидат во посериозна состојба, некаде има и влошување, но колегите се обидуваат да дадат максимум од себе, за да го поминат овој тежок период за нив“, рече Таравари.Екипи од Клиниката за пластичка хирургија веќе заминале за Кочани и таму ќе даваат третман на повредените.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-23-at-15.09.07

16 повредени од Кочани се праќаат дома, четири се критично - сега е фазата на инфекции, рече Таравари

16 лица од повредените во Кочани, ќе се пуштат на домашно лекување, додека 30 пациенти ќе останат на лекување во скопските клиники. Ова го соопшти министерот за здравство, Арбен Таравари, кој најави и враќање на осум пациенти кои се лекуваат во странство. Тој рече дека во Македонија, ќе бидат сместени во домашните клиники, па за ден два ќе бидат пуштени дома.„Четиири пациенти се покритични. Вчера беа пет, денес, се четири. Во фаза сме на инфекции кои можат да се јавуваат кај изгореници од трет и четврти степен. Се надеваме на најдоброто, колегите даваат максимум“, рече Таравари.Тој рече дека во следните две недели, очекувањата се да се вратат барем половина од 115-те пациенти кои се лекуваат во странство.„На некои пациенти ќе им треба рехабилитација со недели, а на некои со месеци. Размислуваме кои се можните опции“, рече Таравари, прашан, како ќе се третираат пациентите на кои треба постојано да им се прават преврски на изгорениците.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-21-at-10.21.54

Лекувањето 99% е бесплатно, нема потреба никој да собира пари, сместување и пат плати Владата, вели Таравари

Лекувањето е бесплатно, а Владата обезбеди карти и сместување за по двајца членови на семејствата, за повредените кои се лекуваат во странство. Ова го изјави министерот за здравство, Арбен Таравари, по апелите да се донира преку трансакциски сметки.„Генерално во 99 отсто, сигурни сме дека е бесплатно лекувањето и нема потреба никој да собира пари. Како Влада обезбедивме и за по двајца членови на семејство да патуваат, да им плати Владата, плус сместувањето во сите држави. Нема потреба од шпекулации и невистини. Можеби во некоја држава, но генерално 99 отсто во државите е бесплатно“, рече Таравари.Од вчера, сите кои сакаат дополнително да им помогнат на семејствата, тоа можат да го направат на веб-страницата www.supportkocani.com. Се собираат средства за тековните трошоци кои ги имаат семејствата таму.

Македонија | пред 10 месеци

bolnica-bolnicki-krevet-doktor-620x350

Четврти смртен случај од грип

Уште еден смртен случај од грип е регистриран изминатата недела. Како што стои во извештајот на Институтот за јавно здравје, почината е жена на возраст од 82 години од Скопје која била хоспитализирано на клиниката за Пулмоалергологија.Пациентката имала и други болести и не била вакцинирана со вакцина против сезонски грип. Ова, според податоците на Институтот е четврти смртен случај од почетокот на сезоната на грип оваа сезона.Според официјалните податоци, пак бројката на новозаболени бележи тренд на намалување за 15% во споредба со претходната недела. Сепак во споредба со претходните 14 години се забележува зголемување за 38,4%.Регистрирани се 2.569 случаи, од кои 1.465 лица се на возраст од 15-64 години, 550 кај деца на возраст од 5-14 години, 297 се регистрирани кај деца на возраст од 0-4 години и 257 кај лица на возраст над 65 години.Според лекарите пикот на грипот е веќе достигнат и очекуваат намалување на бројките на заболени.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-06-at-10.39.09

(Видео) Се лажат луѓе дека аутизам се лечи со матични клетки во Турција, има цели фирми кои работат против пациентите, сведочи д-р Лазаров

Доктор Ненад Лазаров, во подкастот „Претрес со Ландов“ кажа дека не може да се лекува аутизам со матични клетки во Турција и дека тоа е измама. Посочи јасно дека организации дозволуваат собирање пари, давајќи им лажна надеж на родителите.„"Лечење" аутизам кај деца со матични клетки во Турција е измама, всушност било која изјава со терминот "лечење" на аутизам е спорна. Повикување на донации за ИТНО "лечење" на аутизам кај деца, од каков и да е вид е исто така измама, класична злоупотреба на хумани луѓе кои донираат. Доминантет дел од повиците за лекување деца во Турција се однесува на матични клетки за аутизам, затоа и намерно во повиците родителите не го пишуваат тоа зошто се повеќе луѓе се информирани за матични клетки и нема да донираат!“, напиша и сега доктор Лазаров.„Се лажат луѓе за матични клетки на аутизам. Не постои ниеден сучај на излечен аутизам во светот, прво не е болест. 20.000 евра чини еден циклус. Минимум се препорачани 4. Во Турција. Зошто само таму го има тоа? Има цели фирми кои работат против пациентите“, рече Лазаров во поткастот.Сите детали како се прават измами на пациенти:?t=5522

Македонија | пред 10 месеци

taravari-1

Верификацијата на телефонски број во „Мој термин“ ќе биде задолжителна, децидни се од Здравство

„Во насока на подобрување на достапноста на здравствените услуги за пациентите, во системот Мој Термин е воведена опцијата за верификација на телефонскиот број“, велат од Министерството за здравство по барањето на матичните доктори ова да се укине.Тие додаваат: Оваа мерка има за цел да обезбеди пациентите навремено да добиваат известувања за закажани термини и други здравствени услуги, со што се намалуваат пропуштените прегледи и се оптимизира функционирањето на здравствениот систем.Во моментов, процесот сè уште не е задолжителен, но во наредниот период ќе стане обврска при посета кај матичниот лекар. Сепак, системот предвидува исклучоци во одредени случаи:Итни медицински случаи – внесување во системот без верификација.Деца и изнемоштени лица – можат да бидат верификувани преку друго лице (еден телефонски број за повеќе пациенти).Корисници на мобилната апликација Мое Здравје – можат самостојно да ја завршат верификацијата, без вклучување на матичниот лекар.Важно е да се нагласи дека верификацијата се прави еднократно, што значи дека пациентите треба да го потврдат својот телефонски број само при првиот преглед. Оваа промена се базира на анализи кои покажаа дека значителен број пациенти не се појавуваат на закажаните термини поради неажурирани телефонски броеви. На пример, повеќе од 50% од пациентките со закажани прегледи за дојка не се појавиле, со што биле изгубени термини кои можеле да бидат искористени за други пациенти.Министерството за здравство и Управата за електронско здравство остануваат посветени на подобрување на пристапот до здравствените услуги и зголемување на ефикасноста на системот, при што сите чекори ќе бидат преземени со соодветна адаптација и исклучоци за категориите пациенти на кои тоа им е потребно.

Македонија | пред 11 месец

481206953_1066011428889072_4692862091772256589_n

Инсталирана нова современа опрема за напредни уролошки процедури на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски"

Инсталирана нова современа опрема за напредни уролошки процедури на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски".Опремата е набавена од Министерство за здравство, во вредност од 26 милиони денари.Ендоскопски столб со кој на годишно ниво ќе се вршат околу 100 лапароскопски и 350 ендоскопски интервенции за различни уролошки состојби. Нов хируршки тулиум ласер, за лекување калкулоза.Со новата опрема се зголемува капацитетот на одделот за урологија, со цел побрзо и поефикасно лекување на пациентите.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-02-20-at-13.09.09

Се намалува бројот на заболени од грип: избегнувајте да седите во простории со повеќе луѓе, проветрувајте и грејте дома

Оваа и претходната недела има намалување на заболени од грип. Но, ако бројките на заболени се споредат со истиот период од минатата година - тие се драстично зголемени. Во сезоната 2024-2025 година, вкупен број на случаи на грип е 14.340, во споредба со истиот период минатата година бројот бил 11.921. Ова значи дека бројот на пријавени случаи е за 20,3% повеќе. Досега, нема смртни случаи од грип и инфуенца.„Бројката во овој период е значително повисока, од минатата година. Среќа, имаме втора недела по ред намалување“. 1.494 лица се од 15 до 64 години, 655 лица се деца од 5 до 14 години, 289 се лица од 65 години и 288 лица се деца од 0 до 4 години. Најмногу пријавени, 616 лица во Скопје, 286 лица во Битола, во Куманово 149, Струмица 202“, рече директорката на ИЈЗ Марија Андоновска.Директорката додаде да се следат препораките, а тоа значи да се избегнуваат простории каде има повеќе луѓе, да проветруваат, да затоплуваат, да мијат раце. За заболените, треба да остнаат дома, децата да не одат во училиште, да немаат контакт со здрави лица.

Македонија | пред 11 месец

zastitni-maski

Се враќаат маските, забрана за посета во болниците

Забрана за посети на хоспитализирани пациенти, а во болниците и клиниките задолжително да се носат маски и да се одржува дистанца, препорачува Министерството за здравство. Оваа препорака е испратена до сите јавни установи по укажување на Комисијата за заразни болести за да се спречи ширењето на грипот.Од Комисијата велат дека засега не планираат дополнителни мерки за заштита од грипот бидејќи нема преоптоварување на болничките капацитети, а бројките на новозаболени стагнираат.Од Министерството за здравство пак потенцираат дека предложените мерки се од исклучителна важност за здравјето на пациентите и здравствените работници, согласно на тоа што актуелните епидемиолошки податоци укажуваат на пик на сезонскиот грип.За периодот од 3 до 9 февруари, во земјава се пријавени 2 880 случаи на заболени од грип или заболувања слични на грипот, што е за 5,1 отсто помалку во споредба со претходната недела, информираат од Институтот за јавно здравје.За заштита од грип, од ИЈЗ препорачуваат да се избегнува собирање и престој во простории каде што престојуваат повеќе луѓе, особено да се избегнува близок контакт со луѓе кои се болни или сомнителни – кашлаат, киваат, имаат покачена телесна температура.

Македонија | пред 11 месец

tiktok-bekjarovski

„На ТикТок се шири многу опасен Парацетамол предизвик!“, алармира доктор Беќаровски

Докторот-токсиколог Нико Беќаровски алармира дека на „Тикток“ се шири нов опасен предизвик кој го практикуваат младите. Тој сподели објава од швајцарски медиум со наслов „'Парацетамол предизвик' на TikTok ги засега швајцарските лекари“.Од почетокот на оваа година на платформата ТикТок кружи нов многу опасен предизвик меѓу младите, ВНЕСУВАЊЕ НА ГОЛЕМИ ДОЗИ ПАРАЦЕТАМОЛ! Почитувани, колку и да звучи чудно, труењата со парацетамол се меѓу најсмртоносните труења со лекови. Дури и мали дози 10-15 таблети предизвикуваат оштетувања на црниот дроб. 20-40 таблети предизвикуваат сериозни труења и оштетувања на црниот дроб, а труењата со над 50 таблети многу често завршуваат со смрт, дури и при интензивно лекување. Секоја година 30-50% од акутните трансплантации на црниот дроб во САД и Европа се прават поради труења со овој лек! Затоа контролирајте ги вашите деца, рпед да ни се случи нова трагедија! Ако сепак се случи труење а не се поминати 2-4 часа веднаш дадете 10 таблети медицински јаглен и АЦЦ (2 кесички) и веднаш побарајте лекарска помош. Секундите некогаш значат спасен или изгубен млад живот“, напиша докторот.Во новинарската статија на швајцарскиот медиум стои дека неколку кантони во западна Швајцарија предупредуваат на опасниот „Предизвик со парацетамол“ кој моментално неконтролиран на социјалните медиуми како што е ТикТок.„Ова вклучува млади луѓе да се предизвикуваат меѓусебно да земаат високи дози на лекот против болки парацетамол - често со фатални последици. Здравствените власти на кантоните Фрибург, Јура и Вауд во четвртокот го предупредија населението за ризиците од оваа практика. Се повикуваат аптеките да бидат повнимателни при продажбата на овој лек на младите луѓе, објавија кантоните. Парацетамолот е еден од најчесто користените лекови против болки во светот. Активната состојка е содржана во бројни лекови како што се Парацетамол-Мефа, Дафалган, Панадол, Неоцитран, Алгифор и други. Токсичноста на активната состојка може да доведе до тешка хепатална инсуфициенција доколку се користи неправилно и може да биде дури и фатална во случај на предозирање. Првите знаци на труење може да се појават дури 24 до 48 часа по ингестијата. Знаците на труење вклучуваат абдоминална болка, гадење, проблеми со координацијата и жолта кожа. Се чини дека предизвикот за голтање високи дози на лекови против болки е тренд кој се повторува на социјалните мрежи. Неколку европски земји веќе издадоа соодветни предупредувања во летото 2023 година“, стои во објавата на швајцарскиот медиум.

Коментари | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања