ЗДРАВСТВО

Screenshot-2025-06-09-at-08.46.39

Денеска избор за министер: Азир Алиу од „Вреди“ се очекува да го преземе здравството

На денешната седница на Собранието, пратениците ќе одлучуваат за изборот на нов министер за здравство – Азир Алиу, кадар на движењето „Вреди“. За Алиу ова ќе биде втор министерски мандат, но прв во сферата на здравството – сектор во кој досега нема професионално искуство.Алиу е професор по информатички науки и претходно беше министер за информатичко општество и администрација во владата на Димитар Ковачевски, како дел од Алијансата за Албанците. По расколот со Арбен Таравари, реши да ја напушти партијата и остана во новото парламентарно мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ.И покрај тоа што неговата стручност е надвор од областа на здравството, власта го гледа тоа како предност – очекуваат од него системска реорганизација и подобро менаџирање на секторот кој, според критиките, е во лоша состојба.Од СДСМ не го коментираат директно Алиу, но потсетуваат дека здравството е едно од најзапоставените министерства под оваа власт.Алиу веќе еднаш, во почетокот на 2024 година, се раздели со тогашната коалиција на Алијансата, заедно со Таравари и Села, по што беше разрешен од министерската функција. Подоцна се врати во игра преку крилото што остана во „Вреди“, добивајќи влијателна улога во преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за новата влада.Покрај него, денеска треба да се избере и нов заменик-министер за земјоделие – Албрим Хоџа. Тој е поранешен новинар, но има и искуство со ИПАРД проекти и аграрни политики. Ова место исто така претходно му припаѓаше на кадар на Алијанса за Албанците.Според собранискиот деловник, расправата за секој предлог-министер може да трае најмногу еден час, а гласањето мора да се одржи најдоцна до полноќ.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2024-02-06-at-19.17.09

Азир Алиу ќе го земе столчето на Таравари во здравство

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу во Владата на Димитар Ковачевски, ќе биде предлог на ВРЕДИ за нов министер за здравство во Владата на Христијан Мицкоски.Ваква е одлуката на партијатата ВРЕДИ која го наследи секторот здравство откако се разделија со Таравари.Од ВРЕДИ информираа дека за овој предлог веќе е известен премиерот Христијан Мицкоски.Азир Алиу е еден од членовите на Алијанса за Албанците кои одлучија да не го следат Арбен Таравари и да останат во ВРЕДИ. За него борбата против корупцијата и промените во општеството не се напуштаат на првата пречка.Алиу претходно изјави дека излегувањето од Владата во овој момент и без јасен план може да доведе до рехабилитација на старите структури од ДУИ.Како предлог од Алијанса за Албанците во 2023 година за нов министер во Министерството за информатичко општество и администрација дојде името на докторот по информатички науки, Азир Алиу. Тој е интернационален експерт во областа на информатичките технологии и образованието, со повеќе од 20 години работно искуство во приватниот и академскиот сектор.Бил и универзитетски професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, каде предава на факултетот за Компјутерски науки и технологија.

Македонија | пред 8 месеци

uploads_thumbs_resize_800x420_531367

Мајмунски сипаници регистрирани во Скопје

Двајца мажи, на возраст од 40 и 44 години, од Скопје се новите случаи на мајмунски сипаници регистрирани во земјава. Според податоците на здравствените власти, случаите не се поврзани меѓусебно, а ниту еден од пациентите не патувал во странство во последниот период.Како што информира директорката на Институтот за јавно здравје, д-р Марија Андоновска, еден од пациентите е веќе хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје и се следи неговата здравствена состојба. Вториот сѐ уште не се пријавил на ниту една од клиниките.Заменик-министерот за здравство, Јовица Андоновски упати апел до јавноста да не подлегнува на паника. Тој истакна дека здравствениот систем е подготвен и дека попладнево ќе заседава Комисијата за заразни болести со цел да се координираат понатамошните мерки.Мајмунските сипаници се вирусна болест слична на големите сипаници, но со поблага симптоматологија. Се предизвикува од вирусот Monkeypox, кој припаѓа на истото семејство на вируси како и големите сипаници (variola virus).Главно преку близок физички контакт со заразено лице, со телесни течности, промени на кожата (осип), или преку контаминирана облека и постелнина. Можно е и пренесување од животни на луѓе.Температура, главоболка, болки во мускулите, замор, отечени лимфни жлезди, и карактеристичен осип кој се шири низ телото. Инкубацискиот период е обично од 5 до 21 ден.Во повеќето случаи, мајмунските сипаници поминуваат самостојно за 2 до 4 недели. Сериозни компликации се ретки, но можно е да се појават кај лица со ослабен имунитет.Избегнување близок контакт со заразени лица, лична хигиена, носење заштитна опрема при контакт со сомнителни случаи, и следење на препораките од здравствените власти.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-14-at-15.19.41

Има услови за третман на изгорениците во кочанската болница, се прави во посебни сали, тврдат од Министерството за здравство

Министерството за здравство, тврди дека во Болницата во Кочани, има сали каде се третираат пациентите со изгореници. Според нив, станува збор за двајца вакви пациенти, кои лекувањето сепак го продолжуваат во Клиниката за пластичка хирургија во Скопје. Ова доаѓа откако организацијата „Support Kocani“ објави за овој проблем во текот на вчерашната вечер.„Од болницата информираат дека во меѓувреме се обезбедени и услови и за набавка и монтирање када за подобар треман на пациентите кои имаат потреба да бидат третирани на овој начин (станува збор за двајца вакви пациенти). Инаку, овие двајца пациенти го продолжуваат лекувањето на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија до заздравување на раните. На одделот за хирургија во ОБ Кочани има посебни сали каде се третираат пациентите со изгореници, меѓу кои и за миење и преврзување и тоалетата се врши навремено и соодветно“, велат од Министерството за здравство за „Скопје1“.Тие посочуваат дека тимови од Клиниката за пластична хирургија веднаш по враќањето на првите пациенти од странство, во договор со хирурзите од ОБ Кочани секојдневно се во контакт и се врши редовна контрола на повредените.„Специјалисти од Клиниката за пластична хирургија повеќепати во неделата редовно одат во ОБ Кочани и вршат преглед, преврски и тријажа на повредените пациенти. Исто така и специјалисти по физикална медицина и соецијалисти од психијатрија се вклучени во третманот на лицата со изгореници“, додаваат тие.Тие признаа дека хипербарната комора комора уште не е во употреба, но имаат свое објаснување зошто е тоа така..„Согласно информација од ОБ Кочани, во моментот е во тек сертификација на кадарот за користење на капсулата на хипербарната комора, по што пациентите ќе бидат третирани со овој апарат. Значи веднаш по добивање на апаратот, се преземени неопходните чекори за обука на кадарот за негово користење. Во кочанската болница во тек на 24 часа има континуирано присуство на хирург и стручно лице за физикална терапија.

Македонија | пред 8 месеци

496510455_10161671992933720_8032107300759074868_n

Саботирана струјата во штипската модуларна болница, постоело опасност да избие пожар, вели директорот Захариев

Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев, објави дека во модуларниот објект, намерно се оштетува струјата во неколку наврати. Тој посочува дека случајот е загрижувачки и станува збор за сериозна закана.„Загрижувачки случаи на вандализам во модуларната болница во Штип! Во изминатиот период, модуларната болница во Штип неколкупати е мета на намерни оштетувања. Непознати сторители саботираат делови од електричната инсталација, со сериозен ризик да предизвикаат краток спој и пожар. Со тоа директно се загрозува здравствениот персонал и безбедноста на објектот, посакувајќи намерен пожар. Дополнително, овие вандалски акти ја успоруваат и одложуваат планираната реконструкција и унапредување на модуларната болница, која треба да обезбеди подобри услови за згрижување на пациенти и работа на медицинскиот кадар. Станува збор за сериозна закана која бара итна и решителна реакција“, вели Захариев.Тој посочува дека има камери и обезбедување. Засега не е познато дали случајот е пријавен во МВР.„Не е муабетот каде е обезбедувањето, туку до каде оди човечката психа. Да споиш фаза и нула за да предизвикаш пожар не можам да си го објаснам“, додава Захариев коментирајќи на социјалните мрежи.

Македонија | пред 8 месеци

viber_image_2025-03-18_13-58-16-518

Пациентот кој почина имал тешки повреди на дишните патишта, уште двајца пациенти се во тешка состојба

Сериозни повреди на дишните патишта имал Стојанче Стефанов од Кочани, кој е 62-та жртва од пожарот во Кочани. Влошувањата на неговата состојба е поради сериозните опекотини на дишните патишта.„Пациентот поради тежината на повредите на белодробието и опекотините на кожата, одлучивме да го транспортираме во Воено-медицинската академија. Оттаму добивме информација дека бил во критична состојба и на механичка вентилација. Влошувањето настанува во раните саати, пациентот им подлегнал на повредите во 11:15 часот. Комбинирани се тие повреди, изгореници од втор степен, но и сериозни опекотини на дишните патишта“, рече проф. д-р Андријан Карталов.Има уште двајца пациенти кои се во тешка состојба и се лекуваат во странство, но засега се стабилни.

Македонија | пред 9 месеци

w_56102301

По повеќе од три години преговори, СЗО има договор за подготовка при идни пандемии

Членките на Светската здравствена организација (СЗО) постигнаа договор за подготовка на светот за идни пандемии по повеќе од три години преговори, соопштено е утрово.Правно обврзувачкиот договор има за цел да ја зајакне светската одбрана од новите патогени откако пандемијата на коронавирус уби милиони луѓе меѓу 2020 и 2022 година. Предлогот ги наведува мерките за спречување идни пандемии и зајакнување на глобалната соработка. Ова вклучува, меѓу другото, воспоставување пристап до патогени, системи за споделување информации и градење на истражувачки капацитети во различни делови на светот.Договорот, исто така, предлага глобален синџир на снабдување и логистичка мрежа со акцент на поголема отпорност и подготвеност на здравствениот систем.„По повеќе од три години интензивни преговори, земјите-членки на СЗО направија голем чекор напред во нивните напори да го направат светот побезбеден од пандемии“, се вели во соопштението на здравственото тело.Договорот нашироко се смета за победа на глобалната здравствена агенција, во време кога мултилатералните организации како СЗО се погодени од остри кратења на странското финансирање од САД. САД учествуваа во раните преговори, но ги напуштија разговорите оваа година откако новиот претседател Доналд Трамп издаде извршна наредба во февруари за повлекување на САД од СЗО и преговорите.Предлогот ќе биде разгледан на состанокот за политика на Светското здравствено собрание во мај, соопшти СЗО.„Ова е историски момент и покажува дека со или без САД, земјите се посветени на соработка и моќта на мултилатерализмот“, изјави за Ројтерс Нина Швалбе, основач на глобалниот здравствен тинк-тенк Spark Street Advisors.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2024-06-27-at-10.56.59

Се бараат пропусти во лекувањето на пациентот кој почина чекајќи операција на Кардиохирургија

Министерот за здравство, Арбен Таравари, се уште го нема видено извештајот за пациентот Тони Ангеловски, кој почина чекајќи операција на Клиниката за кардиохирургија. Тој побара време да се запознае со случајот, но најави и одговорност.„Тоа е сериозна дијагноза, сега одам во Минситерството. Ќе го видам извештајот. Ќе треба да има веднаш и стручна комисија. Според моите информации, едната сала работела. Но дајте ми време да го видам извештајот“, рече Таравари.Прашан како е можно, единствената сала на Клинички за едноскопска операција да не работи, а пак во салата на Торакална хирургија да нема стентграфтови, но и дали ако денеска дојде пак пациент со пукната орта, е му се случи истото, тој одговори: „Во Македонија имаме три клиники каде се работат вакви операции. Државна и две клиники. Дајте ми да го видам извештајот од ДСЗИ. Ќе има одговорност ако има пропусти“.Претходно објавивме дека 59-годишниот Тони Ангеловски со пукната аорта отишол да го излекуваат, но не дочека ни операција на Клиниката за кардиохирургија и почина. Неговиот роднина, Ацо Николовски алармираше дека Ангеловски не е опериран оти им кажале дека нема слободни сали. Николовски за „Скопје1“ вели „го оставија како згазено куче покрај улица“.Од Клиниката за кардиохирургија кажаа дека пациентот немало да преживее операција. Ова бил ставот на лекарскиот конзилиум, каде се лекувал пациентот. Но, и покрај ова, а со оглед на тешката состојба на Ангеловски, барале сала да се направи операција. Се обратиле до Клиниката за торакална на васкуларна хирургија, но и таму не можело оти се поправал еден од апаратите. Тие и сами поосочуваат дека работата во една сала, бидејќи другата е надвор од функција веќе еден месец поради поставување на нов апарат кој бара реадаптација на прсторот. Таа која е надвор до функција е опремена за ваква операција.Според сведочењето на роднините на починатиот пациент, тие биле пратени да бараат решение во Клиниката „Жан Митрев“, за која им посочиле дека е болница која треба да го оперира на државна сметка. Но, според нивното сведоштво, оттаму биле известени дека квотата за лекување на државен трошок е потрошена, па дека ќе мораат да плаќаат 1.000 евра од ден при хоспитализација, плус додатни трошоци. Таравари не одговори конкретно дали ќе пратат инспекции и таму.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-11-at-19.12.50

Пациентот кој почина со пукната аорта немало да ја преживее операцијата, а салата би се правела се реновира, велат од Кардиохирургија

Пациентот Тони Ангеловски кој почина со пукната аорта на Клиниката за кардиохирургија, немало да преживее операција. Ова бил ставот на лекарскиот конзилиум, каде се лекувал пациентот. Но, и покрај ова, а со оглед на тешката состојба на Ангеловски, барале сала да се направи операција. Се обратиле до Клиниката за торакална на васкуларна хирургија, но и таму не можело оти се поправал еден од апаратите.„Утврдено е дека дијагнозата на пациентот е Станфорд тип Б дисекција а тоа е раслојување на аортата помеѓу два нејзини слоеви што е многу поразлично од прснување или пукање како што е наведено во гореспоменатиот тексѕт. Со други зболрови пациентот нема прсната аорта и не крвари. Со оглед на сите овие наоди лекарскиот конзилијум на клиниката дојде до заклучок дека пациентот нема т.н. комплицирана дисекција (руптура, малперфузија или рефрактерна болка која трае повечќе од 12 часа) која бара итен третман без разлика дали е ендоваскуларен или хируршки. Од друга страна кај пациентот на компјутерската томографија се евидентира наслага на главната срцева артерија како и тешко заболување на митралниот срцев залисток и другите залистоци на срцето. По разгледување на сите наоди лекарскиот конзилиум дојде до заклучок дека доколку се изнуди потреба од отворен хируршки третман кај пациентот кој е со екстремно висок ризик, шансите за преживување на истиот се 1-3% што беше објаснето на пациентот и на семејството“, велат од Клиниката за кардиохирургија.Тие и сами поосочуваат дека работата во една сала, бидејќи другата е надвор од функција веќе еден месец поради поставување на нов апарат кој бара реадаптација на прсторот. Таа која е надвор до функција е опремена за ваква операција.„На нашата клиника има две операциони сали. Едната служи само за отворено хируршко лекување на пациентите, а другата е хибридна сала со ангиограф во која можат да се извршуваат отворени хируршки интервенции, стентирање и комбинација од двете или т.н. хибридни процедури. Оваа втората сала е надвор од функција повеќе од еден месец заради поставување на нов апарат кој бара и реадаптација на просторот за што уредно писмено се известени МЗ и ДСЗИ пред почетокот на реконструкцијата. Имајќи ги предвид сите овие факти беше испратено барање за конзилијарно мислење до Клиниката за Торакална и Васкуларна Хирургија затоа што се тие единствени кои имаат инфраструктура и матерјали за ендоваскуларен третман покрај нашата клиника во склоп на јавното здравство на што добивме одговор дека не се во можност да ја направат интервенцијата заради поправка на ангиографот и недостаток на стент графтови. Од таа причина а со најдобри намери за пациентот, семејството беше испратено на консултации со две приватните болници а кои согласно нашите сознанија имаат договор со фондот за здравство за овие процедури. Тоа се единствени места каде што се извршуваат ваков тип процедури во државата. Ова беше направено од стратешка гледна точка како план за следна фаза на лекувањето“, додаваат од Клиниката.Тие посочуваат дека во ниту еден момент не требало итно да се лекува Ангеловски, а дека нему нагло му се слошило.„Околу 5 часот наутро следниот ден настапува нагло влошување на состојбата на пациентот по што се превземени сите мерки за срцево – белодробно оживување по протокол. И покрај сите превземени мерки на лекарите за жал настапи смртен исход. Причината за смртта е непозната со оглед на тоа што семејството категорично одби обдукција за што постои од нивна страна потпишан документ“, додаваат од Клиниката за кардиохириргија.

Македонија | пред 9 месеци

w_56674000

Чекајќи операција, почина пациент со пукната аорта на Кардиохирургија; Роднина: Наводно немале сала

Со пукната аорта отишол да го излекуваат, но не дочека ни операција на Клиниката за кардиохирургија и почина. Ова е судбината на 59-годишниот Тони Ангеловски. Неговиот роднина, Ацо Николовски завчера алармираше дека Ангеловски не е опериран оти им кажале дека нема слободни сали, а за „Скопје1“ вели дека пациентот е починат, а денеска бил погребот. Николовски за „Скопје1“ вели „го оставија како згазено куче покрај улица“. Од Министерството за здравство молчат за случајот, а исто и од Клиниката за кардиохирургија. Според Николовски, од Кардиохирургија ги пратиле да видат за операција во приватната клиника „Жан Митрев“ на државен трошок.„Него го хоспитализираа, му беше пукната аорта, која е главна артерија и предизвикала внатрешно крварење. Не го оперираа, рекоа дека наводно немаат сала за операција. Нѐ пратија со документите во Жан Митрев, таму ни кажаа дека квотата е исполнета до јуни. Но ни посочија да го донесеме, да го стабилизираат, дека немаат дел кој им е потребен но ќе го добијат и дека до тогаш ќе го одржуваат. Ама дека седум дена пред и по операцијата мора да биде на интензивна нега. Кажаа дека е 1000 евра од ден, плус лекови, а ова е просечно семејство“, вели Николовски за „Скопје1“.Според сведочењето, се вратиле на Клиниката за кардиохирургија.„Никој ништо не презема го оставија човекот тивко да си умре дури и фамилијата на најгруб можен начин беше избркана од Државна за ова имаме и снимени видеа ги молам сите што можат да го споделат ова поготово до министерот за здравство нашиот ценет премиер да видат и да не побараат некој мора да одговара за ова“, додава Николовски и во јавната објава .„Скопје1“ побара коментар од Министерството за здравство во текот на вчерашниот ден. Оттаму до овој момент немаме добиено никаков одговор, непознато е дури и дали е формирана комисија за утврдување на одговорност.За случајот со пациентот го прашавме и директорот на Клиниката за кардиохирургија, доктор Дејан Димитриевски. Побаравме одговори зошто пациентот не бил опериран, дали е точно дека немале доктор кој можел тоа да го направи, колку доктори се достапни во моментите кога пациентот треба да се оперира, но и дали можеле да најдат сала во друга клиника. На ова добивме само кусо известување дека ќе се обратат со официјална изјава. Ако и кога ќе ја добиеме – ќе ја пренесеме.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-11-at-19.13.12

Ќе се проверува лекувањето на пациентот кој со пукната аорта чекаше операција и почина, а по налог на Таравари

Министерот за здравство, Арбен Таравари, им наложил на Државниот санитарен и здравствен инспекторат да извршат увид во документацијата на 59-годишниот Тони Ангеловски, кој со пукната аорта почина чекајќи операција. Од министерството не споделуваат никакви други детали, а откако семејството најави одговорност, додека роднина на сега починатиот раскажа што се случувало изминатите денови додека Ангеловски се борел за живот.„По налог на министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, ДСЗИ ќе изврши увид во медицинската документација во врска со овој случај по што јавноста ќе биде информирана“, велат од Министерството за здравство за „Скопје1“.Став најави и директорот на Клиниката за кардиохирургија. До овој момент, не го доставија.За случајот се дозна откако Ацо Николовски, роднина на пациентот завчера алармираше дека Ангеловски не е опериран оти им кажале дека нема слободни сали, а за „Скопје1“ вели дека пациентот е починат, а денеска бил погребот. Николовски за „Скопје1“ вели „го оставија како згазено куче покрај улица“. Од Министерството за здравство молчат за случајот, а исто и од Клиниката за кардиохирургија. Според Николовски, од Кардиохирургија ги пратиле да видат за операција во приватната клиника „Жан Митрев“ на државен трошок.

Македонија | пред 9 месеци

puls-35

Нема промени кај критичните пациенти повредени во Кочани: ова е последната информација за состојбата

Министерството за здравство информира дека денес се планира враќање на седум пациенти од Виена, Анкара, Мадрид, Варшава, Марибор, Атина и Солун, со што во странски медински центри ќе останат на лекување 48 пациенти.Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти.Во болниците во земјава во моментот се лекуваат 7 пациенти, од кои четворица во Хируршка клиника ,,Св. Наум Охридски" еден на Клиника за пластична хирургија, како и двајца пациенти во приватната болница ,,Систина".Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација.

Македонија | пред 9 месеци

puls-35-1

Уште една жртва од пожарот во Кочани: Александар од Пробиштип почина во болницата во Литванија, беше во тешка состојба со инфекции и интубиран

Младиот Александар од Пробиштип, кој беше во критина состојба и на лекување во Литванија, е 61-та жртва на дискотеката „Пулс“ во Кочани, дознава „Скопје1“. Пријатели велат дека бил во многу тешка состојба и вештачка кома, со инфекции, бактерии и интубиран. Лекарите се бореле за неговиот живот три недели, но тој им подлегнал на тешките повреди меѓу кои и изгореници.Претходно, во петокот, животот го загуби и Александар Карадаковски, кој им подлегна на повредите. И тој се лекуваше во Литванија.Во петокот, на тешките повреди здобиени во пожарот во „Пулс“ им подлегна и Александар Карадакоски кој исто така се лекуваше во Литванија. Неготово тело вчера е донесено во Македонија а утре ќе биде погребан во Кочани.Повеќе детали се очекуваат од институциите.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-07-at-14.34.32

Вториот пациент кој почина во Литванија има 29 години: бил со изгореници на дишните патишта по пожарот во дискотеката „Пулс“

Минситерот за здравство, Арбен Таравари, рече дека пациентот од дискотеката „Пулс“ кој почина во Литванија е Александар Гавриловски, кој имал 29 години.„Во 11 часот почина и вториот пациент кој престојуваше во Литванија. Станува збор за Александар Гавриловски, кој имаше 29 години. Беше од Градската општа болница упатен во Литванија. Неговата состојба беше тешка од почеток, а од 4 април се влоши повеќе, а од вчера беше ставен на хемодијализа. Ова ни е втор пациент кој почина, од 193 кои ги третиравме. Имаме уште двајца критични пациенти“, рече Таравари.Посочи и какви повреди имал.„Александар имаше повреди, 35 отсто изгореници од трет степен, изгореници на дишните патишта, еден од потешките пациенти, од тие четири кои ги кажувавме критични. Другите двајца сега за сега се критични, но стабилни“, додаде Таравари.Тој е втор пациент од критичните пациенти, кој беше третиран повеќе од три недели, но не успеа да се избори по тешките повреди.

Македонија | пред 9 месеци

272767700_460595969108892_835185472485899042_n

Се зголемува капитациониот бод за матичните доктори од општа медицина и гинекологија од 75 на 100 денари, додека за стоматологија од 61 на 75 денари

„Денес е Светскиот ден на здравјето, и пред да продолжам со главната тема упатувам искрена благодарност до сите лекари, медицински сестри, техничари, болничари, фармацевти, здравствени работници-луѓето кои без двоумење застануваат на првата линија во заштита на човечките животи“, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава:Нивната посветеност, хуманост и стручност се едни од темелите на нашето општество.Здравјето е наша заедничка обврска, а Владата ќе продолжи да го зајакнува здравствениот систем, да вложува во услови, кадар и достоинство на сите здравствени работници.Драги пријатели,Денес на оваа прес-конференција со задоволство сакам да ви соопштам една добра вест за јакнење на столбот на здравствената заштита, за јакнење на примарната здравствена заштита во македонското здравство.Донесена е одлука за историско зголемување на капитациониот бод за матичните доктори од општа медицина, гинекологија и стоматологија, почнувајќи од април 2025 година.Зголемувањето на капитацијата на матичните лекари значи повисоки плати и помотивирани лекари.Согласно оваа одлука, вредноста на капитациониот бод за општа медицина и гинекологија ќе се зголеми од 75 на 100 денари, додека за стоматологија од 61 на 75 денари, што претставува зголемување од 33%, односно 23%. Ова зголемување доаѓа по повеќегодишна стагнација во периодот 2019-2022 година кога бодот изнесува 63 денари и 48 денари.Ако погледнеме наназад, од 2015 година до сега, капитацијата за општа медицина порасна од 50 на 100 денари-удвојување на вредноста за една деценија. За гинекологијата исто така имаме раст од 50 на 100 денари, додека за стоматологија од 35 на 75 денари, што е зголемување за 114%.Потценетоста на примарната здравствена заштита доведе до намалување на бројот на амбуланти во 2024 година во однос на 2023 година за 34 амбуланти по општа медицина и 24 по стоматологија, а над стотина помалку амбуланти по општа медицина има сега во однос на 2015 година. Посебно намалување има во руралните и помалите места, за кои уште во јануари се донесоа посебни мерки.Државата издвојува околу 4.5 милијарди за матичните лекари, гинеколози и стоматолози, а за ова зголемување ќе се издвојат околу 550 милиони денари или над 9 милиони евра.Ова зголемување ја покажува нашата посветеност да го подобриме статусот на матичните лекари и да обезбедиме поквалитетна здравствена заштита за сите граѓани. Со новото зголемување, просечниот износ по матичен лекар дополнително ќе се подобри, што значи и поголема мотивација и поддршка за нивната работа.Правиме максимум и се трудиме. Никогаш не е доволно и свесни сме за тоа, но правиме максимум да ги подобруваме и променуваме работите. Секој изминат ден секој наш чекор состанок е посветен на тоа да направиме нешто подобро.Оваа одлука е дел од нашата стратегија за унапредување на здравствениот систем, препознавајќи ја клучната улога на матичните лекари во превенцијата и лекувањето. Ви благодарам на довербата и поддршката. Заедно продолжуваме да градиме подобра иднина за сите!Се бориме за решавање на се повеќе напластени проблеми. Со секое решение покажуваме дека не отстапуваме од нашето мото и цел, а тоа е Македонија да биде повторно ваша!

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања