Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Вториот пациент кој почина во Литванија има 29 години: бил со изгореници на дишните патишта по пожарот во дискотеката „Пулс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2025-04-07-at-14.34.32

Минситерот за здравство, Арбен Таравари, рече дека пациентот од дискотеката „Пулс“ кој почина во Литванија е Александар Гавриловски, кој имал 29 години.

— реклама —

„Во 11 часот почина и вториот пациент кој престојуваше во Литванија. Станува збор за Александар Гавриловски, кој имаше 29 години. Беше од Градската општа болница упатен во Литванија. Неговата состојба беше тешка од почеток, а од 4 април се влоши повеќе, а од вчера беше ставен на хемодијализа. Ова ни е втор пациент кој почина, од 193 кои ги третиравме. Имаме уште двајца критични пациенти“, рече Таравари.

— реклама —

Посочи и какви повреди имал.

— реклама —

„Александар имаше повреди, 35 отсто изгореници од трет степен, изгореници на дишните патишта, еден од потешките пациенти, од тие четири кои ги кажувавме критични. Другите двајца сега за сега се критични, но стабилни“, додаде Таравари.

Тој е втор пациент од критичните пациенти, кој беше третиран повеќе од три недели, но не успеа да се избори по тешките повреди.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykffqnq3ipf45c3LrMa8

„На 34 години ќе ме оставевте во количка“ – пациентка од Скопје со обвинувања кон здравствениот систем

Коментари | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryg153g0td1r047Nvyak1

Една година донираниот апарат за хемодијализа на Детска клиника не е ставен во уптореба, а децата и натаму се носат во странство

Македонија | пред 2 седмици

doktor

Македонското здравство на дното во Европа, се наоѓаме меѓу најлошо рангираните

Македонија | пред 4 месеци

bolnica-bolnicki-krevet-doktor-620x350

Хаос во јавното здравство: 1.822 тужби за неисплатени дежурства, ноќни смени и прекувремена работа

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања