ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

По повеќе од три години преговори, СЗО има договор за подготовка при идни пандемии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
w_56102301

Членките на Светската здравствена организација (СЗО) постигнаа договор за подготовка на светот за идни пандемии по повеќе од три години преговори, соопштено е утрово.

— реклама —

Правно обврзувачкиот договор има за цел да ја зајакне светската одбрана од новите патогени откако пандемијата на коронавирус уби милиони луѓе меѓу 2020 и 2022 година. Предлогот ги наведува мерките за спречување идни пандемии и зајакнување на глобалната соработка. Ова вклучува, меѓу другото, воспоставување пристап до патогени, системи за споделување информации и градење на истражувачки капацитети во различни делови на светот.

Договорот, исто така, предлага глобален синџир на снабдување и логистичка мрежа со акцент на поголема отпорност и подготвеност на здравствениот систем.

— реклама —

„По повеќе од три години интензивни преговори, земјите-членки на СЗО направија голем чекор напред во нивните напори да го направат светот побезбеден од пандемии“, се вели во соопштението на здравственото тело.

Договорот нашироко се смета за победа на глобалната здравствена агенција, во време кога мултилатералните организации како СЗО се погодени од остри кратења на странското финансирање од САД. САД учествуваа во раните преговори, но ги напуштија разговорите оваа година откако новиот претседател Доналд Трамп издаде извршна наредба во февруари за повлекување на САД од СЗО и преговорите.

Предлогот ќе биде разгледан на состанокот за политика на Светското здравствено собрание во мај, соопшти СЗО.

„Ова е историски момент и покажува дека со или без САД, земјите се посветени на соработка и моќта на мултилатерализмот“, изјави за Ројтерс Нина Швалбе, основач на глобалниот здравствен тинк-тенк Spark Street Advisors.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqpv0aevt0m2aamP2eRC

Владата и СЗО потпишаа петгодишна Стратегија за соработка во областа на здравството 2026–2030 година

Македонија | пред 1 месец

Toploten-bran

СЗО предупредува: Смртноста од високите температури драстично се зголемува, климатската неакција веќе убива милиони луѓе годишно

Свет | пред 2 месеци

gaza-evaakuacija

СЗО: Менингитис, дијареја, респираторни заболувања, болестите се „надвор од контрола“ во Газа

Свет | пред 3 месеци

Нема фотографија

СЗО предупредува: Зголемен ризикот од сексуално преносливи болести

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања