Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

зеленски

Screenshot-2022-08-08-095355

(ФОТО) Американска актерка го посети Зеленски; „Светот ќе ја слушне вистината“

Од крајот на февруари, кога започна војната во Украина, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, беше поддржан од луѓе ширум светот, а неодамна го посети и оскаровката Џесика Честејн.Џесика го посети Зеленски во Украина, а по тој повод украинскиот претседател сподели неколку заеднички фотографии на социјалните мрежи.Актерката пристигна во Украина со воз, а на главната железничка станица во Киев ја пречека официјална украинска делегација.За време на средбата, Зеленски и се заблагодари на актерката за нејзината посета и го пофали народот на Украина кога рече дека се „многу храбри и силни“.„За нас ваквите гостувања на познати личности се исклучително вредни. Благодарение на ова светот уште повеќе ќе ја слушне, знае и разбере вистината за она што се случува кај нас“, напиша тој.Во оваа прилика актерката ќе ја посети и детската болница Охматдит, како и градот Ирпин, кој претрпе големи штети уште во февруари, пренесуваат локалните медиуми.Да потсетиме, Џесика Честејн годинава доби Оскар за главната улога во биографската драма „Очите на Тами Феј“.Позната е по улогите во филмови каде што како тема преовладува феминизмот, а поради таквите улоги се најде меѓу 100-те највлијателни личности во 2012 година.Првата номинација за Оскар ја доби за улогата во драмата „The Help“, додека вторпат беше номинирана за улогата во трилерот „Zero Dark Thirty“.Некои од другите филмови во кои таа е актерка се „Lawless“, „Interstellar“, „The Martian“, „Zookeeper's Wife“, „Dark Phoenix“ и други.

Магазин | пред 3 години

profimedia-0643894341

Зеленски на средба со Шон Пен

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот официјален Фејсбук профил сподели видео од средбата со Шон Пен.„ Актерот и режисер Шон Пен снима документарен филм за војната во Украина. Од првиот ден на целосната инвазија, тој беше во Киев и со свои очи виде што е руска агресија. Наскоро целиот свет ќе може да ja види целата вистина за војната благодарение на неговиот филм. Шон, ти благодарам што ја поддржуваш нашата држава и нашиот народ!“, напиша Зеленски на видеото.Пен се сретна со Зеленски во февруари, ден пред инвазијата и денот кога започна инвазијата.„ Јасно беше дека сум во присуство на нешто… Тоа беше нешто ново за современиот свет во смисла на храброст, достоинство и љубов. Тоа беше извонреден момент. Начинот на кој ја обедини таа земја. Бев импресиониран и трогнат од тоа и преплашен од него и за Украина“, рече актерот за украинскиот претседател.Тој исто така спомна дека неговата непрофитна организација прави се што може за да им помогне на луѓето во Украина, кои живеат во „мрачна нова реалност“.

Магазин | пред 3 години

h550-3

Бен Стилер се сретна со Зеленски

Американскиот актер Бен Стилер се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски кому му го пренесе своето восхитување за неговите постапки од почетокот на руската инвазија на Украина кон крајот на февруари.„Ова е голем дел за мене. Ти си мојот херој“, изјавил Стилер, кој е амбасадор на добра волја во Обединетите нации за време на состанокот со Зеленски и самиот поранешен актер.„Она што го направивте, начинот на кој ја мобилизиравте земјата, но и светот, навистина е извор на инспирација“, изјавил 56-годишниот американски актер.„Имам впечаток дека е тешко да се разбере што навистина се случува овде. Утрово бев во Ирпин, гледате на телевизија, гледате на социјалните мрежи, но поинаку е кога навистина го гледате тоа и го чувствувате, а потоа разговарате со луѓето“, му кажал Стилер на Зеленски.Зеленски му се заблагодарил на Стилер за посетата и му кажал дека е многу важно да го потсети светот на она што се случува во Украина.„Нам ни е неопходно луѓето да не нè заборават. Не е интересно да се зборува за војната секој ден, „но за нас тоа е многу важно“, рекол украинскиот лидер.

Магазин | пред 3 години

873x400-124

Зеленски им се заблагодари на Мила Кунис и Ештон Качер за помошта

Мила Кунис и Ештон Качер разговараа со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој им се заблагодари за собраните пари.– Ештон Качер и Мила Кунис, која е родена во Чернихив, беа меѓу првите јавни личности кои решија да ни помогнат. Тие веќе собраа 35 милиони долари и ги испраќаат парите до Flexport и Airbnb за да им помогнат на украинските бегалци. Благодарен сум за нивната поддршка и импресиониран од нивната решителност. Тие го инспирираат светот – напиша Зеленски на Твитер.https://twitter.com/ZelenskyyUa/status/1505640341587824643?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1505640341587824643%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2Fd0bcd0b8d0bbd0b0-d0bad183d0bdd0b8d181-d0b8-d0b5d188d182d0bed0bd-d0bad0b0d187d0b5d180-d181d0bed0b1d180d0b0d0b0-35-d0bcd0b8d0bbd0b8d0be%2F

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања